Contract
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР.01- 126/2018
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ-
ПОГОНСКИ ХЕМИКАЛИИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
С о д р ж и н а
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1.1 Договорен орган
1.2 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.5 Извор на средства
1.6 Право на учество
1.7 Трошоци за поднесување на понуда
1.8 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.9 Спречување на судир на интереси
1.10 Начин на комуникација
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.2 Лична состојба
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.4 Економска и финансиска состојба
2.5 Техничка или професионална способност
2.6 Стандарди за системи за квалитет
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.2 Јазик на понудата
4.3 Цена на понудата
4.4 Валута на понудата
4.5 Период на важност на понудата
4.6 Гаранција на понудата- на износ од 3% од вредноста на понудата без ДДВ
4.6.1 Гаранција за квалитетно извршување на Договорот: 5% од вредноста на Договорот со ДДВ
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.8 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9 Посета на локација – не се предвидува
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.11 Алтернативни понуди – не се бара
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.3 Појаснување на понудите
5.4 Исправка на аритметички грешки
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.3 Правна заштита
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.2 Рок и место на испорака
7.3 Разлики во цена - корекција на цени
7.4 Авансно плаќање
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот : 5% од вредноста на Договорот со ДДВ
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
IV.ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
0. Дефиниции
Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес кој ги вклучува и секторските договори, склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе договорни органи од една страна и еден или повеќе економски оператори од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоки или обезбедување на услуги согласно со овој закон;
„Секторски договор“ е договор за јавна набавка што се доделува во функција на вршење на една или повеќе дејности од членот 176 став (1) на овој закон;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Ограничена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе пријава за учество, а само кандидатите избрани од страна на договорниот орган се покануваат да поднесат понуда;
„Конкурентен дијалог“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе пријава за учество и според која договорниот орган води дијалог со избраните кандидати со цел да се утврди едно или повеќе соодветни решенија кои ќе ги задоволат неговите барања и врз основа на кои избраните кандидати ќе ја изготват својата понуда;
„Постапка со преговарање“ е постапка во која договорниот орган ги консултира избраните кандидати и преговара за условите од договорот со еден или со повеќе од нив;
„Постапка со барање за прибирање на понуди“ е поедноставена постапка за доделување на договор за јавна набавка, која се спроведува согласно со Xxxxxxx В Дел 6 од овој закон;
„Рамковна спогодба“ е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори за да се утврдат основните услови кои ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената и, ако е можно, предвидените количини;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Кандидат“ е секој економски оператор кој доставил пријава за учество во ограничена постапка, постапка со преговарање или конкурентен дијалог;
„Пријава за учество“ е предлог на кандидатот со кој ја докажува својата лична состојба, техничка или професионална способност, финансиска и економска состојба како услов за добивање на покана за доставување на понуда во ограничена постапка, постапка со преговарање или конкурентен дијалог;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Учесник на конкурс за избор на идејно решение“ е секој економски оператор кој има поднесено проект на конкурс за избор на идејно решение;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон;
„Услуги за истражување и развој“ се сите активности кои вклучуваат темелно истражување, применето истражување и експериментален развој кој вклучува реализација на технолошки демонстратори, односно уреди кои демонстрираат дејствување на нов концепт или нови технологии во соодветно или репрезентативно опкружување;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице односно лице овластено од него;
„Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган кое произлегува од закон или пропис врз основа на закон, со цел да се ограничи спроведувањето на дејностите во одредена област на јавни услуги на ограничен број или на еден правен субјект;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
- врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
- кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
- кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
32. „Доминантно влијание” е кога:
- едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
- постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
33. „Профил на економски оператор“ е функционалност на Електронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување на способност од страна на регистрираните економски оператори;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
35. „Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
36. „Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
37. „Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
38. „Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
39. „Централно тело за набавки“ е договорен орган согласно со членот 4 став (1) точки а), б) или в), кој:
- набавува во свое име и за своја сметка стоки или услуги кои се или можат да бидат наменети за еден или за повеќе договорни органи или
- доделува договори за јавни набавки или склучува рамковни спогодби во име и за сметка на еден или на повеќе договорни органи и
40. „Општ поимник за јавни набавки (ОПЈН – CPВ)“ е референтна номенклатура што се применува
во постапките за доделување на договори за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со
останатите постојни номенклатури.
