Орган за доделување на под-грантови: Ромски ресурсен центар (РРЦ) во партнерство со со Центар за семејно и детско згрижување (KMOП)
Буџетска референца: Договор за грант: ИПА /2015/382038
Проект финансиран од Делегацијата на Европската унија во поранешната југословенска Република Македонија за "Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“
Буџетска линија: ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015
Референтен број: EuropeAid/151569/DD/ACT/MK
УПАТСТВО ЗА АПЛИКАНТИ -
Грантова шема за
Локални граѓански организации активни во полето на
ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ ВО ФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
Орган за доделување на под-грантови: Ромски ресурсен центар (РРЦ) во партнерство со со Центар за семејно и детско згрижување (KMOП)
Краен рок за поднесување на целосна апликација: 13ти декември, 2017 година, 16:30 часот.
Доколку е можно, кандидатите се охрабруваат да го известат Договорниот орган дали имаат намера да поднесат апликација за овој Повик со испраќање на е-порака до: xxxx.xxxxx@xxxx.xx најдоцна до 6ти декември 2017 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија
ЗАБЕЛЕШКА
Ова е отворен Повик за доставување на предлози каде што сите документи се доставуваат заедно. Најнапред ќе се провери подобноста за учество. Потоа ќе бидат оценети целосните предлози на кандидатите кои се прелиминарно избрани. Подобноста ќе се провери врз основа на придружните документи кои ги бара Органот за доделување на под-грантови и ќе бидат испратени заедно со апликацијата.
Доколку е можно, кандидатите се охрабруваат да го известат Органот за доделување на под-грантови (РРЦ и КМОП) дали планираат да поднесат апликација за овој Повик за доставување на предлози со испраќање на е-порака најдоцна до 6ти декември, 2017 година. Ова НЕ е задолжително и НЕМА да влијае на оценувањето на апликацијата. Меѓутоа, тоа ќе му овозможи на Органот за доделување на под-грантови да ги мобилизира неопходните ресурси за оценување на апликациите.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Корисник (на под-грант) – Секое правно лице кое добива под грант.
Најдобра вредност за парите – Понуда за тендер оценета најдобро во однос на критериумите утврдени за овој договор, на пр. квалитет, технички особини, естетски и функционални квалитети, услуги по продажбата и техничка помош во однос на понудената цена. Овие критериуми мора да бидат објавени во тендерската документација.
Конфликт на интереси – Секој настан кој влијае на способноста на кандидатот, подносителот на понуда, апликантот или изведувачот или корисникот на грантот да даде објективно или непристрасно професионално мислење, или го спречува, во кој било момент, да даде приоритет на интересите на Договорниот орган. Секој настан кој го компромитира непристрасното и објективно извршување на функциите или Договорниот орган или почитувањето на принципите на конкуренција, недискриминација или еднаков третман на кандидати/ подносители на понуда /апликанти во однос на постапката за доделување или договор. Секое разгледување во врска со можни договори во иднина или конфликт со други обврски, минати и сегашни, на кандидат, подносител на понуда, апликант или изведувач. Овие ограничувања се однесуваат и на сите подизведувачи и вработени на кандидатот, подносителот на понуда, апликантот или изведувачот.
Конфликт на интереси постои и кога непристрасното и објективно извршување на функциите на изведувачот во спроведувањето на буџетот или внатрешниот ревизор е компромитирано поради причини поврзани со семејството, емотивниот живот, политичка или национална припадност, економски интерес или кои било други заеднички интереси со корисникот.
Времетраење, период на имплементација – Периодот од потпишувањето на договорот за финансирање или до завршувањето на сите проектни активности.
Крајни корисници на (под) грант – Оние кои ќе имаат корист од проектот на долг рок, на ниво на општество или сектор во целина.
Грант (под-грант) – Директна исплата од некомерцијален карактер од страна на Договорниот орган на конкретен корисник со цел да се спроведе операција.
Економски најповолна понуда - види најдобра вредност за парите.
Успешен апликант – апликантот избран на крајот од постапката за повикот за доделување на договор.
Здраво финансиско управување – Буџетски принцип според кој буџетските средства мора да се искористат според принципите на економичноста, ефикасноста и ефективноста. Орган за доделување на под-грант / Договорен орган – субјектот кој го склучува договорот за доделување на под-грант, РРЦ, кој е лидер на конзорциумот со KMOП за спроведување на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување
Проектот е финансиран од Европската Унија
на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ финансиран од ЕУ, според кој е објавен овој Повик за доставување на предлози.
Другите термини кои не се конкретно презентирани тука треба да се разберат според одредбите од PraG2016.
Деновите треба да се разберат како календарски денови, ако не е поинаку наведено.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Содржина
Содржина
1 Програми за вклучување на Ромите во образованието 6
1.2 Цели на програмата и приоритетни прашања 7
1.3 Финансиска распределба обезбедена од страна на договорниот орган 8
2 Правила за овој Повик за доставување предлози 9
2.1.1 Подобност на апликантите (т.е. главен апликант и ко-апликант(и)) 10
2.1.2 Подобни акции: акции за кои може да се поднесе апликација 11
2.1.3 Подобност на трошоци: трошоци кои може да се вклучат 15
2.2 Како да се аплицира и постапките што треба да се следат 18
2.2.1 Формулар за аплицирање 18
2.2.2 Каде и како да се испраќаат апликации 19
2.2.3 Краен рок за доставување апликации 20
2.2.4 Дополнителни информации за апликациите 20
2.3 ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР НА АПЛИКАЦИИ 21
2.4 Известување за одлуката на Договорниот орган 28
2.5 Услови за спроведување по одлуката на Договорниот орган за доделување грант 29
Проектот е финансиран од Европската Унија
1 Програми за вклучување на Ромите во образованието
Ромскиот ресурсен центар (РРЦ), во соработка со Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП) го спроведува двeгодишниот проект насловен како: „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“. Овој проект е финансиран од програмата ИПА II, Референтен број: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.
Целта на овој проект е да помогне да се изгради посилно граѓанско општество во Македонија во правец на подобра заштита на еднаков пристап до квалитетно образование преку формалниот образовен систем во земјата, ставајќи акцент на девет (9) општини во државата (Шуто Оризари, Чаир/Топана, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово и Виница) кои покажуваат највисок процент на ромско население. Со давање приоритет на заштитата на основното право на ромските деца на образование и стремејќи се кон зајакнување на соодветните иницијативи на граѓанските организации (ГО) во правец на овој приоритет.
