Contract
Општи услови за брокерски и старателски услуги на странски пазари
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
I ДЕЛ
ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Општите услови за брокерски и старателски услуги на странски пазари (во понатамошниот Општи услови) Банката и Клиентот, заднички и договорно, ги утврдуваат меѓусебните права и обврски во однос на обезбедување на брокерски и старателски услуги, кои се пропишани со одредби од Законот за хартии од вредност и останатата законска и подзаконската регулатива која ги регулира овие услуги.
Општите услови се составен дел од Договорот за брокерски услуги на странски пазари (во натамошниот текст: Брокерски договор) и Договорот за чување на хартии од вредност на странски пазари (во натамошниот текст: Старателски договор).
Во овие Општи услови следниве изрази го имаат следново значење:
• Банката е Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ул. Македонија 9-11, Скопје, која склучува договор со Клиентот.
• Брокерски налог е Налог во согласност со одредбите од член 11 од Општите услови.
• IPO (Initial Public Offering) е првото емитување на акции, односно трансакција преку која една компанија од затворен облик преминува во јавно отворено акционерско друштво.
• Клиентот е корисник на една или повеќе услуги за кои има склучен договор со Банката.
• Сметка за хартии од вредност е посебна сметка (вклучувајќи ги и сите други дополнителни под-сметки) што е отворена во Банката на име на Клиентот, каде што се евидентираат хартиите од вредност кои Банката ги чува за Клиентот, врз основа на Старателскиот договор.
• Временската рамка на старателски услуги се роковите за давање на налози за старателски услуги и истите се јавно објавени.
• Парична сметка е која било клиентска парична сметка отворена во Банката.
• Клиентска сметка - Б е посебна парична сметка на која Банката ги чува средствата на еден или повеќе клиенти, дозначени во врска со брокерски услуги.
• Клиентска сметка - С е посебна парична сметка на која Xxxxxxx ги чува средствата на еден или повеќе клиенти во врска со старателски услуги.
• Работен ден е секој ден освен сабота, недела и празници во Република Северна Македонија.
• Налогот е Брокерски налог и / или Старателски налог.
• Суб-чувар е финансиска институција во која Банката има отворена сметка за чување на хартии од вредност и / или старателска парична сметка.
• Корпоративни активности се поврзани со активностите на издавачите на хартии од вредност и вклучуваат: одржување на акционерско собрание, исплата на дивиденди во пари или акции, камата и главнина, делење / спојување на акции, преземање, припојувања и спојувања на акционерски друштва, регистрација и исплата на права, зголемување / намалување на акционерскиот капитал со издавање / повлекување акции и сите останати активности поврзани со остварувањето на правата од хартиите од вредност, промените во хартиите од вредност и / или статусни промени на издавачот.
• Издавачот е правното лице кое ги издало хартиите од вредност.
• Старателски налог е Налог во согласност со одредбите од член 24 од Општите услови.
• SWIFT е систем за електронски трансфер на банкарски финансиски пораки.
• ССИ - стандардни инструкции за порамнување
• Договорот е договор за брокерски услуги на странски пазари и / или договор за чување на хартии од вредност на странски пазари.
• Услугата е брокерска, старателска или услуга од девизно работење.
• Тарифник е тарифникот за брокерски услуги и / или тарифникот на старателски услуги.
• Тарифник за брокерски услуги е документ со кој Банката ги утврдува трошоците кои Клиентот треба да ги плати на Банката во врска со користењето на брокерските услуги (во натамошниот текст: Тарифник за брокерски услуги).
• Тарифник за старателски услуги е документ со кој Банката ги утврдува трошоците кои Клиентот е должен да ги плати на Банката во врска со користењето на старателските услуги (во натамошниот текст: Тарифник за старателски услуги).
• Образец "Податоци за клиентот" е форма која содржи лични податоци за Клиентот и претставува придружен дел на Договорот.
• Деловните простории, за потребата за давање на налози, се просториите на Банката во Скопје, ул. Македонија бр. 11-9, односно други деловни простории на Банката, наведени во документот Податоци за инвестициски услуги.
• Софтверски сервис за финансиски информации е Блумберг или Xxxxxxx или било кој друг сервис за финансиски информации.
Деловно однесување
Член 2
При склучување на Договорот, Xxxxxxx ќе му овозможи на Клиентот да се запознае со услугите, како и со одредбите и ризиците кои произлегуваат од нив, преку презентирање и предавање на документот Податоци за инвестициски услуги на.
