УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул.„Максим Горки“ бр.6, Скопје, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 403099322736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница:www.unibank.mk, е- пошта: unibank@unibank.com.mk,...
Се применуваат од 01.01.2023 година ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
I.ОПШТИ ОДРЕДБИ
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул.„Xxxxxx Xxxxx“ xx.0, Xxxxxx, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 403099322736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница:xxx.xxxxxxx.xx, е- пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, телефон за контакт: 02 3 111-111.
Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија.
(во понатамошниот текст: Xxxxxxx)
1.1. Претходни податоци
1.1.1. Врз основа на одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи (ЗПУПС), Законот за трговските друштва, Законот за облигационите односи, Законот за банките и другите позитивни законски прописи кои важат во РСМ, УНИ Банка АД Скопје како давател на платежни услуги му обезбедува и дава информации за користење на платежните услуги на Корисникот на платежни услуги во хартиена форма или на друг траен медиум во едноставна и сеопфатна форма, со употреба на разбирливи зборови. Овие информации Xxxxxxx ги дава на Xxxxxxxxxx пред склучување на договор според важечките општи услови за користење на платежни услуги . Тарифникот за надоместоци и провизии, како и посебните услови коишто важат за соодветни платежни услуги ќе бидат достапни за корисниците на платежни услуги во хартиена форма во експозитурите на Банката, на интернет страницата xxx.xxxxxxx.xx, во системот за електронско Банкарство на xxxxx://x-xxxxxxx.xx, како и на мобилната апликација „Мy UNIBANK“, или на друг соодветен начин на траен медиум, кој ќе биде разбирлив и во достапна форма на македонски јазик.
1.1.2. Од страна на Банката на барање на корисниците им се доставува Тарифник за надоместоци и провизи поврзани со платежната сметка. Целосните информации за надоместоците и провизите кои што се плаќаат за сите услуги, што ги дава Банката, се содржани во Тарифникот за надоместоци и провизии.
1.1.3. Заштита на лични податоци
Согласно Законот за заштита на личните податoци на Република Северна Македонија, УНИ Банка АД Скопје е дефинирана како Контролор кој собира и обработува лични податоци за своите клиенти - корисниците на платежни услуги и Банкарски картички.
При обработка на нивните лични податоци, УНИ Банка АД Скопје води грижа и го почитува правото на приватност и постапува во согласност со Закон за заштита на лични податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), но и во согласност со член 126 од Законот за платежни услуги и платни системи.
Личните податоци на клиентите-корисници на платежни услуги и Банкарски картички се обработуваат законито доколку е исполнет барем еден од правните основи од член 10, став 1 од ЗЗЛП, односно доколку обработката на личните податоци е потребна: за исполнување на законска или договорна обврска, за заштита на суштински интереси на клиентот, за вршење на работи од јавен интерес, за цели на легитимен интерес на Банката или доколку обработката се заснова на дадена согласност од страна на клиентот.
Во насока на транспарентност, постапувајќи согласно член 16 од ЗЗЛП, УНИ Банка АД Скопје на својата веб страница објавува Изјава во врска со обработката на личните податоци на клиентите – корисници на платежни услуги и Банкарски картички, која содржи информации за идентитетот и контакт податоците на Банката како Kонтролор, контакт податоците на офицерот за заштита на лични податоци, целите и правната основа за обработка на личните податоците, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците или категориите на корисници на податоците, преносот на лични податоци надвор од државата и други информации согласно членовите 17 и 18 од ЗЗЛП, потоа информации за правата на клиентите согласно членовите од 19 до 26 од ЗЗЛП, како и информации за техничките и организациски мерки за заштита на личните податоци што ги презема Банката, согласно член 38 од ЗЗЛП.
Лични податоци што ги обработува Банката, ги обезбедува лично од клиентите во оригинална форма при склучувањето и во текот на траењето на деловниот однос, а дополнително, и колку што е потребно за обезбедување на услугите, Банката обезбедува податоци од јавно достапни извори (на пр., Кредитен регистар, Агенција за катастар на недвижности, Управа за јавни приходи, КИБС АД Скопје, извршители, нотари, кредитни бироа, Финансиска полиција, Јавно обвинителство, како и други институции регулирани со Законот за банки или кои се пренесени од трети лица овластени со закон).
Банката ги ажурира личните податоци на клиентите, а најновата верзија може да ја добиете на хартија, или во електронска форма, во секое време во експозитурите на Банката и на интернет страницата на УНИ Банка АД Скопје: xxxxx://xxxxxxx.xx.
XX.XXXXXXX
2.1. Овие општи се однесуваат на условите за отворање и користење на платежната сметка, транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги, правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги, транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги, постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги, платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над платежните институции, како и други прашања поврзани со платежните услуги и платните системи.
Со овие општи услови се уредува извршувањето на платежните трансакции како:
2.1.1. услуги поврзани со депонирање/подигање пари во готовина на/од сметка, како и поврзани трансакции за водењето на сметката;
2.1.2. извршување на платежната трансакција вклучувајќи пренос на средства на сметката на Корисникот кај Банката, или кај друг давател на платежни услуги, вклучително и кога средствата се дел од кредит кој му е доделен на Корисникот на платежните услуги, како и периодичните трансфери;
2.1.3. издавање и користење на дебитни картички;
2.1.4. давање на информативни услуги и известувања и
2.1.5 други услуги за плаќање и сродни услуги.
2.2. Банката има право да ја проширува, или да ја ограничува понудата на услуги/ производи коишто ги нуди, да ја менува постапката и условите за отворање и одржување сметки, да го прекинува водењето на одреден тип на сметка/производ, како и да ја менува цената, постапката и условите за прифаќање и извршување на налозите на клиентите, коишто се засновани на промените во постоечкото законодавство, на условите на пазарот, управувачката политика, безбедносните ставови, или подобрувањата на соодветната услуг /производ. Банката го известува Корисникот за промените, за новите услуги и посебните правила и услови за нивно користење, во согласност со овие општи услови и не сноси одговорност за
претрпените штети и за изгубените придобивки, како резултат на ограничување на опсегот на услугите.
