OПШТИ ОДРЕДБИ
Општи услови за осигурување од одговорност
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 30.12.2020 година и со одлука бр. 2020/0202-202 се применуваат од 01.01.2021 година
OПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на осигурување
имотна штета.
Член 4
Проширување на осигурувањето
Овие општи услови за осигурување од одговорност се применуват и за договорите за осигурувањето на имоти ,лица и посебни видови одговорности кога со нив е договорено и осигурување од одговорност, доколку со општи и посебни услови за осигурување не е исклучена или ограничена нивната примена и доколку поинаку не се договори
Член 2
Значење на одделни изрази
Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
1. Осигурувач – Друштво за осигурување УНИКА АД - Скопје,
2. Договорувач на осигурување – лице кое што со осигурувачот го склучува договорот за осигурување;
3. Осигуреник – лице чијашто одговорност е покриена соосигурувањето;
4. Трето лице – лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице чија одговорност не е покриена со осигурувањето како и работник на осигуреникот;
Не се сметаат за трети лица:
-Вработените, односно секое лице кое е во работен или договорен однос со осигуреникот како негов работодавач,како и секое физичко лице кое по било кој основ обавува работа или се оспособува за работа кај осигуреникот,како и членовите на органот на управување,органот на надзор и други одговорни лица и нивни брачни другари и други роднини
,децата и други лица коишто живеат со него во заедничко домаќинство и кои е должен да ги издржува: доколку поинаку не се договори.
5. Сума на осигурување – највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај;
6. Премија – износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
7. Полиса – исправа на договорот за осигурување;
8. Oсигурен случај – иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан кој има за последица настанување на штета за кој надомест може да бара трето оштетeно лице;
9. Извор на опасности – дејност (занимање), ствари (подвижни и неподвижни), правен однос или одредено својство од кои може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
II ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 3
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
(2) Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала важи или е од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.
(3) Осигурувањето, исто така, се однесува и на одговорноста за штета од:
1. Зголемување на опасноста или проширување на осигурениот извор на опасности до кои дошло во текот на траењето на осигурувањето;
2. Нов извор на опасности кој се појавува кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување во смисла на член 5 од овие услови (осигурување од нови извори на опасности);
(4) Ако е предвидено така во посебните одредби на овие услови, или ако е посебно така договорено, со осигурување се покрива и одговорноста за:
1. Штета настаната со кражба или исчезнување на ствари;
2. Штета која не настанала ниту со повреда на лицето, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, така наречена чисто
(1) Во рамките на осигурениот извор на опасноста од дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот;
1. Од користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на: земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурената дејност или занимање;
2. Од користење на објектите на општествениот стандард, што им служат исклучиво на работниците на осигуреникот (како на пример: ресторани за општествена исхрана, бањи, одморалишта, спортски игралишта и сл.);
3. Од користење на лифтови наменети за превоз на лица и товар;
4. Од употреба на велосипеди без мотори за потребите на осигурената дејност;
5. Од вскладиштување на материјал за ложење и погон за исклучителна употреба за обавување на осигурената дејност или занимање;
6. Поради кражба или исчезнување на ствари за лична употреба на работниците на осигуреникот освен на: пари, часовници, фото-апарати, скапоцености од сите видови, хартии од вредност и документи од сите видови, под услов стварите да се сместени во заклучени простории или во заклучени остави;
7. Држење и употреба на несамоодни работни машини и несамоодни транспортни средства за потребите на осигурената дејност.
(2) Доколку се работи за објекти што се наведени под став (1), точка 1. и 2. од овој член, со осигурувањето е опфатена и одговорноста:
1. На осигуреникот како инвеститор или изведувач на градежните работи (новоградба, поправка, преправка, варосување, копање и сл.) доколку пресметковната вредност на тие работи во секој поединечен случај не изнесува повеќе од 60% од минималната сума на осигурување.
2. Од поседување на гаражи, кои се наоѓаат на, односно во осигурените недвижности, доколку не се работи за гаража која се користи за обавување на дејност и за хотелска гаража.
Член 5
Осигурување од нови извори на опасности
(1) Ако договорот за осигурување е склучен со плаќање на премија за осигурување во потполност или делумно, врз основа на нето платниот фонд на работниците или од вкупниот приход, покритието од осигурувањето се проширува и на одговорноста од нови извори на опасност кои произлегуваат од истата дејност на осигуреникот и кои се појавуваат кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување, доколку за овој новонастанат извор на опасност не е склучено посебно осигурување.
(2) Осигурувањето почнува веднаш, со појавата на новиот извор на опасност. Осигуреникот е должен, на крајот на периодот од осигурувањето при утврдувањето на конечниот износ на премијата, да ги пријави сите нови извори на опасност. За новите извори на опасност осигуреникот плаќа премија пресметана од денот на нивните појави (про рата темпорис).
(3) Обврската на осигурувачот за надоместок од осигурувањето не настанува во случај на појава на нов извор на опасност, ако осигурувачот според овие услови на осигурување и тарифата на премии не осигурува таков извор на опасност.
(4) За новите извори на опасност важи сумата на осигурување во полисата. Ако полисата за поедини извори на опасности содржи различни суми на осигурување, важечка ќе биде сумата на осигурување за изворите на опасноста кај кои премијата се пресметува врз основа на нето платниот фонд или вкупниот приход од дејноста. Ако постојат повеќе различни суми на осигурување кај кои премијата се пресметува на овој начин, важечка ќе биде највисоката сума на осигурување.
