Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ
(во натамошниот текст: Општи услови за микроплаќање)
1. ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ СОДРЖАНИ ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за микроплаќање:
⮚ Услуга на микроплаќање - се смета услуга за вршење на трансакции за плаќање не поголеми од 1.000 денари (со зборови: илјада денари), каде согласноста на Корисникот за вршење на трансакцијата за плаќање се дава со некој телекомуникациски, дигитален или информатичко-технолошки уред, а плаќањето се врши кон МКТ како телекомуникациски оператор кој делува исклучиво како посредник помеѓу Корисникот на услугите за плаќање и добавувачот на стоки и услуги;
⮚ Посредник при микроплаќање - телекомуникациски или мрежен оператор или оператор на информациско технолошки системи преку кој се вршат микро плаќањата и кој ги исполнува условите пропишани со Законот за платниот промет (Сл. Весник на РМ бр. 113/2007, 22/2008, 159/2008, 133/2009, 145/2010, 35/2011, 11 /2012 и 166/2012);
⮚ Македонски Телеком АД Скопје (во натамошниот текст: МКТ) - оператор на јавна комуникациска мрежа и давател на јавна комуникациска услуга и посредник на микроплаќање согласно Законот за платниот промет;
⮚ Претплатник - физичко или правно лице кое за користење на јавни комуникациски услуги склучува договор со МКТ, како оператор на јавна комуникациска мрежа и давател на јавна комуникациска услуга, за користење на услугите од пост-пејд или при-пејд системот;
⮚ Корисник на микроплаќање - физичко или правно лице, Претплатник на МКТ, кое има склучено Договор за микроплаќање со МКТ, како посредник на микроплаќање. Физичко лице – Xxxxxxxx на микроплаќање може да овласти други физички лица да ја користат услугата на микроплаќање согласно условите утврдени во Договорот за микроплаќање и овие Општи услови за микроплаќање. Во секој случај, физичкото лице – Xxxxxxxx на микроплаќање е директно и непосредно одговорно за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање за физичките лица кои ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање, кои настапуваат во свое име, а за сметка на физичкото лице – Корисник на микроплаќање кое го склучил Договорот за микроплаќање. Корисник на микроплаќање се и физичките лица за кои правното лице – Xxxxxxxx на микроплаќање го склучил Договорот за микроплаќање во нивно име, а за своја сметка. Во секој случај, правното лице – Xxxxxxxx на микроплаќање е директно и непосредно одговорно за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање за физичките лица кои ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање;
⮚ Договор за микроплаќање – договор склучен помеѓу Корисникот на микроплаќање и МКТ во кој се уредени начинот и условите под кои се користи услугата на микроплаќање;
⮚ MSISDN – број издаден од МКТ, кој е поврзан со СИМ картичката и преку кој МКТ го евидентира Корисникот на микроплаќање при користењето на услугата на микроплаќање;
⮚ СИМ картичка – е специјален тип на електронска картичка која на Корисникот на микроплаќање му е издадена од МКТ со која Корисникот на микроплаќање се најавува на телекомуникациска мрежа со цел остварување на телекомуникациски сообраќај;
⮚ Циклус на пресмeтка - е период во кој МКТ врши пресметка на трансакциите направени од страна на Корисникот за микроплаќања кој не може да биде пократок од 28 (дваесет и осум) дена и подолг од 31 (триесет и еден) ден;
⮚ Инструмент за микроплаќање - СИМ картичка, мобилен телефон, односно било кој друг телекомуникациски, дигитален или информатичко-технолошки уред, со кој се дава согласност за извршување на трансакцијата за микроплаќање.
⮚ Законски лимит по Корисник на микроплаќање – лимит од 6.000 денари (со зборови: шест илјади денари) дефиниран во Законот за платен промет кој на ниво на физичко лице се определува по ЕМБГ на Корисникот на микроплаќање, а на ниво на правно лице се определува по поединечна претплатничка линија.
2. ПРЕДМЕТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Предмет на овие Општи услови за микроплаќање е дефинирање на правата и обврските на, Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр. 6, 1000 Скопје, како посредник при микроплаќање утврден со упис во регистарот на посредници при микроплаќање на Народна Банка на Република Македонија со бр. согласно Законот за платниот промет (Службен весник на РМ бр. 113/2007, 22/2008, 159/2008, 133/2009, 145/2010, 35/2011, 11 /2012 и 166/2012), од
една страна и Корисникот на микроплаќање, од друга страна.
За користење на услугата за вршење на плаќања исклучиво под 300 денари (со зборови: тристотини денари), Претплатниците на МКТ не склучуваат посебен писмен договор со МКТ. Активацијата на оваа услуга Претплатниците ќе ја вршат и преку електронски канали согласно Упатство за активација кое на Претплатникот му е достапно на официјалната веб страна на МКТ (xxx.xxxxxxx.xx). Од моментот на активација, овие Општи услови за микроплаќање ги обврзуваат и таквите Претплатници и тоа во оној обем кој е применлив за таквата услуга. МКТ го задржува правото да го одбие барањето за активација на овој тип услуга.
3. ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
За користењето на услугите на микроплаќање, Корисникот на микроплаќање има обврска на МКТ да му плаќа надоместок утврден во Ценовникот за трошоците и услугите при вршењето на микроплаќањето на МКТ, кој на Корисникот на микроплаќање му е достапен на официјалната веб страна на МКТ или во било кој продажен салон на МКТ.
4. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Основ за користење на услугата за микроплаќање, е Претплатниците да склучат Договор за микроплаќање во писмена форма, со исклучок на точка 2 став 2 од овие Општи услови за микроплаќање.
За склучување на Договор за микроплаќање, Претплатникот поднесува Барање до МКТ. Барањето за користење на услугата микроплаќање се поднесува со пополнување на претходно изготвен образец (формулар) за таа намена. Барањето може да се поднесе непосредно во продажните салони на МКТ.
МКТ во рок не подолг од 7 (седум) работни дена ќе го извести барателот за прифаќањето/одбивањето на Xxxxxxxx за склучување на Договор за користење на услугата
микроплаќање. МКТ го задржува правото да го одбие Xxxxxxxx за користење на услугата микроплаќање.
Претплатникот – физичко лице го склучува Договорот за микроплаќање лично или преку полномошник со полномошно заверено на нотар за таа намена. При потпишувањето на Договорот за микроплаќање, физичко лице како Корисник на микроплаќање доставува на увид важечки документ за лична идентификација, при што МКТ задржува копија од документот за лична идентификација. Овластените лица кои физичкото лице – Корисник на микроплаќање ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање се должни да се идентификуваат со важечки документ за лична идентификација, при што МКТ задржува копии од документите за лична идентификација.
Претплатникот - правно лице го склучува Договорот за микроплаќање преку одговорното/ите лице/а или преку полномошник со полномошно заверено на нотар за таа намена. При потпишување на Договорот за микроплаќање, правното лице како Xxxxxxxx на микроплаќање доставува Тековна состојба за субјектот во оригинал или заверена на нотар не постара од 3 (три) месеци. Овластените лица кои правното лице – Корисник на микроплаќање ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање се должни да се идентификуваат со важечки документ за лична идентификација, при што МКТ задржува копии од документите за лична идентификација.
МКТ во рок не подолг од 7 (седум) дена од потпишувањето на Договорот за микроплаќање му ги овозможува на Корисникот на микроплаќање услугите кои се предмет на Договорот за микроплаќање.
5. УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЦИ ВО ПОСТ- ПЕЈД И ПРИПЕЈД СИСТЕМОТ
5.1. Претплатници во пост-пејд системот (физички лица) потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да имаат склучено претплатнички Договор за користење на услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа на МКТ и да се активни корисници на пост-пејд услугите на МКТ
⮚ редовно да ги подмируваат сметките за мобилни комуникациски услуги
⮚ да поседуваат валиден документ за лична идентификација,
⮚ на барање на МКT авансно да платат износ од 6.000 денари (или со зборови: шест илјади денари) како обезбедување за наплата на идните нефактурирани побарувања на МКТ од Договорот за микроплаќање. Корисникот на микроплаќање го овластува МКТ да го користи авансот во случај на неможност за наплата на неговите обврски кон МКТ по Договорот за микроплаќање.
