Tотал ТВ КУЌА” Член 4a.
„ТОТАЛ ТВ“ X.X.X. УСЛУГА „ТОТАЛ ТВ“
ИЗМЕНИ БР.3 НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
I
Согласно членот 9. Од договорот за засновање на кориснички однос (услугата
„Toтал ТВ“) и членот 1. Од Општите услови, се менуваат членовите 3, 4, 4а и 4б, со одредба дека користењето на услугата во првиот пресметковен период се наплатува по цена од 1(едeн) МКД, па така истите членови сега гласат:
Програмски пакети Член 3.
Понудата на услугата Тотал ТВ се состои од различни програмски пакети во чии рамки се наоѓаат одредени (локални и/или сателитски) ТВ канали, а што е прецизирано во Понудата со ценовникот.
Тотал ТВ го задржува правото на измена на програмските пакети од Понудата со ценовникот како и правото на измена на надоместоците наведени во нив. За секоја измена на Понудата со ценовникот, Тотал ТВ ќе ги извести корисниците преку објавување на нивната содржина на својата официјална интернет страница, со што Xxxxxxxxxx е запознаен и согласен. Предметните измени стапуваат на сила 8 дена по нивното објавување.
При склучувањето на Корисничкиот договор, Тотал ТВ како посебна погодност на новиот Корисник (освен на корисниците што се определиле за припејд програмски пакети) ќе му го овозможи правото да му се пo ценa од 1(едeн) МКД дистрибуираат сите канали од понудата на Тотал ТВ за време на првиот пресметковен период (дефинирано во понатамошните одредби од овие Општи услови). По истекот на наведениот период, Корисникот може да продолжи со следење на сите канали од програмската понуда, со плаќање на месечен надоместок за нивната дистрибуција, или може да го одјави нивното користење и притоа да се определи за одреден програмски пакет за кој ќе плаќа месечен надоместок во согласност со Понудата со ценовникот. Доколку Корисникот не го одјави користењето на сите канали од програмската понуда и не се определи за одреден програмски пакет, или ако не го потврди користењето на сите канали од програмската понуда во рокот наведен во следниот став од овој член, ќе се смета дека се определил понатаму да го користи програмскиот пакет ТОТАЛ ТВ и ќе му се фактурира месечниот надоместок што е предвиден за тој програмски пакет.
Ако Корисникот за време на траењето на Корисничкиот договор се определи за некој друг програмски пакет од Понудата со ценовникот, за тоа е обврзан да го извести Тотал ТВ: со доставување на Барање за промена на програмскиот пакет или со повикување на Службата за корисници на Тотал ТВ (број на телефон: 02/0000000) . Доколку Тотал ТВ го прими таквото Барање до 25- ти од тековниот месец, на Корисникот ќе му биде овозможено следење на избраниот програмски пакет почнувајќи од првиот ден од наредниот месец, што ќе му биде фактурирано врз основа на Понудата со ценовникот за тој друг избран пакет. Доколку Тотал ТВ го прими Барањето на Корисникот за промена на пакетот по 25-ти од тековниот месец, на Корисникот нема да му биде овозможено следење на избраниот програмски пакет во првиот нареден месец, туку почнувајќи од вториот нареден месец.
Сателитска опрема Член 4.
Под Сателитска опрема се подразбира опремата што му е неопходна на крајниот Корисник за користење на услугата Тотал ТВ и се состои од: дигитален сателитски приемник, сателитска антена – чинија со прибор и LNB (анг. Low Noise Block-downconvertor – конвертор на фреквенции).
Во врска со сателитската опрема, Корисникот може да се определи за една од следните опции:
1) Корисникот од Тотал ТВ може да ја добие на користење комплетната сателитска опрема наведна во првиот став од овој член, без плаќање на надоместок, во текот на целото време додека трае заснованиот кориснички
однос, во кој случај Корисникот е задолжен на овластениот дилер да му плати единствено надоместок за почетната инсталација (монтажа) на сателитската опрема чиј износ е утврден во Понудата со ценовникот. Инсталираната опрема претставува трајна сопственост на Тотал ТВ и Xxxxxxxxxx се обврзува истата да ја врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна состојба или, ако тоа не е можно, Xxxxxxxxxx се обврзува на Тотал ТВ да му ја надомести нејзината против вредност. Ви случај да се определи за оваа опција, монтажата на предметната сателитска опрема може да ја изврши единствено овластен дилер и при нејзината инсталација Корисникот го потпишува реверсот што се наоѓа во прилог на овие Општи услови.
