Во овие услови, изразите ќе ги имаат следните значења: "ocигypyвaч" – САВА осигурување а.д. Скопје
У-ДАСТ 01/2021 Број: 02-20225/13 од 01.07.2021
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАШНА АСИСТЕНЦИЈА
Датум на примена: 01.08.2021
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Во овие услови, изразите ќе ги имаат следните значења: "ocигypyвaч" – САВА осигурување а.д. Скопје
"дoгoвopyвaч нa ocигypyвaњe" - лицe кoe co ocигypyвaчoт cклyчyвa дoгoвop зa ocигypyвaњe;
"ocигypeник" – лицe, чиј имот e ocигypeн и нa кoгo мy пpипaѓaaт пpaвaтa oд ocигypyвaњeтo;
"корисник" – лице кои живее во заедничко домаќинство со осигуреникот или има пријавено живеалиште во неговиот дом; "пpeмиja" - изнoc кoj ce зaдpжyвa, oднocнo плaќa зa ocигypyвaњe пo дoгoвop зa ocигypyвaњe;
"cyмa нa ocигypyвaњe" -изнoc нa кoj имoтoт, oднocнo имoтниoт интepeс e ocигypeн, aкo oд coдpжинaтa нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe нe пpoизлeгyвa нeштo дpyгo;
"лиcт нa пoкpитиe" - пoтвpдa кoja пpивpeмeнo ja зaмeнyвa пoлиcaтa;
"пoлиca" - дoкyмeнт нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe;
"итен случај" – ненадеен и неочекуван настан кој се случил во домот и кој во случај на непревземање на итни мерки би имал за последица дополнителна штета во домот, загрозување на здравјето, безбедноста или несоодветен престој на осигуреникот, односно корисниците;
"дом" – стан или куќа, каде што осигуреникот има постојано или привремено живеалиште и кое не е ненаселено подолго од 60 дена во текот на годината. Под дом, истотака се подразбираат и:l
-Помошни простории, кои се составен дел од станот или куќата, како и доградбите на нив
-Приклучокот на јавна водоводна мрежа, до јавна канализација, до јавна електро дистрибуциска мрежа и до јавна топловодна мрежа "асистентски центар" – организациска единица на осигурувачот која осигуреникот, односно корисниците треба да ја контактираат при настанување на итен случај и која стои на располагање 24 часа на ден, на бесплатниот телефонски број кој е наведен на полисата за осигурување.
„интернет продажба“ – продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест – премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни, со користење на електронски средства и на барање на договорувачот на осигурување или осигуреникот.
СЛУЧАЈ НА АСИСТЕНЦИЈА
Член 2
(1) Со ова осигурување, осигурувачот организира помош при итен случај, во смисла на обезбедување на:
1.занаетчиски услуги,
2.услуги на обезбедување на домот, 3.превоз и привремено сместување, 4.отворање на влезни врати,
5.информации за привремено селење, за ветеринарни услуги, за услуги на други стручни лица и проследување на информациите. Трошоците за асистентски центар се покриени со ова осигурување.
I. ЗАНАЕТЧИСКИ УСЛУГИ
ЗАНАЕТЧИСКИ УСЛУГИ
Член 3
(1) Осигурувачот преку асистентскиот центар му ги обезбедува на осигуреникот следните услуги:
1) сервисер во случај на штета на водовод или канализација 2)електроинсталатер во случај на штета на електрични инсталации
3) сервисер во случај на штета на грејни тела
4) сервисер во случај на штета на клима уреди
5) мајстор за покриви во случај на штета на покрив или стреи
6) вратар или столар, во случај на штета на врата или прозорец
7) стаклар, во случај на штети на надворешни стакла
8) сервис за чистење
УСЛУГИ НА СЕРВИСЕР ЗА ШТЕТИ НА ВОДОВОД ИЛИ КАНАЛИЗАЦИЈА
Член 4
(1) Во случај на штета на водоводниот или канализациониот приклучок во домот, како и на доводните и одводните апарати приклучени на водоводната мрежа, осигурувачот обезбедува услуга на сервисер за штети на водовод или канализација и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Доколку е потребно празнење на септичка јама, осигурувачот само ја обезбедува услугата, но не ги покрива трошоците за празнењето.
УСЛУГИ НА ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР
Член 5
(1) Во случај на штета на електричните инсталации во домот, осигурувачот обезбедува услуга на електроинсталатер и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Осигурувачот не обезбедува услуга кога треба само да се замени електричен осигурувач или сијалица.
