депонент , тел.за контакт , e-mail
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје
ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА БРОЈ
Склучен на ден година помеѓу договорните страни: 1.ПОТРОШУВАЧ
(Име и презиме/назив на правен субјект)
ул. бр. во
(Адреса на живеење од лична карта/адреса на седиште на правен субјект)
*ЕМБГ/ЕМБС трансакциска/жиро сметка бр.
депонент , тел.за контакт , e-mail
2. СНАБДУВАЧ
Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ СКОПЈЕ, ул.11 Октомври бр. 9 Скопје, ЕМБС 7605447, Жиро сметка бр. 300000004864780, депонент Комерцијална Банка АД Скопје застапувано од Управител Xxxxx Xxxxxx.
Предмет на Договорот Член 1
(1)Предмет на овој договор е снабдување со топлинска енергија на Потрошувач од категорија 1. Домаќинства □ 2. Останати □ 3. Образование □ за имот на ул. во Скопје евидентиран во Имотен лист број KO , со грејна површина од м2, со инсталирана моќност од W, шифра на потрошувач на мерно место .
(2)Фактурите за топлинска енергија да се доставуваат на следниот начин: 1. по пошта □ 2. електронски □
(Адреса за достава на фактури/е-маил адреса за достава на фактури)
Права и обврски на договорните страни Член 2
(1) Со овој договор се уредуваат меѓусебните права и обврски помеѓу Потрошувачот и Снабдувачот согласно одредбите од Законот за енергетика, Законот за енергетска ефикасност, Правилата за снабдување со топлинска енергија, Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија и Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија.
(2) Правата и обврските на Потрошувачот и Снабдувачот утврдени во прописите од став (1) од овој член, Снабдувачот има обврска да ги објави на официјалната веб страна.
Услови за испорака на топлинска енергија Член 3
Снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите се врши во период дефиниран во Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Член 4
(1)Снабдувачот се обврзува на Потрошувачот да ги испорача на местото на испорака (мерно место) потребните/договорените количини на топлинска енергија со пропишан/договорен квалитет, а Потрошувачот се обврзува на Снабдувачот да ја плати фактурата за испорачана топлинска енергија изготвена согласно одлуката за цена и тарифни ставови донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. (2)Во текот на грејната сезона снабдувачот има обврска да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во периодот во текот на денот дефиниран во Правилата за снабдување со топлинска енергија, при потполно отворени радијаторски вентили, функционална исправна внатрешна грејна инсталација при ненарушен енергетски биланс во објектот.
(3)Количините и динамиката на испорака на топлинска енергија кои што Снабдувачот му ги испорачува на Потрошувачот се во согласност
со режимот на работа на топлификациониот систем и на топланите кој што е пропишан во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија.
* Личните податоци и ЕМБГ на потрошувачот се обработуваат согласно законот за заштита на лични податоци, односно за остварување на правата и обврските кои потекнуваат од овој Договор.
Ограничување на испорака на топлинска енергија во услови на виша сила Член 5
(1)Прекин или намалена испорака на топлинска енергија може да настане поради Виша сила и други околности кои не зависат од Снабдувачот.
(2)Снабдувачот се ослободува од обврската за снабдување со топлинска енергија за времетраењето на Вишата сила и другите околности, се до отстранување на дефектите кои се последица на овие настани.
Начин, рокови и постапка за меѓусебно информирање за состојби и настани, како и промени кај договорните страни кои што влијаат на исполнување на договорените обврски
Член 6
(1)Снабдувачот е должен во најкус рок преку средствата за јавно информирање и преку својата веб страна да ги информира потрошувачите за настанатите состојби за прекин или намалена испорака на топлинска енергија во случај на настанување на дефект на дистрибутивната топловодна мрежа или постројките за производство на топлинска енергија.
(2)Снабдувачот преку центарот за грижа за потрошувачи обезбедува поддршка, советување и информации за правата и обврските на потрошувачите кон снабдувачот и операторот на системот за дистрибуција.
(3)Потрошувачот е должен во најкус рок преку центарот за грижа на потрошувачи и/или писмено да го информира Снабдувачот за настанати промени и интервенции во внатрешната грејна инсталација.
Член 7
(1)Потрошувачот е должен во писмена форма да го извести Снабдувачот за секоја промена на податоците од Договорот за снабдување со топлинска енергија во рок од осум дена од настаната промена.
(2)Потрошувачот е должен да врши периодично ажурирање на податоците од Договорот за снабдување со топлинска енергија
тел.:x000 (0)0 00 00 000, факс: x000 (0)0 00 00 000; xxx.xxx.xxx.xx,
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје
Цена, начин на плаќање и достава на фактури
Член 8
(1)Фактурата за топлинска енергија се состои од надомест за ангажирана топлинска моќност - фиксен дел и надомест за потрошена топлинска енергија
- варијабилен дел, согласно Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. (2)Цената на топлинската енергија е утврдена со одлука за цена и тарифни ставови донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Член 9
Фактурирањето и начинот на плаќање на испорачаната топлинска енергија е утврден согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.