2.3. Овие општи услови ги содржат општите одредби на Рамковниот договор врз основа на одредбите ЗПУПС. Банката и Корисникот на платежни услуги склучуваат Рамковен договор за платежни услуги со кој се уредува идното извршување на поединечни и последователни платежни трансакции, како и правата, обврските и условите за отворање, одржување и затворање на платежна сметка.
Во зависност од барањето на корисниците може да се склучат посебни договори или анекси кон истите врз основа на поднесено барање за производ/услуга врзан со сметката.
2.4. За прашањата коишто не се уредени со овие општи услови, ќе се применуваат посебните одредби и услови коишто важат за конкретниот производ, или услуга.
III.ВИДОВИ НА ПЛАТЕЖНИ СМЕТКИ
3.1. Банката ги отвара и одржува следниве видови на платежни сметки:
3.1.1. Платежна сметка која се користи за извршување на платежни трансакции. Позитивна камата на истата се одобрува еднаш месечно, освен при затворање на сметката, кога каматата се пресметува и плаќа на денот на затворањето на истата.
3.1.2. Платежна сметка со основни функции за физички лица. Истата се отвора и гласи во денари.
3.2. Видот на сметката и конкретните услови за нејзиното водење и сервисирање, коишто се различни од дефинираните во овие општи услови, се изрично договорени помеѓу Банката и Корисникот на платежни услуги на сметката, со договорот.
IV.ОТВОРАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
4.1. Корисник на платежни услуги може да биде правно или физичко лице, резидент или нерезидент.
4.2. За отворање на сметка, се доставува следната документација согласно видот на Корисникот на платежни услуги:
Резиденти- правни лица:
⮚ Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар односно од регистарот на надлежен орган не постар од 3 (три) месеци, или акт за основање, ако правниот субјект не се запишува во регистар, или извадок од закон ако правниот субјект е основан согласно со закон или решение за отварање стечајна постапка односно известување од ЦР. Учесникот ги доставува оригиналите на увид, а Xxxxxxx задржува фотокопија;
⮚ Заверен потпис на лицата овластени за застапување (ЗП Образец) оригинал или копија заверена на нотар;
⮚ Xxxxxxxx на потписи на лицата кои имаат право да потпишуваат налози и да располагаат со средствата од сметката;
⮚ Копија од актот или одлуката каде се докажуваат полномошната на лицата за располагање со средствата од сметката (освен кога законскиот/те застапник/ци е/се единствени лица кои располагаат со средствата на сметката) и
⮚ Важечка лична или патна исправа на лицата овластени за застапување и на лицата овластени за располагање со средствата на сметката.
Резиденти-физички лица:
⮚ Важечка лична или патна исправа преку која се утврдува постојаното место на живеење во РСМ;
⮚ За нерезиденти кои согласно законската регулатива имаат третман на резиденти - важечка виза за престој односно работна виза во траење од најмалку 6 (шест) месеци од која може да се утврди местото на привремен престој во РСМ;
⮚ Кон барањето барателот доставува и примерок од потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негова сметка (анг.Specimen) и нивен важечки докумeнт за лична идентификација. Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на Нотар;
Нерезиденти – правни лица и претставништва на странски фирми:
⮚ Поднесен оригинал или заверен препис од документот за регистрација од домицилната земја не постар од 3 (три) месеци од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето законскиот застапник и дејноста која ја врши;
⮚ Превод од регистрација од овластен судски преведувач, заверен на Xxxxx;
⮚ Документ за идентфикација на дејноста. Доколку не може да се утврди од изводот од регистарот каде се води правното лице треба да се обезбеди;
o Изјава од управителот/те на нерезидентот правно лице за основната дејност заверена од нотар,
o Изјава од нотар дека во соодветна земја при регистрација на правното лице во содветната земја немаат обврска да определат дејност;
o Копија од статут или друг документ за основање;
⮚ Важечки документ за лична идентификација на законскиот застапник;Копија од актот или одлуката каде се докажува овластувањата на лицата за отварање/работење со сметката, потпишан од законскиот застапник x
⮚ Xxxxxxxx на потписите на лицата кои ќе отвараат/работат со сметката потпишан од законскиот застапник и нивен важечки докумeнт за лична идентификација.
Нерезиденти – дипломатски претставништва на странски земји или меѓународни организации:
⮚ Документ издаден од Министерството за надворешни работи на РСМ или решение за упис или тековна состојба од трговски регистар и ргистарот на други правни лица од регистарот на Централен регистарна РСМ
⮚ Важечки документ за лична идентификација на одговорното лице;
⮚ Xxxxxxxx на потписите на лицата кои ќе отвараат/работат со сметката потпишан од одговорното лице и нивен важечки документ за лична идентификација.
Нерезиденти-физички лица
⮚ Важечка патна исправа или важечка лична карта ако лицето доаѓа од земја членка на ЕУ или од држава со која РСМ има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување од која се утврдува постојано место на живеење во странство;
⮚ Доколку во документот недостига податокот за адреса на живеење, потребно е да се достави дополнителен документ со адресни податоци;
⮚ Важечки документ за лична идентификција на законскиот застапник како и доказ дека лицето е законски застапник x
⮚ Xxxxxxxx на потписи на лицата кои ќе располагаат со средствата од сметката потпишан од сопственикот на сметката или неговиот законски застапник, и нивен важечки документ за лична идентификација.
4.3. При отворање на сметката, Xxxxxxx може да побара од нерезидентот и друга документација согласно со своите интерни акти, како и податоци за контакт со нерезидентот.
4.4. Банката овозможува отворање на сметки со лично присуство во експозитурите на Банката или отворање на сметка од далечина преку каналите на електронските сервиси на Банката.
