WLWB-1/2022)
УСЛОВИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОВРЗАНО СО
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД со повеќекратно плаќање на премија
(WLWB-1/2022)
I. Општи одредби Член 1
1. Условите за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови (во понатамошниот текст: Услови) претставуваат составен дел на Договорот за животно осигурување за случај на смрт и доживување, каде вложувањата се вршат во инвестициски фондови (во понатамошниот текст: животно осигурување), кој договарачот на осигурувањето ќе го склучи со ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје (во понатамошниот текст: осигурител).
II. Значење на поимите кои се користат во Условите
Член 2
Осигурител: Акционерско друштво за осигурување XXXXX XXXX – Виена Иншуренс Груп Скопје (во понатамошниот текст: „осигурител“). Страната од Договорот за осигурување која има обврска да го реализира Договорот за животно осигурување во однос на осигурените ризици.
Осигуреник: Лице на кое се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на осигурината сума.
Понуда: предлог за склучување на Договор за осигурување на живот, кој се поднесува во пишана форма на образец на осигурителот.
Понудувач на осигурување: Лице кое поднесува писмена понуда за осигурување со намера склучување на Договор. Понудувачот и договарачот на осигурувањето мора да биде едно исто лице.
Договарач на осигурувањето: Страната од Договорот за осигурување која склучила Договор со осигурителот и која има обврска да му ја плати на осигурителот премијата од осигурувањето. Договарачот на осигурувањето и осигуреникот може да биде едно исто лице.
Корисник на осигурувањето: Лице на кое му се исплатува осигурената сума за Договорениот осигурен случај.
Полиса: Документ за склучен Договор за осигурување.
Осигурен случај: Настан предизвикан од осигурен ризик.
Осигурена сума: Паричната сума која осигурителот е должен да му ја исплати на корисникот на осигурувањето во случај нa смрт.
Осигурителна премија: Износот кој договарачот на осигурувањето е должен да му го плати на осигурителот врз основа на Договорот за осигурување. Се состои од: штеден дел од премијата, премија за покривање на ризикот од смрт и трошоци за обработка и администрирање на полисата.
Штеден дел од премијата: Претставува дел од премијата кој служи за купување на удели во инвестицискиот фонд.
Инвестициско портфолио: Вкупниот број на удели во инвестициски фондови за еден Договор за осигурување.
Инвестициски фонд: Здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови.
Удели во инвестициски фонд: Сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд кој зависи од висината на влогот во инвестицискиот фонд и цената на еден инвестиционен удел на денот на инвестирање. Сопственик на уделите во инвестицискиот фонд е XXXXX XXXX – Виена Иншуренс Груп Скопје.
Винкулација: Доделување на правата за исплата од полисата за осигурување на живот на банката, во случај на настанување на штета, односно настанување на осигурениот случај. Тоа значи дека, доколку настане осигурениот случај, осигурителното друштво ќе ѝ го исплати осигурениот износ на банката, наместо на корисниците. Винкулирање на полисата се врши во случај кога полисата за осигурување се користи за обезбедување на исплата на кредит.
III. Кој може да биде осигуреник во Договорот за животно осигурување Член 4
1. Под овие Услови можат да се осигурат здрави лица од навршени 14 до 65 години, а максимална возраст при истек на осигурувањето е 75 години.
2. Ова осигурување може да се договори со времетраење од 15 до 25 години.
3. За осигурување на лица кои се подложни на повисока смртна опасност, осигурителот има право да примени зголемување на премијата од осигурувањето поради зголемените ризици или да ја намали осигурената сума за истата премија.
4. Зголемувањата на премијата или намалувањето на осигурената сума ги определува осигурителот според процена на ризикот врз основа на сопствените акти и Условите за анормални ризици.
5. Поради изразено тешки ризици, осигурителот може да го оцени осигуреникот како неприфатлив за осигурување.
IV. Определување и плаќање на премијата од осигурувањето Член 5
1. Премијата од осигурувањето која договарачот е должен да му ја плати на осигурителот за склучување на полиса е составена од: штеден дел од премијата, премија за покривање на ризикот од смрт и трошоци за обработка и администрирање на полисата.
2. Ризико премијата на осигурувањето е утврдена согласно тарифите и Условите на осигурителот во зависност од возраста на осигуреникот, висината на осигурената сума, и периодот на важност на осигурувањето.
3. Пристапната возраст на осигуреникот се пресметува како разлика од годината на почеток на осигурувањето и годината на раѓање на осигуреникот. Долната и горната граница на возраста се определуваат согласно тарифите и Условите на осигурителот.
4. Премијата од осигурувањето и осигурената сума се договараат во ЕУР и се плаќаат во денари согласно средниот курс на НБРСМ на приемот на уплатата.
5. Првата премија се плаќа однапред, во рокови определени во осигурителната полиса, со можност за повеќекратно и на премијата.
6. Договарачот е обврзан да ја плаќа премијата во договорениот рок и на договорениот начин на денот на доспевањето на премијата.
7. Премијата се плаќа во полниот износ, без смалувања за трошоците од платниот промет. Можните трошоци од платниот промет ги поднесува договарачот на осигурувањето.
8. Премијата се плаќа во пошта, преку банка и со траен налог во банка. Ќе се смета дека премијата е платена кога осигурителот ќе ја прими уплатата на својата жиро-сметка.
9. Ако не може да се реализира уплатата на премијата во корист на осигурителот, поради причина за која е одговорен договарачот на осигурувањето, ќе се смета дека премијата е платена на денот кога е реализирана уплатата во корист на осигурителот.
10. Договарачот на осигурувањето може при поднесувањето на понудата да уплати аконтација. Износот на аконтацијата се признава како уплатена премија доколку Договорот за осигурување биде склучен, а во спротивно аконтацијата се враќа во целост.
Член 6
1. Осигурителот има право на камата поради доцнење на исплатата на делови од премијата. Ако договарачот на осигурувањето не ја плати каматата, таа ќе биде одбиена од вредноста на инвестициското портфолио.
2. Осигурителот има право при исплата на штетен настан да ги одбие од осигурителната сума сите дотогаш неплатени премии за тековната година по полисата и казнената камата од неплатената премија по полисата.
3. Осигурителот нема право да бара плаќање на премијата по судски пат.
