Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување одговорност на адвокати
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Значење на одделни изрази во овие услови
Осигурувач - е правно лице кое според Законот за осигурување е регистрирано за обавување на дејности од осигурување во Република Македонија- АД Уника Скопје.
Договорувач на осигурување - е лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување - адвокат поединец или адвокатско Друштво.
Осигуреник - е адвокатот кој врши адвокатски работи и чија одговорност е покриена со осигурувањето.
Трето лице - е корисник на осигурување кое ќе претрпи штета од вршење на адвокатски работи.
Полиса - е договор за склученото осигурување.
Премија за осигурување - е износ што договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување.
Чисто имотни штети –штети кои за последица немаат ниту повреда на телото или здравјето, ниту оштетување,односно уништување на ствари на неке трето лице.
II ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на осигурување Предмет на осигурување согласно на овие Услови е законската одговорност на адвокатот за причинети штети кои ќе ги предизвикаат на трети лица при обавување односно вршење на адвокатска дејност согласно Законот за адвокатура, за времетраење на осигурувањето.
Се мисли на штети, настанати со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице, како и за штети што настанале ниту со смрт, повреда на телото или здравјето на некое лице, ниту со оштетување,односно уништување на ствари, т.н. Чисто имотни штети.
Со ова осигурување, законската одговорност на адвокатот е покриена за штети кои ќе настанат и кои ќе ги пријави за времетраење на осигурувањето, а кои се настанати како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка или небрежност, а при вршење на адвокатската дејност.
Доколку штетата е направена свесно и намерно или со груба небрежност, осигурувачот има регресно право спрема осигуреникот.
Со надомест на штета се опфаќаат сите оштетени трети лица за време на траење на осигурувањето.
Член 2
Сума на осигурување
Сума на осигурување претставува горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај и истата е изразена во договорот за осигурување-полисата.
Сумата на осигурувањето, се однесува за штети со смрт, повреди на телото или здравјето, за штети на ствари и за Чисто имотни штети на трети лица. До колку настанат повеќе штети, кои произлегуваат од ист штетен настан и кои временски се поврзани, а ја надминуваат сумата на осигурување, обврската на осигурувачот е до сумата на осигурување.
По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата, осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата.
Член 3
Извор на опасност
Извор на опасност претставува и произлегува од самата адвокатска дејност, чии што надлежности ги регулирана Законот за адвокатура.
Член 4
Осигурен случај
За осигурен случај според овие услови се смета законската одговорност на адвокатот за пропуст или грешка во вршење на адвокатската служба
(во поединечен адвокатски акт, записник или потврда, односно при застапување пред судовите или друг орган на власта), со што ќе предизвика штета на трети лица, додека трае осигурувањето.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настан врз основа на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна штета, смрт, повреда или ошетување или уништување на ствари при обавување на адвокатската дејност однодсно од користење на деловни простории за адвокатска дејност.
Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот.
(1) Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејноста означена во полисата со кое е предизвикана штета на трето лице.
(2) Со осигурувањето е опфатена одговорноста за штети, чија што причина (дејство или пропуштање) настанала за време на траење на осигурувањето, доколку штетите не настанале по истек на две години од престанување на осигурувањето.
(3) Ако штетата настанала поради пропуштање, се смета во случај на сомневање, дека пропуштањето настанало оној ден кога пропуштеното дејство требало најдоцна да се преземе, за да би се избегнало настанување на штетата.
(4) Осигурувањето се однесува на дејност, односно пропуштање настанато во Р. Македонија
Член 5
Штети исклучени од осигурувањето
Од осигурувањето се исклучуваат штети кои се предизвикани:
1. Од вработените лица кои не се опфатени со осигурување.
2. Заради договорно проширување на одговорноста на осигуреникот и на случаи кои по законот не спаѓаат во вршење на адвокатска дејност.
3. Заради не почитување-спазување на рокови, до колку за тоа е одговорна странката, за кого адвокатот е повереник или застапник;
4. Во случај на застапување на странки спротивно на одредбите од Законот за адвокати.
5. За грешки и пропусти кои биле познати во време на склучување на договорот за осигурување или неможеле да останат непознати.
6. За трошоците за надоместување (пополнување) на списи и книги кои се исчезнати во постапка со адвокатските акти, по упразнување на адвокатското место.
7. Поради грешка во пресметка и примена на адвокатската Тарифа.
8. Поради престанок на вршење на функција односно разрешување на адвокатот.
9. Во сите случаи кога не може да се утврди одговорност на адвокатот во согласност со Законот за адвокатура и Законот за трговски друштва, подзаконски акти и овие Услови.
10. За исчезнување на ствари, вклучувајќи и кражба на ствари на трети лица.
11. За штети на ствари и лица поради загадување на воздух, тло и вода. 12. За штети настанати од сите други ризици кои не се опфатени со овие Услови за осигурување.