(5) Осигурувањето на новите извори на опасности не се однесува на
одговорноста од:
1. Држење или употреба на пруги (железнички, жичарница и сл.), театри, кина, циркуси и трибини;
2. Држење или употреба на моторни возила и други возила на моторен погон (трактори, мотокултиватори, самоодни работни машини), воздушни возила и возила на вода;
3. Изработка, обработка, сместување, превоз, употреба и трговија со експлозивен материјал или радиоизотопи, освен ако за ова постои одобрение од надлежен орган.
Член 6
Општи услови за осиг урување од одговорност
Обем на покритието за штети настанати со загадување на тлото и водата
(1) Под загадување на тло и вода се подразбира промена на биолошките, хемиските или физичките природни својства на тлото или водата со испуштање на штетни материи кои можат да доведат до такви промени.
(2) Со осигурувањето се опфатени само штети причинети со смрт, повреда на телото или здравјето на некое лице, кои се последица од загадување.
(3) Ако посебно се договори, се покриваат и штетите поради уништување или оштетување на ствари. Овие штети се опфатени со осигурувањето, ако настанале поради ненадеен и неочекуван случај, па и тогаш кога самите штети настанале постепено.
(4) Одговорноста за штети во врска со зголемување на изворот на опасности забележан во полисата, заради унапредување или измена на производството, не е опфатена со осигурувањето, ако тоа не се договори посебно.
(5) Осигуреникот учествува со 10% во секоја штета.
(6) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети до кои би дошло поради тоа што осигуреникот не ги одржувал, менувал и поправал уредите за прочистување на отпадните води и други отпадни продукти, ниту пак се придржувал кон други мерки предвидени со прописите за заштита на животната средина.
Член 7
Осигурување од одговорност за чисто имотни штети
(1) Ако посебно се договори (чл. 3 ст. 2, точ.2) или ако тоа е предвидено со посебни одредби од овие Услови, осигурувањето се однесува на одговорноста за чисто имотни штети т.е. штети што не настанале ниту со повреда на телото или здравјето на некое лице, ниту со оштетување, односно уништување на ствари.
(2) Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејство, односно настанало пропуштање при обавување на дејноста означена во полисата, поседување на некои ствари и друг (извор на опасности) со кои е предизвикана чисто имотна штета на некое лице.
(3) Со осигурувањето е опфатена одговорноста за штети, чијашто причина (дејство или пропуштање) настанала за време на траење на осигурувањето, доколку штетите не настанале по истек на две години од престанување на осигурувањето.
(4) Ако штетата настанала поради пропуштање, се смета во случај на сомневање, дека пропуштањето настанало оној ден кога пропуштеното дејство требало најдоцна да се преземе, за да би се избегнало настанување на штетата.
(5) Осигурувањето се однесува на дејност, односно пропуштање настанато во Република Северна Македонија.
(6) Од осигурувањето се исклучени штети:
1. Заради пречекорување на пресметки и кредити по договорите за купување и продавање, а особено заради неодржување на договорните рокови на испораката и гарантираните обврски;
2. Заради посредување во парични и други стопански работи;
3. Заради кусок во благајна, грешки при исплата и проневера од страна на работниците на осигуреникот;
4. Заради неправилно таксирање и останати недостатоци во поглед на таксирањето;
5. Причинети со тоа што осигуреникот ја превидел грешката во сметката, пресметката или во мерките во цртежите;
6. Заради исчезнување на ствари.
Член 8
Исклучување од осигурување
(1) Осигурувањето не се однесува на:
1. Одговорност на осигуреникот за намерно причинета штета, освен ако штетата намерно ја причинил работник на осигуреникот, осигурувачот стапува во правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице;
2. Одговорност за штети што се во непосредна или во посредна врскасо користење на нуклеарна енергија освен одговорност за штети од радиоизотопи што се користат за мирновременски цели (во медицината, биологијата, индустријата, земјоделството итн.);
3. Одговорност за штети настанати со држење или употреба на моторни возила и други возила на моторен погон (трактори, мотокултиватори, самоодни работни машини), воздухоплови и возила на вода, освен кога не се во функција на моторни возила и кога не можат да бидат покриени со осигурување од автоодговорност;
4. Штети што ќе ги претрпи осигуреникот, брачниот другар на осигуреникот, децата и други лица коишто живеат со него во заедничко домаќинство и кои е должен да ги издржува;
5. Одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои, инаку, по Закон не одговара;
6. Штети на ствари или извршени работи кои, осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги изработил или испорачал, ако причината за штетата е во изработката или испораката;
7. Штети од производи со недостатоци;
8. Штети на туѓи ствари причинети при обавување на осигурената дејност (занимање) на овие и со овие ствари (како на пример обработка, поправка, превоз, испитување и сл.), освен ако до штетата дошло поради настан, кој не е во непосредна врска со професионални пропуштања на осигуреникот.
9. Штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата;
10. Штети што се последица на загадување на воздухот;
11. Штети што се последица на професионални заболувања на работниците на осигуреникот.
(2) Со осигурувањето не се покриени штети кои настануваат на стварите заради:
1. Трајно дејство на температури, гасови, пареа, влага или врнежи (чад, саѓи, прашина и др.), како и заради мувлосаност, потреси, шумови и сл. што има за последица постепено настанување на штетата;
2. Спуштање и лизгање на земјиште;
3. Поплава на стоечки, истечни и подземни води.
(3) Ако посебно се договори, осигурувањето се однесува на одговорност за штети:
1. Заради учествување во коњски, велосипедски, мотоциклистички и автомобилски трки, боксерски и боречки борби, како и учество во припремите за трка односно борба.