Ризици поврзани со инвестирање во хартии од вредност
Член 3
Со давање на налогот, Xxxxxxxx потврдува дека ги разбира и е свесен за ризиците што произлегуваат од вложувањата во хартии од вредност на кои се однесува Налогот.
Давање Налог
Член 4
Клиентот може да даде Налог само лично.
Клиентот не може да дава Налог преку полномошник.
Одговорност на Банката
Член 5
Банката нема да сноси одговорност доколку при обезбедување на услугите постапува добронамерно, правовремено и со должно внимание, се грижи и внимава на интересите на Xxxxxxxx и во согласно со Xxxxxxx кој е добиен согласно Општите услови и Договорот. Банката не е должна да ги прифати и изврши налозите што се направени спротивно на одредбите од Општите услови и Договорот.
Клиентот се согласува дека Xxxxxxx нема да одговора за:
• прекршувања и / или пропусти на трети лица, како што се други посредници со кои се склучени трансакциите за вршување на Налозите или кои учествуваат во обезбедувањето на Услугите;
• било какви загуби и штети што ги претрпел Клиентот поради неисполнување на неговите обврски според Договорот и Општите услови;
• нeисполнување или ненавремено исполнување на обврските преземени со Налогот во случај на виша сила. Виша сила (vis major) вклучува, меѓу другото, нереди, земјотрес, поплава, пожар, штрајкови, прекини на телекомуникациите, недостаток на електрична енергија, скриени грешки (bug-ови) во програмата, неовластен пристап до изворниот
код, влијание врз функционалноста на апликациите, измени на прописите или одлуките на надлежните органи во врска со должностите на Xxxxxxx и кој било друг настан кој може, врз основа на важечкиот закон, да се смета за виша сила;
• неисполнување на обврската за плаќање на било кои даноци од страна на Клиентот врз основа на сопственост на хартиите од вредност кои подлежат на оданочување;
• било какви последици, загуби или штети поврзани со (не) приемот, (не) прифаќањето или (не) извршувањето на Налогот, кој не е даден во согласност со Општите услови и Договорот.
Банката не е одговорна за загуба или штета која Клиентот може да ја претрпи поради несолвентност на трета страна. За било каква штета што Xxxxxxxx ќе ја претрпи поради вина или пропуст од трета страна, Xxxxxxx е одговорна доколку Клиентот докаже дека при изборот на трета страна Xxxxxxx постапила спротивно на одредбите од Упатството за начинот на работење со хартии од вредност за брокерки куќи и овластени банки надвор од Репубика Северна Македонија, односно, дека штетата не би настанала доколку Банката била усогласена со овие одредби.
Банката не одговара за било каква штета во вид на пропуштена добивка.
Банката ќе го извести Клиентот во разумен рок, откако тоа ќе стане можно, за појавата и престанокот на настан кој може да се смета за виша сила, како и за било каква загуба, штета, несоодветно извршување или неисполнување на обврските предизвикани од таков настан.
Провизии и надоместоци за извршени услуги
Член 6
Банката ќе му пресметува и наплатува провизии и надоместоци на Клиентот за извршените услуги во согласност со Тарифникот, како и останати трошоци направени од Банката во врска со обезбедувањето на овој вид услуги.
Клиентот е должен да ги плати провизиите, надоместоците и трошоците до рокот на доспевање кој е утврден врз основа на фактурата, односно врз основа на пресметката на провизиите, надоместоците и трошоците.
Клиентот се согласува дека Xxxxxxx, може во текот на времетраењето на овој Договор да донесе нов или да го измени постојниот Тарифник, при што Клиентот плаќа надомест за одредена Услуга според важечкиот Xxxxxxxx во време на извршувањето на истата Услуга.
Сите измени и дополнувања на Тарифникот влегуваат во сила на денот на нивното објавување, односно од денот кога ќе бидат истакнати во деловните простории на Банката во Скопје, ул. Македонија 9-11 и на веб-страницата на Банката.
Трошоци и даноци
Член 7
Сите даноци, такси и други надоместоци и трошоци направени во врска со обезбедувањето на Услугата се на товар на Клиентот. Клиентот се обврзува без одлагање да и го исплати на Банката, по нејзино барање, во целост износот уплатен на име даноци, такси или други давачки и надоместоци поврзани со обезбедувањето на услугите, зголемени за износот на затезните камати и претрпената штета.