2) Доколку Корисникот веќе има дел од сателитската опрема, за да може да ја користи услугата Тотал ТВ, неопходно е да набави сателитски приемник од Тотал ТВ, што може да го добие на користење, без плаќања на надоместок, во кој случај Корисникот е обврзан да му плати на овластениот дилер само надоместок за почетната инсталација (монтажа) на сателитскиот приемник, во висина на износот утврден во Понудата со ценовникот. Инсталираниот сателитски приемник претставува трајна сопственост на Тотал ТВ и Xxxxxxxxxx се обврзува истиот да го врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна состојба или, ако тоа не е можно, Корисникот се обврзува на Тотал ТВ да му ја надомести неговата против вредност. Во случај да се определи за оваа опција, монтажата на предметниот сателитски приемник може да ја изврши единствено овластен дилер и при неговото инсталирање, Корисникот го потпишува реверсот што се наоѓа во прилог на овие Општи услови.
3) Доколку Корисникот се определи за опцијата купување на сателитски приемник, во висина на износот наведен во Понудата со ценовникот на Тотал ТВ, по уплатата на купопродажната цена ќе му обезбеди сателитски приемник, а останатите наброени делови, доколку ги нема, Корисникот ќе набави самиот. Во на купопродажната цена пресметана е цената на сателитскиот приемник (што останува во трајна сопственост на Корисникот). Корисникот, исто така, се обврзува да му го плати на овластениот дилер надоместокот за почетната инсталација (монтажа) на сателитскиот приемник во висина на износот утврден во Понудата со ценовникот, доколку овластениот дилер ја извршил монтажата. Во случај да се определи за оваа опција, при инсталацијата на предметниот сателитски приемник, доколку инсталацијата ја извршил овластен дилер, Корисникот го потпишува извештајот за извршена инсталација што се наоѓа во прилог на овие Општи услови.
4) Доколку Корисникот се определи за опцијата на купување на комплетна сателитска опрема за користење на услугата Тотал ТВ во висина на износот наведен во Понудата со ценовникот на Тотал ТВ, по уплатата на купопродажната цена, Тотал ТВ преку овластен дилер ќе му ги обезбеди сателитскиот приемник и останатите наброени делови од сателитската опрема што остануваат во трајна сопственост на Корисникот. Корисникот, исто така, се обврзува на овластениот дилер да му го плати надоместокот за почетната инсталација (монтажа) на сателитската опрема во висина на износот утврден во Понудата со ценовникот. Во случај да се определи за оваа опција, при инсталацијата Корисникот го потпишува извештајот за извршена инсталација што се наоѓа во прилог на овие Општи услови.
Корисникот што се определил за опциите наведени во точките 1. или 2. од овој член, не може да ги користи припејд опциите од програмските пакети.
