Овој документ е изработен според условите на проектот финансиран од ЕУ „Изработка на долгорочна Национална стратегија за ИКТ 2020-2025“ (Договор бр. 201/408197) склучен според сервисниот договор ФВЦ СИЕА 2018 (FWC SIEA 2018).
Изработка на долгорочна Национална стратегија за ИКТ
2020-2025
Северна Македонија
Национална стратегија за ИКТ
2021 -2025
Акциски план
верзија 1.1
Овој документ е изработен според условите на проектот финансиран од ЕУ „Изработка на долгорочна Национална стратегија за ИКТ 2020-2025“ (Договор бр. 201/408197) склучен според сервисниот договор ФВЦ СИЕА 2018 (FWC SIEA 2018).
За содржината на овој документ единствено е одговорен конзорциумот предводен од „Стантек“ (Stantec) и во никој случај не ги отсликува ставовите на Европската Унија. Овој документ е изработен единствено за употреба и во корист на Република Северна Македонија, а ниту Договорниот орган, Европската Унија, конзорциумот предводен од „Стантек“, ниту неговите автори не преземаат одговорност или обврска за грижа кон која било трета страна.
Верзии
Наслов на извештајот |
Национална стратегија за ИКТ на Република Северна Македонија 2020-2025 (Акциски план) |
Верзија |
Финална верзија 1.0 |
Датум |
5 октомври 2020 година |
Изработен од |
Xxxxxxx Xxxxx (ТЛ), Xxxxxx Xxxxxxx, Xxxxxx Xxxxxx во име на „ЛДК консалтантс“ (LDK Consultants) и Xxxxx Xxxxx во име на XXXX (AESA) |
Рецензент |
Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx (менаџер за контрола на квалитетот, „ЛДК консалтантс“) |
Наслов на извештајот |
Национална стратегија за ИКТ на Република Северна Македонија 2021 – 2025 (Акциски план) |
Верзија |
Финална верзија 1.1 |
Датум |
01.05.2021 година |
Изработен од |
Министерство за информатичко општество и администрација |
Измени |
|
Содржина
2. Поврзливост и владина инфраструктура 6
3. Централизација и рационализирање на ИКТ и услугите е-Влада 12
5. Истражување, развој и иновации 25
Белешки:
- Промена на годините предвидени за имплементација на стратегијата на 2021-2025, наместо 2020-2025, од причина што пандемијата предизвикана од корона-вирусот го отежна спроведувањето на планираните активности и предизвика одложување на навременото усвојување на Стратегијата од страна на Владата на Република Северна Македонија.
- Кратенките во Акцискиот план се објаснети во Списокот на акроними во документот „Национална стратегија за ИКТ на Северна Македонија 2021-2025“.
- Акцискиот план е во сопственост на МИОА (ДАСМ по основањето) и потребно е негово редовно ажурирање.
Акцискиот план за Националната стратегија за ИКТ во Северна Македонија 2021-2025 се заснова на следниве претпоставки:
Навремено обезбедување искусен кадар, вклучувајќи и во областа на управувањето со проекти и за критични вештини (на пр. кибер-безбедност);
Навремено обезбедување на потребните финансиски средства (инвестициски трошоци и оперативни трошоци);
Можност за паралелно извршување на неколку активности (во зависност од ресурсите и буџетите).
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
1. Забрзување на спроведувањето на „Националниот оперативен план за широкопојасен интернет на РСМ“.
|
1.1 Утврдување на приоритетите и ревидирање/ предлагање на најнови временски рамки, на пр. за поврзување на јавните објекти, јавната безбедност, образовните установи, здравствените установи, установите за истражување и развој; разгледување на мерката „Поврзување на институциите на Владата на РСМ преку владина оптичка мрежа“ (се однесува на посебна мерка дадена во текстот подолу) и барањата на други посебни мрежи на виртуелни или затворени групи на корисници, на пр. за академските институции и ИР. |
МИОА, АЕК, ЈП МРД, НКБК
(АЕК, приватен сектор, на пр. телекомуникациски оператори, даватели на услуги на оптичка мрежна инфраструктура, телекомуникациски кули, академска заедница, истражување и развој) |
2021-2025 година |
Повикување на „Националниот оперативен план за широкопојасен интернет на РСМ“.
Покрај ова, да се направи проценка за средствата потребни за други специфични мрежи во текот на фазите на планирање на посебните проекти. |
Утврдување на приоритетите и други посебни мрежи; ажурирање на временските рамки.
|
1.2 Спроведување на „Националниот оперативен план за широкопојасен интернет на РСМ“ со најновите приоритети.
|
Доставен до РО со ажурирани временски рамки
Зголемени се показателите ДЕСИ за поврзливост (поврзливоста е основа за други показатели ДЕСИ за дигиталните остварувања, човечки капитал/дигитални вештини, користење интернет-услуги од страна на граѓаните, интеграција на дигиталната технологија од страна на деловните субјекти, дигитални јавни услуги и ИР, ИКТ).
Подобрен е Индексот за мрежна подготвеност (НРИ) (рангирање и резултат) за пристап до столбовите на технологијата. |
||||
2. Овозможување понатамошна хармонизација за постигнување стабилна законодавна и регулаторна околина. |
2.1 Усогласување на Законот за електронски комуникации и градењето во однос на дозволите за правото на користење пат, одобренијата и надоместоците за обезбедување ефикасен широкопојасен интернет. Користење на искуството од примената на најдобрите практики во ЕУ. |
МИОА, АЕК
(Министерство за транспорт и врски; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за локална самоуправа; Здружение на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС); испорачувач на оптичка инфраструктура и телекомуникациски кули; лиценцирани телекомуникациски оператори)
|
2021-2023 година |
2 милиона по закон или регулатива |
Законите се усогласени и во сила. |
2.2 Спроведување регулативи за (повеќесекторско) заедничко користење на инфраструктурата. |
Во сила се регулативите за заедничко користење на инфраструктурата од страна на повеќе сектори. |
||||
2.3 Спроведување на напредна и врамнотежена политика (трошоци/севкупен раст) на РСМ за спектарот, усогласена со европските земји. |
Изготвена е политика за спектарот.
|
||||
2.4 Усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи (НИС НА РСМ). |
Донесен е Закон за безбедност на мрежите и информациските системи (НИС НА РСМ). |
||||
2.5 Идентификување, приспособување, усогласување, унифицирање и поедноставување на други регулативи и закони коишто го попречуваат ефикасно обезбедување широкопојасен интернет на ниво на држава и општини. |
Другите закони и регулативи се во сила. |
||||
2.6 Утврдување и усогласување на законите, регулативите и директивите на РСМ во областа на ИКТ и дигиталните технологии со оние на ЕУ. |
Усогласеност на законите, регулативите и директивите на РСМ со оние на ЕУ.