Член 10
(1)Потрошувачот е должен фактурата за преземената топлинска енергија да ја плати во рок определен на фактурата.
(2)Снабдувачот за секое задоцнето плаќање ќе пресметува законска казнена камата согласно законските прописи со која ќе биде задолжен Потрошувачот во следните фактури или ќе му изработи каматна листа за задоцнето плаќање.
(3)Потрошувачот може во рок од 15 дена сметано од денот на доставување на фактурата, но не подолго од 30 дена по истекот на месецот за кој се однесува фактурата, да поднесе приговор до Снабдувачот.
(4)Снабдувачот е должен во рок од 15 дена сметано од денот на прием на приговорот писмено да се изјасни по истиот. Приговорот не го одложува плаќањето на фактурата.
(5)Доколку се утврди дека испорачаната топлинска енергија не е точно измерена, односно пресметана, Снабдувачот е должен да го вкалкулира на Потрошувачот прекумерно пресметаниот и платен износ во наредниот пресметковен период, освен ако Снабдувачот нема побарувања од Потрошувачот по било кој друг основ.
Член 11
(1) Доколку Потрошувачот не ја прими фактурата до 20-от ден по истекот на календарскиот месец за кој се однесува фактурата, потребно е да го извести Снабдувачот.
(2) Доколку Потрошувачот не го извести Снабдувачот дека не ја примил фактурата до 20-тиот ден по истекот на календарскиот месец, се смета дека фактурата е уредно доставена до Потрошувачот и истиот има обврска да ја плати фактурата согласно рокот на плаќање.
Надомест на штета Член 12
(1)Потрошувачот има право на надомест на штета од Снабдувачот заради намалена испорака или прекин во испораката на топлинска енергија предизвикана од страна на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, за што е потребно веднаш да го извести снабдувачот и операторот на системот за дистрибуција и да поднесе на барање за надомест на штета во кое треба да ја опише настанатата штета.
(2)Потрошувачот има право на надомест на штета доколку се докаже постоење на штета и одговорност за настанување на истата од страна на снабдувачот. (3)Потрошувачот е одговорен за штета настаната поради дотраена, односно неисправна внатрешна инсталација за греење, неисправни вентили, радијатори и слично, во просториите на објектот.
Член 13
(1) Потрошувачот е должен веднаш по настанување на штетата од Снабдувачот заради намалена испорака или прекин во испораката на топлинска енергија предизвикана од страна на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија да го извести снабдувачот и операторот на системот за дистрибуција
(2)Потрошувачот е должен барањето за надомест на штета во писмена форма (образец) да го достави до Снабдувачот во рок од 8 дена од денот на настанување на штетата во кое ќе ја опише штетата
(3)Снабдувачот во рок од 8 дена од денот на прием на барањето е должен да го разледа истото и да ја започне постапката за проверка на основаноста на барањето поднесено од Потрошувачот
(4) Снабдувачот по завршување на постапката за проверка на основаноста на барањето за надомест на штета и комплетирање на документацијата, потребно е во рок од 8 дена да му одговори на Потрошувачот за исходот на постапката и основаноста на барањето за надомест на штета
Времетраење, начин и услови за раскинување на договорот Член 14
Овој Договор се склучува на неопределено време.
Член 15
(1)Снабдувачот може да го раскине договорот и без согласност на Потрошувачот и да пристапи кон исклучување на Потрошувачот од системот за централно греење, поради следните причини:
- поради ненавремено плаќање на фактурите за топлинска енергија;
- доколку Потрошувачот ја користи услугата спротивно на Законот за енергетика и Правилата за снабдување со топлинска енергија.
(2)Исклучениот потрошувач од овој член согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, има обврска да го плаќа фиксниот дел од вкупниот надоместок за топлинска енергија кој што се определува согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.
Член 16
(1)Потрошувачот може да го раскине договорот врз основа на барање за исклучување доставено до Снабдувачот согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија.
(2)Договорот се смета за раскинат кога потрошувачот прописно ќе биде исклучен од системот за централно греење согласно Законот за енергетика, Законот за енергетска ефикасност и Правилата за снабдување со топлинска енергија.
(3)Исклучениот потрошувач од овој член согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, има обврска да го плаќа фиксниот дел од вкупниот надоместок за топлинска енергија кој што се определува согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.
Член 17
За се што не е регулирано со овој Договор ќе важат одредбите од законските и подзаконските акти кои ја регулираат дејноста снабдување со топлинска енергија.
Член 18
(1)Сите спорови кои ќе настанат во врска со примената на овој договор, Снабдувачот и Потрошувачот ќе ги решаваат спогодбено. (2)Во случај кога спорот неможе да се реши спогодбено, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Член 19
Овој Договор е составен во 2 еднакви примероци од кои 1 примерок е за Потрошувачот и 1 примерок за Снабдувачот.
Потрошувач Снабдувач
тел.:x000 (0)0 00 00 000, факс: x000 (0)0 00 00 000; xxx.xxx.xxx.xx,