4.5. Банката врши проценка и одлучува по барањето за отворање сметка.
4.6. Банката може самостојно да отвори сметка на име на Корисникот на платежни услуги потребна за извршување на одредено плаќање или друга Банкарска услуга што ја бара Корисникот на платежни услуги, како и да ја затвори оваа сметка по извршување на услугата за која била потребна сметката за што Корисникот на платежни услуги, со потпишување на конкретниот договор со Банката, дава изрична согласност.
4.7. При отворање на валутна сметка, Xxxxxxx ја означува со меѓународен број на платежната сметка (IBAN) утврдена согласно со меѓународните правила и стандарди.
4.8. За отворање на сметката, Корисникот на платежни услуги на сметката плаќа провизија на Банката во согласност со важечката Тарифа за надоместоци и провизии.
4.9. Банката води Регистар на сите сметки кој што се отворени во Банката. Податоците во тој регистар Xxxxxxx ги пополнува врз основа на доставената документација приложена со барањето за отварање на сметките и од документацијата доставена за промена на одредени податоци приложена со барањето за промена.
4.10. Податоците од регистарот на платежни сметки во денари, Банката, согласно законската регулатива го доставува до единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).
4.11. Корисникот на платежни услуги е должен да ја извести Банката за сите статусни и други промени, најдоцна во рок од 7 (седум) дена од денот на настанување на промената. Со барањето за промена, Xxxxxxxxxx е должен да достави и соодветна документација.
4.12. Банката ќе врши ажурирање на податоците на Корисникот на платежни услуги при поднесување на барање за промена на податоци од страна на клиентот, како и почесто, а по проценка на Банката.
4.13. Промена на лицата овластени за застапување на правните лица, Корисникот на платежни услуги ја докажува со решение за упис на промената во Централен Регистар на РСМ.
ПЛАТЕЖНА СМЕТКА СО ОСНОВНИ ФУНЦИИ (ПСОФ)
4.14. Банката ќе отвори Платежна сметка со основни функции (ПСОФ) во денари на физичко лице со законско престојувалиште во РСМ и на физичко лице на кое му е одбиено барање за престој и чие напушатање на РСМ не е можно поради правни или други практични причини.
4.14.1. За отворање на ПСОФ, од потрошувачот се бара лично да поднесе, во просториите на Банката, барање за отворање на сметка со основни функции (форумулар на Банката), писмена изјава дека нема отворено платежна сметка во денари во Банката или кај друг давател на платежни услуги во РСМ и да ги приложи документите за лична идентификација.
4.14.2. За малолетни лица и лица со одземена/без деловна способнст , ПСОФ може да отвори законски старател, односно старател определен од надлежен орган/суд.
4.14.3. Врз основа на склучени посебни договори за ПСОФ, услугите може да се даваат и преку електронско банкарство, предвидени според видот и функционалноста, во соодветниот договор. Потрошувачите, по свој избор и желба, можат да ги користат дополнителните услуги коишто ги дава Банката на сметката, со провизии во согласност со Xxxxxxxx и со договорот склучен со Банката, за соодветната услуга, при што користењето дополнителни услуги не е услов за отворањето на ПСОФ.
4.14.4. Банката ќе одбие да отвори ПСОФ, тогаш кога отворањето би довело до повреда на одредбите утврдени во законодавството за спречување перење пари и финансирање тероризам.
4.14.5. Xxxxxxx ќе ја отвори ПСОФ во денари врз основа на потпишано барање на потрошувачот веднаш, но не подоцна од 10 (десет) работни дена од приемот на барањето и сите потребни документи. Отварањето на сметката подразбира склучување на рамковен договор. Банката во истиот рок може и да го одбие барањето доколку:
1) потрошувачот веќе има отворено платежна сметка во денари кај истиот или друг давател на платежни услуги во РСМ која му овозможува да ги користи платежните услуги;
2) воспоставувањето деловен однос на давателот на платежни услуги со потрошувачот кој го поднел барањето е спротивно на прописите со кои се уредува откривањето и спречувањето перење пари и финансирање тероризам;
3) не изминал период од најмалку 12 месеци од датумот на еднострано раскинување на рамковниот договор за платежната сметка со основни функции;
4) доколку потрошувачот не доставил писмена изјава од точа 4.14.1.
4.14.6. Доколку Xxxxxxx го одбие барањето за отворање на ПСОФ, по писмен или електронски пат, без надоместок, ќе го извести барателот за одбивањето со образложение на причините за истото, освен во случај кога откривање на причините за одбивањето би било спротивно на целите на националната безбедност, јавниот ред и мир или прописите со кои се уредува откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризмот.
4.15. Платежната сметка со основни функции се отвора и гласи во денари.
4.16. Потрошувачот може да извршува неограничен број на платежни трансакции, во работните простории на Банката и/или онлајн со користење на електронските сервиси на Банката.
4.17. ПСОФ не смее да располага со дозволено пречекорување.
4.18. Xxxxxxx не пресметува и не наплатува надоместок доколку Потрошувачот и припаѓа на групата на корисници на следниве законски права:
• законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
• надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
• парична помош од социјална заштита;
• привремена невработеност;
• додаток на деца и
• стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
4.19. Банката ќе ги обезбедува услугите на платежната сметка со основни функции во обем и тарифи утврдени во согласност со ЗПУПС и важечкатаТарифа за надоместои и провизии која е достапна на корисниците во експозитурите на Банката, како и во електронска форма на веб-страната на Банката xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xx.
4.20. Банката на Потрошувачот и на Потрошувачите корисници на законски им дозволува извршување на минимум 5 (пет) бесплатни интерни кредитни трансфери и платни налози, доколку се иницирани кон платежна сметка на примач во Банката извршени на шалтерите во работните простории или преку е-банкарство, а другите надоместоци врз основа на прифатената Тарифа
4.21. Доколку не е изрично наведено поинаку, сите други одредби од овие општи услови се применуваат и важат помеѓу страните во однос на ПСОФ и услугите што се
обезбедуваат преку него, и во случај на конфликт помеѓу условите за други платежни сметки и условите за ПСОФ, ќе се применуваат условите за ПСОФ коишто се наведени во ЗПУПС, во оваа глава и во Рамковниот договор за отворање и водење на платежна сметка со основни функции и давање на платежни услуги.
