Добредојдовте на веб страната на KlikniJadi.mk . Со пристапување на нашата страница или со користење на нашите услуги, вие потврдувате дека ги прифаќате овие Услови на употреба и се согласувате да ги почитувате. Ве молиме прочитајте ги овие правила и...
ОПШТИ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Добредојдовте на веб страната на XxxxxxXxxx.xx . Со пристапување на нашата страница или со користење на нашите услуги, вие потврдувате дека ги прифаќате овие Услови на употреба и се согласувате да ги почитувате. Ве молиме прочитајте ги овие правила и услови внимателно пред да нарачате било какви оброци од нашиот сајт. Ако имате било какви прашања во врска со овие правила и услови, ве молиме контактирајте не на xxxx@xxxxxxxxxx.xx. Ако не ги прифаќате овие услови и условите во целост ве молиме да не ги користите нашите услуги.
ВАЖНО
- ЗАКОНСКА ОБВРСКА: Доколку нарачате нешто од нашиот сајт xxx.XxxxxxXxxx.xx се обврзувате истото уредно да го примите на наведената локација. Доколку го злоупотребите нашиот сервис Кликни Јади ќе покрене законска постапка против вас за да ја надомести штета направена од злоупортебата.
- НАРАЧКАТА ИМАТЕ ПРАВО ДА ЈА ОДБИЕТЕ во следниве случаи:
• Нема заштитна налепница.
• Доцни повеќе од 15 мин. од наведеното време на сајтот. Исклучок е ситуација кога има лоши временски услови, штрајкови, затворени или блокирани улици за непречено движење кои би го попречиле работењето на нашите доставувачите. Исклучок е и доколку ресторанот побара поголемо време за подготовка на нарачката, без вие да бидете благовремено известени пред да ја потврдиме нарачката
• Температурата на храната е на незадоволително ниво по вина на Кликни Јади.
- ДОКОЛКУ ИСПОРАКАТА ДОЦНИ повеќе од наведеното време на сајтот имате побарате купон за бесплатна достава на следната нарачка преку xxxx@xxxxxxxxxx.xx Во зависност од проблемот можете да бидете наградени и со дополнителни бесплатни услуги од наша страна.
- ДОКОЛКУ НЕШТО НЕДОСТАСУВА ОД НАРАЧКАТА: Имате право да побарате средствата да ви бидат рефундирани или да побарате тоа што ви недостасува да ви биде донесено најбрзо што може без дополнителен трошок. Вакви проблеми можете да пријавите преку бројот наведен на сајтот, контакт формата на xxxx@xxxxxxxxxx.xx. Доколку нарачката ви е платена онлајн Кликни Јади ќе испрати барање за рефундирање на вашите средства и истите ќе ви бидат достапни за 1 до 5 работни денови.
1. Податоци за нас
XxxxxxXxxx.xx е веб-сајт, управуван од компанијата Кликни Јади ДОО ( "ние" или "нас" или "XxxxxxxXxxx.xx"), основана и регистрирана во Македонија, чие седиште е на Скупи 5а бр. 24, Скопје, 1000 , Македонија. Нашата компанија е со регистрација број 6783830. Нашиот даночен број е МК4057012517196. XxxxxxxXxxx.xx е бизнис, каде што храната се подготвува од страна на независни ресторани (нашите "партнер ресторани") и истата се продава преку наша веб страна xxx.XxxxxxXxxx.xx. Сервисот Кликни Јади е основан на почетокот на 2015 година и до денес имаме на располагање вкусни јадења од 100+ ресторани во Скопје. Секојдневно сме во преговори со нови ресторани и работиме напорно за да обезбедиме голем избор на вкусни јадења за сечиј вкус.
2. Цел
Целта на нашата услуга е да се обезбеди едноставна и удобна услуга за вас, поврзување со нашите ресторани партнери и нивните мениа и овозможување да нарачате јадење од нив. XxxxxxxXxxx.xx продава храна во име на нашите партнери ресторани, прави нарачки во нивно име и врши достава на истите.