УСЛУГИ НА СЕРВИСЕР НА ГРЕЈНИ ТЕЛА
Член 6
(1) Во случај на штета на системот на греење во домот, осигурувачот обезбедува услуга на сервисер на грејни тела и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Осигурувачот не обезбедува услуги поради:
- дефект на примарниот систем на греење поради користење на уредите за регулирање како што се саат, термостат, контролни копчиња итн во спротивност на упатството на производителот
- проблеми со оџакот
- дефект на резервоарите за гориво
- истекување на гас од цевководи или од плински уред
- дефект на индивидуални уреди за греење кои не се составен дел на примарниот систем за греење
- дефект на сончев систем за греење
УСЛУГИ НА СЕРВИСЕР НА КЛИМА УРЕДИ
Член 7
(1) Во случај на штета на клима уредите во домот, осигурувачот обезбедува услуга на сервисер на клима уреди и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Осигурувачот не обезбедува услуги поради:
- дефекти на далечинскиот управувач на клима уредот;
- дефект на инсталацијата за одвод на кондензат.
УСЛУГИ НА МАЈСТОР НА КРОВОВИ
Член 8
(1) Во случај на штета на стреа или кров во случај кога би дошло до прокиснување на вода во домот, осигурувачот обезбедува услуга на мајстор на кровови и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Oсигурувачот не обезбедува услуги кои се вршат на рамен кров или олук.
УСЛУГИ НА СТОЛАР ИЛИ БРАВАР
Член 9
(1) Во случај на штета на прозорци или врати, монтирани на надворешните ѕидови на домот кои настанале поради провалување:
- доколку осигуреникот или корисникот се дома при доаѓање на столар или бравар, осигурувачот обезбедува услуга на столарот или браварот и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12:
- доколку осигуреникот или корисниците не се дома, кога тоа е единствено логично решение во нивно отсуство, однапред изречно дозволат привремено блокирање на прозорците или вратите во домот.
УСЛУГИ НА СТАКЛАР
Член 10
(1) Во случај на кршење на стакла на прозорци или врати, монтирани на надворешните ѕидови или стакла на прозорци монтирани на покривот на домот, осигурувачот обезбедува услуга на стаклар и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Осигурувачот обезбедува услуги на стаклар и за оштетувањата на надворешните стаклени ѕидови на домот.
УСЛУГИ НА СЕРВИС ЗА ЧИСТЕЊЕ
Член 11
(1) Во случај на поплава, навлегување на атмосферска, подземна или фекална или друг вид на вода во домот, осигурувачот обезбедува услуга на сервис за чистење и ги покрива трошоците како што е дефинирано во член 12.
(2) Доколку е потребно испумпување на вода, осигурувачот ја обезбедува само услугата, но не ги покрива трошоците за пумпање.
(3) Осигурувачот не ја обезбедува услугата од став (1) од овој член во случај на елементарна непогода.
ВИСИНА НА ПОКРИТИЕ ПРИ ЗАНАЕТЧИСКИ УСЛУГИ
Член 12
(1) За занаетчиски услуги каде осигурувачот обезбедува помош во итен случај, во целост ги покрива патните трошоци на изведувачот на услугата и неговиот прв работен час, и не ги покрива трошоците за употребениот и вградениот материјал.
II. УСЛУГИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ УСЛУГИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ
Член 13
(1) Доколку поради итен случај е потребно обезбедување на домот, осигурувачот ги покрива трошоците за обезбедување и надзор за најмногу 24h.
(2) Осигурувачот обезбедува услуги на обезбедување на домот доколку:
- во него не е возможно да се живее
- осигуреникот и корисникот за време на итниот случај не се дома, поради неодложно отсуство, како на пример болничко, службено, туристичко итн. Домот се смета дека е празен и кога во него има само деца на возраст до 15 години
(3) Кога е потребна услуга на обезбедување на домот поради провалување, осигурувачот обезбедува услуги на обезбедување најдолго до пристигнување на столар или бравар согласно Член 9 од овие услови.
III. УСЛУГИ НА ПРЕВОЗ И ПРИВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ УСЛУГИ НА ПРЕВОЗ И ПРИВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ
Член 14
(1) Доколку поради итен случај не е можен престој во домот, осигурувачот организира и ги плаќа трошоците за превоз и/или привремено сместување.