V. Понуда Член 7
1. Договор за животно осигурување се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата мора да биде потпишана од страна на понудувачот.
2. Понудата за животно осигурување мора да ги содржи сите важни елементи кои се потребни за склучување на Договорот за осигурување.
3. Сите промени во понудата или барањата на понудувачот (договарачот на осигурувањето) или осигурителот мора да бидат во писмена форма, а ќе се сметаат за поднесени на денот кога ќе ги прими страната за која се наменети.
4. Сите податоци што се наведени во понудата мора да бидат точни и вистинити, а особено внимание треба да се обрне на одговорот на здравствените прашања наведени во неа.
5. Според податоците кои се наоѓаат во писмената понуда за осигурување, осигурителот го задржува правото да бара дополнителни податоци (на пр., лекарски преглед) за цели на склучување на Договорот.
6. Понудувачот има обврска без одложување да го извести осигурителот за зголемување на опасностите кои влијаат врз висината на ризикот, а кои настанале во периодот од поднесување на понудата за осигурување до моментот на склучување на Договорот. Под зголемување на опасности се сметаат заболувања, повреди на осигуреникот, занимавање со спорт, промена на професијата, промена на земја на престој и слично.
7. Во случаите кога понудувачот (договарачот на осигурувањето) не е и осигуреник, потребна е писмена согласност од осигуреникот дадена во понудата или во одвоено писмо во моментот на потпишување на понудата, со назначена осигурена сума во случај на смрт.
8. Осигурителот има право да ја одбие понудата за осигурување, без да ги наведува причините за нејзиното одбивање, а понудата заедно со приложените документи не му се враќа на понудувачот. Осигурителот во овој случај му го враќа на понудувачот вкупниот износ од дотогаш платени премии од осигурувањето, без намалување за трошоците за административна обработка на понудата.
VI. Полиса Член 8
1. Полисата како документ за склучен Договор за животно осигурување се издава во еден оригинален примерок. Доколку се винкулира во корист на финансиска институција, се издава во оригинален примерок на институцијата и по барање на осигуреникот може да се издаде копија верна на оригиналот со сите опфатени елементи.
2. Полисата го содржи следното: број на полиса, назив на осигурителот, правен статус, седиште и адреса и контакт-телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво во случај кога Договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; име и презиме на договарачот на осигурувањето (назив на фирмата, ако договарачот на осигурувањето е правно лице), име и презиме на осигуреникот, датум на раѓање, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, корисник на осигурувањето во случај на доживување, Услови согласно кои е склучено осигурувањето, назив на инвестицискиот фонд во кој се вложува штедниот дел од премијата, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи.
VII. Склучување на Договорот
Член 9
1. Договорот за осигурување се смета за склучен кога страните ќе ја потпишат осигурителната полиса.
2. Осигурителната полиса ја издава осигурителот и ја потпишуваат договорните страни (осигурителот и договарачот на осигурувањето/осигуреникот).
3. Осигурителот ја потпишува полисата за осигурување при нејзиното издавање, а потписот на понудувачот во својство на договарач на осигурувањето и потписот на осигуреникот во писмената понуда се сметаат како потписи на полисата.
4. Осигурителот е обврзан во рок од 8 дена по приемот на писмената понуда во оригинал, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да го извести договарачот/осигуреникот дали ќе ја прифати или одбие доставената понуда. Ако осигурителот не ја одбие понудата во тој рок, а која не отстапува од неговите Услови за предлог-осигурувањето, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека Договорот е склучен. Во тој случај ќе се смета дека Договорот е склучен кога осигурителот ќе ја добие понудата. Осигуреникот или договарачот по добивање на полисата за животно осигурување и условите кои важат за неа, може во рок од 30 дена да поднесе барање за поништување на полисата со конкретно образложение, по што осигурителот ќе изврши поврат на средствата на клиентот кои ги уплатил за нејзино активирање.
5. Отстапувањето од горенаведените рокови за прифаќање, односно одбивање на понудата може да се примени во случај на настанување на непредвидливи околности како што се пожар, поплава, земјотрес, и други природни сили, како и војна и воени операции, атомска катастрофа, акти или дејства на државни органи и сите други дејства кои не можат да се контролираат.
6. Понудувачот има право, во рамките на роковите од точка 4 од овој член, да отстапи од понудата, односно од склучувањето на Договорот, ако осигурителот во меѓувреме не изјави дека ја прифаќа понудата, односно осигурителот му доставил изменета понуда која понудувачот ја одбил. Во тој случај понудувачот има право на враќање на премијата од осигурувањето намалена за трошоците за административна обработка и трошокот за лекарски преглед, доколу се извршил. Доколку понудувачот ја прифати изменетата понуда, потребна е и писмена согласност од осигуреникот за прифаќање на изменетата понуда.
7. Договарачот има право да се обрати до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето.
VIII. Почеток и истек на осигурувањето Член 10
1. Почетокот и истекувањето на осигурувањето секогаш е во 00.00 часот првиот ден од месецот. Денот, месецот и годината на почетокот и на истекувањето на осигурувањето се наведени во понудата и во полисата.
2. Почетокот на осигурувањето, по правило, е по приемот и одобрувањето на понудата од страна на осигурителот, првиот ден во месецот по месецот на поднесување на понудата и уплата на првата премија.
3. Обврската на осигурителот започнува од денот на почнување на осигурувањето, ако до тој датум е уплатена првата премија или првата рата,
4. Ако првата премија или нејзината прва рата, не е уплатена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурителот започнува во 00.00 часот на денот кога договорената премија ќе се плати во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
5. Животното осигурување важи најдолго до 00.00 часот на денот кој на осигурителната полиса е назначен како истекување на осигурувањето, или до денот на смртта на осигуреникот, доколку смртта настапи во периодот на осигурителното покритие.
IX. Привремена осигурителна заштита пред почетокот на обврската Член 11
1. Осигуреникот има привремена осигурителна заштита во периодот од давање на понудата со платена аконтација на премијата кај осигурителот до почетокот на обврската на осигурителот или до одбивање на понудата, а најдоцна до 45 дена од денот на давање на понудата.
2. Привремената осигурителна заштита кај повеќекратно плаќање на премијата е во висина од 50 % од осигурената сума од понудата, доколку доставената понуда биде целосно и правилно пополнета.
