Општина Зрновци од с.Зрновци , со адреса: ул Илинденска бб , телефон за контакт:033- 353-105, електронска пошта: info@zrnovci,gov.mk , има потреба од доделување на договор за јавна набавка на услуги што подразбира сукцесивно одржување на jaвното...
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Почитувани,
Општина Зрновци од с.Зрновци , со адреса: ул Илинденска бб , телефон за контакт:000- 000-000, електронска пошта: info@zrnovci,xxx.xx , има потреба од доделување на договор за јавна набавка на услуги што подразбира сукцесивно одржување на jaвното осветление за потребите на Договорниот орган.
За таа цел, Договорниот орган спроведува постапка за доделување на Договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас број 006/2016, која се спроведува со користење на електронски средства во електронска форма и завршува со е- аукција, согласно Законот за јавни набавки.
Ве молиме да ни доставите Xxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 21.06.2016 година до 12 часот на наведената адреса.
Во прилог на оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Ве молиме при изготвување на Вашата понуда да ги користите оригиналните обрасци кои се составен дел на тендерската документација.
Однапред благодариме на соработката.
Во Зрновци , Потпис на одговорно лице и печат Јуни .2016 година _ _
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЕЛС ЗРНОВЦИ
ул. „Илинденска “ бб – Зрновци тел./факс: 000 000-000
e-mail: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx ; xxx.xxxxxxx.xxx.xx
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ОГЛАС 006/2016
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС, КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот: најниска цена
ЗА СУКЦЕСИВНО КОРИСТЕЊЕ УСЛУГИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ - ЗРНОВЦИ
ЗРНОВЦИ јуни 2016
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Општина Зрновци - Зрновци, со адреса на ул.„ Илинденска“ бр. бб Зрновци, телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000 електронска адреса: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx, контакт лице: Xxxxxxxx Xxxxx
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е сукцесивно користење услуги за одржување на јавното осветление во Општина Зрновци- Зрновци, за период од една година. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во Прилог 2 на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е неделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
3. Начин на извршување на услугата
Носителот на јавната набавка е должен предметот на договорот да го реализира на следниот начин:
За реализација на предметната набавка Општина Зрновци – Зрновцие ќе склучи договор со најповолниот економски оператор за временски период од 1 (една) година или до исполнување на вредноста на договорот.
Договорниот орган не е должен во целост да ја исполни предвидената вредност на договорот. Договорниот орган сукцесивно ќе ја врши набавката согласно потребите.
Во текот на временскиот период на траење на Договорот кога ќе се јави потреба од замена/монтажа на некој дел или некоја интервенција поврзана со тековното одржување на електричната инсталација за јавно осветление , како и во случаите кога ќе се покаже некој дефект или неисправно функционирање на истата, лице вработено кај Договорниот орган писмено или во електронска форма ќе го извести Економскиот оператор.
Економскиот оператор е должен во разумен рок, но не подолго од 1 ден односно 24 часа од моментот кога бил известен да дојде во седиштето на Договорниот орган и да интервенира на самото место за отстранување на дефектите, застоите и недостатоците кои ги забележал договорниот орган, односно за замена и монтажа на некој дел или интервенција. Во случај на итна потреба од интервенција, поради дефекти од кои се заканува настанување на голема штета, Носителот на набавката ќе биде должен веднаш да дојде во седиштето на Договорниот орган и да интервенира за спречување на настанување на штетата. Економскиот оператор е должен самостојно да обезбеди луѓе и алат потребни за реализирање на предметните услуги.
Во текот на траењето на договорот, онаму каде е предвидена и набавка на делот со замена, услугата ќе биде наплатувана според цената дадена од најповолниот Економски оператор и прифатена како дел од најповолната понуда. Во понудената цена во ваквите ставки не е вклучена цената на резервниот дел, туку само работната рака. Набавката на делот е обврска на Договорниот орган.
Во случај на непредвидени застои и дефекти, за чие отстранување ќе биде потребно вградување на делови или материјали кои не се предвидени во листата од техничката спецификација дадена во прилог на оваа тендерска документација, Договорниот орган го задржува правото истите да ги набави согласно Законот за јавните набавки без никакви правни последици во однос на примената и важењето на овој договор.
При секоја услуга на интервенирање или замена на делови и материјали ќе биде составуван и потпишуван Налог за работа. Налогот за работа треба да биде уредно потпишан од страна на овластено лице на Договорниот орган и овластено лице на Економскиот оператор.
При вршење на услугите, сите делови кои ќе бидат извадени, со цел вградување на нивно место нови, функционални делови, Економскиот оператор ќе биде должен да ги предаде на овластеното лице кај Договорниот орган.
Економскиот оператор ќе биде должен да обезбеди гаранција на сработеното во гарантен период од најмалку една година.
