Contract
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ
1. ВОВЕД
Овој документ (заедно со документите споменати во текстот) ги одредува општите правила и услови со кои се управува користењето на оваа веб-локација (xxx.xxxx.xxx/xx) и купувањето производи на неа (во понатамошниот текст „Услови“).
Прочитајте ги внимателно Условите, Политиката за колачиња и Политиката за приватност (во понатамошниот текст, заедно, „Политики за заштита на податоци“ ) пред користењето на оваа веб- локација. При користењето на оваа веб-локација или при нарачувањето преку неа, обврзани сте соовие Услови и Политики за заштита на податоци. Доколку не се согласувате со Условите и Политиките за заштита на податоци, не користете ја оваа веб-локација.
Овие Услови може да бидат променети. Ваша одговорност е да ги читате периодично, бидејќи ќе важат Условите за време на користењето на веб-локацијата или склучувањето на релевантниот Договор (како што е дефинирано понатаму) коишто се правосилни во моментот.
Доколку имате какви било прашања за Условите или Политиките за заштита на податоци, може да ни се обратите преку формуларот за контакт.
Договорот (како што е дефинирано подолу) може да се спроведе, по ваш избор, на кој било од јазиците на кој се достапни Условите на оваа веб-локација. Сепак, верзијата на Условите на англиски јазик ќе биде водечка.
2. ДЕТАЛИ ЗА НАС
Продажбата на добра преку оваа веб-локација се изведува под името ZARA од Компанијата за производство, трговија и услуги ИТХР Македонија ДООЕЛ Скопје, друштво со ограничена одговорност со регистрирана адреса на бул. „Партизански одреди“ бр. 15A Скопје, Република Северна Македонија, регистрирана со деловен рег. бр. 6791980 во Централниот регистар на Република Северна Македонија и со даночен број MK4080012529498. Нашата контакт адреса на електронска пошта е xxxx-xx@xxxx.xxx.
3. ДЕТАЛИ ЗА ВАС И ПОСЕТИТЕ ШТО ГИ ПРАВИТЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Информациите или личните податоци што ги давате ќе се обработуваат во согласност со Политиките за заштита на податоците. Кога ја користите оваа веб-локација, се согласувате за обработка на информациите и деталите и наведувате дека сите дадени информации и детали се точни и соодветствуваат на реалноста.
4. КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Кога ја користите оваа веб-локација и нарачувате преку неа, се согласувате:
i. Да ја користите оваа веб-локација за поставување прашања и само законски валидни нарачки.
ii. Да не правите лажни или измамнички нарачки. Доколку нарачка од ваков тип може разумно
дасе смета за направена, овластени сме да ја откажеме и да ги информираме надлежните органи.
iii. Дајте ни ја адресата на е-пошта, поштенската адреса и/или други детали за контакт вистинито и точно. Исто така, се согласувате дека може да ги користиме овие информации да ви се обратиме во контекст на нарачката доколку е потребно (погледнете ја Политиката за приватност)
Доколку не ни ги дадете сите информации кои ни требаат, не може да ја направите нарачката.
Кога нарачувате од оваа веб-локација, наведувате дека имате над 18 години и дека сте законски квалификувани да склучувате обврзувачки договори.
5. ДОСТАПНОСТ НА УСЛУГИ
Услугата за испорака за парчињата понудени на оваа веб-локација е достапна само во Република Северна Македонија.
6. ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
За да направите нарачка, мора да ја следите процедурата за купување на интернет и да кликнете на „Дозволи плаќање“. Откако ќе го сторите тоа, ќе добиете е-пошта со потврда за сметка за нарачката („Потврда за нарачка“) Ќе бидете информирани преку е-пошта дека нарачката се испраќа(„Потврда за испраќање“) Овие Услови и Договорот сочинуваат пишана спогодба меѓу нас. Електронска сметка со детали за нарачката ќе биде прикачена и со Потврдата за испраќање („Електронска сметка“).
7. ТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПОПРАВАЊЕ ГРЕШКИ
Доколку увидите дека се случила грешка при внесувањето на податоци за време на регистрацијата како корисник на веб-локацијата, може да ги промените во делот „Мојот профил“)
Во секој случај, ќе може да поправате грешки поврзани со личните податоци кои сте ги дале за време на процесот на купување преку контактирање на службата за корисници преку сандачето достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи, или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxx-xx@xxxx.xxx, како и искористувајќи го правото за коригирање во Политика за приватност. Оваа веб-локација нуди полиња за потврда во различни делови на процесот на купување кои не дозволуваат нарачката да продолжи доколку информацијата во овие делови не е дадена точно. Исто така, оваа веб-локацијануди детали за сите производи кои сте ги додале во кошничката при процесот на купување, па пред исплатата може да ги измените деталите на нарачката.
Доколку забележите грешка во нарачката по комплетирањето на процесот за наплата, треба веднаш да контактирате со службата за корисници, преку разговорот достапен преку веб- локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи за да ја поправите грешката.
8. ДОСТАПНОСТ НА ПРОИЗВОДИ
Сите нарачки на производи зависат од достапноста. Слично, доколку има потешкотии со
испораката на производи или доколку нема веќе производи на залиха, го зачувуваме правото да ве информираме за заменски производи од ист или подобар квалитет и вредност кои ќе може да ги нарачате. Доколку не сакате да ги нарачате заменските производи, ќе го надоместиме износоткој сте го платиле.
9. ОДБИВАЊЕ ДА СЕ ПРОЦЕСИРА НАРАЧКА
Го зачувуваме правото да отстраниме кој било производ од оваа веб-локација во кое било време ида отстраниме или промениме каков било материјал или содржина од неа. Иако секогаш ќе сториме сè што е возможно да ги процесираме сите нарачки, може да има исклучителни околности кои ќе нè принудат да го одбиеме процесирањето на нарачката откако сме ја испратиле Потврдатаза нарачка. Го зачувуваме правото да го сториме тоа во кое било време.
Нема да сме обврзани кон вас или кон трета страна за отстранување производ од веб-локацијата, за отстранување или промена на каков било материјал или содржина од веб-локацијата или за непроцесирање нарачка откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка.
10. ИСПОРАКА:
И покрај Клаузулата 8 погоре што се однесува на достапноста на производ и освен во исклучителниоколности, ќе се потрудиме да ја испратиме нарачката која се состои од производот (производите) дадени во секоја Потврда за испорака пред датумот даден во Потврдата за испорака за која станувазбор, или доколку не е специфициран датум за испорака, во зададената временска рамка дадена при селектирањето на методот на испорака и, во секој случај во максимален период од 30 дена од датумот на Потврдата за нарачка.
Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности или зоната за испорака.
Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме датумот за испорака, ќе ве информираме за ситуацијата и ќе ви дадеме можност да продолжите со купувањето, одредувајќи нов датум за испорака, или да ја откажете нарачката со целосен надомест на платениот износ. Запомнете во секој случај дека не вршиме достави на домашна адреса во саботи, недели или празници кога банките не работат.
За целта на овие Услови, „испораката“ ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога вие или трета страна посочена од вас ќе се стекне со физичка сопственост на добрата, што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од вас.
11. НЕМОЖНОСТ ЗА ИСПОРАКА
Доколку е невозможно да ја доставиме нарачката, ќе се обидеме да најдеме безбедно место да јаоставиме. Доколку не можеме да најдеме безбедно место, нарачката ќе биде вратена во нашето складиште.
Исто така, ќе оставиме порака со објаснување каде се наоѓа нарачката и што да сторите за
повторно да се достави. Доколку не сте на местото за испорака во договореното време, бараме да ни се обратите за ја организираме испорака во друг ден.
Доколку по 30 дена од датумот кога нарачката е достапна за испорака, нарачката не може да се достави поради причини кои не се приписливи на нас, ќе претпоставиме дека сакате да го откажетеДоговорот и тој ќе биде раскинат. Како резултат на раскинување на Договорот, ќе ви ги вратиме сите уплати што сме ги примиле од вас, заедно со трошоците за испорака (освен дополнителни трошоци кои резултирале од избор на кој било метод за достава освен вообичаениот метод за достава кој го нудиме) без никакви несоодветни доцнења, и по секоја цена, во рок од 14 дена од денот кога е раскинат Договорот.
Имајте на ум дека транспортот настанат од раскинувањето на Договорот може да има дополнителен трошок кој имаме право да ви го предадеме вам.
