за користење на услуга KIBSTrust OneID
Правила и услови
за користење на услуга KIBSTrust OneID
Последна промена: 16.08.2022 (види ги архивираните верзии)
1. Општи услови
Во овој документ насловен како „Правила и услови за користење на услугата KIBSTrust OneID“ (Правила и услови) се опишани правилата кои ги поставува и следи КИБС АД Скопје при давањето на услуга за електронска идентификација и создавање на средство за електронска идентификација, како и условите под кои оваа услуга се испорачува кон корисниците. КИБС АД Скопје како компанија има два главни правци на делување: од една страна како клириншка куќа на мали меѓубанкарски плаќања и носител на платен промет, а од друга страна е Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација кои организациски претставуваат дел од КИБС, но настапува под брендот со име KIBSTrust.
За услугата KIBSTrust OneID (OneID) правилата и условите се базираат на документот „Практика за давање на услуга за електронска идентификација“ (Практика).
1.4. За да биде издадено средство за електронска идентификација, Шемата за електронска идентификација, , предвидува:
далечинска проверка на идентитетот на Субјектот со употреба на метод кој овозможува сигурност еднаква на физичкото присуство (член 24, став 1 g од eIDAS Регулативата и член 31 од MK-eIDAS). Оваа проверка на идентитетот на физичкото лице се спроведува со користење на биометриски податоци или физички карактеристики кои на единствен начин го поврзуваат лицето со документите за лична идентификација за што има и потврда од доверлив извор, или
проверката на идентитетот на Субјектот за кој веќе е издаден квалификуван електронски сертификат по неговата идентификација со физичко присуство, од страна на признаен давател на квалификувани доверливи услуги кој презентирал прифатливи официјални документи за идентификација (член 24, став 1а од eIDAS Регулативата и член 11 од MK-eIDAS).
1.5. Прифатливи документи за идентификација на Субјектот се: национална лична карта за жител на Република Северна Македонија, привремена лична карта за странски државјани со привремен престој во Република Северна Македонија и патна исправа (пасош) издаден од страна на Република Северна Македонија.
1.8. За Субјектот, чиј идентитет е потврден преку методот на далечинска електронска идентификација, дополнително ќе се применуваат условите наведени во став 5.3. Далечинската проверка на
идентитетот е достапна и изводлива, само кога околностите за време на процесот на проверка на идентитетот се доволни за да се обезбеди точен доказ за идентитетот на Субјектот.
1.15. KIBSTrust го задржува правото, според свое наоѓање, да ги менува и дополнува својата Практика и овие Правила и услови во секое време и без известување, доколку за тоа постои оправдана потреба, односно кога тоа е задолжително според регулаторните барања или измена на стандардите. Измените и дополнувањата се објавуваат 30 дена пред стапувањето во сила. Тековната верзија и претходната верзија се објавени на xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx. За измените или дополнувањата на документите Субјектот ќе биде соодветно информиран.
2. Тип на квалификуван сертификат како дел од средството за електронска идентификација и негово прифаќање
Вид на сертификат | Намена | Применета и објавена политика за сертификација |
Квалификувани електронски потписи во согласност со МК-eIDAS и eIDAS. Cert Policy IDs: 1.3.6.1.4.1.16305.1.2.5.1.4 (Remote QSCD) and 0.4.0.194112.1.2 (QCP-n- qscd) | Податоци во електронска форма кои се приложени или логички поврзани кон други податоци во електронска форма и кои потписникот ги користи за потпишување. | CP/CPS на КИБС за квалификувани сертификати за електронски потписи, квалификувани електронски печати и временски жигови се објавени на: xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx Во согласност со: ETSI EN 319 411-2 Certificate Policy: QCP-n-qscd Cert Policy ID: 1.3.6.1.4.1. 16305.1.1.5 |
1 Закон за спречување и заштита од дискриминација
2.3. Следниве постапки претставуваат прифаќање на средството за електронска идентификација:
Преземањето на квалификуваниот сертификат како дел од средството за електронска идентификација претставува прифаќање на средството за електронска идентификација од страна на Субјектот.
