Се објавува јавен повик за доставување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување банкарски услуги за електронскa трговија.
Врз основ на член 235 од Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2004; 84/2005; 25/2007; 87/2008; 42/2010; 48/2010; 24/2011; 166/2012;
70/2013; 119/2013, 120/2013, 38/2014 и 41/2014), член 19 од Договорот за основање на Друштвото за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје број 03-4425/1 од 12.12.2013 година, и Одлуката за спроведување на постапка за Јавен повик број 02-759/1 од 16.09.2014 година, Државна видеолотарија на Република Македонија – Xxxxxxx Xxxxxxx ДОО Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК БР. 05-ДС/2014
за доставување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување на банкарски услуги за електронска трговија
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за доделување на договор за деловна соработка за обезбедување банкарски услуги за електронскa трговија.
Државна видеолотарија на Република Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје (во понатамошниот текст: ДВЛМ) ги повикува заинтересираните деловни соработници – банки, да достават понуда за обезбедување на сервис за електронско плаќање (уплата на влогови) преку виртуелен ПОС терминал со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни), во рамки на системот за организирање на интернет игри на среќа на ДВЛМ.
Банката - деловен соработник со која ќе се склучи Договор, Услугата за извршените уплати ќе ја наплаќа директно од учесниците во интернет игрите на среќа (во понатамошниот текст: Играчите). Односно од овој Договор нема да произлезат никакви финансиски импликации по однос на ДВЛМ.
ОПИС НА УСЛУГАТА
Договорот за деловна соработка ДВЛМ го склучува со Банка, под услови пропишани со овој Јавен повик, за извршување на услугата.
Виртуелен ПОС терминал (ВПОС), односно овозможување електронска уплата на влоговите за интернет игрите на среќа од страна на играчите преку своите платежни картички (кредитни и дебитни).
Виртуелниот терминал задолжително треба да ги поддржува сите видови на картички од брендовите MasterCard Worldwide и Visa International.
Овозможување на исплата на средствата на играчите од наменската сметка на ДВЛМ кон платежните картички на играчите (кредитни и дебитни).
Сервисот за уплата/исплата со безготовински платежни картички, преку веб страната за интернет играње на ДВЛМ треба да обезбеди учесникот да изврши плаќање во реално време, а системот на ДВЛМ во истиот момент да има информација за извршената уплата/исплата.
Средствата од извршените уплати преку виртуелниот ПОС терминал од страна на играчите во рамките на системот за организирање на интернет игри на среќа треба да се трансферираат на посебна сметка на ДВЛМ кај банката на која ќе и биде доделен договорот за деловна соработка.
Текот на бараната трансакција е следен:
- Трансакцијата започнува во модулот за електронско плаќање за интернет играње на ДВЛМ, при што играчот одлучува колкав износ сака да уплати/исплати и одбира електронско плаќање.
- Сервисот треба на безбеден начин и невидливо за клиентите да овозможи пренесување најмалку на следните податоци:
o Вкупен износ за уплата;
o Валута на плаќање (во денари);
o Единствен идентификатор на трансакцијата во системот на ДВЛМ;
o Назив на трговецот – Државна видеолотарија на Република Македонија; и
o Дел од модулот на која се праќа повратна информација за успешност, односно неуспешност на трансакцијата.
Банката - деловен соработник со која ќе се склучи Договор, Услугата за извршените уплати ќе ја наплаќа директно од Играчите. Односно по овој основ од Договорот нема да произлезат никакви финансиски импликации по однос на ДВЛМ.Освен тоа, избраниот деловен соработник треба задолжително да обезбеди:
- посредување при разрешување на евентуални оспорувања на картичните трансакции настанати при електронското плаќање;
- трансакцијата да се спроведе само кога Играчот има доволно расположливи средства за да се изврши уплатата заедно со пресметаната банкарска провизија; и
- уплатениот износ од сметката на Играчот на посебната сметка на ДВЛМ во избраната банка треба да се трансферира најдоцна следниот работен ден.
- исплатениот износ од посебната сметка на ДВЛМ во избраната банка кон сметката на играчот треба да се трансферира во рок од 5 (пет) работни дена.
НИВО НА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА
Избраниот Xxxxxxx соработник треба да обезбеди користење на Услугата непрекинато 24 часа во текот на денот, седум дена во неделата.
Континуитетот и начинот на обезбедување на Услугата, решавањето на рекламациите, правната заштита и поддршка при давањето на Услугата ќе бидат регулирани во Договорот кој ќе се склучи помеѓу Деловниот соработник и XXXX.
I. УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БАНКАРСКИ УСЛУГИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
За да учествува во постапката за избор на деловен соработник за доделување на договорот неопходно е да бидат исполнети следните услови:
I.1 ОПШТИ УСЛОВИ
За да учествува во јавниот повик, заинтересираниот понудувач треба да докаже дека е способен за извршување на бараната услуга со доставување на документи за:
• Лична состојба;
• Техничката или професионалната способност; и
• Стандарди за системи за квалитет.
I.1.1. Документи за докажување на лична состојба
• изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
• потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
• потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
• потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде понудувачот е регистриран;
• потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
• потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; и
• потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
I.1.2. Документи за докажување на техничка или професионална способност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност за овој дел, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност како доказ дека
е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
I.1.3. Документи за докажување на системите за квалитет за кои е сертифициран понудувачот
Понудувачот треба да достави документи и/или изјава потпишана од страна на одговорно лице во банката со кои ќе потврди дека банката или нејзиниот процесинг центар ги исполнува системите за квалитет неопходни за неговото работење во согласност со законските прописи во Република Македонија и актуелните меѓународни стандарди:
• Имплементиран систем за управување со безбедност на информации;
• Имплементирани актуелните меѓународните стандарди за картично работење (Payment Card Industry Data Security Standard).
I.2 ПОСЕБНИ УСЛОВИ
За да учествува во јавниот повик, заинтересираниот деловен соработник, треба задолжително да ги исполнува и следните посебни услови:
• да има опслужување на интернет продавници на интернет плаќања со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни);
• да има техничка опременост и оспособеност и други потенцијали за извршување на конкретните услуги;
• да има ангажиран технички персонал.
Докажувањето на посебните услови, од точка I.2 се врши со приложување на:
• референтна листа на интернет продавници за опслужување на интернет плаќања со безготовински платежни картички (кредитни и дебитни), извршени во последните 3 (три) години, со адреси на интернет продавниците, вредности, датуми, приматели на услугата (договорни органи или деловни соработници), по можност со обезбедување на потврда за извршените услуги издадени од примателите;
• листа за техничката опременост и оспособеност на деловниот соработник, и за други потенцијали со кои тој располага за извршување на конкретните услуги и обезбедување на соодветен квалитет; потпишана од страна на одговорно овластено лице.
• листа за ангажиран технички персонал, потпишана од страна на одговорно овластено лице.
II. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ И ВАЖНОСТ НА ПОНУДАТА
II.1. Понудата за доделување на договор за деловна соработка за банкарски услуги за обезбедување на сервис за електронско плаќање (уплати на влогови) преку виртуелен ПОС терминал треба да биде во писмена форма, во 1 (еден) оригинален примерок, преку пошта или со доставување во писарницата на Државната видеолотарија на Република Македонија.
Адреса за доставување на понудите е: Државна видеолотарија на Република Македонија, бул. Xxxx Xxxxxx 8, п.ф. 110, 1000 Скопје, Република Македонија.
Постапката за склучувањето на договорите за деловна соработка ја спроведува Комисија за склучувањето на договор за деловна соработка.
II.2. Рокот на важење на понудите е 6 (шест) месеци од денот на поднесување на понудата. Рокот е задолжителен.
• Понудата во посебен затворен плик, и другата документација се доставуваат во затворен плик со ознака „НЕ ОТВАРАЈ“ и со назнака „За јавен повик за деловна соработка бр. 05-ДС/2014“.
• Понудата треба да биде заверена и потпишана од одговорното лице на Понудувачот. Понудувачите кои поднеле некомплетна и невалидна документација, се исклучуваат од постапката и нивните понуди нема да се разгледуваат.
• Понудата и сите нејзини пропратни документи се доставуваат на македонски јазик.
II.3. Крајниот датум за доставување на понудите е 23.09.2014 година (Вторник) до 16:00 часот.
III. КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Критериум за доделување на договор за деловна соработка е економски најповолна понуда.