3. Достапност на услугата
XxxxxxxXxxx.xx нуди нарачување и испорака на услуги од нашите партнери ресторани низ Скопје а во блиска иднина и на територијата на целата држава. Секој ресторан партнер има назначено област во која може да биде извршена доставата. Ако живеете надвор од областите на испорака, ќе се појави порака
на екранот и ќе ве извести дека онлајн нарачување нема да биде можно. Ние не прифаќаме нарачки и не вршиме достава на истите од ресторани со кои немаме склучено договор. Работното време се разликува во зависност од локалните услови на тргување и достапноста на нашите партнери ресторани. Ве молиме кликнете на соодветниот линк за да ги видите менијата на нашите услуги, а потоа кликнете на избраното мени што ќе ви овозможи да направите нарачка од соодветниот ресторан и достава до вашата адреса.
4. Нарачки
Кога правите нарачка преку нашиот сервис, вас ви стигнува емаил со потврда за вашата нарачка од нас во име на нашите партнери ресторани. Ве молиме да се осигурате дека оставате точна е-мејл адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со вас во врска со вашата нарачка. Исто така осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број, за да биде доставена вашата нарачка на точната локација. XxxxxxxXxxx.xx има за цел да го обезбеди квалитетот на услугите и ќе биде првиот контакт во случај да се појави проблем со вашиот оброк или во однос на квалитетот и/или температурата на храната. Ние ги следиме нашите партнери ресторани многу внимателно и од најголема важност за нас е тие да се во согласност со нашите стандарди и да ни помогнат да се задржи нашата репутација. Ве молиме да не информирате преку и-меил или на телефон доколку имате какви било коментари во врска со нашите партнер ресторани или во однос на храната.
5. Оброци
Сите оброци се предмет на достапноста. Нашиот ресторан партнер може да понуди алтернатива за секој оброк што не може да ви го обезбеди. Ве молиме да пред нарачување на одредена храна да наведете во коментар доколку имате алергија. XxxxxxxXxxx.xx не може да гарантира дека некој од оброците кои се продаваат од страна на нашите партнер ресторани се ослободени од алергени.
6. Продажба на алкохол
Лицата кои може да нарачуваат алкохол од нашите партнер ресторани мора да се на возраст од 18 или повеќе години. Алкохолни пијалоци можат да бидат продадени и испорачани само на лица на возраст од 18 или повеќе години. XxxxxxxXxxx.xx има право да побара идентификација за возраста на клиентот кој нарачал алкохол пред да му ја предаде нарачката. XxxxxxxXxxx.xx го задржува правото да одбие да испорача алкохол на личност која не може да докаже дека е на возраст од 18 или повеќе години. XxxxxxxXxxx.xx исто така го задржува правото да одбие да испорача алкохол на личност која е, или се чини дека е под влијание на било кое дејство на алкохол или дрога.
7. Испорака
Нашата цел е да обезбедиме најдобра услуга за испорака. За жал, работите не одат секогаш по планираното и на нашата работа влијаат многу фактори, како што се условите во сообраќајот и временските услови. Тие фактори може да не спречат во постигнувањето на нашите цели. Ние ќе се потрудиме вашиот оброк да биде предаден во времето наведено во е-мејлот што ќе ви пристигне и времето наведено на веб-страницата. Тајмингот на вашата нарачка се утврдува со земање во предвид на бројот на нарачки и околностите со кои се соочуваат рестораните партнери во тоа време.
8. Откажување нарачка
Вие имате право да ја откажете нарачката, во разумен рок, но пред да биде нарачана истата. Клиентите можат исто така да ја откажат нарачката доколку се јават во ресторанот партнер, кој е должен да не извести нас за поништувањето на нарачката. Вие нема да ја платите нарачката која е откажана во согласност со оваа клаузула.
