WLR3U-2/2019) Maj 2019, Скопје
ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ (БЕЗ РИЗИК) И
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ТРАЕН ИНВАЛИДИТЕТ ПОРАДИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
(WLR3U-2/2019)
Maj 2019, Скопје
I. Што е договорот за осигурување во случај на смрт и од што се состои
1. Договорот за осигурување е писмен договор кој ги уредува меѓусебните односи на договорните страни на истиот. Покрај овие услови, составен дел на договорот за осигурување е полисата и писмената понуда за осигурување. Со овој вид осигурување можно е да се договори и дополнително осигурување во случај на траен инвалидтет поради несреќен случај доколку тоа е посебно договорено и ако е платена дополнителна осигурителна премија.
2. За траен инвалидитет како осигурен случај во смисла на овие услови се смета целосната или делумната загуба на орган, како и целосното или делумното губење на функцијата на органот или на определени делови од органот што се утврдува по завршеното лекување.
II. Значење на поимите кои се користат во условите
Осигурувач: Акционерско друштво за осигурување XXXXX XXXX – Виена Xxxxxxxx Xxxx Скопје (во понатамошниот текст: „осигурувачот“). Страната од договорот за осигурување која има обврска да го реализира договорот за животно осигурување во однос на осигурените ризици.
Осигуреник: Страната од договорот за осигурување која склучила договор со осигурувачот и која има обврска да му ја плати на осигурувачот премијата од осигурувањето. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот мора да биде едно исто лице
Предпонуда: Предлог за склучување на договор за осигурување на живот,
Понуда: Официјален документ потпишан од страна на Осигуреникот и лиценцираниот агент кој ги содржи сите валидни параметри кои ќе бидат составен дел од полисата. Дата на понудата е денот на нејзиното потпишување.
Полиса: Документ за склучување договор за осигурување.
Прием во осигурување: Xxxxxxx на потишување на понудата и трансферот на премијата на сметка на Осигурувачот.
Осигурен случај: Настанување на смрт поради несреќен случај или утврден траен инвалидитет над 50%. Осигурена сума: Обврска на осигурувачот од договорот за осигурување врз основа на она што се договориле страните.
Осигурителна премија: Износот кој договорувачот на осигурувањето е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување.
Винкулација е доделување на правата за исплата од полисата за осигурување на живот на банката во случај на настанување на штета, односно настанување на осигурениот случај. Тоа значи дека доколку настане осигурениот случај, осигурителното друштво ќе и го исплати осигурениот износ на банката, наместо на корисниците. Винкулација на осигурување се врши во случај кога полисата за осигурување се користи за обезбедување на исплата на кредитот.
III. Понуда и полиса
Член 1
1. Договор за осигурување во случај на смрт- се склучува врз основа на писмена понуда. Понудата мора да биде потпишана од страна на осигуреникот.
2. Понудата за животно осигурување мора да ги содржи сите важни елементи кои се потребни за склучување на договорот за осигурување.
3. Сите податоци што се наведени во понудата мора да бидат точни и вистинити, а особено внимание да се обрати на одговорот на здравствените прашања наведени во истата.
4. Според податоците кои се наоѓаат во писмената понуда на животното осигурување, осигурувачот го задржува правото да бара дополнителни податоци (на пр. Лекарски преглед) за цели на склучување на договорот.
5. Осигурувачот има право да ја одбие предпонудата за осигурување, доколку е доставена врз основа на негативна изјава. Осигурувачот во овој случај ја известува Xxxxxxx за неприфаќањето.
6. Банката за потенцијалниот осигуреник за кој добила негативно известување по електронски пат од осигурувачот, нема да издаде понуда.
Член 2
1. Полиса како документ за склучен договор за животно осигурување се издава во еден оригинален примерок. Доколку полисата се винкулира во корист на банка, истата се издава во оригинален примерок на Банката и по барање на осигуреникот може да се издаде копија верна на оригиналот со сите опфатени елементи.