5.2. Претплатници во пост-пејд системот (правни лица) потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да имаат склучено Договор за користење на услуги од мобилна телефонија и да се активни корисници на постпејд услугите на МКТ
⮚ редовно да ги подмирувале сметките за мобилни комуникациски услуги
⮚ на барање на МКТ авансно да платат износ од 6.000 денари (или со зборови: шест илјади денари) како обезбедување за наплата на идните нефактурирани побарувања на МКТ од Договорот за микроплаќање. Корисникот на микроплаќање го овластува МКТ да го користи авансот во случај на неможност за наплата на неговите обврски кон МКТ по Договорот за микроплаќање.
⮚ да потпишат Xxxxxx за вистински сопственик согласно Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам
5.3. Претплатници во при-пејд системот потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да се активни корисници на пре-пејд услуги
⮚ да поседуваат валиден документ за лична идентификација
Плаќањето на авансот дефиниран во точка 5.1 и точка 5.2 се врши во продавниците на МКТ. На уплатените средства МКТ не му исплаќа камата на претплатникот. МКТ ќе го употреби авансот само во случај претплатникот да не ги плаќа навремено неговите обврски кон МКТ по Договорот за микроплаќање. Во таков случај, по исцрпување на авансот, доколку претплатникот не уплати нов аванс, МКТ има право да ја исклучи услугата за микроплаќање. Во случај на раскинување на Договорот за микроплаќање склучен со уплата на аванс, МКТ ќе изврши враќање на неискористениот дел од авансот, доколку сите доспеани сметки се платени.
6. ПРАВА И ОБВРСКИ НА МКТ И КОРИСНИКОТ НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
6.1 Корисникот на микроплаќање ги има следните права:
⮚ да ја користи услугата на микроплаќање согласно условите утврдени во овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање и Упатство за користење на услугата микроплаќање кое на Корисниците на микроплаќање им е достапно на веб страната на МКТ и во продажните салони МКТ
⮚ да добива непречено, ефикасно и редовно користење на услугата на микроплаќање, во согласност со условите утврдени во овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање.
⮚ на бесплатни месечни извештаи во електронска форма за извршените микро плаќања.
⮚ на негово барање, во салоните на МКТ да добие бесплатни месечни извештаи во писмена форма за извршените микроплаќања
⮚ на достапност до Службата за грижа на корисници за каков било проблем што се донесува на користење на услугата на микроплаќање со повикување на тел. број 122 на Контакт центарот на МКТ.
⮚ на негово барање, да добие информација во врска со податоците кои за него ги обработува МКТ
⮚ да бара и да добие информации во врска со услугата на микроплаќање
⮚ да поднесе Приговор согласно точка 8 од овие Општи услови за микроплаќање
⮚ да бара промена на условите под кои првично му е одобрена услугата на микроплаќање.