2. На туѓи ствари коишто ги зел во закуп, на послуга, на заем во остава, поради превоз и сл.;
3. За кои осигуреникот одговара во својство на инвеститор.
4. На осигурување од одговорност во странство.
Член 9
Територијално важење на осигурувањето
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Северна Македонија, а на територијата на други земји само ако тоа посебно се договори или ако тоа е предвидено со посебни одредби, освен доколку не се работи за чисто имотна штета.
Член 10
Осигурен случај
(1) Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета. Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува.
(2) Како еден осигурен случај се сметаат и повеќе временски поврзани штети ако се тие последица на иста причина.
Член 11
Временско важење на осигурувањето
(1) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето.
(2) Осигурениот случај којшто настанал за време на важењето намосигурувањето, а чијашто причина е од периодот којшто претходи на склучување на договорот за осигурување или од време кога осигурувањето било прекинато, покриен е со осигурување само тогаш ако на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му биде позната причината од која потекнува осигурениот случај.
(3) Кај штетите заради повреда на здравјето кои настануваат постепено, во случај на сомневање се смета дека штетниот настан настанал тогаш кога првиот пат со лекарски наод е утврдена повредата на здравјето.
Член 12
Сума на осигурување
(1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување.
(2) Сумата на осигурувањето, зависно од тоа како е договорено, може да биде: само за штети со смрт, повреди на телото или здравјето на некое лице: само за штети на ствари; и за едните и за другите штети со одвоени суми; или единствена сума на осигурување без оглед на видот на штетата. (3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата.
Член 13
Обврска на осигуреникот по настанување на осигурен случај Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај како и за поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од три дена по сознавањето, во писмена форма, лично или преку полномошник ,директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште или во било која експозитура на Друштвото, преку пошта или по електронски пат на следната е-маил адреса: xxxx@xxxxx.xx Кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво осигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво во случај на настанување на осигурениот случај.
(2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
(3) Ако е поведен извид подигнат обвинителен акт, или е донесена Xxxxxx за кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
(4) Ако со осигурувањето е покриена штета што настанала заради кражба на ствари, осигуреникот е должен без одлагање да ја пријави кражбата на органот на јавната безбедност.
(5) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата, освен ако спрема фактичката состојба не можело да се одбие признанието, порамнувањето односно исплатата, а да со тоа не се направи очигледна неправда. Ако осигуреникот во заблуда
сметал дека постои негова одговорност или дека се исправно утврдени фактите, тоа нема да го оправда.
(6) Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.
(7) Ако осигуреникот се спротивствани на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши со порамнување, осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надоместокот, на каматите и трошоците кои што при тоа настанале.
(8) Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
(9) Ако при променети околности осигуреникот го стекне правото да се укине или намали рентата на оштетеното лице, должен е за тоа да го извести осигурувачот.
(10)Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член ќе ги сноси штетните последици коишто настануваат при тоа освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.
Член 14
Обврска на осигурувачот по поднесеното барање од оштетеното лице
(1) Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице осигурувачот има обврска:
1. заедно со осигуреникот да преземе одбрана на неосновани или претерани барања за надомест на штета (правна заштита – член 15);
2. да ги задоволи основните барања за надомест на штета (надомест на штета – член 16);
3. да ги надомести трошоците на судската постапка (надомест на трошоците на постапката – член 17).
(2) Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата.Доколку барањето е некомплетно ,осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето .
(3) Осигурувачот може да донесе одлука за решавање на штетата и во случај кога осигуреникот не постапил по најмалку две последователни барања за доставување на дополнителна документација од став 3 на овој член,но ваквата одлука не може да биде донесена во рок пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за штета.
Член 15
Правна заштита
(1) Обврската на осигурувачот за давање правна заштита опфаќа:
1. Испитување на одговорноста на осигуреникот за настанатата штета;
2. Водење спор во име на осигуреникот, ако оштетениот остварува право на надомест на штета во процесната постапка;
3. Давање во име на осигуреникот на сите изјави коишто ги смета за целисходни за задоволување или одбрана на неоснованото или претераното барање за надомест на штета;
(2) Во согласност и со упатство од осигурувачот, водењето на спорот може да му се довери на осигуреникот кој во таков случај е должен да се придржува на упатствата и налозите на осигурувачот во поглед на водење постапка во парница.
(3) Осигурувачот може да го преземе водењето на процесот или да стапи на место на осигуреникот или да учествува во својство на вмешувач.
(4) Осигурувачот е овластен да одбие да го води спорот или да го препушти водењето на спорот на осигуреникот ако оцени дека нема место за давање правна заштита со оглед на односот помеѓу висината на
сумата на осигурување.
(5) Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплати сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правната заштита.
Член 16
Надомест на штета
(1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска.
(2) Осигурувачот го исплатува надоместот од осигурувањето врз основа на:
1. Признанието кое што го дал или одобрил;
2. Порамнувањето кое што го заклучил или одобрил;
3. Судската одлука.
(3) Осигурувачот е овластен на име надомест на осигуреникот да ја положи сумата на осигурување, па во тој случај се ослободува од сите обврски и постапки во врска со осигурениот случај.
(4) Осигурувачот учествува во депонирањето заради обезбедување на надомест на штета за која осигуреникот би бил должен врз основа на законските прописи или судските одлуки и тоа најмногу до износот на висината на неговата обврска за надомест на штета.
(5) Ако осигуреникот е должен да плати на име надомест на штета рента, а капитализираната вредност на рентата ја преминува сумата на осигурување, или остатокот на сумата по одбивање на другите давачки во врска со истиот осигурен сучај, долгуваната рента ќе се надомести само во сразмер помеѓу сумата на осигурување, односно остатокот на сумата на осигурување и капитализираната вредност на рентата. Капитализираната вредност на рентата за пресметување на пропорциите, се смета врз основа на важечките таблици на смртност за осигурување на живот во Република Северна Македонија.