12. ПРЕНОС НА РИЗИК И СОПСТВЕНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Ќе бидете одговорни за производите од моментот кога ви се доставени, како што е наведено во Клаузула 10 погоре.
Вие ќе стекнете сопственост врз производите кога ќе добиеме целосна исплата на сите доспеани износи, како трошоци за испорака, или во моментот на испорака (како што е дефинирано во Клаузула 10 погоре), доколку таа се случи подоцна.
13. ЦЕНА И ИСПЛАТА
Цената на производите секогаш ќе биде онаа што е наведена на нашата веб-локација, освен во случај на очигледна грешка. Иако ќе сториме сè да гарантираме дека цените дадени на веб- локацијата се точни, може да настанат грешки. Доколку откриеме грешка во цената на кој било од производите кои сте ги нарачале, ќе ве информираме во најбрз можен рок и ќе ви дадеме можностда ја потврдите нарачката со коригираната цена или да ја откажете. Доколку не сме во можност дави се обратиме, нарачката ќе се смета за откажана и сите платени износи ќе ви бидат надоместениво целост.
Не сме обврзани да ви дадеме кој било производ со погрешно наведена пониска цена (дури и кога сме ја испратиле Потврдата за испорака) доколку грешката во цената е очигледна и јасна и сте можеле разумно да ја препознаете како погрешна цена.
Цените на веб-локацијата вклучуваат ДДВ, но не ги вклучуваат трошоците за испорака, кои се додаваат на вкупната цена, како што е прикажано во Водичот за купување (видете го делот за Трошоци за испорака). Ве молиме забележете дека Само производите кои се продаваат по полна цена според вредноста наведена на xxx.xxxx.xxx/xx се земаат предвид за примена на опцијата за бесплатна достава.
Цените може да се променат во кое било време. Сепак, освен како што е наведено погоре, промените нема да влијаат врз нарачки за кои сме испратиле Потврда за нарачка.
Откако ќе ги селектирате сите производи кои сакате да ги купите, тие ќе бидат додадени во кошничката. Следниот чекор ќе биде процесирање на нарачката и плаќање. За таа цел, мора да
ги следите чекорите на процесот за купување, давајќи ги или потврдувајќи ги информациите побараниво секој чекор. Понатаму, за време на процесот за купување, пред исплатата, може да ги променитедеталите на нарачката. Даден ви е детален опис на процесот за купување во Водичот за купување. Исто така, доколку сте регистриран корисник, достапен е записник на сите нарачки во делот „Мој Профил“.
Нарачката може да му ја платите во готовина на курирот што ќе ви ја достави.
14. ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
Во согласност со правосилните важечки правила и одредби, сите производи купени преку веб- локацијата подложат на данок на додадена вредност (ДДВ).
Во овој поглед, според правилата применливи за ZARA, местото за снабдување ќе се смета дека е во земјата каде што ќе се доставуваат производите и соодветниот ДДВ ќе биде според важечката стапка во секоја земја каде што се снабдуваат производите според направените нарачки.
Во согласност со соодветните правила и одредби во секое правосудство, правилото на „обратна наплата“ може да важи за добра снабдени во земјата каде што престојувате доколку клиентот е илиод него се бара да биде лице што се оданочува со ДДВ. Доколку е така, ние нема да наплатиме ДДВ, врз основа на потврдата од страна на примачот дека ДДВ на снабдените производи ќе се подмири од страна на клиентот според процедурата за обратна наплата.
15. ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА/ВРАЌАЊЕ
15.1 Статутарно право за отповикување
Право за отповикување
Доколку имате договор како клиент, имате право да се отповикате од Договорот, во времетраење од 14 дена, без никаква причина.
Периодот за отповикување ќе истече во рок од 14 дена од денот кога ќе добиете, или трета страна која не е носителот и е наведена од ваша страна ќе добие физичка сопственост на добра или во случај на повеќе добра во една нарачка доставени одделно, по 14 дена од денот кога ќе добиете, или трета страна која не е носителот и е наведена од ваша страна ќе добие физичка сопственост напоследното добро нарачано во рамките на една нарачка.
Да го остварите правото на отповикување, може да ја известите ZARA, на адресата бул.
„Партизански одреди“ бр. 15A Скопје, Република Северна Македонија, преку пишувањена разговор достапен преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи, или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxx-xx@xxxx.xxx да се отповикате од овој договор со недвосмислена изјава. Може да го употребите модел формуларот за отповикување што даден во Анексот, но не е задолжително.
