ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА MUNICIPALITY OF GEVGELIJA
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА MUNICIPALITY OF GEVGELIJA
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Гевгелија во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.2023година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Истражување за унапредување на социјалниот дијалог”, за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центарза вработувањеГевгелија.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата
„Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за првпат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско- корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
– Млади лица до 29 години;
– Лица постари од 50 години;
– Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19;
– Лица корисници на гарантирана минимална помош;
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;
– Жртви на семејно насилство;
– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничкизаедници;
– Лица припадници на ромската етничка заедница;
– Лица на кои им е решен статусот со лична документација;
– Самохрани родители;
– Родители на деца со пречки во развојот;
– Родители на 3 и повеќе деца;
– Родители на деца на улица;
– Осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа и
– Бездомни лица.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на
:
Работно место 1: Фасилитатор за унапредување на социјалната услуга Позиции за работно место 1:Теренска работа
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: Средно или високо образование
Работно место 2: Фасилитатор за унапредување на социјалната услуга Позиции за работно место 2:Теренска работа
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Средно или високо образование
Работно место 3: Фасилитатор за унапредување на социјалната услуга Позиции за работно место 3:Теренска работа
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: Средно или високо образование
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата
„Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија во периодот од 07.06.2023 година до 13.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гевгелија и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Гевгелија кај лицето Xxxxxx Xxxxxxxxxx, општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија кај лицето Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Тања Попова.
бр. 14-785/11 ГРАДОНАЧАЛНИК
07.06.2023 г. на Општина Гевгелија
Xxxxxxxxx Xxxxx Xxxxxxxxxx
с.р.