Contract
I Општо
1. Нашите испораки, услуги и понуди се даваат исклучиво врз основа на следниве услови. Доколку не е поинаку договорено, тогаш овие услови се на сила во нивната важечка форма во даден момент во иднина кога се прави нарачката / налогот и во случај кога не е повторно јасно нагласено на нив.
2.Овие услови важат без исклучок. Се исклучува против потврдата од страна на купувачот за повикување на други на други услови.
3.Дополнително направени договори за поединечни случаи во секој случај имаат предност пред овие услови. За содржната на такви договори меродавен е писмен договор или наша писмена потврда.
4.Изјави за законски обврски и пријави кон нас по потпишување на договорот (како на пример утврдување на термини, опомени за штети, повлекување или намалување) за да бидат важечки треба да бидат направени во писмена форма.
5.За чување, инсталација или монтажа како и користење на нашите производи, треба да се почитуваат актуелните технички информации како и општо призанените правила за техника.
6.Посочуваме на тоа дека податоците од нашите клиенти кои ги користиме за нашето деловно работење, ќе бидат третирани исклучиво во согласност со законот за заштита на лични податоци.
XX.Xxxxxx и склучување на договори
1. Нашите понуди, доколку не е поинаку назначено, се необрзувачки. Мострите и примероците се необрзувачки и служат само за ориентација. Нарачката важи за составен дел на договорот. Договорите и спогодбите за продажба ќе станат обврзувачки врз основа на писмена потврда за нарачка или по нашата испорака на стока, со наша фактура што во вториот случај ја заменува потврдата за нарачка. Доколку при нарачката не е поинаку определено, ние
имаме рок од 4 недели по приeмот, да ја прифатиме според понуденото во договорот.
2. Доколку некој нарачан производ не може да се испорача во моментот, заради тоа што ние не сме го добиле од нашиот добавувач и покрај договорените обврски и без наша вина, ние имаме право еднострано да го раскинеме договорот со нарачувачот без било какви последици према нас и без право на нарачувачот да побарува евентуални трошоци и/или штета. Во таков случај веднаш ќе Ве информираме, дека нарачаната стока веќе ја немаме и дека признаваме евентуални веќе направени работи без одложување.
3. При самата нарачка, често употребуваниот израз „ како вообичаено’’ ќе се однесува во сите случаи само на процесот, но не и на цената. За ознака на производот, меродавна е самата РЕХАУ ознака на производот. Дополнителни ознаки на производодот од страна на клиентот се необврзувачки.
4. Било каков технички совет даден во усмена или писмена форма од наша страна во смисла на начин на употреба и примена на производот не е обврзувачки – како и во однос на сопственички права на трети страни – така купувачот нe е ослободен од oбврската за понатамошна проверка на нашите производи во однос на тоа колку се соодветни за процесите и целите за кои тој има намера да ги користи.
III Цени
1.Освен ако не е поинаку договорено, нашите цени се подразбираат франко фабрика или магацин и не вклучуваат пакување, транспорт како и царина или други давачки и данок на додадена вредност според стапката што се применува на денот на испораката.
2.Освен ако не е јасно поинаку наведено, цените во нашите ценовници и понуди се дадени без обврска и ќе зависат од тековните трошковни фактори. Доколку до завршување на договорот настанат промени во трошковните фактори, на пр. заради
зголемување на цените за суровини или зголемување на платите, го задржуваме правото да ги прилагодиме нашите цени во согласност со погоре наведеното. Доколку времето од денот на потпишување на договорот до предвидениот рок на испорака е поголемо од 3 месеци, при промена на трошковните фактори како на пример зголемување на цените на суровините или зголемување на платите, имаме право да направиме соодветно прилагодување на нашите цени. При ваква промена, ние ќе го контактираме купувачот, кој во случај на зголемување на цените за повеќе од 5% има право да се откаже од нарачката. Истиот треба во рок од 1 недела по добивање на информацијата да се изјасни, во спротивно зголемувањето на цената ќе се смета за прифатено и треба да се плати.
