Trustee Договор
Trustee Договор
Овој договор се склучува помеѓу Trustee Агентот (Designated Agent ltd), и “Регистрантот“ (Клиентот кој плаќа за конкретниот домен).
1. Обврски
1.1 Trustee Агентот е лоциран во Англија, за кој Регистрантот бара регистрација на доменот.
1.2 Trustee Агентот во свое име ќе поднесе барање за регистрација и ќе го регистрира доменот за сметка на Регистрантот.
1.3 Иако доменот ќе биде регистриран во име на Trustee Агентот а не на Регистрантот, доменот ќе биде користен од страна на Регистрантот и признаен од Trustee Агентот, исто како да бил регистриран во име на самиот Регистрант.
1.4 Trustee Агентот му го гарантира на Регистрантот правото за користење на доменот, а Регистрантот прифаќа и се согласува дека стекнатото право е лично негово и истото неможе да биде пренесено,
доделено, лиценцирано, попречено или на било каков начин оттуѓено, делумно или во целост од негова страна, без претходна писмена согласност од Trustee Агентот. Исто така, Trustee Агентот прифаќа и се согласува дека нема го пренсува доменот на кои и да било трети лица, без претходна писмена согласност од Регистрантот.
2. Oбештетување и одрекување од одговорност
2.1 Со овој договор, Регистрантот се согласува да го заштити и обештети Trustee Агентот и притоа води грижа истиот да остане неоштетен од какви и да било побарувања, дејствија, долгови, загуби, штети,
трошоци, професионални или други расходи од секаква природа, кои се издржувани, задолжени, платени или претрпени како штета на товар на Trustee Агентот, а произлегуваат или се порвзани со користењто на доменот од страна на Регистрантот.
2.2 Trustee Агентот нема да биде должен кон Регистрантот, или одоговрен за:
2.2.1 Достапноста на доменот за кој е поднесена апликација; и/или
2.2.2 Секаков вид на трошоци или загуби, кои би можеле да се појават директно или индиректно, како резултат на некаков прекин во употребата на доменот, додека истиот е деактивиран, пренаосочен или проследен кон нови именски опслужувачи, а кои наводно произлегле од прекршување на правата на
интелектуална сопственост, или каква и да било друга претпоставка за криминално користење на доменот од страна на Регистрантот, дури и доколку подоцна се испостави дека Регистрантот е ослободен од секаков сомнеж, врз основа на судска пресуда или одлука на било каков друг вид на административен процес.
3. Престанок
3.1 Trustee Договорот може да се раскине 30 дена по добиеното известување од страна на Trustee Агентот, или пак доколку доменот е откажан.
3.2 Trustee Договорот се смета за раскинат, доколку Trustee Агентот забележи дека било каков материјал или линк објавен на интернет страната кон која посочува доменот, би можел да се протолкува како
прекршување на правата на интелектуална сопственост и/или е криминално сомнителен на на каков и да било начин. По раскинувањето на договорот, според овој став 3.2, Trustee Агентот веднаш ќе пристапи кон:
3.2.1 Прекин и целосно стопирање на уботребата на доменот.
3.2.2 Деактивирање на доменот; и/или
3.2.3 Пренасочување на доменот кон нови именски опслужувачи, без претходно писмено известување до Регистрантот, сѐ додека случајот не биде разрешен.
4. Законска регулатива
Со регистрирањето на доменот, Trustee Договорот ќе биде толкуван, интерпретиран и раководен во согласност со македонското законодавство.
5. Правна Надлежност
Сите спорови кои би можеле да произлезат од одредбите во Trustee Договорот, ќе бидат разрешувани од судот во Македонија.