Во случај Xxxxxxxxxx да се определи за опциите наведени во точките 1) и 2) од овој член, по тоа прашање може да контактира со Тотал ТВ заради евидентирање на пријавата што се проследува до овластените дилери или директно да контактира со овластените дилери од списокот. Во овие случаи, Корисникот се обврзува да ги поднесе сите евентуални трошоци во врска со одржувањето и поправката на сателитскиот приемник и/или сателитската опрема што ја добил на користење од Тотал ТВ, доколку вината е кај него, а не се работи за функционалност на сателитскиот приемник и/или сателитската опрема. Корисникот што се определил за некоја од овие опции, нема право да го откаже Корисничкиот договор во период од најмалку 24 месеци, сметано од денот на истекувањето на првиот пресметковен период во кој услугата ја користел пo ценa од 1(едeн) МКД во согласност со одредбите од член 9 од овие
Општи услови. Доколку корисникот сепак сака да го раскине Договорот за засновање кориснички однос и пред истекот на 24 месеци, сметано од денот на истекувањето на првиот пресметковен период, тој тоа може да го стори по писмен пат, под услов претходно во целост да ги има намирено сите доспеани обврски кон Тотал ТВ и да ја платил договорената казна од 6.500 денари. Доколку Корисникот што се определил за некоја од опциите од точките 1) и 2) не ги извршува редовно своите обврски за плаќање на месечен надоместок, Тотал ТВ го задржува правото на таквиот Корисникот да му ја деактивира сателитската картичка. Доколку Корисникот на кого му е деактивирана сателитската картичка ги намири долговите по основа на плаќање на месечен надоместок во тек на месецот во кој е извршена деактивацијата, Тотал ТВ на таквиот Корисник без надоместок за повторно активирање, повторно ќе му ја активира сателитската картичка, во кој случај Тотал ТВ го задржува правото на Корисникот да му наплати месечен надоместок за целиот месец во кој е извршено повторното активирање на сателитската картичка. Доколку Корисникот на кого му е деактивирана сателитската картичка ги намири долговите по основа на плаќање на месечен надоместок по истекот на месецот во кој е извршена деактивацијата, Тотал ТВ на таквиот Корисник со наплата на надоместок за повторно активирање во износ дефиниран во Понудата со ценовникот, повторно ќе му ја активира сателитската картичка, во кој случај Тотал ТВ го задржува правото на Корисникот да му наплати месечен надоместок за целиот месец во кој е извршено повторното активирање на сателитската картичка. Доколку и по истекот на 90 дена од денот на деактивирање на сателитската картичка, Корисникот не ги намири доспеаните побарувања по основ на месечен надоместок, Тотал ТВ има право на еднострано раскинување на овој Договор без отказен рок, а на Корисникот му останува обврската да ги плати неизмирените обврски и договорна казна во висина од 6.500 денари. По престанокот на Корисничкиот договор, Корисникот се обврзува сателитската опрема да му ја врати во исправна состојба на Тотал ТВ на регистрираната адреса Тотал ТВ д.о.о. улица. Прашка ББ, Скопје, во рок од 15 дена по престанокот на Корисничкиот договор, или доколку тоа не е можно заради неисправност, оштетување или уништување, во истиот рок да ја надомести нејзината против вредност. Доколку Корисникот не ја врати сателитската опрема или не ја надомести нејзината против вредност во утврдениот рок, во тој случај Xxxxxxxxxx се обврзува на Тотал ТВ да му плати договорна казна во износ од 19.700 денари. Тотал ТВ исто така го задржува правото да може на ваквиот Xxxxxxxx да му пресмета и наплати законска затезна камата на долгот со што Xxxxxxxxxx е запознаен и согласен.
Во случај на кражба на сателитската опрема (комплетна или на кој било
нејзин дел) што Xxxxxxxxxx ја добил на користење за време на траењето на корисничкиот однос, Корисникот се обврзува најдоцна во рок од 24 часа за тоа да го извести Тотал ТВ преку неговиот кориснички центар. Во случај на кражба на сателитската опрема за која Корисникот ги известил надлежните извршни органи и за што постои записник, Корисникот е обврзан да му надомести на Тотал ТВ 80% од нејзината против вредност, по што на Корисникот ќе му биде овозможено да добие на користење нова сателитска опрема со обврска на плаќање на надоместок за монтажа на сателитската опрема. Корисникот што нема да презентира записник за кражбата, е обврзан е обврзан да му ја надомести на Тотал ТВ против вредноста на сателитската опрема или на нејзин дел во целосниот износ на цената на чинење.
Во случај Xxxxxxxxxx да се определи за опциите наведени во точките 3) и 4), за тоа прашање може да контактира со Тотал ТВ или со неговите овластени дилери.