3. Привремената осигурителна заштита се исплаќа на корисниците на осигурувањето во случај на смрт на осигуреникот која настапува во периодот од ставот 1 од овој член.
4. Привремената осигурителна заштита важи само ако осигуреникот во периодот на поднесување на понудата бил целосно способен за работа, ако не бил на лекување или под лекарски надзор, ако не боледувал од некоја болест или не се занимавал со ризична професија или спорт што би спречило прием во осигурување, како и доколку осигуреникот е премногу стар, и поради тоа што премијата и осигурената сума на понудата е помала од минималната.
X. Инвестициско портфолио Член 12
1. Штедниот дел од премијата во договорите за животно осигурување поврзани со инвестициско портфолио се инвестираат во инвестициски фонд управуван од друштвото за управување со инвестициски фондови кое е наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување.
2. Договарачот на осигурувањето го избира инвестициското портфолио од понудените инвестициски фондови од друштвото за управување со инвестициски фондови, само при склучување на Договорот за осигурување.
3. Договарачот на осигурувањето го презема инвестицискиот ризик при промена на вредноста на инвестициските удели. Во случај на настанување на неможност за спроведување на Договорот за осигурување поради причина во домен на избраниот инвестициски фонд, осигурителот сразмерно ќе распредели дел од премијата наменета за купување од тој фонд во други избрани фондови во рамките на истото друштво за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување.
4. Доколку не постои можност за распределба на премијата во други избрани фондови од друштвото за управување со инвестициски фондови наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување, а тоа е во случај друштвото да престане да ја врши дејноста за која е регистрирано или доколку перформансите на инвестицискиот фонд значително се намалат, тогаш осигурителот ќе ја распредели премијата наменета за купување на удели во друг иневстициски фонд од друго Друштво за управување со инвестициски фондови со ист степен на ризик.
5. Доколку дојде до некоја од наведените промени во став 3 или став 4 од овој член, осигурителот ќе го извести договорувачот на осигурувањето а договорувачот треба да се произнесе во рок од 30 дена за прифаќање или неприфаќање на понудените промени.
6. Доколку договорувачот на осигурувањето не одговори во предвидениот рок, осигурителот може да смета дека настанал случај на откуп и на договорувачот ќе му ја исплати вредноста на инвестициското портфолио.
Член 13
1. Вредноста на инвестициското портфолио ја сочинуваат вредностите на сите удели во поединечниот инвестициски фонд.
2. Вредноста на сите удели во поединечниот инвестициски фонд претставува производ на бројот на уделите со вредноста на еден удел.
3. Вредноста на уделите се објавува секој ден на веб-страницата на инвестицискиот фонд. Вредноста на уделите е прикажана на нето-основа.
4. Вредностите на уделите во инвестицискиот фонд се изразени во денари и сите уплати во инвестициското портфолио и исплати од инвестициското портфолио се вршат во денари.
5. За пресметка на уплата во инвестициски портфолија се употребува средниот курс на НБРСМ кој е важечки на првиот работен ден по денот кога паричните средства за уплата на премијата се пристигнати на сметка на осигурителот.
6. За пресметка на исплата на штетен настан од инвестициското портфолио се користи средниот курс на НБРСМ важечки на денот на продажба на уделот во избраното инвестициско портфолио.
Член 14
1. Во случај на намалување на вредноста на уделот во инвестицискиот фонд и во случај средствата од инвестициското портфолио да бидат потрошени пред истекот на договореното времетраење, како и од причината наведена во член 17, став 2 од овие Услови, Договорот за осигурување се раскинува.
XI. Вложување во инвестициски фонд Член 15
1. Со штедниот дел од премијата на договарачот, осигурителот купува удели во инвестицискиот фонд управуван од друштвото наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување.
2. Со зголемување на цената на уделите на инвестицискиот фонд, се зголемува и вредноста на инвестициското портфолио вложено во име на договарачот, а со намалување на цената на уделите на инвестицискиот фонд се намалува и вредноста на инвестициското портфолио вложено во име на договарачот.
3. Договарачот го сноси инвестицискиот ризик при промена на вредноста на инвестираните удели. Според тоа, договарачот нема гарантирана сума при истекот на осигурувањето, а исто така и нема гарантирана откупна вредност.
4. Бројот на удели што се купува во инвестицискиот фонд во име на договарачот зависи од цената на уделите на датумот на купување. Датумот на купување е секогаш првиот работен ден во месецот по датумот на доспевање, доколку премијата е уплатена. Цената на уделите на последниот работен ден од претходниот месец ќе биде основа за пресметка на инвестираниот дел од премијата. Со штедниот дел од премијата ќе бидат купени удели во инвестициски фонд наредниот месец од месецот кога е уплатена премијата.
5. Пресметката на вредноста на купени удели во инвестициското портфолио се врши на последниот ден на тргување во месецот во кој е уплатена премијата за Договорот за животно осигурување.
6. Во случај на доживување на осигурувањето, пресметката на вредноста на вложените удели во инвестициското портфолио ќе се врши на последниот ден на тргување од месецот. Во случај на смрт на осигуреникот, пресметката на вредноста на вложените удели во инвестициското портфолио ќе се врши откако штетата ќе се прифати од осигурителот.
XII. Осигурителна премија Член 16
1. Со штедниот дел од премија се купуваат удели во избраниот инвестициски фонд. Делот од премијата наменет за покривање на ризикот од смрт е утврден со тарифата на осигурителот, а зависи од староста на осигуреникот, осигурениот износ во случај на смрт и движењето на вредноста на инвестициското портфолио.
2. Делот од премијата кој е наменет за покривање на ризикот од смрт и трошоците за управување на месечно ниво се одземаат од вредноста на инвестициското портфолио еден месец по месецот на доспевање на премијата. Трошоците кај полисите со повеќекратно плаќање на премија се состојат од: фиксни трошоци кои се одземаат на месечно ниво и аквизициски и административни трошоци кои се одземаат по доспевање на премијата.
Само за првата уплатена премија горенаведените трошоци се одземаат на датумот на доспевање на премијата.
3. Староста на осигуреникот се пресметува како разлика помеѓу календарската година од почетокот на траењето на осигурувањето и календарската година на раѓање на осигуреникот.