Клиентот е свесен за фактот дека приходите од камати, разлика во куповна / продажна цена, дивиденди и други приходи што ќе ги оствари врз основа на сопствеништвото на хартии од вредност, може да претставуваат приход од капитал кој може да биде предмет на оданочување.
На парични средства на Клиентските сметки (Б и С), Xxxxxxx не пресметува камата.
Заложно право и порамнување на обврски
Член 8
Клиентот е запознаен, свесен и се согласува дека хартиите од вредност на Сметката за хартии од вредност, како и останатите хартии од вредност кои ги чува Банката, односно неговите парични средства на Клиентските сметки, служат како гаранција за сите побарувања на Банката кои произлегуваат врз основа на Договорот.
Клиентот е запознен со фактот дека субдепозитарот, глобалниот старател или депозитар, кој индиректно учествува во обезбедувањето старателски услуги, може (ако е во согласност со националното законодавство или согласно локалниот пазар) да има и / или користи заложно право или право на порамнување во врска со хартиите од вредност или паричните средства на Клиентот, поради обезбедување, односно подмирување на побарувањето во врска со хартиите од вредност или паричните средства на Клиентот; заради обезбедување или подмирување на побарувањето по основ на трошоци за управување, администрирање и чување или побарувања кои произлегуваат од извршувањето на Старателските услуги, односно за Старателските налози за кои Клиентот не обезбедил навремено покритие.
Доколку Клиентот доцни со плаќање на побарувањата на Xxxxxxx по основ на Договорот, Xxxxxxxx се согласува дека Xxxxxxx може самостојно да го намири своето побарување за плаќање на надоместокот за брокерски услуги и / или старателски услуги и сите трошоци настанати во врска со обезбедување на услугите.
Клиентот со ова ја овластува Банката да го наплати од Клиентските сметки и / или Паричните сметки износот на достасаниот долг, но само во случај на неплаќање и само до степен до кој салдото на овие сметки ја одразува состојба на парични средства кои му припаѓаат на Клиентот. Во случај кога долгот на Клиентот е деноминиран во друга валута различна од онаа на паричните средства на Клиентска сметка, Банката е овластена да наплати износ во противредност на износот што го должи во валутата на која гласат Клиентските сметки или Паричните сметки. Xxxxxxx ќе ја определи противредноста на износот што го должи Клиентот во валутата на која гласи, по пазарен курс.
Банката може да ја пребие секоја достасана обврска на Клиентот, на база или во врска со Налогот, со било каква обврска (без разлика дали е или не е доспеана) на Банката спрема Клиентот, без оглед на местото на плаќање или валутата на овие обврски. Доколку овие обврски се изразени во различни валути, Банката може, за целите на наплата да ја конвертира секоја обврска по пазарен курс.
Доколку, во моментот на приемот на средствата од продажба на хартии од вредност и од правата кои произлегуваат од хартии од вредност на Клиентските сметки, Клиентот има достасани обврски кон Банката, врз основа на Услугите кои таа ги обезбедува, Xxxxxxx ќе задржи дел од средствата потребни за покривање на долгот зголемен за казнена камата, додека остатокот ќе се исплати на сметката за исплаќање наведена во образецот "Податоци за клиентот".
Кумулација на услуги
Член 9
Доколку Клиентот користи брокерски услуги и старателски услуги во врска со истата трансакција на купопродажба на хартии од вредност:
• се претпоставува дека со доставување на Брокерскиот налог од страна на Xxxxxxxx, дава и соодветен Старателски налог, освен ако во Старателскиот договор не е дефиниран друг начин;
• Клиентот не може да го отповика таквиот Старателски налог без претходно повлекување на Брокерскиот налог;
• Клиентот не може да дава нови налози за порамнување во врска со хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност или налози за исплати на парични средства од
Клиентската сметка, кои се потребни за порамнување на трансакциите, освен и се додека не го повлече Брокерскиот налог;
• со повлекување на Брокерскиот налог, се повлекува и Старателскиот налог;
• за потребите на прием, прифаќање и извршување на Брокерски налог, Xxxxxxx има право на увид, во секое време, на состојбата и трансакциите на Сметката за хартии од вредност како и Клиентските и Паричните сметки на Клиентот.
Брокерски услуги
II ДЕЛ
БРОКЕРСКИ УСЛУГИ
Член 10
Брокерските услуги ги вклучуваат следните услуги:
• Прием и пренос на брокерски налози;
• Извршување брокерски налози.