Договорен орган: АД Електрани на Македонија,во државна сопственост-Скопје
ул. “11 Октомври” број 9
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Електрани на Македонија ,АД во државна сопственост, со адреса на ул. 11Октомври бр.9, телефон за контакт: 02/ 3149-216, 02/ 3149-158, факс 02/3149125, електронска пошта xxxxx.x.xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx, има потреба од набавка на погонски хемикалии .
За таа цел, договорниот орган спроведува отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) достапен на следнава веб адреса: xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx,во согласност со член 21 и 22 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11,148/13,28/14, 43/14 , 130/14, 180/14 ,78/15 , 27/16 , 120/16 и 165/17), за што објави оглас број 01-126/2018 .
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx, притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН” објавен на истата веб адреса во делот “Економски оператори”.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Во прилог на оваа покана е тендерската документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, модел на договор и образец на понудата.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на ------------------, во 12 часот.
Однапред благодариме на соработката.
|
Овластено лице Xxxxx Xxxxxxxxxxx |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1.1 Договорен орган
1.1.1 Договорен орган е Електрани на Македонија,АД-Скопје, со седиште на адреса: ул. 11Октомври бр.9, телефон 02/ 0000-000, 02/ 0000-000, факс 02/3149125
1.1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Весна Живковска, телефон, 02/ 0000-000,
02/ 0000-000, факс 02/3149125, електронска пошта xxxxx.x.xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
1.2 Предмет на договорот за јавна набавка, делумност на понудата и делливост на набавката:
1.2.1 Предмет на договорот е: Погонски хемикалии
1.2.2 Предметот на договорот е деллив на ДЕЛОВИ но не и по позиции во рамките на еден ДЕЛ :
ДЕЛ 1- Воден раствор на Амонјак: 648.000,00 денари
ДЕЛ 2- Воден раствор на Натриум хидроксид: 8.400.000,00 денари
ДЕЛ 3- Фери хлорид: 771.425,00 денари
ДЕЛ 4- Сулфурна киселина: 2.300.000,00 денари
ДЕЛ 5- Хидразин хидрат: 247.500,00 денари
1.2.3 Договор за набавка на : стока
1.2.4 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации (Прилог II) кој е составен дел на тендерската документација.
1.2.5 Предметот на договорот е делив на ДЕЛОВИ како што е дефинирано во точка 1.2.2. Понудувачот може да даде понуда за еден, или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор поднесува единечна и вкупна цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој ДЕЛ поединечно преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот ДЕЛ.
1.3 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка ,рок и место за испорака и времетраење на договорот:
1.3.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.3.2 Договорот се склучува до исполнување на вкупната вредност на овој Договор или за времетраење не повеќе од 2(две) година.
1.3.5 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки,(ЕСЈН) xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx
1.3.6 Подетални информации за електронската аукција:
Предмет на аукцијата е вкупната цената на предметот на договорот за јавна набавка вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ по ДЕЛОВИ, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката за трите ДЕЛ-а одделно. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката.
По спроведената целосна евалуација на првичните понуди и одобрувањето на почетната ранг листа преку ЕСЈН ќе се испрати автоматско известување до регистрираната е-маил адреса на секој економски оператор кој не е квалификуван за учество на електронска аукција, додека квалификуваните понудувачи за учество на аукцијата директно ја добиваат Поканата за учество на аукцијата.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди (без ДДВ); датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени); како и тековниот ранг на понудувачот направен врз основа на првично поднесената цена.