Подобрување на Националниот индекс за мрежна подготвеност (рангирање и резултат) за доверба во столбовите на управувањето и регулативата. |
||||
3. Воспоставување централизиран доверлив центар за податоци на Владата на РСМ, центар за оправање на податоците во случај на катастрофа и центар за мрежно работење. |
3.1. Барање општо политичко одобрување за воспоставување централизиран центар на податоци на Владата на РСМ, центар за оправање на податоците во случај на катастрофа и центар за мрежно работење. |
МИОА/ДАСМ (сите институции на Владата на РСМ, оператори на центарот за податоци на приватниот сектор) |
2021-2025 година |
1,2 милиона до 3,5 милиони инвестициски трошоци плус редовни оперативни трошоци (како индикација, 10% од инвестициските трошоци за активна опрема годишно) или месечен закуп во случај управуваниот приземен простор да е изнајмен од приватниот сектор. И за двете опции, видете ги условеностите1. |
|
3.2 Запирање на сите активности на институциите на Владата на РСМ за обнова или изградба на нови центри на податоци и центри за оправање податоци во случај на катастрофа, додека на централизираниот центар за податоци на Владата на РСМ и центарот за оправање податоци во случај на катастрофа се во функција. Се препорачува да се изнајми управуван рафт во постојните центри за податоци и центри за оправање податоци во случај на катастрофа, како оние во другите институции на Владата на РСМ, како и центрите за податоци на приватниот сектор. |
Не се изградени други центри за податоци и центри за оправање податоци во случај на катастрофи сѐ додека централизираниот центар за податоци и центарот за оправање податоци во случај на катастрофи на Владата на РСМ се во функција. |
||||
3.3 Детален попис на ИКТ-опремата на сите институции на Владата на РСМ, во однос на постојната опрема и барањата за тековните проекти. |
Изготвен е детален попис. |
||||
3.4 Студија за изводливост за центарот за податоци, центарот за оправање податоци во случај на катастрофа и функционирање на мрежата, со услови на технички, комерцијални ризици, Европскиот зелен договор и долгорочните аспекти на РО. |
Изготвена е студија за изводливост. |
||||
3.5 Детално планирање на проектот (техничка спецификација, архитектура и дизајн, буџети, временски рамки, планирање на ресурсите) на центарот за податоци, центарот за оправање податоци во случај на катастрофа и центарот за функционирање на мрежата, во смисла на долгорочно РО, времетраењето на планот за непрекинатост на ИКТ и очекуваното оптоварување на ИТ преку центарот за оправање податоци во случај на катастрофа (за димензионирање на подниот простор, потребите за напојување/ладење и друга техничка инфраструктура); избегнување на каква било единствена ризична точка; поврзување на центарот за податоци и центарот за оправање податоци во случај на катастрофа преку редундантни врски. |
Утврден е детален план на проектот. |
||||
3.6 Барање за одобрување проект и буџет. |
Проектот и буџетот се одобрени; буџетот е достапен. |
||||
3.7 Подготвување барање за предлог (RfP) и отворен повик за тендери.
3.8 Спроведување од страна на изведувач(и).
|
Подготвено е барање за предлог за повик за тендер.
Изведувачот е избран и договорен. |
||||
3.9 Формирање РО имајќи ги предвид условите од договорите за услуги (ангажирање и обучување на персонал за РО; воспоставување организација, политики, процеси и процедури на РО; планирање редовни буџети за РО; договори за одржување/поддршка со трети лица (изведувачи); редовна проверка на безбедноста и квалитетот на услугите). |
Формиран е РО. |
||||
3.10 Предавање на центарот за податоци, центарот за оправање податоци во случај на катастрофа и центарот за функционирање на мрежата, коишто се подготвени за услуга, од страна на изведувачот до редовно РО. |
„Подготвено за услуга“ и предадено до редовно РО. |
||||
3.11 Сертификати ИСО за технологијата, безбедноста, процесите на центарот за податоци, центарот за оправање податоци во случај на катастрофа, центарот за функционирање на мрежите. |
Сертификати ИСО. |
||||
3.12 Подготвување план за миграција од сите институции на Владата на РСМ до центарот за податоци и центарот за оправање податоци во случај на катастрофа (утврдување пилот(и) и процена на временските рамки за сите други). |
Утврден е план за миграција. |
||||
3.13 Миграција на целата ИКТ-опрема на институциите на Владата на РСМ во центарот за податоци и центарот за оправање податоци во случај на катастрофа. |
Завршена е пилот-миграцијата, сите миграции се завршени и се предадени на редовно РО. Исполнети се планираните временски рамки и буџетите. |
||||
4. Поврзување на институциите на Владата на РСМ преку оптичката мрежа на Владата. |
4.1 Подготовка на студија за изводливост којашто се однесува на користењето на Националната транспортна оптичка инфраструктура/мрежа, и консолидирање на сите постоечки „државни“ оптички мрежи со кои владините институции моментално се поврзани. |
МИОА/ДАСМ, ЈП МРД, НКБК |
2021-2025 година |
120 милиони до 600 милиони2 инвестициски трошоци (како индикација, оперативните трошоци изнесуваат околу 10% од инвестициските трошоци за активна опрема годишно). |
Изготвена е студијата за изводливост. |
4.2 Детално планирање (техничка спецификација, архитектура и дизајн, буџети, временски рамки, планирање ресурси); разгледување на аспектите на редундантност, еластичност и безбедност; избегнување единична точка на грешка. |
Утврден е детален план за проектот. |
||||
4.3 Барање за одобрување проект и буџет. |
Проектот и буџетот се одобрени; буџетот е достапен. |
||||
4.4 Подготовка на барање за предлог (RfP) и повик за тендери. |
Подготвено е барање за предлог за отворен повик за тендер.
