Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во натамошниот текст: Банка) ги одредува Oпштите услови за отворање, водење и затворање на трансакциски сметки на имателите на трансакциски сметки во денари и странска валута (во натамошниот текст: Општи услови),...
ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА И СО СТРАНСТВО
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во натамошниот текст: Банка) ги одредува Oпштите услови за отворање, водење и затворање на трансакциски сметки на имателите на трансакциски сметки во денари и странска валута (во натамошниот текст: Општи услови), основата за пресметување камата на трансакциски сметки, надоместок за вршење на услуги на платен промет, известување на имателите на трансакциски сметки, рекламацијата и важноста на општите услови. Освен за извршување на пооделни работи во платениот промет во земјата и странство, Oпштите услови се однесуваат и на правата и обврските засновани со договорниот однос на Банката и на Имателот на трансакциската сметка како и на правата на овластените лица кои го застапуваат Имателот на трансакциската сметка.
1. Определување на поимите
Имател на сметка е физичко лице или правно лице кое со Xxxxxxx ќе склучи Договор за отворање и водење на трансакциска сметка.
Овластено лице е лице кое Имателот на сметката писмено ќе го овласти за располагање со средствата на сметката.
Застапник е законски застапник или старател кој во рамките на законското овластување или овластувањето дадено со одлука на надлежен орган, го застапува Имателот на трансакциската сметка, кој има ограничена деловна способност или е деловно неспособен.
Tрансакциска сметка е единствен и неповторлив нумерички податок кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет, преку која истиот врши плаќања согласно важечка законска и подзаконска регулатива. Трансакциска сметка е сметка на Имателот - резидент преку која ќе се вршат наплати и плаќања со нерезиденти и резиденти, пренос на средства од/на девизен влог, од/на девизен депозит како и уплати и исплати во ефективни странски пари и сметка на Имателот- нерезидент преку која се вршат наплати и плаќања од трансакции со резиденти, пренос на средства со нерезиденти, како и уплати и исплати во ефективни странски и домашни пари, согласно Законот за девизно работење, подзаконски акти кои го регулираат девизното работење и другите позитивни законски прописи.
Покритие на сметка е сума на позитивната состојба во домашна валута, одобрените (дозволените) пречекорувања на позитивната состојба и позитивната состојба на странските валути на сметката.
Платен инструмент е налог или овластување на Имателот на сметката за Xxxxxxx, која ја води неговата сметка, на товар на таа сметка да изврши пренос на паричните средства во корист на друга сметка или во корист на сметка на Банката и во корист на примачот на плаќањето, или од сметката да исплати готовина. Налогот мора да ги содржи сите законски пропишани елементи, без оглед на неговата форма и начинот на доставување на Банката.
19.07.2021
Прием на налогот значи доставување, односно предавање на налогот на Банката на договорен начин.
Прифаќање на налогот значи констатирање на условите за извршување на налогот. Банката налогот го прима ако налогот е правилно пополнет, ги содржи сите податоци што се бараат според законот, ако за него е обезбедено покритие и ако кон него е приложена пропишана документација. Ако тие услови не се исполнети, Xxxxxxx го одбива налогот најдоцна следниот работен ден по датумот, кој Имателот на сметката го определил за датум на извршување.
Работен ден е секој ден, освен сабота, недела и неработните денови според позитивните законски и подзаконски прописи.
Извршување на налогот значи намалување на покритието на сметката на Имателот и воедно зголемување на покритието на сметката на примачот, ако сметката на примачот на плаќањето е кај иста банка. Ако примачот има сметка кај друга банка, се смета дека Xxxxxxx го извршила налогот кога го намалила покритието на сметката на Xxxxxxxx и го испратила налогот и обезбедила покритие за прилив на сметката на примачот кај друга банка.
Договор - Договор за отворање и водење на денарска/девизна сметка помеѓу Xxxxxxx и Xxxxxxxx на сметката, со кој се регулираат меѓусебните права обврски и одговорности помеѓу договорните страни, кои произлегуваат од отворањето и работењето со денарската или девизната сметка заради вршење на платен промет во земјата или платен промет со странство.
Тарифа – акт на Банката донесен од страна на надлежен орган во Банката со кој се определува висината на трошоците, провизиите и надоместоците кои ги наплатува Банката за извршување на финансиските операции кои е овластена да ги врши.