Една од специфичните цели на проектот е да се зајакне влијанието на граѓанското општество во јавните политики и донесувањето на одлуки за вклученост на Ромите и зајакнување на заштитата на основните права на Ромите за понатамошна поддршка на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ. Тоа ќе се постигне преку аутсорсинг на програми за вклученост на ГО/НВО со помош на механизам на грантова шема. Се очекува бројот на корисниците на грантови да се движи помеѓу 10 и 15 во зависност од техничките и финансиските факти на примените апликации, додека доделениот грант за секој корисник ќе се движи помеѓу 2500 и 5000 евра, во зависност од планираните активности на предложените програми.
Очекуваниот резултат е подобрена база на знаење за подобро за поттикнување вклученост на Ромите во формалното образование, оптимизирана рамка на политики за вклученост на Ромите во образованието преку соработка меѓу граѓанското општество и владата.
Ова е Повикот за доставување на предлози според горенаведениот проект во исполнување на неговата шема за доделување под-грантови.
Преку „Шемата за доделување под-грантови“, проектот ќе финансира мали проекти поврзани со тематските области (2.1.2).
Буџетот доделен за овој Повик за доставување предлози изнесува 52,000 евра.
Проектот е финансиран од Европската Унија
1.2 Цели на програмата и приоритетни прашања
Образованието на ромските деца кои од различни причини не се цклучени во формалното образование или се откажале, сé уште претставува сериозен проблем со кој се соочува Македонија.
Учеството на граѓанското општество во сите сфери на социјалното функционирање е основен сегмент во развојот на демократските процеси и остварувањето и заштитата на човековите права и слободи на ромските деца.
Општата цел на овој проект е поттикнување погодна средина за граѓанското општество во државата за подобро промовирање на вклученоста на ромските деца во образованието, спречување, како и идентификување и реагирање на рани знаци за напуштање на образованието, зголемување на отпорноста на ромските деца, вклучување на родители и старатели во процесот на вклучување; спречување и/или намалување на радикализацијата во училишната средина и други сродни средини.
Специфичните цели на овој повик за доставување предлози се:
I) Зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу владата и локалните (grass-root) ГО кои работат во полето на вклученост на ромските деца во редовното образование;
II)Зголемување на постоечката база на знаење за прашања кои се однесуваат на вклученоста на Ромите во образованието и во општеството воопшто и предлагање на напредна рамка на политики кои ќе ги олеснуваат идните патишта на ромските деца кон пазарот на трудот преку зголемено учество во редовното образование;
III) Поттикнување на спроведувањето на постоечкото законодавство за вклученост на Ромите преку градење на организациски и кадровски капацитети на локални (grass-root) граѓански организации кои работат со ромско население во целните општини заедно со воспоставување на механизам на специјално наменета грантова шема;
IV) Подобрување на капацитетот на локалните власти за спроведување на програми и мерки за вклученост на Ромите преку аутсорсинг на граѓански организации;
V) Подигнување на свеста за улогата на граѓанското општество во промовирањето на еднаков пристап на Ромите до образованието.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Приоритети
Повикот има за цел да обезбеди широки варијации во пристапот користен од страна на различните граѓански организации и сложеноста и разновидноста на вклученоста на Ромите во образованието. .
Активностите мора да бидат насочени кон тоа како најдобро да се замислат и спроведат активности за вклучување во образованието, подобрени капацитети на јавните власти за реализација на програми и мерки за вклучување на Ромите.
Тековниот Повик за доставување предлози има за цел да ги поддржи граѓанските организации кои работат со ромското население во девет (9) целни општини, кои работат во следните тематски области:
Цел | Предложен тип на интервенција – не единствено и не само |
Образовна вклученост на ромските деца | Промовирање на образовна вклученост на ромските деца |
Спречување, идентификување и реагирање на раните знаци напуштање на образованието | |
Зголемување на отпорноста на ромските деца | |
Работа со родители и старатели за вклученост на децата Роми во образование | |
Иницијативи за вклучување во образованието на локално ниво и подобрување на соработката меѓу институциите, јавното и граѓанското општество |
1.3 Финансиска распределба обезбедена од страна на договорниот орган
Вкупната индикативна сума која е достапна во рамките на овој повик за доставување предлози е 52.000 евра за грантови во полето на програмите за вклучување на Ромите во образованието. Договорниот орган го задржува правото да не ги додели сите расположиви средства.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Големина на грантови
Секој грант што се бара според овој повик за доставување предлози мора да биде меѓу следниот минимален и максимален износ:
• минимален износ: 2,500 евра
• максимален износ: 5,000 евра
Кофинансирање
Шемата за доделување под-грантови ќе додели 100% од подобните трошоци за 52,000 евра во рамките на бараните граници и додека располага со средства.
2 Правила за овој Повик за доставување предлози
Овие упатства ги поставуваат правилата за поднесување, избор и спроведување на акциите финансирани според овој повик, следејќи ги водечките принципи во Практичниот водич.
Постојат три групи на критериуми за подобност, кои се однесуваат на:
(1) актерите:
• „Главниот апликант“, односно лицето кое го поднесува формуларот за аплицирање (2.1.1),
• Доколку има, негов(и) ко-апликант(и) (доколку не е поинаку назначено, главниот апликант и неговите ко-апликанти во понатамошниот текст заеднички се означуваат како „апликант (и)“) (2.1.1).
(2) акциите:
Акции за кои може да се додели грант (2.1.2);
(3) трошоците:
• Видови на трошоци кои може да се земат предвид при утврдување на износот на грантот (2.1.3).
Проектот е финансиран од Европската Унија
2.1.1 Подобност на апликантите (т.е. главен апликант и ко-апликант(и))
Учеството во постапки за доделување на под-грантови е регулирано со посебни критериуми за подобност кои се однесуваат на правилата за националност, како и критериуми за исклучување.