4. За осигурување на лице кое е изложено на поголема опасност за животот може да се применат доплати на ризико премијата.
5. Договарачот на осигурувањето може 60 дена пред почетокот на осигурителната година писмено да побара промена на начинот на плаќање на премијата.
XIII. Последици од неплаќање на премијата Член 17
1. Во случај кога договарачот на осигурувањето нема да ја плати доспеаната премија од осигурувањето, осигурителот преку препорачано писмо ќе му достави повик за плаќање на доспеаната премија од осигурувањето.
2. Повикот до договарачот на осигурувањето мора да биде доставен со препорачано писмо, чии трошоци паѓаат на товар на договарачот. Доколку договарачот на осигурувањето не ја плати доспеаната премија во рокот кој му е определен во повикот (рокот не може да биде пократок од еден месец од денот на доставување на повикот), ниту пак тоа го направи друго заинтересирано лице, осигурителот има две законски можности:
а) Доколку се задоволени Условите за капитализација, односно доколку договарачот на осигурувањето има уплатено три годишни премии, Договорот за животно осигурување ќе се капитализира. Во тој случај договарачот на осигурувањето е ослободен од понатамошно плаќање на премијата. Доколку Договорот се капитализира, осигурителот има право од вредноста на инвестициското портфолио на клиентот да ги одбива трошоците за покривање на ризикот од смрт и трошоците за администрирање на полисата.
б) Доколку не се задоволени условите за капитализација, односно доколку договарачот на осигурувањето ги нема уплатено премиите за три осигурителни години, осигурителот ќе го раскине Договорот. Во тој случај договарачот на осигурувањето нема право на враќање на дотогаш уплатените премии.
3. Во случај осигурениот случај да настане пред раскинување на Договорот или капитализацијата, но по достава на повикот од осигурителот од точката 1 од
овој член, по изминати 30 дена, доколку доспеаната премија не е платена – ќе се смета дека е намалена осигурената сума, односно дека Договорот е раскинат, во зависност од тоа дали се задоволени Условите за капитализација.
XIV. Обврски на договарачот на осигурувањето Член 18
1. Кога се склучува Договорот, понудувачот (договарачот на осигурувањето) има обврска да го информира осигурителот за сите околности кои се важни за оцената на ризикот, а кои му се познати или пак морал да биде свесен за нив.
2. Ако понудувачот, односно договарачот на осигурувањето намерно даде неточни податоци или намерно премолчи некоја околност од таква природа што осигурителот не би го склучил Договорот ако знаел за реалната состојба на работите, осигурителот може да бара поништување на Договорот.
3. Во случај на поништување на Договорот од причините наведени во став 2 на овој член, осигурителот има право да ги задржи трошоците кои произлегле од таа полиса.
4. Осигурителот го губи правото да бара поништување на Договорот за осигурување во рок од 3 (три) месеци од денот откако ќе дознае за намерната неточност на пријавата или за премолчувањето, доколку не му изјави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
5. Договарачот на осигурувањето е должен да го извести осигурителот за промена на професијата на осигуреникот, без никакви одложувања, во рок од 14 дена од денот кога го дознал тоа или можел да биде информиран за тоа. Ако поради промената на професијата дошло до зголемување на ризикот до таа мера што осигурителот не би го склучил Договорот доколку знаел за таа промена во моментот на неговото склучување, тој може да го раскине Договорот за осигурување или да го капитализира, доколку се задоволени условите за тоа. Доколку осигурителот го раскине Договорот за осигурување, должен е на договарачот да му ја исплати вредноста на инвестициското портфолио во моментот на раскинување на Договорот.
6. Меѓутоа, ако зголемувањето на ризикот е толку големо што осигурителот би склучил Договор само со зголемена премија на осигурувањето, ако постоела таквата состојба во моментот на неговото склучување, тој може да му предложи на договарачот на осигурувањето премијата да се зголеми. Ако договарачот на осигурувањето се согласи со предложеното зголемување на премијата, новата премија ќе се пресметува од датумот на промена на професијата.
7. Ако договарачот на осигурувањето не се согласи на предложеното зголемување на премијата во рок од 14 дена од приемот на предлогот во писмена форма, Договорот престанува да важи според Закон.
8. Кај повеќекратно плаќање на премијата, доколку настане осигурен случај како последица на некоја околност или ризик за кој договарачот на осигурувањето не го информирал осигурителот при склучување на Договорот за осигурување, иако знаел за реалната состојба, осигурителот нема обврска да ја исплати осигурената сума. Доколку осигурениот случај настане по третата година од склучување на Договорот, осигурителот на корисниците на осигурувањето ќе им ја исплати откупната вредност пресметана до денот на настанување на осигурениот случај.
Член 19
1. Ако договарачот на осигурувањето дал неточни податоци или пропуштил да даде известување, но тоа не го сторил намерно, осигурителот може, по избор, а во рок од еден месец од информацијата за неточност или нецелосност на податоците, да го раскине Договорот или да предложи зголемување на ризико премијата во согласност со зголемениот ризик. Зголемувањето на ризико премијата се применува и пресметува од датумот на почеток на осигурувањето.
2. Во случајот од ставот 1 од овој член, Договорот престанува да важи по истекување на 14-тиот ден од денот кога осигурителот му ја дал својата изјава за раскинување на Договорот на договарачот на осигурувањето, а во случај на предлог од осигурителот за зголемување на ризико премијата, раскинувањето настапува според Закон ако договарачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на прием на предлогот.
3. Во случај на прекин на Договорот во смисла на став 1 и 2 од овој член, доколку се исполнети Условите за капитализација, се постапува според нив, а доколку не се, осигурителот ќе му ја врати на осигуреникот вредноста на инвестициското портфолио за соодветната полиса.
4. Ако осигурениот случај се случил пред да биде утврдена неточноста или нецелосноста на пријавата, или потоа, но пред прекин на Договорот, односно пред Договорот за зголемување на ризико премијата, осигурената сума за смрт се намалува пропорционално со платената премија и премијата која требало да се плати според стварниот ризик.
Член 20
1. Ако во моментот на склучување на Договорот осигурителот знаел или морал да знае за околностите кои се важни за процена на ризикот, а кои договарачот точно ги пријавил, не може да се повикува на неточност на пријавата или за премолчување.