6.2. Корисникот на микроплаќање ги има следните обврски:
⮚ да не ја користи услугата на микроплаќање спротивно на Општите услови за микроплаќање, Договорот за микроплаќање, Упатството за користење на услугата микроплаќање и законските прописи од областа на платниот промет
⮚ да не ја злоупотребува услугата микроплаќање за вршење на дејствија кои не се во согласност со законските прописи
⮚ да ја користи услугата за сопствени потреби и да не дозволи неовластено користење на услугата на микроплаќање од трети лица
⮚ да не ги открива неговите кодирани податоци за идентификација на трети лица (PIN броеви и други идентификациони броеви кои му се доделени за користење на услугата микроплаќање) и да ги сноси сите трошоци поврзани со неовластеното откривање на неговите кодирани податоци
⮚ да го извести МКТ за секоја промена на документите за лична идентификација, веднаш а најдоцна во рок од 8 дена од извршената промена
⮚ Корисникот на микроплаќање се согласува МКТ да ги соопштува податоците за поединечните трансакции со инструментот за микроплаќање на полицијата и останати државни органи на Република Македонија на барање засновано на закон, согласно потребата, во случај на постоење на основано сомнение за злоупотребата на инструментот за микроплаќање
⮚ навремено да ги плаќа фактурираните износи за користење на услугата микроплаќање
⮚ да ги почитува секое упатство и соопштение на МКТ во поглед на користењето на услугата на микроплаќање и инструментот за микроплаќање кој го овозможува истото
6.3. МКТ ги има следните права:
⮚ од Корисниците на микроплаќање да ги побара личните податоци утврдени со закон и да задржи копија од истите;
⮚ да ги користи личните податоци на Корисниците на микроплаќање за директен маркетинг на производи/услуги на МКТ единствено со нивна претходна изречна согласност, со обврска да им овозможи во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлечат или ограничат согласноста за обработка на лични податоци;
⮚ да одбие барање за склучување на Договор за микроплаќање;
⮚ да ја определи висината на лимитите согласно законските лимити и интерните правила на МКТ;
⮚ да ја зголемува или намалува висината на лимитите согласно законските лимити и интерните правила на МКТ;
⮚ да одбие трансакција доколку износот на трансакцијата го надминува дозволениот лимит по поединечна трансакција на Корисникот на микроплаќање;
⮚ да одбие трансакција доколку со трансакцијата се надминува вкупно дозволениот лимит на месечно ниво на Корисникот на микроплаќање;
⮚ да одбие трансакција доколку со трансакцијата се надминува законски дозволениот лимит на месечно ниво на ниво на МКТ како посредник за микроплаќање;
⮚ да му ја ограничи на Корисникот на микроплаќање користењето на услугата на микроплаќање во случаите наведени во овие Општи услови за микроплаќање или во Општите Услови за пристап и користење на јавните комуникациски услуги на МКТ;
⮚ да пристапи кон привремено или конечно прекинување на услугата микроплаќање во случај на злоупотреба или постојано одлагање на плаќањето;
6.4. МКТ ги има следните обврски:
⮚ да овозможи активирање и пристап на услугата на микроплаќање во рок не подолг од 7 (седум) дена од денот на склучување на Договорот за микроплаќање;
⮚ да им обезбеди на Корисниците на микроплаќање пристап до Контакт центар на бројот 122 на МКТ за добивање на информации во врска со начинот на користење на услугата микроплаќање;
⮚ на барање на Корисникот на микроплаќање да му одговори за причината за одбиената трансакција за услугата на микроплаќање;
⮚ да му овозможи на Корисникот на микроплаќање 24-часовна техничка поддршка за овозможување на блокада на инструментот за микроплаќање на бројот 122;
⮚ да изврши сторнирање на повеќекратно наплатениот износ во случај на повеќекратна наплата на иста трансакција;
⮚ да одговори на Корисникот на микроплаќање во случај на поднесен Приговор согласно точка 8 од овие Општи услови;
⮚ да му достави на Корисникот на микроплаќање, бесплатни месечни извештаи за извршените микро плаќања по електронски пат;
⮚ да ги обработува и чува личните податоци на Корисниците на микроплаќање и податоците за нивните трансакции, заради исполнување на целите на Договорот за микроплаќање во согласност со Законот за платен промет и прописите за заштита на лични податоци;
⮚ да ги преземе сите потребни технички и организациони мерки за заштита на тајноста на пораките или другите форми на вршење на услугата/трансакциите, како и да гарантира сигурност, тајност и неповредливост на личните податоци на Корисниците на микроплаќање и заштита од повреда на личниот интегритет, што произлегува од регистрирањето информации за Корисниците на микроплаќање, согласно прописите за заштита на лични податоци освен во случаи предвидени со Закон;
⮚ на барање на Xxxxxxxxxx на микроплаќање да даде информација во врска со податоците кои за него ги обработува и чува согласно прописите за заштита на лични податоци;
⮚ во случај на повреда на одредбите на Договорот за микроплаќање да го извести Корисникот на микроплаќање и да му определи разумен рок за исполнување на обврските предвидени со Договорот;
⮚ да го извести Корисникот на микроплаќање за сите евентуални измени на услугата на микроплаќање (во поглед на начинот на фактурирање/наплата и други услови на работење итн). Измените на услугата на микроплаќање ќе бидат јавно објавени на веб страната на МКТ и достапни во секое продажно место на МКТ;
⮚ да го извести Xxxxxxxxxx на микроплаќање за промените во месечните лимити по пат на SMS;
⮚ да ги чува податоците за извршените микроплаќања, како и прегледите и деталните исписи од извршени трансакции во период од 10 (десет) години од извршување на трансакциите;
⮚ преку SMS порака да го извести Корисникот на микроплаќање за привремено или конечно ограничувањето на услугата микроплаќање поради неплаќање.