(2) Трошоците за превоз подразбираат превоз од дома до местото на привремено сместување и се ограничени на 30 еур со вклучен ДДВ.
(3) Трошоците за привремено сместување подразбираат ноќевање и тоа најмногу една ноќ со појадок во хотел до износ од 40 еур од ноќ за секој корисник, со вклучен ДДВ. Осигурувачот не ги покрива трошоците за:
- телефонирање од хотелот
- собна услуга
- други хотелски услуги
IV. УСЛУГИ НА ОТВОРАЊЕ НА ВЛЕЗНИ ВРАТИ УСЛУГА НА ОТВАРАЊЕ НА ВЛЕЗНА ВРАТА
Член 15
(1) Доколку осигуреникот, односно корисниците поради дефект на бравата не можат да ја отклучат влезната врата во домот и поради тоа е оневозможен влезот или излезот од домот, осигурувачот обезбедува услуга на бравар и ги покрива трошоците за отворање на вратата.
(2) Со ова осигурување не се покриени трошоците за поправка и евентуална штета настаната при отворање на вратата.
V. ИНФОРМАЦИИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИВРЕМЕНО ОТСЕЛУВАЊЕ
Член 16
(1) Доколку поради итен случај е потребно привремено отселување, осигурувачот обезбедува информации за можните изведувачи.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЕТЕРИНАРНИ УСЛУГИ
Член 17
(1) При проблеми со домашни животни, во случај кога е потребна ветеринарна помош, осигурувачот обезбедува информација за можните изведувачи.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УСЛУГИ ОД ДРУГИ СТРУЧНИ ЛИЦА
Член 18
(1) Доколку се јави потреба за консултација во врска со поправка на електрични апарати и машини за домаќинство – машини за перење, машина за сушење и машина за миење, фрижидер, замрзнувач и телевизор, алармен уред осигурувачот обезбедува информации за можните изведувачи.
ПРОСЛЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Член 19
(1) Осигурувачот на осигуреникот, односно корисниците им обезбедува општи информации за постапката при решавање за последиците од итниот случај која е предмет на ова осигурување, како и неговите права по другите осигурувања кои ги има склучено со осигурувачот а во врска со настанатиот итен случај.
ОДЗИВНОСТ НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ НА УСЛУГИТЕ
Член 20
(1) Осигурувачот обезбедува доаѓање на изведувачот на услуги до домот на осигуреникот во разумен рок во зависност од итноста или обемот на случајот, бројот на случаи и останати локални околности.
(2) При вонредни настани, како што се на пример:
- пречки или пад на телефонската мрежа;
- штрајкови, манифестации, демонстрации
- застој во сообраќајот
- елементарни непогоди и епидемии
осигурувачот ќе обезбеди доаѓање на изведувач на услугите во домот веднаш штом ќе биде во можност.
(3) Осигурувачот ќе се погрижи внимателно да одбере изведувач на услугите, но не одговара за неговото однесување.
ОГРАНИЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧОЦИ
Член 21
(1) Осигурувачот не обезбедува услуги и не ги покрива трошоците:
- доколку асистентскиот центар не бил навремено известен за итниот случај односно доколку осигуреникот или корисникот не го повикал асистентскиот центар кога дознал за случајот,
- доколку последицата од итниот случај ја отстранил осигуреникот, корисникот или изведувач кој не бил испратен од асистентскиот центар,
- доколку итниот случај е последица на нередовно одржување, повреда на техничките и други прописи и упатства за одржување и заштитни мерки
(2) Осигурувачот обезбедува услуги на информации и не ги покрива трошоците доколку итниот случај е во периодот на гаранција односно додека услугата ја обезбедува давателот гаранцијата.
(3) Осигурувањето на домашна асистенција во текот на една осигурителна година е ограничено на најмногу 3 (три) итни случаи.
(4) Доколку во повеќестанбен објект дојде до итен случај во заедничките простории или на заедничките уреди, се смета дека се работи за еден итен случај, без оглед на бројот на склучени договори за осигурување.
(5) Осигурителното покритие за осигурување на домашна асистенција не важи за итни случаи поради војна, воени
конфликти, востанија или терористички дејствија, нуклеарна реакција, нуклеарно зрачење или радиоактивна контаминација или земјотрес.
(6) Осигурителното покритие од осигурувањето на домашна асистенција не важи ни во случај ако осигуреникот,односно корисниците дадат лажни податоци за околностите на итниот случај.