(6) Ако осигурувачот се спротивстави на предлогот на осигуреникот да се спогоди по барањето за надомест на штета, должен е да го плати надоместот, каматите и трошоците и тогаш кога ја надминува сумата на осигурување.
Член 17
Надомест на трошоците на постапката
(1) Осигурувачот ги надоместува сите трошоци на процесната постапка доколку сам го водел спорот или дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, па и тогаш кога барањето за надомест на штета не било основано.
(2) Ако парницата е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, до колку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
(3) Осигурувачот ги сноси трошоците на бранителот во кривичната постапка покрената против осигуреникот заради настан кој би можел да има како последица поставување на барање за надомест на штета по основ на одговорност покриена со осигурувањето и тоа само исклучително ако е запознат со изборот на бранителот и се прифатил да ги сноси трошоците. Трошоците на кривичната постапка, како и трошоците на застапување на оштетениот, осигурувачот не ги надоместува.
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска со исплатата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од понатамошни давања на име надомест и трошоци за еден осигурен случај.
Член 18
Непосредно барање на оштетено лице
(1) Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика за да му ги даде сите потребни податоци и постапки во согласност со член 13 став 8 од овие Услови, како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
(2) До колку во случајов од претходниот став осигурувачот одлучи да му исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
(3) Оштетеното лице или корисникот на осигурување го доставува оштетното побарување до Друштвото за осигурување во писмена форма,на образец предвиден од осигурувачот-Пријава на штета или во слободна форма .
(4) Оштетното побарување може да се поднесе лично или преку полномошник ,директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште или во било која експозитура на Друштвото.
(5) Оштетното побарување може да се поднесе и преку пошта или по електронски пат на следната е-маил адреса: xxxx@xxxxx.xx
(6) Кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво осигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво во случај на настанување на осигурениот случај.
III ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОЕДИНИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТИ
Член 19
Примена на посебните одредби
За осигурувањето од одговорност од поедини извори на опасности, покрај основните одредби од овие Услови во поглед на обемот на покритието се применуваат и посебните одредби од овие услови. Во случај на отстапување од основните се применуваат посебните одредби.
Член 20
Адвокати
(1) Осигурувањето се однесува на одговорноста за чисто имотни штети во врска со обавување на дејноста на адвокатите (чл.7 од овие Услови), како и на одговорноста од поседување на канцелариски работен простор.
(2) Од осигурувањето е исклучена одговорност на адвокатот за штети кои што ги причинил во својство на заменик на друг адвокат.
Член 21
Авто-сервиси, авто-механичарски, pаботилници и сл.
(1) Осигурувањето се однесува и на штети од поседување на место за сместување на моторни возила, како и од продажба на потребен материјал за погон на возила (бензин, масло, маст и сл.).
(2) Ако посебно се договори осигурувањето се однесува и на штети настанати: при работа на возилото и при исчезнување, кражба на возилото, но не и на неговите делови.
Член 22
Болници, лекувалишта, санаториуми, диспанзери, амбуланти и сл.
(1) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста за штети заради оштетување, уништување, исчезнување или кражба на ствари за лична употреба на болните и нивните придружници ако тие ствари се предадени на чување на осигуреникот.
(2) Со осигурувањето е опфатена одговорноста, за штети заради исчезнување и кражба на пари, хартии од вредност, часовници, документи, накит и други скапоцености, само во случај ако тие ствари се предадени на чување на осигуреникот и ако тие ствари осигуреникот ги држи во заклучена каса.
Член 23
Друштва
(1) Со осигурување е покриена и одговорноста:
1. Од одржување состаноци, седници и приредби на друштвото, предвидени со Статутот или другите општи акти на друштвото;
2. Од поседување на згради, земјиште, простории и уреди кои служат исклучиво за потребите на друштвото (како на пр.: игралишта, вежбални, стрелишта и др.);
3. На членовите на управата на друштвото и другите лица кои што се овластени да го застапуваат друштвото;
4. На членовите на друштвото при обавување на дејноста на приредби на друштвото и во врска со тие приредби во интерес за целите на друштвото.
(2) Кај стрелачкото друштво со осигурување е покриена одговорноста за штети само ако тие настанале на место одредено за гаѓање.
(3) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста за оштетување, уништување, исчезнување и кражба на возила на вода (чамци, едрилици
и др.), преземени на чување под услов да постои постојан чувар, штетите на моторите на чамците се покриени доколку моторот е прицврстен за чамецот или е сместен ноќе во затворена просторија.
(4) Ако посебно, е договорено со осигурувањето е покриена и одговорноста на друштвото за штети од:
1. Поседување на згради, земјиште, простории и уреди кои не служат исклучиво за потребите на друштвото;
2. Приредби кои ги преминуваат рамките на обични приредби на друштвото, предвидени со статутот на друштвото;
3. Држење на животни;
4. Подигање на трибини;
5. Користење на спортски терени и уреди (лизгалишта, патека за санкање и скијање и др.);
6. Дејности кои споредно ги обавува друштвото (на пр. ресторани во сопствена режија, бањи и сл.).
Член 24
Општествено-политички заедници
(1) Покрај одговорноста за штети настанати со обавување и поради обавување на функциите на органите на општествено-политичките заедници, со осигурувањето е опфатена и одговорноста од поседување или користење на згради, земјиште, простории и уреди што служат исклучиво за потребите при обавување на работи од општествено- политичките заедници.