3. Нарачките за кои нема договорена цена ќе се фактурираат по цени што важеле на денот на склучување на договорот, а во сите други случаи важи претходната точка 2
4. Освен ако не е поинаку договорено, цените за продажба како и понудите и пресметките треба да бидат изразени во денари МКД.
IV. Начини и услови за плаќање
1. Доколку не се договорени поинакви услови на плаќање со посебни договори, ќе се применуваат следниве услови: • 2% Попуст на вредноста на стоката ( со исклучок на трошоците за пакување, пренос и слични трошоци) за плаќања во рок од 10 дена; • нето плаќање во рок од 30 дена од денот на доставувањето на фактура, освен во случај ако во ценовникот се определени поинакви услови за плаќање за различни видови на производи; • Не се одобрува попуст на трошоците за алат• Попуст ќе се пресметува само под услов сите обврски од претходните испораки да се во целост подмирени. Плаќањето е задолжително независно од тоа дали има поплаки за евентуални неисправности • Плаќањето ќе се врши во Скопје.
2. Прифатливо е задржување или израмнување на плаќања, доколку не е поинаку договорено,само во случај ако противпобарувањата на купувачот се неоспорни и правно издржани.
3. Во случај на неизвршено плаќање од страна на купувачот, средствата од сите тековни сметки и сумите од мениците на нарачувачот и/или гарантот ќе се реализираат. Доколку не се почитуваат условите на плаќање или во случај на настанати околности што можат да ја намалат кредитната способност на купувачот, ние имаме право веднаш да побараме исплата на сите наши побарувања. Ние исто така, имаме право да ги реализираме сите преостанати испораки само во случаи на извршено предвремено плаќање или обезбедување на гаранции. Доколку не се изврши предвремено плаќање и не се обезбедат хартии од вредност по истекот на одредениот период, ние имаме право да го раскинеме договорот во однос на сите услуги или преостанати испораки, со тоа што немаме никаква обврска во однос на оние испораки што не биле реализирани во моментот на раскинување на договорот.
4. Ние имаме право да ги израмниме сите побарувања кои се доспеани од купувачот наспроти сите побарувања што се бараат од нас од страна на купувачот врз основа на испорака или други правни случаи.
V. Задржување на право на сопственост и други гаранции
1. Ние го задржуваме правото на сопственост на стока додека не биде целосно исплатена по сите сметки за наплата, од купувачот, вклучувајќи и било какви побарувања што можат да произлезат од деловната врска во иднина.
2. Купувачот има право да ја обработува и ја продава стоката со задржано на право на сопственост во своето деловно работење.
3. Купувачот уште сега со ова ни ги доделува преку хартии од вредност, сите негови побарувања во однос на робата со задржано право на сопственост, без разлика од која правна причина, вклучувајќи ги побарувањата од понатамошна продажба, билансни побарувања од договори за тековни сметки, третирање, обработка или инкорпорирање на онаа стока што била доставена од наша страна; недозволени постапувања, побарувања од осигурувања) Доделувањето во сите случаи ќе биде ограничено на вредноста на испорачаната
стока, како што е наведено во нашите фактури. Доколку клиентот на купувачот го има ефективно исклучено доделувањето на побарувања, ние и купувачот, во рамкте на нашата внатрешна врска, ќе постапуваме како претходноспоменатите побарувања од било каков вид однапред ни биле ефективно доделени. Ние сме овластени од страна на купувачот да ја побараме побаруваната сума во негово име за нашата сметка кога купувачот не е повеќе овластен, во согласност со понатаму дадениот договор, да ја собере побаруваната сума во негово име.