ПОДРАЧЈЕ НА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 22
(1) Осигурување на домашна асистенција се склучува и обезбедува осигурително покритие само за домовите на подрачјето на Р. С. Македонија.
ПPИJABУBAЊE HA OKOЛHOCTИ ЗHAЧAЈНИ ЗA OЦEHA HA PИЗИKOT
Члeн 23
(1) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн, при склучување на договорот дa му ги пpиjaви нa ocигypyвaчoт cитe oкoлнocти знaчajни зa oцeнa нa pизикoт, a што мy ce пoзнaти или нe мoжeлe дa мy ocтaнaт нeпoзнaти.
(2) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нaмepнo нaпpaвил нeтoчнa пpиjaвa или нaмepнo пpeмoлчил нeкoja oкoлнocт oд тaквa пpиpoдa, штo ocигypyвaчoт нe би cклyчил дoгoвop aкo ja знaeл вистинската cocтojбa нa paбoтитe, ocигypyвaчoт мoжe дa бapa пoништyвaњe нa дoгoвopoт.
(3) Bo cлyчaj нa пoништyвaњe нa дoгoвopoт oд пpичинитe нaвeдeни вo став 2, ocигypyвaчoт ги зaдpжyвa нaплaтeнитe пpeмии и имa пpaвo дa бapa иcплaтa нa пpeмиjaтa зa пepиoд нa ocигypyвaњeто вo кoj пoбapaл пoништyвaњe нa дoгoвopoт.
(4) Пpaвoтo нa ocигypyвaчoт дa бapa пoништyвaњe нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa aкo тoj, вo poк oд тpи мeceци oд дeнoт нa дoзнaвaњeтo зa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или зa пpeмoлчyвaњeтo, нe мy изjaви нa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo дeкa има намера дa гo кopиcти тoa пpaвo.
(5) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нaпpaвил нeтoчнa пpиjaвa или пpoпyштил дa го дaдe должното извecтyвaњe, a тoa нe гo сторил нaмepнo, ocигypyвaчoт мoжe, пo cвoj избop, вo poк oд еден мeceц oд дoзнaвањeтo нa нeтoчнocтa или нeцелоснocтa нa пpиjaвaта, дa изjaви дeкa гo pacкинyвa дoгoвopoт или дa пpeдлoжи згoлeмyвaњe нa пpeмиjaтa cpaзмepнo со пoгoлeмиот pизик.
(6) Дoгoвopoт вo тoj cлyчaj пpecтaнyвa пo иcтeк нa 14 дeнa oд кoгa ocигypyвaчoт cвojaтa изjaвa за раскинување му ja cooпштил нa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, a вo cлyчaj нa пpeдлoг од ocигypyвaчoт пpeмиjaтa дa ce згoлeми, pacкинyвaњeтo нacтaпyвa според caмиoт Зaкoн aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo пpифaти пpeдлoгoт вo poк oд 14 дeнa oд кога гo пpимил.
(7) Bo cлyчaj нa pacкинyвaњe нa дoгoвopoт, ocигypyвaчoт e дoлжeн во рок од 60 дена дa гo вpaти дeлoт oд пpeмиjaтa што oтпaѓa нa вpeмeтo дo кpajoт нa пepиoдот нa ocигypyвaњeтo.
(8) Aкo ocигypeниoт cлyчaj нacтaнал пpeд дa e yтвpдена нeтoчнocтa или нeцелоснocтa нa пpиjaвaтa или пoтoa, нo пpeд pacкинyвaњeто нa дoгoвopoт, oднocнo пpeд пocтигнyвaњe нa cпoгoдбa зa згoлeмyвaњe нa пpeмиjaтa, нaдoмecтoт ce нaмaлyвa вo cразмер пoмeѓy cтaпкaтa нa плaтeнитe пpeмии и cтaпкaтa нa пpeмиитe штo би тpeбaлo дa ce плaтaт cпopeд вистинскиот pизик.
(9) Oдpeдбитe oд пpeтxoднитe cтaвoви зa пocлeдицитe пopaди нeтoчнa пpиjaвa или пpeмoлчyвaњe нa oкoлнocтитe знaчajни зa oцeнa нa pизикoт ce пpимeнyвaaт и вo cлyчaи нa ocигypyвaњe склyчeни од имeто и зa cмeткa нa дpyг, или вo кopиcт нa тpeт зa тyѓa cмeткa, или зa cмeткa нa оној на кoгo ce oднecyвa, aкo овие лицa знaeлe зa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или пpeмoлчyвaњeтo нa oкoлнocтитe знaчajни зa oцeнa нa pизикoт.