Брокерски Налог
Член 11
Брокерски налог е изјава за подготвеноста на Клиентот испратена до Банката, да за негова сметка запише, купува или продава хартии од вредност кои ги содржат следните суштински елементи:
• Име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта или број на пасош (за физичко лице), односно назив, седиште, држава, матичен број на правното лице (за правно лице) на Kлиентот;
• Шифрата на Клиентот во овластеното правно лице (број на Договор склучен со Kлиентот);
• Тип на налог (купува или продава);
• Вид на хартија од вредност која се тргува;
• Државата каде што е издадена хартијата;
• ИСИН на хартијата од вредност;
• Код на странскиот пазар преку кој ќе се изврши налогот;
• ИСО код (ISO 10383- Codes for exchanges and market identification (MIC)
• Количина за тргување;
• Цена за реализација на тргувањето;
• Потпис на клиентот;
Давање на Брокерски налози
Член 12
Во случај кога Xxxxxxxx го дава лично Xxxxxxxxxxx налог, тоа може да го направи во писмена и електронска форма - преку интернет-апликацијата Е-традер или преку Финансиско информационен сервис. Брокерскиот налог во писмена форма може да се достави во деловните простории на Банката или по пошта. Брокерскиот налог во електронска форма може да се достави до Банката по преку Е-традер платформата и истиот може да се даде само во согласност со Општите услови за прием на налози по електронски пат. Брокерскиот налог во електронска форма може да се доставуваат и преку финансиско информационен систем, на начин утврден во Брокерскиот договор.
Видови на Брокерски налози
Член 13
Банката ќе врши прием на следните видови на дневни Брокерски налози на странски пазари:
• лимитиран налог
• пазарен налог.
Прием на Брокерски налози
Член 14
Xxxxxxx ќе го потврди приемот на Налогот најдоцна до следниот работен ден од приемот. Примањето на Брокерскиот налог не претставува и негово прифаќање.
Обврската за известување за прием на Брокерскиот налог ќе биде извршена со известување до Клиентот за прифаќање или одбивање на Брокерскиот налог.
Изјава на волја која не ги содржи основните елементи наведени во член 11 од Општите услови не е Брокерски налог и затоа не може да биде примена како таква од страна на Xxxxxxx.
Прифаќање на Брокерски налози
Член 15
Xxxxxxx не е обврзана да го прифати Брокерскиот налог и за истото, заедно со причините за неговото неприфаќање, веднаш ќе го извести Xxxxxxxx.
Банката не е обврзана да го прифати Брокерскиот налог, се додека Клиентот не обезбеди хартии од вредност кои се предмет на Брокерскиот налог при продажба; или додека целосно не го уплати на Клиентските сметки потребниот износ на пари за плаќање на хартиите од вредност кои се купуваат или издаваат, како и сите трошоци и надоместоци поврзани со извршувањето на Брокерскиот налог.
Освен доколку Xxxxxxx навремено не го известила Xxxxxxxx за спротивното, се смета дека Xxxxxxx го прифаќа уредно добиениот Брокерски налог.
Xxxxxxx може да го одбие Xxxxxxxxxxx налог кога со должно внимание, во согласност со правилата и важечката легислатива, верува и процени дека неговото прифаќање може да го загрози правилното функционирање на пазарот или довербата во неговиот интегритет.
Во случај на користење на Е-традер апликација, при давањето на налози, известувањето за одбивање на Брокерскиот налог Клиентот ќе го прими преку интерактивен интерфејс како што е предвидено во Општите услови за прием на налози по електронски пат.
Брокерски налог може да биде отфрлен од страна на берзата која управува со регулираниот пазар каде што треба да се изврши, од причини, во рокови и на начин пропишан со берзанските правила. Банката е должна да го извести Клиентот за одбиениот Брокерски налог на берзата, во разумен рок, по добивањето на соодветната информација и известување од берзата за причината на одбивање.
Повлекување на Брокерски налози
Член 16
Клиентот може да го повлече Брокерскиот налог се до неговото извршување. Во случај кога Брокерскиот налог е делумно извршен, Xxxxxxx ќе смета дека Xxxxxxxx го повлекува преостанатиот неизвршен дел од Брокерскиот налог.
Брокерскиот налог се повлекува веднаш штом Xxxxxxx на соодветен начин ќе го прими известувањето на Клиентот за негово повлекување.
Повлекувањето на Брокерскиот налог нема да влијае на трошоците и надоместоците во врска со неговото примање, прифаќање или извршување, ниту на преземените обврски до моментот на приемот на известувањето за повлекување од страна на Банката.