4. Ние отповикливо го овластуваме купувачот да ги собере побарувањата што ни се дадени на нас за сопствената сметка и на негово име. Доколку купувачот не ги исполни обврските кон нас или ако произлезат други околности определени во Точка IV.4, купувачот, на наше барање ќе го прикаже доделувањето и ќе ни ги достави потребните информации и документација. Ние сме овластени директно да ги известиме должинците на купувачот за доделувањето и да бараме исплата од нивна страна.
5. Кога еднаш е испорачана стоката, таа не смее да се дава како залог или да се дава во форма на гаранции без наша согласност. Во случај на дејства на трети страни со цел добивање на стоката со задржување на право на сопственост, купувачот ќе го прикаже нашето право на сопственост, ќе не информира без одложување и ќе ни обезбеди помош потребна за одбрана на нашите права.
6. Во случај на прекршување на договорот од страна на купувачот- посебно нереализирање на плаќања- ние имаме овластување да се повикаме на нашето прво на сопственост и да бараме итно, предавање на стоката со задржување на право на сопственост, самите или преку посредници и добивање директна сопственост врз нив или, ако е потребно, да бараме доделување на побарувањата на купувачот за враќање на стоката од трети страни. Тврдењето за задржување на право на сопственост не вклучува повлекување од договорот.
7. Доколку вредноста на хартиите од вредност во наша корист ги надминува
нашите побарувања за повеќе од 10%, ние, на барање на купувачот, ги ослободуваме хартиите од вредност според наш избор.
8. Купувачот соодветно ќе ја осигури целата стока со задржување на право на сопственост од пожар и кражба. Било какви поплаки за штета против осигурителите со ова уште сега ни се доделуваат на нас во вредност на стоката со задржување на право на сопственост.
VI. Време на испорака, доцнење на испораката
1. Местото за испораки е Скопје или седиштето за кое магацинот има добиено упатства за извршување на испораката. Доколку не е поинаку договорено, времето за испорака е исполнето, ако до одреденото време стоката што се испорачува, го напуштила магацинот или е дадено известување дека е веќе спремна за испорака, или услугата е извршена.
2. Времето за испорака се продолжува во разумен рок во случај да се преземат мерки како резултат на индустриски дејствија, посебно штрајкови и протести, како и појава на непредвидени пречки кои се надвор до наша контрола кога таквите пречки имаат значително влијание на производството или на испораката на стоката за продажба или на извршувањето на бараните услуги.Ова важи и ако слични околности се случат и со нашиот добавувач или ако ние самите сме несоодветно снабдени со примарни материјали без наша вина или ако таквите околности настанат додека сме оневозможени да работиме. Во случај на продолжување на рокот за подолг временски период, ние, по давањето на извесен период на чекање, како и купувачот имаме право да се повлечеме од договорот. Во важни случаи, ние ќе го известиме купувачот колку што е можно порано за времето кога настанале и кога ќе завршат пречките.
3. Испораките и услугите (исполнување на договорот) ќе се извршат со предуслов дека нивното исполнување нема да биде попречено поради национални или интернационални прописи, посебно контролни одредби за извоз и ембарга или
други санкции. Партиите се должни да ги изнесат сите информации и документи кои се потребни за извоз/домашни пратки/увоз. При доцнења поради извозни контроли или процеси на одобрувања роковите немаат сила. Доколку не се доделат потребните одобрувања, тогаш договорот за тие делови, кои не се одобрени, важи дека не е склучен. Се исклучува правото за надомест на штети настанати поради претходно споменатите доцнења на роковите.
4. Купувачот може да го раскине договорот без рок, ако произлезе дека е невозможно ние да ги извршиме услугите дефинирани со договорот пред пренос на ризик. Купувачот може да го раскине договорот , ако ние не сме во можност да исполниме дел од нарачката и тој има оправдана причина да ја одбие делумната испорака. Ако тоа не е случај, купувачот мора да го плати оној дел на договорот што ја покрива делумната испорака. Истите услови се применуваат и во случај на оневозможеност од наша страна. Делот IX се однесува и на други околности. Ако неможноста или спреченоста настане кога купувачот доцни со прифаќањето на стоката, или ако купувачот сам ја сноси одговорноста или дефиниран поголем дел од одговорноста, тој има обврска да изврши плаќање.