7. ГУБЕЊЕ, КРАЖБА, ОДЗЕМАЊЕ И ДРУГИ ВИДОВИ НА ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ И НЕГОВИТЕ ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ОЗНАКИ
7.1 Корисникот на микроплаќање е должен да води должна грижа за инструментот за микроплаќање со кој се дава согласност за извршување на трансакцијата за микроплаќање, за цели на заштита од злоупотреба и/или неовластено користење од страна на трети лица. Корисникот на микроплаќање е должен да го чува во строга тајност и со должно внимание, особено од неовластен пристап од трети страни, својот инструмент за микроплаќање, PUK / PIN кодовите и сите други идентификациски ознаки од договорниот однос со МКТ (на пример: ознака на Корисникот на микроплаќање, лозинки, итн.).
7.2 Во случај на губење, кражба или одземање на инструментот за микроплаќање, како и во случај на сомневања за можна злоупотреба и/или неовластено користење на
идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање, или сознанија за извршувањето на неовластени трансакции, Корисникот на микроплаќање е должен истото веднаш да пријави и да побара блокирање на услугата на микроплаќање, со упатување на повик на 122, задолжително наведувајќи податоци за идентификација на инструментот за микроплаќање (МSSISDN и сл.) и други информации коишто се потребни за да се утврди автентичноста на пријавата. Корисникот на микроплаќање е должен пријавата направена со упатување на повик, да ја потврди во писмена форма во рок од 2 (два) работни дена од денот на повикот на e-mail адресата: xxxxxxx@xxxxxxx.xx, или во било кое од официјалните продажни места на МКТ со назнака – Служба за приговори. Корисникот на микроплаќање е лично одговорен за сите трансакции направени пред направената пријава и барањето за блокирање на услугата на микроплаќање до МКТ. МКТ нема да му одговара на Корисникот на микроплаќање или на било која трета страна за било каква штета којашто може да настане поради лажна пријава за губење, кражба или одземање на инструментот за микроплаќање, односно лажна пријава за злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање, или лажна пријава за вршење на неовластени трансакции. По добивањето на пријавата за губење, кражба или одземање на инструментот на микроплаќање, односно пријавата за можна злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање или за извршување на неовластени трансакции, МКТ ќе го блокира инструментот за микроплаќање и ќе го оневозможи негово понатамошно користење. Воедно МКТ, доколку самиот се посомнева дека постои злоупотреба во користењето на услугата на микроплаќање, односно дека се вршат неовластени трансакции, привремено ќе го блокира извршувањето на услугата на микроплаќање и за тоа ќе го извести Корисникот на микроплаќање.