2. Општи одредби
2.1. Правниот однос помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметка настанува со потпишување на Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата и странство. Пред склучување на Договор, Xxxxxxx на Имателот на сметка му дава еден примерок од овие Општи услови. Општите услови се составен дел на Договорот за отворање и водење на сметка за вршење на платен промет во земјата и Договорот за отварање и водење на девизна сметка.
3. Отвoрање на трансакциска сметка
3.1. Денарска и девизна трансакциска сметка на физичко и правно лице – Резидент
Банката на Имателот на сметка му отвора сметка ако ги исполнува следните барања и услови:
- Да достави Барање за отворање на денарска и девизна трансакциска сметка на интерен образец на Банката;
- Документација за регистрација на правното лице;
1
- Документ за идентификација на физичкото лице;
- Документација за идентификација на вистинските сопственици;
- Потписен картон (Картон на депонирани потписи на лицата овластени за располагање со средствата од сметката за платен промет со странство);
- Писмено овластување за лицата кои ќе располагаат со средствата од денарската и девизната сметка на правното лице;
- Документ за идентификација на имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари и финансирање тероризам;
- Ги приложи сите потребни податоци и друга документација согласно со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Xxxxxxx.
- Документацијата потребна за отворање на сметка, треба да биде презентирана во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (Нотар) при што Xxxxxxx задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.
3.2. Денарска и девизна трансакциска сметка на правно и физичко лице – Нерезидент
3.2.1. Правно лице – Нерезидент
Барање за отворање на сметка може да поднесе правно лице нерезидент, регистрирано согласно законските прописи на странска држава.
За отворање на сметката, правното лице нерезидент треба до Банката да ја достави следната уредно пополнета и потпишана документација:
- Писмено Барање за отворање на сметка,
- Документација за регистрација на правното лице и неговиот застапник по закон - извод од трговски регистар или друг регистар каде се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот, не постар од 6 (шест) недели во оригинал или копија заверена кај нотар;
- За дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација и нивниот законски застапник - документ издаден од Министерството за надворешни работи на РСМ или решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица од регистарот на Централниот регистар на РСМ во оригинал или копија заверена кај нотар, и нотарски заверено полномошно на одговорното лице во претставништвото;
- Писмено овластување за лицата кои ќе располагаат со средствата од сметката, потпишано од застапникот по закон и заверено од нотар;
- Важечки документ за идентификација на законскиот застапник и овластените лица.
Во случај кога Банката не може од презентираните документи под точка 2 и 3 да ги утврди застапникот по закон (управувачка структура), назив, адреса или седиште, дејност и основачот/ите (сопственичка
структура), тогаш правното лице нерезидент задолжително го презентира актот за основање и статутот на правното лице во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната земја.
Ако документите наведени под точка 2 и 3 не се презентирани на македонски јазик тогаш е потребен превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.
3.2.2. Физичко лице - Нерезидент
Банката на Имателот на сметка му отвора сметка ако ги исполнува следните барања и услови:
- Да достави Барање за отворање на денарска и девизна трансакциска сметка на интерен образец на Банката,
- За сопственикот на сметката – важечка патна исправа или важечка лична карта ако лицето е државјанин на земја членка на Европската Унија, земја потписничка на Шенхенскиот договор или земја со која Република Северна Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјанин на двете земји, од кои се утврдува постојаното место на живеење во странство.
- За законскиот застапник – важечки документ за лична идентификација, како и доказ дека лицето е законски застапник,
- Писмено овластување за лицата овластени за отворање/работење со сметката потпишано од нерезидентот и важечки документ за нивна лична идентификација.
Банката најдоцна во рок од 2 (два) работни дена од приемот на пополнетото барање за отворање на трансакциска сметка и пропишана документација склучува договор и отвора сметка. Xxxxxxx го задржува правото да го одбие барањето за отворање на сметката без притоа да ја наведе причината за одбивањето на барањето за отворање на сметка.
При отварање на сметка на нерезидент физичко лице, Xxxxxxx ќе го информира за добивање на третман на резидент согласно регулативата во РСМ којашто се однесува на странски физички лица кои во РМ престојуваат привремено со работна виза или виза за престој од најмалку 6 (шест) месеци. Странското физичко лице коешто се идентификува со документ издаден од МНР (дипломат) има статус на нерезидент.