Договорот за деловна соработка ќе биде доделен на оној деловен соработник чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
Елемент на критериум | Максимум бодови |
- Провизија за банкарските услуги по извршена уплата од платежна картичка (изразена во процент со точност од две децимали) | 70 |
- Годишна каматна стапка за средствата депонирани на посебната сметка (изразена во процент со точност од две децимали) | 20 |
- Провизија за банкарските услуги по извршена исплата кон платежна картичка (изразена во процент со точност од две децимали) | 10 |
Вкупно максимум бодови | 100 |
Бројот на бодови кои ќе и се доделат на понудата ќе се пресметува според следната формула:
𝐵 = 𝑚𝑖𝑛(𝐷) ∗ 70 + 𝐼𝑥 ∗ 20 + 𝑚𝑖𝑛(𝑃) ∗ 10
Каде :
𝑥 𝐷𝑥
𝑚𝑎𝑥(𝐼)
𝑃𝑥
Bx – бројот на поени што понудата x ги добива
min(D) – најниската понудена провизија за банкарските услуги по извршена уплата од платежна картичка
Dx – понудена провизија за банкарските услуги по извршена уплата од платежна картичка
xxx(I) – највисока понудена годишна каматна стапка за средствата депонирани на посебната сметка
Ix – понудена годишна каматна стапка за средствата депонирани на посебната сметка
min(P) – најниска провизија за банкарските услуги по извршена исплата кон платежна картичка
P – понудена провизија за банкарските услуги по извршена исплата кон платежна картичка
Провизијата за банкарските услуги по извршена уплата не може да надмине 2% од номиналниот износ на секое поединечно плаќање.
Висината на понудената годишна каматна стапка за средствата депонирани на посебната сметка да не биде пониска од 2%.
Банката ќе има обврска да пресметува и плаќа камата на месечно ниво на ДВЛМ, врз основа на понудената каматна стапка, само кога просечната месечна состојба на посебната сметка ќе биде над 8.000.000,00 денари. Доколку, просечната месечна состојба на посебната сметка е под ова ниво, банката ќе има обврска да пресметува и плаќа камата на месечно ниво врз основа на редовната каматна стапка на банката за депозити по видување зголемена за 0.1 процентен поен.
Понудената провизија за банкарските услуги по извршена исплата кон платежната картичка на играчот не смее да биде повисока од редовната провизија утврдена според тарифите на банката.
III.1 Одлуката за избор на економски најповолна понуда, на предлог на Комисијата за спроведување на постапката, ја носи Генералниот директор на ДВЛМ.
Против Одлуката, незадоволниот учесник на јавниот повик може да изјави приговор до Собирот на содружници на Државна видеолотарија на Република Македонија, во рок од 8 (осум) дена од денот на доставување на известувањето за изборот.
Приговорот во писмена форма се доставува преку Комисијата што ја водела постапка до Собирот на содружници на Државна видеолотарија на Република Македонија.
Одлуката на Собирот на содружници на Државна видеолотарија на Република Македонија во постапката за Јавен повик за склучување на договори за деловна соработка со Државна видеолотарија на Република Македонија е конечна.
IV. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИОТ ДЕЛОВЕН СОРАБОТНИК
Правата и обврските на договорните страни детално ќе се дефинираат во Договорот за деловна соработка.
Деловниот соработник се обврзува да обезбеди лиценца за електронска трговија (E - Commerce) сооодветна на дејноста на ДВЛМ во рок од 30 дена од денот на потпишување на договорот.
Деловниот соработник се обврзува да му ги стави на располагање услугите предмет на Договорот за деловна соработка на ДВЛМ, на начин и услови дефинирани во овој Јавен повик и Договорот.
Деловниот соработник се обврзува да обезбеди целосна 24/7 поддршка на услугата.
Деловниот соработник се обврзува да обезбеди можност за тестирање и функционална интеграција на услугите од електронската трговија со системот за игри на среќа на ДВЛМ.
V. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ОД СТРАНА НА ДЕЛОВНИОТ СОРАБОТНИК
Договорот ќе склучи за време траење од 2 (две) години со можност за продолжување на соработката по овој период.
Доколку деловниот соработник со кој ќе се склучи договор за услугите предмет на овој Јавен повик не обезбеди лиценца за електронска трговија (E - Commerce) сооодветна на дејноста на ДВЛМ во предвидениот рок, деловниот соработник се обврзува да и плати на ДВЛМ договорна казна во износ од 100.000,00 ЕУР, за надомест на штета, што воедно ќе претставува и основ за раскинување на Договорот.
Деловниот соработник задолжително ќе гарантира за нивото на обезбедената услуга.
За евентуалното неисполнување ќе биде предвидена договорна казна за надомест на штета, чии условиќе бидат регулирани во Договорот за деловна соработка;
Договорот за деловна соработка стапува на сила со денот на потпишувањето, а ќе се применува од почетокот на обезбедување на услугата.
VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За добивање на дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат до Државната видеолотарија на Република Македонија, на адресата xxxxxxx@xxxxxxxxxxxx.xx.