Contract
ПРЕДЛОГ АНЕКС НА ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ
Склучен во Куманово на ден година, помеѓу:
1.Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово, со седиште на ул. „Xxxxxx Xxxxx“ број 160 Куманово, застапувано од управителот Xxxx Xxxxxxxxxxxxx од Куманово како давател на заемот (во понатамошниот текст: заемодавач) и
2.ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово, со седиште на ул. „Индустриска“ бб Xxxxxxxx, застапувано од извршен директор м-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx како корисник на заемот (во натамошниот текст: заемопримач)
Член 1
Со овој Анекс се менува член 2 став 1 и член 5 став 1 од Договорот за заем бр.02-1900/1 од 25.09.2015 година.
Во член 2 став 1 бројот 150.000.000,00 денари се менува и изнесува 300.000.000,00 денари.
Во член 2 се бришат став 2 и став 3.
Во член 5 став 1 бројот 5% на годишно ниво се менува и гласи: 3,9 % на годишно ниво.
Член 2
Овој Xxxxx влегува во сила на денот на неговото склучување и го продолжува договорот за 3 години.
Член 3
Анекс на договорот е склучен во 4 (четири) примерока, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
За заемодавачот За заемопримачот
Управител Извршен директор