Contract
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Само со заедничка примена на општите и посебните одредби од овие Услови се одредува опфатот и претпоставките на осигурителното покритие. Општите одредби важат во секој случај, а посебните одредби само, доколку и како што се договорени во секој договор за осигурување.
Кај посебните одредби наведените елементи на правна заштита (ризици) се нудат во комбинација на правна заштита за сопственикот на возилото, за работникот, за фирмата и слободните занимања, за земјоделците итн. Опфатот и цената на тие комбинации е одредена во Тарифата на премии и се договара за секој договор за осигурување.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на осигурување Член 1
Предмет на осигурување според овие Услови е заштитата на правните интереси на осигуреникот од страна на осигурувачот и преземање на настанатите трошоци поради истото.
Осигурувањето е одредено со општите и посебните одредби и се однесува на сите договорени ризици.
Осигурен случај и негово настанување Член 2
1. При остварување на побарувањата за отштета во согласност со членовите 17.2.1, 18.2.1,
21.2.1 и 25.2.3 за осигурен случај со побарување важи основаниот штетен
настан. Како период за осигурен случај се смета настанувањето на штетниот настан.
Случаите на штета, кои се последица на пречки од средината, кои се случуваат при редовното, непречено работење и се девијантни, поединечни, ненадејно настанати случки (пречки), се сметаат како осигурен случај. Како настанување на осигурениот случај се смета настанувањето на таа пречка.
Пречка од средината е неквалитетен воздух, земја или вода.
2. Кај правната заштита советување (член 19.3), кај одредени случаи на подрачјето на недвижности (член 25.4) и подрачјето на семејно право (член 27.4), важат таму опишаните посебни правила.
3. Кај останатите случаи како осигурен случај се смета вистинското или потврденото кршење на правна обврска или правниот пропис од страна на осигуреникот, спротивната страна или трето лице; се смета дека осигурениот случај настапил, кога едно од наведените лица започне или би започнал со кршење на правната обврска или правниот пропис.
Во случај, кога се работи за повеќе прекршувања, меродавно е првото адекватно каузално прекршување, при што прекршувањата, кои се случиле повеќе од една година пред настанувањето на осигурениот случај, за утврдување на осигурениот случај не се применуваат. Кај правната заштита на возачка дозвола (член
17.2.3 и член 18.2.3), кај повеќето прекршувања меродавно е тоа
прекршување, кое непосредно предизвикало одземање или запленување на возачката дозвола.
Период на важност Член 3
1. Осигурувањето опфаќа осигурени случаи кои настанале за време на договорот за осигурување.
Осигурувањето започнува во 24:00 часот истиот ден, кој е на договорот за осигурување односно на полисата за осигурување означен како ден на почеток на осигурувањето.
2. Во случај, да изјавата на волја или правно дејствие на осигуреникот, спротивната страна или третото лице, уште пред почетокот на осигурувањето го реши осигурениот случај во согласност со член 2 точка 3, нема осигурителна заштита. Изјавата на волја или правно дејствие, кои се извршени пред повеќе од една година, при тоа не се уважуваат.
3. Осигурување нема, доколку осигуреникот го побара побарувањето повеќе од три години по престанување на договорот за осигурување за предметниот ризик, независно од тоа, кога осигуреникот дознал за осигурениот случај.
4. Покрај тоа, осигурувањето е временски ограничено со одредбите за плаќање на премијата и почетокот на осигурувањето (член 12) и со роковите за чекање, кои се одредени со посебните одредби (членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27).
Територијална важност на осигурувањето Член 4
1. Осигурувањето важи за правна заштита на возилото и правна заштита на договорите за возилото (член 17), правна заштита на возачот (член 18), како и за општата кривична правна заштита (член 20), и општата правна заштита за обесштетување (член 21), доколку грижата за правните интереси се оствари во Европа (во географска смисла), вклучувајќи го и Исланд, соседните неевропски земји на Средоземјето, Канарските острови, Мадеира или Азорските острови, и за тоа е надлежен или ќе биде надлежен државниот суд или државниот управен орган во тие држави, доколку би била започната судска или управна постапка.
2. Осигурување постои кај правната заштита од
општото договорно право на стопанско подрачје, доколку грижата за правните интереси се остварува во Македонија и за тоа би бил надлежен македонскиот државен суд, доколку би била започната судска или управна постапка. Доколку постои адреса за извршување, постои осигурување за извршување на подрачјето на валидност во согласност со став 3.
3. Кај другите случаи, осигурување постои, доколку грижата за правните интереси се остварува во државите на Европската Унија, во Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка или Исланд, и за истото е надлежен или би бил надлежен државниот суд или државниот управен орган во тие држави, доколку би била започната судска или управна постапка.
Кој е осигурен и претпоставки за уважување на покриените побарувања на соосигурените лица
Член 5
1. Осигурени се осигуреникот и во посебните одредби наведените соосигурени лица. Во случај, да во посебните одредби е предвидено соосигурување на роднините (членовите 17.1.1, 17.1.2, 18.1.1, 19.1.1, 19.1.2, 20.1.1, 20.1.2, 21.1.1, 21.1.2, 22.1.1, 23.1.1, 24.1.1, 24.2.2, 25.1.1, 25.1.2, 26.1, 27.1), тогаш осигурувањето ги опфаќа:
1.1. осигуреникот,
1.2. неговиот, или во истото домаќинство негов брачен партнер или животен сопатник,
1.3. неговите деца (посвоени, згрижени или од друг брак, внуци, доколку живеат заедно со осигуреникот во исто домаќинство) и доколку
- не наполниле 27 години, се школуваат и не се издржуваат самостојно или
- се под старателство на осигуреникот или неговиот брачен другар или животен сопатник.
Одредбите, кои важат за осигуреникот, важат и за соосигуреното лице, кое важи пред се за исполнување на обврските (член 8).
2. Соосигурените лица може да ги искористат побарувањата од осигурувачот само со согласност на осигуреникот. Осигуреникот има право да ја поништи својата согласност, доколку соосигурените лица побаруваат осигурување за негирање на некоја одлука или активирање на некоја постапка.
Осигурувањето престанува, кога осигурувачот ја добие изјавата на осигуреникот.
3. Побарувањето на осигуреникот за осигурувањето оди во негово наследство или се пренесува на судски одредените наследници, доколку осигурениот случај се случил пред неговата смрт.
4. Осигурувањето ги опфаќа и лицата, за кои осигуреникот во периодот на прекршок бил законски старател или би можел истото да стане, доколку поради смрт на осигуреникот, сами ги побараат побарувањата за отштета.
Услуги обезбедени од осигурувачот Член 6
1. Откако осигуреникот го побара осигурувањето, осигурувачот, доколку е за тоа обврзан, ќе ги преземе настанатите трошоци во согласност со точка 6 од овој член од моментот на остварување на побарувањето, доколку истите се потребни за заштита на правните интереси на осигуреникот.
2. Осигурувањето ги опфаќа и трошоците, кои настанале најмногу четири недели пред остварување на побарувањето и се предизвикани со мерките на спротивната страна, судот или управниот орган или настанале со неодложливи мерки во интерес на осигуреникот.
3. Трошоците се потребни, доколку остварувањата на правата или застапувањето се соодветни и не злонамерни, и постојат доволни изгледи за успех. Проверка за изгледите за успех во согласност со член 9 нема кај кривичната правна заштита, кај правната заштита на
возачка дозвола и правната заштита советување.
4. Осигурувањето опфаќа, доколку посебните одредби не одредуваат поинаку (23, 24, 25, 26 и 27 член), и
- Вонсудска грижа за правните интереси од страна на осигурувачот или од адвокатот, кој му го доделил налогот x
- Застапување пред државните судови и управни органи на сите инстанци.
5. Исклучиво, доколку и како што е одредено во посебните одредби, осигурувањето се проширува надвор и на
- Постапките пред уставниот и управниот суд (член 17 и 18) или пред управниот суд (член 23 и 24),
- Постапките пред меѓународните или пред наднационалните судови (член 23) и
- Трошоците за вонсудско решавање на споровите со помош на посредници (медијатори), доколку до посредување дојде пред почетокот на постапката пред државниот суд или управниот орган (членови 23, 25 и 26), или додека постапката пред тој суд или управен орган сеуште е во тек (член 27).
6. Осигурувачот ги плаќа
6.1. Соодветните трошоци за адвокатот на осигуреникот, кој дејствува во Македонија, до висината на адвокатската тарифа. Посебните договори помеѓу адвокатот и странката не важат.
Кај судските и управните постапки, трошоците за услугите на адвокатот се признаваат најмногу до висина на признатите трошоци од судот.
Во случај, да наместо адвокат, за застапување е вклучено друго соодветно стручно лице, неговите трошоци ќе бидат надоместени во согласност со постоечките прописи, но сепак најмногу до висина, која произлегува од адвокатската тарифа.
Во странство настанатите трошоци за лицето, одредено за професионално застапување на странките, ќе бидат надоместени во согласност со тамошните важечки прописи.
6.2. Наложените плаќања на осигуреникот од судот или управниот орган за именуваните експерти, преведувачи и сведоци, како и такси за судските или управните постапки.
Трошоците за објава на пресудата и трошоците за извршување на кривичните санкции не се враќаат.
6.3. Трошоците на спротивната странка во правната постапка, доколку за нивно плаќање е обврзан осигуреникот.
Под истите претпоставки осигурувачот во кривичната постапка против осигуреникот ги сноси и трошоците за субсидијарна тужба.
6.4. Патните трошоци на осигуреникот за суд во странство, доколку мора да се појави како обвинет или како странка и истото му е наредено, или доколку е потребно за спречување на негативни правни последици. Патните трошоци се враќаат до висината на трошоци за превоз со железница во втора класа, вклучувајќи ги и додатоците. Доколку нема железнички превоз, осигурувачот
ги враќа трошоците за соодветно превозно средство (автобус, траект) до најблиската железничка врска. Доколку местото на сослушување е оддалечено од живеалиштето на осигуреникот повеќе од 1.500 км, се враќаат трошоци за авионски превоз во економска класа.