За да биде подобен за грант, главниот апликант мора:
- да биде правно лице регистрирано и да дејствува на територијата на Македонија ( регистрација според Законот за здруженија и фондации);
- да биде непрофитна организација;
- да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата со ко- апликантот(ите), да не дејствува како посредник;
- Локалните (grass-root) граѓански организации да имаат најмалку 1* година конкретно искуство во поддршка на ранливи групи (т.е. поддршка на ромската заедница во целните општини
- Локалните граѓански организации да имаат помалку од 80,000 евра обрт за последната фискална година);
- ГО мора да има своја регистрирана канцеларија (седиште) или, барем оперативен центар, во една од целните општини;
- Секоја организација (ГО) може да поднесе само еден предлог/акциски план како апликант или ко-апликант ;
- *1 цела година мора да биде исполнета во времето на поднесување на апликацијата.
Потенцијалните кандидати не може да учествуваат во повици за доставување предлози или да им бидат доделени грантови ако се наоѓаат во состојба на банкрот, се прогласени за виновни, не почитување на даночен орган, се предмет на каква било казна, криминална организација, измама или перење пари.
Во Анекс 2 од формуларот за аплицирање за грант („изјава од главниот апликант“), главниот апликант мора да изјави дека самиот главен апликант и ко-апликантот(ите) не се наоѓаат во ниедна од овие ситуации.
Главниот апликант може да дејствува индивидуално или со ко-апликант(и). Субјектите кои се заинтерсирани да аплицираат, се охрабруваат да формираат сојуз со цел да се зголеми очекуваното влијание и ефикасноста на предложената акција (види ја евалуациската табела)
Ко-апликант (и)
Проектот е финансиран од Европската Унија
Ко-апликантите учествуваат во креирање и спроведување на акцијата и трошоците на кои се изложени се подобни на истиот начин како и тие на кои е изложен главниот апликант.
Ко-апликантите мора да ги задоволат критериумите за подобност како што е применливо за самиот главен апликант.
Ко-апликантите мора да го потпишат мандатот во Анекс 3 од формуларот за аплицирање за грант.
Апликантите треба да бидат во можност да обезбедат доказ за горенаведеното со презентирање на следните документи според македонскиот закон:
а) Тековна состојба од Централниот регистар (не постара од 6 месеци); б) Статут;
в) Биланс на состојба и Биланс на успех (Централен регистар); г) Изјава на апликантот/мандат ко-апликанти;
д) Кратки биографии на клучниот персонал вклучен во имплементацијата на проектот.
Документ б) може да се поднесе како заверенa копиja од страна на законскиот застапник на организацијата-апликант. Ознаката „според оригиналот“ и потпис на законскиот застапник и печат на организацијата мора да бидат присутни на секоја страница од документите доставени како копии. Документот а) и в) -д) треба да се поднесат во оригинал. Дополнителните препораки, доколку ги има, може да се поднесуваат на англиски или на македонски јазик како оригинали.
2.1.2 Подобни акции: акции за кои може да се поднесе апликација
Времетраење
Првичното планирано времетраење на акцијата е до девет (9) месеци, доколку предложените активности се со помал обем, кандидатите се охрабруваат да предлагаат и пократки периоди за спроведување но не помалку од шест (6) месеци.
Локација
Активностите мора да се одвиваат во девет (9) општини во државата (Шуто Оризари, Чаир
/ Топаана, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Тетово и Виница) кои покажуваат највисок процент на ромско население.
Ќе бидат преферирани активности кои се насочени кон далечни и изолирани области (видете ја евалуациската табела за вреднување).
Проектот е финансиран од Европската Унија
Области/Теми
Предложените иницијативи треба да се фокусираат на давање резултати врз основа на целите поставени во делот 1.2.
Главен тип на активности за кои може да се поднесат апликации (индикативна листа):
1) Подобрување на институционалната соработка, поддршка и финансирање за спроведување на стратешки планови и конкретни мерки за вклучување на ромските деца во образовниот систем
▪ Зајакнување на соработката помеѓу локалните, националните институции и граѓанските организации кои работат во оваа област;
▪ Лобирање за развој на локални стратегии, акциони планови и конкретни мерки за образовно вклучување на ромските деца;
▪ Лобирање за финансиска поддршка од страна на општините за проектите и активностите за образовно вклучување на ромските деца.
2) Подобрување на социјализацијата, интеграцијата, поддршката за реинтеграција и инклузивното образование на ромските деца
▪ Акции против стереотипи и дискриминација и за училишни проекти за вклученост, социјализација и интеракција;
▪ Иницијативи за зајакнување на мерките за реинтеграција на деца со прекин во редовното образование;
▪ Иницијативи за унапредување на системот за поддршка на ученици со ниски достигнувања во образованието;
▪ Напори за зајакнување на инклузивното образование;
▪ Напори за вклучување на ромските деца во предучилишните или основните образовни установи
▪ Иницијативи за развивање на модели за унапредување на јазичните вештини на ученици кои зборуваат на ромски јазик;
▪ Акции за образовно вклучување на деца исклучени од редовниот образовен процес;
▪ Подигнување на свеста на родителот за важноста на образованието;
▪ Подобрување на општите социо-економски услови во корелација со поддршка на образованието за вклучување на ромските деца;
▪ Развивање и промовирање на модели за проактивно вклучување на родителите и старателите во образовниот процес на децата;
▪ Градење на капацитетите на наставниците за работа со ромските деца преку дополнителни наставни материјали и / или прирачници;
▪ Образование за правата на децата.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Акцијата може да се однесува само на една или на сите горенаведени видови на активности, но сепак, за да се смета за прифатлива, акцијата треба првенствено да се фокусира на обезбедување образовна интеграција на ромските деца.
Предложената акција не треба да се однесува на секојдневната рутинска работа на апликантот, туку конкретно:
- Ревизија / надградба/ проширување на постоечка програма/акција/услуга на организацијата за ромските деца;
Очекувани резултати од шемата за под-грантови
- Зголемен број на локални граѓански организации кои успешно ги спроведуваат услугите за образовна вклученост на ромските деца и нивните семејства;
- Зголемен број на ромски деца запишани во предучилишно образование;
- Зголемен број на ромски деца запишани во основно образование;
- Зголемен број на ромски деца кои се враќаат во редовното образование;
- Намален број на ромски деца кои го напуштаат основното образование;
- Зголемен број на граѓански организации кои се ангажираат во плоден дијалог со локалните и централните владини органи;
- Зголемено искористување на механизми за аутсорсинг за централните и локалните власти одговорни за вклучување на Ромите, социјалната заштита и образование;
- Зголемен број на граѓански организации кои можат да пристапат до механизмите за формална соработка со локалните власти во 9те општини и / или со централните власти;
- Зголемена понуда на програми за вклучување на Ромите.