(2) Одговорноста од други дејности на општествено-политичките заедници, опфатена е со осигурувањето само ако секој извор на опасност посебно се осигурува.
(3) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста на општествено- политичките заедници за чисто имотни штети (чл.7 од овие Услови).
(4) Од осигурувањето е исклучена одговорноста на општествено- политичките заедници за штети настанати со смрт или телесна повреда на некое лице поради акт на насилство или терор како и пријавени демонстрации и манифестации, како и за други штети што органите на општествено-политичките заедници биле должни според важечките прописи да ги спречат.
Член 25
Гардероби
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигурениците заради оштетување, уништување, исчезнување или кражба (па и поради замена) на ствари предадени во гардероба на чување со исправна потврда (број, блок и сл.).
(2) Од осигурувањето е исклучена одговорнсота на осигуреникот за штети поради исчезнување или кражба на пари, хартија од вредност, скапоцености, часовници и документи од секаков вид.
(3) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако гардеробата има постојан чувар и во неа, освен чуварот, други лица немаат пристап.
Член 26
Градежна монтажа и слична дејност
(1) Штети настанати од нивелирање на терен што го врши осигуреникот покриени се со осигурувањето доколку нивелирањето се однесува на работи што осигуреникот треба да го изврши, при што од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети на објектот за чија изградба и обработка се врши нивелирањето.
(2) Осигурувањето се однесува и на одговорноста за штети:
1. Непосредно причинети со оштетување на подземни уреди (како водови: за гас, вода, струја, канализација и сл.), доколку не е посебно договорено да се опфатат и посредните штети;
2. Причинети со минирање во обавување на дејноста на осигуреникот, но не и за штети на неподвижни ствари кои при минирањето се наоѓаат на оддалеченост помала од 75 метри од точката на минирањето ако поинаку не се договори;
(3) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети:
1. На соседните градежни објекти поради пропуштање да се изврши соодветно засилување (потпирање и сл.);
2. На градежен односно монтажен објект што го изведува или на кој работи осигуреникот;
3. Причинети од рушење на неподвижни ствари што се наоѓаат во кругот чиј радиус одговара на висината на објектот што се руши.
(4) Ако е осигурен дел од градежниот објект или поедини градежни занаетчиски работи, осигурувањето од одговорност на изведувачот на градежните работи не ги покрива штетите на останатите делови на тој градежен објект или останатите градежни и занаетчиски работи, кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(5) Ако е осигурен дел од монтажен објект или поедини монтажни работи, осигурувањето од одговорност на изведувачот на монтажните работи не ги покрива штетите на останатите делови на тој монтажен објект или останатите монтажни работи, кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(6) Осигуреникот учествува со 10% во секоја штета.
Член 27
Бањи
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за оштетување, уништување, исчезнување и кражба на ствари за лична употреба на гостите во капалиштата, ако тие ствари се заклучени во кабини или други соодветни простории за сместување на ствари или ако му се предадени на осигуреникот на чување.
(2) Одговорноста за штети при исчезнување и кражба на пари, хартии од вредност, скапоцености, часовници, документи и сл. е покриена со осигурувањето само тогаш ако тие ствари се предадени на осигуреникот на чување и ако се држат во заклучена каса.
(3) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети причинети од стварите на осигуреникот што служат за спорт, рекреација и забава на гостите во капалиштата.
Член 28
Лекари
(1) Осигурувањето се однесува и на чисто имотни штети (член 7 од овие Услови).
(2) Осигурувањето ја покрива одговорноста и за штети настанати при давање на итна медицинска помош на подрачјето на Европа.
Член 29
Пристаништа и јавни складишта
(1) Ако посебно се договори осигурувањето се однесува и на одговорност:
1. За штети настанати на туѓа стока при: претовар, вскладиштување, сложување и прицврстување, мерење, броење, сортирање, маркирање и зголемување, пакување и поправка при пакувањето, превоз и пренесување во деловниот простор;
2. За штети од загадување на води, крајбрежја и други објекти.
(2) Со осигурувањето не е опфатена одговорнсота:
1. За штети причинети со: влечење, пилотирање, чување и заштита на бродови: заврзување, одврзување и спасување на бродови; превоз на лица со пилотски и приврзувачки чамци, дообработка, преработка, обработка, и сл. егализирање, фумиграње, чистење, варосување, мешање, сушење и сл.; со меѓународно и внатрешно отпремување на стоката (шпедиција); со вскладиштување и чување на стоката во фрижидери;
2. За посредни штети (на пример: губење на пазарот, паѓање на цените, забрана на увоз или извоз);
(3) Во секоја штета осигуреникот учествува со 10%.
Член 30
Земјоделска и шумарска дејност
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети причинети од:
1. Држење на животни, но не и штети кои настануваат на животните при припуст или вештачко оплодување, освен ако тоа посебно не е договорено;
2. Користење на средства за отстранување на плевел, како и за спречување и отстранување на растителни болести и штетници на земјиштето на осигуреникот со тоа што осигуреникот учествува со 10% во секоја штета,
3. Преземање на градежни работи на земјиштето на осигуреникот во колку пресметковната вредност на тие работи не изнесува повеќе од минималната сума на осигурување;
4. Споредни дејности на осигуреникот ако годишниот приход од тие дејности не го преминува износот во денарска противредност од 1500 ЕУР. (2) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот во својство на приватно лице во смисла на член 32 од овие Услови.