За да го почитувате рокот за отповикување, доволно е само да испратите порака која се однесува на правото за отповикување пред истекување на рокот за отповикување.
Ефекти од отповикувањето
Доколку одлучите да се отповикате од овој Договор, ќе ви ги вратиме сите уплати што сме ги добилеод вас, заедно со трошоците за испорака (освен дополнителни трошоци кои резултирале од изборот на кој било метод за достава освен вообичаениот метод за достава кој го нудиме) без никакви несоодветни доцнења, и по секоја цена, за време на 14 дена од денот кога Договорот е раскинат. Ваквите надоместоци ќе бидат извршени преку банкарска трансакција. Во секој случај, нема да бидете изложени на какви било трошоци како резултат на ваков надоместок. И покрај гореспоменатото, може да се воздржиме од давање на надоместот додека не ги добиеме назад добрата или не ни доставите доказ дека сте ги испратиле добрата, што и да добиеме порано.
Ќе ги испратите назад или доставите добрата или ќе ни ги предадете рачно во која било ZARA продавница во Република Северна Македонија без никакви несоодветни доцнења, и во секој случај, не подоцна од 14 дена од денот кога ќе ни кажете дека се отповикувате од овој Договор. Рокот ќе биде почитуван доколку ги вратите добрата пред истекување на рокот од 14 дена.
Освен ако добрата ги предадете рачно во ZARA продавница во Република Северна Македонија, ќе го сносите директниот трошок за враќање на добрата.
Само вие сте одговорни за каква било намалена вредност на добрата која резултирала од предавање на нешто различно од она што е потребно да се установат природата, карактеристикитеи функционирањето на добрата.
15.2 Договорно право за отповикување
Покрај статутарно право за отповикување за клиентите, спомнато во Клаузулата 15.1 погоре, ви одобруваме период од 30 дена од денот на достава на производите да ги вратите производите (освен оние спомнати во Клаузулата 15.3 подолу, за кои правото за отповикување е исклучено).
Во случај да ги вратите добрата за време на договорниот рок на правото за отповикување откако статутарниот период изминал, ќе ви биде надоместен само износот платен за наведените производи. Трошоците за испорака нема да бидат надоместени. Освен ако добрата ги предадете рачно во ZARA продавница во Република Северна Македонија, ќе го сносите директниот трошок завраќање на добрата.
Може да го остварите договорното право за отповикување во согласност со одредбата на Xxxxxxxxxx 15.1 погоре. Сепак, доколку нè информирате за намерата за отповикување од Договоротпо законскиот рок за отповикување, во секој случај ќе ни ги предадете добрата во рок од 30 денаод потврдата за достава.
15.3 Општи одредби
Нема да имате право на отповикување од Договорот кога станува збор за испорака на кој било од следниве производи:
i. Персонализирани производи.
ii. Музички CD-а/DVD-а без нивното оригинално пакување.
iii. Запечатени добра кои не се пригодни за враќање поради хигиенски причини и кога се отворени по доставата.
Правото да се отповикате од Договорот ќе биде применето само за производите кои се вратени воистата состојба во која сте ги добиле. Нема да се направи надомест доколку производот се користелпо отворањето, за производите кои не се во истата состојба во која биле добиени или доколку се оштетени, па затоа грижете се за производот(производите) додека се под ваша контрола. Вратете ги производите користејќи ја или вклучувајќи ја целата нивна оригинална амбалажа, инструкциитеи останатите документи, доколку ги има, заедно со производите. Во секој случај, мора да го испратите производот да биде вратен заедно со сметката која сте ја добиле кога производот ви билдоставен. Ќе најдете преглед на остварувањето на ова право на отповикување кога ќе ја добиете нарачката.
При отповикувањето, производите за кои станува збор ќе бидат вратени на следниов начин:
(i) Враќање во која било XXXX продавница:
Може да вратите кој било производ во која било продавница на ZARA во земјата каде што бил доставен производот што го има истиот оддел како оној во кој припаѓа производот кој сакате да говратите. Во таков случај, треба да одите во продавницата и да го дадете производот заедно со сметката која сте ја добиле кога ви бил доставен производот.
