Со цел промовирање на екологијата и еколошки одговорното однесување во една поинаква и несекојдневна форма, компанијата Пакомак промовира нов тренд- екологија во музиката (еко музика). За оваа цел, Пакомак потпиша договор за соработка со Пасворд...
Пакомак и Пасворд Продакшн промовираат нов тренд- екологија во музиката
Добрите еколошки навики треба да станат дел од музичките настани во Македонија
Со цел промовирање на екологијата и еколошки одговорното однесување во една поинаква и несекојдневна форма, компанијата Пакомак промовира нов тренд- екологија во музиката (еко музика). За оваа цел, Пакомак потпиша договор за соработка со Пасворд Продакшн- продукциска куќа за организација на музички настани во Македонија. Овие две компании со заеднички напори ќе се потрудат добрите еколошки навики да станат дел од музичките збиднувања во Македонија, посетителите на настаните и самите учесници да се однесуваат еколошки одговорно и во согласност со зaповедите за грижата на околината, што на крајот би влијаело за подигнување на колективната еколошка свест.
„Пакомак е главен иницијатор на големата еколошка акција во скопските училишта, досега поддржа многу манифестации од културен, социјален и спортски карактер, а отсега ќе биде присутен и на концертите и музичките настани во Македонија. Пакомак ќе биде партнер на сите идни настани и концерти кои ќе бидат во организација на оваа продукциска куќа. Континуирано ќе ги потсетуваме сите присутни да се однесуваат еколошки одгововорно и да ја чуваат нашата околина. За почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почиста животна средина, треба сите и локално да дејствувамеˮ- изјави Ико Брдароски, менаџер за корисници во Пакомак.
„Нашата компанија уште од првиот ден на своето постоење, се грижи за унапредувањето на својата општествена одговорност и грижата за околината. Нашето работење во оваа област го доби и признанието Green&Clean, награда за исполнување на строгите еколошки критериуми поставени од европската Фестивалска асоцијација YOUROPE. Во таа насока и под ова мото ќе ги организираме сите настани оваа година, работејќи на развивање на еколошката свест, како за јавноста пошироко, така и за посетителите на нашите настани. Присуството на Пакомак на настаните организирани од Пасворд Продакшн ќе значи учество во една нова еколошка приказна која заедно ќе ја создаваме и развиваме.ˮ-изјавија од Пасворд Продакшн.