9. Цена и плаќање
Цената на секој оброк е наведена на нашиот сајт. Цените се со вклучен ДДВ. Цените се прикажани во секое од менијата за секој ресторан. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековната нарачка за која ви стигнала е-мејл потврда, освен во случај на очигледна грешка во цените, при што ние веднаш ќе ве известиме за можните
промени. Доколку не ви одговараат променетите цени вие ќе бидете во можност да ја откажете нарачката. Плаќањето на вашите нарачки може да ги вршите во готово при достава на истата или онлајн со кредитна/дебитна картичка . Во случај на онлајн плаќање, потребно е да внесете податоци од вашата картичка за да можете да го извршите плаќањето. Плаќањето се врши директно до Кликни Јади и потоа нарачката се нарачува од ресторанот партнер. Ние сме овластени од страна на нашите партнер ресторани да прифатиме плаќање во нивно име и плаќање на цената на секоја нарачка. Кликни Xxxx има право самостојно да го одредува износот на доставата и да го наплаќа заедно со износот на храната и во некои случаи цените наведени на сајтот можат да се разликуваат од цените во ресторанот.
10. Пристап и употребување на сајтот
Xxxxxx Xxxx го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Кликни Јади, и Кликни Јади не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Сајтот може да е недостапен поради било каква причина. Кликни Јади има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот. Како предуслов за употреба на сајтот, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него; вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба; ќе правите легитимни нарачки и плаќање на истите; ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци; ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време. Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.
11. Доцнење на интернетот
Веб-страницата на компанијата, софтверот и услугите може да бидат предмет на ограничувања, одложувања и други проблеми поврзани со користењето на Интернет и електронските комуникации, освен како што е наведено во Политиката за приватност на Друштвото или како што е поинаку побарано од важечкиот закон. Кликни Xxxx не е одговорорен за било какви одложувања, неуспеси во испораката или друга економска штета што произлегува од такви проблеми.
12. Настани надвор од наша контрола
Кликни Јади нема да се смета за одговорен за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овој договор кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од негова контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и сл.
13. Прекинување
Со своето дискреционо право, Кликни Јади може да го модифицира или да го прекине софтверот или услугата, или може да го измени, да го суспендира или да го прекине вашиот пристап до софтверот или услугите од која било причина, со или без известување до вас и без одговорност кон вас или било која трета страна. Покрај суспендирањето или прекинувањето на пристапот до софтверот или услугата, Друштвото го задржува правото да преземе соодветни законски мерки, вклучувајќи, без ограничување, извршување на граѓански, кривични или судски надомест. Дури и откако вашето право да го користите софтверот или услугите е прекинато, овој Договор ќе остане спроведен против вас.
14. Ограничување на одговорноста
Во никој случај Кликни Јади, неговите соработници, нивните вработени, агенти, доставувачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот; понудите од партнер рестораните.
15. Измена на Условите на користење
XxxxxxxXxxx.xx го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката на приватност како што смета дека е неопходно или пожелно. Од вас се очекува да ја проверувате оваа страница од време на време и да обрнете внимание на промените што се направени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на тие измени.
16. Авторски права и трговска марка
Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт е во ексклузивна сопственост на IF KREATIVA. Кликни Јади има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Кликни Јади има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД IF KREATIVA Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое
прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на
авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Xxxxxx Xxxx не сноси товар или одговорност, за да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Крајниот корисник е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не- ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавувње, превод и дистрибуција на таквиот материјал на Кликни Јади. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг краен корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Крајниот корисник тука се согласува дека дава право на било кој друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на крајниот корисник.
17. Политика на авторско право
Xxxxxx Xxxx го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до Кликни Јади од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите Кликни Јади, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето
овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие трвдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права.
18. Закон и надлежност
Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб сајт или користење на нашите услуги ( освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со законите и прописите на Република Македонија.
Со почит Кликн Јади ДОО