13. Исто така осигурувањето не се однесува и на:
• одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои, инаку, по Закон не одговара;
• штети на ствари или извршени работи кои, осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги изработил или испорачал, ако причината за штетата е во изработката или испораката;
• штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата;
• штети што се последица на загадување на воздухот;
• штети што се последица на професионални заболувања.
Со осигурувањето не се покриени штети кои настануваат на стварите заради:
• спуштање и лизгање на земјиште;
• поплава на стоечки, истечни и подземни води.
III ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 6
Склучување на договор за осигурување
Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда, а склучен е кога договорувачите ќе потпишат полиса за осигурување, односно кога согласно Законот за адвокатура, адвокатот или Комората поднесат барање за осигурување.
Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ни понудувачот ниту пак осигурувачот.
Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
Член 7
Почеток и престанок на осигурувањето
Обврската на осигурувачот започнува по истек на 24 часот од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот престанува со истекот на 24 часот од денот кој во договорот за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето. Осигурувањето може да престане поради: престанок на вршење на функцијана адвокатот, отказ на адвокатот и во други случаеви кога постојат законски пречки за понатамошна важноста на договорот.
Член 8
Плаќање на премија
Договорувачот на осигурувањето, премијата за осигурување ја плаќа веднаш при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
Член 9
Обврска на осигуреникот кога ќе настане осигурениот случај
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од оштетениот. Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во документацијата со аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него е истакнато преку суд.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува или да изврши исплата.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан, како и да се договорат околу водењето на спорот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на шетата и е должен да ги презентира сите документи и факти со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
До колку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член, самиот ќе ги сноси штетните последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и да се придржувал кон обврските.
Член 10
Обврски на осигурувачот по поднесено барање од оштетено лице
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице, осигурувачот има обврска:
заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани и претерани барања за надомест на штета (правна заштита);
да ја надомести настанатата штета (надомест на штета);
да ги надомести трошоците по суската постапка (надомест на судските трошоци).
Член 11
Правна заштита
Обврската на осигурувачот за давање правна заштита опфаќа:
• водење спор во име на осигуреникот ако ошетениот остварува право на надомест на штета во процесната постапка;
• давање во име на осигуреникот изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или одбрана од неосновано или претерано барање за надомест на штета.
Водењето на спорот може да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неоправдани барања.
Осигурувачот е овластен да одбие да води спор во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита и во случај кога висината на надоместот на штетата ја надминува сумата на осигурување. Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
Член 12
Надомест на штета
Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска (комплетирање на целокупната доказна документација за исплата на штетата).
До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
Член 13
Надомест на трошоците по постапката
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, доколку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
Трошоците за кривичната постапка, како и трошоците за застапување на осигуреникот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки во име на надомест на штета и трошоци.
Член 14
Непосредно барање од оштетено лице
Ако оштетеното лице, своето барање и тужба за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот и да го повика да ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
До колку во случајот од претходниот став осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
Член 15
Утврдување и процена на штета
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот, односно нивни овластени претставници.
Штетата се утврдува и проценува врз основа на уредна документација достапна на увид на овластениот претставник на осигурувачот, а согласно на Законот за облигациони односи и Законот за вршење на нотарски работи.
Член 16
Вештачење на штета
Доколку при утврдување и проценување на штетата не се согласат договорните страни и оштетениот, може да побараат штетата да се утврди и процени по пат на вештачење.
Секоја од договорните страни и оштетениот писмено го именува својот вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос со осигуреникот и осигурувачот, како и лице овластено од оштетениот (комисиска процена), а кои не учествувале во претходната проценка.
Пред почетокот на вештачењето, именуваните вештаци бираат трет вештак како претседател, а кој е со високо образование и не е во работен однос кај договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење можат да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачењето, како и постапката за вештачење, конкретно ги определуваат договорните страни со писмен договор за вештачење.
Секоја договорна страна и оштетениот ги сноси трошоците за својот вештак, а за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
Член 17
Висина на надомест на штетa
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурување, со што престанува и обврската на осигурувачот.
Член 18
Франшиза
Франшизата (учество во штетата) е регулирана со самиот избор на модалитет на осигурување согласно Xxxxxxxx.
Член 19
Право на регрес
Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот не му се презентирани точни и вистинити податоци, односно докази за надомест на штета.
Член 20
Застарување на побарувањето
Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување, застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај.
Член 21
Територијално важење на осигурувањето
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
Член 22
Надлежност на судот во случај на спор и примена на законите За споровите кои ќе произлезат од примената на овие Услови ќе решава стварно надлежниот суд во седиштето на осигурувачот.
За односите помеѓу договорните страни се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Општите и Посебните услови за осигурување.
Општите услови важат во оној дел кој не е во спротивност со Посебните услови за осигурување одговорност на нотарите.
Член 23
Важност на општите услови за осигурување на имоти
На осигурувањата склучени според овие Услови се применуваат и Општите услови за осигурување на имоти до колку не се во спротивност со овие Услови.
Член 24
Правна поука
Осигуреникот има право до Министерството за финансии како надлежен орган за супревизија на друштвото за осигурување, да достави жалба во однос на друштвото.