Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 39 од Статутот на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга, а врз основа на Јавниот оглас бр.01/2021 година за вработување на помошно технички лица во областа на комуналните дејности од...
Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 39 од Статутот на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга, а врз основа на Јавниот оглас бр.01/2021 година за вработување на помошно технички лица во областа на комуналните дејности од групата IV и подгрупа V во ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга на неопределено време објавен во дневните весници ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, Директорот на претпријатијето донесе:
ОДЛУКА
За избор на кандидат за склучување Договор за вработување на неопределено време
1.Од пријавените кандидати по Јавниот оглас објавен во дневните весници ,,Нова Македонија,, ,,Коха,, на ден 21.06.2021 год, за засновање на работен однос на 1 (еден) извршител на работно место КДР0405А03007 Хигиеничар/ка- Одделение за обезбедувбање и ППЕ заштита, Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси - 1 (еден) извршител, се избираат следните кандидати :
Xxxxx Xxxxxx;
2. Именуваните ќе бидат вработени на неопределено време на наведеното работно место од точка 1 на оваа одлука по конечноста на оваа одлука, за што ќе склучат договор за вработување.
3.Одлуката за избор на кандидат за вработување ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на интернет страницата и огласната табла на претпријатијето.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
На ден 21.06.2021 год во дневните весници ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, и на интернет страницата на ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга беше објавен Јавен оглас бр 01/2021 за вработување на даватели на јавна услуга на работно место со шифра и назив Хигиеничар/ка- Одделение за обезбедувбање и ППЕ заштита, Сектор за општи, правни работи и човечки ресурси - 1 (еден) извршител .
Со решение бр.04-604/6 од 28.06.2021 год Директорот на претпријатијето формира Комисија за селекција за постапката за вработување на помошно техничко лице , која има задача да ги спроведе фазите за селекција за работување на 1 помошно техничко лице.
По спроведување на сите фази од постапката за селекција за вработување на 1 помошно техничко лице, Комисијата за селекција изготви конечна ранг листа од пријавените кандидати.
Врз основа на конечната ранг листа на пријавени кандидати, Комисијата достави Предлог за вработување на 1 кандидат со најголем број на освоени бодови, и истиот го достави до Директорот на претпријатијето.
Врз основа на дадениот прелог се одлучи како во член 1 на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 дена да поднесе жалба до Управниот одбор на претпријатијето.
Доставено:
-Архива ;
-Одделение за човечки ресурси;
-Избрани кандидати.
ЈП ,,Водовод и Канализација,, Струга
Директор
Доц. Др Xxxxxx Xxxxxx