7.3 МКТ ќе биде одговорен за извршените неовластени трансакции во случај тие да биле
направени откако Xxxxxxxxxx на микроплаќање го известил МКТ за губењето, кражбата или одземањето на инструментот за микроплаќање, односно го известил за можна злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање или за вршење на неовластени трансакции и побарал блокада на услугата на микроплаќање, на начин утврден во точка 7.2 од овие Општи услови за микроплаќање. Во тој случај МКТ ќе го доведе корисничкото конто во состојбата во коешто било пред извршувањето на неовластените трансакции, односно МКТ нема да го задолжи корисничкото месечно конто за износот на неовластените трансакции.
8. ПРИГОВОРИ
Корисникот на микроплаќање може да поднесе приговор до МКТ доколку ја оспорува извршената трансакција преку услугата на микроплаќање. Рокот за поднесување на Приговор е 15 (петнаесет) дена од денот на достава на месечниот извештај за извршените микро плаќања (точка 6.4. став 7). Приговорот доставен по истекот на овие рокови се смета за неблаговремен, и се смета дека Xxxxxxxxxx на микроплаќање ги признал задолжените обврски.
Оспорувањето на висината на извршените трансакции не го одложува нивното подмирување.
Една трансакција извршена со услугата на микроплаќање може да биде оспорена само еднаш.
Приговорите се поднесуваат до Службата за Приговори на МКТ со адреса на ул.”Кеј 13-ти Ноември”бр.6, Скопје, на e-mail адресата: xxxxxxx@xxxxxxx.xx, со повикување на тел. број 122 на Контакт Центарот на МКТ, или во било кое од официјалните продажни места на МКТ.
При поднесувањето на приговор, Xxxxxxxxxx на микроплаќање треба да ги наведе следниве задолжителни податоци:
- МСИСДН
- Единствен идентификационен број на трансакцијата
- Назив на трговецот
- Објаснување
Корисникот на микроплаќање може но не мора да ги наведе и следните податоци:
- Датум на трансакција
- Износ на трансакција
- Број на терминален уред
На барање на МКТ Корисникот на микроплаќање е должен да достави дополнителна документација во врска со поднесениот приговор.
МКТ ќе одговори на благовремено поднесениот Приговор во рок од 30 (триесет) дена од приемот на доставениот приговор и комплетната документација и за тоа писмено ќе го извести Корисникот на микроплаќање.
Доколку Приговорот е основан, XXX ќе изврши исправка со книжно одобрение или корекција на наредната сметка на одобрениот износ.
9. ОГРАНИЧУВАЊЕ И ПРЕКИН НА УСЛУГАТА НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
9.1. МКТ може без согласност на Корисниците на микроплаќање привремено да го ограничи или прекине пристапот до услугата микроплаќање во следните случаи:
а) доколку Корисникот на микроплаќање не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во сметката, до целосно плаќање на истата;
б) доколку Корисникот на микроплаќање ја користи услугата на микроплаќање за давање на услуги на други корисници со одреден надомест;
в) доколку утврди дека Корисникот на микроплаќање на незаконски начин се стекнал со можноста за користење на услугата на микроплаќање;
г) доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци на системот за микроплаќање на МКТ, до завршување на работите или отстранување на пречките;
д) ако се утврдат технички пречки или недостатоци на инструментот за микроплаќање, до отстранување на овие пречки, односно недостатоци;
ѓ) ако на барање на МКТ, Корисникот на микроплаќање не дозволи преглед на исправноста на инструментот за микроплаќање, до извршување на прегледот;
е) доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на Законот за платниот промет, прописите донесени врз основа на него или друг закон или пропис, констатирана од страна на надлежен орган;
ж) доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од Договорот за микроплаќање;
з) ако се посомнева дека постои злоупотреба во користењето на услугата на микроплаќање, односно дека се вршат неовластени трансакции или се врши неовластено користење на инструментот за микроплаќање;
ѕ) во случај на ограничување или прекин на услугите од мобилна телефонија на Корисникот на микроплаќање од страна на МКТ
и) во случај на истек на рокот на важност на документот за лична идентификација, се до достава на важечки документ за лична идентификација
9.2 МКТ со СМС порака, по електронски пат, писмено или преку медиумите во случаите на привремено ограничување или прекин на пристапот кон комуникациските услуги утврдени во точка 9.1 алинеи г) и д) кои траат подолго од 30 минути ги известува Корисниците на микроплаќање најмалку 48 часа пред планираното ограничување или прекин на пристапот, како и не подолго од 48 часа по прекинот кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци на системот за микроплаќање.
10. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
10.1 Раскинување на Договор за микроплаќање по барање на Корисникот на микроплаќање
Корисникот на микроплаќање може да го раскине Договорот за микроплаќање по основ на поднесено Xxxxxx за раскинување на Договорот доколку претходно ги има намирено обврските за плаќање кои ги има кон МКТ по основ на Договорот за микроплаќање.
Раскинувањето на Договорот за микроплаќање се врши лично или преку полномошник со полномошно заверено на нотар за таа намена, на точно пропишан образец за таа цел, од кој што по потпишувањето од двете страни, копија од примерокот му се дава на Корисникот на микроплаќање/полномошникот.
10.2 Раскинување на Договорот за микроплаќање од други причини
МКТ може да го раскине Договорот за микроплаќање поради следните причини:
⮚ Доколку Корисникот на микроплаќање не ги исполнува обврските предвидени со овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање
⮚ Во случај на смрт на Xxxxxxxxxx на микроплаќање, односно во случај на бришење на Корисникот на микроплаќање од соодветниот регистар
⮚ Во случај на стечај или ликвидација или на неликвидност на Корисникот за микроплаќање.
⮚ доколку утврди дека Xxxxxxxxxx на микроплаќање на незаконски начин се стекнал со можноста за користење на услугата на микроплаќање
⮚ Во случај на користење и злоупотреба на услугата микроплаќање спротивно на овие Општи услови за микроплаќање, Договорот за микроплаќање и законските прописи од областа на платниот промет
⮚ доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од Договорот за микроплаќање
⮚ доколку Корисникот на микроплаќање ја користи услугата на микроплаќање за давање на услуги на други корисници со одреден надомест
⮚ Доколку МКТ, не е во состојба да ги обезбедува услугите поради дејство на виша сила подолго од 6 (шест) месеци.
⮚ МКТ има право да го раскине Договорот доколку Xxxxxxxxxx на микроплаќање не направи плаќање подолго од 6 (шест) месеци
Во случај на раскинување на претплатничкиот Договор за користење на услуги од мобилна телефонија, Договорот за микроплаќање се раскинува по автоматизам.
Во случај на раскинување на Договорот за микроплаќање сите финансиски обврски на Корисникот на микроплаќање кон МКТ стасуваат веднаш.
Во случај на раскинување на Договорот за микроплаќање поради ненавремено исполнување на финасиските обврски по Договорот за микроплаќање, Xxxxxxxxxx на микроплаќање не може да склучи нов Договор за микроплаќање пред целосно да ги намири своите финансиски обврски кон МКТ.
Во случај на раскинување на Договорот за микроплаќање во случаите предвидени во оваа точка (освен во случаите на виша сила), Корисникот на микроплаќање односно неговите законски наследници се должни да ги подмират сите финасиски обврски кон МКТ.
11. ФАКТУРИРАЊЕ И НАПЛАТА
11.1 ПОСТ - ПЕЈД КОРИСНИЦИ
МКТ за износот на вкупно извршените трансакции на услугата на микроплаќање, како и за надоместокот за користење на услугатата на микроплаќање, го задолжува Корисникот за микроплаќање како посебни ставки во редовната месечна сметка за користење на мобилни комуникациски услуги.
Непримањето или непоседувањето на сметката од која и да било причина, како и поднесувањето на Приговор согласно точка 8 од Општите услови за микроплаќање, не го ослободува Корисникот за микроплаќање од обврската да го плати долгот во предвидениот рок утврден во месечната сметка.
Корисникот за микроплаќање е должен во случај на недобивање на месечна сметка за користени услуги да се информира во било кој продажен салон на МКТ и да побара изготвување на истата.
Плаќањето ќе се смета дека е извршено од датумот на кој сумите се уплатени на сметката на МКТ.