Индикатори за успех (индикативни)
- Број на локални граѓански организации кои успешно спроведуваат проекти кои се стремат кон поттикнување на зголемено вклучување на ромските деца во формалниот образовен систем во согласност со постоечкото законодавство;
- Број на ромски деца кои имаат корист од зголемениот пристап до формалното образование и вработување на долг рок;
- Број на ромски деца кои го напуштаат основното образование;
- Број на владини органи (централни и локални) и/или функционери, менаџери и професионалци кои заедно со ГО ќе дефинираат механизми за спроведување на програми за вклучување на Ромите.
- Подигната свест/ чувствителност на локалното население за правата на децата Роми за рамноправен пристап до образованието и севкупните придобивки од нивното вклучување во образованието;
- Подобрена политика и законска рамка за вклучување на Ромите во образованието;
Проектот е финансиран од Европската Унија
- Број на граѓански организации вклучени во дијалог со владините органи (централни и локални) за зголемена соработка околу прашањата за вклучување на Ромите на локално ниво;
- Број на претставници на централни и локални власти кои се опремени со практични алатки, методологии и упатства за тоа како да се зајакне соработката со локалните (grass-root) граѓански организации во насока на поефикасно вклучување на Ромите во образованието и вработувањето на локално ниво;
- Подобрена база на докази за тоа како подобро да се промовира социјалната и економската вклученост на Ромите;
- Документирано подобрување на постојната рамка на политики за интеграција на Ромите во образованието и пазарот на трудот;
- Број на локални граѓански организации кои работат со и за Ромите кои демонстрираат зголемен капацитет за успешно постигнување резултати на вклучувањето на Ромите кај целното население;
- Број на нови програми за вклучување на Ромите, целосно оперативни;
- Број на луѓе сензибилизирани за улогата на граѓанското општество во вклучувањето на Ромите во образованието.
Следните видови акции не се подобни:
• Акции кои се однесуваат само или главно на индивидуални спонзорства за учество во работилници, семинари, конференции, конгреси;
• Акции кои се однесуваат само или главно на индивидуални стипендии за студии или курсеви за обука;
• Еднократни конференции. Конференциите може да се финансираат само ако се дел од поширок спектар на активности кои треба да се вградат во текот на животот на проектите. За овие цели, подготвителните активности за конференцијата и објавувањето на постапките на конференцијата сами по себе не претставуваат такви
„пошироки активности“;
• Набавка на опрема или мебел ако ова не е поврзано со спроведувањето на активностите;
• Набавка на возила;
• Набавка на земјиште, згради и канцеларии;
• Проекти кои се состојат целосно или во најголем дел од подготвителни работи или студии;
• Кофинансирање на други проекти;
• Проекти за поддршка на политички партии или нелегални активности;
• Основно финансирање на апликантите или (каде што е релевантно) неговите партнери;
• Финансирање на дефицит и капитални дотации;
Проектот е финансиран од Европската Унија
• Ретроактивно финансирање за проекти кои веќе се спроведуваат или се завршени;
• Проекти кои се одвиваат надвор од целниот регион;
• Хуманитарни активности.
Покриеност на трошоци
Шемата за подгрантови ќе покрие 100% од вкупниот проектен буџет, во рамките на потребните граници.
Видливост
Апликантите мора да ги преземат сите неопходни чекори за да го објават фактот дека Европската унија ја финансира акцијата преку проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ што го спроведуваат РРЦ и КМОП. Колку што е можно, предлозите кои целосно или делумно се финансираат од Европската унија мораат да инкорпорираат информации и комуникациски активности наменети за подигнување на свеста за конкретната или општа публика за причините на проектните активности и поддршката на ЕУ во локалните или засегнатите региони, како и резултатите и влијанието на оваа поддршка.
Ваквите мерки ќе бидат во согласност со Прирачникот за комуникација и видливост за надворешни активности на Европската унија, утврден и објавен од страна на Европската комисија, кој може да се најде на: xxxxx://xx.xxxxxx.xx/xxxxxxxxx/xxxxxxx/xxxxxxxxxxxxx-xxx- visibility-manual-eu-external-actions_en.
Број на грантови по апликант
• Апликантот не може да поднесе повеќе од една апликација според овој Повик за доставување предлози.
• Апликантот не може да биде ко-апликант во друга апликација во исто време.
• Ко-апликантот не може да поднесе повеќе од една апликација според овој Повик за доставување предлози.
2.1.3 Подобност на трошоци: трошоци кои може да се вклучат
Само подобни трошоци можат да бидат покриени со оваа подгрантова шема. Категориите на трошоци кои се подобни и не се подобни се наведени подолу. Буџетот е и проценка на трошоците и вкупен плафон за „подобни трошоци“.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Надоместот на подобни трошоци може да се базира на реални трошоци направени од страна на корисникот (ците) во согласност со договорениот буџет, наведен во единици и вредност по единица, според образецот наведен во Анекс 4.
Во фазата на склучување договори, Договорниот орган одлучува дали да ги прифати предложените износи врз основа на привремениот буџет поднесен од апликантите, со анализа на фактички податоци за грантови спроведени од страна на апликантите или на слични акции.
Договорнниот орган може да бара промена на буџетот во случај ако аритметички грешки, неточности, нереални трошоци и неподобни трошоци бидат пронајдени во буџетот. Проверките може да доведат до барања за појаснување и може да доведат до тоа Договорниот орган да наметне измени или намалувања за да ги реши таквите грешки или неточности. Не е можно да се зголеми грантот како резултат на овие корекции.
Затоа, во интерес на апликантите е да се обезбеди реален и економичен буџет.
Подобни трошоци се реални трошоци направени од страна на Апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:
а. тие се направени во текот на спроведувањето на Акцијата
- Трошоците направени во периодот на имплементација треба да произлегуваат од активностите извршени во текот на периодот на имплементација. Трошоците што се однесуваат на набавки, се однесуваат на доставување и инсталирање на предмети во текот на периодот на имплементација. Потпишувањето на договор, правење нарачка, или влегување во каква било обврска за трошоци во текот на периодот на имплементација за идна испорака на услуги, работи или набавки по истекот на периодот на имплементација не го исполнуваат ова барање;
- Направените трошоци треба да се платат пред датумот на затворање на проектот.