Корисникот што се определил за опциите наведени во точките 3) и 4) заедно со сателитскиот приемник добива Упатство и Гаранција што трае 12 месеци сметано од денот на истекот на првиот пресметковен приод. Во случај на расипување или оштетување на сателитскиот приемник во гарантниот рок, Корисникот се обврзува приемникот да го достави по пошта на адреса:- Тотал ТВ д.о.о. улица Прашка ББ, Скопје за да му биде доставен друг приемник во рок од 8 дена од приемот на стариот приемник, а под услов да можат да се применат условите од гаранцијата. Во случај расипувањето или оштетувањето да се случиле надвор од гарантниот рок или во гарантниот рок, но надвор од гарантните услови, Корисникот самиот ќе ги поднесе трошоците за поправка или замена на сателитскиот приемник, во согласност со Понудата со ценовникот. Во случај на расипување или оштетување на останатата сателитска опрема (LNB моноблокот и сателитската антена со прибор), во истиот период од 24 месеци, на Корисникот што се определил за опциите наведени во
точките 3) и 4), а кога таквото расипување или оштетување не се предизвикани по вина на Корисникот, Тотал ТВ на таквиот Корисник, без надомест на купопродажната цена или на комплетната сателитска опрема, ќе му обезбеди нова опрема (LNB моноблок сателитска антена со прибор) За остварување на наведеното, потребно е Корисникот да се обрати кај овластениот дилер што му ја извршил монтажата и дилерот без надоместок, ќе изврши замена на наведената опрема. Исто така, ако се работи за рекламации на Корисникот што се однесуваат на недостатоци во работата извршена од страна на овластениот дилер, овластениот дилер недостатоците ќе ги отстрани без надоместок, во горе дефинираниот период од 24 месеци. По истекот на периодот од 24 месеци, сметано од денот на истекот на првиот пресметковен период, во случај на дефект или оштетување на сателитска опрема (сателитскиот приемник, LNB моноблокот, сателитската антена со приборот), кај Корисникот што се определил за опциите наведени во точките 3) и 4 ) и кај што дошло до расипување или оштетување на опремата, а под услов таквото расипување или оштетување да не се предизвикани по вина на Корисникот, Тотал ТВ на истиот Корисник ќе му овозможи повторно купување на сателитскиот приемник или на комплетната сателитска опрема со плаќање на 80% од купопродажната цена на сателитскиот приемник односно на целата сателитската опрема (по цената што е наведена во од Понудата со ценовникот). По истекот на наведениот период од 24 месеци, за вршење на замена, монтажа, демонтажа и сервисирање на сателитската опрема, Корисникот директно се обраќа кај овластен дилер, кој за извршените работи самостојно врши наплата според посебен Препорачан ценовник за дилерите кој е објавен на интернет страницата на Тотал ТВ.
Во текот на 24 месеци сметано од денот на истекот на првиот пресметковен
период, во случај на дефект или оштетување на сателитската опрема (сателитски приемник, LNB моноблокот и сателитската антена со прибор), кај Корисникот што се определил за опциите наведени во точките 1) и 2), а кога таквиот дефект или оштетување не се предизвикани по вина на Корисникот, Тотал ТВ на таквиот Корисник без надомест во замена ќе му обезбеди нова опрема. За остварување на наведеното, потребно е Корисникот да се обрати кај овластениот дилер што му ја извршил монтажата и тој без надоместок ќе изврши замена на наведената опрема. Исто така, ако се работи за рекламации на Корисникот што се однесуваат на недостатоци во работата извршена од страна на овластениот дилер, овластениот дилер недостатоците ќе ги отстрани без надоместок, во горе дефинираниот период од 24 месеци. По истекот на наведениот период од 24 месеци, сметано од денот на истекот на првиот пресметковен период, во случај на расипување или оштетување на сателитската опрема (сателитски приемник, LNB моноблокот и сателитската антена со прибор), кај Корисникот што се определил за опциите наведени во точките 1) и 2), а кога таквото расипување или оштетување не се предизвикани по вина на Корисникот, Тотал ТВ на таквиот Xxxxxxxx без надомест во замена ќе му обезбеди нова опрема. По истекот на наведениот период од 24 месеци, за вршење на замена, монтажа, демонтажа и сервисирање на сателитската опрема, Корисникот директно се обраќа кај овластен дилер, кој за извршените работи самостојно врши наплата според посебен Препорачан ценовник за дилерите што е објавен на интернет страницата на Тотал ТВ.
Tотал ТВ КУЌА” Член 4a.
Kорисникот може да добие посебна поволност во вид на користење на дополнителна сателитска опрема (до три дополнителни сателитски приемници со сателитска каричка и LNB), доколку за тоа постои техничка можност (која ги задоволува критериумите за поврзување на сателитскиот приемник со телефонската линија на Корисникот) и доколку Корисникот прифаќа услугата Тотал ТВ, како и оваа поволност, да ги користи минимално 24 месеци.