Изведувачот е избран и договорен. |
||||
4.5 Поставување оптичка мрежа од избран изведувач. |
|
||||
4.6 Формирање РО имајќи ги предвид барањата од договорите за услуги (ангажирање и обучување персонал за РО; воспоставување организација, политики, процеси и процедури на РО; планирање редовни буџети за РО; договори за одржување/поддршка со трети лица (изведувачи); редовна проверка на безбедноста и квалитетот на услугите). |
Формирано е РО. |
||||
4.7 Предавање на државната оптичка мрежа подготвена за услуга, од страна на изведувачот до редовно РО. |
Оптичката мрежа е подготвена за услуга и предадена на редовно РО.
Исполнети се планираните временски рамки и буџетите. |
||||
5. Воспоставување безбедна услуга во облак на Владата на РСМ. |
5.1 Утврдување на барањата и услугите што треба да бидат мигрирани. |
ДАСМ |
2024-2025 година |
500 милиони инвестициски трошоци (како индикација, оперативните трошоци изнесуваат околу 10% од инвестициските трошоци за активна опрема годишно). |
Утврдени се барањата и услугите што треба да бидат мигрирани. |
5.2 Подготвување студија за изводливост имајќи ги предвид јавните и хибридните (јавни/ приватни) модели на облаци. |
Изготвена е студија за изводливост. |
||||
5.3 Детално планирање (техничка спецификација, архитектура и дизајн, буџети, временски рамки, планирање на ресурсите); имајќи ја предвид безбедноста, приспособливоста и редундандноста. |
Изготвен е детален план за проектот. |
||||
5.4 Барање за одобрување проект и буџет. |
Проектот и буџетот се одобрени; буџетот е на располагање. |
||||
5.5 Подготовка на барање за предлог (RfP) и повик за тендери. |
Барањето за предлог е подготвено за повик за тендери. |
||||
5.6 Извршување на услугата во облак од избран изведувач. |
Изведувачот е избран и со него е склучен договор. |
||||
5.7 Формирање РО имајќи ги предвид барањата во договорите за услуги (ангажирање и обучување персонал за РО; воспоставување организација, политики, процеси и процедури на РО; планирање редовни буџети за РО; договори за одржување/поддршка со трети лица (изведувачи); редовна проверка на безбедноста и квалитетот на услугите). |
Формирано е РО. |
||||
5.8 Предавање на подготвената државна услуга во облак, од страна на изведувачот до редовно РО. |
Услугата во облак е подготвена и предадена на редовно РО. |
||||
5.9 Подготвување план за миграција од сите институции на Владата на РСМ до државната услуга во облак (утврдување пилот(и) и процена на временските рамки за сите други). |
Утврден е планот за миграција.
|
||||
5.10 Миграција на сите институции на Владата на РСМ до државната услуга во облак. |
Пилот-миграцијата е завршена, сите миграции се завршени и се предадени на редовно РО. Исполнети се планираните временски рамки и буџети. Зголемен е показателот ДЕСИ за дигиталните остварувања за дигиталните јавни услуги. |
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
1. Основање централизирана дигитална агенција (ДАСМ) којашто ќе ги консолидира сите владини ИКТ-средства и ресурси заради создавање рентабилен механизам за испорака на владини ИКТ. услуги3.
|
1.1 Првични активности за основање и започнување со работа:
- Обезбедување финансиски средства за првата година, за трошоци за вработените, за нејзиното функционирање и административните трошоци (основни финансии, освен трошоците за проектот). - Подготвување и усвојување на потребната законска рамка со којашто ќе се утврдат главните принципи и ќе се основа новата ДАСМ4 (вклучувајќи ги и одредбите за трансфер на стручни лица од други министерства, финансирање, високо ниво на организациска структура, можности за соработка со надворешни извори, централизација на набавките на ИКТ и пренесување на одговорностите за ИКТ од сите други државни органи). - Избор и назначување на високо раководство. - Формирање Надзорен одбор на ДАСМ (регулирање на синтезата и работењето), утврдување 5-годишен стратегиски деловен план и програма за работа на ДАСМ.
|
МИОА, Влада на РСМ. |
2021 година |
5 милиони за основање.
Проценет годишен буџет од 35 милиони за работењето (без трошоци за вработените). |
Донесена е одлука за финансирање.
Законската рамка е објавена и применета.
Управниот одбор и извршниот директор назначени од Владата на РСМ.
Назначени се членовите на Надзорниот одбор. Објавена е регулативата за работа на Надзорниот одбор.
Утврдени се 5-годишниот стратегиски деловен план и програмата за работа на ДАСМ.
|
|
||||||
1.2 Детална организациска шема и број на вработени во согласност со важечката правна рамка за ДАСМ, имајќи ги предвид на пример: - Организациската поставеност „според потребите“ (улоги и одговорности). - Вработувањето лица од јавниот5 и приватниот сектор (на пример, со договори на определено време). - Постапка за лица коишто почнуваат да работат во организацијата, заради обезбедување на основните потреби за непречено започнување со работа.
|
МИОА |
2021 година |
5 милиони за воспоставување
Проценет годишен трошок за плати – 200 милиони.
|
Одобрена организациска шема.
Број на пренесени и/или ангажирани лица.
|
|
|||||||
1.3 Подготвување на организацијата на ДАСМ за премин од „концептуален дизајн“ кон редовно работење6, вклучувајќи: - Дефинирање на внатрешните административни процеси и функционални работни процеси, вклучувајќи на пример централизирање на набавките на ИКТ (барања за предлог, повик за тендер, договори за работни процеси). - Поставување заедничка рамка за работа, спроведување проекти и активности за поддршка засновани на најдобрите практики, како што се принципите за управување со ИТ-услуги. |
ДАСМ
|
2021-2022 година
|
10 милиони
|
Изготвена е регулатива за внатрешните процеси и работењето.