4.22. Потрошувачите корисници на законски права се обврзуваат редовно да ја известуваат Банката за својот статус, а во случај на губење на истиот должни се веднаш писмено да ја известат Банката.
V.ОДРЖУВАЊЕ (ВОДЕЊЕ НА СМЕТКА)
4.23. Одржување на платежна сметка е услуга која Банката ја нуди за водење на платежна сметка која нема статус на неактивна платежна сметка (дефинирана во ЗПУПС), како би можела истата да се користи од страна на Корисникот на платежни услуги за извршување на платежни трансакции.
4.24. Банката и Xxxxxxxxxx на платежна сметка склучуваат рамковен договор за платежни услуги според кој, Xxxxxxx ќе се смета за уредно овластена да прима парични средства во негово име и за негова сметка и да ја заверува сметката со нив преку безготовински трансфери и депонирање пари во готовина, без разлика кој е налогодавачот / вложувачот при овие трансакции.
5.3 Банката на барање на Корисникот на платежна сметка може да му отвори една или повеќе платежни сметки во денари и во различни валути, без разлика на нивните карактеристики или намена.
5.4 Платежни трансакции на сметката на Корисникот на платежната сметка може да издаде овластеното лице за располагање со средствата на платежната сметка, Банката врз основа на договорни овластувања, решенија за присилна наплата или врз основа на рекламација за исправка на грешка.
5.5 Освен ако не е поинаку договорено, Корисникот на платежната сметка може да овласти други лица да управуваат со сметката, како и да ги извршуваат платежните услуги изрично наведени во овластувањето.Таквото овластување Xxxxxxx го прифаќа само доколку е дадено во писмена форма, со полномошно заверено на нотар.
5.6 Банката може да одбие да прифати полномошно ако обемот на правата на овластеното лице не е јасно и целосно дефиниран, или ако не ги исполнува условите наведени во овие Општи услови, Договорот или договорените услови за одредени видови на платежни услуги.
5.7 Банката ќе ги верификува доставените документи, вклучително и полномошниците и потписите на нив во моментот на поднесување и нема да одговара за било какви штети настанати од извршување на платежни трансакции, вклучително и подигање на готовина, врз основа на документи кои, во моментот на поднесување биле лажни или со невистинита содржина.
5.8 Промените во овластувањата доставени до Банката, вклучително и нивното повлекување, ќе стапат на сила во однос на Банката од моментот кога Xxxxxxx била писмено известена за промената од страна на Корисникот на платежната сметка, со депонирање на соодветните документи во просториите на Банката каде што се води сметката.
5.9 Кога Xxxxxxxxxx на платежната сметка, е малолетно или деловно неспособно лице, со сметката може да се работи само со дозвола од Центарот за социјална работа, освен во случај на наменско трошење на средствата собрани со донација во согласност со договорот потпишан со Xxxxxxx.
5.10 Банката им дава информации за расположливите сметки на починат Корисник на платежна сметка, само по барање на овластено лице согласно Закон, на неговите наследници, по доставувањето на оригинален извод од матична книга на умрените и
решение за наследниците на починатото лице, а за наследниците определени со тестамент, по објавувањето на тестаментот, во согласност со постапка предвидена во Законот за наследување и приложување на примерок од истиот. За сите други прашања коишто може да се појават, вклучително и располагањето со овие сметки, важат правилата на Банката и важечкото македонско законодавство.
5.11 Банката прифаќа извршување на сметките во согласност со важечката законска регулатива.
5.12 Извршувањето на сметката, или појавата на друга неможност за располагање на налогодавачот, да располага со средствата на неа, го прекинува извршувањето на нарачаните излезни трансфери, вадењето на пари, се додека не престане причината којашто го спречува нивното извршување.
5.13 Преносите се вршат во валутата наведена од страна на Корисникот на платежна сметка во платежниот документ. Кога при извршувањето на платежната трансакција, се задолжува / одобрува во валута различна од валутата на трансакцијата, доколку не е поинаку договорено, Банката ја врши менувачката трансакција со користење на курсот на Банката, во моментот на трансакцијата, со провизии согласно со Тарифата.
5.13.1 Преносот на средства во странска валута, различна од валутата на сметката може да резултира со намалување, или зголемување на износот. Со склучувањето на договор според овие општи услови, Корисникот на платежна сметка потврдува дека е однапред информиран и дека преносот во валута различна од онаа на сметката, е негов личен, информиран избор.
5.14 При вршењето на пренос и плаќања од сметката, Xxxxxxx не го контролира предметот и не ја следи законитоста на трансакциите во врска со кои се врши платежната услуга, освен ако со регулаторен акт не биде предвидено нешто друго. Xxxxxxx не е одговорна за вообичаеното Банкарско посредување во трансакциите на Корисникот на платежна сметка, склучени со прекршување на правните акти.
5.15 Корисникот на платежна сметка се обврзува да внимава и да ја користи сметката во согласност со постојната регулатива, барањата на Банката, овие Општи услови и специфичните услови за конкретната платежна услуга, пропишани во договорот потпишан со Банката. Корисникот на платежна сметка нема да дозволи користење на сметката, лично или преку трети лица, за измамнички или незаконски цели, нема да ја загрозува безбедноста на сметката или на сметките на други клиенти преку неовластени обиди за пристап, ниту да врши било какви дејствија што би можеле да наштетат на угледот или кредибилитетот на Банката.