б. тие се наведени во вкупно проценетиот буџет за Акцијата; в. тие се неопходни за спроведување на Акцијата;
г. тие може да се идентификуваат и верификуваат, особено да се евидентираат во сметководствената евиденција на Корисникот (ците) и да се утврдат според сметководствените стандарди и вообичаените практики на сметководствени трошоци кои се применуваат за Корисникот (ците),
д. плаќање во готово ќе биде дозволено само до горната граница од 50 евра по трансакција и не повеќе од 250 евра вкупно за сите трансакции во готово;
ѓ. тие се во согласност со барањата на применливите даночни и социјални закони;
Проектот е финансиран од Европската Унија
е. тие се разумни, оправдани и се во согласност со барањата за здраво финансиско менаџирање, особено во врска со економичноста и ефикасноста.
Во зависност од горенаведеното и онаму каде што е соодветно на одредбите поврзани со почитување на постапките за доделување на договори, следните директни трошоци на Корисникот и неговите партнери се подобни:
- Трошоци за проектниот тим , кои одговараат на реалните хонорари вклучувајќи законски одбитоци и други трошоци поврзани со надоместокот; хонорарите и трошоците не смеат да ги надминат оние кои вообичаено ги пресметува Корисникот или неговите партнери, во зависност од случајот, освен ако е тоа оправдано покажувајќи дека е неопходно за да се изврши Акцијата. Целосните позиции се ангажирани со полно работно време (100%) на овој проект. Вкупниот процент на човечките ресурси не треба да биде повеќе од 40% од вкупните прифатливи трошоци за Акцијата.
- патни и трошоци за дневен надомест за вработените и други лица кои учествуваат во Акцијата, под услов тие да не ги надминуваат оние кои вообичаено ги пресметуваат Корисникот или неговите партнери, во зависност од случајот;
- трошоци за потрошен материјал;
- оперативни трошоци, под услов да се базираат на реални трошоци кои може да се припишат на спроведувањето на предметната операција и не надминуваат 10% од вкупните подобни трошоци за Акцијата;
- трошоци кои произлегуваат од договорите доделени од страна на Корисникот (ците) за целите на Акцијата;
- трошоци кои директно произлегуваат од барањата на Договорот (десиминација на информации, превод, репродукција, итн.),
- сите други трошоци потребни за спроведување на Акцијата, во согласност со националните законодавства и буџетот на акцијата.
Придонеси во натура
Придонеси во натура значи бесплатно обезбедување на производи и услуги за Корисникот (ците) од страна на трето лице. Бидејќи придонесите во натура не вклучуваат никакви трошоци за Корисникот (ците), тие не се подобни трошоци за оваа апликација.
Придонесите во натура не може да се третираат како кофинансирање. Меѓутоа, ако описот на предложената акција вклучува придонеси во натура, треба да се направат придонеси.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Неподобни трошоци
Следните трошоци се неподобни:
− долгови и трошоци за сервисирање на долг (камата);
− провизии за загуби или потенцијални идни обврски;
− банкарска провизија и банкарски давачки;
− трошоци пријавени од страна на корисникот (ците) и финансирани од друга акција или програма која добива грант од Европската унија (вклучувајќи преку EDF);
− купување на земјиште и постоечки објекти;
− царина и увозни давачки и xxxxx и / или давачки со еднаков ефект;
− Данок на додадена вредност / ДДВ – (задолжително организацијата по добивањето на грантот треба го регистрира проектот во Секретаријатот за европски прашања и Управата за јавни приходи со помош на имплементаторот на проектот ), акцизни давачки и други посебни даноци за потрошувачка или други слични даноци, давачки или давачки со еднаков ефект;
− даноци на моторни возила;
− посебни давачки кои ги применуваат регионалните или локалните власти или посебните одбори во контекст на извршување на договорот кои не се пропорционални со трошоците вклучени во нивното извршување или со еквивалентен ефект или даноци;
− загуби од курсни разлики;
− кредити на трети лица;
− придонеси во натура;
− трошоци за плата на персоналот на јавната администрации, освен ако поинаку не е назначено во договорот за под-грант и само до тој степен што тие се однесуваат на трошоците за активностите кои релевантните јавни органи нема да ги спроведат доколку акцијата не била преземена.
2.2 Како да се аплицира и постапките што треба да се следат
2.2.1 Формулар за аплицирање
Апликациите мора да се достават во согласност со упатствата содржани во Формуларот за аплицирање, анекс кон овие Упатства (Анекс 1).
Проектот е финансиран од Европската Унија
Апликантите може да аплицираат на англиски или на македонски јазик.
Секоја грешка или голема недоследност во апликацијата (на пример, ако износите во работните листови на буџетот се неконзистентни) може да доведат до одбивање на апликацијата.
Појаснувања ќе се бараат само кога дадените информации се нејасни и на тој начин го спречуваат Договорниот орган да изврши објективна процена.
Рачно напишани апликации нема да бидат прифатени.
Ве молиме имајте предвид дека ќе се оценуваат само формуларот за аплицирање за грант и објавените анекси кои треба да се пополнат (буџет, логичка рамка). Затоа е од најголема важност овие документи да ги содржат СИТЕ релевантни информации во врска со акцијата. Не треба да се испраќаат дополнителни анекси.
2.2.2 Каде и како да се испраќаат апликации
Апликациите мора да бидат поднесени во еден оригинален примерок (А4 формат). Таа мора да биде приложена во плик каде е напишано името на организацијата апликант, називот на предлог-проектот, и да пишува „Оригинал“.
Сите документи за аплицирање (формулар за аплицирање, буџет, логичка рамка и придружни документи) исто така мора да бидат доставени во електронски формат (ЦД). ЦД-то мора да ја содржи токму истата апликација која е доставена во хартиена верзија.
Контролниот лист (дел 11 во формуларот за аплицирање) и изјавата на главниот апликант (Анекс 2) и ко-апликантите (Анекс 3) мора да бидат надвор од пликот која ја содржи апликацијата а сите тие да бидат затворени во еден надворешниот плик.