Во случај на ненавремено плаќање, XXX има право да пресмета законска затезна камата од првиот ден по истекот на рокот за плаќање утврден во сметката.
Доколку Корисникот за микроплаќање не ја плати сметката за користење на услугите во рокот определен за плаќање, по претходно писмено известување, МКТ има право:
− да го ограничи пристапот до услугата на микроплаќање.
− да го раскине Договорот за микроплаќање на начин и постапка утврдени во истиот.
Доколку Корисникот на микроплаќање не го плати доспеаниот долг доброволно, XXX има право да ги превземе сите законски мерки за посредна или непосредна наплата на долгот како и за поведување на судска постапка за присилно наплатување на долгот.
11.2 ПРИ - ПЕЈД КОРИСНИЦИ
Задолжувањето на при-пејд корисниците за извршените плаќање со користење на услугата на микроплаќање ќе се врши со задолжување на износот на извршената трансакција од вредносната картичка (ваучерот) на при-пејд Корисникот на микроплаќање.
12. ПРОМЕНА НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ОДНОС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ВО МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА
Во случај на промена на претплатничкиот однос за користење на услуги во мобилна телефонија, Договорот за микроплаќање, во зависност од конкретната ситуација, се раскинува автоматски, во целост или делумно. Доколку Претплатникот/Сопственикот на корисничкиот код на кој се води MSISDN-от има интерес за користење на услугата на микроплаќање, должен е да поднесе барање за склучување на Договор за микроплаќање согласно точка 4 од овие Општи услови за микроплаќање. Под промена на претплатнички однос се подразбираат следните случаи, но и не ограничувајќи се на:
- промена на претплатнички број
- промена на сопственост
- миграција од при-пејд системот во пост-пејд системот,
- миграција на MSISDN од еден на друг Претплатник (takeover)
- промена на кориснички код (convert) кај правни лица
13. ВИША СИЛА
Користењето на услугата на микроплаќање може да биде прекинато поради дејство на виша сила. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на Договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од Договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт. МКТ нема да сноси никаква одговорност кон Корисникот на микроплаќање поради прекин на услугата на микроплаќање, предизвикан од настан на виша сила.
14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
14.1 Измени и дополнувања на Општите услови за микроплаќање
МКТ може, по сопствена одлука, а особено доколку тоа го налагаат пазарните услови или измените во законската регулатива, да ги промени и дополни овие Општи услови за микроплаќање.
Доколку дојде до менување на условите за користење на услугите дефинирани во овие Општи услови за микроплаќање, МКТ, претходно писмено, преку средствата за јавно информирање, на официјалната веб страна на МКТ или со СМС порака ќе го извести Корисникот за измената во рок не пократок од 30 (триесет) дена пред воведувањето на измените.
Доколку во рок од 30 (триесет) дена од известувањето, Xxxxxxxxxx писмено не го извести МКТ дека го раскинува договорот, се смета дека Xxxxxxxxxx се согласил со измената на условите.
Раскинувањето на Договорот не ги ослободува Корисниците од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или исполнување на договорените обврски пристигнати пред извршените измени на овие Општи услови за микроплаќање.
14.2 Достапност на Општите услови за микроплаќање
Овие Општи услови за микроплаќање и нивните измени се достапни на увид во секое продажно место на МКТ, како и на официјалната веб страна на МКТ.
14.3. Решавање на спорови
Споровите што ќе произлезат помеѓу Корисникот на микроплаќање и МКТ, ќе се решаваат спогодбено, а во спротивно за истите ќе решава Основен суд Скопје 2 – Скопје. Овие Општи услови, вклучително и Договорот за микроплаќање ќе се толкуваат во согласност со важечките правила и прописи во Република Македонија.
14.4. Влегување во сила и примена на Општите услови на микроплаќање
Овие Општи услови за микроплаќање на МКТ влегуваат во сила од денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од денот на нивното објавување на веб страната на МКТ.
Скопје, 01.07.2015 година