4. Водење на трансакциска сметка
4.1. Сите документи, податоци и информации кои се стекнати при отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата претставуваат банкарска тајна која банката е должна да ја заштити и чува. Податоците кои имаат третман на банкарска тајна, Xxxxxxx може без согласност на Имателот на сметка да ги доставува само на лица кои се овластени согласно законските прописи. Сите информации и податоци кои се однесуваат на водењето на трансакциската сметка се од доверлива природа и претставуваат деловна тајна, освен во случаите кога информациите и податоците треба да се достават врз основа на барање на надлежен орган или на субјекти со кои Банката има склучено договори
за редовно и задоцнето намирување на обврските на клиентите.
Во согласност со законските обврски за заштита на личните податоци, Xxxxxxx има обврска за заштита на личните податоци за имателот на сметка, застапникот по закон на имателот на сметка, овластените лица за располагање со средства на сметката и основачите - физички лица, и други лица за кои Банката има податоци.
4.2. Имателот на сметка и дозволува на Xxxxxxx во секое време сама да ги зема податоците кои се однесуваат на водењето на трансакциска сметка и се наведени во барањето за отворање на трансакциска сметка.
4.3. Xxxxxxx се обврзува дека Xxxxxxxx на сметка преку неговата трансакциска сметка ќе прима, плаќа и ќе извршува исплати во рамки на салдото на сметката, согласно договорот што ќе го склучи со Xxxxxxxx на трансакциската сметка, или врз основа на одлука на Банката.
4.4. Позитивната состојба на трансакциската сметка претставува денарски или девизен депозит по видување со кој Имателот на сметка може слободно да располага.
4.5. Со средствата на трансакциската сметка располага Имателот на сметката.
4.6. Имателот на сметка може да овласти трети лица да располагаат со средствата на трансакциската сметка. Овластувањето за располагање со средствата не може да се пренесува на трето лице и не се однесува на правото на затворање на трансакциската сметка.
4.7. Лицата кои се овластени за располагање со средствата на трансакциската сметка мораат да депонираат потпис во Банката. Потписите депонирани кај Банката важат до моментот на отповикување од страна на Имателот на сметка, независно од уписот на извршената измена во јавен регистар или објава во службен весник. Банката не одговара за евентуалните штети што ќе настанат за Имателот на сметка, заради ненавремено известување за промената на овластените потписници.
4.8. Застапникот кој во рамките на законското овластување или овластувањето, дадено со одлука на надлежен орган го застапува Имателот на сметката, кој е ограничено деловно способен или не е деловно способен, не може за располагање со сметката да овласти трети лица.
4.9. Имателот на сметка – правно лице треба да одреди лица кои ќе бидат овластени за подигнување на изводи, поднесување на налози за плаќање и/или подигање на готовина од неговата сметка. Лицата кои ќе бидат овластени за подигање на готовината од трансакциската сметка на Имателот на сметката задолжително треба да депонираат потпис во Банката. Овластувањето и потписите депонирани во Банката за овие лица важат се до моментот на отповикување од страна на имателот на трансакциската сметка. Банката не одговара за евентуалните штети кои ќе настанат за Имателот на сметка заради ненавремено известување за промената на лицата овластени за подигнување на изводи, за поднесување на налози и/или за подигнување на готовина.
Повлекување или измена на даденото овластување за располагање со средствата се врши само врз основа на писмено барање на Имателот на сметката. Ако Имателот на трансакциска сметка ја извести Банката во писмена форма за повлекување на овластувањето, по примањето на известувањето Банката нема да прима инструкции за плаќања од овластениот застапник. Банката не презема никаква одговорност за плаќања направени од страна на овластениот застапник пред добивање на известување за откажување на овластувањето.
4.10. Сите платни инструменти кои се користат во девизниот платен промет, а со кои се извршува плаќањето наложено со налогот за исплата, ги пополнува Банката врз основа на податоците наведени во налогот за исплата. Копии од платните инструменти со кои е извршено плаќањето се приложуваат со изводот од сметката.
Издавањето на преписи од платните инструменти како и дополнување или промена на дел од податоците во истите се врши на основа на писмено барање доставено од Имателот на сметка, потпишано од овластен потписник. Издавањето на преписи од платните инструменти се наплаќа согласно важечката Одлука за тарифа на надоместоци за услугите кои ги врши Банката.
Имателот на сметка може да ги доставува налозите за исплата по пошта или обична електронска пошта (e-mail). Налогот доставен по e-mail мора да биде скениран налог за исплата со сите податоци вклучувајќи го и потписот од овластениот потписник. Врз основа на претходно дадено писмено овластување за прифаќање на ваквите налози, Xxxxxxx го спроведува плаќањето или наплатата во име и за сметка на Имателот на сметката (доколку налогот содржи лични податоци потребно е да се обезбеди криптиран трансфер).