% од буџетот за ИКТ наменет за тендери објавени од ДАСМ во однос на буџетот за тендери објавени од други тела.
Број на договори за услуги потпишани со други министерства и агенции на Владата на РСМ. |
|
|||||||
1.4 Компетенции на вработените: Постојана иницијатива за зголемување на вештините и подготвување на вработените во организацијата за поефикасно справување со новите одговорности/обврски. Ова е особено важно за нововработените кои доаѓаат од јавниот сектор. Исто така, нововработените кои доаѓаат од приватниот сектор ќе бидат информирани за јавните набавки и за пошироката рамка/средина во која треба да работат. Ова може да биде постојана иницијатива и не создава никакви пречки за работењето на ДАСМ (не го одложува започнувањето на работата). |
ДАСМ |
2022 година |
5 милиони |
Завршени семинари. |
|
|||||||
2. Зајакнување на ДАСМ преку хоризонтално Одделение за управување со програми со цел да се обезбеди управување со сите ИКТ-програми и проекти на ефикасен начин во целата влада7.
|
2.1 Екипирање и обука на Одделот за управување со програми на ДАСМ: Наоѓање на вистинските лица за вработување во Отсекот за управување со програми. Како опција, користење лица кои се нудат на пазарот за пополнување на позициите на високоискусни проектни менаџери.
Прераспределување на клучниот персонал со одговорности за управување со проекти од други министерства.
Одржување сеопфатен курс за обука за избрана методологија за управување со проекти.
|
ДАСМ |
2021 година |
15 милиони |
Потпишан е договор за надворешни ресурси.
Прераспределен и/или ангажиран персонал.
Обуките се одржани. |
|
||||||
2.2 Воспоставување и примена на рамка за спроведување: Воспоставување детална рамка на точки (порти) за фазите заради усогласување на сите иницијативи околу стандардните контролни точки (порти).
Јасно дефинирање, следење и проверка на списокот на иницијативи.
Доставување информации до ДАСМ и другите институции на Владата на РСМ.
Утврдување и подготвување извештаи за напредокот.
Пренос на знаење и умеење до главниот тим на ДАСМ. |
ДАСМ |
2021-2023 година |
30 милиони |
Рамката за спроведување е изготвена и одобрена.
Извештаите за напредокот се изготвени.
|
|
|||||||
3. Воспоставување и примена на единствена „Референтна рамка за дигитални услуги“ којашто ќе вклучува заеднички пакет политики, насоки, принципи, стандарди, мерки за поддршка и алатки за развој, обезбедување и користење на дигиталните услуги во Владата.8 |
3.1 Подготвување упатства и принципи - „Референтна рамка за дигитални услуги“:
Подготвување рамка во којашто ќе бидат опфатени принципите и упатствата за дизајн и извршувањето. Оваа рамка ќе ја даде првата верзија на „стандардот за услуги“, што вклучува на пример избор на соодветен модел на извршување, примена на протоколи и стандарди, промовирање отворени податоци, принципи за кориснички дизајн, технологии и референтни архитектури. Сите нови иницијативи треба да се во согласност со овие принципи.
|
МИСА, ДАСМ |
2021-2022 година |
30 милиони |
Јавната консултација е спроведена и обработена.
„Референтната рамка за дигитални услуги“ е издадена и одобрена.
Донесено е решение од Министерството. |
|
||||||
Спроведување јавни консултации заради добивање коментари од засегнатите страни, обработка на резултатите и ажурирање на референтниот документ. Донесување решение од Министерството за задолжително почитување на „Референтната рамка за дигитални услуги“.
|
|
|
|
|
|
|||||||
3.2 Објавување упатства и обука за вработените/засегнатите страни во областа на ИКТ: Подготовка на материјали, помошни, демо и вистински примери за примена на принципите на дизајн во вистински случаи.
Подготвување Водич за извршување на услугите како „Корисничко упатство“.
Создавање портал за објавување информации и имање улога на механизам за ажурирање во живо.
Осмислување, планирање и одржување на серија работилници и семинари со клучниот персонал на ДАСМ (и клучни добавувачи) што ќе ги користат насоките.
|
МИСА, ДАСМ |
2022 година |
15 милиони |
Објавен е водичот за извршување на услугите.
Порталот е во функција.
Одржани се работилници и курсеви.
|
|
|||||||
3.3 Воспоставување механизам за следење:
Примена на механизам за следење којшто го проверува степенот на усогласеност на новите услуги со стандардот за услуги, како и во однос на релевантните показатели ДЕСИ (димензија на јавните дигитални услуги). 9
Предложување измени или дополнувања на насоките.
Издавање нови верзии на водичот, по потреба.
|
ДАСМ, Државен завод за статистика |
2022-2025 година |
9 милиони
3 милиони годишно за оперативни трошоци |
Воспоставен е механизам за следење.
Објавени се годишните проверки на механизмот за следење.
Подобрување на показателот ДЕСИ за остварувањата на јавните дигитални услуги, објавени се годишните извештаи со показателитеДЕСИ. |
|
|||||||
4. Поведување иницијативи коишто ќе овозможат забрзано усвојување на „Референтната рамка за дигитални услуги“.10
|
4.1 Избор, поставување приоритети, осмислување и спроведување мал број клучни (хоризонтални) е-владини проекти коишто ќе овозможат појава на нови дигитални услуги врз основа на управувањето со податоци и извршување услуги. Можните иницијативи се на пример: - Заштита и користење на критичните постојни регистри („Програма за добри податоци“). - Воспоставување услуга на е-ИД целосно усогласена со регулативата на ЕУ за е-ИДАС, врз основа на постојниот систем за единствена најава. - Подобрување на Порталот за централизирани услуги – портал за граѓаните. - Обезбедување заедничка владина платформа за модернизација и централизирано користење на меѓуинституционалните услуги за јавниот сектор, како што се:
|
МИOА, ДАСМ |
2022-2025 година
|
800 милиони
|
Барањата за предлог-тендери се објавени.
