Contract
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 1 од Закон за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19), член 22 став 1 алинеа 5 од Закон за вработени во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.04-6397/1 од 01.06.2015 година, измените на Правилникот бр.04-11933/2 од 01.12.2015 година, бр.04-11314/3 од 08.12.2015 година, бр.04-2753/2 од 20.02.2016 година, бр.04-5362/2 од 13.06.2016 година, бр.04-6948/1 од 11.07.2016 година, бр.04-8800/3 од 29.09.2016 година, бр.04-10445/1 од 01.12.2016 година, бр.04-994/1 од 01.02.2017 година, бр.04-2947/1 од 11.04.2017 година, бр.04-5497/1 од 31.07.2017 година, бр.04-2591/1 од 03.02.2018 година, бр.04-5444/1 од 26.04.2018 година, бр.04-6112/1 од 17.05.2018 година, 04-8025/3 од 03.08.2018 година, 04-9996/1 од 10.10.2018 година, 04-7601/1 од 18.07.2019 година, 04-10416/1 од 18.10.2019 година, 04-10904/1 од 31.10.2019 година, 04-12588/3 од 19.12.2019 година, 04-12851/1 од 23.12.2019 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:
XXXXX XXXXX бр.01/2020
За вработување на определено време
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас за вработување на 2 (две) лица на определено време, до истекот на мандатот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа:
1.УПР0101В01000- Советник за работи на дополнителен заменик министер – два (2) извршители
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Лозарство, Овоштарство, Ветеринарна медицина
-најмалку три години работно искуство во струката,
Општи работни компетенции
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, финансиско управување
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата за вработување треба да ги достават доказите за исполнување на условите и тоа:
-пријава
-Уверение за државјанство(во оригинал или копија заверена на нотар)
-Лекарско уверение од медицина на трудот (во оригинал)
-Уверение дека нема забрана за вршење професија,дејност и должност (од централен регистар, во оригинал)
-Диплома за завршено образование(оригинал или копија заверена на нотар)
-Историјат од агенција за вработување
-Кратка Биографија
-Писмо за мотивација
НАПОМЕНА:Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување
Пријавата за вработување се доставува во рок од 3 дена од моментот на објавување на огласот (денот на објавувањето не се зема во рокот) на Веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со назнака ‘’До Сектор за Човечки Ресурси со назнака НЕ ОТВАРАЈ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020 ул.Аминта Трети број 2 Скопје’’. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до истекот на мандатот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Распоред на работно време
- Работни денови - понеделник-петок
- Работни часови неделно – 40 часови
Паричен нето износ на плата: 35.000,00 денари
Дополнителен заменик министер:
Xxxxxx Xxxxxxxxxxx
МИНИСТЕР
Xxxxxx Xxxxxxxxx