5. Извршување на платните инструменти
5.1. Налозите кои Имателот на сметката и ги доставува на Xxxxxxx мора да бидат пополнети согласно со прописите. Налогот може да биде доставен во хартиена, електронска и друга форма. Банката го прифаќа налогот за плаќање кога се исполнети следниве услови:
- Ако налогот е правилно составен, ги содржи сите информации и податоци барани и потребни согласно законската регулатива и ако е потпишан од овластени лица,
- Ако налогот е пропратен со сите неопходни документи пропишани и определени со законските и подзаконските акти, а во согласност во внатрешните правила на Банката и релевантните закони и други прописи.
- Ако e обезбедено покритие на сметка на Имателот на сметката кај Банката за извршување на налогот за плаќање и плаќање на надоместоци и трошоци на Банката.
- Ако налогот како и самото плаќање е во согласност со важечките домашни закони и прописи.
5.2. Имателот на сметка врши достава на налози во електронска форма и користи останати електронски услуги исклучиво преку системот за
Електронско банкарство на Банката и согласно условите определени во Договорот и Општите услови за таа намена.
5.3. Платниот инструмент може да има валута на извршување на истиот ден или со валута на некој иден ден кој е работен ден. Платните инструменти кои имаат валута на извршување на денот кога е доставен, се извршуваат истиот ден ако се доставени согласно терминскиот план на Банката за работење на платниот промет во земјата и платен промет со странство, а ако е доставен подоцна ќе се изврши наредниот работен ден, доколку за неговото извршување има покритие на трансакциската сметка.
5.4. Имателот на сметката е единствено одговорен за точноста и потполноста на податоците во налогот. Банката не одговара за евентуалната штета која би настанала кај Имателот заради извршување на фалсификувани или променети налози. Налозите кои не ги исполнуваат условите за прием, Xxxxxxx ги одбива и најдоцна следниот работен ден ги враќа и за тоа го известува Имателот на сметката.
Банката не одговара за штета настаната како последица на неисправен налог за исплата, при што под неисправен налог се подразбира уреден Налог за исплата во кој е наведен корисник, сметка или име на фирма или лице кое според евиденцијата на налогодавачот - Имател на сметка не требало да биде корисник на наплатата. Банката не е во можност да ги сторнира ваквите налози. Обврска на налогодавачот - Имател на сметка е да се договори со корисникот на наплатата за евентуален поврат на средствата на сметката на налогодавачот - Имател на сметка.
5.5. Имателот на сметка и Xxxxxxx можат да се договорат Имателот на сметка да одреди приоритети за извршување на платните инструменти, во спротивно Банката ќе ги извршува инструментите според времето на прием, а ќе ги почитува законските приоритети.
5.6. Банката не сноси одговорност за задоцнување во извршувањето на платниот инструмент под услов тоа задоцнување да е предизвикано заради дополнителна проверка на податоците. Ова посебно се однесува на паричните трансфери на трети лица кога Имателот на сметка треба точно да го одреди примачот на средствата, бројот на трансакциската сметка и потребните податоци за Банката преку која се извршува плаќањето. За последиците од погрешно пополнетите платни инструменти одговара исклучиво Имателот на сметка.
5.7. Доколку во тек на реализација на плаќањето дојде до пропуст од страна на Xxxxxxx, евентуално настанатите трошоци Банката ќе му ги надомести на Имателот на сметка.
5.8. Без налог на Имателот на сметката Xxxxxxx врши плаќање од расположливите средства на сметката само врз основа на одлука на суд, налог на извршител, решенија на државни органи и на органите на единиците на локалната самоуправа, во други случаи на присилна наплата, во случаи и под услови предвидени со посебни договори, врз основа на писмено овластување за Банката дадено од
Имателот на сметката и во други случаи предвидени со позитивните законски и подзаконски прописи.
5.9. Погрешно книжено задолжување или одобрување на сметката, без одобрение на Имателот на сметката, коешто е последица на забуна, односно грешка на Банката или нејзините надворешни соработници, Xxxxxxx може да го отстрани со спротивно книжење, така што состојбата на сметката да биде непроменета. Банката за тоа го известува Имателот на сметката со извод на состојбата и прометот, кој го испраќа на договорениот начин.