Член 21
1. Договарачот на осигурувањето е обврзан веднаш, по писмен пат, да извести за промена на адресата на живеалиштето, начинот и местото на плаќање на премијата.
2. Ако договарачот на осигурувањето не го извести осигурителот за промената на адресата на живеење, осигурителот го задржува правото да ги праќа известувањата на последната адреса што е дадена. Сите одредби од таквите известувања стапуваат во сила како договарачот да ги примил.
Член 22
Ажурирање на податоци
1. Осигурителот преку писмо ќе го извести договарачот на осигурувањето да ги ажурира податоците согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, а договарачот е должен да постапи согласно барањето од осигурителот, во рок определен од осигурителот.
2. Идентификација на физички лица се врши со:
• Ажурирање на податоци за физички лица се прави преку пополнување на соодветни формулари издадени од осигурителот, повторна идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет со поднесување на оригинален и важечки документ за идентификација, издаден од надлежен орган или копија заверена на нотар и изјава за носител на јавна функција.
3. Идентификација на правни лица се врши со:
• Ажурирање на податоци кога клиентот е правно лице или правен аранжман се прави преку пополнување на соодветни формулари издадени од осигурителот, се идентификува и неговиот идентитет се потврдува со документ за регистрација во оригинал или копија заверена на нотар, издаден од надлежен орган на државата во која е регистрирано правното лице или акт за основање на правниот аранжман. Документот за регистрација или основање се поднесува во хартиена и/или електронска форма. Документацијата не смее да биде постара од 6 месеци. Документите за регистрација издадени од надлежен орган на странска држава треба да бидат преведени на македонски јазик од страна на овластен судски преведувач.
• Податоците за идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик ги обезбедуваат клиентите во оригинална или заверена документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци.
4. Доколку договарачот на осигурувањето не постапи по барањето на осигурителот за ажурирање на податоците, осигурителот има право да постапи согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
XV. Неточна пријава за возраста на пристапување на осигуреникот
Член 23
1. Договорот за животно осигурување ќе се смета за ништовен и осигурителот е обврзан во секој случај да ги врати сите примени премии, ако при неговото склучување се пријавени неточно годините на осигуреникот, а неговата реална возраст е надвор од границите во кои осигурителот според Условите го склучува Договорот за животно осигурување.
2. Ако е неточно наведено дека осигуреникот има повеќе години, а неговата вистинска возраст не ја надминува границата до која осигурителот го склучува Договорот за животно осигурување, Договорот ќе биде важечки, а осигурената сума ќе се намали пропорционално на договорената премија и премијата што е предвидена за животно осигурување според возраста на осигуреникот.
3. Ако осигуреникот има помалку години од наведените при склучувањето на Договорот, премијата ќе се намали на соодветниот износ, а осигурителот ќе биде обврзан да ја врати разликата помеѓу примените премии и премиите кои има право да ги прими.
XVI. Обврски на осигурителот Член 24
1. Со Договорот за осигурување осигурителот е обврзан:
а) во случај на доживување, по истек на осигурувањето, да му ја исплати паричната вредност од инвестициското портфолио на корисникот на осигурувањето. Вредноста на инвестициското портфолио претставува производ од бројот на купени удели во инвестициското портфолио и вредноста на уделите на последниот ден на тргување пред истек на Договорот за осигурување;
б) во случај на смрт, осигурителот е должен да ја плати осигурената сума во случај на смрт која е дефинирана на полисата за осигурување;
в) во случај на смрт, кога договорот за осигурување е капитализиран, осигурителот е должен да му го исплати на осигуреникот повисокиот износ од капитализираната осигурена сума или од вредноста на инвестициското портфолио на клиентот.
2. Осигурителот ќе го известува договарачот еднаш годишно, на датум одреден од осигурителот, за бројот на удели што се купени во инвестицискиот фонд по основ на неговата полиса по изминати 3 години од почетокот на полисата.
XVII. Исклучок и ограничувања на обврските на осигурителот
Член 25
1. Осигурителот нема обврска да го исплати минималниот осигурен износ за случај на смрт, туку само вредноста на инвестициското портфолио во месецот откако штетата ќе биде прифатена од осигурителот, доколку:
а) договарачот или корисникот на осигурувањето намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот;
б) смртта на осигуреникот настапила при обид за извршување или при извршување на судски казниво дело од страна на осигуреникот, договарачот или корисникот, како и при бегство по ваква активност, смртта на осигуреникот настапила со извршување на смртна казна;
в) смртта на осигуреникот настапила поради земјотрес или поради поплави; г) смртта на осигуреникот настанала поради детонации на експлозивни
средства, мини, торпеда, бомби или пиротехнички средства;
д) како последица на граѓанска војна, немири, востанија, насилства, воени операции или настани слични на војна, револуции, побуни, киднапирање или тероризам, дејствување на нуклеарна енергија и последици од атомска катастрофа;
ѓ) како директна последица од пандемија или епидемија утврдени од страна на соодветни државни тела (освен во случај ако е настаната од КОВИД 19, во тој случај осигурителот ќе ја исплати осигурената сума на корисникот);
е) смртта на осигуреникот настанала како последица на околности кои осигуреникот намерно ги премолчал или неточно ги пријавил.
2. Кај осигурувања склучени без посебна спогодба, осигурителот има обврска да ја плати само вредноста на инвестициското портфолио доколку смртта на осигуреникот настапи:
а) поради вршење на дејства во својство на посебен пилот (на пр. летач на змејови, возач на балон, возач на моторен змеј, скокач со падобран), пилот на хеликоптер или воен пилот;
б) поради занимање со некој опасен спорт (на пр. алпинизам, нуркање во длабочини);
в) поради учество на натпревари, трки или тренинзи со превозни средства кои се управуваат на земја, вода и воздух.
XVIII. Права на договарачот на осигурувањето пред настанување на
осигурен случај Член 26
Откуп и капитализација
1. По барање на договарачот на осигурувањето, осигурителот е должен да ја исплати откупната вредност на полисата доколку од почетокот на осигурувањето изминале најмалку три години, доколку во тој период биле платени сите осигурителни премии и доколку постои откупна вредност на полисата.
2. Откупната вредност се пресметува во зависност од вредноста на инвестициското портфолио на клиентот намалена за административните трошоци, на датумот на откуп на полисата.