Дополнителната сателитска опрема ќе му овозможи на Корисникот следење на избраниот програмски пакет преку сите дополнителни сателитски приемници, со плаќање на месечна надокнада за користење на секој од дополнителните сателитски приемници во согласност со Понудата со ценовник ( во панатамошниот текст: месечна рента по овој член). Oстатокот од сателитската опрема од овој член , Kорисникот ја добива на користење без надокнада. Предметната сателитска опрема му се дава на Корисникот на користење, а претставува трајна сопственост на „Тотал ТВ“ д.о.о., па Корисникот се обврзува истата да ја врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна
состојба или доколку тоа не е можно, Xxxxxxxxxx се обврзува да ја надокнади нејзината противвредност. Во случај на определување за оваа поволност, монтажата на предметната сателитска опрема може да ја изврши исклучиво овластен дилер, во која прилика Корисникот потпишува реверс кој е прилог на овие Општи услови.
Mинималниот период од 24 месеци за Корисник кој веќе ги користи услугите на Тотал ТВ, се смета од денот на потпишување на реверсот за прием на дополнителната сателитска опрема. Mинималниот период од 24 месеци за нов Корисник кој истовремено со користењето на Тотал ТВ услугата се определил и за оваа поволност, се смета од денот на истек на првиот пресметковен период во кој услугата ја користи пo ценa од 1(едeн) МКД согласно одредбите од членот 9. од овие Општи услови.
Инсталацијата на дополнителната сателитска опрема ја врши овластен дилер во согласност со Понудата со ценовник.
Корисникот е согласен сите сателитски приемници да се поврзат со неговата телефонска линија заради вршење на проверка дали сателитските приемници се наоѓаат на локацијата на Корисникот. Во тек на наведената проверка, телефонскиот повик се врши на сметка на „Тотал ТВ“ д.о.о. . Доколку со проверката се утврди дека сателитскиот/те приемник/ци не се наоѓаат на локацијата на Корисникот, „Тотал ТВ“ д.о.о. има право на таквиот Корисник да му ја/ги деактивира стелитската/те картичка/ки сместена/и во тој сателитски приемник/ци , понатака, да го раскине Корисничкиот договор во делот кој се однесува на предметната поволност од овој член и од Корисникот да ги наплати ненамирените доспеани обврски по основ на месечна рента за секој дополнителен сателитски приемник, како и да ги наплати месечните ренти за остатокот на минималниот период од 24 месеци, и понатака Корисникот се обврзува да ја врати дополнителната сателитска опрема или доколку тоа не е возможно, да ја надоканди нејзината противвредност.
Доколку корисникот не ги измири сите надокнади дефинирани во овие Општи услови, по нивната доспеаност, „Тотал ТВ“ д.о.о. го задржува правото да изврши деактивирање на сателитските картички, со што дополнителната сателитска опрема ќе биде ставена надвор од функција.
Во поглед на евидентирање на пријава, одржување, расипување, оштетување, поправка и кражба на предметната сателитска опрема, сателитската картичка,привремено исклучување на сателитската картичка на барање на Корисникот, недозволено однесување на Корисникот, правото на Корисникот за откажување од Тотал ТВ услугата и поволностите утврдени со овој член, деактивација на сателитската картичка/ки, надокнада за повторно активирање на сателитска картичка, плаќање на неизмирените доспеани обврски, како и плаќање на опремата или надокнада на нејзината противвредност, се применуваат одредбите од овие општи услови кои се применуваат на користење на опциите од точките 1) и 2) од членот 4 од овие Општи услови што го вклучува и правото на Тотал ТВ“ д.о.о , покрај месечната надокнада до истекот на минималниот период од 24 месеци, да ги наплати и месечните ренти одредени со овој член од Општите услови, а до истек на минималниот период од 24 месеци.
HD DVB-T/HD DVR
Член 4б.