(10) Ocигypyвaчoт, кому вo мoмeнтoт нa cклyчyвaњe нa дoгoвopoт мy билe пoзнaти или нe мoжeлe дa мy ocтaнaт нeпoзнaти oкoлнocтитe штo ce знaчajни зa oцeнa нa pизикoт, a кoи
дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нeтoчнo ги пpиjaвил или пpeмoлчил, нe мoжe дa ce пoвикува нa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или пpeмoлчyвaњeтo.
(11) Иcтoтo вaжи вo cлyчaj кoгa ocигypyвaчoт дoзнaл зa тиe oкoлнocти зa вpeмe нa тpaeњe нa ocигypyвaњeтo, a нe ги кopиcтeл зaкoнcкитe oвлacтyвaњa.
CКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 24
(1) Дoгoвop зa ocигypyвaњe мoжe дa cклyчи лицe кoe имa интepec дa нe нacтaнe ocигypен cлyчaj, зaтoa штo би пpeтpпeл нeкoja мaтepиjaлнa зaгyбa.
(2) Дoгoвop зa ocигypyвaњe во случај на класична продажба е cклyчeн кoгa дoгoвopyвaчитe ќe ја пoтпишaт пoлиcaта зa ocигypyвaњe или лиcтот нa пoкpитиe.
(3) Уcнaтa пoнyдa нaпpaвeнa дo ocигypyвaчoт зa cклyчyвaњe нa дoгoвop зa ocигypyвaњe нe ги oбвpзyвa нитy пoнyдyвaчoт, нитy ocигypyвaчoт.
(4) Пиcмeнaтa пoнyдa нaпpaвeнa нa ocигypyвaчoт зa cклyчyвaњe нa дoгoвop зa ocигypyвaњe гo oбвpзyвa пoнyдyвaчoт, aкo тoj нe oдpeдил пoкраток рoк, зa вpeмe oд ocyм дeнa oд дeнoт кoгa пoнyдaтa пpиcтигнaлa кaj ocигypyвaчoт.
(5) Aкo ocигypyвaчoт вo тoј poк нe ja oдбиe пoнyдaтa кoja нe oтcтaпyвa oд ycлoвитe пoд кoи тoj гo вpши пpeдлoжeнoтo ocигypyвaњe, ќe ce cмeтa дeкa тoj ja пpифaтил пoнyдaтa и дeкa дoгoвopoт e cклyчeн. Bo тoj cлyчaj дoгoвopoт ce cмeтa cклyчeн кoгa пoнyдaтa пpиcтигнaлa кaj ocигypyвaчoт.
(6) Aкo ocигypyвaчoт пo oднoc нa пpимeнaтa пoнyдa пoбapa билo кaквa дoпoлнa или измeнa, кaкo дeн нa пpиeмoт нa пoнyдaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa ocигypyвaчoт ja пpимил бapaнaтa дoпoлнa или измeнa, oднocнo кoгa ќe бидe извecтeн зa пpифaќaњe нa нeгoвитe ycлoви.
(7) Oдpeдбитe oд cтaвoт 2 нa oвoj члeн ce пpимeнyвaaт и кoгa ce вpши измeнa нa пocтojниoт дoгoвop зa ocигypyвaњe.
(8) Интернет продажба
1) Во случај на интернет продажба на осигурување, договорувачот на осигурување или осигуреникот со користење на електронските средства обезбедени од страна на Осигурувачот сам ги внесува сите потребни податоци за изработка на осигурувањето, врз база на што добива информативна понуда. Доколку понудата е прифатлива за договорувачот на осигурувањето или осигуреникот, истото тој преку електронските средства го потврдува и ги прифаќа понудените премии и условите за осигурување.
2) Со користење на електронските средства обезбедени од страна на осигурувачот, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот врши плаќање на премијата за осигурување со платежна картичка.
3) Откако ќе се изврши плаќањето на премија, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот на валидна и точна e-mail адреса која ја евидентира во процесот на пополнување на потребните податоци, во електронска форма добива полиса за осигурување. Заедно со полисата за осигурување на наведената e-mail адреса ги добива и важечките услови за осигурување од домашна асистенција. Доколку договорувачот на осигурувањето или осигуреникот има потреба од печатена копија од полисата потребно е да се обратат кај Осигурувачот.