3. Договарачот на осигурувањето може да бара капитализација (кај договорите со повеќекратно плаќање на премија) на осигурување без понатамошно плаќање на премија доколку од почетокот на осигурувањето изминала најмалку три години и доколку во тој период се платени сите осигурителни премии. Во тој случај обврска за плаќање на премија веќе не постои, а осигурувањето останува на сила до истек на Договорот за животно осигурување, само во случај кога вредноста на инвестициското портфолио на клиентот е позитивна. Доколку Договорот се капитализира, осигурителот има право од вредноста на инвестициското портфолио на клиентот да ги одбива трошоците за покривање на ризикот од смрт и трошоците за администрирање на полисата.
4. Ако договорот е капитализиран, договарачот има право на откуп по изминати 12 месеца од денот на реактивација на капитализираниот договор, доколку сите критериуми за тоа се задоволени, согласно овие Услови.
5. Право на барање на откуп на осигурувањето немаат доверителите на договарачот на осигурувањето, ниту пак корисникот на осигурувањето, но откупната вредност ќе му биде исплатена на корисникот на негово барање, доколку одредувањето на корисникот е неминовно.
6. Независно од претходниот став, откуп на осигурителната полиса може да бара доверител кому полисата му е предадена во залог, ако побарувањето за чие обезбедување е заложена полисата не се подмири при доспевање.
XIX. Промени во покритијата
Член 27
1. Договарачот на осигурувањето со повеќекратно плаќање на премијата може, најдоцна 60 (шеесет) дена пред почетокот на новата осигурителна година, по писмен пат, да побара промена на висината на премијата на осигурувањето, промена на начинот на плаќање и промена на дополнителното осигурување.
2. Ако при промената на Договорот во согласност со ставот 1 од овој член се зголеми осигурената сума, осигурителот го задржува правото да бара и дополнителни податоци (на пр., лекарски преглед). Ако во моментот на барање на промена која резултира со зголемување на осигурената сума, осигурителот
утврди дека осигуреникот не е целосно здрав, има право во согласност со тоа да ја пресмета зголемената премија на новоосигурената сума или да ја одбие побараната промена, а со тоа Договорот останува да важи каков што бил пред побараната промена.
XX. Корисник на осигурувањето
Член 28
1. Договарачот на осигурувањето може со договор или со друг правен акт, па и со тестамент, да го определи лицето на кое ќе му припадне правото од Договорот. Ако договарачот на осигурувањето не е и осигуреникот, за определување на корисник потребна е писмена согласност од осигуреникот.
2. Корисникот не мора да биде определен по име, туку е доволно актот да ги содржи неопходните податоци за негово определување.
3. Кога за корисник се определени деца или потомци, користа им припаѓа и на оние кои се родени по склучувањето на осигурувањето, а користа наменета за сопружникот припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот кога настапила смртта.
4. Кога за корисници се определени деца, потомци или воопшто наследници, а договарачот на осигурувањето не определил како да се изврши распределбата меѓу нив, тогаш распределбата ќе се изврши пропорционално на наследничките делови, а ако корисниците не се наследници, осигурената сума ќе биде поделена на еднакви делови.
Член 29
1. Ако корисникот е малолетно лице, надоместокот од осигурувањето ќе им се исплати на родителите, односно старателите.
2. Осигурителот има право од родителите или старателите да бара да обезбедат решение од надлежниот орган за да може да ја примат осигурената сума, односно надоместот кој му припаѓа на малолетникот.
Член 30
1. Осигурената сума што треба да му се исплати на корисникот не влегува во наследството на договарачот на осигурувањето, па ниту тогаш кога за корисници се определени неговите наследници.
2. Право на осигурената сума има само корисникот, и тоа од моментот на склучување на Договорот за осигурување и без разлика на тоа како и кога е определен корисникот.
3. Доверителите на договарачот на осигурувањето и осигуреникот немаат никакво право на осигурената сума договорена за корисникот. Меѓутоа, ако премиите кои ги уплатил договарачот на осигурувањето биле несразмерно големи во однос на неговите можности во моментот кога биле уплатени, неговите доверители може да бараат да им се предаде дел од собраната посебна резерва кој ги надминува неговите можности, ако се исполнети претпоставките според кои доверителите имаат право на поништување на правните активности на должникот.
XXI. Располагање со правата од осигурувањето Член 31
1. Сите права кои произлегуваат од Договорот за животно осигурување му припаѓаат на договарачот на осигурувањето сѐ додека не настапи осигурениот случај.
2. Сите изјави и барања од договарачот на осигурувањето се обврзувачки за осигурителот, доколку се составени во писмена форма и се доставени пред настанување на осигурениот случај.
3. Доколку лицето одредено како корисник почине пред настанување на осигурениот случај, осигурениот износ не им припаѓа на неговите законски наследници, туку на следниот корисник, а ако не е дефиниран следен корисник, тогаш на договарачот на осигурувањето. Своето право на осигурениот износ корисникот може да го пренесе на друго лице пред настанување на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност од договарачот на осигурувањето, во која мора да биде наведено името на лицето врз кое се пренесува правото. Доколку осигурувањето се однесува на животот на некое друго лице, потребна е иста таква согласност и од тоа лице.
4. Кога Договорот за животно осигурување е винкулиран, сите права од него ѝ припаѓаат на финансиската институција, освен ако осигуреникот не го исплати заемот предвремено. Доколку заемот е предвремено исплатен, финансиската институција е должна да му го предаде оригиналот од полисата на осигуреникот и да го извести осигурителот за прекинот на винкулацијата.
XXII. Обнова на Договорот за осигурување Член 32
1. Осигурувањето кое престанало да важи поради неплатена премија и е претворено во осигурување со намален осигурен износ без понатамошно плаќање на премија (капитализација), може да се обнови со писмено барање од договарачот на осигурувањето најдоцна во рок од 12 месеци од завршување на месецот за кој е платена последната премија. Договарачот на осигурување може да побара обнова само доколку Договорот за осигурување е претворен
во договор без понатамошно плаќање на премијата после третата година од почетокот на осигурувањето, и доколку се уплатени сите доспеани, а неплатени премии. Осигурителот има дискреционо право да одлучи дали ќе дозволи обнова на Договорот за осигурување.