5.10. Имателот на сметка може да извршува плаќање во денари во корист на иматели на трансакциски сметки кај други деловни банки (плаќања кои согласно Одлуката на НБРСМ за определување на износот на мало меѓубанкарско плаќање не се сметаат за големи плаќања) преку системот на Клириншка куќа, каде плаќањата се сметаат за конечни по извршеното порамнување на трансакциските сметки на банките во системот на КИБС и преку системот за порамнување на НБРСМ т.н. МИПС (плаќања кои согласно Одлуката на НБРСМ за определување на износот на мало меѓубанкарско плаќање се сметаат за големи плаќања и плаќања кои се итни). Изборот за начин на извршување на плаќањето Имателот на сметка го врши со назначување во инструментот за плаќање. Доколку Имателот на сметка не го назначи начинот за извршување на инструментот за плаќање, Xxxxxxx по свој избор, а на најдобар начин ќе го изврши плаќањето.
5.11. Преку девизната сметка, Имателот на сметката може да врши наплати од странство, плаќања во странство и други активности од платниот промет со странство, согласно законските и подзаконските прописи кои го регулираат девизното работење.
Согласно важечката законска регулатива, девизната сметка се одобрува исклучиво со средства од реализирани побарувања по тековни и капитални трансакции со нерезиденти. Одобрените средства на девизната сметка немаат ограничен рок на располагање. Располагањето со средствата на сметката е во рамки на законските прописи.
Заради извршување на платен промет со странство, Имателот на сметката до Банката поднесува уредно пополнет налог за плаќање или наплата потпишан од Овластено лице, заедно со комплетна документација потребна за извршување на налогот, согласно законската регулатива и актите на Банката.
5.12. Во согласност со меѓународните SWIFT стандарди и стандардите за спречување и перење пари и финансирање тероризам, кои се важечки за сите банки во светот кои учествуваат во платен промет со странство, сите банки учесници во оваа трансакција, имаат право да ја одбијат трансакцијата, со што Xxxxxxx го задржува правото да не ја изврши дознаката и да не ги одобри средствата на корисникот или да ја сторнира прокнижената уплата на сметката на корисникот, односно да бара поврат на средствата од корисникот во случај да е изоставено покритие за дознаката, како и во било кои други случаи кога недостасува покритие за дознаката.
5.13. Во рамките на извршување на операциите во платниот промет, како во земјата така и со странство,
Банката како давател на услуги во платниот промет е должна да ja почитува важечката домашна регулатива за вршење на платниот промет, вклучително и одредбите од локалниот Закон за рестриктивни мерки и Одлуките за воведување на рестриктивни мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Тука спаѓаат и Одлуките со кои Владата воведува рестриктивни мерки согласно Одлуките на Советот на Европската Унија. Имајќи во предвид дека Шпаркасе банка АД Скопје е дел од Групација Steiermaerkische Sparkasse AG, Грац, Р. Австрија, која подлежи на регулативата донесена од страна на Европската Унија, Банката има обврска за задолжително почитување и на таа регулатива. Во таа насока Банката во однос извршувањето на трансакциите спрема странство, подлежи на истите регулаторни обврски како и Групацијата на која и припаѓа.Клиентите се должни да бидат свесни и соодветно информирани за актуелни ограничувања и рестриктивни мерки во платниот промет.Согласно горенаведеното, Шпаркасе банка АД Скопје укажува на своите клиенти дека одредени трансакции во платниот промет со странство, можат да бидат сопрени од страна на кореподентските банки преку кои се врши плаќањето во странство и како последица на тоа средствата од клиентот можат да бидат задржани од страна на тие банки, согласно важечката регулатива во земјата во која се наоѓа седиштето на коресподнетната банка односно ограничувањата и рестриктивните мерки кои се важечки во таа земја. Во таков случај, Шпаркасе банка АД Скопје нема да биде одговорна за неспроведување на трансакцијата, ниту за евентуалната штета која би ја трпел клиентот и нема обврска за надоместување на штетата која клиентот би ја претпрпел поради делувањето на странската банка.
5.14. За сите услуги и трошоци поврзани со платниот промет со странство и сите побарувања на Банката кои може да настанат во работењето со сметката, Имателот на сметката резидент ја овластува Xxxxxxx, без негова дополнителна согласност да воспостави налог и да ја задолжи неговата сметка за платен промет во земјата.
