Contract
Број
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПЗУ СКЗЗ С
Дата година Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (Сл. весник на РМ бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009,
50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014,
113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016,
37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017) и член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна стоматолошка здравствена заштита (Сл. весник на РМ бр. 52/2007 и 104/2012), се склучува
АНЕКС НА ДОГОВОР
за пружање и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативната стоматолошка здравствена заштита
Склучен помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Фонд), застапуван од директор и директор/drejtor , како купувач на здравствени услуги, од една страна, и
2. ПЗУ со седиште на (во понатамошниот текст: здравствена установа), застапувана од директорот , трансакциска сметка бр. , што се води кај
даночен број , како давател на здравствени услуги, од друга страна.
Член 1
Врз основа на поднесено барање бр.
од
со овој Анекс-договор се врши
продолжување на Договорот за пружање и плаќање здравствени услуги во специјалистичко- консултативната стоматолошка здравствена заштита склучен под бр. за 2014/2018 година.
Член 2
Во член 26 од Договорот зборовите “ три месечни надоместоци“ се заменуваат со зборовите “едно месечен надоместок“ и зборовите “ четвртина месечнниот надоместок“ се заменува со зборовите “ петина месечен надоместок“.
Член 3
Членот 27 се менува и гласи :
“Договорна казна во износ од едно месечен надоместок се утврдува за следните повреди:
1. Ако го оневозможува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување утврдени со Законот за здравствено осигурување;“
Член 4
Членот 28 се менува и гласи:
“Договорна казна во износ од една третина од месечениот надоместок се утврдува за следните повреди:
1. Доколку здравствената установа, односно лекарот не им пружи здравствени услуги или повеќе им наплати од референтните цени и цените утврдени во Ценовникот за здравствени услуги во Република Македонија, на лицата од член 18 на овој договор;
2. Доколку здравствената установа или лекарот наплатуваат на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи и наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество како и доколку не издава фискална сметка со опис/шифра на медицинската услуга
3. Доколку при препорака за оцена на привремена спреченост за работа лекарот специјалист не се придржува кон Правилникот и Критериумите за дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болест и повреди ли потребата за нега на болен член од потесното семејство
4. Доколку лекарот дава здравствени услуги од дејноста за која нема склучено договор;
5. Доколку лекарот специјалист издаде потврда и/или специјалистички извештај со препорака за ортопедско и друго помагало спротивно на одредбите од Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски помагала;
6. Доколку лекарот не ги почитува максимално дозволените количини согласно медицина базирана на докази, кога препорачува лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот;
Член 5
Членот 29 се менува и гласи:
“ Договорна казна во износ од една петина од месечниот надоместок се утврдува за следните повреди:
1. Доколку со две последователни контроли се констатира дека здравствената установа е затворена и не пружа здравствени услуги на осигурените лица на Фондот.
2. Доколку лекар на осигурените лица не препорачува лекови од Листата на лекови кои се на товар на Фондот и не се придржува на Списокот на ортопедски помагала освен ако не е медицински индицирано;
3. Доколку здравствената установа, односно лекарот, не води уредна евиденција на медицинската документација согласно законските прописи, подзаконските акти на Фондот и одредбите на овој Договор или не врши заштита на електронските податоци;
4. Доколку здравствената установа не води кадровска евиденција за вработените според законските прописи и ако по склучувањето на договорот се изврши промена во осигурувањето со пократко работно време на лекарскиот тим;
5. Доколку пружената здравствена услуга не се прикажува по референтни цени на завршени здравствени услуги.
6. Доколку здравствената установа работи спротивно на договорните одредби за кои не е предвидена договорна казна согласно одредбите од овој договор;
7. Доколку здравствената установа не издава квитанција за наплатено учество;
8. Доколку здравствената установа не изготвува и не ги чува налозите за техника и изработка за помагалата.“
Член 6
Во членот 30 по точката 14, се додаваат следните точки 15, 16, 17, 18 кои гласат:
„Доколку лекарот при издавање на ЛУ-2 образецот, не ја наведе дијагнозата по МКБ 10 и електронски не ги напише лабораториските анализи кои треба да се извршат;
Доколку здравствената установа во рок од 20 дена писмено не го извести Фондот и подрачната служба за промена на лекарскиот тим како и за отсуство на лекарите во случај на боледување, мирување на работниот однос според Законот за работни односи, во случај на престанок на работен однос на лекарот специјалист и ако стекнал услови за остварување на право на пензија);
Доколку здравствената установа односно лекарот не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица, без дискриминација и
Доколку здравствената установа не го почитува работното време истакнато во ординацијата“
Член 7
Во членот 36 датумот „30.06.2019 година“, се заменува со датумот „31.12.2019 година“.
Изготвил: Контролирал:
Одобрил:
Директор на Правен сектор