Надворешниот плик мора да го содржи референтниот број и називот на повикот за доставување предлози, заедно со називот, полно име и адреса на главниот апликант и зборовите “Not to be opened before the opening session” и на македонски „Да не се отвора пред почетокот на сесијата на отворање"
Апликациите мора да се достават во запечатен плик преку препорачана пошта, приватни курирски услуги или со рачна испорака (на испорачателот ќе му се даде потпишан и датиран сертификат за прием) на адресата подолу:
Проектот е финансиран од Европската Унија
Поштенска адреса:
Центар за грижа за семејство и деца (KMOП) Адреса: Ул.1733, 24 (зградата на Opera House Hotel ) 1000 Скопје
Македонија
Апликациите испратени на друг начин (на пр. само преку факс или е-пошта) или испратени на други адреси ќе бидат одбиени.
Апликантите мора да проверат дали нивната апликација е комплетна користејќи го контролниот лист (дел 11 во формуларот за аплицирање) Нецелосни апликации може да бидат одбиени.
2.2.3 Краен рок за доставување апликации
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 13 декември 2017 година кое што ќе биде е потврдено со датумот на испраќање, поштенскиот печат или датумот на депозитниот лист. Во случај на испорака на рака, крајниот рок за прием е 16:30 часот по локално време, како што е потврдено со потпишаната и датирана потврда за прием. Секоја апликација поднесена по крајниот рок автоматски ќе биде одбиена.
2.2.4 Дополнителни информации за апликациите
Сегашната објава на Повикот за доставување предлози е објавена на веб страната www//xxxx.xx/xxxxx.xxx/xx/ and xxx.xxx.xxx.xx.
Прашања може да се праќаат по електронска пошта не подоцна од 10 дена пред крајниот рок за доставување на апликации на адресата наведена подолу, наведувајќи го јасно референтниот број на повикот за доставување предлози:
Е-пошта: xxxx.xxxxx@xxxx.xx.
Договорниот орган нема обврска да дава појаснувања за прашањата што се добиени по овој датум.
Одговорите ќе бидат дадени не подоцна од 7 дена пред крајниот рок за поднесување на апликациите.
Проектот е финансиран од Европската Унија
За да се обезбеди еднаков третман на апликантите, Договорниот орган не може да даде претходно мислење за подобноста на главните апликанти, ко-апликанти, акција или конкретни активности.
Прашањата кои можат да бидат релевантни за другите апликанти, заедно со одговорите, ќе бидат објавени на веб-страницата: : www//xxxx.xx/xxxxx.xxx/xx/ и xxx.xxx.xxx.xx.
Затоа е препорачливо редовно да ги проверувате горенаведените веб-страници за да бидете информирани за објавените прашања и одговори.
2.3 ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР НА АПЛИКАЦИИ
Апликациите ќе бидат испитани и оценети од страна на Договорниот орган, со поддршка на:
- Евалуациона комисија (ЕК);
- Управен одбор на проектот (УОП) како надзорно тело.
Сите апликации ќе бидат оценети според следните чекори и критериуми. ЧЕКОР 1 – Отворање и административна проверка
- Верификација на подобноста на апликантите и на акцијата ЧЕКОР 2 – Оценување на апликацијата
ЧЕКОР 3 – Конечно оценување и одлука
Ако испитувањето на апликацијата открие дека предложената акција не ги исполнува критериумите за подобност наведени во делот 2.1, апликацијата ќе биде одбиена на оваа единствена основа.
ЧЕКОР 1: ОТВОРАЊЕ И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОВЕРКИ. ПРОВЕРКИ ЗА ПОДОБНОСТ
За време на отворањето и административната проверка ќе се оцени следново:
- Дали е испочитуван крајниот рок, доколку не е апликацијата автоматски ќе биде одбиена.
- Дали апликацијата ги задоволува сите критериуми наведени во контролниот лист во
Проектот е финансиран од Европската Унија
врска со формуларот за аплицирање, дел 11 од формуларот за аплицирање. Ова вклучува и оценка на подобноста на акцијата и апликантите. Ако некоја од бараните информации недостасува или не е точна, апликацијата може да биде одбиена врз таа единствена основа и апликацијата нема понатаму да се оценува.
Одговорот на секое од прашањата во ТАБЕЛАТА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА ПРОВЕРКА мора да биде ДА, со цел проектот да биде подобен за понатамошна проценка.
Табела за административна проверка
Административни критериуми: | Да | Не | Коментари |
1. Предлогот е поднесен во рокот. | |||
2. Користен е формуларот за аплицирање објавен во Упатството за овој Повик за доставување предлози. | |||
3. Предлогот е пополнет електронски. | |||
4. Предлогот е на англиски или на македонски јазик. | |||
5. Придружните документи кои се доставуваат како копии се заверени „според оригиналот“ од страна на правниот застапник на апликантот, ко-апликантот, ако е тоа случајот, и со печат. | |||
6. Еден печатен оригинал е вклучен. | |||
7. Приложена е електронска верзија на предлогот (ЦД) | |||
8. Секој ко-апликант, доколку има, го има пополнето, потпишано и има ставено печат на мандатот и мандатот е вклучен во целосната документација. | |||
9. Изјавата од Главниот апликант е во документцијта, потпишана од страна на правниот застапник и со печат. | |||
10. Буџетот е приложен како што е наведено во буџетскиот формулар, презентиран во бараниот формат и е наведен во евра. |
Проектот е финансиран од Европската Унија
11. Логичката рамка е завршена и е вклучена во целосната документација. | |||
Критериуми за подобност: | Да | Не | Коментари |
Подобност на Главниот апликант | |||
1. Апликантот е правно лице кое е регистрирано и дејствува на територијата на државата. | |||
2. Апликантот е непрофитно тело. | |||
3. Апликантот е директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата со ко-апликантот(ите), а не како посредник. | |||
4.Придружни документи се поднесени (на македонски или на англиски јазик, во оригинал или заверени копии според Упатството): а) Тековна состојба од Централниот регистар, не постар од 6 месеци; б) Статут; в) Биланс на состојба и Биланс на успех (ако не е применливо обезбедете потврда од централен регистар, потпишана и со печат); г) Кратки биографии (CV) на клучниот персонал вклучен во спроведувањето на проектот. | |||
5. Апликантот е регистрирана ГО/НВО согласно националното законодавство во државата, според Законот за здруженија и фондации. | |||
6. Локални (grass-root) граѓански организации со најмалку едногодишно искуство во поддршка на ранливи групи (т.е. поддршка на ромската заедница во целните општини). | |||
7. Локални (grass-root) граѓански |
Проектот е финансиран од Европската Унија
организации со помалку од 80,000 евра обрт за последната фискална година. | |||
Подобност на Ко-апликантите – Дополнителни редови, според подобноста на апликантите, ќе бидат вметнати според бројот на ко-апликанти, доколку ги има. | |||
8. Акцијата ќе биде спроведена во 9 целни општини како што е опишано во Член. 2.1.2 | |||
9. Времетраењето на акцијата е: - До 9 месеци (или помалку ако има ограничен обем на работа) | |||
10. Грантот е во согласност со поставените буџетски граници 2,500 евра – 5,000 евра | |||
11. Предлогот се однесува на целна група: деца Xxxx. | |||
12. Предлогот е подобен, т.е. примарен фокус е обезбедувањето образовна интеграција на ромските деца. |
Изјавата од главниот апликант ќе биде вкрстено проверена со придружните документи поднесени од главниот апликант. Секој придружен документ кој недостасува или каква било некохерентност меѓу изјавата од главниот апликант и придружните документи може да доведе до одбивање на апликацијата на таа единствена основа.