Доколку на сметката за платен промет во земјата нема доволно средства, Имателот на сметката е согласен за наплатата на надоместоците и трошоците цитирани во предходниот став, да се изврши од тековната сметка во странска валута што ја има во Банката. Имателот на сметката ја овластува Xxxxxxx, и и дава неотповиклив налог во негово име и за негова сметка, да ги превземе и спроведе сите потребни дејствија и активности, како и да ја потпише целокупната документација потребна за наплата на надоместоците и трошоците. Откупот на девизните средства се врши по куповниот курс на Банката на денот на извршување на услугата.
6. Дополнителни услуги
6.1. Банката на Имателот на сметка му овозможува и дополнителни услуги поврзани со трансакциска сметка, за што Банката и Имателот на сметка се договараат со склучување на посебни договори. Банката може да донесе посебни услови за извршување на дополнителните услуги.
7. Известување
7.1. Имателот на сметка согласно законските прописи е должен да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со правниот статус, промената на личните и други податоци на овластените лица и другите податоци кои се однесуваат на водење на трансакциска сметка и се наведени во барањето за отворање на трансакциска сметка. Xxxxxxx не одговара за штетата настаната заради непочитување на обврските за известување за промените.
7.2. Xxxxxxx го известува Имателот на сметка за сите промени на состојбата на трансакциска сметка со доставување на Извод за промените и состојбата на трансакциската сметка, на начин одреден во договорот за отворање на трансакциска сметка.
7.3. Доколку Имателот на сметка не го оспори изводот во рок 8 (осум) работни денови се смета дека го прифаќа.
7.4. Поради потребата од ажурирање на документацијата во Банката, Имателот на сметка е обврзан на барање на банката да презентира соодветна документација согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката.
Ажурирањето на документацијата за секој клиент, Xxxxxxx ќе го спроведува на секои 2 (две) години, освен за клиентите за кои, на барање на Банката, ажурирањето ќе се спроведува почесто.
Во случај Имателот на сметка, на претходно Барање од Xxxxxxx, да не ја достави побараната документација за ажурирање на сметката, Xxxxxxx ќе го ограничи работењето со сметката, се до доставувањето на побараната документација од Имателот.
7.5. Заради ажурирање на документацијата и идентификација на правното лице – нерезидент, Имателот на сметка е должен најмалку еднаш во текот на 2 (две) години, или почесто, на барање на Банката, да презентира извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот (во оригинал или нотарски заверен препис), кој не е постар од 6 (шест) недели и од кој може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање, како и друга потребна документација согласно позитивните законски и подзаконски прописи и интерните акти на Банката.
Ажурирањето на документацијата за идентификација на овластените лица сметката на правното лице - нерезидент се врши веднаш по истекот на рокот на важноста на личната исправа која ја приложиле за идентификација, врз основа на важечка лична исправа.
Доколку Имателот на сметка е нерезидент – физичко лице, Xxxxxxx ќе ја ограничи сметката ако нерезидентот не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на податоците (веднаш по истекувањето на рокот на важност на патната исправа врз основа на важечка патна исправа), како и врз основа на одлука на суд или друг надлежен орган, кои се донесени врз основа на закон.
Доколку имателот на сметка е нерезидент – правно лице, Xxxxxxx ќе ја ограничи сметката доколку
нерезидентот не ја ажурира документацијата за идентификација по истекот на 2 (две) години, или почесто, на барање на Банката.
На сметката што има статус на ограничена сметка, Xxxxxxx може да одобрува прилив на средства (освен уплата во ефективни домашни или странски пари), но не може да врши одлив преку сметката, односно да извршува плаќање или исплата во ефективни домашни или странски пари.
Ограничената сметка може да се ослободи со ажурирање на предвидената потребна документација. Ограничената сметка може да се затвори на барање на Имателот на сметката со инструкции за еднократен пренос на средствата на неговата сметка кај друга овластена банка во земјата, односно на негова сметка кај странска банка.
7.6. Имателот на сметка е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Имателот на сметка се смета за уредно известен за сите промени со самото доставување или подигање на изводот во кој истите се објавени, односно со испраќање на писмено известување на последната пријавена адреса на Имателот на сметка во Банката.
Xxxxxxx нема да одговара за било каква штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата.
8. Пресметување камата, провизија и трошоци
8.1. Банката на Имателот на сметка му пресметува и одобрува камата на средствата на трансакциска сметка во рок и начин и со каматна стапка кои се одредени со Одлуката на Банката за каматни стапки. Xxxxxxx пресметаните камати ги припишува на крајот на пресметковниот период или со затворање на трансакциската сметка.
