Contract
ПРЕДЛОГ
АНЕКС БР.2 НА ДОГОВОР
за деловна соработка за купопродажба на производи од програмата на ФЗЦ бр.02-1898/1 од 25.09.2015 година
Склучен на ден меѓу:
1. Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово, со седиште во Куманово на улица „11 Ноември“ број 87 А, Куманово, со ЕМБС:4028201, претставувано од Извршен директор Xxxxx Xxxxxxxx, во понатамошниот текст Прва договорна страна, од една страна
и
2. Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово, со седиште на ул. „Xxxxxx Xxxxx“ број 160 Куманово, застапувано од управителот Xxxx Xxxxxxxxxxxxx од Куманово, во понатамошниот текст Втора договорна странач, од друга страна
Член 1
Со овој Анекс се менува член 2 став 2.5 и се менува зборот законска казнена камата со договорена казнена камата од 3% и член 2 став 2.5 гласи:
„Втората договорна страна се согласува и се обврзува во случај на задоцнување на исплатата на износот по фактура по истекот на рокот за исплата на истата, да плати и договорена казнена камата од 3%.„
Со овој Анекс продолжува важноста на Основниот Договор за деловна соработка за купопродажба на производи од програмата на ФЗЦ бр.02-1898/1 од 25.09.2015 година и Анекс на Договор за деловна соработака за купопродажба на производи од програмата на ФЗЦ бр.02-7226 од 21.12.2017 година за период од три години.
Се менува член 5 и гласи:
„5.1. Овој договор се склучува во времетраење од 3 години со можност за негово продолжување сметано од ден 21.12.2020 година.„
Член 2
Овој Xxxxx влегува во сила на денот на неговото склучување по што важноста на основниот договор се продолжува за 3 години.
Член 3
Анекс на договорот е склучен во 4 (четири) примерока, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
Прва договорна страна : Втора договорна страна :
За Фабрика за заварени цевки и профили За Друштво за градежништво и трговија 11 ОКТОМВРИ АД Куманово Квалитет-Пром ДООЕЛ увоз-извоз Куманово
извршен директор Xxxxx Xxxxxxxx управител Xxxx Xxxxxxxxxxxxx