Contract
Д О Г О В О Р
за испорака на лекови
Склучен на ден _ _ 2008 година, помеѓу
1. Фондот за здравствено осигурување на Македонија, ул. “Македонија”бб - Скопје, преставуван од директорот Xxxxxx Xxxxxxxxx, (во натамошен текст набавувач) x
2. _- преставуван од директорот
_ (во натамошен текст добавувач).
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е испорака на лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија по Меѓународниот ограничениот повик бр. 05-8160/2, за кои лекови добавувачот е избран за најповолен понудувач.
Доколку најповолниот понудувач е странска фирма мора задолжително да склучи договор за дистрибуција со домашна фирма регистрирана во Република Македонија за вршење на соодветна дејност, согласно Законот за Лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ бр.106/2007.).
За договорот од став 2 на овој член, најповолниот понудувач е должен да го извести набавувачот во рок од 10 дена од денот на склучување на овој договорот.
Член 2
Описот на лековите што се предмет на испораката со нивните генерички и заштитени имиња, фармацевтската дозажна форма, јачина, пакување, производител, земја на потекло, вкупните количини, единечните цени на лековите како и вкупната вредност на договорот се дадени во Прегледот бр.1, составен дел на овој договор.
Прегледот бр.1 од став 1 на овој член го потпишуваат потписниците на овој Договор.
Набавувачот го задржува правото да врши корекција на количините на лековите утврдени со Прегледот бр.1.
ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 3
Цената на лековите од член 2 на овој договор е ДДП краен корисник (здравствена установа односно осигуреник) со сите давачки.
Единечните цени на лековите од член 2 на овој договор не може да бидат повисоки од единствената големопродажна цена на лекот утврдена од Министерството за здравство согласно член 108 од Законот за лековите и медицинските помагала (Сл. весник на РМ бр. 106/2007), во кој случај добавувачот ќе фактурира според единствената големопродажна цена утврдена од Министерството за здравство.
Здравствената установа се обврзува да склучи посебни договори со добавувачите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни, со кои ќе го договори начинот и рокот на нарачката од 1-ви до 5-ти во месецот за наредниот месец и испораката на лековите за тековниот месец, како и рокот на плаќање од најмалку 120 дена.
Набавувачот не превзема никаква обврска за плаќање на лековите од член 2 на овој договор и плаќањето го врши здравствената установа согласно посебниот меѓусебен договор склучен помеѓу добавувачот и здравствената установа.
Член 4
Добавувачот односно овластениот дистрибутер за лековите од Листата на лекови кои се издаваат на товар на ФЗОМ е должен да склучи посебен договор со здравствените установи со кои набавувачот има склучено договор, со кој посебен договор ќе бидат регулирани меѓусебните односи во делот на нарачката на лековите, испораката на лековите, видовите и количините на лековите (согласно овој договор), фактурирањето за испорачаните лекови, рокот и начинот на плаќање, ризикот како и други работи потребни за непречено снабдување со лекови на осигурените лица.
Набавувачот на добавувачот односно овластениот дистрибутер е должен да му ги стави на увид сите здравствени установи со кои има склучено договор и благовремено да го известува за секоја промена.
Меѓусебниот договор склучен помеѓу добавувачот односно овластениот дистрибутер и здравствената установа, не смее да биде во спротивност со договорот помеѓу набавувачот и здравствената установа.
Набавувачот нема никаква одговорност, ниту обврска во исполнувањето односно неисполнувањето на меѓусебниот договор склучен помеѓу добавувачот односно овластениот дистрибутер и здравствената установа.
Набавувачот нема никаква обврска за лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот од примарната здравствена заштита, кои се испорачани од
страна на добавувачот на здравствената установа - аптека, а кој се уште не се издадени на осигурените лица.
Набавувачот нема никаква обврска за лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ, кои се испорачани од страна на добавувачот на здравствената установа согласно нивниот буџет и договорот помеѓу набавувачот и здравствената установа.
НАЧИН НА ИСПОРАКА
Член 5
Нарачката на лековите од член 2 од овој договор за лекови кои се издаваат на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот од примарната здравствена заштита ја врши здравствената установа-аптека сукцесивно месечно до 5-ти од претходниот месец за наредниот месец.
Нарачката на лековите од член 2 од овој договор ја врши ЈЗУ согласно потребите на осигурените лица и обезбедените средства од буџетот согласно меѓусебниот договор на набавувачот и ЈЗУ.