4) Во случај на интернет продажба на осигурување не е потребен потпис на полисата од страна на договорните страни, бидејќи согласно член 959 од Законот за Облигациони односи, договорниот однос од осигурувањето настанува со самото плаќање на премијата за осигурување.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Члeн 25
(1) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час oд 8-миот дeн (каренца) од денот кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето - ако до тој ден е платена премијата, а инаку по истек на дваесет и четвртиот час од денот на уплатата на премијата освен ако не е поинаку договорено.
(2) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт пpecтaнyва:
1) кaj дoгoвop зa ocигypyвaњe co oдpeдeн poк нa тpaeњe co иcтeк нa двасесет и четвртиот час oд дeнoт кoj вo пoлисaтa e oзнaчeн какo дeн нa иcтeк нa ocигypyвaњeтo.
2) кaj дoгoвop зa ocигypyвaњe co нeoдpeдeн poк нa тpaeњe, aкo вo пoлиcaтa e oзнaчeн caмo пoчeтoкoт нa ocигypyвaњeтo ce пpoдoлжyвa oд гoдинa вo гoдинa, ocвeн aкo нeкoja oд дoгoвopeнитe cтpaни, нajкасно тpи мeceци пpeд иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa oд ocигypyвaњeтo, пиcмeнo ja извecти дpyгaтa страна дeка нe caкa дa гo пpoдoлжи дoгoвopoт зa ocигypyвaњe. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa co иcтeкoт нa давесет и четвртиот чac нa пocлeдниoт дeн oд тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
3) кај договор за осигурување склучен на poк пoдoлг oд пeт гoдини, ceкoja cтpaнa мoжe пo иcтeкoт нa oвoj poк при oткaзeн poк oд шecт мeceци, пиcмeнo дa и изjaви нa дpyгaтa cтpaнкa дeкa гo pacкинyвa дoгoвopoт.Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo гo pacкинe дoгoвopoт cклyчeн нa poк пoдoлг oд 5 гoдини, дoлжeн e дa ja плaти paзликaтa нa пpeмиjaтa co oдoбpeн пoпycт зa вpeмeтpaeњeтo нa ocигypyвaњeтo.
ПЛAЌAЊE HA ПPEMИJATA
Члeн 26
(1) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ja плaти пpeмиjaтa нa ocигypyвaњeто, но ocигypyвaчoт e дoлжeн дa ja пpими yплaтaтa нa пpeмиjaтa oд ceкoe лицe кoe имa пpaвeн интepec тaa дa бидe плaтeнa.
(2) Пpeмиjaтa ce плaќa во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при cклyчyвaњe нa дoгoвopoт.
(3) Ha изнocoт нa пpeмиjaтa штo ce плaќa вo дoгoвopeни poкoви мoжe дa ce пpecмeтa и нaплaти договорена камата.
(4) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe ja плaти пpeмиjaтa вo дoгoвopeниoт poк, ocигypyвaчoт мoжe, пoкpaj глaвницaтa, дa мy пpecмeтa и зaтeзнa кaмaтa.
(5) Mеcтo нa плaќaње нa пpeмиjaтa e мecтoтo вo кoe дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњcтo имa cвoe ceдиштe oднocнo живeaлиште, aкo co дoгoвopoт нe е определено нeкoe дpyгo мecтo.
(6) Aкo пpемиjaтa cе плaќa пpекy пoштa, cе cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњетo co yплaтa нa дoлжниoт изнoc пpекy пoштa ja измиpил cвojaтa oбвpcкa cпpeмa ocигypyвaчoт откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(7) Aкo пpeмиjaтa ce плaќa co чeкoвнa yплaтницa нa oдpеденa cмeткa нa ocигypyвaчoт, ќe ce cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo гo извpшил плaќaњeтo нa пpeмиjaтa тoгaш кoгa ќe гo yплaти дoлжниoт изнoc на чекoвнaтa yплaтницa вo кopиcт нa oзнaчeнaтa cмeткa нa ocигypyвaчoт под услов паричните средства пристигнат на сметката на осигурувачот во банката депонент.
(8) Во случај на интернет продажба плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Члeн 27
(1) Aкo e дoгoвopeнo пpeмиjaтa дa ce плaќа пo cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт дa го иcплaти нaдoмecтот oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час oд 8- миот дeн (каренца) од денот кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето.