2. Обврската на осигурителот која произлегува од обновеното осигурување започнува во 0:00 часот на денот кога осигурителот го прифатил барањето за обнова, но под услов до тој ден да се платени сите доспеани премии и здравствената состојба на осигуреникот да е поволна за прием во осигурувањето. Осигурителот е должен прифаќањето или одбивањето на барањето за обнова да го изврши во рок од осум дена од денот кога го примил барањето, доколку сите услови за обнова се исполнети. Доколку осигуреникот во тој рок не донесе одлука, се смета дека барањето е прифатено. Доколку барањето за обнова е поднесено во рок од 6 месеци од изминување на месецот за кој е платена премија, осигурителот е должен да го прифати барањето доколку здравствената состојба на осигуреникот е непроменета. Доколку осигуреникот во рок од две години по извршеното обновување почине од болест која ја премолчал во барањето за обновување, осигурителот ја исплаќа капитализираната осигурена сума која била валидна пред обновување на осигурувањето.
3. Доколку осигуреникот во рок од две години по извршена обнова на осигурувањето изврши самоубиство, осигурителот ја исплаќа вредноста на инвестициското портфолио во месецот откако штетата ќе биде прифатена од осигурителот.
XXIII. Пријава за осигурен случај
Член 33
1. Лица кои бараат право на осигурениот износ се должни при настапување на осигурениот случај да поднесат писмено барање на образец од осигурителот.
2. Кон барањето во смисла на претходниот став се поднесуваат и следниве документи:
• оригинал полиса за животно осигурување;
• копија од лична карта на осигуреникот;
• извод од матичната книга на умрени, доколку настапила смрт на осигуреникот;
• доказ за причина за смртта (со целокупна медицинска документација);
• здравствен картон и здравствена книшка од осигуреникот;
• изјава за законски наследници заверена на нотар;
• xxxxxx од лична карта или извод од матична книга на родени од законските наследници;
• друго.
3. Осигурителот има право да бара дополнителна медицинска документација во име на осигуреникот од здравствените установи и други докази кои се потребни за утврдување на правата на исплата.
XXIV. Исплата на осигурената сума
Член 34
1. Осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума во согласност со Договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот добил известување дека се случил осигурениот случај.
2. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ.
3. За осигурителните покритија при кои осигурената сума зависи од вредноста на инвестициското портфолио, вреднувањето на инвестициското портфолио ќе се врши на последниот датум на тргување во месецот кога штетата ќе биде комплетирана, а исплатата на осигурената сума ќе се врши во рок од 14 дена откако пресметката ќе биде завршена.
4. Осигурената сума се исплатува врз основа на член 5, точка 4 од овие Услови во денари, според средниот курс на НБРСМ, на денот на истекување на осигурувањето, а во случај на смрт на осигуреникот, на денот на пресметување на исплатата.
Член 35
1. Кога осигурителот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое би имало право на неа, ако договарачот не определил корисник, осигурителот се ослободува од обврската од Договорот, ако во моментот на исплата не знаел, нити можел да знае, дека корисникот е определен во тестаментот или во друг документ кој не му бил доставен, а корисникот има право да бара враќање од лицето кое го примило осигурениот износ. Истото важи и за промена на корисникот.
Член 36
1. Договорите за осигурувања поврзани со инвестициски фонд не подлежат на добивка препишана од осигурителот.
XXV. Издавање на дупликат полиса Член 37
1. На барање на договарачот на осигурувањето, осигурителот ќе ја замени изгубената осигурителна полиса со дупликат по достава на изјава за губење на таа полиса.
XXVI. Надомест на услуги
Член 38
1. Договарачот на осигурувањето е должен да плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурителот, во висина која ќе ја одреди и ќе ја побара осигурителот.
2. Договарачот на осигурување е должен, покрај договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци кои ќе бидат одредени со прописите.
3. Даночната регулатива која се однесува на договорите за осигурување на живот е пропишана во Закон за данок на личен доход, Закон за данок на добивка и Закон за ДДВ. Со промените во даночната регулатива се менуваат и основите за пресметување на даночните обврски кај договорите за осигурување на живот.
4. Согласно законот за ДДВ, член 23, точка 6, дејноста осигурување е ослободена од плаќање данок без право на одбиток на претходен данок.
XXVII. Застарување
Член 39
1. Побарувања кои се засноваат врз Договорот за осигурување застаруваат согласно одредбите од Законот за облигационите односи.
XXVIII. Вонсудско решавање на евентуалните спорови Член 40
1. Страните се согласуваат и прифаќаат дека сите спорови што ќе произлезат од овој Договор ќе се решаваат вонсудски кај осигурителот.
2. Страните се согласуваат дека за сите спорни прашања, жалби или недоразбирања што ќе произлезат од Договорот, веднаш ќе ја известуваат другата страна.
3. Известувањето од ставот 2 од овој член страните ќе го достават во писмена форма, од која со сигурност ќе бидат јасни неговата содржина, потписот на подносителот и времето кога било пратено.
4. Во врска со приговорите, барањата и сите други спорни прашања ќе одлучува второстепена комисија на осигурителот, која се состои од два члена, од кои најмалку еден е дипломиран правник.
5. Одговорот од второстепената комисија ѝ се доставува на спротивната страна во писмена форма, без никакви одложувања, најдоцна во рок од 30 дена од приемот на приговорот.
6. Во случај кога договарачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурителот не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, тој може да достави претставка со цел решавање на настанатиот спор до Агенцијата за супевизија на осигурување.
7. Во случај на судски спор, надлежен суд е судот 2 во Скопје.
XXIX. Заштита на личните податоци Член 41
1. Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување, ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје.
XXX. Завршни одредби Член 42
1. За односите меѓу осигурителот, осигуреникот, договарачот на осигурувањето и корисникот, како и другите засегнати лица, кои не се уредени со овие Услови, ниту пак со Договорот, ќе се применат одредбите од Законот за облигационите односи и другите прописи кои ги уредуваат тие односи.
2. Независно од другите одредби во овие Услови, осигурителот нема да смета дека треба да покрие или да изврши какви било исплати или да даде каква било услуга или поддршка на осигуреник или трето лице во онаа мера во која тие опфаќаат исплата, услуга, поддршка и/или деловна или активност на осигуреникот со што би прекршиле применливи санкции во врска со следново: трговија, финансиски ембарга, закони и регулативи, што се директно применливи за осигурителот. Применливи се следниве санкции: (i) локални санкции; (ii) Европска Унија (ЕУ); (iii) Обединети нации (ОН); Соединети Американски Држави (САД) и/или (iv) секакви други санкции применливи за осигурителот.