По првиот чекор од оценувањето, РРЦ и КМОП ќе испратат писма до сите главни апликанти кажувајќи им дали нивната апликација била поднесена до крајниот рок, и дали ги исполнила административните услови и условите за подобност и ќе ги информира за резултатите од овој чекор.
Евалуацискиот комитет потоа ќе продолжи со главните апликанти чии предлози биле прелиминарно избрани.
Проектот е финансиран од Европската Унија
ЧЕКОР 2: ОЦЕНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Само Апликантите кои ги исполнуваат критериумите од чекор 1 подлежат на оценување на апликацијата.
Квалитетот на апликациите, вклучувајќи го предложениот буџет и капацитетот на апликантите, ќе се оценува со користење на критериумите за оценување во табелата за подолу.
Критериумите за оценување на апликации помагаат да се оцени квалитетот на апликациите во однос на целите и приоритетите утврдени во упатствата, и да се доделат грантови за проекти кои ја максимизираат севкупната ефективност на повикот. Тие помагаат да се изберат апликации за кои Договорниот орган може да биде сигурен дека ќе ги почитуваат нивните цели и приоритети. Тие ја покриваат релевантноста на акцијата, нејзината подобност со целите на повикот, квалитетот, очекуваното влијание, одржливоста и економичноста.
Бодување: Евалуациска табела за вреднување е поделена на неколку делови. На секој поддел ќе му се даде бод од 1 до 5 како што следи: 1 = незадоволително; 2 = задоволително; 3 = адекватно; 4 = добро; 5 = многу добро.
Евалуациска табела за вреднување:
Критериуми | Xxxxxxxxxx резултат |
1. Релевантност за целите на Повикот | (25) |
1.1. Колку е релевантен предлогот за целите и приоритетите на повикот за доставување предлози? | 5 |
1.2. Колку е релевантен предлогот за конкретните потреби и ограничувања на целниот(те) регион(и) (вклучително и синергија со други иницијативи на ЕУ или други иницијативи на донатори или апликанти и избегнување на дуплирање? | 5 |
1.3. Колку се јасно дефинирани и стратешки избрани оние кои се вклучени (крајни корисници, целни групи, други релевантни заинтересирани страни)? Дали нивните потреби се јасно дефинирани и дали предлогот соодветно се обрнува на нив? | 5 |
1.4. Дали предлогот содржи специфични елементи на додадена вредност? а) Акција насочена кон тешко достапно / високо ризично | 10 |
Проектот е финансиран од Европската Унија
население (на пр. Роми, малцинства, итн) – 2п б) Акција насочена кон мажи или деца – 2п в) Акција во оддалечени/изолирани или области со висок ризик – 2п г) Акција од конзорциум на подобни ГО/ НВО– 2п д) Акција која нуди особено иновативни услуги – 2п | |
2. Искуство на Апликантот и неговиот оперативен капацитет | (20) |
2.1. Искуство на Апликантот во работа со ромската заедница | |
а) Дали апликантите имаат претходно искуство во работење со Xxxx? | 5 |
б) Дали апликантите имаат релевантно работно искуство во спроведување на слични проекти? | 5 |
2.2. Оперативен капацитет на Апликантите | |
а) Дали апликантите имаат искуство во управување со проекти? | 5 |
б) Дали апликантите имаат соодветни управувачки и административни ресурси за успешно управување со овој проект? | 5 |
3. Човечки ресурси на Апликантот | (20) |
3.1. Квалификациите и стручноста на предложениот проектен тим се релевантни и доволни за спроведувањето на предлогот? | 2x5 |
3.2. Искуството на предложениот проектен тим е релевантно и соодветно за предлогот? | 2x5 |
4. Ефективност и изводливост на акцијата | (5) |
Дали предложените активности се соодветни, практични и во согласност со целите и очекуваните резултати? Дали акциониот план е јасен и изводлив? Дали предлогот содржи објективно проверливи показатели за резултатите од акцијата? | 5 |
5. Влијание и одржливост на акцијата | (10) |
5.1. Дали може акцијата да има конкретно влијание врз целните групи? Дали може предлогот да има повеќекратни ефекти? (Вклучувајќи простор за повторување, проширување и размена на информации.) | 5 |
Проектот е финансиран од Европската Унија
5.2. Дали очекуваните резултати од предложената акција се одржливи?: - финансиски (како ќе се финансираат активностите откако ќе заврши финансирањето?) - институционално (дали ќе постојат структури кои ќе дозволат активностите да продолжат да функционираат на крајот на акцијата? Дали ќе има локална (општини, други локални тела) „сопственост“ на резултатите од акцијата?) - на ниво на политика (каде што е применливо) (какво ќе биде структурното влијание на акцијата - на пример, дали тоа ќе доведе до подобрено законодавство, кодекси на однесување, методи, итн?) | 5 |
6. Исплатливост на предложениот буџет | (20) |
6.1. Дали буџетските линии се во согласност со предложените активности? | 5 |
6.2. Дали апликантите имаат способност да управуваат со буџетот за акцијата? | 5 |
6.3. Дали односот помеѓу проценетите трошоци и очекуваните резултати е задоволителен? Дали активностите соодветно се рефлектираат во буџетот? | 2x5 |
ВКУПНО ПОЕНИ | 100 |
Забелешка за вкупниот број на поени
Апликациите со највисок број на поени ќе бидат привремено избрани додека не биде постигнат достапниот буџет за овој повик за доставување предлози.