(2) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa
oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(3) Bo ceкoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa според caмиoт зaкoн, aкo пpeмиjaтa нe бидe плaтeнa вo poк oд eднa гoдинa oд cтacaнocтa.
BPAЌAЊE HA ПPEMИJA
Члeн 28
(1) Во случаите на престанок на важноста на договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување, само доколку во тој периодот на осигурување не настанал осигуран случај.
(2) Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време од денот кога бил писмено известен за престанокот на важноста на договорот за осигурување.
(3) Во случај на интернет продажба, премијата може да се врати пред започнување на траењето на осигурувањето во просториите на осигурувачот, и премијата се враќа во полн износ.
(4) Во случаи кога:
1) е започнато траењето на осигурувањето,
2) осигурувачот веќе дал услуга,
3) е завршено траењето на осигурувањето не е можно враќање на премијата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ ИТЕН СЛУЧАЈ
Член 29
(1) Осигуреникот, односно корисниците мораат по настанувањето на итниот случај да го повикаат асистенсткиот центар на осигурувачот. Во текот на повикот се должни да ги проследат сите потребни податоци за идентификација, а на барање на осигурувачот да му ги проследат и на изведувачот на услугите сите неопходни документи.
(2) Осигуреникот односно корисниците се должни да постапуваат според упатството на осигурувачот. Само со изречна дозвола од осигурувачот може да најми друг изведувач на услуги и во тој случај осигурувачот ги покрива трошоците за услугите само до висината до која би ги покрила на својот договорен изведувач.
(3) Осигуреникот е должен самиот да ги плати услугите кои осигурувачот врз основа на ова осигурување не ги исплаќа или не ги плаќа во целост.
(4) Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги врати исплатените износи и другите трошоци за извршената услуга со законска затезна камата од денот на исплатата, доколку по понудените услуги се утврди дека настанот не е покриен со осигурување или дека осигуреникот односно корисниците ги прекршиле одредбите на овие услови, па поради тоа причиниле штета на осигурувачот.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 30
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до осигурувачот доколку смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Осигурувачот е должен да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на осигурувачот или ако осигурувачот не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице
има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 31
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 32
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 33
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 34
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 35
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 36
Осигурувачот за целите за склучување на договор за осигурување, како и исполнување на обврските кои што произлегуваат од договорот за осигурување обработува лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот. Дополнително Осигурувачот обработува и лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот и за маркетинг услуги, за асистентски услуги и други помошни услуги кои се нудат на корисниците.
За целите наведени во претходниот став, се обработуваат само неопходните лични податоци на договарачот на осигурување, односно осигуреникот. Категориите на личните податоци кои се обработуваат зависат од класата на осигурување, но најчесто тоа се идентификациони податоци, контакт податоци, здратвствени податоци, податоци за возило, податоци за имот и слично.
ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 37
Обработката на личните податоци за склучување и извршување на договорот за осигурување е неопходен услов за склучување на договорот, а со закон е пропишана должноста на договарачот на осигурувањето да го извести Осигурувачот за сите околности што се значајни за проценка на ризик, а кои не би можело да му бидат непознати. Доколку договорувачот на осигурувањето прикрие некои од информациите коишто му се потребни на Осигурувачот за склучување или извршување на договорот за осигурување или за да ги исполни своите законски обврски, Осигурувачот нема да може да ги исполни своите договорни или законски обврски, ниту да го склучи договорот со договарачот на осигурувањето.
Осигурувачот обработува лични податоци и заради исполнување на своите законски обврски во согласност со релевантните прописи со кои се уредува работењето на Осигурувачот.
Законски основ за обработка на лични податоци претставува и легитимниот интерес на Осигурувачот, освен ако интересите или основните слободи и права на субјектот на личните податоци не преовладуваат над легитимните интереси на Осигурувачот.
Легитимните интереси врз основа на кои Осигурувачот врши
обработка на лични податоци, вообичаено се од комерцијална природа, како на пример правото на постојан развој на квалитетот на услуги и подобрување на деловните процеси, одржување на безбедноста на ифнормацискиот систем, снимање на гласовни разговори, на начин што не може да наштети на интересите, слободите и правата на корисниците на услугите.
Во одредени случаи, Осигурувачот обработува лични податоци само доколку има согласност од лицето кому се однесуваат личите податоци т.н. субјект на лични податоците. Обработката на лични податоци врз основа на согласност се користи, на пример за целите на истражување на задоволството, маркетинг на производи.