6.5. Како кауција за оние издатоци на осигуреникот во странство, кои биле нужни за избегнување на моменталните кривични мерки (кривична гаранција). Таа кауција осигуреникот мора на осигурувачот бескаматно да му ја врати во рок од шест месеци.
6.6. Трошоците во согласност со точките 6.1,
6.2 и 6.4 од овој член
- без ДДВ, доколку осигуреникот има право на одбиток од влезниот ДДВ;
- без оглед на други законски одредби, доколку и додека плаќањата на рати на спротивната страна не ги пречекорат капиталот и каматите (освен случаите на наплата во согласност со членот 22.2.3).
6.7. Трошоците на посредникот најмногу до
1 % од осигурената сума, а кај примерите на заедничко посредување до најмногу 2 % од осигурената сума.
6.8. Трошоците во согласност со точка 6 од овој член при нивната втасаност. Трошоците за адвокатски услуги во согласност со точка 6.1 втасуваат за плаќање, кога адвокатот ќе ги изврши сите работи, кои произлегуваат од мандаторскиот однос помеѓу него и осигуреникот, т.е. кога адвокатот вонсудската работа ја заврши односно
откога постапката е правосилно завршена и на осигуреникот му е издадена сметка за плаќање. Осигуреникот може да побара аванс само тогаш, кога од повеќе инстанци е завршена една и на осигуреникот му е издадена сметка за плаќање. Плаќањето и износите во согласност со точките од 6.1 до 6.5 втасуваат за плаќање, веднаш по одлуката на судот дека осигуреникот е должен да плати
7. Обврските на осигурувачот се ограничени на следниот начин:
7.1. Осигурената сума, која е наведена во договорот за осигурување, важечка со настанување на осигурен случај, значи горна граница од страна на осигурувачот за еден осигурен случај на обезбедените услуги за осигуреникот и со него соосигурените лица.
7.2. Кај повеќе осигурени случаи кои претставуваат заедничко, зависно случување, на располагање е само еднократна осигурена сума. Нејзината висина се одредува според времето на настанување на првиот осигурен случај.
7.3. Кај случаите кога повеќе осигуреници се учесници на осигурување од еден или повеќе договори за осигурување, и нивните интереси поради истата или истиот вид на причина се насочени кон иста спротивна страна, осигурувачот има право да ги ограничи своите услуги на вонсудска грижа на правните интереси на осигурениците и на водење на процесите со помош на правни застапници избрани од него.
Доколку со дотогашните извршени мерки осигурениците не се доволно заштитени од загубата на своите побарувања, пред се опасноста од застарување, осигурувачот со помош на неговите избрани правни застапници, поради заштита на интересите на осигурениците, ги презема трошоците за заедничка тужба или друга заедничка форма на вонсудски или судски постапки.
Овие одредби се применуваат и за случаи, кога осигурувањето опфаќа застапување во управните постапки пред уставниот или управниот суд.
7.4. При порамнувањето осигурувачот ги сноси трошоците до висина, која одговара на односот помеѓу посаканото и достигнатото.
7.5. По поднесувањето на извршувањето (на пример: пресуда), осигурувачот ги сноси трошоците за правно остварување на сите обиди на извршување, вклучувајќи ги и трошоците за пријава на побарувања во инсолвентна постапка, но сепак најмногу до 5% од осигурената сума.
Во случај на инсолвентна постапка над сопственоста на спротивната страна, пред постоењето на правна работа, осигурувачот покрај трошоците за пријава на побарување ги презема и трошоците за правната постапка, кои се потребни за оспорување.
7.6. Доколку при заштитата на правните интереси дојде до намалување на повеќе побарувања, за кои
осигурувањето делумно постои, а делумно не, осигурувачот ги сноси трошоците, кои се соодветни на односот на спорните вредности.
Во случај, да при заштитата на правните интереси спротивната страна прифати договор за побарувањата и против тоа барање нема осигурување, осигурувачот ги сноси само оние трошоци, кои осигуреникот според одредбите за трошоци во правната постапка би ги сносел, доколку истите би биле предмет на заштита на интересите само на неговото активно побарување.
При порамнувањето важи точка 7.4 од овој член, применувајќи ги побарувањата, кои се под осигурување. Доколку во една кривична постапка се работи за повеќе казниви дејствија, за кои осигурувањето делумно постои, а делумно не, осигурувачот ги сноси трошоците за одбраната и постапката во сооднос, кој одговара на тарифата за адвокатски услуги.
7.7. Кога се работи за заштита на правните интереси на осигурените и неосигурените лица, осигурувачот сноси сразмерен дел на трошоците.
7.8. Доколку во договорот е договорено учество во штета (франшиза), осигурувачот ги сноси само трошоците, кои го надминуваат износот на франшизата.
Исклучоци од осигурителната заштита Член 7
1. Осигурување за заштита на правните интереси нема:
1.1. во врска со:
- воени случувања, внатрешни немири, насилства кај јавните настани и приредби;
- нуклеарни случувања или случувања кои како последица имаат генетска штета или последици, доколку истите не се последица на медицински постапки;
- случувања кои предизвикуваат невообичаен опфат на лични или сопственички штети (катастрофи, како на пример: земјотреси или поплави, поради кои се употребуваат прописите за помош при катастрофа);
1.2. Во случај на непосредна или посредна врска со:
- уставноправни одредби, кои во исклучителни услови го повредуваат населението;
- управни прописи, пред се на подрачјето на експорпријација, конфискација на земјиште, односи помеѓу членовите на аграрната заедница, просторно уредување, прометот со земјиштата и катастарот;
1.3. На подрачјето
- На правата на друштвата, задружното право и општествено право;
- Право на партнерство;
- Црковно право и права на верските заедници;
1.4. На подрачјето на правото, кое ги уредува даночните, царинските и другите давачки;
1.5. Во врска со договорите за вработување на застапниците на правните лица и од подрачјето на трговско застапување;
1.6. На подрачјето
- На нематеријално сопственичко право и во врска со договорите, чиј предмет се нематеријалните сопственички права;
- Закон против монопол и прописи за заштита на конкуренцијата;
1.7. Во врска со лизинг договори на компаниите;
1.8. Во врска со заштита на правните интереси на сопствениците или закупците на ловишта, вода за риболов, ловни и риболовни права;
1.9. Во врска со:
- поставување односно изградба или законско одредени или законско дозволени промени на зградите (или делови од зградите), земјиштата или домовите, кои се во сопственост или поседување на осигуреникот или кои би ги придобил;
- планирање на тие мерки;
- финансирање на инвестиционен проект, вклучувајќи стекнување на земјиште.
Овој исклучок не важи кај остварување на нематеријална штета за телесни болки и кај кривично правна заштита;
1.10. Во врска со:
- Договори за игри на среќа, обложувалници и на слични термински
и шпекулативни работи, како и спорови за истите со кредитори, посредници, овластени или други, кои поставуваат побарување;
- т.н. timesharing или договори за делумна употреба;
- превентивни права, права на повраток и со преддоговори за договори за недвижности;
1.11. во врска со договорите за осигурување со сопствен осигурувач на правна заштита.
2. Од осигурителна заштита дополнително е исклучено
2.1. Заштита на правните интереси на соосигурените лица во меѓусебниот однос и против осигурувачот;
2.2. Заштита на правните интереси на партнер на осигуреникот со кого не е во брак и тогаш, кога заедничкото домаќинство престанало, доколку заштитата на правните интереси е во врска со нивниот заеднички живот;
2.3. Спорови од договори, со кои со издавање на меница, со порамнување, со признание или слични договори настануваат нови правни основи, освен во случај, кога без тие нови правни основи осигурителната заштита би постоела;
2.4. Спроведување на побарувањата, кои на осигуреникот му се отстапени и враќање на одговорностите, кои извираат од обврските на други лица, кои осигуреникот ги презел, доколку до отстапување на побарувањата или преземање на одговорноста дошло по
настанување на осигурен случај или, откога осигуреникот, спротивната страна или некое трето лице извршило правно дејствие или изјавило волја и тоа предизвикало осигурен случај;
2.5. Заштита на правните интереси во врска со барањето на инсолвентна постапка над сопственоста на осигуреникот;
2.6. Заштита на правните интереси кај осигурени случаи за чие настанување намерно или противправно придонел самиот осигуреник, како и во случаи, кои се во врска со злосторствата на осигуреникот.
3. Покрај овие општи исклучоци, посебните одредби содржат и посебни правила на исклучоци од осигурателното покритие (членовите 17, 18, 20, 21, 23, 25, 26 и 27).
Обврски, на кои осигуреникот мора да внимава поради обезбедување на правото на покриено побарување
Член 8
1. Осигуреникот, кој бара осигурителна заштита е должен:
1.1. Веднаш, потполно и реално да го извести осигурувачот за конкретната состојба на предметот и на барање да му ги достави сите потребни докази;
1.2. Да му препушти на осигурувачот, да одреди правен застапник (член 10), на правниот застапник да му даде овластување, целосно и реално да го запознае за конкретната состојба на предметот и на барање да му ги достави сите потребни докази;
1.3. Поради проверка на осигурувачот веднаш и пред плаќање да му ги посредува сите за него адресирани платежни налози;
1.4. Да спречи се што би предизвикало непотребни трошоци или во целост или делумно би го спречило враќањето на трошоците од страна на трети лица;
1.5. Во случај на уважување или одбивање на цивилноправните побарувања, покрај тоа
1.5.1. На осигурувачот да му се дозволи, побарувањата во соодветен рок вонсудски ги побара или одбие;
1.5.2. Пред правосилноста или одбивањето на побарувањата како и негирањето на судската одлука да добие став на осигурувачот, пред се она што би придонело за успех; склучувањето на порамнувањето мора да биде со согласност на осигурувачот;
1.5.3. Доколку тоа на неговите интереси не влијае несоодветно, пред се, не го загрозува застарувањето, пред уважување на побарувањето да се почека на правосилноста на некоја кривична или друга постапка, која може да има реално или правно значење за предвидениот правен спор или уважување само на дел од побарувањето и уважувањето на преостанатото побарување да се одложи до правосилната одлука.