2. Полисата го содржи следното: број на полиса, назив на осигурувачот, правен статус, седиште и адреса и контакт телефон на друштвото за осигурување или осигурително брокерско друштво, во случај кога договорот е склучен преку друштво за застапување во осигурување или осигурително брокерско друштво; име и презиме на име и презиме на осигуреникот, ЕМБГ, ризиците опфатени со осигурувањето, почеток и датум на истекување на осигурувањето, осигурена сума, осигурителна премија, динамика на плаќање, корисник на осигурувањето во случај на смрт, Услови согласно кои е склучено осигурувањето, датум и место на издавање на полисата и потребните потписи.
3. Полисата содржи и предупредување дека Општите услови се составен дел од договорот за осигурување и дека се дадени на осигуреникот само по негово барање.
IV. Осигурен случај
Член 3
1. Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвестен и независен од исклучивата волја на осигуреникот.
2. Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, односно настанала смрт на осигуреникот од несреќен случај или утврден траен инвалидитет од над 50%, или тој бил во настапување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
V. Поим за траен инвалидитет поради несреќен случај
Член 4
1. За траен инвалидитет поради несреќен случај во смисла на овие услови се смета секој настан што е неизвесен и не зависи од волјата на осигуреникот и што, делувајќи главно однадвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица целосен или делумен траен инвалидитет на осигуреникот.
2. Инвалидитет е целосно или делумно губење на орган, трајно, целосно или делумно губење на функцијата на некој орган или на определени делови од органот што е утврдено по завршување на лекувањето.
3. Во смисла на претходниот став, следниве настани се сметаат за несреќни случаи: прегазување, судир, удар со некој предмет или во некој предмет, електричен удар или удар од гром, паѓање, лизнување, срушување, ранување со оружје, убод или каснување од животно или убод од инсект, освен ако со таквиот убод е предизвикана определено инфективно заболување.
VI. Склучување на договорот
Член 5
1. Договор за осигурување се смета за склучен кога осигуреникот ќе ја потпише писмената понудата и кога и ќе биде извршен трансфер на премијата на сметка на Осигурувачот од страна на Xxxxxxx.
2. Осигурителната полиса ја издава и ја потпишува осигурувачот.
3. Осигурувачот ја потпишува Полисата за осигурување при нејзиното издавање, а потписот на понудувачот во својство на Осигуреник во писмената понуда се сметаат како потписи на Полисата.
4. Осигурувачот е обврзан да ги прифати во осигурување сите понуди кои ги доставува Банката, а кои се зсновани на позитивна изјава од потенцијалниот осигуреник.
5. Осигурувачот е обврзан во рок од 5 работни дена по внесот на податоците од предпонудата преку апликацијата во електронска форма, кои се засновани на негативната изјава од потенцијалниот осигуреник, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да ја извести Банката дали ќе ја прифати или одбие доставената предпонуда. Ако осигурувачот не ја одбие понудата во тој рок, ќе се смета дека не ја прифатил понудата и дека договорот не е склучен.
6. Потенцијалниот осигуреник има право да се обрати до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето.
VII. Почеток и истек на осигурувањето и почеток и истек на дополнително осигурување во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
Член 6
1. Почеток и истекување на осигурувањето секогаш е во 00.00 часот првиот ден од месецот. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и во полисата.
2. Почетокот на осигурувањето по правило е првиот ден во месецот по месецот на поднесување на понудата и исплата на првата премија.
3. Обврската на осигурувачот започнува од денот на почнување на осигурувањето, односно денот на потпишување на понудата од страна на осигуреникот, ако до тој датум е исплатена целата премија.
4. Ако премија не е исплатена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувачот започнува во 24.00 часот на денот кога договорената премија ќе се плати во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
5. Животното осигурување важи до смртта на осигуреникот, а најдолго до 00.00 часот на денот кој на осигурителната полиса е назначен како истекување на осигурувањето.
VIII. Како се определува и како се плаќа премијата од осигурувањето
Член 7
1. Премијата на осигурувањето е утврдена согласно тарифите и условите на осигурувачот во зависност од возраста на осигуреникот, висината на осигурената сума и периодот на важност на осигурувањето.
2. Пристапната возраст на осигуреникот се пресметува како разлика од годината на почеток на осигурувањето и годината на раѓање на осигуреникот. Долната и горната граница на возраста се определуваат согласно тарифите и условите на осигурувачот.
3. За осигурување на лица кои имаат негативна изјава а осигурувачот процени врз основа на сопствените акти дека треба да примени зголемување на премијата од осигурувањето поради зголемените ризици, ја известува Банката и потенцијалниот осигуреник.