1.3.7 Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Поканата до единствениот понудувач особено содржи:
- идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена,
- информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и
-времето на поднесување на конечната цена кое не може да биде порано од 48 часа од испраќањето на поканата.
Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки: 136/07,130/08,97/10, 53/11,185/11,15/13,148/13,28/14,43/14, 130/14,180/14 , 78/15 , 27/16, 120/16 и 165/17 и донесените подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на понудата Економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа за предмет на договорот, даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и други прописи кои се релевантни за предметот на договорот. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Р.Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области кандидатот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа) и од други соодветни министерства.
1.5 Извор на средства
1.5.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени приходи.
1.6 Право на учество
1.6.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое, преку ЕСЈН презело тендерска документација од Договорниот Орган.
1.6.2 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.6.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган има право, од групата на понудувачи да бара здружување во соодветна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.6.4 Составен дел на групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
Членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства, доколку е предвидено во тендерската документација,
Членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
Краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот и
Други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација.
1.6.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.6.6 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
Е носител на групата економски оператори,
Ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
Групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
Другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.6.7 Повлекувањето на членот од групата економски оператори спротивно на претходната точка се смета за повлекување на групната понуда.
1.6.8 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.6.9 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.6.10 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите.
1.6.11 Понудувачот е должен во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи.
1.6.12 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.6.13 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.7 Трошоци за поднесување на понуда
1.7.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.8 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.8.1 Критериуми за избор на најповолна понуда (согласно Членовите 159, 160 и 161 од Законот за јавни набавки) е најниска цена.
1.8.2 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.8.3 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.9 Спречување на судир на интереси
1.9.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.9.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.9.3 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.9.4 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.9.5 Договорен органот се обврзува за доследна примена на највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на спроведување на постапката за набавка - услуга по овој повик како и при реализација на договорот со најповолниот, избраниот понудувач, како од членовите на комисијата за јавни набавки така и од одговорните лица. Истата обврска важи и од страна на понудувачите.
1.10 Начин на комуникација
1.10.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx . Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.10.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.10.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 од Инструкциите за понудувачите.
1.11 Јазик на тендерот
1.11.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.11.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.11.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
1.11.4 Со избраниот понудувач, при склучувањето на договорот за јавна набавка ќе се склучи и договор за заштита на информациите. (Confidentaly Аgreement)
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
личната состојба,
способноста за вршење професионална дејност,
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
-e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
-содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
-во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“,за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување /Дополнување на поднесени понуди", во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите и другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кому му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик,
доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;кому му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство.
Потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и,
Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Изјавата од точка 2.2.8 ја изготвува и електронски ја потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
Потврдите од точка 2.2.9 до точка 2.2.14 освен онаа од точка 2.2.11 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки (точка 2.2.11) ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
Документите од точка 2.2.8 до точка 2.2.13. не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени од точка 2.2.8 до точка 2.2.13 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган (нотар и слично) во која ќе објасни, која документација се издава во неговата земја како замена или покритие на бараната документација и истата ќе ја достави.
Во случај на групна набавка секој член од групата ја докажува својата лична состојба со поднесување на бараната документација
Доколку понудувачот или групата на понудувачи е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на личната способност на подизведувачите.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е е Централниот регистар на Република Македонија.
2.3.2 За докажување на способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот:
- Решение за промет со хемикалии од Министерство за здравство за ЛОТ 1,2, 3 и 5 (елиминаторен)
- Решение за промет со прекурзори од Министерство за здравство за ЛОТ 4 (елиминаторен)
2.4 Економска и финансиска состојба :
2.4.1 Во оваа постапка не се бараат посебни услови за докажување на економско финансиската состојба на понудувачите
2.5 Техничка или професионална способност:
2.5.1 Во оваа постапка не се бараат посебни услови за докажување на техничка или професионална способност на понудувачите.