2. Во случај, да осигуреникот прекрши едно од претходно неведените обврски намерно или од грубо невнимание, осигурувачот е ослободен од своите обврски. Во случај на кршење од грубо невнимание, на осигурувачот му останува обврска, само доколку прекршувањето не влијаело на одредувањето на осигурениот случај и на одлучувањето на обрските за обесштетување на осигурувачот или на неговиот опфат.
3. Покрај овие општи обврски, во посебните одредби се одредени посебни обврски (членовите 13, 17, 18, 20 и 21).
Кога и како осигурувачот мора да се искаже за покриеното побарување на осигуреникот Член 9
1. Осигурувачот е должен во рок од две недели по уважување на побарувањето од страна на осигуреникот и по приемот на потребните докази, на осигурувачот, постоењето на осигурување писмено да го потврди или основано да го одбие.
Осигурувачот има право со својата еднострана изјава, рокот од став 1 да го продолжи уште за две недели.
2. Независно од тоа, осигурувачот има право да изврши истрага за наводниот успех за уважување на правата или за нивното одбивање. Во случај, да исходот на проверка на состојбата на предметот, доказите и правната основа наводно покаже
2.1. дека постојат доволно можности за веројатен успех во предвидената постапка, може да изјави подготвеност за преземање на трошоците во
согласност со член 6 (давачки за осигурување);
2.2. дека можностите за успех се недоволни, т.е. дека е поверојатен неуспех отколку успех во постапката, има право да го одбие преземањето на наменетите трошоци од страна на спротивната страна;
2.3. дека според искуствата нема веројатност за успех во постапката, може преземањето на трошоци во целост да го одбие.
3. Кај случаите на различни мислења помеѓу осигурувачот и осигуреникот за можностите за успех, при правното уважување на правата или нивното одбивање или постапките за забрзување на постапките во спорот, за кој е побарано осигурување, може осигуреникот своето барање за осигурителна заштита законски да ја примени во интерната жалбена постапка со вложување на жалба на седиштето на осигурувачот, во постапката на посредување (медијација) или со предлогот за арбитражна постапка или без арбитражна постапка, применувајќи ги прописите за застарување и други соодветни одредби од Законот за облигации.
4. Во случај на потполно или делумно одбивање на преземањето на трошоците поради недоволна веројатност за изгледи на успех или поради разлики во мислењата во смисла на точка 3 од овој член, осигурувачот е должен писмено да го извести осигуреникот за причините за одбивање и да го предупреди на можноста за интерна жалбена постапка со вложување жалба на
седиштето на осигурувачот, на постапката на посредување (медијација) или арбитражните одлуки во согласност со точка
5 од овој член. До тогаш настанатите трошоци ги сноси осигурувачот, доколку постојат и другите претпоставки за осигурителна заштита.
Доколку осигурувачот не извести за одбивање во согласност со точка 1 од овој член, следи, дека ја признал очекуваната осигурителна заштита.
5. Доколку осигуреникот побара арбитражно одлучување, должен е во рок од четиринаесет дена од известувањето за делумно или целосно одбивање на преземањето на трошоците, со истовремено одредување на адвокат, писмено да побара воведување на арбитражна постапка.
По вложувањето на барањето осигурувачот мора писмено да го именува својот адвокат и да го овласти за почеток на арбитражна постапка.
Доколку именуваните адвокати имаат исто мислење, одлуката е обврзувачка и за осигурувачот и за осигуреникот.
Доколку таа одлука суштествено отстапува од фактичката состојба на работите, осигуреникот или осигурувачот можат во согласност со Законот за облигации таа одлука судски да ја негираат.
Доколку овластените адвокати во рок од четири недели не добијат одлука или во одлучувањето не се единствени, осигуреникот своето барање за осигурителна заштита да го побара по судски пат.
6. Трошоците за арбитражна постапка ги сносат и осигурувачот и осигуреникот во сооднос, кој одговара на односот на спорот, при што уделот на трошоци на осигуреникот е ограничен со висината на трошоци на неговиот адвокат. Во случај, да одлука нема, секоја страна ги сноси трошоците за својот адвокат. Тие трошоци ја делат судбината на трошоци на евентуална постапка за осигурителна заштита.
Кој избира правен застапник, кој и како му доделува налог и што се случува во случај на конфликт на интереси (колизија на интереси)
Член 10
1. За застапување пред суд или управни органи осигуреникот има право слободно да го избере својот застапник, за истото оспособен, како и за таа дејност овластени лица (адвокат). Осигурувачот е должен да го предупреди осигуреникот веднаш, кога истиот ќе побара осигурителна заштита во судска или управна постапка.
2. Поради заштита на своите правни интереси осигуреникот има право на слободен избор на правен застапник и во случај, кога со осигурувачот е во колизија на интереси.
За колизија на интереси се работи, доколку во правниот предмет се појави спротивна страна, која осигурувачот врз основа на некој друг договор за осигурување му обезбедил осигурителна заштита за истиот предмет.
Ако дојде до колизија на интереси, осигурувачот мора веднаш да го извести осигуреникот и да го предупреди на
неговото право да избере свој правен застапник.
3. Право на избор од точка 1 и 2 се однесува само на лица, чија канцеларија е во местото, каде што е седиштето на судот или управниот оган, надлежен за постапката од прв степен. Во случај, во местото на седиштето на судот или управниот орган нема барем четири лица, кои во тоа место имаат канцеларија, правото на избор се шири на официјалната област на надлежниот окружен суд.
4. Осигурувачот има право да го избере правниот застапник:
4.1. доколку вонсудската заштита на осигурените правни интереси не ги изведува осигурувачот сам;
4.2. кај случаите правна заштита советување;
4.3. доколку осигуреникот во рок од еден месец не именува свој правен застапник, откога осигурувачот го предупредил на неговото право на избор и на последиците од истек на рокот;
4.4. кај случаите од членот 6.7.3.
5. Правниот застапник мора да го избере осигурувачот, доколку при вложување на барањето за осигурителна заштита осигуреникот сам не именувал, а овластувањето на правниот застапник поради заштита на правните интереси е нужно.
6. Доделувањето на правен застапник го врши осигурувачот во име и на барање на осигуреникот
6.1. веднаш во кривична постапка, во постапка поради одземање на возачка дозвола, при правна заштита советување и кај колизија на интереси;
6.2. и кај сите други случаи, откога не успеале вонсудските обиди на осигурувачот (член 8.1.5).
7. Кај случаите на посредување, осигурувачот има право да избере посредник.
8. Правниот застапник и посредникот за изведбата на задачите непосредно се одговорни на осигурувачот. Кај таквите случаи нема гаранција на осигурувачот.
Во кои случаи е можно осигурените побарувања да се доделат или заложат и кога побарувањата преоѓаат на осигурувачот Член 11
1. Осигурените побарувања може да се отстапат или употребат откога конечно се одредат по основ и висина.
2. Побарувањата на осигуреникот за надоместок на износите, кои ги плаќал осигурувачот, веднаш по настанувањето преоѓаат на осигурувачот. Износите, кои се веќе платени на осигуреникот, треба да се вратат на осигурувачот.
Осигуреникот е должен при уважување на тие побарувања, да го поддржи и на барање да му издаде изјава за отстапување.
Што е период на осигурување, кога премијата мора да биде платена и кога започнува осигурителната заштита
Член 12
1. Доколку договорот не е склучен за пократок период, периодот на осигурување е една
година, и тоа, и тогаш доколку премијата во согласност со договорот се плаќа на рати.
2. Првата или еднократната премија, заедно со придонесите и давачките, осигуреникот мора да ги плати при доделување на полисата (прием на полисата). Понатамошните премии, заедно со придонесите и давачките, мора да бидат платени во договорените рокови. Последиците за доцнење при плаќањето се одредени во Законот на облигации.
3. Понудата за склучување на договорот, која била понудена на осигурувачот, го обврзува понудувачот осум дена од денот кога пристигнала кај осигурувачот.
4. Осигурителната заштита стапува на сила со врачување на полисата (точка 2 од овој член), но не пред договорениот почеток на осигурување. Во случај подоцна да се врачи полисата и подоцна се плати премијата, но сепак во рок од четиринаесет дена, осигурителната заштита важи од договорениот ден за почеток на осигурувањето. Доколку во посебни одредби се предвидени периоди на чекање (членовите 22, 23, 24, 25, 26 и 27), осигурителната заштита започнува со истекот на тој период на чекање.
Зголемување или намалување на осигурените ризици
Член 13
1. Осигурувањето опфаќа и зголемување или проширување на осигурениот ризик. Осигуреникот е должен во рок од еден месец на осигурувачот да му ја пријави промената на околностите, кои се важни за
прифаќање на опасноста и кои настапиле по склучување на договорот за осигурување.
2. Во случај, кога по склучување на договорот за осигурување, за прифаќање на опасностите се променат битни околности на кои им соодветствува повисока премија од договорената, осигурувачот може од настапувањето на тие околности да побара зголемена премија.
Неточните наведби или аргументи, кои на осигурувачот не му се јавени и одат на штета на осигурувачот, му даваат право на осигурувачот, да ги изврши само оние услуги, кои се во сооднос помеѓу договорената премија и премијата, која би морала да биде платена при точни или потполни наведби. Намалување на услуга нема, доколку осигуреникот докаже, дека до неточност или непотполност на наведбите не дошло по негова вина.