Член 8
1. Премијата од осигурувањето и осигураната сума се договараат во ЕУР и се плаќаат во денари.
2. Премијата се пресметува и наплатува врз основа на противвредност во денари на износот во евра, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) на денот на плаќањето.
Член 9
1. Премијата се плаќа однапред.
2. Премијата се плаќа во полниот износ, без смалувања за трошоците од платниот промет. Можните трошоци од платниот промет ги поднесува осигуреникот.
3. Премијата се плаќа во банка. Ќе се смета дека премијата е платена кога осигурувачот ќе ја прими уплатата.
IX. Обврски на осигуреникот на осигурувањето
Член 10
1. Кога се потпишува понудата од страна на осигуреникот, истиот има обврска да го информира осигурувачот за сите околности кои се важни за оцената на ризикот, а кои му се познати или пак морал да биде свесен за истите.
2. Ако осигуреникот намерно извести за неточни податоци или намерно премолчи некоја околност од таква природа, така што осигурувачот не би го склучи договорот ако знаел за реалната состојба на работите, осигурувачот може да бара поништување на договорот. Доколку полисата е винкулирана во корист на Банката, осигурувачот понатамошните активности ќе ги изврши во координација со Банката.
3. Во случај на поништување на договорот од причините наведени во став (2) на овој член, осигурувачот има право да ги задржи наплатените премии.
4. Осигурувачот го губи правото да бара поништување на договорот за осигурување во рок од 3 (три) месеци од денот откако ќе дознае за намерната неточност на пријавата или за премолчувањето доколку не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
5. Доколку настане осигурен случај како последица на некоја околност или ризик за кој осигуреникот не го информирал осигурувачот при склучување на договорот за осигурување иако знаел за реалната состојба,
осигурувачот нема обврска да ја исплати осигурената сума.
X. Обврски на осигурувачот во случај на настанување на траен инвалидитет поради
несреќен случај
Член 11
1. Кога ќе настане несреќен случај во смисла на овие услови, осигурувачот ги исплаќа износите што се договорени со договорот за осигурување, и тоа:
• Ако поради несреќниот случај настапил траен инвалидитет на осигуреникот над 50%, утврден од страна на лекар – проценител, се иплаќа осигурениот износ согласно Договорот за животно осигурување на Банката/Корисникот.
2. Ако кај осигуреникот постоел траен инвалидитет уште пред настанувањето на осигурениот случај, обврската на осигурувачот се утврдува согласно со новиот инвалидитет, независно од претходниот, освен ако осигуреникот не загуби или оштети веќе оштетен екстремитет, орган или зглоб.
3. Конечниот процент на инвалидитетот се утврдува по завршувањето на лекувањето, во времето кога кај осигуреникот, со оглед на повредите и настанатите последици, настапила состојбата на стабилизација, т.е. кога согласно со наодите на соодветниот лекар не може да се очекува состојбата да се влоши или подобри. Ако таквата состојба не настапи по истекувањето на третата година од денот на несреќниот случај, како конечна состојба се зема состојбата по истекувањето на тој рок и процентот на инвалидитет се утврдува согласно со неа.
XI. Обврски на Осигурувачот кон корисникот на осигурувањето
Член 12
1. Со овој договор за осигурување се утврдува осигурената сума која Осигурувачот треба да ја плати на Банката или доколку кредитот е предвремено исплатен осигурената сума ќе се исплати на законските наследници на осигуреникот, доколку за време на неговото важење настапи смрт на осигуреникот.
2. Кај животно осигурување само за случај на смрт, се исплаќа осигурената сума ако за време на важење на договорот настапи смрт на осигуреникот.
3. Осигурената сума во текот на траењето е линеарно опаѓачка како што е дефинирано во Договорот за животно осигурување.
XII. Кој може да биде осигуреник во договорот за животно осигурување
Член 13
1. Според овие услови може да се осигурат лица постари од 20 години па се до навршени 69 години, ако не е поинаку определено од осигурувачот. Максималната возраст за пристапување на осигуреник е определена со тарифникот на осигурувачот и зависи од договорениот период на важност на осигурувањето.