(ii) Враќања преку курир:
При враќање на производот(производите) преку курир договорен преку нас, треба да ни се обратите преку разговорот достапен преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи или преку нашата контакт адреса на електронска пошта info- xx@xxxx.xxx за да договорите производот да ви биде земен од домот. Треба да го испратите производот во оригиналното пакување и да ги следите насоките во делот „ВРАЌАЊА“ наоваа веб- локација.
(iii) Враќања преку пошта:
Може да ни побарате претплатена поштенска ознака која може да ја прикачите на пратката и да ја оставите пратката во локалната пошта во Република Северна Македонија. За да го направите ова, треба да одите во делот „Мојот профил > Xxxxxxx и враќања“ на веб-локацијата и да ги следите дадените чекори. Мора да го пратите производот во истото пакување во кое сте го добиле, и да ги следите насоките во делот „Враќања“ на оваа веб-локација. Доколку имате какви било прашања, обратете ни се преку сандачето достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxx-xx@xxxx.xxx.
Ниту една од споменативе три опции не бара плаќање дополнителни трошоци.
Имајте на ум дека по доставувањето на нарачката, доколку го остварите законското или договорноправо за отповикување и самите го договорите транспортот на вратените добра, без таа услуга да епонудена од нас, не можеме да го преземеме ризикот на вратеното пакување кога се однесува на причини неприпишливи на ZARA.
Исто така, запомнете дека вие сте одговорни за содржината на вратеното пакување кога користитекоја било од опциите за враќање на ZARA. Во случај да има грешка во содржината на
вратеното пакување неприпишлива на ZARA, ќе имаме право да ви ги префрлиме произлезените трошоци доколку успееме да ви го вратиме пакувањето адресирано со вашето име.
Во секој случај, ништо во оваа клаузула нема да влијае врз статутарните права што ги имате.
По преглед на производот, ќе ве информираме дали имате право на надомест на платените износи. Трошоците за испорака ќе бидат надоместени кога правото за отповикување ќе се оствари во статутарниот период и се вратени сите релевантни добра. Повратот ќе биде платен во најбрз можен рок и во секој случај, во рок од 14 дена од датумот кога сте нè известиле за намерата да се отповикате.
И покрај гореспоменатото, може да се воздржиме од давање на надоместот додека не ги добиеменазад добрата или не ни доставите доказ дека сте ги испратиле добрата, што и да добиеме порано.Повратот секогаш ќе биде платен преку истиот метод кој сте го искористиле за плаќање на купеното.
Вие ќе ги преземете трошоците и ризиците за враќање на добрата кај нас, како што е наведено погоре.
Доколку имате какви било прашања, може да ни се обратите преку формуларот за контакт.
15.4 Враќање на оштетени производи
Доколку мислите дека во моментот на доставата производот не е како што е наведено во Договорот, мора да ни се обратите веднаш преку формуларот за контакт, давајќи детали за производот и штетите кои ги претрпел; исто така, може да ни се обратите преку сандачето достапнопреку веб-локацијата или преку нашите официјални профили на социјалните мрежи.
Мора да го испратите производот на адресата дадена на сметката која ќе ја добиете со производоткога ви е доставен, во која било ZARA продавница во Република Северна Македонија или да го дадете на курирот кој ќе го испратиме во вашиот дом.
Внимателно ќе го прегледаме вратениот производ и ќе ве известиме преку е-пошта или преку нашата контакт адреса на електронска пошта xxxx-xx@xxxx.xxx во пристоен рок дали производот може да се замени и дали имате право на надомест (како што е соодветно). Повратот или замената на производот ќе бидат остварени во најбрз можен рок, и во секој случај, во рок од 14 дена од датумот кога сме ви пратиле порака по е-пошта која потврдува дека се извршува повратот или замената на производот.
Доколку дефектот или штетата се потврдени на вратените производи, ќе ви дадеме целосен надомест вклучувајќи ги и трошоците кои сте ги направиле за испорака и враќање. Повратот секогаш ќе биде платен преку истиот метод кој сте го искористиле за плаќање на купеното.
Во секој случај, сите права признати во сегашното законодавство ќе бидат заштитени.
16. ОДГОВОРНОСТ И ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ, СТАТУТАРНИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ
Освен ако не е поинаку недвосмислено наведено во овие Услови, нашата одговорност кога
станувазбор за кој било производ здобиен од веб-локација ќе биде ограничена исклучиво на цената на купувањето на производите во прашање.