Член 43
1. Овие Услови стапуваат во сила на денот на нивното усвојување.
Акционерско Друштво за Осигурување Xxxxx Xxxx – Виена Иншуренс Груп Скопје
Претседател на Управен Одбор
Xxxxx Xxxxx
Член на Управен одбор
Xxxxxx Xxxx
Скопје, 01.06.2022 година
ПРИЛОГ 1
Надомест во случај на откуп:
Надомест во случај на откуп е надомест кој осигурителот го пресметува
средства за да ги подмири обврските поврзани со повлекување на удели од инвестицискиот фонд како резултат на неможноста брзо да се продадат финансиските средства по цена приближно еднаква на нивната реална вредност, пред сѐ поради моменталната неповолна побарувачка на пазарот. Друштвото ќе управува со ликвидниот ризик преку вложување во ликвидни хартии од вредност на
во случај на целосен откуп. Основа за пресметка на надоместот е вредноста на инвестициското портфолио на последниот датум на тргување во месецот кога е побаран откупот. Надоместокот при откуп е даден во табелите подолу:
најликвидните берзи.
Валутен ризик
Надомест при откуп на полиса со повеќекратно плаќање на премијата.
Изминати години | Надомест (% од инвестициското портфолио) |
од 4 до 5 | 7 % |
од 6 до 10 | 3,5 % |
над 10 | 2 % |
Видови на инвестициски ризици
Стратегијата согласно која се гради портфолиото на инвестицискиот фонд содржи средно ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните фондови или пак за фондовите кои инвестираат исклучиво во должнички хартии од вредност (обврзници), но во исто време е понизок од ризикот на оние инвестициски фондови кои исклучиво инвестираат во акции.
Инвеститорите треба да се свесни дека со вложувањето во инвестициски фонд преземаат определени инвестициски ризици, со оглед на фактот дека вредноста на финансиските инструменти на пазарот на капитал секојдневно се менува, т. е. вредноста на уделот може да расте или опаѓа и повратот на почетната инвестирана сума во секој момент не е загарантиран. Инвестицискиот ризик претставува веројатност приносот од вложувањето во определен момент да биде помал од очекуваниот или негативен.
Со цел претставување на реална слика во однос на овој вид вложување и донесување разумна одлука за купување на удели од инвестицискиот фонд, потенцијалните вложувачи се должни да го земат предвид универзалното инвестициско правило согласно кое очекуваниот принос на вложените средства е соодветен на ризикот кој се презема со тоа вложување, односно, колку е повисок очекуваниот принос на вложените средства толку е повисок и ризикот кој се презема. Со оглед на фактот дека со донесувањето на Проспект инвестицискиот фонд отпочнува со работа, за него не може да биде пресметан индикаторот на синтетички ризик и принос, согласно Одлуката за утврдување на начинот на пресметување на приносот по удел во отворен инвестициски фонд и за пресметување на волатилноста на инвестициски фонд од Комисијата („Сл. весник на Република Македонија “бр. 170/2010).
Валутниот ризик претставува форма на ризик која се јавува при
промената на цената на една валута во однос на друга. Инвестицискиот фонд во своето портфолио поседува хартии од вредност деноминирани во различни валути и можните промени на овие валути во однос на домашната валута може да доведат до зголемување или намалување на вредноста на уделите. Овој ризик Друштвото ќе го редуцира со диверзификација на портфолиото во различни странски валути.
Ризик од промена на даночните прописи
Ризикот од промена на даночните прописи претставува веројатност дека законодавната власт, во Република Северна Македонија или во странство, ќе ги промени даночните прописи на начин кој негативно би влијаел врз приносот на инвестицискиот фонд. Ризикот од промена на даночните прописи во целост е надвор од доменот на влијание на Друштвото.
Политички ризик
Можноста од евентуални политички кризи во земјите во кои инвестирал инвестицискиот фонд согласно Проспектот, може да доведе до промена на имотот на инвестицискиот фонд. За да се заштити од овој ризик, Друштвото ќе го инвестира имотот на инвестицискиот фонд на начин што ќе овозможи што помало изложување на пазарите на кои може да се очекува политичките кризи да имаат поголемо влијание.
Видовите ризици од кои директно или индиректно зависи работењето на инвестицискиот фонд и неговите резултати се следниве:
Пазарен ризик
Нето-вредноста на уделот во инвестицискиот фонд зависи од движењето на пазарните цени на хартиите од вредност кои се составен дел на портфолиото на инвестицискиот фонд. Намалувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до намалување на вредноста на портфолиото на инвестицискиот фонд и на остварените приноси, и обратно, зголемувањето на цената на хартиите од вредност може да доведе до зголемување на вредноста на портфолиото на инвестицискиот фонд и на неговите приноси. Со цел заштита од пазарниот ризик, Друштвото ќе се залага за негово минимизирање преку диверзификација на портфолиото, согласно со принципот на дистрибуција на ризикот.
Каматен ризик
Промената на каматните стапки може позитивно или негативно да се одрази врз вредноста на средствата на инвестицискиот фонд, а особено врз оној дел од средствата кој ќе биде инвестиран во депозити во овластени банки во Република Северна Македонија. Со цел намалување на овој ризик, Друштвото ќе ги орочува средствата од инвестицискиот фонд на различен временски период, до максимум една година.
Кредитен ризик
Кредитниот ризик претставува веројатност дека издавачот на одредена хартија од вредност нема да биде во состојба, во целост или делумно, да ги подмири своите обврски во моментот кога тие ќе доспеат. Неисполнувањето на обврските од страна на издавачите на хартии од вредност би имало влијание врз ликвидноста и би ја намалило вредноста на инвестицискиот фонд. Друштвото ќе го минимизира овој ризик со тоа што во своето портфолио инвестицискиот фонд нема да вложува во должнички хартии од вредност (обврзници).
Ликвиден ризик
Ризик поврзан со ликвидноста претставува веројатност дека инвестицискиот фонд во одреден момент ќе има тешкотии при изнаоѓање на