8.2. Имателот на сметка се обврзува за извршување на услугите да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно Одлуката за надоместоци (тарифи) за услугите што ги врши Банката која е во важност во моментот на пресметка на надоместокот.
Како прилог кон Договорот за отворање на трансакциска сметка, Банката му доставува на имателот на сметка извадок од важечката Одлуката за надоместоци (тарифи) за услугите кои ги врши Банката.
Дополнително, Банката го известува Имателот на сметка за висината и промената на надоместоци (тарифи) за услугите што ги врши преку објавување на тарифата во експозитурите на Банката и на својата веб страна.
Сите измени и дополнувања на Одлуката за надоместоци (тарифи) за услугите што ги врши Банката имаат задолжителна сила за страните на овој Договор, освен ако во некој друг акт поинаку не е определено.
8.3. Банката е овластена да располага со средствата на сметката без дополнителна согласност, односно налог на Имателот на сметката во следните случаи:
- Заради плаќање по основ на судски одлуки, налози за извршување од надлежен извршител согласно Законот за извршување, решенија за присилна наплата на други надлежни органи или во друг случаи предвидени со задолжителни прописи.
- Заради блокирање на сметката (во случај на обезбедување, привремени мерки, итн) врз основа на одлука на суд или друг надлежен орган, а во согласност со задолжителните и важечки прописи.
- Врз основа на посебни договори, договорни овластувања, писмено овластување од Имателот на сметката и во други случаи предвидени со законите и другите прописи.
9. Затворање на сметка
9.1. Имателот на сметка може со согласност на Банката во било кое време писмено да побара раскинување на Договорот за отворање и водење на трансакциската сметка за вршење на платен промет. Имателот на сметка може и еднострано да го раскине договорот со отказен рок од 30 (триесет дена). Во двата случаи Имателот на сметка е должен целосно да ги изврши сите обврски од договорот, настанати до денот на раскинувањето. Банката може да го одбие барањето на Имателот на сметката за раскинување на договорот, доколку во моментот на поднесување на барањето имателот има потенцијални вонбилансни обврски.
9.2. Затворањето на сметката може да се изврши и без писмено барање од клиентот доколку:
− Имателот на сметка е неактивен субјект чије што бришење согласно со закон е објавено на веб- страницата на Централен регистар на Република Северна Македонија.
− Имателот на сметка престане да постои како правен субјект врз основа на закон, судска одлука или по налог на надлежен орган.
− Според Законот за платен промет поради неактивност на денарската трансакциска сметка на физичко или правно лице, резидент или нерезидент, што подразбира да нема салдо и промени во последните 2 (две) години и истата не е блокирана.
− Поради неактивност на девизната трансакциска сметка на физичко или правно лице, резидент или нерезидент што подразбира да нема салдо и промени во последните 2 (две) години и истата не е блокирана.
− Отворена сметка по грешка.
− Клиентот – физичко лице менува статус.
− Во случај на недоставување на барана документација и информации кои се релевантни за FATCA од страна на Имателот на трансакциската сметка, како и за намерата и целта на трансакциите кои се извршуваат преку трансакциската сметка.
− Во случај кога клиентот дава неправилни, нецелосни или неточни податоци кои не соодветствуваат со реалните податоци на денот кога се дадени или постапува спротивно од позитивните законски прописи.
9.3. Имателот на трансакциската сметка мора писмено да ја извести Xxxxxxx за сите измени кои би можеле да влијаат на важноста на договорот. Доколку тоа не го стори, Xxxxxxx може да го раскине договорот. Сите финансиски последици настанати заради ненавремено известување, ќе бидат на товар на Xxxxxxxx на трансакциската сметка.
9.4. Банката може било кога еднострано писмено да го раскине договорот без отказен рок доколку Xxxxxxxx не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно со Општите услови, Договорот и другите интерни акти на Банката.
9.5. Договорот за денарска сметка за резиденти и нерезиденти престанува да важи доколку во последните 2 (две) години, на трансакциската сметка на Имателот немало средства и промет и не е блокиран, како и врз основа на одлука на надлежен орган согласно законските прописи.
9.6. Договорот престанува да важи на денот на затварање на трансакциската сметка.
10. Останати одредби
10.1. Банката може согласно со важечките правни прописи, упатствата и одлуките донесени врз нивна основа и со својата политика да ги менува општите услови за што Имателот на сметката мора да го запознае согласно со вообичаениот начин на комуницирање или на еден од следните начини: со објавување на информацијата на изводот на неговата сметка, со објавување на интернет страната на Банката, на видно место во експозитурите (филијалите) и сл.
10.2. Текстот на изменетите Општи услови Банката ќе го објави во сите Експозитури на Банката и на интернет страната на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
10.3. Ако Имателот на сметката не се согласува со измената на општите услови, тој може да поднесе писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на договорот и да бара затворање на сметката, во спротивно се смета дека е согласен со предложените измени и тие стануваат составен дел на договорот.
Ако Xxxxxxx не го прими барањето за раскинување на договорот во рок од 15 (петанесет) дена по завршување на месецот во кој е објавена информацијата се смета дека Имателот на сметката се согласува со променетите општи услови и истите стануваат составен дел на Договорот.
10.4. Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето со сметката. Банката не одговара за било каква штета која може да настане за Имателот на сметката како резултат на непочитувањето на обврските од претходната реченица.
10.5. Банката не одговара за прекин на услугите поврзани со извршување на платниот промет во земјата и странство и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати од страна на Банката.ж
10.6. Имателот на сметката изричито е согласен и ја овластува Xxxxxxx, податоците во врска со Договорот за отварање и водење на трансакциска сметка, вклучително и личните податоци, да ги обработува во рамки на банкарското работење како и да ги стави на увид на овластени лица во Банката или на трети лица, во сите случаи предвидени со Законот. Со потпишување на Договорот како клиент на Банката која е дел од Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, Имателот на сметката e свесен и согласен податоците кои се собираат и обработуваат од страна на Xxxxxxx, а се однесуваат на воспоставувањето на деловниот однос со Банката, да може да бидат пренесувани во другите членки на групацијата. Податоците кои ги покрива оваа согласност може да ги вклучуваат следниве податоци, но не се ограничуваат на истите, и тоа:
• Сите деловни податоци во врска со Имателот на сметката (лицето или компанијата) кои се доставени до Банката или во иднина ќе станат познати за Банката во текот на спроведување на деловниот односи;
• Сите податоци кои се однесуваат на секој деловен однос со Банката (особено името, видот на правното лице, адреса, сопственичката структура, земја на живеење/потекло, проценето ниво на ризик, банкарски односи);
• Податоци за одобрени кредити, вклучувајќи ги и нивните услови; склучени финансиски термински договори/трансакции; тужби; прекршување на договори; мерки за спроведување, обезбедување и сл;
• Најновите годишни финансиски извештаи, како и на соодветните анализи на овие податоци;
• Структурата на групацијата во која припаѓа компанијата (доколку е применливо).
Имателот на сметка е согласен Xxxxxxx да ги обработува личните податоци на имателот на сметката за цели на директен маркетинг единствено по добивање на претходна писмена согласност за тоа издадена од истиот.
Имателот на сметката има право во секое време, без надоместок со писмено барање да ја повлече согласноста за користење на неговите лични податоци, а Xxxxxxx последователно ќе ги преземе соодветните мерки.
Со потпишување на Договорот Xxxxxxx дава и важечка и неотповиклива согласност, доколку Xxxxxxx во било кое време и од било кои извори на податоци, идентификува постоење на US индиции за сметката кои се релевантни за FATCA:
• Да побара дополнителни информации кои ќе се потврдат со докази и документација;
• Да ја затвори сметката, без дополнителни известувања, доколку не бидат обезбедени бараните информации и документација од страна на Клиентот во предвидениот рок од 90 дена. Доколку постои салдо на сметка истото ќе биде пренесено согласно: i) добиените инструкции од клиентот ii) на трансакциска сметка во друга банка или iii) на времена сметка на Банката,
односно согласно важечката законска регулатива;
• да ги обработува и пренесува личните податоци на Xxxxxxxx во странство за целите на известување, како и да ги спроведе сите задржувања, согласно регулативата (локална и FATCA).
Имателот со потпишување на Договорот, слободно и изречно, ја изразува својата волја и дава согласност на Банката да ги користи и обработува неговите податоци, како и да ги пренесува неговите податоци, вклучително и податоците кои се сметаат за банкарска тајна на трето лице со цел користење на кредитни аранжмани, ажурирање на наплатата и/или пренос на побарувањата, а со кое лице Xxxxxxx има склучено посебен Договор за пренос и користење на податоци, согласно законските прописи.