Добавувачот се обврзува бараните лекови од став 1 на овој член, во целост да ги испорачува до 10-ти во тековниот месец.
Нарачката на лековите од став 1 на овој член, за лековите во примарната здравствена заштита ја одобрува набавувачот преку издавање на бандероли.
Во случај добавувачот да не е во можност да ги испорача лековите од член 2 на овој договор од било кои причини, должен е да го извести набавувачот во рок од 60 дена пред утврдувањето за неможноста за испораката.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Член 6
Избраниот понудувач, согласно член 88 став 1 од Законот за јавни набавки, пред склучување на договорот, доставува банкарска гаранција од реномирана банка за навремено и квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 % од вредноста на договорот, во времетраење на важноста на договорот и истата му се враќа 28 дена од денот на извршување на договорот.
Член 7
Добавувачот се обврзува да ги има на располагање во целост лековите што се предмет на испорака со овој договор.
Добавувачот е должен лековите од член 2 на овој договор да ги обезбедува и испорачува согласно член 5 од овој Договор.
Доколку добавувачот не ги обезбеди лековите во целост или во рокот утврден во член 5, или воопшто не почне со испорака на истите, набавувачот ќе го повика второрангираниот односно наредно рангираниот понудувач редоследно според ранг Листата направена по повикот од член 1 на овој Договор, да ги обезбеди лековите од член 2 на овој договор.
Доколку добавувачот склучи договор со набавувачот и не ги обезбеди лековите што се предмет на набавка во целост или воопшто да не го започне снабдувањето, набавувачот има право да ја активира банкарската гаранција за извршување на договорот.
Добавувачот е должен да ги испорачува лековите од член 2 на овој договор, најмалку уште 60 дена од денот на доставено известување дека не е во можност да ги испорачува во целост или во рокот утврден во член 5.
Член 8
Во случај добавувачот воопшто да не ја започне испораката, должен е да достави писмено известување до набавувачот и се обврзува разликата помеѓу неговата цена и цената на наредниот понудувач да му ја надомести на набавувачот.
Во случај добавувачот да не ги испорача лековите во целост или во рокот утврден во член 5 на овој договор, разликата помеѓу цената на добавувачот и цената на наредниот понудувач кој ја презел обврската за испорака, ќе падне на товар на добавувачот потписник на овој договор.
Разликата во цената од став 1 и 2 на овој член ќе се наплати со активирање на банкарската гаранција од член 6 од овој Договор.
Член 9
Исполнување на нарачката од член 5 на овој договор од страна на добавувачот како и преминувањето на ризикот од добавувачот на набавувачот за лековите од Листата на лекови кои се дистрибуираат во ЈЗУ се смета од моментот на испораката на лековите на здравствената установа - ЈЗУ.
Исполнување на нарачката од член 5 на овој договор од страна на добавувачот како и преминувањето на ризикот од добавувачот на набавувачот за лековите од Листата на лекови кои се издаваат во примарна здравствена заштита во здравствена установа - аптека се смета од моментот на издавањето на лековите на осигурените лица.
Член 10
Здравствената установа за примените лекови поради дополнителното констатирање на несоодветен квалитет, несоодветна форма, рок на употреба, несовпаѓање со приложените сертификати за квалитет и каталози за техничко- технолошките карактеристики или други отстапувања од овој договор, писмено го известува добавувачот во рок од 10 дена да ги повлече примените лекови на негов трошок, а во спротивно тоа ќе го стори здравствената установа во рок од 20 дена од денот на писменото известување, на товар на добавувачот.
Добавувачот доколку во овој случај бара увид, здравствената установа е должна тоа да му го обезбеди.
Член 11
Добавувачот се обврзува дека лековите што се предмет на овој договор, ќе бидат идентични по својот состав и квалитет со одбрението за ставање на готов лек во промет.
По барање на набавувачот, лековите можат да бидат испратени до надлежниот орган за контрола.
Доколку при контролата од надлежен орган се утврди дека квалитетот не е во согласност со одбрението за ставање на готов лек во промет, односно рокот на употреба не одговара со рокот утврден со овој договор, во тој случај трошоците паѓаат на товар на добавувачот.
Член 12
За лековите што се предмет на испорака на овој Договор, добавувачот е должен да обезбеди упатство за употреба на македонски јазик.