3. Во случај, да осигурувачот според своите деловни начела, зголемената опасност при повисока премија не ја превземе, може осигурувачот во рок од еден месец, откако дознал за зголемената опасност, да го раскине договорот со осигуреникот, и тоа со едномесечен рок на откажување.
Во случај на неточни или непотполни наведби на штета на осигурувачот, истиот не е обврзан за услугите, доколку осигуреникот докаже, дека за неточноста или непотполноста на наведбите не дошло по негова вина.
4. Во случај, ако по склучување на договорот за осигурување се променат опасностите важни за околностите со соодветна пониска премија од договорената, осигуреникот може да побара, да со настапување на тие
околности, премијата се намали. Доколку за таа состојба осигуреникот го предупреди осигурувачот за повеќе од еден месец, премијата се намалува од добивањето на предупредувањето.
5. Доколку ризикот на осигурување се зголеми поради промените или новите норми или поради промена на судската пракса на повисокиот суд, осигурувачот во рок од една година од правосилноста на правните норми или од објавата на промените на промените на судска пракса, може со препорачано писмо:
5.1. да му понуди на осигуреникот промена на договорот за осигурување или
5.2. да го откаже договорот за осигурување со рок на откажување од еден месец. Доколку осигуреникот писмено не ги одбие понудените промени во рок од еден месец, важи дека со истото се согласува.
При одбивање важи, дека осигурувачот го откажал договорот. Во тој случај договорот престанува месец дена по приемот на одбивањето.
Во понудата на промени на договорот за осигурување, осигурувачот мора изречно да предупреди на тие правни последици.
За пресметка на премијата, се употребува член 15.3.2.
Промена на премијата и осигурената сума (прилагодување на вредноста)
Член 14
1. Премијата и осигурената сума се одредуваат по важечката тарифа за време на склучување на договорот. Се менуваат со промените на тарифата, кои се последица на заедничкиот
индекс на животните трошоци. Со секоја пресметка на тарифата следи и употреба на индексните броеви од последниот месец во кварталот (пресметковниот месец).
2. Промената на тарифата стапува на сила со главната втасаност на премијата, која настапува три месеци по пресметковниот месец. Премијата и сумата за осигурување се менуваат применувајќи го последниот важечки меродавен индекс. Доколку разликата е помала од пет проценти, промената не се извршува, но утврдената разлика се употребува кај подоцнежните промени. Доколку разликата изнесува повеќе од пет проценти и прилагодувањето покрај тоа делумно или целосно не се изврши, таа разлика може да се додаде во подоцнежните прилагодувања на вредноста.
3. Осигуреникот има право, без штета на
другите одредби на договорот, барем три месеци пред главната втасаност на премијата, да го откаже прилагодувањето на вредноста.
Доколку дојде по откажување на прилагодувањето на вредноста до зголемување на тарифата, обврската на осигурувачот се намалува во сооднос, кој одговара на платената премија и премијата, која осигуреникот по зголемувањето на тарифата би морал да ја плати.
Претпоставки за продолжување и предвремено престанување на договорот за осигурување
Член 15
1. Ако договорот е склучен барем на една година, неговото траење се продолжува за
една година, доколку договорот не е раскинат барем три месеци пред истекот. Доколку траењето на договорот е договорено за помалку од година дена, договорот престанува без раскинување.
2. Доколку осигурувачот докаже, дека некој осигурен ризик пред истекот на периодот за осигурување престанал, договорот на негово барање поради тој ризик предвремено престанува.
Доколку отпадне еден од повеќето осигурени ризици, договорот останува во сила во соодветно наведениот опфат.
Доколку со оглед на ризиците кои престанале, осигурувањето престанало да важи, осигурувачот има право на премијата за период од почетокот на траење на осигурувањето до добивањето на известувањето за престанок. Осигурувачот има право да пресмета попусти, кои ги дал поради траењето на осигурувањето.
3. Во врска со осигурениот случај, договорот за осигурување може да се раскине под следните претпоставки:
3.1. Осигуреникот може договорот да го раскине, доколку осигурувачот
- Одложува со потврдување на осигурителната заштита (член 9.1),
- Задоцни со одбивање на осигурителната заштита (член 9.1) или доколку осигурителната заштита се одбие без основа или бесправно,
- изјави, дека го одбива преземањето на трошоците во согласност со член
9.4 без наведување на причините и/или без можност за арбитражна одлука.
Раскинувањето мора да биде пријавено во рок еден месец по:
- истекот на рокот за потврдување и/или одбивање на осигурителната заштита (член 9.1),
- прием на неосновано и неоправдано одбивање на осигурителната заштита односно по приемот на одбивањето со оглед на преземањето на трошоците без основа или правна поука,
- правосилноста на поволната одлука во случај на тужба поради покритие.
Договорот може да се раскине со моментална важност или на крајот од тековниот период на осигурување.
Осигурувачот има право на премија, соодветен на изминатиот период на осигурување. Осигурувачот се откажува од пресметката на попусти на премија, кои ги дал поради продолжување на траење на договорот.
3.2. Осигурувачот поради заштита на заедницата на осигуреници, може пред надпросечните или неосновани побарувања на осигурувања, да го раскине договорот, доколку:
- Осигурителната заштита ја потврдил или извршил осигурителна давачка,
- Осигуреникот вложи барање со тајни намери или злонамерно,
- Осигуреникот намерно или со грубо невнимание го предизвика осигурениот случај.
Раскинувањето мора да биде поднесено во рок од еден месец по:
- Потврдување на осигурителната заштита,
- Извршени осигурувачки давачки,
- Свесноста , дека се работи за тајни намери, злонамерност или грубо невнимание.
Во принцип, раскинувањето е можно само со едномесечен рок за раскинување. Доколку осигуреникот поднесе барање со измама или тајна намера, осигурувачот може договорот веднаш да го раскине.
Осигурувачот добива премија за изминатиот период на осигурување. Осигурувачот се откажува од пресметката на попусти на премија, кои ги дал поради подолг период на траење на договорот.
4. Во случај, да осигурувачот дознае за инсолвентна постапка над сопственоста на осигуреникот, може во рок од еден месец договорот за осигурување да го раскине.
Форма на изјави Член 16
Известувањата и изјавите на осигуреникот кон осигурувачот, мора да бидат во писмена форма.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Правна заштита за обесштетување, кривична правна заштита, правна заштита на возачката дозвола, во согласност со договорот или без правна заштита за возилото за моторни возила
(правна заштита на возилото) Член 17
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита во согласност со секој договор има:
1.1. осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за сите копнени моторни возила и приклучни возила и моторни пловни објекти, кои не се употребуваат за стопански цели или
1.2. осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за сите копнени моторни возила и приклучни возила, кои се употребуваат за стопански и приватни цели и за сите пловни моторни објекти, кои не се употребуваат за стопански цели или
1.3. осигуреникот за една или повеќе полиси за наведените копнени моторни возила и приклучни возила, моторни пловни објекти и моторни летала, кои се во нивна сопственост, должни да се грижат за нив, на нив регистрирани или ги имаат на лизинг.
Осигурителната заштита кај сите три варијанти го опфаќа возачот и сопатниците во тие возила, кои имаат право на осигурување.
2. Што е
осигурено? Осигурителна та заштита опфаќа:
2.1. Правна заштита за обесштетување за спроведување на:
- Побарувања на приватноправните содржини врз основа на одредбите за одговорност за обесштетување поради претрпена штета, доколку настанала поради употреба на
моторно возило, употребувано во согласност со прописите.
Спроведувањето на побарувањата за обесштетување за службени или приватни превезени добра е реосигурено.
- Стварни предадени побарувања, кои се однесуваат на осигурените возила и опрема, за нестопанска употреба.
Со цел, да се спречат преклопувањата со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не го опфаќа спроведувањето на побарувањата од должничко-правните договори, исто така не покрива побарувања за чиста сопственичка штета, која е последица на кршење на договорните обврски и го надминува интересот за исполнување или е настаната поради кршење на преддоговорните обврски (можно е да се осигура според точка 2.4).
2.2. Кривично правна заштита
За одбрана во кривичните постапки пред судот или пред управните органи поради сообраќајна незгода или прекршување на сообраќајните прописи.
Под поимот »сообраќајни прописи« се подразбираат правни норми, кои ја уредуваат грижата за моторното возило и ја одредуваат употребата на моторното возило во согласност со прописите.
2.2.1. При одбраната во кривичната постапка поради сообраќајна несреќа постои осигурителна заштита:
2.2.1.1. во случај на обвинение за кривични дејствија, сторени од невнимание и пропуст, независно од резултатот на постапката;
2.2.1.2. во случај на обвинение на кривични дејствија, сторени со намера или невнимание, од спроведување од обвинението па натаму и тоа само тогаш, доколку се работи за конечно запирање на постапката, за правосилна одлука за кривично дејствие, сторено од небрежност;
2.2.2. Осигурителна заштита постои за советување и застапување кај случаите за одложување на кривичното гонење со укажување на државниот тужител и при исполнување на одредени задачи (отстранување на штета, плаќање на паричен надомест, извршување на некоја општокорисна работа и сл.), како и паушално надоместување на трошоците до 0,5% од осигурената сума и тоа само:
- Доколку осигуреникот се
предупреди за небрежните кривични дејствија x
- Од моментот на известување од страна на обвинителството за можност за одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител или од моментот на воспоставување на
контакт со порамнателот за вонсудско порамнување.
Во случај, да на осигуреникот му се наложени трошоци за експерт или преведувач, ангажирани од обвинителството, лимитот на трошоците се зголемува на 1 % од осигурената сума.
2.2.3. Во постапката за прекршок поради прекршување на сообраќајните прописи постои осигурителна заштита само тогаш, доколку одлуката за прекршокот одредува затворска казна (незаменска затворска казна) или парична казна, која надминува 0,2% од осигурената сума.