Член 31
Приклучни пруги, качувалки, жичарници, закупени железнички складишта, дигалки и постројки за натовар и истовар
(1) Во колку дејности на осигуреникот, како извор на опасност од полисата, се обавува со користење на приклучни пруги, успињачи, жичарници, закупени железнички складишта, дигалки и други постројки за натовар и истовар, со осигурувањето е опфатена:
1. Oдговорноста за штети настанати од употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски), успињачи или жичарници, ако превозот се врши без наплата на возарина;
2. Oдговорност за штети од употреба на дигалнки и постројки за натовар и истовар, во колку не настанале при употреба на постројки кои по својата конструкција го пуштаат товарот да падне;
3. Договор за одговорност за штети настанати од употреба на закупеното железничко складиште спрема македонската железница.
(2) Ако посебно се договори со осигурувањето е покриена:
1. Одговорноста за штети поради оштетување на вагони, бродови, моторни возила со користење на дигалки и други постројки за натовар и истовар.
2. Одговорноста за штети настанати при употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски) успињачи или жичарница ако превозот се врши со наплата на возарина.
Член 32
Правното лице - одговорност во тоа својство
(1) Со осигурување е покриена одговорноста на осигуреникот за штети предизвикани од приватни лица во секојдневниот живот вон од обавување на некое занимање или занает и тоа:
1. Како сопственик, корисник или закупец на стан или посебна куќа за живеење, мала градина и двор;
2. Како работодавател спрема лицата вработени во домаќинството;
3. Поседување или употреба на велосипед без мотор;
4. Бавење со спорт, освен спортот со кој се бави професионално како и спортот кој е поврзан со употреба на возила снабдени со мотор од било кој вид, спорт со воздушни летала, лов и боречки спортови (бокс, мачување, борење, џудо, карате и др.);
5. Како сопственик на питоми животни кои не се користат во земјоделството;
6. Ладно или огнено оружје за чие поседување има дозвола која служи за одбрана или учество на стрелачки натпревари.
(2) Во истиот обем како во став 1 од овој член осигурувањето се однесува и на одговорноста на:
1. Брачниот другар на осигуреникот и децата кои живеат со него во заедничко домаќинство, и кои е должен да ги издржува;
2. Лица вработени во домаќинството на осигуреникот заради обавување на работи на тоа домаќинство.
(3) Ако дел од станот односно зградата се употребува за обавување на некое занимање, осигурувањето не ја опфаќа одговорноста од поседување на тој дел од станот односно зградата.
(4) Ако посебно се договори, опфатена е одговорноста за малолетни деца кои не живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот.
Член 33
Патишта одржување
(1) Ако посебно се договори со осигурување е покриена и одговорноста на осигуреникот за штети настанати при:
1. Несоодветни тротоари и заштитни огради или нивно непостоење, како и непостоење на соодветни сообраќајни знаци и предупредување на
опасни места на патиштата;
2. Не косење на тревата и неодржување на насадите на патното земјиште;
3. Разни наноси на патот (снег, земја, отпадоци и др.);
4. Непосипување на патот за спречување на последици;
5. Осигуреникот учествува со 10% во секоја штета.
Член 34
Спортски приредби
Со осигурувањето е опфатена одговорноста на организаторот на велосипедските трки за време на самата трка.
Ако трката се одржува на отворени патишта таквата патека мора да биде обезбедена од страна на органите за јавна безбедност.
Осигурена е и одговорноста на учесниците на спортски приредби, со исклучок на случаите од член 8 став 3 точка 1 од овие Услови.
Член 35
Училишта, установи за воспитување и образование, чување и сл.
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за штети поради оштетување, уништување, исчезнување и кражба на ствари на ученици - питомци, само ако стварите се наоѓаат во соодветни простории што служат за нивно сместување.
(2) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети поради исчезнување и кражба на: пари, вредносни хартии, благородни метали, нумизматички, филателистички и други збирки и скапоцености од секаков вид.
(3) Со осигурувањето е покриена и одговорноста:
1. На членови на училиштниот совет и советот на воспитните и други установи кои според законските прописи и актите на училиштата, односно воспитните и други установи управуваат со училиштето односно установата;
2. Од организирање на излети, екскурзии, училишни приредби и слично.
Член 36
Угостителска дејност
(1) Под угостителска дејност, во смисла на овие Услови, се подразбира дејноста што ја обавуваат: хотели, кафеани, пансиони, одморалишта, средени кампови и сл.
(2) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот поради оштетување, уништување, исчезнување или кражба на ствари за лична потреба на гостите што ги довеле во угостителскиот објект. Како ствари за лична употреба се сметаат и: аматерски фото-апарат со прибор, опрема за викенд и кампување, радио и ТВ приемник, грамофон со плочи и касетофон, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
(3) Осигурувањето не се однесува на одговорност за штети настанати:
1. На стварите на гостите при нивната употреба, обработка или работење врз нив од страна на осигуреникот;
2. При исчезнување или кражба на ствари на гостите ако тие се внесени во простории кои се пристапни на секој, во кои се послужува храна и пијалок и сл. освен ако се предадени во гардеробата на чување.
(4) Ако посебно се договори, со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за штети на возила во смисла на одредбите од член 40 од овие Услови.
(5) Одговорноста за штети при исчезнување или кражба на пари, накити, хартии од вредност и документи од секој вид, покриена е со осигурувањето ако тие ствари му се предадени на осигуреникот и се сместени во заклучена каса.
(6) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста:
1. Од помошни погони што му припаѓаат на осигуреникот (како: перални, кујни, фурни, месарници и сл.), а кои му служат исклучиво за обавување на дејноста на осигуреникот;
2. Од поседување на предмети, простории и терени за спорт и рекреација што гостите ги користат бесплатно.