Потпишани се договори со добавувачи.
Посебни проектни показатели како што се:
Подобрување на показателот ДЕСИ за остварувањата на јавните дигитални услуги. |
|
||||||
|
|
4.2 Формализирање и натамошно користење на Рамката за поедноставување на владините процеси (ГПСФ) за избор, поставување приоритети, спроведување и следење на поедноставувањето на процесите поврзани со е-услугите за да се обезбеди усогласеност со иницијативите за административни реформи: - Утврдување листа на услуги за поедноставување на процесот (на пример, мапирање на постапки, идентификување на тесните грла врз основа на клучни показатели / метрика, ризици и проценка на влијанието, реинженеринг на деловниот процес, правна кодификација, стандардизација). - Подготвување рамковен договор за избор на изведувачи како даватели на услуги. - Подготвување Водич за извршување на услугите што ќе го користат сите министерства и големите јавни организации. - Спроведување впечатлив пилот-проект за да се укаже на користењето на резултатите од Стратегијата за реформи во јавната администрација (РЈА) и усогласување со новата Референтна рамка за дигитални услуги. Оваа цел треба да биде вградена во секоја иницијатива за осмислување на вертикалната услуга. Сепак, треба да се спроведат следниве хоризонтални активности (кои го овозможуваат ова):
Формирање и управување со централизирана работна група за поедноставување којашто ќе има соодветно познавање на (i) националната правна рамка и (ii) процедурата за работа на јавниот сектор. Оваа работна група ќе ги покрене сите релевантни иницијативи: - Наоѓање и обезбедување на вистинските ресурси за тимовите за дизајн - Поддршка и забрзување на чекорите за промена и приспособување на важечката законска рамка, во согласност со новиот дизајн на е-услуги.
|
МИОА, ДАСМ
|
2021-2025 година |
50 милиони вклучувајќи и 30 милиони за Рамката за поедноставување на владините процеси и 5 милиони годишно за работната група. |
Издадено е барањето за предлог-тендери
Објавен е Водич за извршување услуги.
Избран е и доделен е пилот-проект (во рамковниот договор).
Формирана е работна група. |
||||||
|
5. Подигање на свеста и стекнување доверба кај граѓаните и бизнисите при користење на државните дигитални услуги, преку почитување на принципите за кибер-безбедност, приватност и заштита на податоците11 |
5.1 Забрзување на спроведувањето на одобрената Национална стратегија за кибер-безбедност, во согласност со законската рамка ДАСМ (на пример, преку претстојната транспозиција на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи), вклучувајќи и поставување приоритети на активностите и спроведување на контролите за потврдување на усогласеноста со Референтната рамка за дигитални услуги. |
МИОА, Влада на РСМ |
2021 година |
3 милиони |
Приоритетите се дефинирани и издадени
Потврдена е листата на усогласеност
|
||||||
|
5.2 Подготвување и спроведување кампања за свесност за безбедноста: - Подготвување стратегија и план за комуникација. - Давање приоритет на предложените иницијативи. - Започнување кампања. - Следење и мерење на влијанието.
|
ДАСМ |
2023-2025 година |
7 милиони |
Планот за комуникација е одобрен
Доставен е материјалот за комуникација
Доставени се резултатите од анкетата |
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
1. Воспоставување партнерство со повеќе засегнати страни за максимизирање на личниот потенцијал преку дигиталната технологија
|
Искористување на најдобрите практики на националните коалиции за дигитални вештини и работни места во Европа и на динамиката која е во тек во регионот на Западен Балкан со цел да се поддржи формирањето на Националната коалиција за дигитални вештини и работни места (НК на РСМ). 1.1 Избор на членовите на Националната коалиција на РСМ. Организирање настан насочен кон потенцијалните засегнати страни (на пр. телекомуникациски оператори, даватели на ИКТ, јавни органи, претставници на граѓанското општество, вршители на едукација и обука, економски чинители итн.) со цел дефинирање на условите за формирање на НК на РСМ. |
МИОА да го започне процесот |
2021 година (почетна фаза) |
15-30 милиони за почетната фаза |
Настанот се одржа
Формирана е НК на РСМ
|
1.2 Утврдување на целите и изготвување акциски план. Целите и акцискиот план ќе се однесуваат на Националната стратегија за ИКТ на РСМ 2021 - 2025 година и ќе вклучат проекти во полза на четирите главни целни групи (образование и обука, граѓани, работна сила, ИКТ-професионалци). |
|
|
Број на заинтересирани страни коишто се приклучија кон НК на РСМ.
Детален акциски план за спроведување на активностите на НК на РСМ. |
||
1.3 Управување и промовирање на НК на РСМ.
|
|
2021-2025 година (активности на НК на РСМ) |
|
||
1.4 Составување табела на оцени на национално ниво за следење на напредокот на максимизирањето на личниот потенцијал преку дигиталните вештини во РСМ. Оваа табела на оцени ќе ги вклучи и човечкиот капитал и употребата на показателите за интернет-услуги од ДЕСИ за да се обезбеди споредливост со земјите на ЕУ. Оваа табела на оцени ќе го вклучи и прашањето за следење на просечната месечна нето-плата што му се исплаќа на вработен во ИКТ-секторот.
|
Државен завод за статистика на РСМ
|
2021-2025 година
|
Годишно објавување на табелата на оцени
Подобрување на показателите ДЕСИ за остварувањата на човечкиот капитал и употребата на интернет-услуги
Просечна месечна нето-плата што му се исплаќа на вработен во ИКТ-секторот
|
||
2. Подобрување на дигиталните вештини кај граѓаните
|
2.1 Усвојување референтна рамка за подобрување на дигиталните вештини кај граѓаните. Дефиницијата на Националната референтна рамка се заснова врз стандардната рамка која се однесува на дигиталните вештини, како што е Европската рамка за дигитални компетенции приспособена на условите во државата. Таа ќе се користи за идните набавки за започнување активности за подигање на свеста кај граѓаните. |
МИОА (Министерство за образование и наука, невладини организации, обучувачи, итн.) |
2021-2021 година |
5-10 милиони |
Усвоена е Националната референтна рамка |
2.2 Воспоставување мрежа на јавни места кои ќе нудат ресурси за зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и ќе обезбедат единствен пристап до основните дигитални алатки. Мрежата ќе треба да обезбеди бесплатен безжичен интернет. Процесот ќе вклучи објавување повик за интерес за утврдување и поддршка на ваквите јавни места. Најдобрите што ќе бидат избрани (наградени) ќе добијат субвенции за ИКТ-опрема, како и буџет за делумно покривање на трошоците за РО.