Повлекувањето на Брокерскиот налог може да се направи на еден од начините договорени за давање на Брокерски налози.
Кога Брокерскиот налог се однесува на запишување на хартии од вредност (IPO), се смета дека Клиентот го повлекол налогот во случај издавачот да се откаже и да го прекине издавањето на хартиите од вредност на кои се однесува. Во тој случај паричните средства што Xxxxxxxx ги има уплатено во врска со емисијата, Банката, во зависност од барањето на Клиентот, ги префла од Клиентските сметки на Парична сметка на Клиентот, или ги задржува на Клиентските сметки.
Обврски на Банката
Член 17
Врз основа на прифатениот Брокерски налог, Банката се обврзува:
• да запишува на IPO, купува или продава хартии од вредност според Брокерскиот налог по цена одредена од Клиентот,
• да ги извршува налозите навремено, ажурно и правилно, при што сличните Брокерски налози ќе ги извршува според редоследот на нивното прифаќање;
• да води евиденција за реализираните Брокерски налози;
• правилно и без одлагање да ги распредели реализираните Брокерски налози;
• да го извести Клиентот за извршувањето и условите под кои е склучена секоја трансакција направена според Брокерскиот налог, со доставување на извештај за реализирана трансакција;
• средствата од продажбата на хартии од вредност, да бидат задржани на Клиентските сметки или исплатени на сметката на Клиентот наведена во образецот "Податоци за клиентот", доколку не постојат достасани обврски на Клиентот кон Банката по која било основа.
Обврски на Клиентот
Член 18
Врз основа на дадениот Брокерски налог, Клиентот се согласува:
• да изврши навремена уплата на износот потребен за плаќање на хартии од вредност кои треба да се издадат, односно куповната цена, како и сите трошоци, надоместоци и провизии поврзани со извршувањето на Брокерскиот налог;
• да ја плати договорената Брокерска провизија и останатите надоместоци;
• да достави инструкции на неговиот чувар за испорака на хартии од вредност од Брокерскиот налог при нивна продажба;
• да обезбеди навремени информации и документи потребни за извршување на Брокерскиот налог и исполнување на други обврски кон Банката врз основа на Налогот;
• пред склучувањето внимателно да го прочита Брокерскиот договор и на Банката да и ја достави целокупната потребна документација за склучување на истиот;
• во случај на користење на Е-традер апликацијата, да постапува според Општите услови за прием на налози по електронски пат;
• во случај на нефункционалности или потешкотии во работењето на Е-традер апликацијата или Софтверскиот сервис за финансиски информации, Брокерскиот налог да го достави и даде на друг начин.
Банката не е овластена да ги извршува Брокерските налози се додека Клиентот не достави потпишана копија од Брокерскиот договор со целата релевантна документација.
Одговорност на Клиентот
Член 19
Клиентот одговара за исполнување на преземените обврски од трансакциите кои се склучени со реализизацијата на дадените Брокерски налози.
Кореспонденција со Клиентот
Член 20
Освен ако не е поинаку одредено со Општите услови или Брокерскиот договор, кореспонденција од Банката до Клиентот, се одвива писмено, преку начините на комуникација утврдени во образецот "Податоци за клиентот".
Освен ако не е поинаку одредено со Општите услови или Брокерскиот договор, кореспонденцијата од Клиентот до Банката се одвива писмено, на контакт податоците на Банката наведени во документот Податоци за инвестициски и помошни услуги.
Комуникацијата помеѓу Kлиентот и Банката се одвива на македонски јазик, по посебно барање на Клиентот и на англиски јазик.
ДЕЛ III СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ
Старателски услуги
Член 21
Старателските услуги ги опфаќа следните работи:
• чување на хартии од вредност;
• порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според Старателски налози;
• наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност;
• известување за акционерски собранија на издавачите, стекнати права од хартиите од вредност и останати корпоративни активности;
• извршување на Старателски налози поврзани со корпоративни активности;
• обезбедување на услуги за застапување и гласање на акционерските собранија на издавачите на хартии од вредност;
• останати услуги по барање и во договор со Клиентот.
Старателски договор
Член 22
Банката не е овластена да ги извршува Старателските налозите се додека Клиентот не достави потпишан примерок од Старателскиот договор со целата релевантна документација.