2. Лицата кои се болни или се во состојба која претставува зголемен ризик за осигурувачот, осигурувачот може да склучи осигурување според овие услови, но со плаќање на зголемена премија.
XIII. Случаи во кои одговорноста на Осигурувачот е исклучена или ограничена
Член 14
1. Ако осигуреникот изврши самоубиство во првата, втората или третата година од важноста на осигурувањето договорено со еднократно плаќање на премијата, осигурувачот ќе му ја исплати на банката/корисникот дотогаш собраната математичка резерва. По истекот на рокот од три години на траењето на осигурувањето, осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума на банката/корисникот.
2. Осигурувачот не е обврзан да му ја исплати на банката/корисникот Осигурената сума, туку само собраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
• како последица на граѓанска војна, немири, востанија, насилства, воени операции или настани слични на војна, револуции, побуни, киднапирање или тероризам,
• поради детонации на експлозивни средства, мини, торпеда, бомби или пиротехнички средства во рамки на околностите од првите две точка од овој став,
• при обид на осигуреникот или извршување на казнено дело, како и при бегство по таквата активност,
• поради земјотрес,
• поради поплави,
• како директна или индиректна последица од атомска катастрофа,
• како директна последица од пандемија, утврдена од страна на соодветни државни тела.
XIV. Располагање со правата од осигурувањето
Член 15
1. Сите права од договорот за животно осигурување и припаѓаат на Банката, освен ако Осигуреникот не го исплати кредитот предвремено. Доколку кредитот е предвремено исплатен, Xxxxxxx е должна да му ја предаде оригиналот полиса на Осигуреникот и да го извести Осигурувачот за прекинот на винкулацијата.
XV. Пријава за осигурен случај-во случај на смрт на осигуреникот
Член 16
1. Лицата кои имаат право на осигурен износ имаат обврска, кога ќе настапи случајот, да му поднесат на осигурувачот писмена пријава.
2. Заедно со пријавата од претходниот став се поднесуваат и следните документи:
• Оригиналот на полисата за животно осигурување
• Извадок од книгата на умрени
• Лекарска потврда од лекарот кој последен го лечел починатиот или ако немало лечење, потврда од друг лекар или службена потврда, во случај на смрт на осигуреникот
3. Осигурувачот има право да бара и други докази кои се потребни за утврдување на правата за исплата и висината на исплатата.
4. Документацијата која ја придружува пријавата од точка 2, под точка 2 и 4 се поднесува во оригинал или заверена копија. Трошоците кои настануваат врз основа на овие одредби ги поднесува подносителот на пријавата.
XVI. Пријавување на несреќниот случај-траен инвалидитет поради несреќен случај
Член 17
1. Осигуреникот што бил повреден поради несреќен случај е обврзан:
• веднаш да оди на лекар, односно да повика лекар поради преглед и обезбедување на потребната помош, и веднаш треба да ги преземе сите потребни мерки за лекување и да ги почитува лекарските совети и упатства во врска со лекувањето;
• за несреќниот случај да го извести осигурувачот во писмена форма, на формуларот на осигурувачот;
• во известувањето за несреќниот случај да му ги обезбеди на осигурувачот сите потребни извештаи и податоци, особено во врска со местото и времето на несреќниот случај, целосен опис на настанот, името на лекарот што го прегледал и упатил на лекување, или што го лекува, лекарскиот наод за видот и тежината на телесните повреди, за настанатите евентуални последици, како и податоци за телесните недостатоци и болестите што осигуреникот евентуално ги имал пред настанувањето на несреќниот случај.
2. Трошоците за лекарскиот преглед и за известувањето (првично и конечно лекарско уверение, повторен лекарски преглед и наод од специјалист), како и останатите трошоци што се донесуваат на докажувањето на околностите за настанувањето на несреќниот случај и правата од договорот за осигурување ги поднесува Банката доколку сеуште трае винкулацијата или законските наследници доколку кредитот е исплатен предвремено.
3. Осигурувачот е овластен и има право од осигуреникот, законските наследници, здравствената установа или кое било друго правно или физичко лице да бара дополнителни објаснувања и докази, како и да презема, на сопствен трошок, дејствија во поглед на лекарски преглед на осигуреникот од страна на своите лекари или лекарски комисии, заради утврдување на важните околности за пријавениот несреќен случај.