2.6 Стандарди за системи за квалитет:
2.6.1 во оваа постапка не се бара исполнување на ваков стандард
2.7 Стандарди за управување со животната средина
2.7.1 во оваа постапка не се бара исполнување на ваков стандард
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.1.2 Договорниот орган соодветно на измените и дополнувањата на тендерската документација задолжително го продолжува крајниот рок за поднесување на понудите за најмалку 6 дена.
3.1.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.2.2 Договорниот орган соодветно на измените и дополнувањата на тендерската документација задолжително го продолжува крајниот рок за поднесување на понудите за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз оригиналната тендерска документација во електронска форма, и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација;
Изјава за независна понуда
договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот
образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Понудата треба да ја содржи единечната цена на паритет ДДП подружница и вкупна цена согласно моделот на понудата. Цената на понудата – вкупната вредност се пишува со бројки и букви.
4.3.2 По спроведена е-аукција,единечните цени ќе бидат намалени пропорционално на вкупното намалување на понудата по е-аукција во однос на првичната понуда.
4.4 Валута на понудата и рок на плаќање
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6.1 Гаранција на понуда (банкарска гаранција за учество), на износ од 3% од вредноста на понудата без ДДВ, согласно член 47 и 50 од ЗЈН:
4.6.1.1 Гаранција на понудата (банкарска гаранција за учество), доставува секој понудувач кој доставил понуда.
4.6.1.2 Договорниот орган може да ја наплати банкарската гаранција на понудата ако понудувачот:
Ја повлече понудата пред истекот на периодот на нејзината важност
Не ја прифати исправката на аритметички грешки од страна на Комисијата
Биде избран за најповолен понудувач, а одбие да го потпише договорот за јавна
набавка или не достави гаранција за извршување на договорот доколку таква се бара.
4.6.1.3 Гаранцијата се доставува во оригинал заедно со останатата придружна документација, копии
не се прифаќаат.
4.6.1.4 Гаранцијата на понудата треба да е со важност не помалку од 14 дена по денот на истекот на
важност на понудата.
4.6.1.5 Во исклучителни случаи, Договорниот Орган може да бара од понудувачите продолжување
на периодот на важност на гаранцијата на понудата.
4.6.1.6 Гаранцијата на понудата им се враќа на понудувачите кои не се избрани за најповолни.
4.6.1.7 Гаранцијата на понудата на избраниот понудувач, му се враќа откако ќе го потпише
договорот за јавна набавка.
4.6.1.8 Секоја понуда што не содржи гаранција за учество, или содржи гаранција за учество која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива
4.6.2 Гаранција за извршување на договорот: Да
4.6.2.1 Ја доставува избраниот понудувач на кој ќе му биде доделен договорот за јавна набавка.
4.6.2.2 Износот на гаранцијата ќе изнесува 5%, на вкупно договорната вредност со ДДВ,за секој ЛОТ одделно, согласно член 48 и 50 од ЗЈН.
4.6.2.3 Гаранцијата се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
4.6.2.4 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот.
4.6.2.5 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
4.6.2.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот потписникот на договорот за ЛОТ-от за кој е избран, ја доставува истовремено со потпишаниот договор и е услов за негова полноважност.
4.6.2.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста.
4.6.2.8 Доколку дојде до наплата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган во ЕСЈН објавува негативна референца што резултира со исклучување на економскиот оператор од сите идни постапки за за доделување на договор за јавна набавка, во период од една година од денот на објавување на првата негативна референца, за што го известува понудувачот. Периодот на исклучување се зголемува за дополнителна една година за секоја наредна негативна референца, но не повеќе од 5 години.Во случаеви од претходниот став, а при групна понуда, забраната ќе се однесува и на секој член од групата во која членува економскиот оператор кој има негативна референца.
4.6.2.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
4.7 Изјава за независна понуда согласно член 129 од Законот за јавни набавки
4.7.1 Понудувачот задолжително доставува Xxxxxx во која под целосна материјална и кривична одговорност ќе изјави дека понудата ја поднел независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествува во истата постапка со други економски оператори со кои е капитално, сопственички или роднински поврзан. Доколку понудувачот е правно лице тогаш, дигиталниот сертификат мора да биде издаден на правно лице од причина што правното лице поднесува понуда.
4.7.2 Изјавата за независна понуда (Прилог бр.V од ТД) се потпишува електронски – со валиден дигитален сертификат исклучиво од одговорното лице на Економскиот оператор и се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално
потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
4.7.3 Изјавата за независна понуда ја потпишуваат сите членови поединечно, доколку понудата е поднесена од група на економски оператори.
4.7.4 Доколку има сознанија за невистинитоста по наводите на изјавата од овој член, договорниот орган веднаш ќе ги извести надлежните органи.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од “Прирачник за користење на ЕСЈН” објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот “Економски оператори”.
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија” бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Понуди можат да достават само економските оператори кои ја презеле тендерската документација преку ЕСЈН. Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.9.2 Економскиот оператор понудата ја доставува во електронска форма преку ЕСЈН.
4.9.3 Понудата доставена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат издаден од регистриран издавач на сертификати во Република Македонија или реномиран и признат странски издавач.
4.9.4 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма преку ЕСЈН.
4.10 Посета на локација – не се предвидува
4.11 Краен рок и место за поднесување на понудите:
4.11.1 Краен рок за доставување на понудите е 08.10.2018 до 12 часот.
4.11.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса:
www.e-nabavki@gov.mк
4.11.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при отворање на понудите.
4.12 Алтернативни понуди – не се дозволува
4.13 Xxxxxx, замена и повлекување на понудата
4.13.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.11.
4.13.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда”,со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи., или целосно повлекување на понудата.
4.13.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.11.
4.13.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со активирање на Изјавата за сериозност.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
Јавното отворање на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото е јавно, во присуство на овластен претставник на економските оператори, кои ќе одлучат да присуствуваат на отворањето. Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. Договорниот орган може да го ограничи бројот на овластени претставници на еден економски оператор кои ќе присуствуваат на јавното отворање.
Место датум и час на јавното отворање на понудите:
Јавното отворање на првично поднесените понудите ќе се изврши на ден
08.10.2018 год. во 12.00 часот, во просториите на А.Д.”ЕЛЕМ”, 8 кат,сала за состаноци на горенаведената адреса во присуство на овластените претставници на понудувачите.
Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени како што е барано со тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени. Оние понудувачи кои не ги исполнуваат условите од тендерската документација ќе бидат исклучени од понатамошната постапка, односно нема да бидат поканети на електронската аукција.
Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија” бр. 154/07).
5.2 Евалуација на понудите
5.2.1 Евалуацијата се врши врз основа на доставената документација и утврдените критериуми за избор. Комисијата нема да ги евалуира понуди кои не ги содржат сите барани документи.
5.2.2 Критериумот: Цена се бодира според Методологијата за изразување на критериумите во бодови. Најевтината понуда добива максимален број на бодови по овој критериум а останатите пропорционално помалку.
5.3 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.3.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.4 Појаснување на понудите
5.4.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување /дополнување на поднесени документи”. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.4.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.5 Исправка на аритметички грешки
5.5.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.5.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.5.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата за учество.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во
отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е
понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Правна заштита
6.2.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.2.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), податоци за застапникот или полномошникот,назив и седиште на договорниот орган, број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка: - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице и печат.
6.2.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.2.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.2.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.2.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.2.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.2.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.2.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.3 Склучување на договорот за јавна набавка
6.3.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.3.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 3 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.3.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека
избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира изјавата за сериозност.
7.ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно член 169 од ЗЈН ако:
1. не е поднесена ниту една понуда, или ниту една прифатлива или соодветна понуда
2. не е поднесена ниту една соодевтна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите.
3.
се поднесени прифатливи понуди кои не
можат да се споредат поради различниот
пристап во техничките или финансиските
понуди,
4.
настанале
непредвидени промени во буџетот на
договорниот орган,
5. понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
6. оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите
7. поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
8. договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
9. избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Начин на плаќање
8.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански, 60дена после секоја извршена поединечна испорака /преточено и доставување на фактура во архивата на Договорниот орган.
8.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
8.1.3 Носителот на набавката, фактурата за извршената услуга, со приложена испратница и сертификат за квалитет на предметот на овој Договор ја доставува до Договорниот орган на адреса:
АД Електрани на Македонија во државна сопственост – Дирекција, Скопје,
ул. 11 Октомври бр.9 – Скопје, Република Македонија.
Во фактурата да се назначи дека стоката предмет на овој договор е наменета за Подружницата на Договорниот орган РЕК Битола и да се наведе архивскиот број на овој Договор.
8.2 Рок и место и начин на испорака
8.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок не подолг од 7дена од денот на поединечната нарачка, од страна на договорниот орган на следнава локација : сукцесивно, ДДП склад на РЕК Битола,за ДЕЛ 5 за Енергетика-Скопје-преточено. Заедно со секоја поединечна испорака на хемикалиите задолжително се доставуваат сертификат за квалитет за предметните хемикалии и безбедносни листови,MSDS.
8.2.2. Испораката за предметните хемикалии за ДЕЛ 1 ,ДЕЛ 2 и ДЕЛ 4 се врши со автоцистерни, а за ДЕЛ 3 и ДЕЛ 5 во соодветна амбалажа,сопственост на Економскиот оператор.
8.2.3 Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ПРИЛОГ II.
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
ПОГОНСКИ ХЕМИКАЛИИ 2018 |
|||
Р.бр. |
Опис |
X.X. |
Потребна
количина |
ДЕЛ 1 : Воден раствор на Амониум хидроксид |
|
||
|
Воден раствор на Амониум хидроксид , 25% NH₄OH Испорака во автоцистерна од минимум 20 тони состав-содржина на NH min 25%; содржина на хлориди max 0,0002%; содржина на железо max 0,00005%; содржина на SO₄ max 0,001%; содржина на CO₂ max 0,003%; содржина на тешки метали max 0,0003 %; густина на 20⁰ C min 0,900g/cm3 |
кг |
25.000 |
ДЕЛ 2 : Воден раствор на Натриум хидроксид |
|
||
|
Воден раствор на Натриум хидроксид лужина, Испорака во автоцистерна од минимум 20 тони состав: содржина на NaOH min 45%; содржина на Na₂CO max 0,3%; содржина на хлориди max 0,05%; содржина на железо max 0,001% густина на 20⁰ C min 1,44g/cm3 |
кг |
300.000 |
ДЕЛ 3 : Воден раствор на Фери хлорид |
|
||
|
Воден раствор на Фери хлорид, Испорака во автоцистерна од минимум 9 тони состав: min 40 % FeCl; или min 66 % FeCl х 6 HO форма-течност; густина на 20⁰ C min 1,418 g/cm3; |
кг |
25.000 |
ДЕЛ 4 : Сулфурна киселина |
|
||
|
Сулфурна киселина, min 95% H₂SO₄ , Испорака во автоцистерна од минимум 20 тони состав: монохидрат ( заради што една молекула на гас SO се раствара во една молекула на H₂O) min 95 % Fe<30 ppm As < 0,2 ppm Pb< 0,3 ppm Cl< 5ppm густина на 20⁰ C min 1,83 g/cm3 |
кг |
200.000 |
ДЕЛ 5 : Хидразин хидрат |
|
||
|
25% раствор |
кг |
1.100 |
- За исполнување на квалитетот на бараниот производ согласно техничката спецификација потребно е да се достави Производствена спецификација за секоја понудена хемикалија.
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 01-126/2018 објавен од страна на Електрани на Македонија,АД, за доделување на договор за јавна набавка на: ПОГОНСКИ ХЕМИКАЛИИ , со спроведување на Отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (www.e -nabavki. gov. mk ), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
III.1. ОПШТ ДЕЛ
III.1.1.Име на понудувачот: ______________________________________________________________
III.1.2. Контакт информации
Адреса: ___________________________________________________________________________
Телефон: _______________________________________________________________________
Факс: ___________________________________________________________________________
Е-mail: ________________________________________________________________________
Лице за контакт: __________________________________________________________________
III.1.3. Одговорно лице/функција: ___________________________________________________________
III.1.4. Даночен број______________________________________________________________________
Матичен број: _____________________________________________________________________
III.1.5.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно условите од ТД и моделот на договор за ЈН.
__________________________________________________________________________________
(се наведува предметот на набавка)
|
|
погонски хемикалии/ Подружница
|
Количина /kg |
Ед.цена/ МКД без ДДВ |
Износ/ МКД без ДДВ |
ДЕЛ 1 |
1. |
Воден раствор на Амонјак (NH4OH) РЕК Битола |
25.000 |
|
|
III. 1.6. Вкупната вредност на нашата понуда за ДЕЛ 1 без ДДВ изнесува: _________________ денари,
со зборови: _____________________________________________________
|
|
погонски хемикалии/ Подружница
|
Количина /kg |
Ед.цена/ МКД без ДДВ |
Износ/ МКД без ДДВ |
ДЕЛ 2 |
1. |
Воден раствор на Натриум хидроксид (NaOH) -РЕК Битола |
300.000 |
|
|
III. 1.6. 2 Вкупната вредност на нашата понуда за ДЕЛ 2 без ДДВ изнесува: _________________ денари,
со зборови: _____________________________________________________
|
|
погонски хемикалии/ Подружница
|
Количина /kg |
Ед.цена/ МКД без ДДВ |
Износ/ МКД без ДДВ |
ДЕЛ 3 |
1. |
Воден раствор на Фери хлорид, FeCl3 РЕК Битола |
25.000 |
|
|
III. 1.6. 3 Вкупната вредност на нашата понуда за ДЕЛ 3 без ДДВ изнесува: _________________ денари,
со зборови: _____________________________________________________
|
|
погонски хемикалии/ Подружница
|
Количина /kg |
Ед.цена/ МКД без ДДВ |
Износ/ МКД без ДДВ |
ДЕЛ 4 |
1. |
Сулфурна киселина-H2SO4 РЕК Битола |
200.000 |
|
|
III. 1.6. 4 Вкупната вредност на нашата понуда за ДЕЛ 4 без ДДВ изнесува: _________________ денари,
со зборови: _____________________________________________________
|
|
погонски хемикалии/ Подружница
|
Количина /kg |
Ед.цена/ МКД без ДДВ |
Износ/ МКД без ДДВ |
ДЕЛ 5 |
1. |
Хидразин хидрат-N2H4 xH2O Енергетика-Скопје |
1.100 |
|
|
III. 1.6. 5 Вкупната вредност на нашата понуда за ДЕЛ 5 без ДДВ изнесува: _________________ денари,
со зборови: _____________________________________________________
III. 1.7.Плаќањето на фактурите : 60 дена по испорака и достава на фактура кај Договорниот орган.
III.1.8. Производител на понудените хемикалии за секој ДЕЛ пооделно:
ДЕЛ 1_____________________
ДЕЛ 2_____________________
ДЕЛ 3_____________________
ДЕЛ 4_____________________
ДЕЛ 5_____________________
III.1.13. Важност на понудата: 90 дена
III.1.14. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум __________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (име и презиме)* |
|
|
* Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
IV.Изјава за независна понуда
за Отворена постапка 01-126/2018 (набавка на ПОГОНСКИ ХЕМИКАЛИИ )
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_______________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапка бр.__________________(да се наведе број на огласот) ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата во постапка бр._________________(да се наведе број на огласот), не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
________________ _____________________
(потпис)*
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
*** Изјавата за независна понуда ја потпишуваат сите членови поединечно ,доколку е поднесена од група на економски оператори.
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.