5. Доцнењето на испораката се одредува со законските регулативи. Во секој случај треба да постои писмена опомена од страна на купувачот. Доколку ние не ја извршиме испораката на време и заради тоа купувачот претрпува штети, купувачот има право да бара надокнада на штета. За секоја завршена недела на задоцнета испорака, ова сума ќе изнесува 0,5 %, меѓутоа вкупно не повеќе од 5 % на вредноста од тој дел од целокупната пратка што како резултат на задоцнувањето, не може да се користи на време или во согласност со договорот. Сите останати и додатни жалби во врска со задоцнета испорака се утврдени исклучиво во членот IX.
6. Стоката која се смета за спремна за испорака може да биде откажана од страна на купувачот по истекот на времето за испорака, во спротивно ние имаме право да ја испорачаме стоката според наше мислење или да ја складираме по наш налог
на сметка и ризик на купувачот. Истите услови се однесуваат ако не може да се изврши испораката од наша страна од причини што не можеме да го контролираме. По известувањето дека стоката е спремна за испорака, стоката се смета за доставена и може да се фактурира.
7. Начинот на достава, начини на испорака, рутата за транспорт како и природата и обемот на потребни заштитни средства, изборот на превозник, како и пакувањето е наш избор. Ова ќе се изврши по наше видување водејќи сметка и со внимание да се исклучат правни и материјални обврски. Стоката треба да се осигура само во случај на јасно барање од страна на купувачот и на негова сметка.
8. Дозволени се делумните пратки. Продавачот има право да достави 10% помалку или повеќе од нарачаната количина, или 20% во случај на производи направени по спецификација. Овие количини се фактурираат соодветно.
VII. Префрлање на ризик
1. Со предавање на стоката на шпедиција или превозникот, најдоцна со напуштање на нашиот магацин, доколку не е поинаку договорено, ризикот се пренесува во секој случај на купувачот.
2. Сите жалби во врска со нецелосни, неисправни или несоодветни производи мора да се доставуваат до продавачот во писмена форма и тоа без одложување и најдоцна во рок од 10 дена по приемот на стоката. Во спротивен случај пратките се сметаат за одобрени.
VIII. Жалби во однос на неисправност
Во случај на достава на материјално и правно неисправна стока, ние ги даваме следните гаранции со исклучок на сите други права:
Материјална неисправност
1. Сите делови или услуги се поправаат без надокнада, по наш избор, со испорака на нови материјали, кои во рамките на рокот на застарување покажале материјална
неисправност, доколку причината била позната уште во моментот на пренесување на ризикот и доколку купувачот ги исполнил своите обрски за проверка и опомена. Доколку не се изврши уредна проверка и/или опомена за неисправност, се исклучува нашата одговорност за непријавената неисправност.
2. При поплаки за неисправност, плаќањето смее да се повлече само во обем пропорционален на настанатата материјална неисправност. Купувачот може да повлекува плаќање само во случаи кога поплаката за неисправност ќе стане основана и важечка и за која не постои сомнеж. Доколку се воспостави дека жалбата е неоснована, ние имаме право да ги побараме настанатите трошоци од купувачот.
3. На почетокот, ние имаме можност да нарачаме замена за стоката во извесен временски период. Ако замената за пратката не успее, може да го раскине договорот или да го намали плаќањето.
4. Жалбите за неисправност не се прифатливи доколку стоката незначително се разликува од договорените карактеристики, ако нејзината соодветност за користење е само незначително намалена, или ако стоката има претрпено природна промена или штета по преминувањето на ризикот како резултат на несоодветен или неодговорен однос, наметнување на голема сила или употреба на несоодветни средства за работа. Ние имаме право да ги одбиеме жалбите доколку купувачот не го достави до нас неисправниот дел во рок од 4 недели ако од него е тоа побарано; ова не се применува ако доставувањето е попречено од природата на делот или од начинот на кој тој е инсталиран итн.