|
|
2021-2025 година |
Хипотеза: поддршка на 100 јавни места во периодот 2021-2025 година 100
милиони за ИКТ-опрема, |
Број на наградени јавни места за „дигитални вештини“
Стапка на посетеност
Зголемување на хардверот и покриеноста со јавен безжичен интернет во избраните (наградените) јавни простори
|
|
2.3 Обезбедување дигитални уреди за ранливите категории на граѓани.
|
МИОА за координација |
2021-2025 година |
10 милиони за пилот-обуки |
Број на дистрибуирани дигитални уреди |
|
2.4 Подготвување елаборат за пилот-обука за дигитално описменување на социјално ранливите категории и подготвување приспособена програма за дигитална обука врз основа на повратните информации од корисниците. |
|
2021 година |
10 милиони за пилот-обуки |
Стапка на присуство според целна социјална категорија и
Xxxxxx на задоволство |
|
2.5 Подготвување национална програма за дигитална инклузија. Со оваа програма ќе им се даде поддршка на операторите (невладини организации) кои ќе обезбедат посебни активности за подобрување на дигиталните вештини за граѓаните, како и за ранливите категории на граѓани (според резултатите од горенаведената активност). Мрежата од јавни места ќе ги обезбеди овие активности. Ќе биде објавен годишен повик за проекти за поддршка на операторите според приоритетите на програмата. |
|
2021-2025 година |
30 милиони по годишен повик за проекти |
Број на наградени оператори кои обезбедуваат активности за подобрување на дигиталните вештини
Xxxxxx на присуство на активностите за подобрување на дигиталните вештини |
|
2.6 Воведување програма за врсничко поучување и водење (менторство) за граѓаните на кои им е најпотребно. Менторите ќе бидат доброволци ‒ студенти по ИКТ и нивните училишта ќе ги наградат со дополнителни академски кредити доколку се вклучат во вакви програми. |
|
2021 година |
Не се потребни дополнителни средства |
Број на ментори
Ниво на задоволство на посетителите на програмата
|
|
2.7 Создавање и водење база на податоци, добиена со пребарување на интернет, која нуди практични информации за програмите, услугите, активностите и алатките за обука за дигитална инклузија достапни за користење на јавните места. |
|
2021 година |
10 милиони |
Број на програми во базата на податоци
Број на пребарувања во базата на податоци |
|
2.8 Организирање годишна Недела на дигиталните вештини. Оваа активност може да се организира под покровителство на НК на РСМ. |
|
2021-2025 |
60 милиони милијарди годишно |
Број на настани, стапка на посетеност |
|
2.9 Отворање Центар за побезбеден интернет за деца во согласност со одлуката на ЕУ бр. 1351/2008/ЕК. |
|
2022 година |
15-30 милиони за почетна фаза |
Центарот е отворен
Број на засегнати страни вклучени во активностите на Центарот
Број на иницијативи и стапка на посетеност
Статистика за посетите на веб-страницата на Центарот |
|
3. Забрзување на спроведувањето на Приоритетот III (Обезбедување широка употреба на ИКТ во образованието и обуката и дигитална писменост) од Националната стратегија за образованието 2018-2025 |
3.1 Обезбедување и следење на спроведувањето на акцискиот план за Приоритетот III од Националната стратегија за образованието 2018 - 2025 година. Главните мерки вклучуваат зголемување на ефикасноста на образовниот процес преку употреба на ИКТ; воспоставување унифицирана електронска платформа за настава, учење и методолошки ресурси; основање математичко-информатичка гимназија (средно училиште) и / или ИКТ-паралелки специјализирани за компјутерски науки и математика; воведување современи квалификации за ИКТ на ниво на стручно образование и обука (СОО). |
Министерство за образование и наука (приватен сектор) |
2021-2025 година |
Се однесува на Министерството за образование и наука. |
Уусогласување со показателите за акцискиот план за Приоритетот III |
3.2 Искористување на формирањето на НК на РСМ за воспоставување партнерство со приватниот ИКТ-сектор за поддршка на дигитализацијата на училиштата. |
2021-2025 година |
Не се потребни дополнителни средства |
Број на компании вклучени во спонзорирање на образовните програми. |
||
4. Зголемување на можностите за вработување преку стекнување со ИКТ вештини |
4.1 Проширување на програмата за обука за ИКТ-вештини кај младите невработени лица. Активноста ќе се надоврзе на програмата за целната група (млади невработени лица) и ќе се осврне и на другите целни групи на невработени лица за кои е потребно усовршување на дигиталните вештини и ќе се заснова врз процената на тековната програма. |
Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување |
2021-2025 година |
200 милиони |
Број на лица кои учествуваат во обуката
Стапка на повторно вработување на учесниците
Привремено управување со дигиталните вештини |
4.2 Промовирање на дијалогот со економските чинители заради препознавање на нивните потреби од дигитални вештини со цел приспособување на програмата за дигитални вештини за невработените лица. |