И покрај горе споменатото, нашата одговорност нема да биде одречена или ограничена во следниве случаи:
i. во случај на смрт или лична штета предизвикана од наша небрежност;
ii. во случај на измама или измамничка лага; или
iii. во кој било случај кога би било нелегално или незаконски да ја исклучиме, ограничиме или да сеобидеме да ја исклучиме или ограничиме одговорноста.
И покрај гореспоменатиот став, и до законски дозволениот степен, и освен ако овие Услови наведуваат поинаку, нема да прифатиме никаква одговорност за следниве загуби, без разлика на нивното потекло.
i. загуба на приход или продажба;
ii. оперативна загуба;
iii. загуба на профити или договори;
iv. загуба на предвидени заштеди;
v. загуба на податоци; и
vi. загуба на време за деловни активности или време за менаџирање.
Поради отворената природа на оваа веб-локација и можноста за грешки во складирање и пренос на дигитални информации, не ја гарантираме точноста и безбедноста на информациите пренесени или добиени преку оваа веб-локација, освен ако не е поинаку недвосмислено наведено на оваа веб-локација.
Сите описи на производите, информациите и материјалите прикажани на оваа веб-локација се дадени „како што се“, без искажани или имплицирани овластувања што се однесуваат на нив, освеноние што се законски втемелени. Во оваа смисла, доколку имате договор како потрошувач или корисник, ние сме обврзани да доставиме добра кои се во согласност со Договорот, имајќи одговорност кон вас за какво било отсуство на согласност која постои за време на доставата. Се подразбира дека добрата се во согласност со Договорот доколку тие: (i) соодветствуваат на описотдаден од наша страна и ги поседуваат квалитетите кои сме ги претставиле на оваа веб- локација; (ii)се соодветни за целите за кои нормално се користат добрата од ваков вид; (iii) прикажуваат квалитет и особини кои што се нормални за добрата од истиот тип и кои разумно може да се очекуваат. До законски дозволениот степен, ги исклучуваме сите гаранции, освен оние кои не може да се исклучат легитимно.
17. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Препознавате и се согласувате дека сите авторски права, регистрирани заштитни знаци и други права за интелектуална сопственост на сите материјали и содржини дадени како дел од веб- локацијата секогаш ни припаѓаат нам или на оние кои ни дале дозвола за нивна употреба. Може даго користите материјалот за кој станува збор само до степен до кој изречно ве овластуваме ние или давачите на дозволата за употреба. Ова не ве спречува да ја користите оваа веб-локација до степенпотребен да ги копирате информациите на нарачката или деталите за контакт.
18. ВИРУСИ, ПРИВАТНОСТ И ДРУГИ КОМПЈУТЕРСКИ НАПАДИ
Не смеете несоодветно да ја употребувате оваа веб-локација со тоа што намерно ќе воведувате вируси, тројанци, црви, логички бомби или каков било друг софтверски или технолошки штетен илиопасен материјал. Нема да се обидете недозволено да влезете на оваа веб-локација, на серверот на кој е хостирана оваа локација или кој било сервер, компјутер или база на податоци поврзани совеб-локацијата. Се обврзувате да не ја напаѓате оваа веб-локација преку каков било напад за одбивање на услуга или напад за дистрибуирано одбивање на услуга.
Непридржувањето до оваа клаузула ќе се смета за прекршок, како што е дефинирано според применливите одредби. Ќе го пријавиме секое непридржување до овaa oдредбa на соодветните надлежни органи и ќе соработуваме со нив да го откриеме идентитетот на напаѓачот. Исто така, вослучај на непридржување до оваа клаузула, веднаш ќе биде запрена важноста на дозволата за користење на оваа веб-локација. Нема да бидеме одговорни за каква било штета или опасност штосе резултат на напад за одбивање на услуга, вирус или каква било софтверска или технолошка штетаили опасен материјал кои би можеле да влијаат врз вашиот компјутер, IT опрема, податоци или материјали како резултат на користење на оваа веб-локација или преземањето содржина од неа или оние до кои ве пренасочува оваа веб-локација.
19. ЛИНКОВИ ОД ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА
Доколку нашата веб-локација содржи линкови до материјали од трети страни, тие линкови се дадени само со цел да се информирате и ние немаме никаква контрола врз содржината на тие веб-локации или материјали. Според тоа, нема да прифатиме никаква одговорност за каква било штета или опасност добиени од нивната употреба.