Сметка за хартии од вредност
Член 23
Врз основа на Старателскиот договор, Банката кај нејзе, за секој Клиент, ќе отвори посебна Сметка за хартии од вредност на која ќе ги евидентира состојбата, промените и прометот со хартиите од вредност на Клиентот.
Хартиите од вредност на Сметката за хартии од вредност му припаѓаат на Клиентот, не се во сопственост на Банката, не се вклучени во вкупната актива на Банката, ниту во ликвидационата, односно стечајната маса на Банката, ниту може да бидат предмет на извршување во однос на побарувања од Банката.
Клиентот се согласува, Банката да ги води и чува странските хартии од вредност на Клиентот на Сметката за хартии од вредност, индивидуална или збирна, кај Банка суб – чувар. Банката има дискреционо право да ја промени Банката суб-чувар. Информациите за Банката суб-чувар се наведени во документот Податоци за инвестициски услуги на странски пазари.
Покрај хартиите од вредност на Клиентот, на збирна сметка кај Банката суб-чувар, може да се врши чување на хартии од вредност и на други клиенти на Банката, од кои некои може да имаат ист издавач и да бидат од ист тип и род како хартиите од вредност на Клиентот кои се чуваат на збирната сметка ("Еквивалентни хартии од вредност"). На збирната сметка кај Банката суб-чувар, хартиите од вредност на Клиентот може да се помешаат со еквивалентните хартии од вредност на други клиенти на Банката. Доколку дојде до мешање, а Банката добие Старателски налог за испорака на хартии од вредност, истиот ќе го изврши било со хартии од вредност на Клиентот или еквивалентните хартии од вредност на други клиенти, или во комбинација од двете. Во случај кога на збирната сметка ќе се утврди недостаток на еквивалентни хартии од вредност (вклучувајќи ги и хартиите од вредност на Клиентот), односно доколку Банката суб-чувар, во добра волја и со примена на должно внимание, во согласност со професионалните стандарди и добра деловна пракса, не е во можност да ја утврди трансакцијата што довела до недостаток и кој е клиентот на кого му недостасуваат хартии од вредност, Клиентот се согласува да сноси пропорционален дел во недостатокот, кој одговара на учеството и соодносот на хартии од вредност на Клиентот на збирната сметка во вкупниот број на еквивалентни хартии од вредност на истата.
Старателски налог
Член 24
Старателски налог е писмена изјава од Клиентот до Банката, за вршење на Старателски услуги за сметка на Клиентот.
Банката може да располага со хартии од вредност, на Сметката за хартии од вредност, само според Старателски налог.
Клиентот ја гарантира точноста и комплетноста на информациите во Старатескиот налог. Клиентот е одговорен за сите последици кои произлегуваат од доставувањето на неточни или нецелосни информации.
Како валиден Старатескиот налог се смета налог кој е:
• Доставен во писмена форма до Банката согласно утврдените начини на комуникација во документот Податоци за инвестициски услуги на странски пазари;
• Потпишан и доставен од Xxxxxxxx лично, испратени од е- маил адресата наведена во образецот "Податоци за клиентот" или испратен преку SWIFT;
• Ги содржи сите основни елементи на Старателски налог од член 25;
• Доставен е во рокови дефинирани во Временската рамка на старателски услуги.
Основни елементи на Старатескиот налог
Член 25
Старатескиот налог ги содржи следните суштински елементи:
• име и презиме или назив на Клиентот;
• вид на налог (прием, испорака, со или без плаќање);
• датум на тргување;
• датум на очекуваното порамнување;
• ISIN на хартијата од вредност (меѓународен финансиски идентификационен број);
• количина од хартиите од вредност;
• износ на плаќање за порамнување;
• ССИ / Назив и број на сметка на другата договорна страна;
• број на Сметка за хартии од вредност и Клиентска сметка С или Парична сметка.
Форма на Старатескиот налог
Член 26
Клиентот може да и даде на Банката Старатески налог исклучиво во писмена форма.
Во случај на кумулација на услуги, како Старатески налог може да послужи било кој документ како пресметка / потврда, заклучница или извештајот за склучена трансакација од брокер или слично. Со цел да служи како Старатески налог, документот не мора да биде потпишан од страна на Клиентот
Видови Старатески налози
Член 27
Старатеските налози можат да бидат:
• потврда за прием со плаќање (прием на хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност со плаќање);
• потврда за испорака со плаќање (испорака на хартии од вредност од Сметката за хартии од вредност со плаќање);
• потврда за прием без плаќање (прием на хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност без плаќање);
• потврда за испорака без плаќање (испорака на хартии од вредност од Сметката за хартии од вредност без плаќање).