|
||||
5. Поддршка на надградувањето на дигиталните вештини на државните службеници |
5.1 Вклучување на курсеви за вештини за ИКТ и кибер-безбедност во системот за управувано учење (СУУ). |
МИОА и други засегнати страни |
2021-2025 година |
Да се процени од МИОА и другите засегнати страни |
Број на курсеви |
5.2 Вклучување на дигиталните вештини во описот на работното место на државните службеници. |
Број на државни службеници кои ги посетиле курсевите |
||||
5.3 Формирање лаборатории за иновации во Министерствата како поддршка на дигиталната транзиција во јавната администрација. |
Број на лаборатории за иновации. |
||||
6. Поддршка на надградувањето на дигиталните вештини на работниците |
6.1 Унапредување на дијалогот со засегнатите страни од економијата со цел препознавање на нивните потреби за дигитални вештини заради приспособување на програмата за дигитални вештини на потребите на работниците. Целта на активноста е да се дојде до заедничко гледиште за потребите на претпријатијата за зголемување на дигиталните вештини на нивните работници. |
МИОА, Министерство за труд и социјална политика, економски претставници, обучувачи
|
2021 година |
Да се процени од МИОА и другите засегнати страни |
Привремено управување со дигиталните вештини |
6.2 Поддршка на посебни програми за обука за ИКТ-вештини наменети за економските сектори. Целта на оваа активност е обезбедување финансиска поддршка за одредени програми за ИКТ-обуки наменети за претпријатија, како што се зголемување на дигиталните вештини на работниците во целина или за посебни програми за нови работни места во областа на ИКТ. Економските претставници ќе управуваат со овие програми со поддршка на Владата на РСМ. |
Број на програми
Стапка на посетеност |
||||
7. Зајакнување на вмрежувањето и поддршка на ИКТ-професионалците
|
7.1 Поедноставување на пристапот за поддршка на услугите на ИКТ-професионалците и на т.н. ИКТ стартап-компании во инкубатори, средства за акцелератори и други фондови за иновации. |
МИОА, претставници на ИКТ-професионалците |
2021-2025 година |
500 милиони |
Воспоставена е единствена точка за пристап до стимулации и услуги за поддршка на ИКТ-професионалците |
7.2 Изготвување на посебни ИКТ-програми за ИКТ-професионалците. |
Број на програми |
||||
7.3 Поддршка на мрежите на ИКТ-професионалците. |
Стапка на посетеност |
||||
7.4 Поддршка на годишниот настан за ИКТ-професионалците во РСМ. |
Стапка на посетеност |
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
1. Поддршка на процесот на спроведување на новиот Закон за заштита на личните податоци |
1.1 Подготовка на Оперативен план за спроведување на мерките од новиот Закон за заштита на личните податоци. |
Дирекција за заштита на личните податоци.
(МИОА, Министерство за финансии, Собрание на РСМ) |
2021-2022 година |
Финансиските параметри се достапни во Дирекцијата за заштита на личните податоци. |
Усвоен е Оперативниот план |
1.2 Организација на национална кампања за подигање на свеста. |
Организирана е националната кампања за подигање на свеста |
||||
1.3 Остварување на Оперативниот план за спроведување на мерките применет од сите контролори на податоци. |
Примена на новиот Закон за заштита на личните податоци |
||||
1.4 Контрола и поддршка на примената на мерките спроведени со новиот Закон за заштита на личните податоци. |
Навремено дадена поддршка на разни контролори на податоци |
||||
2. Поддршка за нови вработувања во Дирекцијата за заштита на личните податоци |
2.1 Дефинирање методологија за одобрување на конкурентни плати за потребните експерти. |
Министерство за финансии
(Дирекција за заштита на личните податоци, МИОА) |
2021-2025 година |
Финансиските параметри се достапни во Дирекцијата за заштита на личните податоци. |
Методологијата е усвоена |
2.2 Подготовка на барање за дополнителни вработувања и ангажирање (со договор на дело) на експерти за оперативна поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци. |
Вработени се потребните експерти |
||||
3. Одржување стабилна финансиска поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци, којашто е поврзана и со зголемувањето на активностите во врска со новиот Закон за заштита на личните податоци |
3.1 Подготовка на барањето за дополнително финансирање за поддршка на контролата и поддршка на усвојувањето на новиот Закон за заштита на личните податоци. |
Министерство за финансии
(Дирекција за заштита на личните податоци, МИОА) |
2021-2025 година |
Финансиските параметри се достапни во Дирекцијата за заштита на личните податоци |
Извештаи од Дирекцијата за заштита на личните податоци презентирани пред Собранието на РСМ |
3.2 Обезбедување финансиски средства и организирање кампањи за подигнување на свеста за промоција на новиот Закон за заштита на личните податоци преку јавни презентации пред пошироката јавност. |
Финансиските средства се обезбедени.