5.16 Доколку за Банката постојат или настанат обврски чие исполнување е определено со статусот на Корисникот на платежна сметка како резидент или нерезидент , Xxxxxxx ќе ги исполнува тие обврски во согласност со статусот наведен од Имателот на сметката. Сите штети кои произлегуваат од неправилно наведување на тој статус од страна на Корисникот на платежна сметка ќе бидат на негов товар.
5.17 Корисникот на платежна сметка ќе биде одговорен за секоја штета што ја предизвикал директно или индиректно на Банката поради неусогласеност со банкарските барања или такво користење на сметката што е неправилно, незаконско или неконзистентно со овие општи услови.
5.18 За одржување (водење) на сметката Xxxxxxx пресметува и наплатува провизија согласно Тарифата на Банката, во зависност од видот на сметката и користените услуги.
5.19 Банката ќе врши ажурирање на податоците на Xxxxxxxxxx:
• при поднесување на барање за промена на податоци и/или рокот на важност во документот за идентификација од страна на клиентот,
• по проценка на Банката и
• веднаш после истекот на рокот на важноста на документот за идентификација.
Корисникот има обврска ја извести Банката, во писмена форма, за настанатите статусни и други промени (промена на податоците и рок на важност во документ за идентификација), како и измени на лицата кои се овластени да располагаат со сметката, во законски предвидените рокови, а најмалку веднаш после истекот на рокот на важноста на докумантот за идентификација.
Банката може да не му дозволи на Корисникот да врши одлив преку сметката, сѐ до ажурирањето на потребната документација (ограничена сметка).
ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
5.20 Сметката се затвора:
• по барање на имателот на сметката;
• врз основа на судско решение;
• по налог на надлежен орган;
• согласно законска регулатива и
• по проценка на Банката.
Затворањето на платежната сметка се извршува согласно законските одредби со доставување на писмено барање на Корисникот или од страна на Xxxxxxx при раскинување на овој договор согласно врз основа на кој истата е отворена. По затворањето на платежната сметка, Xxxxxxx на Корисникот, односно на лицето одредено со закон или друг пропис му ги враќа паричните средства кои останале на платежната сметка при нејзиното затворање согласно инструкциите за враќање на паричните средства наведени од негова страна.
При затворање на сметката во останатите случаи, а на која сметка е евидентирано салдо, истото ќе биде на евиденциска сметка со посебна намена се до добивање на инструкции за еднократен пренос на средствата.
ТРАНСАКЦИИ ВО ГОТОВИНА
5.21 Уплатата и исплатата од сметките во готовина се извршува во експозитурите на Банката врз основа на доставен потпишан налог од оваласетно лице и дополнителни документи / изјави ако се потребни согласно законската регулатива.
5.22 За повлекување на готовина над одреден износ навден во Тарифата, Корисникот на платежна сметка однапред ја известува Банката.
5.23 Висината на износот на уплата и исплата можат да бидат регулирани / ограничени согласно законската регулатива, а во зависност од статусот на Корисникот на платежна сметка.
5.24 Банката нема да врши трансакции со сомнителни или фалсификувани пари. Фалсификуваните пари ќе се третираат според законските прописи.
5.25 За готовински трансакции, Банката пресметува и наплатува провизија согласно важечката Тарифа на Банката.
НЕАКТИВНИ СМЕТКИ
5.26 Неактивна сметка е: Платежна сметка на Корисник на платежна сметка на која непрекинато во период од најмалку 24 месеци не се извршени одливни платежни трансакции авторизирани од Корисникот на платежна сметка или приливни платежни трансакции, со ислкучок на пресметката и плаќање/наплата на камата, и/или било кои други платежни трансакции коишто се извршени во корист на Банката или во врска со која Банката немала со Корисникот на платежна сметка или лицата што се овластени за работење со платежната сметка или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација или
5.27 Доколку Корисникот на платежна сметка има повеќе сметки во Банката, ако најмалку една од нив е активна, се сметка дека и останатите негови сметки се активни.
5.28 Со настанување на статус на неактивна сметка, не престанува правото на сопственост над паричните средства на имателот, вклучувајќи ги подоблиците на правото на сопственост и другите права што прозилегуваат од сопственоста.
5.29 Кога сметката е неактивна на неа се евидентираат сите трансакции од приливи, вклучувајќи ја каматата, доколку ја има, потоа одржувањето на сите деловни трансакции, вклучително и пресметка и наплата на надоместок за неактивната сметка во висина на вистински направените трошоци за документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација со Корисникот на платежна сметка во врска со сметката како и во случај на правосилна судска одлука или извршна исправа согласно со закон.
5.30 Корисникот на платежна сметка или овластено лице кое може да располага со сметката, може да го смени статусот на неактивна во активна сметка, со поднесување на барање преку експозитурите на Банката или со направена трансакција преку електронско Банкарство, со картичка или на ПОС терминал во износ на висина на расположливото салдо
5.31 Банката ги затвора неактивните платежни сметки на потрошувачот доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка изнесува нула во непрекинат период од 24 месеци, под услов платежната сметка да не е блокирана.
VI. ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА ВИДОТ НА ПЛАТЕЖНАТА СМЕТКА
6.1. Потрошувачот може да побара трасформирање на платежна сметка во платежна сметка со основни функции или на платежна сметка со основни функции во платежна сметка.
6.2. При трансформирањето Банката ги спроведува неопходните промени во договорниот однос, при што ја задржува постоечката единствена идентификациска ознака на платежната сметка. За трансформирање на платежната сметка не се наплатува надоместок.
6.2. Банката во рок од 10 (десет) дена одлучува за трансформацијата на сметката.
VII.ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ
7.1. Плаќањето преку платежната сметка во Банката, Корисникот на платежна сметка го врши со доставување на платни инструменти. Платните инструменти, Корисникот на платежна сметка може да ги достави во Банката во хартиен или електронски облик кој е пропишан согласно законската регулатива, на медиум за пренос со пропратен хартиен налог според однапред договорена форма, по пат на Mastercard или Visa картички, по факс со предходно дадено писмено овластување или на друг начин кој може да биде договорен помеѓу Банката и Корисникот на платежна сметка.