Привремен избор
По оценувањето, ќе се направи табела со список на апликациите рангирани според освоените поени. Апликацијата која добила најмногу поени ќе биде привремено избрана додека не се донесе достапниот буџет за овој повик за доставување предлози. Покрај тоа, ќе се направи резервен список според истите критериуми. Овој список ќе се користи ако повеќе финансиски средства станат достапни за време на периодот на важење на резервниот лист.
Проектот е финансиран од Европската Унија
ЧЕКОР 3 – КОНЕЧНО ОЦЕНУВАЊЕ И ОДЛУКА
Списокот на прелиминарно избрани апликанти ќе биде поднесен до Делегацијата на Европската унија во поранешната југословенска Република Македонија на разгледување.
Штом се потврди „прегледот“, резултатите од процесот на оценување ќе му бидат презентирани на Управниот комитет на Проектот, како надзорно тело.
Потоа, апликантите ќе бидат известени за исходот од оценувањето.
2.4 Известување за одлуката на Договорниот орган
Главните апликанти ќе бидат информирани во писмена форма за одлуката на Договорниот орган (по редовна пошта или електронска пошта) во врска со нивната апликација и, ако бидат одбиени, ќе бидат известени за причините за негативната одлука.
Одлуката за одбивање на апликација или за не доделување на грант може да се заснова врз следниве основи:
- Апликацијата била примена по истекот на определениот рок;
- Апликацијата е нецелосна или на друг начин не ги исполнува наведените критериуми за административно усогласување;
- Апликантот или еден или повеќе партнери се неподобни;
- Проектот е неподобен (на пр. предложената активност не е во рамките на програмата, предлогот го надминува максимално дозволеното времетраење, бараниот придонес е повисок од дозволениот максимум, итн);
- Релевантноста и техничкиот квалитет на предлогот се сметаат за пониски од оние на избраните предлози;
- Финансискиот квалитет на предлогот се смета за недоволен.
Кога апликантот смета дека е негативно засегнат од некоја грешка или неправилност која е наводно извршена како дел од постапката за избор, или дека постапката била загрозена од неправилно работење, може да поднесе жалба до Комисијата за жалби во рок од 5 (пет) работни дена од денот кога било примено писмото/ е-пошта за одбивање. Жалби може да се поднесуваат преку е-пошта до xxxx.xxxxx@xxxx.xx. Комисијата за жалби ќе ги разгледа жалбите. На жалбите ќе се одговори во рок од 5 (пет) работни дена од нивното примање.
Проектот е финансиран од Европската Унија
ДАТУМ | ВРЕМЕ* | |
1. Информативни состаноци | 9ти ноември 2017 г. | |
2. Краен рок за барање на појаснувања од Договорниот орган | 29ти Ноември 2017 г. | 16:30 по локално време |
Последен датум на кој се даваат објаснувања од страна на Договорниот орган | 6ти декември 2017 г. | |
3. Краен рок за поднесување на апликација | 13ти декември 2017 г. | 16:30 по локално време |
4. Информирање на кандидатите за отворање, административни проверки, проверки на подобност и пред-селекција (чекор 1) | 27ми декември 2017г. | |
5. Известување за доделување | 29ти јануари 2018г. | |
6. Потпишување на договорот | 12ти февруари 2018г |
Овој индикативен распоред се однесува на привремените датуми (освен за датумите 2, 3 и 4) и може да биде ажуриран од страна на Договорниот орган во текот на постапката. Во такви случаи, ажурираниот распоред ќе биде објавен на веб страницата на проектот www//xxxx.xx/xxxxx.xxx/xx/ и xxx.xxx.xxx.xx.
2.5 Услови за спроведување по одлуката на Договорниот орган за доделување грант
По донесувањето на одлуката за доделување грант, на Корисникот (ците) ќе му биде понуден договор врз основа на договорот за грант на Органот за доделување под- грантови. Со потпишување на формуларот за аплицирање (Анекс 1 од ова Упатство), апликантите се согласуваат доколку им се додели грант, да ги прифатат договорните услови на стандардниот договор за грант.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Постапки за доделување договори
Доколку во рамките на спроведувањето на проектот неопходно е склучување на договор за набавка, корисникот е должен да го склучи договорот врз основа на економски најповолната понуда, односно, понудата која нуди најдобра вредност за парите, почитувајќи ги принципите на транспарентност и еднаков третман на потенцијалните изведувачи, како и да се погрижи да нема конфликт на интереси.
Мониторинг и Евалуација
Договорниот орган ќе врши мониторинг и евалуација на одобрените проекти.
Финансирање
До потпишувањето на Договорот договорниот орган го задржува правото за какво било дополнително појаснување на буџетските ставки доколку истото е потребно.
Вкупниот износ за грантот ќе биде доделен на рати. Вкупно 4 исплати, со тоа што секое следно плаќање следи по приложен доказ за најмалку потрошени 70%, од претходнодната рата. Доколку буџетот не е потрошен, или ако не се извршат никакви плаќања за спроведени активности, Договорниот орган соодветно ќе ја намали следната рата или нема да продолжи со следната рата.
Проектот е финансиран од Европската Унија
Список на анекси
Документи што треба да се пополнат:
Анекс1: Формулар за аплицирање (Word формат) Анекс 2: Изјава од апликанти (Word формат) Анекс 3: Мандат од ко-апликанти (Word формат)
Анекс 4: Формулар за предложен буџет (Excel формат) Анекс 5: Логичка рамка (Excel формат)
Документи што треба да се поднесат:
✓ Формулар за аплицирање (Word формат)
✓ Контролен лист (Word формат)
✓ Изјава од апликанти (Word формат)
✓ Мандат од ко-апликанти (Word формат)
✓ Формулар за предложен буџет (Excel формат)
✓ Логичка рамка (Excel формат)
За главните апликанти, и секој ко-апликант
✓ Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
✓ Статут;
✓ Биланс на состојба и Биланс на успех (ако не е применливо, обезбедете потврда од Централен регистар, потпишана и со печат)
✓ Кратки биографии (CV) на проектниот тим вклучен во спроведувањето на проектот
Документи за информации
Стандарден договор за под-грант