Организирани се кампањи за подигање на свеста на општата јавност |
||||
3.3 Организирање кампањи за промовирање на новиот Закон за заштита на личните податоци организиран и изготвен за разни специјализирани индустрии. |
Организирани се кампањи за подигање на свеста кај разни специјализирани индустрии |
Мерки |
Активност |
Надлежен орган
|
Период (Дати) |
Проценети потребни средства (во МКД) |
Показатели
|
|
1. Започнување и насочување на активностите кон нови дигитални услуги
|
1.1 Процена и поставување приоритети на националните барања за нови дигитални услуги специфични за РСМ и со можност за нивна регионална и меѓународна употреба (на пр. во врска со климатските промени, заштедата на електрична енергија, заштитата на животната средина, здравството, образованието, земјоделството и др.). |
МИОА / ДАСМ (по формирањето)
(Секторски министерства, институти за истражување и развој, приватен сектор) |
2021-2025 година |
Во зависност од бројот и сложеноста на дигиталните услуги; како показател, се проценува дека за развој на „Епл“ иОС (Apple iOS) или „Андроид“ Апп (Android App) коишто може да бидат дел од дигиталните услуги се издвоени меѓу 600.000 и 2,5 милиони |
Дигиталните услуги се утврдени и приоретизирани |
1.2 Партнерство со институтите за истражување и развој и приватниот сектор (на пр., поддржано преку туторијали, хакатони) со цел понатамошно развивање. |
Воспоставени се партнерства со институти за истражување и развој и приватниот сектор |
||||
1.3 Подготвување работни случаи, буџетски побарувања и временски рамки. |
Достапни се и одобрени работни случаи и буџет |
||||
1.4 Развивање, спроведување и управување со нови дигитални услуги, во согласност со глобалните стандарди, особено за безбедност и интероперабилност. |
Осмислени, спроведени и предадени нови дигитални услуги за редовно РО
Усогласеност со глобалните стандарди за безбедност и интероперабилност |
||||
1.5 Формирање на РО согласно со барањата во договорите за нивоа на услуги (ангажирање и обука на персонал за РО; создавање организација за РО, политики, процеси и процедури; планирање на редовниот буџет за РО; договори за одржување / поддршка со трети лица (изведувачи); редовна проверка на безбедноста и квалитетот на услугите) |
РО е основано |
||||
1.6 Обезбедување обука за корисниците. |
Обезбедена е обука за корисниците
Планираните временски рамки и буџетите се реализирани
Зголемен е показателот ДЕСИ за остварувањата во областа на интеграцијата на дигиталната технологија |
1 Во зависност од главните генератори на трошоците (деталните трошоци ќе се проценат за време на студијата за изводливост и фазите за детално планирање на проектот) како што се достапност на соодветни простории, барања за миграција (на пр. големи мрежни (мејнфрејм) компјутери, замени на серверот и системот за складирање), барања за поден простор /шкаф со полици за опрема, проценка на земјотреси, барања за безбедност, одржливост на РО и барањата во договорите за услуги, усогласеност со Европскиот зелен договор, барања за сертификати ИСО, центарот во Прилеп за оправање податоци во случај на катастрофи може да се искористи како центар за оправање податоци во случај на катастрофи за сите институции на Владата на РСМ (може да се јави потреба од реконструкција или проширување) или треба да се изгради дополнителен центар за оправање податоци во случај на катастрофи (или соодветен управуван поден простор изнајмен од приватниот сектор), достапност на опрема и услуги/поддршка/резервни делови во земјата за да се исполнат договорите за услуги и нивоата на центарот за податоци и центарот за оправање податоци во случај на катастрофи xxxxx://xxxxxxx.xxxxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx-xxxxxx-xxxxxxxxxx-xxxx-xxxxxxxxxxxxxx-xxxxxx/
2 Во зависност од главните генератори на трошоците (деталните трошоци ќе се проценат за време на студијата за изводливост и фазите за детално планирање на проектот), како што се бројот на институции на Владата на РСМ коишто треба да се поврзат, вкупната должина на оптички кабел, достапноста на оптичка инфраструктура којашто може да се искористи, барањата за редундантност, барањата за безбедност.
3 Резиме: Успешното основање на ДАСМ не е само основање правно лице, туку и поставување целосно функционална организација којашто ќе може да се справи со новиот предизвик. Ќе бидат потребни 12 до 18 месеци за да се постигне соодветно ниво на зрелост, имајќи предвид дека постои вистинско покровителство од највисоко ниво и поддршка. Ќе биде потребен буџет од 15 милиони денари за поддршка на подготовките. Сепак, овде не е вклучено финансирањето на организацијата коешто мора да се обезбеди.
4 Претстојното законодавство за транспонирање на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи на РСМ може да биде средството со кое би се воспоставиле принципите за основање на ДАСМ. За да се зголеми флексибилноста, „оперативните“ прашања може да се дефинираат со подзаконски акти, како на пример решенија од министерствата.
5 Вклучувајќи и брза анализа на ефектите од трансферот на вработените од други министерства во однос на нивната работоспособност и начинот на постигнување рамнотежа преку услугите на ДАСМ коишто се нудат.
6 ДАСМ нема да биде целосно функционална и способна за започнување на активностите од првиот ден. Како новоформирана институција, ќе биде потребно извесно време за да се создаде потребната култура и да се воспостави работењето.
7 Резиме: Отсекот за управување со програми е механизам што функционира во рамките на ДАСМ. Замислуваме мал посветен тим (раководство) поддржан од голем број посветени искусни професионалци (менаџери на проекти) од приватниот сектор и основен тим на вработени во јавниот сектор на високо ниво, со искуство во управувањето со проекти.
8 Резиме: Ова е прва (и најважна) активност којашто ќе поддржи рационализирање на услугите на е-Влада. Потребно е да се воспостави стандард за услуги особено кога проектите се спроведуваат од различни институции или надворешни добавувачи. Исто така, со него се поставуваат минималните услови коишто ја штитат вистинската вредност за крајните приматели/корисници (на пр. граѓани и деловни субјекти). Ова може да биде тековна активност, но првата верзија би требало да биде изготвена и објавена за 9 до 12 месеци.
9 Најмалку: 5a1 корисници на е-Влада, 5a2 претходно пополнети обрасци, 5a3 завршување на услугата преку интернет, 5a4 дигитални јавни услуги за деловни субјекти и 5a5 отворени податоци.
10 Резиме: Оваа група активности го сочинува главното тело на иницијативите на е-Влада. Ги вклучува најскапите и најсложените проекти неопходни за успешен развој на е-услугите. Тие се осмислени според принципите на „Референтната рамка за дигитални услуги“ и се очекува дека ќе ги користат и останатите проекти за е-Влада, со што ќе се избегнат повторувањата (како автентикација), што на крајот ќе доведе до намалување на вкупните трошоци (во споредба со сценариото на „неправење ништо“). Самото поставување приоритети и изборот на овие проекти претставуваат дел од одговорноста на Отсекот за управување со програми на ДАСМ.
11 Резиме: Кибер-безбедноста е еден од клучните фактори кои ги овозможуваат е-услугите, чиишто принципи се вклучени во структурата на Референтната рамка за дигитални услуги. Сепак, имајќи го предвид фактот дека постои посебна Национална стратегија за кибер-безбедност со Акциски план, се чини соодветно нејзиното следење да се спроведе во рамките на Националната стратегија за ИКТ во Северна Македонија 2021 - 2025 година. Посебна активност претставува систематската кампања за подигнување на свеста со која ќе се убедат јавноста и претпријатијата да им веруваат на понудените услуги и да бидат сигурни дека нивните податоци се обработуваат и се штитат во согласност со законот, а со цел испораката на услугите од традиционалните канали да се пренасочи кон електронските канали.
37