Обврски на Клиентот
Член 28
Пред давањето на Старатескиот налог, Клиентот е должен да се запознае со важечките Општи услови кои се достапни на веб страницата на Банката и во деловните простории на Банката. Со давањето на Старателски налог ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со нивната содржина.
Кога се поднесува Старатескиот налог за прием со плаќање, Клиентот е должен да изврши навремена уплата на средства на Клиентската сметка - С, потребни за извршување на Старатескиот налог, во согласност со Временската рамка на старателски услуги.
Кога се поднесува Старатескиот налог за испорака, Клиентот е должен навремено да обезбеди доволна количина од хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност, за извршување на Старатескиот налог, во согласност со Временската рамка на старателски услуги.
Измени, дополнувања и повлекување на Старатескиот налог
Член 29
Клиентот може да го промени, дополни или повлече Старатескиот налог само доколку налогот претходно не е извршен од Банката, неговото извршување може да се спречи и доколку таквата промена, дополнување или повлекување не предизвика било каква штета или трошок за Банката.
Извршување на Старатескиот налог
Член 30
Банката може да го прифати извршувањето само на валиден Старатески налог.
Xxxxxxx има право да одбие да го изврши Старателскиот налог доколку:
• Старателскиот налог е нејасен, противречен, неодреден;
• извршувањето на налогот може да предизвика прекршок или кривично дело;
• Старатескиот налог не е даден во согласност со одредбите од овие Општи услови и Временската рамка на старателски услуги;
• Клиентот не извршил уплата или не обезбедил покритие на паричната сметка со доволен износ на средства за извршување на Старателскиот налог;
• Клиентот нема или не обезбедил доволна количина на хартии од вредност на Сметката на хартии од вредност за извршување на Старателскиот налог;
• Клиентот има доспеан долг во Банката врз основа на старателските услуги кои ги користи.
При одбивање на Старателскиот налог, Xxxxxxx ќе го извести Клиентот истиот работен ден. Xxxxxxx не одговара за било каква штета што произлегува од одбивањето на налогот.
Доколку Xxxxxxx побара дополнување и/или разјаснување на нешто нејасно, противречно или неодредено во Старателскиот налог, за време на прием на налогот ќе се смета времето на приемот на писменото објаснување на клиентот и / или дополнувања на налогот од Клиентот.
Доколку Xxxxxxxx навремено не обезбеди доволно средства за извршување на Старателскиот налог, Xxxxxxx има право да одбие да го изврши и нема да биде одговорна за било каква штета што би ја претрпел Клиентот поради тоа. Банката има право да му наплати на Клиентот за било каква штета која Банката евентуално би ја претрпела.
Ако Клиентот не обезбеди доволна количина на хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност, Xxxxxxx има право да одбие да го изврши налогот и нема да биде одговорна за било каква штета што би ја претрпел Клиентот поради тоа. Банката има право да му наплати на Клиентот за било каква штета која Банката евентуално би ја претрпела.
Доколку Банката го прифати и / или изврши Старателскиот налог и покрај тоа што Клиентот не обезбедил покритие (уплатил / обезбедил пари или количина на хартии од вредност), Клиентот е должен да обезбеди покритие до моментот кој и овозможува на Банката навремено исполнување на нејзините преземените обврски кон трети лица. Банката има право на надомест на штетата и на трошоците кои произлегуваат од неисполнување на обврските на Клиентот согласно овој став.
Наплата на приходи од хартии од вредност
Член 31
Банката е овластена без Старателски налог да ги наплаќа доспеаните приходи (дивиденди, купони, главници, права итн.) и средства кои произлегуваат од хартиите од вредност и да располага со нив согласно Старателски налог.
Xxxxxxx ќе го извести Клиентот за наплатените приходи и средства.
Доколку суб-чуварот, задолжен за наплаќање на приходите, пресметал надоместок за наплата на приходите, Xxxxxxx ќе го исплати наплатениот нето износ на Паричната / Клиентската сметка.
Корпоративни настани и активности
Член 32
Банката ќе го извести Клиентот за корпоративните активности на издавачите на хартии од вредност доколку таквите информации се добиени од суб-чуварот.
Ако Клиентот сака да дејствува по корпоративната активност, должен е навремено да достави до Банката писмен Старателски налог, со јасни и прецизни инструкции. Xxxxxxx Xxxxxxx од Клиентот не прими таков налог, Xxxxxxx нама да дејствува по корпоративната активност.