Правна неисправност
5. Доколку од нас се бара да испорачаме стока врз основа на цртежи,модели, мостри или делови како примероци обезбедени од страна на купувачот, тогаш тој ја има одговорноста да не се прекршат правата на интелектуална сопственост на трети во земјата за која е наменета стоката. Ние ќе го информираме клиентот за сите права што ни
се познати. Купувачот мора да не ослободи од жалби од трета страна и да ја надомести настанатата штета. Доколку сме спречени од трета страна да произведуваме или испорачуваме стока заради права за интелектуална сопственост потврдени од нивна страна, ние имаме право - без проверка на правната состојба – да ја прекинеме работата се до нејзино правно разјаснување од страна на купувачот и третата страна. Ние имаме право да го раскинеме договорот доколку задоцнувањето е од таква природа да ние не можеме да го почитуваме договорот од разбирливи причини.
6. Доколку не е поинаку договорено, ние сме должни, да ја испорачаме стоката во соодветната држава, ослободена од правa на интелектуална сопственост и авторски права. Доколку користењето на испорачаниот предмет може да доведе до повреда на правата за интелектуална сопственост или авторски права, тогаш ние на наша сметка ќе го обезбедиме правото на купувачот за понатамошна употреба, или пак испорачаниот предмет ќе го модифицираме на начин кој понатаму нема да предизвикува повреда на правата за интелектуална сопственост.
7. Доколку ова не е можно да се направи во рамките на економски оправдани услови или соодветен рок, тогаш купувачот има право да отстапи од договорот. Под наведените услови и ние имаме право да отстапиме од договорот.
8. Исто така, ние, ќе го ослободиме купувачот од неспорни или правно издржани права на имателот на право на интелектуална сопственост.
9. Наведените задолженија во точка 7 со резерва кон член IX, во случај на повреда на правата на интелектуална сопственост и авторските права, се конечни.
Тие постојат само во случај кога:
-Купувачот веднаш ќе не извести за настанатите повреди на правото на интелектуална сопственост и авторските права
-Купувачот ќе не подржи во содветна форма и обем, при одбрана од настанатите права и ќе ни овозможи спроведување на мерки за модификација според точка 5
-Ќе ги задржиме сите мерки за одбрана вклучително и регулативи
-Правната неисправност не се темели на некое упатство или специјална даденост на купувачот
-Правната повреда не била предизвикана од самостојна промена на испорачаниот предмет од страна на купувачот, негова примена на начин кој не е опишан во договорот, или пак друга повреда на правото на интелектуална сопственост
IX. Одговорност
1. Правата за надомест на штета на купувачот без разлика од која правна причина се исклучени, освен за случаи за кои е поинаку договорено во овие услови.
2. Додека задолженијата на РЕХАУ за информирање подлежат на одредбите на уредбата (EG) Бр. 1907/2006 за регистрација, проценка, одобрение и ограничување на хемиски материи (REACH), РЕХАУ не одговара за исправноста и точноста на информациите кои ги добил од неговите добавувачи.
X. Застарување
Сите права на купувачите,од било која правна причина застаруваат по 12 месеци, освен во случаи кога законот предвидува пократко временско застарување.