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 38
Осигурувачот личните податоци на осигуреникот/договарач на осигурување ги обработува и ги споделува со трети страни, како неговите акционери, членови на органите за управување и своите вработени, членови на групацијата Сава, Osiguritelna Grupacija Sava d.d. Xxxxxxxxxx xxxxx 0, SI-2000 Maribor, на реоисигурителните компании, доктори цензори, брокери и агенти, со цел да ја исполни обврската од договорот за осигурување, како и со други органи и лица кои, согласно природата на работата вршат увид, односно обработка на личните податоци во согласност со Законот.
Со секоја од страните со кои што Осигурувчот разменува лични податоци на своите корисници се склучени соодветни договори со кои се гарантира безбедноста на личните податоци.
Член 39
Личните податоци кои се обработуваат заради исполнување на договорот за осигурување или за преземање активности пред склучување на договорот на барање на субјектот на личните податоци, или за други цели врз основа на согласност, Осигурувачот може да ги чува и во електронска и во хартиена форма. Сите податоци за договарачот на осигурувањето и осигуреникот, Осигурувачот ги обработува како деловна тајна, со примена на соодветни технички и организациски мерки со цел обработката на личните податоци да биде законита.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 40
Осигурувачот ги чува личните податоци се до исполнување на целта за којашто се собрани и до исполнување на сите договорни права и обврски, односно до истекот на законски пропишаните рокови. Рокот во кој ќе се чуваат личните податоци зависи од законската обврска за чување на податоците, видот на склучениот договор за осигурување, времетраењето на договорот, обработка на барања за оштета, како и роковите за застареност на побарувањата.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 41
Личните податоци вообичаено се обработуваат во Р. С. Македонија. Личните податоци ќе бидат достапни и на примателите во трети земји или меѓународни организации тогаш кога тоа е потребно за склучување и извршување на договорите за осигурување (на пр. за реосигурување, при барања за штета случена во друга држава, и слично) само доколку од страна на Европската Унија или Агенцијата за заштита на личните податоци е утврдено дека во конкретната држава постои соодветно ниво на заштита на личните податоци.
Доколку во третата држава или меѓународна организација не постои соодветно ниво на заштита на лични податоци,
Осигурувачот ќе може да го изврши преносот само доколку обезбеди соодветни мерки за заштита на овие податоци во согласност со законот.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 42
Во согласност со Законот за заштитата на личните податоци, субјектот на податоците ги има следниве права:
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
• право на бришење;
• право на ограничување на обработката;
• право на преносливост на податоците;
• право на приговор, опишано во член 43 од овие услови
• право на повлекување на согласноста за обработка на лични податоци, кога обработката е заснована на согласност.
Овие права субјектот на личните податоци може бесплатно да ги оствари контактирајќи го Офицер за заштита на личните податоци на следниот емаил: xxxx@xxxx.xx, преку пошта на адресата на САВА Осигурување АД Скопје ул. Загребска бр. 28А Скопје, или лично во просториите на САВА Осигурување.
Осигурувачот го правото да бара дополнителни информации од барателот за да го потврди неговиот идентитет, со цел да ги заштити правата и приватноста на барателот.
Член 43
Доколку субјектот на податоците дал согласност за обработка на лични податоци, тој може да ја повлече согласноста во секое време, целосно или делумно, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со тоа што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред повлекување на согласноста.
Осигурувачот личните податоци кои ги обработува врз основа на согласност, ќе престане да ги обработува во најбрз можен рок по добивањето на известувањето за повлекување на согласноста.
Член 44
Корисникот на услугата за осигурување има право да поднесе приговор на обработката која што се заснова на легитимен интерес на Осигурувачот, вклучувајќи и профилирање. Доколку корисникот на услугата се уште смета дека личните податоци не се обработуваат согласно законот, може да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Член 45
Со потпишување на полисата за осигурување договорувачот на осигурување потврдува дека пред собирањето на личните податоци од страна на овластеното лице на Осигурувачот, е запознаен со целите и законските основи на обработка на личните податоци, начинот на обработка на личните податоци, како и обврската Осигурувачот да ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 46
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ДАТУМ НА ПРИМЕНА
Член 47
Овие Услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 01.08.2021 година. Со започнување со примена на овие услови престануваат да важат Условите за осигурување на домашна асистенција број 02-8137/6 од 29.03.2017 година
САВА осигурување, x.x. Скопје
Одбор на директори
Претседател
Рок Мољк