Субјектот нема да достави приговор за квалификуваниот сертификат и неговата содржина во рок од 5 дена од издавањето на средството за електронска идентификација.
3. Забрана за користење на средство за електронска идентификација
3.2.1. Незаконски активности (вклучувајќи сајбер-напади и обиди за злоупотреба на сертификатот).
3.2.2. Издавање нови сертификати и информации во врска со валидноста на сертификатот.
3.2.3. Овозможување на други лица да го користат приватниот клуч на Субјектот.
3.2.4. Овозможување сертификатот издаден за електронско потпишување да се користи на автоматизиран начин.
4. Валидност на квалификуваниот сертификат и ревизорски записи
5. Права и обврски на Субјектот на идентификација и обештетување
5.2.3. единствено одговорен за секоја штета предизвикана поради неизвршување или неправилно извршување на своите обврски, наведени во овие Правила и услови и/или законите на Република Северна Македонија.
5.2.4. свесен дека електронските потписи дадени врз основа на истечени или поништени сертификати се неважечки.
5.2.7. xxxxxx дека приватниот клуч од неговиот квалификуван електронски потпис се користи единствено под негова контрола и да биде внимателен за да се избегне неовластена употреба на истиот.
5.2.8. одговорен за тајноста на податоците за автентикација при пристап кон приватниот клуч (корисничко име, лозинка, ПИН) што се наоѓа на далечинско QSCD (облакот на KIBSTrust).
5.2.10. одговорен да го користи неговиот приватен клуч и сертификат во согласност со овие Правила и услови, вклучувајќи ги применливите договори, утврдени во дел 9 и законите на Република Северна Македонија.
5.2.11. одговорен да го извести KIBSTrust за точните информации во разумно време, во случај на промена на неговите лични податоци или за секоја друга неточност во содржината на сертификатот.
5.2.12. одговорен да го информира KIBSTrust за можноста на неовластено користење на неговиот приватен клуч или, доколку неговиот приватен клуч е загубен, украден, потенцијално компромитиран или, доколку ја изгубил контролата над неговиот клуч поради компромитирање на податоците за автентикација (на пример, ПИН, XXX, корисничко име, лозинка) или други причини, и веднаш да го поништи неговиот сертификат.
5.2.13. одговорен тој или негов правен застапник или наследник да побара поништување на сертификатот, доколку претходно воспоставените односи со Xxxxxxxxx прекинале или престанале да постојат.
5.3. Следниве правила дополнително се однесуваат на Субјектот, чиј идентитет е верификуван со користење на метод на далечинска верификација на идентитетот:
5.3.1. Субјектот треба да ги следи инструкциите точно според дадената информација во мобилната апликација OneID, документација на KIBSTrust или овластениот вработен кој го спроведува процесот на валидација.
5.3.2. Субјектот треба да презентира документ/и за идентификација во добра состојба и со добра осветленост, до онаа мера до која може да се потврди нивната автентичност.
- Кога документот за идентификација не е соодветен или предизвикува сомнеж во врска со автентичноста и сигурноста; или
- Кога Субјектот несоодветно се однесува кон автоматскиот процес за далечинска автентикација или кон овластениот вработен на КИБС, или постојат индикации дека Субјектот е под притисок, има психолошко или ментално нарушување или злоупотребува супстанци. Во овие случаи, процесот не може да се повтори и Субјектот мора да избере еден од другите методи на верификација на идентитетот, наведен во став 1.4.
- Кога Субјектот е деловно неспособно лице.
5.4.2. Пропуст на Субјектот да наведе материјален факт во образецот за нарачка и договор, доколку погрешното прикажување или пропуст е направено поради небрежност или со намера да измами некоја страна.
5.4.3. Неуспех на Субјектот да го заштити својот приватен клуч, да користи сигурен систем или на друг начин да преземе мерки на претпазливост за да се спречи компромитирање, губење, откривање, модификација или неовластена употреба на приватниот клуч на Субјектот.