Во случај одлуката за прекршокот да наложува повеќе парични казни, постои осигурителна заштита за целосната постапка, доколку барем една од одредените казни надминува 0,2% од осигурената сума. Во случај да дојде до започнување на редовна постапка без издавање на одлука за прекршок, постои осигурителна заштита само доколку постапката е сопрена пред издавање на одлуката или доколку е одредена казна во согласност со првиот или овој став од точка 2.2.3.
Прекршувањето на сообраќајните прописи припаѓа под осигурителна заштита независно од типот на вината и независно од резултатот на постапката.
2.3. Правна заштита на возачката дозвола
за застапување во постапките на одземање на возачката дозвола или кај загрозено одземање на возачката дозвола во согласност со прописите за возачки дозволи, доколку постапката е последица на сообраќајна несреќа или сообраќаен прекршок.
Кај тие случаи осигурителната заштита опфаќа и застапување во постапките за повторно добивање на возачка дозвола.
Овие одредби има смисла да се употребуваат и кај случаите, кога предмет на таквите постапки се и други потврди за управување на возило.
2.4. Правна заштита на договорите за возилото за заштита на правните интереси во врска со:
2.4.1. Договори за осигурување и
2.4.2. Други должничко-правни договори, за возилата и приклучните возила, вклучувајќи ги резервните делови и опремата.
Како заштита на правните интереси од должничко-правните договори важи и спроведувањето на побарувањата или одбивање на побарувањата поради чисти финансиски штети, кои се последица на кршење на договорните обврски и кои го надминуваат интересот на исполнување или се последица на прекршувањето на преддоговорните обврски.
2.5. Проширено покритие кон точките од 2.1 до точка. 2.4.
Осигурителната заштита ги опфаќа:
- трошоците за постапките на жалба пред уставниот и управниот суд, а во врска со спроведување на
побарувањата за обесштетување (точка 2.1) или кривична постапка по сообраќајна несреќа (точка 2.2), како и кај постапките поради одземање на возачката дозвола (точка 2.3);
- во согласност со точка 2.4 и осигурување на правните интереси од должничко-доверителните договори и тоа во врска со:
- Наем на возила (без возачот) и при купување на други копнени моторни возила и приклучни возила или моторни пловни објекти, колку што за тие возила постои правна заштита во согласност со точка 1.1 или точка 1.2 и се во употреба во согласност со договорот од точка 1,
- Купување на копнено моторно возило или моторен пловен објект, кое ќе стане предмет на осигурителна заштита со истовремено склучување на осигурување од одговорност и осигурување на правна заштита или осигурувањето на правната заштита премине на тоа возило односно пловен објект,
- Оттуѓување од осигурување на одвоено возило или пловен објект, доколку во рок од шест месеци по откажувањето на овој договор настапи осигурен случај.
3. Што не е осигурено?
3.1. Кај правната заштита на возилото – покрај горенаведеното и во член 7 наведените слуачи – нема осигурителна заштита
- За возилото под наем без возач во согласност со точка 1.3, доколку истото не е посебно договорено;
- При учество на трки (како и при оценување на возење и рели) и при тренинг за таквиот тип возења;
3.2. Покрај тоа осигурителна заштита нема:
3.2.1. Кај правната заштита за обесштетување за спроведување на побарувањата за обесштетување поради клевета на углед и чест и за друга нематеријална штета, освен за телесни болки и штета поради загуба на роднини;
3.2.2. Кај кривичната правна заштита
- Во согласност со точка 2.2.1 во случај на обвинение поради намерно дејствие или небрежност, во случај на одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител и при исполнување на одредени задачи (отстранување на штета, плаќање на паричен надоместок, извршување на општокорисна работа и сл.);
- Во согласност со точка 2.2.3 при
предизвикување на намерно кршење на сообраќајниот пропис, доколку дејствието е извршено поради постигнување на комерцијална предност;
3.2.3. Кај правната заштита на возачка дозвола, доколку постапката е започната поради психички или телесни пречки;
3.2.4. За заштита на правните интереси помеѓу партнерите кај правната заштита за
обесштетување и кај спроведувањето на побарувањата за испорачување.
4. Кога отпаѓа осигурителната заштита?
4.1. Одредби чие прекршување значи дека осигурувачот е ослободен од своите обврски се:
4.1.1. Возачот да поседува важечка возачка дозвола;
4.1.2. Возачот во моментот на осигурениот случај да не е под влијание на алкохол, дрога или злоупотреба на лекарства и дека е подготвен да направи тест за дување, да се подложи на лекарски преглед и да дозволи одземање на крв;
4.1.3. Возачот по сообраќајната несреќа е подготвен соодветно да помага при законските обврски.
Обврските на осигурувачот кон осигуреникот и осигурените лица остануваат во сила, доколку истите за прекршувањето не ни знаеле, ниту морале да знаат.
4.2. Осигурувачот е ослободен од обврските за давачки поради кршење на обврските од точките 4.1.2 и 4.1.3 само тогаш, доколку наведената состојба е утврдена во изреката или во основаната правосилна пресуда или во одлуката на управниот орган, која е поврзана со осигурениот случај. Веќе извршените давачки се враќаат на осигурувачот.
5. Во кои случаи договорот за осигурување се продолжува и кога предвремено се прекинува?
5.1. Во случај, осигуреникот и осигурените лица во согласност со точка 1.1, или осигуреникот во согласност со точка 1.2, повеќе од месец дена да не се сопственици на моторните возила или да не се веќе должни да се грижат за нив, и не се веќе регистрирани на нив, или ги немаат на лизинг, осигуреникот може веднаш да побара раскинување на договорот за осигурување.
5.2. Доколку некое возило, осигурено во согласност со точка 1.3, е привремено исклучено од сообраќај, истото нема да влијае на договорот за осигурување. Доколку некој во согласност со точка 1.3 осигуреното возило го оттуѓи или доколку возилото повеќе не постои од други причини, осигурувањето од денот на службеното одјавување на првичното осигурено возило во рок од три месеци преоѓа на друго постоечко или ново купено возило од иста категорија (мотор, камион, посебно возило и сл.). За оттуѓувањето или престанокот на постоење на возилото, заедно со податоците за новото возило, треба да се извести осигурувачот во рок од еден месец. Доколку осигуреникот тоа не го стори, осигурувачот е ослободен од своите обврски, освен доколку новото возило добило регистарска ознака или за време на осигурен случај осигуреникот немал други возила, освен
оние, кои биле осигурени кај ист осигурувач.
Во случај, кога осигуреникот нема или не добил заменско возило или за тоа заменско возило не сака осигурување, има право договорот, со оглед на ризикот, веднаш да го раскине. Раскинувањето мора да го побара во рок од три месеци од службената одјава на осигуреното возило.
Правна заштита за обесштетување, кривична правна заштита, правна заштита за возачот на возилото (правна заштита на возачот)
Член 18
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита во согласност со договорот имаат
1.1. осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) или
1.2. осигуреникот
како возач на возилата, кои не се сопственост на едно од осигурените лица, не се регистрирани на нив и не се згрижени од нив или ги имаат на лизинг.
Како возило според тие услови се смета копнено моторно возило и приклучно возило, моторен пловен објект или моторно летало.
2. Што е
осигурено? Осигурителна та заштита опфаќа:
2.1. Правна заштита за обесштетување
за спроведување на побарувањата на приватно-правните содржини врз
основа на законските одредби за одговорноста од обесштетување поради претрпена штета, без влијание на возилото, управувано од осигуреникот.
2.2. Кривично-правна заштита
За одбрана во кривичните постапки пред судот или пред управните органи поради сообраќајна незгода или прекршување на сообраќајните прописи.
Под поимот »сообраќајни прописи« се подразбираат правни норми, кои ја уредуваат грижата за моторното возило и ја одредуваат употребата на моторното возило во согласност со прописите.
2.2.1. При одбраната во кривичната постапка поради сообраќајна несреќа постои осигурителна заштита:
2.2.1.1. во случај на обвинение за кривични дејствија, сторени од невнимание и пропусти, независно од резултатот на постапката;
2.2.1.2. во случај на обвинение на кривични дејствија, сторени со намера или невнимание, со
спроведување од обвинението па натаму и тоа само тогаш, доколку се работи за конечно запирање на постапката, за правосилна одлука за кривично дејствие, сторено од небрежност;
2.2.2. Осигурителна заштита постои за советување и застапување кај случаите на одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител и при исполнување на одредени задачи (отстранување на штета, плаќање на паричен допринос, извршување на некоја општокорисна работа и сл.), како и паушално надоместување на трошоците до 0,5% од осигурената сума и тоа само:
- Доколку осигуреникот се
предупреди за небрежните кривични дејствија x
- Од моментот на известување од страна на обвинителството за можност за одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител или од моментот на воспоставување на контакт со порамнувачот за вонсудско порамнување.
Во случај на осигуреникот да му се наложени трошоци за експерт или преведувач, ангажирани од обвинителството, лимитот на трошоците се зголемува на 1% од осигурената сума.
2.2.3. Во постапката за прекршок поради прекршување на сообраќајните прописи постои осигурителна заштита само тогаш, доколку одлуката за прекршокот одредува затворска казна (незаменска затворска казна) или парична
казна, која надминува 0,2% од осигурената сума.
Во случај одлуката за прекшокот да наложува повеќе парични казни, постои осигурителна заштита за целосната постапка, доколку барем една од одредените казни надминува 0,2% од осигурената сума.
Во случај, да дојде до воведување на редовна постапка без издавање на одлука за прекршок, постои осигурителна заштита само, доколку постапката е сопрена пред издавање на одлуката или доколку е одредена казна во согласност со првиот или вториот став.
Прекршувањето на сообраќајните прописи припаѓа под осигурителна заштита независно од типот на вина и независно од резултатот на постапката.