Член 37
Уреди за забава
Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети што настануваат
при монтажа и демонтажа на уредите за забава.
Член 38
Против-пожарни друштва
(1) Со осигурувањето е опфатена одговорнсота за штети причинети при вежби, акции за спасување и пружање помош.
(2) Со осигурувањето е покриена и личната одговорност на членовите на друштвата од обавување на активности во својство на пожарникари.
(3) Осигурувањето се однесува и на одговорноста на противпожарното друштво како сопственик, закупец или плодоуживател на земјиште, згради и простории кои исклучиво служат за потребите на друштвото.
(4) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети на стварите поради чие спасување друштвото било повикано.
Член 39
Ветеринари, ветеринарски клиники и станици
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот поради повреда на животните при лекување.
(2) Ако посебно се договори, со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети поради повреда на животни во врска со кастрација, третирање со гасови и вештачко осеменување.
Член 40
Возила – чување
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за оштетување, уништување, исчезнување, кражба и замена на возила оставени на чување (моторни возила, приколки, мотори и велосипеди).
(2) Доколку возилото не е сместено во заклучена гаража, од осигурувањето се исклучени штетите на стварите кои се наоѓаат на или во возилата како и на одделни делови на возилото, освен стварите кои сериски се произведуват со возилото и стварите кои по прописите би требало да бидат во возилото.
(3) Осигурувачот е во обврска само тогаш кога паркиралиштето за возилата е точно одредено, одбележано и ако возилата се прописно сместени и обезбедени, под услов да постои постојан чувар.
Член 41
Згради и земјишта (поседување односно користење)
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за изворите на опасност од член 4 став 2 точка 1. и 2. од овие Услови.
(2) Со осигурувањето е покриена и одговорноста:
1. За штети што ги предизвикуваат лица задолжени за одржување и чистење на згради, односно земјишта како извори на опасност;
2. За штетите што ги предизвикуваат лица кои стапуваат на местото на осигуреникот во својство на нов корисник, плодоуживател или стечаен управник;
3. За штети од користење на детски игралишта со опремата што припаѓа за разонода на децата, доколку игралиштето припаѓа на зградата како извор на опасност на полисата;
4. Од поседувањето на градина, доколку таа се користи за сопствени потреби и доколку и припаѓа на зградата или земјиштето како извор на опасност од полисата;
(3) Ако зградата има повеќе корисници, односно сопственици, осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата што ја предизвикува еден корисник, односно сопственик на друг сопственик, на неговиот брачен другар и лицата што ги издржува.
(4) Барањата на сопственикот, односно корисникот на станот, неговиот брачен другар и лицата што ги издржува, опфатени се со осигурувањето, доколку тие не учествуваат во заедничката одговорност за штети со останатите сопственици односно корисници на зградата.
Член42
Животни
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на чуварот на животните и другите лица што се грижат за животнтие кои се означени во полисата за осигурување.
(2) Со осигурувањето е покриена од оговорноста за штети од актот за припуст на животни, ако тоа посебно се договори.
IV ОПШТИОДРЕДБИ
Член43
Премија на осигурување
(1) Ако основа за пресметувањена премијата е годишниот нето личен доход на работниците, конечната пресметка на премијата се врши по завршувањето на годината врз основа на остварениот личен доход.
(2) Во случај на престанување на договорот за осигурување пред договорениот рок на траење, ако договорувачот имал некаков попуст на траење на осигурувањето, должен е износот на премијата одобрена на име попустот, да му го врати на осигурувачот.
(3) Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата на осигурувањето, но осигурувачот е должен да ја прими исплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
(4) Премијата се плаќа во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при склучувањето на договорот.
(5) На износот на премијата што се плаќа во договорени рокови може да се пресмета и наплати договорена камата.
(6) Ако договарачот на осигурувањето не ја плати премијата во договорениот рок, осигурувачот може, покрај главницата, да му пресмета и казнена камата
(7) Место за плаќањето на премијата е местото во кое договарачот на осигурувањето има свое седиште односно живеалиште, ако со договорот не е одредено некое друго место.
(9) Ако премијата се плаќа преку пошта, се смета дека договорувачот на осигурувањето со уплата на должниот износ преку пошта ја измирил својата обврска спрема осигурувачот откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(10) Ако премијата се плака со посредство на Банка кај која се води сметката на осигурувачот ,xx се смета дека премијата е платена кога до банката кај која се води сметката на осигурувачот ке пристигне парична дознака во корист на осигурувачот,или налог вирман од банката на договарачот да и го одобри на сметката на осигурувачот износот назначен во налогот.
(11) Премијата се плака готовински или вирмански -под готовинско плакање се сметка уплата на готови пари или со платежна картичка, на благајната на осигурувачот.
Член44
(1) Ако предметот, за чија употреба е склучено осигурувањето од одговорност, односно изворот на опасност наведен во полисата, престане да постои пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договорувачот на осигурувањето му се враќа износот од платената премија.
(2) Ако изворот на опасност наведен во полисата престане да постои за време на траење на осигурувањето, осигурувачот е должен да му врати на договорувачот на осигурувањето дел од премијата за извор на опасност кој што престанал да постои за преостанатото време, доколку за тој извор на опасност, осигурувачот не бил во обврска да плати надомест од осигурувањето.
(3) Во сите други случаи, со престанување на договорот за осигурување, пред истек на времето за кое е платена премија, премијата му припаѓа на осигурувачот само до истечување на денот до кој што бил во обврска, ако поинаку не е договорено.