7.2. Ако платниот налог е извршен со единствена идентификациска ознака, се сметка дека платниот налог е извршен правилно во однос на примачот определен со единствената идентификациска ознака.
7.3. Доколку Корисникот на платежна сметка до давателот на платежната услуга доставил погрешна единствена идентификациска ознака, Банката нема одговорност за неизвршување или неправилно извршување на платежната трансакција.
7.4. Банката не сноси одговорност за ненавремено извршување на налозите, ако е во прашање виша сила, како на пример: прекин на телекомуникациската мрежа, прекин
на струја, нефукционирање на платните системи и други слични причини на кои што Банката не може да влијае.
7.5. Корисникот на платежни услуги може по пат на писмено известување да ги повлече налозите кои што претходно ги дал на извршување, за што плаќа надомест согласно Тарифата на Банката. Налозите можат да се повлечат само во случај ако не е извршено задолжување на платежната сметка на Корисникот на платежна сметка или ако налогот/налозите се наоѓа во ред на чекање во системите за порамнување.
ПРИЕМ НА ПЛАТНИОТ ИНСТРУМЕНТ
7.6. Време на прием на платниот налог е моментот кога Банката го примила платниот налог.
7.7. Ако времето на прием на платниот налог е во неработен ден за Банката, се смета дека платниот налог е примен следниот работен ден.
7.8. Банката ги прима и обработува правилно пополнетите налози за плаќање во согласност со терминскиот план за работа, а во рамките на расположивото салдо на сметката.
7.9. Банката може да определи краен рок во работниот ден (работно време), после кој примените платни налози се сметаат дека се примени следниот работен ден на Банката. Ваквото време Банката го поставува во согласност со правилата за работа на платниот систем преку кој се извршува платежната трансакција. Ова важи и за дојдовните приливи. Терминскиот план е составен дел на Тарифата на Банката.
7.10. Банката и Корисникот на платежна сметка може да се договорат извршувањето на платниот налог да започне на точно одреден ден или на крајот на ореден период или на денот на кој Корисникот на платежна сметка ги обезбедува потребните средства за извршување на платниот налог, при што времето на прием на налогот се сметка дека е договорениот ден за иавршување на платниот налог.Ако договрениот ден е неработен ден, се сметка дека платниот налог е примен следниот работен ден
VIII.ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЛАТНИТЕ НАЛОЗИ
7.11. Банката ги извршува платните налози под следниве услови:
8.1.1.Налогот да е правилно пополнет и Корисникот на платежна сметка ги има доставено сите потребни документи за спроведување согласно законската регулатива и барањата на Банката.
8.1.2. Корисникот на платежни услуги да даде точна единствена идентификациска ознака за сметката на прмачот како и, доколку е тоа потребно, деловна идентификациска шифра на давателот на платежна услуга на примачот (BIC).
8.1.3.Да има доволно расположливо салдо на сметката за трансакцијата и надоместоците кои произлегуваат од истата.
7.12. Банката ќе го изврши налогот со пренос на целиот износ на налогот еднократно. Извршување на делумни плаќања по поедничени налози не се дозволени.
7.13. Банката нема да одговара за било какви штети кои произлегуваат од неизвршување на платните налози заради недоволно расположливи средства на сметката.
7.14. Банката, има право да ги одбие надоместоците кои клиентот ги должи, од пренесениот износ пред да ја кредититра сметката на примачот. Во информациите доставени до примачот, износот на трансакцијата за плаќање се означува одделно од износот на одземените надоместоци.
7.15. Налозите за плаќање се извршуваат според хронолошкиот редослед на нивниот прием во Банката и условите на платежниот систем, преку којшто истите се извршуваат.
8.5.1. Кога Корисникот на платежна сметка поднесува повеќе од еден платежен налог во исто време, Банката ги извршува според редоследот којшто тој самиот го
одредува. Доколку Корисникот на платежна сметка не наведе редослед на налозите за извршување, тогаш Банката ги извршува налозите според редоследот по кој се регистрирани во Банката и до висината на износот на расположливите средства на сметката.
7.16. Банката нема да извршува налози кои не се во согласност со важечката регулатива, правила за извршување и услови договорени во рамковниот договор.
7.17. Банката може да го одбие извршувањето на платниот налог и притоа е должна да го извести Корисникот на платежни услуги за причините за одбивањето и за постапката за исправка на грешките кои довеле до одбивање на платниот налог, освен ако давањето на информациите е забрането со закон.
7.18. Платежните трансакции во денари може да се извршат интерно во рамките на сметки во отворени Банката, или преку системите за плаќање и порамнување МИПС и КИБС за меѓуБанкарските плаќања на територија на Република Северна Македонија. Начинот на плаќање го утврдува Учесникот со негово назначување во инструментот за плаќање. Ако начинот не е назначен, Банката самостојно го утврдува начинот на плаќање.
8.8.1. Платежните налози за итно меѓубанкарско плаќање и налози за меѓубанкарско плаќање со износ над 1.000.000,00 денари задолжително се извршуваат по МИПС. Порамнувањето на трансакциите се врши во реално време преку сметките во НБРМ, поради што овој начин на плаќање е поскап, промената на сметката е конечна и се евидентира во реално време.
8.8.2 Налозите кои се за меѓуБанкарско плаќање со помали износи (до 1.000.000,00 денари) и налози кои не носат знак на итност се извршуваат преку Клириншка куќа, каде што плаќањата се сметаат за конечни по извршеното порамнување на сметките во системот на НБРСМ. Порамнувањето се врши согласно терминскиот план за работа на Клириншката куќа.