2.3. Правна заштита на возачката дозвола
за застапување во постапките на одземање на возачката дозвола или кај загрозено одземање на возачката дозвола во согласност со прописите за возачки дозволи, доколку постапката е последица на сообраќајна несреќа или сообраќаен прекршок.
Кај тие случаи осигурителната заштита опфаќа и застапување во постапките за повторно добивање на возачка дозвола. Овие одредби има смисла да се употребуваат и кај случаите, кога предмет на таквите постапки се и други потврди за управување на возило.
2.4. Проширено покритие
При спроведување на побарувањата за обесштетување или кај кривичната постапка поради сообраќајна несреќа, како и кај постапките на одземање на возачката дозвола, осигурителната заштита ги опфаќа и трошоците за жалбените постапки пред управните и уставните судови.
3. Што не е осигурено?
3.1. Кај правната заштита на возачот нема осигурителна заштита - покрај случаите од член 7 – како и учеството на трки (како и при оценување на возењето и рели) и при тренинг за таквиот тип возења.
3.2. Покрај тоа осигурителна заштита нема:
3.2.1. Кај правната заштита за обесштетување:
- за спроведување на побарувањата за обесштетување поради клевета на углед и чест и за друга нематеријална штета, освен за телесни болки и штета поради загуба на роднини;
- спроведување на побарувањата од должничко-правните договори, како и спроведување на побарувања или одбивање на побарувања поради чисти финансиски штети, кои се последица на прекршување на обврските од договорот и кои го надминуваат интересот на исполнување или се последица на кршење на преддоговорните обврски.
3.2.2. Кај кривичната правна заштитаЧ
- Во согласност со точка 2.2.1 во случај на обвинение поради намерно дејствие или небрежност, во случај на одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител и при исполнување на одредени задачи (отстранување на штета, плаќање на паричен надоместок, извршување на општокорисна работа и сл.);
- Во согласност со точка 2.2.3 при
предизвикување на намерно кршење на сообраќајниот пропис, доколку дејствието е извршено поради постигнување на комерцијална предност;
3.2.3. Кај правната заштита на возачка дозвола, доколку постапката е започната поради психички или телесни пречки.
4. Кога отпаѓа осигурителната заштита?
4.1. Одредби чие прекршување значи дека осигурувачот е ослободен од своите обврски се:
4.1.1. Возачот да поседува важечка возачка дозвола;
4.1.2. Возачот во моментот на осигурениот случај да не е под влијание на алкохол, дрога или злоупотреба на лекарства и дека е подготвен да направи тест со дување, да се подложи на лекарски
преглед и да дозволи одземање на крв;
4.1.3. По сообраќајната несреќа возачот да е подготвен соодветно да помага при законските обврски.
4.2. Осигурувачот е ослободен од обврските за давачки поради кршење на обврските од точките 4.1.2 и 4.1.3 само тогаш, доколку наведената состојба е утврдена во изреката или во основаната правосилна пресуда или во одлуката на управниот орган, која е поврзана со осигурениот случај. Веќе извршените давачки се враќаат на осигурувачот.
5. Кога предвремено престанува договорот за осигурување?
Во случај, да осигуреникот предупреди, дека за подолго време ќе му биде оневозможено да управува со возило или доколку повеќе нема да биде професионален возач, на негово писмено барање договорот се раскинува со оглед на ризикот.
Правна заштита советување Член 19
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, приватното, професионалното и/или стопанското подрачје.
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
1.1. На приватно подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за правни предмети, кои се во врска со приватното подрачје на живеење, значи не се поврзани со професионалната, стопанската или некоја друга профитабилна дејност;
1.2. на професионално подрачје осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за правни предмети, кои се непосредно поврзани со нивната несамостојна професионална дејност;
1.3. на стопанско подрачје
осигуреникот за правните работи, кои се поврзани со фирмата или непосредно со неговата дејност за фирмата.
2. Што е осигурено?
Осигурувањето ги опфаќа трошоците за усниот правен совет од страна на адвокат, избран од осигурувачот.
Советот може да се однесува на прашања од правната област од сите држави на Европската Унија, Швајцарија, Норвешка и Исланд.
Доколку советот се однесува на договорите за осигурување, кои осигуреникот ги има кај ист осигурувач на правна заштита, осигуреникот може сам да си избере адвокат, со седиште на подрачјето на општата судска надлежност на осигуреникот. Осигуреникот има право најмногу на еден совет месечно.
3. Што е осигурен случај?
Осигурен случај е веќе настаната или предвидена промена на правната состојба на осигуреникот, поради што е потребно правно советување.
Општа кривична правна заштита
Член 20
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, приватното, професионалното и/или стопанското подрачје.
4. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
4.1. На приватно подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за правни предмети, кои се во врска со приватното подрачје на живеење, значи не се поврзани со професионалната, стопанската или некоја друга профитабилна дејност;
4.2. на професионално подрачје осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) во својство на несамостоен вработен работник за осигурени случаи, кои се непосредно поврзани со нивната професионална дејност или се случуваат на пат кон и од работното место;
4.3. на стопанско подрачје
осигуреникот за осигурената фирма и сите работници во согласност со Законот за работни односи, за осигурени случаи кои се непосредно поврзани со фирмата или дејноста на фирмата или се случуваат на пат кон и од работното место.
5. Што е осигурено? Осигурителната заштита опфаќа:
2.1. одбрана во кривичните постапки пред судовите
2.1.1. во случај на обвинение за кривични дејствија, сторени од небрежност или пропуст, независно од резултатот на постапката;
2.1.2. кај дејствијата и пропустите, кои се казниви без оглед на тоа дали се сторени од небрежност или со намера; осигурителната заштита е за периодот пред обвинението,
доколку следи конечен престанок на постапката, правосилно ослободување или правосилна пресуда за кривично дејство, сторено од небрежност;
2.2. советување и застапување кај случаите на одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител и при исполнување на одредени задачи (отстранување на штета, плаќање паричен надомест, извршување на некоја општокорисна работа и сл.), како и евентуалните трошоци во паушал до вкупно 0,5% од осигурената сума, доколку:
- осигуреникот се предупреди за кривичните небрежни дејствија и
- од моментот на известување од страна на обвинителството за можноста за одложување на кривичното гонење со укажување на државниот обвинител или од моментот на воспоставување на контакт со порамнувачот за вонсудско порамнување.
Во случај на осигуреникот да му се наложени трошоци за експерт или преведувач, ангажирани од обвинителството, лимитот на трошоците се зголемува на 1% од осигурената сума.
2.3. одбрана во кривичните постапки пред управните органи
2.3.1. поради дејствија, сторени од небрежност или пропусти, независно од резултатот на
постапката, од првото дејствие на гонењето;
2.3.2. поради дејствија, сторени со намера или пропуст на дејствија, со важност од првото дејствие на гонењето па натаму и тоа само тогаш, ако дејствието или пропустот се казниви, и од небрежност, доколку следи правосилно ослободување или правосилна пресуда за дејствие, сторено од небрежност;
2.4. застапување кај дисциплинсите постапки од започнување на постапката.
2.5. доколку е посебно договорено, од обвинението па натаму постои осигурителна заштита за одбрана во кривична постапка пред судот и кај дејствието и пропустите, кои се казниви само, доколку се сторени со намера и со важност од започнување на постапката за одбрана во кривичната постапка пред управните органи, и во двата случаи, доколку следи конечно ослободување од гонење или правосилно ослободување.
3. Што не е осигурено?
3.1. Со цел да се спречи преклопување со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не ги опфаќа случаите, во кои осигуреникот и осигурените лица настапуваат како сопственик, одржувач, сопственик на регистрација, корисник на лизинг или како возач на копнено моторно возило и приклучно возило, моторен пловен објект или летало, вклучувајќи ги и
резервните делови и опрема (можно осигурување според членовите 17 и 18);
3.2. Кај кривичната правна заштита – покрај наведените случаи од член 7
- Осигурителна заштита не постои:
3.2.1. во случај на обвинение поради намерно дејствие или пропуст, казниво и доколку е сторено од небрежност, доколку дојде до прекинување на процесот поради порамнување во согласност со Законот за кривична постапка;
3.2.2. независно од резултатот од кривичната постапка кај обвиненијата поради дејствија или пропусти, кои се казниви само кај дејствија со намера (точка 2.5)
- за кривични дела против живот и тело и злосторства со смрт;
- кај казниви дејства против углед и чест;
- во случај на прекинување на процесот поради порамнување во согласност со Законот за кривична постапка;
- доколку со извршување на дејност стори кривично дејство со намера, и со повторувачко дејство си обезбеди постојан приход;
- доколку осигуреникот поради истото кривично дејство барем еднаш бил правосилно осуден;
- кај кривични дејства на осигурувачот против осигурени лица и обратно, како и кај
меѓусебните кривични дејствија на соосигурените лица.
4. Кога отпаѓа осигурителната заштита? Одредба чие прекршување последично значи дека осигурувачот е ослободен од своите обврски, е дека возачот во моментот на осигурениот случај не е под влијание на алкохол, дрога или злоупотреба на лекарства и дека е подготвен да направи тест за дување воздух, да се подложи на лекарски преглед и да дозволи одземање на крв.
Осигурувачот е ослободен од обврските за давачки поради кршење на тие обврски само тогаш, доколку наведената состојба е утврдена во изреката или во основаната правосилна пресуда или во одлуката на управниот орган, која е поврзана со осигурениот случај. Веќе извршените давачки се враќаат на осигурувачот.
Општа правна заштита за обесштетување Член 21
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, приватното, професионалното и/или стопанското подрачје.
