Contract
Скратен договор за поштенски и карго услуги
Склучен во Скопје на ден година ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. БРЗА ПРАТКА ДООЕЛ СКОПЈЕ – ул. 164 бр.2, 1000 Скопје, Македонија, претставувана од Управителот Xxxxxxxxx Xxxxx Xxxxxxx, (носител на СТАНДАРДНА ДОЗВОЛА за обезбедување на поштенски услуги за обезбедување на услуги во рамките на универзалната поштенска услуга, но надвор од резервираната поштенска услуга и за поштенски услуги кои се вршат на слободниот поштенски пазар, со број 31/2010 од 30.04.2010 година) во понатамошниот текст како давател на услугата.
2. со седиште на ул.
со даночен број: , застапувана од , контакт тел. , mail , во понатамошниот текст како корисник на услуга.
Член 1
Предмет на овој договор е давање на услуги од областа на приемот, преносот и дистрибуција на пратки. Исто така и регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу давателот на услугата и корисникот на услугата.
Во општите услови, објавени на xxx.xxxxxxxxxx.xxx се прецизирани сите детали за начинот на работа, со тоа договорните страни на овој договор се согласни дека општите услови ќе се користат како правна рамка во меѓусебната соработка.
Реализацијата на предметот на договорот ќе се врши согласно договорените одредби и позитивните законски прописи на Р.Македонија.
Член 2
Потребата од користењето на услугите односно превземање на пратка Клиентот ја најавува на телефонските броеви на Давателот на услугата: 0800 222 00 (бесплатен број) и/или 02/3224-881, секој работен ден во периодот од 09:00 часот до 20:00 часот и сабота во периодот од 09:00 часот до 16:00 часот.
Брза Пратка се обврзува превземената пратка од Клиентот да ја испорача односно достави до примачот:
- следниот ден од 09:00 часот до 19:00 часот - за пратка која треба да се достави надвор од Скопје, низ градовите на РМ (не вклучувајќи села, каде периодот за достава е подолг). Во роковите утврдени во ст. 1 алинеа 1 и 2 од овој договор, не се сметаат: недела, државни празници или други неработни денови; времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса, отсуство на лицето од државата, недостаток на телефонски број за контакт и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои Давателот на услугите не одговара. Договорните страни можат по барање на Клиентот да определат друг рок за достава на пратка до примачот.
Член 3
Цените на услугите се утврдени со Ценовник на Давателот на услугите кој е објавен на веб страната xxx.xxxxxxxxxx.xxx. Во Ценовникот е утврдена и висината на Откупнината за достава на пари и висината на надоместокот на име осигурување за достава на пратка со означена вредност. Клиентот има обврска редовно да му исплаќа на Давателот на услугите паричен надомест на име искористени услуги - предмет на овој договор.
Плаќањето ќе се врши на месечно ниво врз основа на издадена фактура од страна на Давателот на услугите, во која ќе биде специфициран бројот на примените пратки. Давателот на услугите фактурирањето ќе го врши еднаш месечно – до последниот ден во месецот, за тековниот месец, а за фирми со поголем број на пратки фактурирањето може да се врши и повеќе пати во месецот.
Клиентот има обврска износот утврден во фактурата да го плати најдоцна во рок од 10 (десет) дена од датумот на издадената фактура.
Корисникот на услугите има обврска евентуалното рекламирање на фактурите (фискалните сметки со спецификација) да го врши веднаш односно, не подоцна од 5 (пет) дена од денот на нивниот прием. Рекламациите не се поврзани во ниеден случај со фактурите издадени за извршените услуги, и истите треба да се платат согласно горенаведените термини од истиот член, а Брза Пратка според Општите Услови ќе спроведе постапка за решавање на рекламацијата, и доколку се утврди оштета истата ќе ја исплати на клиентот во дадениот рок.
Член 4
Доколку на месечно ниво (константно) Корисникот на услугите искористи услуги - предмет на овој договор во вкупен износ помал од 2.000,оо денари (со вклучен ДДВ 18%), Давателот на услугите ќе изготвува профактура, и клиентот ќе може да ја искористи услугата доколку има неискористени суми по таа профактура. Кога сумата ќе се намали до 500 ден, се изготвува нова профактура. Истите клиенти можат да плаќаат во готово без никакви проблеми, со што добиваат фискална сметка.
Член 5
За ненавремено плаќање, за извршените курирски услуги од страна на корисникот на услугата, давателот на услугата ќе пресметува и наплатува 1% од сумата на фактурата која не е платена, надомест за секоја задоцнета работна недела.
Член 6
За губење или оштетување на пратка на која не е означена нејзината вредност, Брза Пратка одговара за обештетување на Клиентот:
- за оштетена пратка до 10 пати најмногу по вредноста на основната услугата на пратката (доколку не е договорено друго),
- за изгубена пратка до 15 пати најмногу по вредноста на основната услугата (доколку не е договорено друго).
За губење или оштетување на пратка за која Клиентот на Товарителницата ја означил нејзината вредност, т.е ја осигурил пратката Давателот на услугите одговара за обештетување на Клиентот до износ од 100.000,оо денари по штетен настан, (доколку не е договорено друго).
Барањето за надомест на штета се поднесува во писмена форма на mail xxxxxxx@xxxxxxxxxx.xxx. Во барањето Клиентот односно друго овластено лице има обврска да ги наведе фактите на кои го засновува предметното барање, докази со кои се потврдуваат предметните факти и висината на побарувањето на име надомест на штета.
Член 7
Овој договор се склучува за времетрање од 1 (една) година, со можност за автоматско продолжување за секоја наредна година.
Доколку Клиентот нема намера да го продолжи договорот, се обврзува за истото да го извести Давателот на услугите најдоцна 30 (триесет) дена пред истекот на рокот за кој договорот е склучен.
Доколку клиентот не постапи согласно овој член и не го достави предметното известување во утврдениот рок, ќе се смета дека се согласил со автоматско продолжување на важноста на овој договор. Секоја договорна страна има должност да ги исполни сите тековни и заостанати обврски, кои произлегуваат од овој договор, заклучно со денот на неговото раскинување. Доколку не се исполнети обврските, договорт неможе да се раскине.
Член 8
Сите спорни прашања кои ќе произлезат од овој договор, првенствено ќе се решаваат спогодбено. Во спротивно надлежен е Основен суд Скопје 2 – Скопје.
Член 9
Овој договор е составен во 2 (два) еднообразни примероци по еден за договорните страни.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
ДАВАТЕЛ НА УСЛУГАТА КОРИСНИК НА УСЛУГАТА БРЗА ПРАТКА ДООЕЛ Скопје