8.8.3 Ако Корисникот на платежна сметка со Банката има склучено договор за орочување на средства, а на трансакциската сметка има евидентирани неподмирени обврски по основи за плаќање (блокади), на денот на достасување на истиот, Банката нема да го продолжи односно преорочи. Банката достасаните орочени средства, на денот на истекот на договорот или првиот следен работен ден, ќе ги дозначи на трансакциската сметка на Корисникот на платежна сметка.
8.8.4 За сите доспеани, а ненаплатени побарувања од Корисникот на платежна сметка, по други основи и сметки во Банката, Банката има право да издаде налог на терет на сметката на Учесникот за наплата на тие побарувања, а Корисникот на платежна сметка е согласен дека ваквите налози имаат приоритет во однос на останатите налози на Корисникот на платежна сметка без оглед на времето на нивното поднесување, а во согласност со законските приоритети.
8.9. Платежните трансакции во девизи Банката ги извршува преку SWIFT мрежата.
8.10. За плаќања во странство се користат средствата од девизната сметка на Клиентот, откуп на девизи на девизен пазар во Банката или девизен кредит.
8.10.1. При вршењето на платежната трансакција во странство, трошоците на налогодавачот и примачот (OUR / SHA / BEN) се плаќаат онака, како што е наведено од страна на налогодавецот.
8.11. Кога платежниот налог е извршен во согласност со IBAN или BBAN, наведен во него, тогаш налогот се смета дека е точно извршен во однос на примачот којшто е наведен во него.
8.11.1. Банката не е одговорна за неизвршувањето, или за неправилното извршување на платежната трансакција, во случај на неточност, или на неважење на IBAN / BBAN што е наведен од страна на Корисникот на платежни услуги.
8.12. Во случај на неизвршување на платежни трансакции заради затворена сметка, наведување на погрешен, или неважечки IBAN /BBAN, Банката вложува напори во рамките на должното внимание да го врати износот на платежната трансакција на сметката на налогодавецот. За враќање на средствата Банката наплатува провизија според Тарифникот.
8.13. За извршување на платежни налози за трансфери во домашна, или во странска валута, или други платежни трансакции, Корисникот на платежна сметка ѝ плаќа на Банката провизии во износ, зачестеност и други услови според Тарифникот.
8.14. При купопродажба на валута, Банката склучува Заклучница со примена на продажен/куповен курс на денот на склучување на истата.
8.15. При вршење на платниот промет со странство (налози, трансфери и распоред на приливи) давањето на налог по факс Корисникот на платежна сметка го врши исклучиво на своја одговорност. Банката не сноси одговорност за евентуална штета која може да настане како резултат на злоуопотреба на таквиот начин на давање на налогот.
8.16. Банката го извршува налогот истиот или најдоцна наредниот работен ден од денот на доставување на налогот во Банката заедно со приложен документ од кој се гледа основот за плаќање како и обезбеденото покритие по истото. Корисникот на платежна сметка може заклучно до 12:00 часот на денот на доставување на налогот да нагласи дека плаќањето во странство треба да се изврши со итна валута, за што се плаќа надомест во согласност со Тарифната политика на Банката.
8.17. Банката го известува, Носителот (по e-mail или по факс) за пристигнат прилив од странство во рамките на законскиот рок, со наведени основни податоци за истиот. Носителот на наплатата е должен во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на известувањето за пристигнатиот девизен прилив да достави податоци за распределување на приливот на неговата девизна сметка.
8.18. Банката не сноси одговорност, ако Носителот на приливот не ја известил за промена на податоците, или ако се дадени неточни податоци.
8.19. Во случај кога Носителот за 5 (пет) работни дена нема да ја извести Банката за распоредување на девизниот прилив или не доставуи соодветни документи за основот на приливот, Банката истиот го пренесува на времена сметка на Носителот на приливот се додека не се обезбедат услови за негово користење.
8.20. На барање на Носителот на приливот истиот може да се врати во странство на налогодавачот.
IX.TРАЈНИ НАЛОЗИ
9.1. Траен налог е инструкција, дадена од Корисникот на платежна сметка на Банката која ја одржува платежната сметка, за извршување на кредитни трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми. За извршување на трајниот налог, Банката и Корисникот на платежна сметка потпишуваат Договор за траен налог.
9.2. Плаќањето се процесира на почеток на денот назначен за реализација, ако на сметката има доволно расположиливо салдо и сметката не е блокирана по било кој основ.
9.3. Банката нема да го реализира трајниот налог доколку до крајот на работниот ден кој претходи на датумот на реализација на трајниот налог, не сметката нема доволно
расположливо салдо за реализација на налогот. Банката нема да реализира делумен износ доколку на сметката нема доволно расположливи салдо.
9.4. Налозите кои не се извршени на датумот назначен за пренос поради недоволно средства или други причини согласно овие Општи услови нема да се извршат подоцна, без оглед на последователната достапност на средства.
9.5. Доколку датата на реализација на трајниот налог паѓа во неработен ден, а на сметката има доволно салдо за реализација , налогот се реализира првиот следен работен ден.
9.6. Преносот може да биде на фиксно зададен износ еднаш во месецот на ист датум или преносот може да биде секој ден на салдото на сметката намалено за обврските во Банката.
9.7. Банката за постапување по трајниот налог пресметува и наплатува провизија во согласност со важечката Тарифа на Банката.
9.8. Корисникот на платежна сметка може да изврши промена на параметрите на трајниот налог, со доставено барање за раскинување на постоечкиот траен налог и склучување на договор за нов траен налог кој ќе ги содржи новите параметри.
9.9. Пред истекот на рокот наведен во налогот, Договорот за траен налог може да биде раскинат по барање на една од договорните страни.
X. РОК НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ И ВАЛУТА
10.1. Платежните трансакции во денари и во евра на територија на РСМ, Банката ги извршува во истиот работен ден кога е примен платниот налог, во согласност со терминскиот план на системите преку кои се извршува плаќањето.
10.2. При извршување на платежни трансакции во валута различна од денари и евра на територија на Република Северна Македонија, Банката го извршува преносот најдоцна до крајот на вториот работен ден по денот кога е примен платниот налог.