Доколку бараните услуги не бидат реализирани во утврдениот рок, Договорниот орган има право да наплаќа пенали во вид на договорна казна кои изнесуваат 300,00 денари за секој задоцнет ден или пак може еднострано, без никакви правни последици да го раскине договорот, во кој случај економскиот оператор е должен да плати договорна казна (оштета) во висина од 10.000,00 денари. Доколку економскиот оператор еднострано го раскине договорот на негово барање, должен е на Договорниот орган да му надомести договорна казна (оштета) во висина од 10.000,00 денари. Економскиот оператор е согласен да ја плати утврдената договорна казна (оштета) во наведените случаи.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
Доколку Економскиот оператор не предвидел одредени трошоци или пак дополнително настанат трошоци, предизвикани од субјективни причини на страната на Економскиот оператор, истиот ги сноси без никаков надомест.
5. Рок за извршување на набавката
Економскиот оператор е должен во разумен рок, но не подолго од 1 ден односно 24 часа од моментот кога бил известен да дојде во седиштето на Договорниот орган и да интервенира на самото место за отстранување на дефектите, застоите и недостатоците кои ги забележал договорниот орган, односно за , замена и монтажа на некој дел.
6. Начин на плаќање
Начин на плаќање согласно прифатената понуда ќе се изврши во рок од 30 дена по достава на фактурата во седиштето на Општината . Доколку Договорниот орган не се придржува кон утврдениот начин на плаќање, економскиот оператор има право да пресметува законска камата.
7. Право на учество
7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
7.8. Доколку економската и финансиската состојба, односно техничката или професионалната способност е поддржана од друг субјект, понудувачот е должен поддршката да ја докаже со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните финансиски средства, односно соодветните технички или професионални ресурси.
7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
8. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
8.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa,
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
8.2. Способност за вршење на професионална дејност
За да учествува во постапката за доделување на договор, понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
8.3. За докажување на личната состојба:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 8.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба. Согласно со член 102 став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на лична способност. Наместо тоа, понудувачот поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Договорниот орган ќе побара само од понудувачот чија понуда
е избрана за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична способност.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на отворањето на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
Изјавата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице или овластениот потписник на економскиот оператор. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
8.4. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
8.5. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност. Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или дополнување во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
9. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
9.1 Појаснување на тендерската документација
9.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
9.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
9.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
9.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
9.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
9.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
10. Изготвување и поднесување на понудите
10.1. Начин на изготвување на понудата
10.1.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
10.1.2. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
10.1.3. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
10.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
10.3. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
10.4. Изјава за независност на понудата
Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице. Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
10.5. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Документ за регистрирана дејност,
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
- Изјава за независна понуда (Прилог 4),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност (лична состојба), (Прилог 5).
10.6. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
10.7. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
10.8. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
11. Краен рок и место за поднесување на понудите
11.1. Краен рок за поднесување на понудите е 21.06.2016 година до 12 часот.
11.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
11.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
12. Критериум за доделување на договорот
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска понудена цена за вршење на предметните услуги по завршената електронска аукција. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
По завршување на електронската аукција, цените на одделните производи што ја сочинуваат предметната набавка, ќе се формира со нивно соодветно намалување за ист процент за кој е намалена и вкупната цена во текот на аукцијата.
Доколку на електронската аукција нема негативно наддавање, Договорниот орган ќе го додели договорот на економскиот оператор кој поднел најниска првична понуда, доколку понудените цени соодвествуваат на реалните цени на пазарот.
Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, ќе биде избран оној економски оператор кој прв ја поднел понудата.
13. Електронска аукција
13.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување оглас, која ќе се води со користење на електронски средства преку ЕСЈН и ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
13.2. Подетални информации за електронската аукција:
13.2.1. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
13.2.2. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е најниската цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е- пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Во случај да биде поднесена една понуда која е прифатлива или останала само една понуда која е прифатлива, договорниот орган задолжително ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку Електронскиот систем за јавни набавки. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
14. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
14.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
14.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
15. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
16. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел. Договорот кој ќе биде склучен со најповолниот Економски оператор ќе ги содржи истите одредби кои што се наведени во оваа тендерска документација.
Прилог 1 – Образец на понуда
Врз основа на огласот 006/2016 објавен од страна на „Општина Зрновци“ - Зрновци, за доделување на договор за јавна набавка на сукцесивно користење услуги за одржување на јавното осветление во Општина Зрновци- Зрновци, за период од една година, со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: _ _
I.2. Контакт информации
− Адреса: _
− Телефон: _
− Факс: _
− Е-пошта: _
− Лице за контакт: _ _
I.3. Одговорно лице: __
I.4. Даночен број: _
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги вршиме услугите, опишани во тендерската документација согласно дадената техничка спецификација.
II. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Листа на цени за дел
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Назив | Единица мерка | Количи на | Единечна цена без ДДВ | Увозни царини [доколку цената не е оптеретена со увозни царини, да се избрише] | Вкупна цена без ДДВ (3*4) | ДДВ |
1.Промена или поставување на Компакт флуо сијалица 40 W, 2000 xxx. со работен напон од 220 до 240 V, за грло Е- 27 или еквивалентно за надворешна монтажа и номинален работен век не помал од 15 000 работни часови и температурен опсег на работа од -25 до + 40 степени C. | Бр. | 200 | ||||
2. Промена или поставување на Компакт флуо сијалица 20 W со работен напон од 220 до 240V, за грло Е- 27 или еквивалентно за надворешна монтажа и номинален работен век не помал од 15 000 работни часови, светлински флукс не помал од 1300 Lm и температурен опсег на работа од -25 до + 40 степени Ц | Бр. | 40 | ||||
3. Промена или поставување на Улични светилки (арматури) (комплет со стакло и Компакт флуо сијалица 40W, грло Е- 27 или еквивалентно ) 220-240V | Бр. | 20 |
4. Промена или поставување на Бистро стакло заштитно за улични светилки 200 W со навој Димензии: Должина 235 мм и дијаметар 95 мм | Бр. | 50 | ||||
5. Промена на или поставување на Пригушници 250 W ,220- 240V,15 A | Бр. | 10 | ||||
6. Промена или поставување на Живини сијалици 250 W со работен напон од 220 до 240V, за грло Е-40 или еквивалентно за надворешна монтажа и номинален работен век не помал од 15 000 работни часови, и температурен опсег на работа од -25 до + 40 степени Ц | Бр. | 10 | ||||
7. Промена или поставување на Фоторелеј минимум 10 A, 220-240 V | бр. | 10 | ||||
8. Промена на или поставување на ОГ прекинувачи 200-230 V , мин.16 А | Бр. | 30 | ||||
9. Промна на Пластични дозни, Ф 70 | Бр. | 30 | ||||
10.промена или поставување на Трополни електромагнетни Контактори минимум NO 3/ NC 3, , , минимум 60A 220- 240 V | Бр. | 5 | ||||
11. Промена или поставување на Трополни електромагнетни Контактори , минимум 60А,380- 400 V | Бр. | 1 |
12. Промена или поставување на Аголни затеги XDD за самоносечки AL кабел | Бр. | 50 | ||||
13. поставување на Самоносечки кабел Х00/ Аl 2 х 16 мм² 0,6/1 KV или еквивалентен | м1 | 1000 | ||||
14. ПОСТАВУВАЊЕ на Самоносечки кабел X00/AL 4 х 16 мм² ,0,6/1KV или еквивалентен | м1 | 300 | ||||
15. ПОСТАВУВАЊЕ на Подземен кабел PP00 АL 4 х16 мм² , 0.6/1KV или еквивалентен | м1 | 200 | ||||
16.Поставување на Кабел PP 3 х 2,5 мм² 300/500 V или еквивалентен | м1 | 200 | ||||
17. поставување на Кабел PP 5 х 2,5 мм² 300/500 V или еквивалентен | м1 | 100 | ||||
18. Промена или поставувањена Завршни клеми АL - монтажа со пресување за пресек 16 мм² , и отвор на штраф 10 мм | Бр. | 100 | ||||
19. Промна или поставување на Носечки затеги за AL кабел 2 x 16 мм² | Бр. | 100 | ||||
20. Промена или монтажа на Автоматски трополни брзи осигурачи 50 А и номинален напон 220- 240 V (монтажа на шина) | Бр. | 12 | ||||
21. Промена или монтажа на Автоматски еднополни брзи осигурачи 32 А номинален напон 220- 240 V (монтажа на шина) | Бр. | 24 |
22. Промена или монтажа на Трополна склопка автоматска минимум 50 А 380-400 V | Бр. | 2 | ||||
23. поставување на Изолир лента со ширина 10 мм и минимална должина од 10 м | Бр. | 50 | ||||
24. поставување на Термоизолационо пластично црево Ф 16 | м1 | 10 | ||||
25. Промена односно монтажа на Ножести осигурачи ,,NV0,, или еквивалентни, 80 А 220-240 V | Бр. | 10 | ||||
26. Промена на Ножести осигурачи ,,NV1,, или еквивалентни, 125 А 220-240 V | Бр. | 10 | ||||
Вкупно: | ||||||
ДДВ: | ||||||
СЕ ВКУПНО: | ||||||
Со зборови: |
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
НАПОМЕНА: Замената или монтажата на ставките/деловите само онаму каде е тоа предвидено, вклучува: работна рака за нивна замена, односно монтажа вклучувајќи ги и патни трошоци до седиштето на Договорниот орган.
. Набавката на опремата во овие случаи ја врши Договорниот орган.
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена за вршење на услугите, како збир на сите ставки од техничката спецификација, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без
ДДВ, изнесува: __
(со бројки и букви)
Износ на ДДВ
(со бројки и букви)
Вкупната цена со ДДВ изнесува:
(со бројки и букви)
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум Одговорно лице
_ _
(потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот _ _ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата во постапката по оглас 006/2016 и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_ _
(потпис)*
* Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 - Изјава за независност на понудата
ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот _ _ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот _ _, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапката со барање за прибирање на понуди по оглас 006/2016 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека во постапката не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката бр. 006/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до известување на надлежните органи од страна на договорниот орган и поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_ (потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способноста на понудувачите утврдени во тендерската документација по огласот 006/2016 за доделување на договор за јавна набавка на услуги што подразбира сукцесивно користење услуги за одржување на јавното осветление услуги за одржување на ННМ во Општина Зрновци- Зрновци, за период од една година со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум
_
Одговорно лице
_ (потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лиц