20. ПИСМЕНА КОМУНИКАЦИЈА
Применливите одредби бараат некои од информациите или известувањата кои ви ги испраќаме дабидат во пишана форма. Со користењето на оваа веб-локација, се согласувате дека најголемиот делод комуникацијата со нас ќе биде електронски. Ќе ви се обратиме преку е-пошта или ќе ви дадемеинформации со објавување известувања на оваа веб-локација. За целите на договорот, се согласувате да го користите ова електронско средство за комуникација и прифаќате дека сите договори, известувања, информации и друга комуникација кои ви ги испраќаме електронски се восогласност со законските барања, спроведувајќи го во пишана форма. Овој услов нема да влијае врзвашите статутарни права.
21. ИЗВЕСТУВАЊА
Известувањата кои ни ги испраќате мора и пожелно е да бидат испратени преку формуларот за контакт. Во согласност со одредбите во Клаузула 21 горе, и освен доколку не е поинаку наведено, можеме да ви испраќаме известувања преку е-пошта или на поштенската адреса даденапри нарачувањето.
Се подразбира дека известувањата ќе бидат добиени и ќе се дејствува во согласност со нив штом бидат поставени на веб-локација, 24-часа откако биле испратени преку е-пошта или три дена по датумот на поштарина на секое писмо. Како доказ дека е испратено известувањето ќе биде доволно да се докаже, ако станува збор за писмо, дека било точно адресирано, дека била
платена точната поштарина и дека било навремено доставено во поштата или поштенското сандаче; во случај на е-пошта, дека известување било испратено на е-поштата дадена од примачот.
22. ПРЕНОС НА ПРАВА И ОБВРСКИ
Договорот ги обврзува двете страни, како и нашите соодветни следбеници, корисници или наследници.
Не може да ги пренесете, признаете, наметнете или на кој било друг начин да ги пренесете Договорот или кои било други права или обврски извлечени од него, без однапред добиена пишанасогласност.
Можеме да ги пренесеме, признаеме, наметнеме, отстапиме или на кој било друг начин да ги пренесеме Договорот или кои било други права или обврски извлечени од него, во кое било времедодека постои Договорот. Да се избегне каков било сомнеж, преносите, отстапувањата и наметнувањата за кои станува збор нема да влијаат врз правата кои, како што е применливо, вие ги имате како потрошувач признаен по закон или отповикувањето, намалувањето или лимитирањетона кој било начин на јасните или премолчени гаранции кои сме ви ги дале.
23. НАСТАНИ НАДВОР ОД НАША КОНТРОЛА
Нема да имаме одговорност за каква било несогласност или доцнење на согласност на која било одобврските кои ги имаме според Договорот кога тие се случиле поради настани кои се надвор од наша разумна контрола („Виша сила“).
Виша сила ќе вклучува каков било чин, настан, неостварување, пропуст или несреќа кои се надвор од наша разумна контрола, вклучувајќи ги, меѓу другото, следниве:
I. Xxxxxx, престанок на работен однос или други формулари на протест.
ii. Граѓански немири, револт, инвазија, терористички напад или терористичка закана, војна (објавена или не) или закана или подготовка за војна.
iii. Пожар, експлозија, бура, поплава, земјотрес, колапс, епидемија или каква било друга природнакатастрофа.
iv. Неможност да се користат возови, бродови, авиони, моторизиран транспорт или други средстваза транспорт, јавни или приватни.
v. Неможност да се користат јавни или приватни телекомуникациски системи.
vi. Акти, декрети, законодавство, одредби од која било влада или јавен орган на власта.
vii. Штрајк, неуспех или несреќа во морски или речен транспорт, поштенски транспорт или каковбило друг тип на транспорт.
Ќе се подразбира дека те обврски добиени од Договорите се суспендирани за време на периодот на виша сила и ќе ни биде дадено продолжување на периодот за исполнување на овие обврски во времетраење еднакво на времето колку што траела ситуацијата на виша сила. Ќе ги дадеме сите разумни ресурси да ставиме крај на ситуацијата на виша сила или да најдеме решение кое ни овозможува да ги исполниме обврските здобиени со овој Договор и покрај ситуацијата на виша сила.
24. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ПРАВАТА
Отсуството на барање од наша страна за строго придржување од ваша страна до која било од обврските преземени од вас според Договор или до овие услови или отсуство на остварување од наша страна на права или постапки кои ни припаѓаат според овој Договор или на овие услови немада ги сочинува одрекувањето или ограничувањето на дадените права и постапки, ниту пак ќе ве ослободи од исполнувањето на дадените обврски.
Одрекувањето од наша страна од определено право или постапка нема да го сочинува одрекувањето од други права или постапки здобиени од Договорот или од условите.
Одрекувањето од наша страна од кој било од овие услови или правата или постапките здобиени одДоговорот нема да биде ефективно освен ако е недвосмислено наведено дека е одрекување од права и е формализирано и вие сте известени во согласност со одредбите од делот за известувањапогоре.
25. ДЕЛУМНО УКИНУВАЊЕ
Доколку кој било од овие услови или која било одредба од Договорот се прогласат за неважечки ипоништени преку цврста решеност на соодветниот државен орган, останатите правила и услови ќеостанат правосилни без да бидат под влијание од дадената изјава за укинување.
26. ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР
Овие Услови и кој било документ на кој се повикуваат го сочинуваат целосниот Договор помеѓу страните кога станува збор за нивната цел, заменувајќи секаков претходен пакт, спогодба или ветување направени помеѓу страните вербално или во пишана форма.
Страните потврдуваат дека се согласивме да склучиме Договор без да зависиме на каква било изјава или ветување дадени од другата страна или кои би можеле да се заклучат од која било изјаваили документ за време на преговорите во кои биле двете страни пред дадениот Договор, освен оние недвосмислено спомнати во овие услови.
Ниту една страна нема да преземе никаква акција за каква било неточна изјава дадена од другата страна, вербално или во пишана форма, пред датумот на Договорот (освен доколку дадената изјава била направена измамнички). Единствената акција која може да биде преземена од другата странаќе се должи на неисполнување на договор во согласност со одредбите на овие услови.
27. НАШЕТО ПРАВО ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ ОВИЕ УСЛОВИ
Имаме право да ги прегледаме и промениме овие услови во кое било време.
Вие подлежите на политиките и условите кои се правосилни во моментот кога ја користите оваа веб-локација или ја правите секоја нарачка, освен кога според закон или одлука на владини ентитети мора да направиме промени ретроактивно на дадените политики, услови или политика
заприватност. Во овој случај можните промени исто така ќе влијаат врз нарачките што сте ги направиле претходно.
28. ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНОДАВСТВО И ЈУРИСДИКЦИЈА
Користењето на веб-локацијата и договорите за купување производи преку дадената веб- локацијаќе бидат раководени од законите во Република Северна Македонија, без повикување на нејзините одредби за конфликт на закони.
Која било контроверзија која се јавува поради тоа или е поврзана со употребата на веб-локацијата или дадените договори ќе подлежи на ексклузивната јурисдикција на судовите во Република Северна Македонија.
Доколку во договорот се вклучувате како потрошувач, ништо во оваа клаузула нема да влијае врз вашите статутарни права, како што е признаено во кое било применливо законодавство во оваа област.
29. КОМЕНТАРИ И СУГЕСТИИ
Коментари и сугестии секогаш се добредојдени. Испратете какви било коментари или сугестии преку формуларот за контакт или преку нашата контакт адреса на електронска пошта info- xx@xxxx.xxx.
Понатаму, има официјални формулари за барање достапни за потрошувачите и корисниците. Тие може да се побараат преку сандачето достапно преку веб-локацијата или преку нашите официјалнипрофили на социјалните мрежи.
АНЕ КС
Модел формулар за отповикување
(Комплетирајте го и испратете го овој формулар само ако сакате да се отповикате од договорот) Адреса: бул. „Партизански одреди“ бр. 15A Скопје, Република Северна Македонија, работи под трговско име ZARA, Друштво за производство, трговија и услуги ИТХР Македонија ДООЕЛ Скопје: Ве известувам дека се отповикувам од мојот договор за продажба на следниве добра:
Порачани на/добиени на (*)Име на потрошувач Адреса на потрошувач
Потпис на потрошувач (само за хартиени формулари)
Датум
(*) Избришете каде што треба