6. Права на давателот на услугата OneID
7. Обврски на засегнатите страни
7.2. Засегнатата страна потврдува и се согласува дека нејзиното користење на складиштето на KIBSTrust, достапно на xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx, и нејзиното потпирање на квалификуваниот сертификат како дел од средството за електронска идентификација ќе биде регулирано со применливата Практика која може повремено да се менува.
поништени сертификати од Издавачот на сертификати (CRL) кој го издал сертификатот на кој засегнатата страна сака да се потпре или со користење на информации преку протоколот за електронско добивање статус на сертификатот (OCSP).
7.4.3. Засегнатата страна ја потврдува валидноста на сертификатот со проверка на валидноста на истиот користејќи информации од услугите за проверка OCSP и CRL достапни преку линковите дадени во сертификатот. Услугата OCSP е достапна преку HTTP протокол и е јавно достапна на xxxx://xxxx0.xxxxxxxxx.xxx/.
7.4.4. Од засегнатите страни се очекува да го користат регистарот на даватели на квалификувани доверливи услуги на Министерството за информатичко општество и администрација во Република Северна Македонија за да утврдат дали електронскиот потпис, печат или временски жиг се квалификувани (xxxxx://xxxxxxxx.xxxx.xxx.xx/xxxxxxxx_xxxxx/).
8. Ограничена гаранција и ограничување на одговорностa
8.5.3. фалсификуван електронски потпис на документ, индикативно поради украден или компромитиран приватен клуч на корисникот.
8.5.4. неисполнувањето на своите обврски, доколку таквото неисполнување се должи на грешки или безбедносни проблеми на надзорниот орган, недостапност на доверливиот извор на податоци како што се Централниот регистар на население, регистарот на даватели на
квалификувани доверливи услуги и шеми за електронска идентификација на Министерството за информатичко општество и администрација во Република Северна Македонија или кој било друг приватен правен субјект или јавен орган.
8.5.5. работата на софтверот или другите апликации обезбедени од трети лица кои не се поврзани со KIBSTrust.
8.5.6. неисполнувањето на обврските, доколку таквото неисполнување се должи на настан на виша сила.
8.6.1. комбинираната вкупна одговорност на КИБС кон кое било и сите лица во врска со определен квалификуван сертификат е ограничена на износ што не надминува петстотини (500) евра по сертификат и вкупни максимални побарувања од педесет илјади (50.000) евра за квалификувана услуга, без оглед на природата на одговорност и видот, износот или степенот на претрпената штета. Ограничувањата на одговорноста предвидени во овој став се исти без оглед на бројот на сертификати за квалификувани потписи / печати, трансакции или побарувања во врска со таквиот сертификат.
8.6.2. oграничувањата на одговорноста, предвидени овде, ќе се применуваат до максимално дозволениот степен според важечкиот закон на важечката јурисдикција.
8.8. KIBSTrust може да го прекине процесот на валидација, доколку се утврди или се сомнева дека неточна или лажна информација е обезбедена од Субјектот или ако проверката на идентитетот на Субјектот не е успешна. Без оглед на став 8.5, КИБС не е одговорен на кој било начин за автентичноста или веродостојноста на документите за идентификација доставени од Субјектот, ниту за каква било штета што може да му биде предизвикана на Субјектот или на трети лица.
9. Применливи поврзани договори, политики и практики
Релевантни договори, политики и изјави за практики во врска со сегашните Правила и услови:
9.1. CP/CPS на КИБС за квалификувани сертификати за електронски потписи и електронски печати.
Политика за ЕУ квалификувани сертификати издадени на физички лица (OID 0.4.0.194112.1.0),
QCP-n.
Политика за ЕУ квалификуван сертификат издаден на физичко лице каде приватниот клуч и поврзаниот сертификат се наоѓаат на QSCD (OID 0.4.0.194112.1.2), QCP-n-QSCD.
9.3. Политика за приватност (KIBSTrust).