XI.Толеранција
1. За црева и профили, со исклучок на производите направени од пенест материјал, доколку е наведено во ДИН нормите, нормите на фабриката или на друго место (на пример технички услови за испорака или РЕХАУ цртежи), дозволени се следниве толеранции:
•- за профилите, ако се мерливи:
ширина, висина и дијаметар, ДИН 16941- 3А,многу грубо;
•- за изолациски црева / посебни димензии:
главно во согласност со ДИН 40621 ”изолациски црева Б (без текстил) „:
•внатрешен дијаметар +5%
•дебелина на ѕидот +10%
•- за други црева:
•внатрешен дијаметар до 5мм +0.1/-0.2 мм
•горе 5 до 8 мм +0.2/-0.3 мм
•горе 8 мм +2.5%/-3%
•дебелина на ѕидот до 0,7 мм +0.1/-0.1 мм
•горе 0,7 до 1,5 мм 0.15/-0.15 мм
•горе 1,5 мм +10%
•За должината на производите ( вклучувајќи силикон) важат толеранции на должина измерена на собна температура непосредно по производството, кај профили и црева според ДИН 16941-3 А како и ДИН 2738-1, кај снопови и котури: + 2%.
•Кај цревата и профилите од силикон важат толеранциите за форма според ДИН ИСО 3302 Е3.
2. Праг А – податоци за цврстина подразбираат ниво на толеранција од ±3 за термопластика и ±5 за еластомери.( утврдени на мостри изработени според нормите). Отстапувања во смисла разлики во квалитет, тежина и боја, кои се нормални во стопанството, во никој случај не треба да претставуваат причина за одбивање на пратката. Илустрациите, димензиите и тежината наведени во нашите листи, спецификациите за технички испораки, спецификациите за производи, понуди на цени и потврди на налози се дадени како приближни податоци. Разликите во димензиите, тежина, броеви на единици и квалитет се дозволиви во обем на нормална
трговска толеранција или во согласност со релевантните стандарди. Не се дава гаранција за целосна усогласеност.
3. Во сите останати случаи, доколку не е поинаку договорено или од нас дадено, важат соодветните технички норми и регулативи за дозволените толеранци (ДИН, ВДЕ, итн).
XII. Автроско право и права за интелектуална сопственост, форми и алати
1. Ние ги задржуваме сите права на интелектуална сопственост и авторски права за цртежи, мостри и слични информации. Тие не може да им станат достапни на трети страни без претходна согласност од наша страна.
2. Ние, според сите околности, имаме право на сопствено производство на сите артикли, за кои самите сме направиле нацрт-дизајн, цртеж и алати. Не е дозволено да се пренесуваат или да се умножуваат овие документи и алати и не е дозволено да се користи или открива содржината на таквите документи, освено доколку тоа не е јасно дозволено. Прекршувањето на ова предизвикува барање за отштета. Ние ги задржуваме сите права во случај на доделување на патент и за регистрирање на дизајн. Купувачот сноси одговорност да не се повредат правата на интелектуална сопственост на трети лица, при производство и испорака на предмети, кои биле направени според негови податоци. Направи, теркови и други средства остануваат во наша сопственост, дури и во случаи кога на купувачот му се фактурирани трошоците за тоа.
3. Кога изработуваме или набавуваме модели, направи, форми, алатите или уредите за оформување, по налог на купувачот, ние одделно ќе го фактурираме делот за тие трошоци. Со оглед на тоа што овие делумни трошоци не ги покриваат трошоците што произлегуваат за дизајн, конструкција, изработка, Know-How и оддржување, таквите направи, форми,алати и други помошни уреди остануваат во наша сопственост. Истото важи и за промени како и резервни модели, алати и обработка на дополнителни направи. Трошоците за алати треба да се платат со данок на додена
вредност, по издадена фактура. Доколку изминат 3 години од последната испорака на таквите артикли, ние повеќе не сме должни за чување на истите.
XIII. Право и други прашања
1. Како единствен – и интернационален - суд за одредени права и поврзаности на партиите надлежен е Основниот Суд Скопје II, назависно од висинита на спорот.
2.Доколку договорната страна го суспендира плаќањето или доколку е поднесено барање за постапка за стечај или се поведе постапка за постигнување компромис надвор од судот, РЕХАУ има право да се повлече од договорот за делот што не е исполнет.
3. Се применуваат законите на Република Македонија. Конвенцијата на Обединетите нации од 11.4.1980 за договори за меѓународна продажба на стока се исклучуваат.