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
1.1. На приватно подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за осигурени случаи, кои се во врска со приватното подрачје на живеење, значи не се поврзани со професионалната, стопанската или некоја друга профитабилна дејност;
1.2. на професионално подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) во својство на несамостоен вработен работник за осигурени случаи, кои се непосредно поврзани со нивната професионална дејност или се случуваат на пат кон и од работното место;
1.3. на стопанско подрачје
осигуреникот за осигурената фирма и сите работници во согласност со Законот за работни односи, за осигурени случаи, кои се непосредно поврзани со фирмата или дејноста на фирмата или се случуваат на пат кон и од работното место.
2. Што е осигурено? Осигурителната заштита опфаќа
2.1. Побарувања на приватно-правните содржини врз основа на одредбите за одговорност за обесштетување поради претрпена штета;
2.2. остварување на стварните побарувања за движнини во приватното и професионалното подрачје.
3. Што не е осигурено?
3.1. Со цел да се спречат преклопувањата со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не ги опфаќа:
3.1.1. случаите, во кои осигуреникот и осигурените лица настапуваат како сопственик, одржувач, сопственик на регистрација, корисник на лизинг или како возач на копнено моторно возило и приклучно возило, моторен пловен објект или летало, вклучувајќи ги и резервните делови и опрема
(можно осигурување според членовите 17 и 18);
3.1.2. остварувања на побарувањата за обесштетување или предавање помеѓу работодавачот и работникот во смисла на законските прописи за работни односи (можно е да се осигура според член 23);
3.1.3. остварувања на чисти финансиски штети против изведувачот на социјално осигурување (можно е да се осигура според член 24);
3.1.4. остварување на побарувањата од должничко-правните договори, како и остварување на побарувањата поради чисти финансиски штети, кои се последица на прекршувањата на договорните обврски и го надминуваат интересот за исполнување или се последица на прекршувањата на преддоговорните обврски (можно е да се осигура според член 22);
3.1.5. случаи, кои настапуваат кај осигуреникот како сопственик или сопственик на земјиште, згради или делови од зграда (можно е да се осигура според член 25);
3.1.6. остварување на чисти финансиски штети или побарувања во врска со наследно или семејно право (можно е да се осигура според член 26 или 27).
3.2. Покрај случаите наброени во член 7, на подрачјето на правна заштита нема осигурителна заштита на:
3.2.1. правната заштита за обесштетување поради клевета на углед и чест и други нематеријални штети, освен за телесни болки, штета поради повреда на достоинство, и штета поради загуба на роднини;
3.2.2. побарувања за обесштетување и испорачување помеѓу косопственици или доверители.
4. Кога отпаѓа осигурителната заштита?
Како одредби чии прекршувања имаат последица да го ослободат осигурувачот од своите обврски се дека возачот не е под влијание на алкохол, дрога или злоупотреба на лекарства и дека е подготвен да направи тест со дување, да се подложи на лекарски преглед и да дозволи одземање на крв.
Осигурувачот е ослободен од обврските за давачки поради кршење на тие обврски само тогаш, доколку наведената состојба е утврдена во изреката или во основаната правосилна пресуда или во одлуката на управниот орган, која е поврзана со осигурениот случај. Веќе извршените давачки се враќаат на осигурувачот.
Правна заштита од општото договорно
право Член 22
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, приватното, професионалното и/или стопанското подрачје.
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
1.1. На приватно подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за правни предмети, кои се во врска со приватното подрачје на живеење, значи не се поврзани со професионалната, стопанската или некоја друга профитабилна дејност;
1.2. на стопанско подрачје осигуреникот за осигурената фирма.
2. Што е осигурено?
2.1. Осигурителната заштита опфаќа заштита на правните интереси од:
2.1.1. договорите за осигурување на осигуреникот;
2.1.2. други должничко-правни договори на осигуреникот со оглед на недвижностите;
2.1.3. договори на осигуреникот со оглед на недвижностите.
Како заштита на правните интереси од должничко-правните односи се смета и остварување на побарувањата или враќање на побарувањата поради чисти финансиски штети, кои се последица на прекршување на договорните обврски и кои го надминуваат интересот на исполнување или се последица на прекршување на преддоговорните обврски.
Кај споровите од договорите за патување како патување се смета повеќедневно привремено отсуство од
местото на постојано живеалиште до најмногу осум недели.
2.2. На стопанско подрачје постои осигурителна заштита за заштита на правните интереси во согласност со точките 2.1.2 и 2.1.3 од овој член под следните претпоставки:
2.2.1. доколку спротивната страна на побарувањето приговори според основа или висина;
2.2.2. доколку и додека реалните или потврдуваните побарувања и против побарувања на договорните странки (заедно) од ист осигурен случај во смисла на член 2.3, не ја надминат договорената горна граница во договорот, независно од опфатот, формата и денот на спроведување. Побарувањата утврдени со ускладувањето не се важат додека побарувањата и утврдените противпобарувања со порамнување не ја надминуваат договорената горна граница. Осигурителна заштита се воспоставува, откако вкупните побарувања, уште пред судско разрешување, по плаќањето, порамнувањето или признавањето, паднат под договорената горна граница.
Осигурителната заштита
престанува во оној момент, кога по потврдената осигурителна заштита вкупните побарувања пораснат над договорената горна граница.
2.3. Доколку е посебно договорено, осигурителната заштита на стопанско подрачје, за разлика од точка 2.2.1 од овој член, опфаќа и наплата на неспорните побарувања (инкасо случаи), откако осигуреникот писмено ја повикал спротивната страна, да воспостави законска состојба. Делумните плаќања на спротивната страна, за разлика од член 6.6.6, најнапред се додаваат кон трошокот.
3. Што не е осигурено?
Со цел да се спречат преклопувањата со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не ја опфаќа заштитата на правните интереси:
3.1. од договори, кои ги опфаќаат копнените моторни возила и приклучни возила, моторни пловни објекти или моторни летала, вклучувајќи ги и резервните делови и опрема (можно осигурување според членот 17.2.4);
3.2. од работни односи и односи за стажирање (можно осигурување според членот 23);
3.3. од договорите за осигурување со носителите на социјално осигурување (можно осигурување според членот 24);
3.4. од договорите за управување со недвижности (можно осигурување според членот 25);
3.5. кај предметите во врска со наследно или семејно право (можно е да се осигура според член 26 или 27).
4. Период на чекање
Осигурителна заштита нема за осигурените случаи кои настапуваат пред истекот на три
месеци од договорениот почеток на осигурувањето.
Правна заштита на подрачјето на работно право
Член 23
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, професионалното и/или стопанското подрачје.
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен?
Осигурителна заштита имаат:
1.1. на професионално подрачје осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) како работодавач во согласност со прописите за работни односи, за осигурени случаи, кои се во непосредна врска со извршување на професијата или се случуваат на пат за работа или од работа;
1.2. на стопанско подрачје
осигуреникот како работодавач во согласност со прописите за работни односи, за осигурени случаи кои се во непосредна врска со осигурената фирма или со дејноста за фирмата или се случуваат на пат за работа или од работа.
2. Што е осигурено? Осигурителната заштита опфаќа:
2.1. заштита на правните интереси во постапките пред судовите поради спорови од работен однос
- помеѓу работодавачи и работници во врска со работниот однос или посредување на работа;
- помеѓу правни лица, кои не се носители на социјално осигурување, и кои обезбедуваат пензии, надомест, отпремнина или надоместоци на плата кај случаите на користење на годишен одмор, кои произлегуваат од сегашниот или претходен работен однос и помеѓу работниците, кои тие давачки ги побаруваат;
2.2. кај јавно-правните работни односи на заштитата на правните интереси кај работно-правните постапки, постапки во врска со плати и пензии, како и заштита на правните интереси против работодавачот во постапките пред судовите, а во врска со работниот однос;
2.3. пред започнување на судска или управна постапка
- трошоци за вонсудско решавање на спорот со помош на посредник (член 6.6.7);
- трошоци за вонсудска заштита на правните интереси до 1% од осигурената сума, доколку на тој начин или со помош на посредување конечно се заврши.
2.4. Проширено
покритие Осигурителната заштита опфаќа
- Вo случаj на нeсoлвeнтнoст на работодавачот, побарувањата се порамнуваат од масата за порамнување;
- Кај работните односи од јавно правно значение и трошоците за
жалбени постапки во управниот суд, до најмногу 2,5% од осигурената сума; доколку одлуката од прв степен нема редовно правно средство и жалбата до управниот суд е дозволена, лимитот на трошоци се зголемува до најмногу 5% од осигурената сума;
- Кај работните односи со органите на Европската Унија, и трошоците за заштита на правните интереси кај деловно правните постапки пред судовите на Европската Унија.
6. Што не е осигурено?
6.1. Со цел, да се спречат преклопувањата со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не опфаќа:
6.1.1. Заштита на правните интереси на правните лица во врска со спроведувањето на побарувањата за обесштетување во согласност со членовите 17.2.1 и 18.2.1 (можно е да се осигура според член 17 и 18);
6.1.2. Заштита на правните интереси од договорите за осигурување (можно е да се осигура според член 22).
6.2. Покрај неведените примери во член 7, кај правната заштита на подрачјето на работното право, осигурителна заштита нема за заштита на правните интереси од колективните работни права.
7. Период на чекање
Осигурителна заштита нема за осигурените случаи кои настануваат пред истекот на трите месеци од договорениот почеток на осигурување, освен кај побарувањата за
обесштетување во врска со несреќните случаи, кои се случиле по почетокот на осигурувањето.
Правна заштита на подрачјето на социјално осигурување
Член 24 Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот, приватното, професионалното и/или стопанското подрачје.
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
1.1. На приватно подрачје
осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) за осигурени случаи, кои се во врска со приватното подрачје на живеење, значи не се поврзани со професионалната, стопанската или некоја друга профитабилна дејност;
1.2. на професионално подрачје осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) во својство на несамостоен вработен работник за осигурени случаи, кои се непосредно поврзани со нивната професионална дејност или се случуваат на пат кон и од работното место;
1.3. на стопанско подрачје
осигуреникот за осигурената фирма и сите работници во согласност со Законот за работни односи, за осигурени случаи, кои се непосредно поврзани со фирмата или дејноста на фирмата или се случуваат на пат кон и од работното место.