9.4. Тековните верзии на сите горенаведени документи се јавно достапни во складиштето на КИБС xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx.
10. Политика за приватност и доверливост
10.1. КИБС ги обработува личните податоци според Политиката за приватност (KIBSTrust) достапна во складиштето на xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx и согласно сите законски прописи на Република Северна Македонија.
11. Достапност за лица со посебни потреби
11.3. Доколку извршување на нарачката онлајн не е можно, лицата со посебни потреби можат да дојдат во просториите на РК/ЛРК на KIBSTrust. Пристапот до канцеларијата на РК/ЛРК на KIBSTrust е без бариери. Информациите за непречен пристап до ЛРК се јасно прикажани на веб-страницата xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx. Покрај тоа, KIBSTrust на барање на лице со посебни потреби нуди услуга за помош од дома.
12. Политика за поврат на средства
12.1.1. Услугата за електронска идентификација може да биде наплатена од Субјектот.
12.1.3. KIBSTrust нема да прифати никакви побарувања за неправилно користење на услугата или штети предизвикани по вина или дејствија на Субјектот.
12.1.4. Субјектот има право да се повлече од онлајн подготвената процедура за создавање на средство за електронска идентификација пред активирањето на услугата. Доколку Субјектот не ја заврши процедурата на процесот на издавање средство за електронска идентификација ќе биде автоматски отфрлен од системот.
13. Применлив закон, жалби и механизам за решавање на спорови
13.3. Субјектот или која било друга страна може да го поднесе своето побарување или жалба на следнава адреса за е-пошта: xxxxxxxx@xxxxxxxxx.xxx.
14. Ревизија и оценување на сообразност
14.1. KIBSTrust е давател на квалификувани доверливи услуги и на шема за електронска идентификација. Претходниот статус му е доделен од страна на надзорно тело, по поднесувањето на извештај за оценување на сообразноста од страна на акредитирано тело за оценување на сообразноста согласно 14.3 и 14.4.
14.3. Телото за оценување на сообразноста е акредитирано во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 765/2008 како надлежно за оценување на сообразноста на давателот на квалификувани доверливи услуги и на квалификуваните доверливи услуги кои тој ги обезбедува.
14.4. Шема за акредитација во обем: ISO / IEC 17065 + ETSI EN 319 403 + eIDAS Art.3.18.
14.5. Заклучоците од ревизијата или извештаите кои се базираат на резултатите од ревизија на оценувањето на сообразноста, извршено во согласност со Регулативата eIDAS, како и соодветните закони и стандарди се објавени во складиштето на КИБС на страницата xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx.
15. Контакт информации
15.1. Давател на квалификувани доверливи услуги:
КИБС АД (KIBSTrust)
бул. "Xxxxxx Xxxxxxxxxx Питу" 1,
x000 0 0000 000, x000 0 0000 000
xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx xxxxxxxx@xxxxxxxxx.xxx
1000 Скопје, Република Северна Македонија
(понеделник - петок 8.30 - 16.00 централно европско време)
15.2. Барањата за прашања со животниот циклус на средството за електронска идентификација се примаат од 08.30 до 16.00 (UTC +2) 8/5 лично во РК, или преку е-порака на xxxxx@xxxxxxxxx.xxx.
15.3. Информациите на веб-страницата и контакт податоците за услужниот веб-портал се достапни на xxxxx://xxx.xxxxx.xx, xxxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx.
16. Важност на Правилата и условите
17. Дефиниции и кратенки
Поим/кратенка | Дефиниција |
Издавач на сертификати (ИС) | Дел од компанијата КИБС одговорен за издавање и верификување сертификати и листи на поништени сертификати со својот електронски потпис. |
Сертификат | Xxxxx клуч заедно со дополнителни информации, наведени во профилот на сертификатот, чиешто фалсификување е оневозможено преку шифрирање со користење на приватниот клуч на издавачот на сертификатот кој го издал . |
Политика за сертификати (CP) | Именуван пакет правила што укажува на применливост на сертификат за одредена заедница и / или класа на примена со заеднички безбедносни барања. |
Правила за издавање квалификувани сертификати (CPS) | Правила за постапките што ги користи издавачот на сертификати при издавање, управување, поништување и обновување сертификат или обновување сертификат со нов пар клучеви. |
Регистар на поништени сертификати (CRL) | Потпишана листа каде е наведена групата на сертификати што се поништени од издавачот на сертификати. |
eIDAS Регулатива | Регулатива (ЕУ) бр. 910/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 23 јули 2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар и за укинување на Директивата 1999/93/ЕЗ. |
Верификација / валидација на идентитет | Единствена идентификација на лице преку проверка на неговиот/нејзиниот наводен идентитет. |
MK-eIDAS | Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 101/19 215/19). |
КИБС | КИБС X.X. Скопје |
OCSP | Протокол за електронско добивање статус на сертификат. |
OID | Идентификатор кој се користи за еднозначно именување на одреден објект. |
PIN код | Активациски код за Квалификувани сертификати за електронски потписи и електронски печати. |
Приватен клуч | Клуч од парот клучеви за кој се претпоставува дека се чува во тајност од страна на сопственикот на парот клучеви, а кој се користи за креирање електронски потписи и/или за дешифрирање на електронски записи или датотеки кои биле шифрирани со соодветниот јавен клуч. |
Јавен клуч | Клуч од парот клучеви кој може јавно да бидат објавен од страна на сопственикот на соодветниот приватен клуч кој се користи од засегнатите страни за потврда на електронските потписи, креирани со помош на соодветниот приватен клуч на сопственикот и/или за шифрирање пораки кои можат да бидат дешифрирани само со помош на приватниот клуч на сопственикот. |
Квалификуван сертификат | Квалификуван сертификат е сертификат кој го издава ИС, кој е акредитиран и надгледуван од страна на надзорно тело назначено од државата и кој ги исполнува барањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, и eIDAS. |
Квалификуван електронски потпис | Напреден електронски потпис кој е креиран од средство за креирање квалификуван електронски потпис и кој се заснова на квалификуван сертификат за електронски потпис. |
Квалификуван електронски печат | Напреден електронски печат кој е креиран од средство за креирање квалификуван електронски печат и кој се заснова на квалификуван сертификат за електронски печат. |
Квалификуван електронски временски жиг | Податоци во електронска форма што поврзуваат други податоци во електронска форма со одредено време за утврдување доказ дека тие постоеле во тоа време, на начин на којшто е исклучена можноста за промена на податоците. Се базира на точен извор на време поврзан со UTC и се потпишува со користење напреден електронски потпис или напреден електронски печат на давателот на квалификувана доверлива услуга. |
Средство за креирање квалификуван потпис/печат (QSCD) | Безбедно средство за креирање квалификуван електронски потпис / печат што ги исполнува барањата утврдени во делот II од eIDAS Регулативата. QSCD може да биде локално во форма на USB токен или смарт картичка или далечинско во форма на хардверски сигурносен модул. |
Квалификувани доверливи услуги | Доверлива услуга, како што е дефинирана во eIDAS што ги задоволува применливите барања утврдени во оваа Регулатива. |
Давател на квалификувани доверливи услуги | Давател на доверливи услуги кој обезбедува една или повеќе квалификувани доверливи услуги и има добиено квалификуван статус од страна на надзорното тело. |
Засегната страна | Физичко или правно лице кое се потпира на информациите наведени во сертификатот. |
Xxxxxxxxxx верификација на идентитет | Метод/процес со кој Субјектот е идентификуван преку видео конференција и е еквивалентен на верификацијата на идентитетот со физичко присуство. |
Субјект | Субјектот може да биде: a) физичко лице. б) физичко лице за кое е утврдено дека е поврзано со правно лице. в) правно лице (кое може да биде организација или единица или оддел за кои е утврдено дека се поврзани со одредена организација). |
КРАЈ НА ДОКУМЕНТОТ