ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА SMS БАНКАРСТВО
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ОПШТИ УСЛОВИ
НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА SMS БАНКАРСТВО
1 . Општи одредби
1.1. Со Општите услови за користење на услугата SMS банкарство за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) се регулираат сите видови услуги, начин и услови на користење на SMS услугата на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка) и се дефинираат правата и обврските за користење на услугата SMS банкарство (во понатамошниот текст: SMS услуга).
1.2. SMS услугата е информациски сервис на Банката, кој им овозможува на корисниците на деловни платежни картички издадени од Банката да добиваат SMS известувања на својот мобилен телефон, дефинирани во точка 4 од овие Општи услови.
2. Корисници на SMS банкарство
Корисник на SMS услугата може да стане комитент правно лице кое:
- е корисник на деловна платежна картичка,
- има отворено трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата,
- има доставено Барање за користење на SMS услуга за правни лица и ги прифаќа Општите услови за користење на услугата SMS банкарство за правни лица,
- поседува мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Република Македонија.
3. Договарање на услугата
3.1. Банката ќе му овозможи на Корисникот на услугата, користење на сите услуги кои се нудат со SMS услугата, а Корисникот на услугата самостојно по сопствен избор одредува која услуга сака да ја користи. Со овозможување на некоја од услугите, Kорисникот се согласува да ги добива и сите други бесплатни известувања за кои Банката не наплатува надомест.
3.2. Корисник на SMS услугата може да стане секој комитент на Банката - правно лице за кое ќе биде поднесено пополнето и потпишано Барање за користење на SMS услуга за правни лица.
3.3. Со потпишување на Барањето, прифаќањето на Општите услови, како и со одобрувањето на Барањето од страна на Банката, се заснова договорен однос меѓу Банката и Корисникот на услугата.
3.4. Овластеното лице на Корисникот на услугата со својот потпис на Xxxxxxxx потврдува дека е запознаено со Општите услови и без приговор ја прифаќа нивната примена на овој договорен однос.
3.5. Xxxxxxx го задржува дискрециското право да го одбие Барањето за користење на SMS услугата.
4. Карактеристики на SMS услугата
4.1. Услугата SMS банкарство е информациска услуга на Банката, која на Корисникот му овозможува преку SMS известување испратено на мобилниот/те телефон/и, пријавен/и во Банката, добивање на информации за состојбата и промените, односно за секоја трансакција на деловна платежна картичка издадена од страна на Банката по дефиниран корисник.
4.2. SMS известувањата содржат информации кои се во согласност со пополнетото Барање од страна на Корисникот на услугата, за сите износи над 500 денари или над износот определен од страна на Корисникот на услугата, како и други информации кои не се врзани за износ:
- проверка на состојба, подигање на готовина од банкомат, трансакција на POS терминал, износот на трансакцијата, местото на трансакцијата, промените на сметките на картичките (известување за уплати и исплати), настанати во земјата или во странство.
4.3. Корисникот на SMS услугата со пополнување на соодветно поле во Барањето, може да одбере да ги добива SMS известувањата моментално (веднаш по настанување на промената) или во определен временски интервал, во текот на денот (однапред дефиниран од страна на Банката).
5. Надоместок за SMS услугата
5.1. Корисникот е согласен Банката да му наплатува надомест за користење на SMS услугата во согласност со Одлугата за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје.
- Надоместокот ќе се наплатува на почетокот на секој месец со задолжување на трансакциската сметка за вршење на платен промет во земјата на Корисникот на услугата, за испратените SMS пораки во текот на претходниот месец.
Доколку Xxxxxxxxxx на услугата нема доволно средства на својата трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата, согласен е Банката, без претходна најава, за наплата на своите побарувања по основ на надоместок за користење на SMS услугата, да ги употреби постоечките средства на корисникот во Банката по сите основи или тековните и идни денарски и девизни приливи на неговите сметки во Банката.
6. Промена на податоците
Корисникот на SMS услугата е должен писмено да ја извести Банката за:
- промена на бројот на мобилниот телефон,
- губење или кражба на мобилниот телефон (веднаш по губењето или кражбата),
- барање за престанок на SMS услугата и
- повторно активирање на бројот за доставување на информации.
- При промена на бројот на картичка (изгубена, украдена, злоупотребена и слично), потребно е склучување на нова претплата.
Доколку Xxxxxxxxxx не постапи во согласност со став 1 од оваа точка, Xxxxxxx не одговара за штетата настаната заради испраќање на SMS известувања.
7. Заштита на личните податоци и доверливост на информациите
7.1.Сите податоци кои Корисникот на услугата ќе ги достави на Банката се деловна тајна на Xxxxxxx и ќе бидат користени исклучиво за сопствени цели.
Времето на праќање на пораката е времето кога пораката го напуштила информативниот систем на Банката. Банката гарантира за доверливоста и интегритетот на податоците до моментот на нивното излегување од информативниот систем на Банката. Банката не сноси одговорност доколку поради технички проблем или привремен прекин во работата на мобилниот оператор или авторизацискиот систем на Банката се случи ненавремено доставување, или недоставување воопшто, доколку во Барањето за користење на SMS услугата е доставен неточен или туѓ телефонски број на кој треба да се доставуваат SMS известувањата.
7.2. Банката се обврзува да ги заштити личните податоци за овластеното лице на Корисникот на услугата, согласно законските прописи и интерните акти на Банката.
8. Откажување на SMS услугата
Корисникот може да ја откаже употребата на SMS услугата преку пополнување на соодветните полиња во писменото Барање за користење на SMS услугата.
9. Завршни одредби
9.1. Со доставување на пополнето и потпишано Барање за користење на SMS услугата за правни лица на Комерцијална банка АД Скопје од страна на овластено лице и прифаќање од страна на Банката, се смета дека е склучен договор за користење на SMS услугата, меѓу Банката и Корисникот.
9.2. Банката може во согласност со својата деловна политика да ги промени условите за користење на SMS услугата, при што е должна да го запознае Корисникот со измените.
9.3. Корисникот е согласен да биде известен за промената на условите преку изводите на деловните платежни картички или на други начини кои Xxxxxxx ќе ги определи за известување. Доколку Корисникот не се согласува со промената, може да побара прекинување на користењето на SMS услугата во рок од 15 дена од денот на објавата на измените во условите. Во тој случај Xxxxxxxxxx е должен на Банката да и достави писмено Барање за откажување на SMS услугата. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е согласен со измените.
9.4. Сите можни спорови, Xxxxxxx ќе настојува да ги реши со Xxxxxxxxxx во духот на добрите деловни односи, а доколку тоа не е можно, надлежен ќе биде судот во Скопје.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