2. Што е осигурено?
Осигурителната заштита опфаќа заштита на правните интереси на осигуреникот:
2.1. Во судските постапки
- Поради спорови со носителите на социјално осигурување со оглед на нивните осигурителни услуги (давачки);
- Поради спорови со оглед на парите потребни за помош на лицата;
2.2. Кај управните постапки пред носителите на социјално осигурување поради утврдување на обврските, оправданост, почеток и крај на социјалното осигурување, како и поради споровите со оглед на придонесите и надоместоците;
2.3. При итврдување на имотни штети против носителот на социјално осигурување.
2.4. Проширено покритие
Осигурителната заштита ги опфаќа и трошоците за жалба до управниот суд до најмногу 2,5% од осигурената сума.
3. Период на чекање
Осигурителна заштита нема за осигурени случаи кои настапуваат пред истекот на три месеци од договорениот почеток на осигурување, освен:
- Во врска со спроведување на побарувањата за обесштетување во согласност со точка 2.3;
- При спроведување на побарувањата поради несреќи, кои се случиле по почетокот на осигурувањето.
Правна заштита на подрачјето на недвижности Член 25
Осигурителната заштита го опфаќа, зависно од договорот:
- Подрачјето на сопствена или странска употреба;
- Во полисата наведеното земјиште, зграда (дел од зграда) или стан, кој се користи за домување или стопански цели (осигурен објект).
1. Кој е осигурен и во какво својство е осигурен? Осигурителна заштита имаат:
1.1. Во случај на сопствена употреба осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) во својство на сопственици, наемници или закупци или лично како стварни корисници на осигурениот објект, кој служи исклучиво за стамбени или стопански цели на осигурувачот или неговите роднини;
1.2. Во случај на странска употреба осигуреникот и неговите роднини (член 5.1) во својство на сопственици, наемодавачи или издавачи под наем на осигурениот објект, кој не служи за стамбени или стопански цели на осигурувачот или неговите роднини.
2. Што е осигурено? Осигурителната заштита опфаќа:
2.1. Заштита на правните интереси во постапките пред судовите
2.1.1. Поради договори за наем или закуп на осигурениот објект;
2.1.2. Поради договори за управување на осигурениот објект;
2.1.3. Поради стварни права на осигурениот објект.
Како заштита на правните интереси од договорите за наем или закуп се смета спроведувањето и враќањето на побарувањата поради чисти финансиски
штети, кои се последица на прекршувањата на договорните обврски и кои ги надминуваат интересите за исполнување или се последица на прекршување на преддоговорните обврски.
2.2. Пред започеток на судска постапка во согласност со точка 2.1.
- Трошоци за вонсудско решавање на спорот со помош на посредник (член 6.6.7);
- Трошоци за вонсудска заштита на правните интереси до 1% од осигурената сума, доколку предметот на тој начин или со помош на посредување конечно заврши;
2.3. Спроведување на побарувањата за обесштетување, кои се последица од штетата на осигурениот објект.
2.4. Проширено покритие
Во врска со заштитата на правните интереси од договорите за наем или закуп или договорите за управување, за разликата од одредбите на член 3.1, постои осигурителна заштита и за осигурените случаи кои настанале во рок од шест месеци по престанување на осигурениот објект. Во случај важноста на договорот да се продолжи за заменски објект, постои осигурителна заштита без период на чекање и за осигурените случаи, кои настапиле во рок од шест месеци по престанување на првичниот осигурен објект.
3. Што не е осигурено?
3.1. Со цел да се спречат преклопувањата со други комбинации на правна заштита, осигурителната заштита не опфаќа
правна заштита на правните интереси во врска со наследното или семејно право (можно е да се осигура според член 26 и 27).
3.2. Кај правната заштита на подрачјето на недвижности – покрај примерите наведени во член 7 – осигурителна заштита нема за:
3.2.1. Заштита на правните интереси во врска со стекнување или оттуѓување на сопственичките права или другите стварни права на осигурениот објект од страна на осигуреникот;
3.2.2. Заштита на правните интереси помеѓу сопствениците, помеѓу стварните корисници на осигурениот објект или сопственичките удели кај станбената сопственост.
4. Што е осигурен случај?
При судското утврдување на побарувања поради случувања, кои не се случиле ненадејно или произлегуваат од непосредната положба на соседно земјиште, се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога случувањето постапно започнало или би започнало да ги надминува вообичаените правила на местото. За сите други случаи важат одредбите од член 2.
5. Период на чекање
За осигурените случаи кои ќе се случат во рок од три месеци од почетокот на осигурувањето, нема осигурителна заштита освен во врска со утврдувањето на
побарувањата за обесштетување во согласност со точка 2.3.
Правна заштита на подрачјето на наследување Член 26
1. Кој е осигурен?
Осигурителна заштита имаат осигуреникот и неговите роднини (член 5.1).
2. Што е
осигурено? Осигурителнат а заштита опфаќа:
2.1. Заштита на правните интереси пред судовите
2.1.1. Во предметите од наследно право;
2.1.2. Во врска со нужните удели или изборни права;
2.1.3. Поради договори врзани во случај на смрт;
2.2. Пред започнување на судска постапка во согласност со точка 2.1.
- Трошоци за вонсудско посредување (член 6.6.7),
- Трошоци за вонсудска заштита на правните интереси до 1% од осигурената сума, доколку предметот на тој начин или со помош на посредување се заврши;
2.3. Спроведување на чисти финансиски штети, кои настануваат во врска со предметите во согласност со точките од 2.1.1 до 2.1.3.
3. Што не е осигурено?
Кај предметите од наследно право – покрај примерите наброени во член 7 – нема осигурителна заштита на правни интереси:
3.1. Во случај, кога наследувањето настапило пред почетокот на осигурување или во рок од една година по истото;
3.2. Кај предметите за наследување;
3.3. Кај обвиненијата во врска со поделба на сопственоста, добиена со наследување;
3.4. При утврдување на наследните побарувања, пренесени со договорот за наследство.
4. Период на чекање
Осигурителна заштита нема за осигурените случаи, кои се случиле во рок од шест месеци од договорениот почеток на осигурување, освен во врска со побарувањата за обесштетување во согласност со точка 2.3.
Правна заштита на подрачјето на семејно право
Член 27
1. Кој е осигурен?
Осигурителна заштита имаат осигуреникот и неговите роднини (член 5.1).
2. Што е
осигурено? Осигурителн ата заштита опфаќа:
2.1. Заштита на правните интереси пред судовите во врска со:
2.1.1. Предметите од правото за брак;
2.1.2. Правото помеѓу возрасни и деца;
2.1.3. Старателски права на трети лица;
2.1.4. Старателски права за хендикепирани лица.
Во вонпарничните постапки постои осигурителна заштита само за жалбените постапки против судските одлуки.
2.2. Пред започнување на судска постапка
- Трошоци за вонсудско посредување (чл. 6.6.7) во врска со
- Правата помеѓу возрасни и деца (точка 2.1.2),
- Старателски права на трети лица (точка 2.1.3);
- Трошоци за вонсудска заштита на правните интереси до 1% од осигурената сума, доколку предметот на тој начин или со помош на вонсудско посредување се заврши;
2.3. За време на судската постапка, трошоците за вонсудско посредување (чл. 6.6.7) во врска со
- Правата помеѓу возрасни и деца (точка 2.1.2);
- Старателски права на трети лица (точка 2.1.3),
Доколку пред почетокот на судска постапка посредувањето не е извршено;
2.4. трошоците за утврдување на чисти финансиски штети, кои настанале во врска со предметите во согласност со точките од 2.1.1 до 2.1.4.
3. Што не е осигурено?
Кај правната заштита на подрачјето од семејното право - покрај примерите наброени во член 7 – нема осигурителна заштита на правни интереси:
3.1. Кај разводите, поништување на брак или прогласување на неважност на брак;
3.2. Кај предметите, кои се поврзани со разводи, поништување на брак или со прогласување на неважност на брак, доколку осигурениот случај настане за време на постапката за разведување или во рок од една година по правосилноста на завршување на таа постапка.
Во предметите, кои во почетокот на постапката за развод, поништување или прогласување на неважност биле во тек и со тие предмети поврзани, осигурителната заштита престанува во моментот на започнување на постапката.
3.3. Кај предметите во врска со правата помеѓу возрасните и децата, доколку осигурениот случај настапил во рок од една година по престанување на семејната заедница на родителите, кои во таа заедница живееле;
3.4. Кај предметите на утврдување или негирање на татковство или дејството, дека е детето е од бракот или вонбрачно и кај предметите, кои се поврзани со тие постапки, доколку од почетокот на осигурувањето изминало помалку од девет месеци пред раѓањето на детето;
3.5. При спроведување на побарувањата за наплата од правата за старателство.
4. Што се смета за осигурен случај?
Важат одредбите од член 2.3.
Во случај да не се работи за прекршување според член 2.3 и заштитата на правните интереси е потребна, под осигурен случај се смета – независно од одредбите на член 2.3
– случајот, кој последично предизвикува промена на правната состојба на осигуреникот, кој е причина за потребата на заштита на неговите правни интереси. Доколку се работи за повеќе случаи, како
осигурен случај се смета првиот случај, поради кој е потребна заштита на истите правни интереси.
5. Период на чекање
Осигурителна заштита нема за осигурените случаи, кои се случиле во рок од шест месеци од договорениот почеток на осигурување, освен во врска со побарувањата за обесштетување во согласност со точка 2.4
ПРАВНА ПОУКА
Член 28
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување да достави претставка во однос на друштвото.