Член45
Престанување на обврската на осигурувачот
Обврската на осигурувачот престанува:
(1) Kај договорот за осигурување со одреден рок на траење, со истекот на 24-от час од денот што е наведен во полисата како ден на истек на осигурувањето, доколку не е поинаку договорено;
(2) Kај договорот за осигурување со неодреден рок на траење ако во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, осигурувањето се продолжува од година во година освен ако некоја од одговорните страни најдоцна три месеци пред истекот на тековната година на осигурувањето, писмено ја извести другата страна за откажување на договорот за осигурување. Во тој случај, договорот за осигурување престанува со истек на дваесет и четвртиот час од последниот ден на тековната година на осигурување.
Член 46
Начин на известување
(1) Сите известувања и пријави, што се должни да ги направат договорните страни во смисла на одредбите од овие Услови, мора задолжително да се потврдат писмено ако се направени усмено, по телефон, со телеграма ,по електронски пат или на некој друг сличен начин.
(2) Како ден на прием на известувањето, односно пријавата, се смета денот кога е примено известувањето, односно пријавата. Ако известувањето, односно пријавата е испратена препорачано по пошта, како ден на прием се смета денот кога е предадена во пошта.
(3) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот полноважни се само ако се заклучени во писмена форма.
Член 47
Измена на називот или адресата (фирма)
(1) Договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен за измените на името, називот или адресата, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
(2) Ако договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за полноважност на известувањата што ги испраќа осигурувачот, доволно е ако му упати на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно имињата и називите со кои располага. Известувањето станува полноважно на денот кога според редовниот тек на работите станало полноважно кога не би настанале промените од претходниот став.
Член 48
Измени на условите за осигурување и тарифата на премии
(1) На договорите за осигурување, заклучени на траење, подолго од една година, измените во Условите за осигурување и Тарифата на премии, извршени по склучување на договорот за осигурување, ќе се применуваат дури по истекот на годината на осигурување, освен ако се поповолни за осигуреникот.
(2) Осигурувачот е должен, на писмен или друг соодветен начин да го извести договорувачот на осигурувањето за извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
(3) Договорувачот на осигурувањето има право во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за извршените измени во Условите за осигурување, односно Тарифата на премии, да го откаже договорот за осигурување.
(4) Во случај на отказ од претходниот став, договорот за осигурување престанува во 24 часот од последниот ден на тековната година на осигурувањето во која е извршена измената во условите за осигурување, односно во Тарифата на премии.
(5) Ако договорувачот на осигурувањето не го откаже договорот во рокот одреден во став (3) на овој член, договорот за осигурување се менува со почетокот на наредната година на осигурување, во согласност со извршените измени во условите за осигурување, односно Тарифата на премии.
Член 49
Примена на законските прописи и општите услови за осигурување на имоти
(1) На прашањата што не се регулирани со условите, ќе се применуваат соодветни одредби од Законот за облигациони односи.
(2) Доколку не се во спротивност со овие Општи услови, на осигурувањата склучени по овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување на имоти.
Член 50
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор помеѓу осигуреникот, односно договорувачот на осигурувањето и осигурувачот, надлежен е судот спрема местото на склучување на договорот за осигурување.
Член 51
Примена на овие услови
(1) Овие услови за осигурување се применуваат на осигурување на имотот освен на оние видови на осигурување кои во условите за осигурување имаат и одредби од Општите услови за осигурување на имоти.
На договорот за осигурување на имотот се применуваат и други обврзни одредби од Законот за облигационите односи-Глава III-осигурување, а диспозитивните одредби, доколку прашањата на кои се однесувааат не се со овие Услови поинаку регулирани.
(2) Ако односите што се регулираат со одредбите од овие услови поинаку се регулирани во условите, односно во Посебните услови за одделни видови осигурување на имот, ќе се применуваат од тие Услови на осигурување.
Член 52
Завршни одредби
(1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1. Oрганизационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување (комисија за постапување по претставки);
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Претставката може да се поднесе во писмена форма лично или преку полномошник, дирекно во архивата на Друштвото на адреса на седиштето, по пошта или електронски пат на маил адресата xxxx@xxxxx.xx , или во било која експозитура на Друштвото .
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените претставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
Доколку спорот не решен во постапка по приговор ,секоја од страните во спорот може да и предложи на другата страна поведување на постапка за посредување согласно прописите кои ја уредуваат оваа постапка Друштвото води регистар на доставени и решени претставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
За сето она што не е регулирано со овие Општи услови, Законот за супервизија на осигурување и Законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на Законот за облигациони односи.
(2) Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.
Член 53 Застареноста на побарувањата согласно овие Оптш услови за осигурување е регулирана во Законот за облигациони односи.
Член 54
Доверливост и заштита на личните податоци
(1) Друштвото за осигурување е должно сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
(2) Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
1) ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2) во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3) ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4) ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки
над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5) ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
6) ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
7) во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
(3) Осигурувачот постапува исклучиво по поднесено писмено барање од барателот на информацијата
(4) Осигурувачот во однос на личните податоци кои ги поседува постапува согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурување и други законски и подзаконски акти од оваа област.
Член 55
Во случај на спор во врска со примената на овие Општи услови во поглед на односите помегу осигурувачот и осигуреникот/корисникот на осигурување за извршувањето, обемот и пристигнувањето на обврските ке се примени Законот за облигациони односи ,Законот за супервизија на осигурувањето и другите важечки законски и подзаконски акти.
Се додава
Член 56
Орган надлежен за супервизија на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување до која осигуреникот ,корисникот или трето лице може да се обрати до допис или барање за заштита на своите права, поднесување на жалби или претставки.