На денот на испораката на лековите, рокот на употреба не може да биде помал од
12 месеци.
НАЧИН НА ФАКТУРИРАЊЕ
Член 13
За лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ за ЈЗУ
Добавувачот фактурира на ЈЗУ во денари согласно овој договор, со посебни фактури по здравствена установа согласно меѓусебниот договор.
Доколку добавувачот е странска фирма наплатата ќе ја врши преку фактурирање од страна на овластениот дистрибутер во денари со посебни фактури по здравствени установи согласно меѓусебниот договор.
ЈЗУ плаќањата по фактурите ќе ги извршува на добавувачот согласно меѓусебниот договор во рамки на буџетот од договорот помеѓу набавувачот и ЈЗУ.
Член 14
За лекови од Листата на лекови кои се издаваат на рецепт на товар на ФЗОМ од примарна здравствена заштита во здравствена установа - аптека
Добавувачот фактурира на здравствените установи - аптеки во денари, со посебни фактури за секој месец.
Доколку добавувачот е странска фирма наплатата ќе ја врши преку фактурирање од страна на овластениот дистрибутер во денари на здравствените установи - аптеки со посебни фактури за секој месец.
Здравствената установа - аптека плаќањата по фактурите ќе ги извршува согласно договорените рокови на плаќање од меѓусебниот договор помеѓу добавувачот и здравствената установа - аптека од член 4 на овој договор.
Набавувачот ќе го врши плаќањето за лековите од Листата на лекови кои се издаваат на рецепт во примарната здравствена заштита на здравствената установа – аптека, согласно договорот за издавање на лекови на рецепт од Листата на лекови во примарната здравствена заштита кој набавувачот го има склучено со здравствената установа - аптека.
Член 15
Добавувачот односно овластениот дистрибутер со испораката на лековите доставува испратница и фактура на здравствената установа.
Доколку при приемот на испорачаните лекови се појави разлика во количините, видот, формата и сл. здравствената организација е должна да ги прима само лековите што се утврдени во нарачката од член 5 на овој Договор направена во согласност со Прегледот бр. 1 од договорот .
Доколку се испорача помала количина од лековите, испратницата и фактурата треба да гласат на стварно примената количина.
Член 16
Добавувачот се задолжува најдоцна 10 дена по испораката на набавувачот да му доставува материјално финансиска документација за извршената испорака и во електронска форма.
ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА
Член 17
Добавувачот е одговорен за сторени штети, повреди по здравјето на пациентите или нивна смрт, предизвикани од употреба на испорачаните лекови со скриени недостатоци.
Добавувачот не сноси одговорност за причинета штета од став 1 на овој член доколку штетата настанала поради несоодветна примена на лековите од страна на персоналот на здравствената организација или осигуреникот.
ПАКЕТ НА БЕНЕФИЦИИ
Член 18
За лекот erythropoietin, инсулини или инсулински траки добавувачот се обврзува да го обезбеди пакетот на бенефиции гратис, согласно условите утврдени со тендерската документација по Меѓународниот ограничен повик од член 1 на овој договор
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Овој Договор важи дo шест (6) месеци, односно до утврдување на референтни цени на лековите (што се предмет на овој договор).
Член 20
Договорените страни можат еднострано да го раскинат Договорот, доколку една од договорените страни не се придржува кон одредбите на овој Договор, со писмено известување.
Член 21
Договорот може да престане во целост или само во дел, доколку за некои од лековите престанало да важи Одобрението за пуштање во промет или доколку е изречена Забрана за пуштање на лек во промет.
Член 22
Овој договор престанува во целост доколку на добавувачот му е изречена мерка забрана за вршење на дејност, отворена е постапка за стечај или ликвидација.
Член 23
Измени и дополнување на овој договор можат да бидат направени само во согласност на двете странки и само во писмена форма.
Член 24
За решавање на споровите кои евентуално ќе произлезат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 од Скопје.
Член 25
Овој договор стапува во сила со денот на неговото потпишување од договорените страни, a ќе се применува од 01.02.2008 година.
Член 26
Овој договор е составен во шест еднообразни примероци, од кои по три за секоја договорена страна.
Добавувач, Нарачател,
Фонд за здравствено осигурување на Македонија,
С к о п ј е
Д и р е к т о р, Д и р е к т о р, Xxxxxx Xxxxxxxxx