4. Ако осигуреникот доколку винкулацијата е укината не му го пријави несреќниот случај на осигурувачот, или не му ја достави целосната медицинска и останата документација, туку веднаш поведе судски спор против осигурувачот, таквата тужба ќе се смета за прерана. Сите трошоци за ваквата судска постапка, без оглед на исходот, ги поднесува тужителот.
XVII. Исплата на осигурената сума
Член 18
1. Осигурената сума ќе се иплаќа според податоците наведени во договорот за животно осигурување.
2. Осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума во согласност со договорот за осигурување, во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурувачот добил известување дека се случил осигурениот случај.
3. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, најкасно до 30 дена овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ односно од денот кога кај осигурувачот пристигнал последниот доказен документ.
4. Осигурениот износ се исплатува врз основа на членот 17 од овие Услови во денари, според средниот курс на НБРСМ на денот на пресметување на исплатата.
XVIII. Во случај кога кредитот е предвремено исплатен
Член 19
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката односно кога кредитот е предвремено исплатен, кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое би имало право на истата, осигурувачот се ослободува од обврската од договорот, ако во моментот на исплата не знаел, нити можел да знае, дека корисникот е определен во тестаментот или друг документ кој не му бил доставен, а корисникот има право да бара враќање од лицето кое ја примило осигурената сума.
XIX. Корисник на осигурувањето
Член 20
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, корисници на осигурувањето се законски наследници.
Член 21
1. Во случај на прекин на важноста на винкулацијата во корист на Банката, ако корисникот е малолетно лице, надоместокот од осигурувањето ќе му се исплати на родителите, односно старателите.
2. Осигурувачот има право од родителите или старателите да бара да обезбедат решение од надлежниот орган за да може да ја примат осигурената сума, односно надоместот кој му припаѓа на малолетникот.
XX. Издавање дупликат од полисата
Член 22
1. На барање на Осигуреникот на осигурувањето (доколку кредитот е предвремено исплатен, за што добил известување од Банката) или на Банката на чие име е винкулирана полисата, осигурувачот настанатата осигурителна полиса ќе ја замени со дупликат по достава на изјава за губење на таа полиса која треба да е нотарски заверена.
XXI. Застарување
Член 23
1. Побарувањата од договорот за животно осигурување застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи.
XXII. Решавање спорови
Член 24
1. Страните се согласуваат и прифаќаат дека сите спорови што ќе произлезат од овој договор ќе се решаваат вонсудски кај осигурувачот.
2. Страните се согласуваат дека за сите спорни прашања, жалби или недоразбирања што ќе произлезат од договорот веднаш ќе ја известуваат другата страна.
3. Известувањето од ставот 2 од овој член страните ќе го достават во писмена форма, од кој со сигурност ќе биде јасна неговата содржина, потписот на подносителот и времето кога било испратено.
4. Во врска со приговорите, барањата и сите други спорни прашања ќе одлучува второстепената комисија на осигурувачот која се состои од два члена, од кои најмалку еден е дипломиран правник.
5. Одговорот од второстепената комисија се доставува на спротивната страна во писмена форма, без никакви одложувања, најдоцна во рок од 8 дена од прием на приговорот.
6. Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел решавање на настанатиот спор до Агенција за супевизија на осигурување
7. Во случај на судски спор, надлежен суд е судот во Скопје.
XXIII. Завршни одредби
Член 25
1. Во врска со односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот на осигурувањето, корисникот и другите лица на кои се однесува договорот, а кои не се опфатени со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
2. Независно од другите одредби во овие услови, осигурителот нема да смета дека треба да покрие или да изврши какви било исплати или да пружи каква било услуга или поддршка на осигуреник или трето лице во онаа мера, во која тие опфаќаат исплата, услуга, поддршка и/или деловна или активност на осигуреникот што би прекршиле применливи санкции во врска со следново: трговија, финансиски ембарга, закони и регулаиви, што се директно применливи за Осигурувачот. Применливи се следниве санкции: (i) локални санкции; (ii) Европска унија (ЕУ); (iii) Обединети Нации (ОН); Соединети Американски Држави (САД) и/или
(iv) секакви други санкции применливи за осигурителот“.
Член 26
1. Овие услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување.