Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 8 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006, 36/2007, 106/2008), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 22 декември 2008 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ
УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На Aкционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост – Скопје, му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетска дејност управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија “ кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
Претседател
бр. 02- 2187/1 Xxxxx Xxxxxxxxx
22 декември 2008 година Скопје
ПРИЛОГ 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМ ЗА
ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Име и седиштето на носителот на лиценцата
Aкционерско друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост – Скопје, xxxxx 00 Xxxxxxxx xx. 9, 1000 Скопје, Република Македонија, со скратено име АД ЕЛЕМ – Скопје
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата
Управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата
22 декември 2008 година
4. Временски период на важење на лиценцата
35 години
5. Датум до кога важи лиценцата
22 декември 2043 година
6. Евидентен број на издадената лиценца
ЕЕ - 31.03.1/08
7. Број на деловниот субјект: 6023754
8. Единствен даночен број: 4030005560757
9. Вид и обем на енергетската дејност што се врши
Со оваа лиценца се определуваат начинот и условите за вршење на енергетската дејност управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија како дејност со која носителот на лиценцата треба да обезбеди јавна услуга, како и правата и обврските на АД ЕЛЕМ – Скопје (во понатамошниот текст: носител на лиценцата) во вршењето на дејноста.
Како енергетска дејност управување со систем за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија, во смисла на оваа лиценца, се смета пренесување на електрична енергија низ среднонапонска мрежа и нисконапонска мрежа во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје за испорака на електрична енергија до потрошувачите приклучени на истата, оперативно управување со електроенергетските објекти, уреди и постројки во процесот на дистрибуција на електрична енергија во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје, како и долгорочно планирање на управувањето со електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија, со цел да се обезбедат услови за сигурно и доверливо функционирање на системот за дистрибуција на електрична енергија, во согласност со закон, други прописи и соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија.
10. Подрачје на вршење на дистрибуција на електрична енергија
Врз основа на Законот за енергетика и одредбите од оваа лиценца, носителот на лиценцата врши управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија на подрачјето на индустрискиот комплекс на поранешната „Рудници и Железарница – Скопје“, Општина Бутел и Општина Гази Баба.
11. Објекти и средства преку кои се врши управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија
Носителот на лиценцата врши:
- управување со системот за дистрибуција на електрична енергија преку објектите и средствата (диспечерски центри и други уреди за управување со дистрибутивниот систем) во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје, инсталирани во подружница Енергетика, определени во Прилог 2 кој што е составен дел на оваа лиценца, и
- дистрибуција на електрична енергија, на АД ЕЛЕМ – Скопје, преку електроенеретските објекти, уреди и постројки за дистрибуција на електрична енергија во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје, лоцирани на подрачјето определено во точка 10 на оваа лиценца, а наведени во Прилог 3 кој што е составен дел на оваа лиценца.
12. Обезбедување на пристап и приклучување на системот за дистрибуција на електрична енергија
Носителот на лиценцата е должен, во согласност со начелата на објективност, недискриминаторност и транспарентност, да обезбеди пристап и приклучување на електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија, на трети лица во согласност со закон, друг пропис и соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија.
13. Обврски за носителот на лиценца
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди сигурна, безбедна, непрекината и квалитетна дистрибуција и испорака на електрична енергија со квалитет согласно Условите за снабдување со електрична енергија преку електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија, со одржување на соодветно ниво на доверливост и расположливост на сите електроенергетски објекти за дистрибуција на електрична енергија во согласност со соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија;
- врши управување со електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија;
- обезбеди услови за сигурно функционирање на електроенергетските објекти, уреди и постројки во процесот на дистрибуција на електрична енергија;
- ја обезбеди потребната количина на електрична енергија за покривање на одобрените технички загуби во дистрибутивниот систем;
- ја обезбеди потребната количина на електрична енергија за покривање на загубите на електрична енергија во количина над одобрената, од Регулаторната комисија за енергетика;
- врши мерење на електричната енергија што се превзема односно испорачува на корисниците приклучени на дистрибутивната мрежа со мерни уреди во согласност со овој закон и соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија;
- да се придржува кон законите, прописите, стандардите, препораките и други општи акти, при изградба, реконструкција, редовни годишни ремонти и редовно одржување на електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција со електрична енергија и процесот на управување со системот за дистрибуција на електрична енергија;
- ги почитува законите, другите прописи и општи акти кои се однесуваат на заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, заштита на работниците, заштита на техничките средства и опрема;
- ги почитува Мрежните правила за пренос на електрична енергија, Пазарните правила за електрична енергија, соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон.
14. Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија
Носителот на лиценцата е должен во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на оваа лиценца, да донесе и по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика да ги објави во “Службен весник на Република Македонија“ Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, со кои особено треба да се уредат:
- техничко-технолошките услови за приклучување на електроенергетски објекти, уреди и постројки;
- техничките и другите услови за сигурно и безбедно функционирање на дистрибутивниот систем;
- планирањето, одржувањето и развојот на дистрибутивниот систем;
- фактурирање на дистрибутивни услуги за квалификувани потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа;
- мерките, активностите и постапките во случај на нарушувања и хаварии;
- условите и начинот на пристап на трети страни на дистрибутивниот систем;
- доверливост на комерцијалните и деловни податоци на корисниците на услугите на дистрибутивниот систем;
- функционалните барања и класата на точност на мерните уреди, како и начинот на мерење на електричната енергија и моќност;
- доставување на податоци за долгорочна прогноза на потребите од електрична енергија до операторот на дистрибутивниот систем и операторот на електроенергетскиот систем; и
- надзор и контрола на системите за управување со дистрибутивниот систем.
15.Планирање, одржување, обнова и развој на објектите и средствата за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија Заради сигурно и ефикасно функционирање на објектите и средствата за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија носителот на лиценцата е должен истите да ги одржува, обновува, проширува и осовременува.
Носителот на лиценцата е должен секоја година, најдоцна до 10 март, до Регулаторната комисија за енергетика да поднесе План за развој, проширување и надградување на дистрибутивниот систем за период од пет години, годишна програма за спроведување на планот, како и извештај за остварување на програмата за претходната година.
Планот за развој, проширување и надградување на дистрибутивниот систем треба да содржи:
- опис на постојната состојба на електроенергетските објекти за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија како и идни процени за капацитетот и функционалноста на електроенергетските објекти за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија;
- локации каде се планира да се развиваат или надградуваат електроенергетските објекти за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија; и
- финансиски извори за реализација на планот.
16. Обезбедување на оперативна функционалност на објектите и средствата за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија Заради обезбедување оперативна функционалност на електроенергетските објекти и средства за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија, носителот на лиценцата е должен да обезбеди целосна опременост на
електроенергетските објекти со заштитни, контролни, управувачки и примарни уреди за вклучување/исклучување со кои ќе се обезбеди брза и ефикасна изолација на делови од дистрибутивната мрежа, на објектите и средствата за управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија во случај на хаварии и заштита во случај на дефект.
17. Систем за надзор, контрола и прибирање на податоци
Носителот на лиценцата е должен во рок од пет години од денот на влегување во сила на оваа лиценца да го инсталира, како и да го одржува и надградува Системот за надзор, мерење, контрола и прибирање на податоци (во понатамошниот текст: „SCADA“) со подршка на соодветен телекомуникациски систем, преку кој ќе врши следење, оперативна контрола и управување со електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија.
SCADA системот, со подршка на соодветен телекомуникациски систем, треба да обезбеди софтверска обработка на податоците, како и оперативна комуникација во вршењето на дејноста и комуникација со другите носители на лиценци и корисниците на соодветниот систем за дистрибуција на електрична енергија.
18. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен:
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца за вршење на енергетска дејност;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието; и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
19. Обврска за информирање
Носителот на лиценцата е должен да му ги обезбеди на операторот на електроенергетскиот систем, операторот на пазарот на електрична енергија, снабдувачот со електрична енергија на тарифни потрошувачи на мало, како и на другите снабдувачи и производители на електрична енергија, сите потребни податоци и информации кои се неопходни за извршувањето на нивните обврски утврдени во законите, другите прописи и лиценците.
Носителот на лиценцата е должен да ги информира корисниците на дистрибутивниот систем приклучени на дистрибутивната мрежа, за прекините и пречките во напојувањето/испорачувањето на електричната енергија, согласно начинот и постапката за информирање дефинирани во соодветните Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, Условите за снабдување со електрична енергија и меѓусебните договори за испорака на електрична енергија.
20. Доверливост на информациите
Носителот на лиценцата е должен во согласност со закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации кои при вршењето енергетската дејност ги добива од корисниците.
21. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 10 март во тековната година да достави годишен извештај за делокругот на своето работење, вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година. Годишниот извештај со сите прилози задолжително се доставува и во електронска форма.
Годишниот извештај треба да содржи податоци за:
1. број и времетраење на планирани и непланирани прекини по напонско ниво, како и причини за нивно настанување;
2. технички загуби на електрична енергија во процесот на дистрибуција на електрична енергија изразени во киловат часови и во проценти;
3. финансиски извештај за енергетската дејност составен од:
- биланс на состојба и биланс на успех,
- извештај за промените во главнината,
- извештај за паричните текови,
- применетите сметководствени политики, x
- други објаснувачки белешки подготвени во согласност со меѓународните сметководствени стандарди;
4. превземени мерки во текот на претходната година за:
- заштита на објектите преку кои се врши управување со системот за дистрибуција и дистрибуција на електрична енергија од надворешни влијанија и хаварии, како и нивно осигурување,
- заштита при работа,
- обука и стручно усовршување на вработените заради сигурно, безбедно и квалитетно вршење на дистрибуција на електрична енергија,
- заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето,
- спроведување на мониторинг врз сопственото работење,
- обезбедување на услови за сигурно, континуирано и квалитетно вршење на управување со системот за дистрибуција и дистрибуција на електрична енергија,
- обезбедување на енергетска ефикасност,
- вршење на управување со системот за дистрибуција и дистрибуција на електрична енергија во услови на кризна состојба, како и воена и вонредна состојба;
5. остварување на годишната програма за реализација на Планот за развој, проширување и надградување на дистрибутивниот систем, во претходната година;
6. извршување на програма за ремонти во претходната година;
7. состојба со кадровска екипираност за извршување на пооделни задачи при вршење управување со системот за дистрибуција и дистрибуција на електрична енергија;
8. извршени инспекциски надзори и контроли од страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли;
9. бизнис план за тековната година и оценка за реализирање на бизнис планот во претходната година;
10. реализација на обврската за информирање на корисниците на системот за дистрибуција на електрична енергија и превземени мерки за подобрување на квалитетот на услугата.
22. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на енергетската дејност
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доставува:
- во писмена и/или електронска форма, месечни и квартални извештаи за бројот и времетраењето на планираните и непланираните прекини по напонско ниво, причините за нивно настанување, како и за техничките загуби на електрична енергија во процесот на дистрибуција на електрична енергија изразени во киловат часови и во проценти;
- известување за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дистрибуција на електрична енергија;
- договори во врска со вршење на дистрибуција на електрична енергија кои што ги склучил со други носители на лиценци за вршење на енергетска дејност.
23. Физичка заштита на објектите преку кои се врши енергетската дејност
Носителот на лиценцата е должен во рок од шест месеци од датумот на издавање на оваа лиценца, да донесе План за физичка заштита на објектите преку кои се врши енергетската дејност и должен е истиот да го достави до Регулаторната комисија за енергетика.
24. Обврска за овозможување на пристап во објектите и непосреден увид во документацијата Носителот на лиценцата е должен, по барање на Регулаторната комисија за енергетика, да и овозможи непосреден увид во целокупната документација, пристап во објектите, деловните простории, простори, инсталациите, средствата и опремата во процесот на дистрибуција на електрична енергија, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
25. Постапување во случај на висок оперативен ризик
Носителот на лиценцата е должен во рок од девет месеци од датумот на издавање на оваа лиценца да изработи и да достави до Регулаторната комисија за енергетика, Одбранбен план за заштита на електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија во случај на висок оперативен ризик.
Во случај на висок оперативен ризик кој може да предизвика загрозување на сигурноста на делови на електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија или губење на капацитет, носителот на лиценцата веднаш ќе го извести операторот на електроенергетскиот систем и корисниците на дистрибутивниот систем приклучени на дистрибутивната мрежа.
26. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
27. Мерки во случај на неисполнување на обврските од страна на носителот на лиценцата
Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе превземе мерки согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
ПРИЛОГ 2
Објекти и средства преку кои се врши управување со системот за дистрибуција на електрична енергија
1. Опремата за управување и контрола на системот за дистрибуција на електрична енергија е мануелна (далечинска) со:
Диспечерски центар | број на ќелии со кои се управува | ||
ТС "Север" | 110 kV | 35 kV | 6 kV |
далеководни | 6 | 0 | 0 |
трансформаторски | 3 | 0 | 3 |
мерни | 2 | 0 | 7 |
спојни полиња | 2 | 0 | 3 |
изводни | 11 | 0 | 56 |
Диспечерски центар | број на ќелии со кои се управува | ||
ТС "Југ" | 110 kV | 35 kV | 6 kV |
далеководни | 0 | 0 | 0 |
трансформаторски | 0 | 4 | 4 |
мерни | 0 | 4 | 6 |
спојни полиња | 0 | 0 | 2 |
изводни | 0 | 20 | 42 |
2. Системот за комуникација со сите субјекти кои се поврзани на системот за дистрибуција на електрична енергија се реализира преку:
- независна телефонска централа за комуникација на диспечерските центри со субјектите поврзани на системот за дистрибуција;
- фиксна телефонија;
- мобилна телефонија;
- факс;
- VF уреди; x
- интернет,
во сопственост на носителот на лиценцата.
За сигурно и безбедно функционирање на системот за дистрибуција на електрична енергија постои соодветна релејна заштита.
За изводните келии инсталирана е:
- прекуструјна;
- поднапонска;
- усмерена;
- подфреквентна; и
- диференцијална (за далноводните келии).
Енергетските трансформатори во ТС “Север” и ТС “Југ” располагаат со соодветна заштита:
- бухолцова заштита (опмена и исфрлување);
- бухолц на регулаторна склопка;
- термичка заштита;
- заштита од проток на вода и масло; и
- заштита од пожар.
Сите енергетски трансформатори се автоматски регулирани со Пантам регулатор (TAPCON 230).
3. План за развој на системот за управување со електроенергетските објекти во процесот на дистрибуција на електрична енергија
Опрема за управување и контрола која треба да се вгради и да отпочне со функционирање | Рок од денот на влегување во сила на оваа лиценца |
Факс | 2 години |
SCADA систем | 5 години |
Нумеричка релејна заштита | 5 години |
ПРИЛОГ 3
Објекти и средства преку кои се врши дистрибуција на електрична енергија
1. Опис на главните трафостаници ТС "Север" и ТС "Југ", број на разводните постројки по напонско ниво кои се составен дел на трафостаниците како и опис на составните елементи на постројките
1.1 Опис на трафостаниците ТС "Север" и ТС "Југ"
110kV надземни кабелски водови TС "Скопје1" - ТС "Север" | ||||
назив | тип | број на столбови | вк.должина | |
носиви | аголно затезни | [km] | ||
ДВ1 (123-А) | (3x500mm2)AlCe | 9 | 4 | 2.619 |
ДВ2 (123-Б) | (3x500mm2)AlCe | 9 | 4 | 2.619 |
ДВ3 (124-А) | (3x500mm2)AlCe | 8 | 4 | 2.545 |
ДВ4 (124-Б) | (3x500mm2)AlCe | 8 | 4 | 2.545 |
110kV надземни кабелски водови TС "Север" - ТС "Југ" | ||||
назив | тип | број на столбови | вк.должина | |
носиви | аголно затезни | [km] | ||
ДВ-"Југ"-1 | (3x240mm2)AlCe | 2 | 4 | 1.937 |
ДВ-"Југ"-2 | (3x240mm2)AlCe | 2 | 4 | 1.937 |
Енергетски трансформатори - ТС "Север" | ||||||
ред | тип | производител | преносен однос | моќност | спој | локација |
број | [kV / kV] | [kVA] | ||||
1 | TRV 20000-123 | Раде Кончар | 110 / 6,3 | 20 000 | Yd5 | TС "Север" |
2 | TRV 20000-123 | Xxxx Xxxxxx | 110 / 6,3 | 20 000 | Yd5 | TС "Север" |
3 | 1TRV 20000-123 | Раде Кончар | 110 / 6,3 | 20 000 | Ynd5 | TС "Север" |
Енергетски трансформатори - ТС "Југ" | |||||||
ред | тип | производител | преносен однос | моќност | спој | локација | |
број | [kV / kV] | [kVA] | |||||
1 | 1TRV 50000-123 | Раде Кончар | 110 / 36,75 / | 6,3 | 50 000 | Yy0d5 | TС "Југ" |
2 | TRV 31500-123 | Раде Кончар | 110 / 36,75 / | 6,3 | 31 500 | Yy0d5 | TС "Југ" |
3 | TRV 31500-123 | Раде Кончар | 110 / 36,75 / | 6,3 | 31 500 | Yy0d5 | TС "Југ" |
4 | 1TRV 50000-123 | Раде Кончар | 110 / 36,75 / | 6,3 | 50 000 | Yy0d5 | TС "Југ" |
1.2. Број на разводни постројки како составен дел на трафостаниците ТС "Север" и ТС "Југ"
Име на трафостаница | Број на разводни постројки по напонско ниво | ||
110kV | 35kV | 6kV | |
ТС "Север" | 1 | 0 | 1 |
ТС "Југ" | 0 | 1 | 1 |
1.3. Опис на 110 kV постројки во ТС "Север".
РАЗВОДНА ПОСТРОЈКА 110kV - ТС "СЕВЕР" | |||||
далеководни ќелии | трансформаторски ќелии | мерни ќелии | спојни полиња | изводни ќелии | резервни изводни ќелии |
6 | 3 | 2 | 2 | 7 | 4 |
1.4. Опис на 6 kV постројки во ТС "Север".
РАЗВОДНА ПОСТРОЈКА 6kV - ТС "СЕВЕР" | ||||
трансформаторски ќелии | мерни ќелии | спојни полиња | изводни ќелии | резервни изводни ќелии |
3 | 7 | 3 | 52 | 4 |
1.5. Опис на 35 kV постројки во ТС "Југ"
РАЗВОДНА ПОСТРОЈКА 35kV - ТС "ЈУГ" | ||||
трансформаторски ќелии | мерни ќелии | спојни полиња | изводни ќелии | резервни изводни ќелии |
4 | 4 | 0 | 14 | 6 |
1.6. Опис на 6 kV постројки во ТС "Југ"
РАЗВОДНА ПОСТРОЈКА 6kV - ТС "ЈУГ" | ||||
трансформаторски ќелии | мерни ќелии | спојни полиња | изводни ќелии | резервни изводни ќелии |
4 | 6 | 2 | 36 | 8 |