Koрисникот има можност на користење,преку посебна сателитска опрема на
„Тотал ТВ“ д.о.о., HD DVB-T/HD DVR, и на HD програмскиот пакет односно HD DVR услугата, доколку е претходно вградена сателитска опрема кај Корисникот кој веќе ја користи Тотал ТВ услугата компатибилна со„Тотал ТВ“ д.о.о. HD DVB-T/ HD DVR сателитската опрема и доколку Корисникот прифати од „Тотал ТВ“ д.о.о. да изнајми HD DVB-T сателитски приемник или HD DVR сателитски приемник со LNB, на минимален период од 24 месеци.
Наведената сателитска опрема ќе му овозможи на Корисникот следење на избраниот програмски пакет односно користење на HD DVR услугата преку HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник, a после плаќањето на приклучната такса и со измирување на месечната надокнада за користење на сателитскиот приемник (во понатамошниот текст: месечна рента по овој член), во износи определени со Понудата со ценовник.
Предметната сателитска опрема се дава на користење на Корисникот, а претставува трајна сопственост на „Тотал ТВ“ д.о.о., при што Xxxxxxxxxx се обврзува истата да ја врати по престанокот на Корисничкиот договор во исправна состојба или доколку тоа не е возможно, Корисникот се обврззува
да ја надокнади нејзината противвредност. Во случај на определување за користење на наведената сателитска опрема, монтажата на истата може да ја изврши исклучиво овластен дилер, во која прилика Корисникот потпишува реверс кој е прилог на овие Општи услови.
Минималниот период од 24 месеци за Корисникот кој веќе ја користи Тотал ТВ услугата, се смета од денот на потпишување на реверсот за прием на HD DVB-T/HD DVR сателитската опрема. Минималниот период од 24 месеци за нов Корисник кој истовремено со користење на Тотал ТВ услугата се определил и за користење на HD DVB-T/HD DVR сателитската опрема, се смета од денот на истек на првиот пресметковен период во кој услугата се користи пo ценa од 1(едeн) МКД согласно одредбите од член 9. од овие Општи услови.
По истекот на пресметковниот период во кој услугата се користела пo ценa од 1(едeн) МКД, доколку Корисникот не го одјави користењето на сите канали од програмската понуда и не се определи за одреден програмски пакет, или не го потврди користењето на сите канали од програмската понуда во рокот како што е наведено во член 3. од овие Општи услови, ќе се смета дека се определил понатаму да го користи TOTAL TV 2 + ClubX односно TOTAL TV 2 + HD програмскиот пакет за инсталиран HD DVB-T или HD DVR приемник, па ќе му се фактурира месечна надоканада предвидена за овие програмски пакети. Инсталацијата на наведната сателитска опрема ја врши овластен дилер спрема Понудата со ценовник.
Доколку Корисникот не ги измири сите надокнади дефинирани со овие Општи услови, по нивната доспеаност, „Тотал ТВ“ д.о.о го задржува правото да изврши деактивирање на сателитската картичка, со што и HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник ќе биде ставен надвор од функција, со тоа што „Тотал ТВ“ д.о.о., го задржува правото да врши наплата на месечната рента по овој член, се до престанокот на важање на Корисничкиот договор.
Во поглед на евидентирање на пријава, одржување, расипување, оштетување, поправка и кражба на предметната сателитска опрема, сателитската картичка, привремено исклучување на сателитската картичка на барање на Корисникот, недозволено однесување на Корисникот, правото на Корисникот за откажување од Тотал ТВ услугата и поволностите утврдени со овој член, деактивација на сателитската картичка/ки, надокнада за повторно активирање на сателитска картичка, плаќање на неизмирените доспеани обврски, како и плаќање на опремата или надокнада на нејзината противвредност, се применуваат одредбите од овие општи услови кои се применуваат на користење на опциите од точките 1) и 2) од членот 4 од овие Општи услови.
Во рамките на поволноста Тотал ТВ Куќа од членот 4а., Корисникот може да се определи за користење на HD DVB-T/HD DVR сателитскиот приемник како основен сателитски приемник со плаќање на надокнада во согласност со Понудата со ценовник. “
II
Овие измени влегуваат во сила на ден 01.05.2011. година, а се применуваат како што е одредено со Општите услови.
III
За се останато, Општите услови од 21.10.2009. година, Измени бр.1 од 23.01.2010. и Измени бр.2 од 01.10.2010. остануваат во сила.
За „Тотал ТВ“ д.о.о.