Учество на акционерски собранија во странство
Член 33
Учеството и застапувањето на Клиентот на акционерски собранија на странските издавачи на хартии од вредност е можно само ако субч-уварот е во состојба да обезбеди таква услуга и ако таквото учество и застапеност е во согласност со законодавството на земјата на Банката суб- чувар и странскиот издавач.
Вреднување на хартии од вредност
Член 34
За пресметка на пазарната вредност на хартиите од вредност на стрателската сметка на хартии од вредност, Банката ги користи следните цени:
• последната цена официјално цитирана на сервисот за финансиски информации (Блумберг, Ројтерс) за странските акции;
• последната цена или последната понудена куповна цена, официјално цитирана на сервисот за финансиски информации (Блумберг, Ројтерс) за странските обврзници.
Ако на одреден ден немало тргување, за вреднувањето се зема последната расположива цена. Ако хартијата од вредност не котира на берза, за вреднување се користи номиналната вредност.
Вредноста на финансиските инструменти, деноминирани во странска валута, се пресметува со примена на средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија. Доколку за странската валута не постои среден курс на НБРМ, за истата се пресметува вкрстен девизен курс со евро валута.
Извештаи и известувања на Банката
Член 35
Банката му испраќа известувања на Клиентот на македонски или на посебно барање на Клиентот на англиски јазик.
Банката ќе ги доставува следните материјали до Клиентот, со следната динамика:
• Извештај за состојба на Сметката за хартии од вредност – месечно и на барање на Клиентот;
• Известување за порамнување на трансакција – по настан;
• Известување за приемот на приходите - по настан;
• Известување за корпоративна активност - по настан.
Банката ќе му издаде на Клиентот фактура и пресметка за старателските услуги.
Клиентот се обврзува да ја провери точноста на сите известувања и податоци добиени од Банката. Во случај на приговори и забелешки на доставените материјали, Xxxxxxxx е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известување, до Банката да достави писмен приговор.
Xxxxxxx Xxxxxxx не добие приговор од Клиентот во тој период, ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со содржината на поднесените и доставени материјали.
Кореспонденција со Клиентот
Член 36
Освен ако не е поинаку одредено со Општите услови или Старателскиот договор, кореспонденција од Банката до Клиентот, се одвива писмено, преку начините на комуникација утврдени во образецот "Податоци за клиентот".
Освен ако не е поинаку одредено со Општите услови или Старателскиот договор, кореспонденцијата од Клиентот до Банката се одвива писмено, на контакт податоците на Банката наведени во документот Податоци за инвестициски и помошни услуги.
Комуникацијата помеѓу Kлиентот и Банката се одвива на македонски јазик, по посебно барање на Клиентот и на англиски јазик.
ДЕЛ IV
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Деловна тајна / банкарска тајна и пренос на права
Член 37
Xxxxxxx е должна, согласно важечката регулатива, како и согласно деловна / банкарска тајна да ги чува сите податоци, информации, факти и околности кои што ги добила врз основа на обезбедувањето на услугите од овие Општи услови.
Банката, податоците кои претставуваат банкарска / деловна тајна е овластена да ги открие единствено само во оние случаи и на оние лица и субјекти како што е предвидено со важечките прописи.
Доставување на податоците за Клиентот, имател на хартии од вредност, на барање на кредитната институција – издавач на тој финансиски инструмент не се смета за прекршување на деловна / банкарска тајна.
Клиентот ја овластува Xxxxxxx да ги достави до издавачот, на негово барање, сите потребни информации, за Клиентот и за состојбата на хартиите од вредност за целите на пресметка, задржување и уплаќање на било кои даноци кои произлегуваат од сопствеништвото на хартиите од вредност.
Банката може да ги пренесе своите права и обврски кои произлегуваат од Договорот без претходна согласност на Клиентот.
Важност на Општите услови
Член 38
За односот кој настанува со прифаќање на овие Општи услови, надлежна е законската регулатива во Република Северна Македонија.
Банката има право еднострано да ги измени Општите услови. Сите измени и дополнувања на овие Општи услови влегуваат во сила на денот на нивното објавување, односно од денот кога ќе бидат истакнати во деловните простории и на веб страницата на Банката.
Важечките Општи услови се достапни на веб страницата на Банката и во деловните простории на Банката во Скопје.
Овие Општи услови влегуваат во сила на денот на нивното објавување.