10.3. При извршување на прекугранични платежни трансакции, Банката го доставува платниот налог инициран од плаќачот до давателот на платежни услуги во странство со датум на валута најдоцна третиот работен ден по денот кога е примен платниот налог, освен ако со плаќачот не е поинаку договорено.
10.4. Во случај кога Корисникот на платежна сметка внесува готовина на својата платежна сметка во Банката, Банката е должна износот на парични средства да му го стави на располагње истиот ден и со датум на валута, веднаш по приемот на готовите пари.
XI. ИСПРАВКА НА ТРАНСАКЦИИ
11.1. Банката врши по службена должност исправка на трансакциите во рамките на роковите и условите на позитивната законска регулатива.
11.2. Банката може да изврши исправка по службена должност, без оглед на постоењето на ограничувања во важечката регулатива, или во договорот, се` додека средствата коишто се прилив како резултат на неточно извршен платежен налог, не му припаѓаат на Корисникот на платежна сметка.
11.3. Банката коригира недозволена, или неточно извршена платежна трансакција на барање на Корисникот на платежна сметка, доколку истиот ја известил без неосновано доцнење, на начин и во рокот согласно со овие општи услови.
11.4. Доколку Банката изврши неавторизирана платежна трансакција или неправилно изврши платежна трансакција, корисникот на платежни услуги има право на исправка со поднесување на известување до давателот на платежни услуги најдоцна во рок од 13 месеци од датумот на задолжување. По исклучок од ова, доколку Банката не ми ги даде или не му ги стави на располагање на Корисникот на платежни услуги индформациите за неизвршувањето неавторизирана платежна трансакција или неправилно изврши платежна трансакција, Корисникот може да го поднесе
известувањето во било кое време. Исправката се врши според условите предвидени во ЗПУПС.
11.5. Во случај на недозволена трансакција, кога е потребно, Банката ја враќа сметката во состојбата во којашто би била, пред извршувањето на трансакцијата, задржувајќи го правото да го задолжи вратениот износ по службена должност доколку се утврди дека враќањето било неосновано.
XII. ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ
12.1. Напорите за грижа и за одговорно чување на платежниот инструмент (картичка, електронско Банкарство и др.) и персонализираните средства за безбедност (ПИН и други) од страна на Корисникот на платежна сметка, се од примарна важност за да се спречи измама, неовластен пристап и за заштита на сметката.
12.2. Во однос на платежните инструменти и персонализираните безбедносни мерки, Корисникот на платежна сметка треба:
а) да го користи платежниот инструмент само лично во согласност со условите за негово издавање и користење;
б) да ја известува Банката за губење, кражба, злоупотреба, или неовластена употреба на платежниот инструмент, веднаш откако ќе дознае за тоа и да ги достави (на барање) потребните податоци и документи и
в) после добивањето на платежниот инструмент (при пристап до платежниот инструмент за електронско Банкарство „MyUnibank“) да ги преземе сите мерки за заштита на податоците коишто го персонализираат инструментот, како и неговите персонализирани средства за безбедност, вклучувајќи ги ПИН-от, лозинката, чување на корисничкото име во тајност, вклучително и да не се запишуваат никакви информации за овие карактеристики на платежниот инструмент и да не се складираат ваквите информации, заедно со платежниот инструмент, како и да не им се даваат на располагање, да им се отстапуваат за употребата на други лица, соодветно да ги преземете сите мерки, такашто инструментот и / или податоците коишто истиот го персонализираат да не можат да се користат од страна на трето лице.
12.3. Дополнителните обврски за Корисникот на картичка се наведени во овие општи услови.
12.3.1. Корисникот на платежна сметка е должен да се придржува и редовно да се запознава со безбедносните мерки, во зависност од конкретниот платежен инструмент, коишто Банката ги обезбедува на: www.unibank.com.mk.
ОДГОВОРНОСТ
12.4. Корисникот на платежна сметка ги сноси загубите поврзани со сите неовластени платежни трансакции коишто произлегуваат од употребата на изгубен, украден, или незаконски присвоен платежен инструмент, кога плаќачот не успеал да ги сочува персонализираните средства за безбедност на инструментот и кога плаќачот е Корисникот на платежна сметка износот на загубите е ограничен до максимален износ од 1.200,00 денари или соодветна противвредност во други валути.
12.5. Корисникот на платежна сметка целосно ги сноси загубите поврзани за сите неовластени платежни трансакции, доколку ги предизвикал со измама, со намера, или од крајно невнимание, како и во случај на неисполнување на некоја од обврските / некоја од мерките наведени во точката 12.3. и точката 12.3.1 и точката 14.5.1., коешто се квалификува како грубо невнимание при користење на платежен инструмент и / или вршење на онлајн трансакции, без оглед на начинот на кој тие се иницирани / извршени, со последиците коишто произлегуваат од ова, предвидени во оваа точка и во важечката законска регулатива.
12.5.1. Во случаите кога платежната трансакција е иницирана преку провајдер за иницирање на плаќање, во рамките на неговото учество, тој го носи товарот на докажувањето при утврдувањето на автентичноста на платежната трансакција, нејзината точна регистрација и тоа дека трансакцијата не е
засегната од техничка повреда или од друг недостаток, поврзан со платежната услуга за којашто е одговорен.
12.6. Во случај на недозволена платежна трансакција и во случај на основано сомневање за постоење на измама, Банката за тоа ги известува соодветните надлежни органи.
12.6.1. По добивање на известување од точката 12.2 точка „б“ Корисникот на платежна сметка нема да трпи имотна штета како резултат на употреба на изгубен, украден, или незаконски присвоен платежен инструмент, освен во случаите која Корисникот на платежна сметка постапувал со измама.
12.7. Одговорноста на Банката во случаите на неизвршување, неточно, или одложено извршување на платежни трансакции е ограничена само на корисниците на платежни сметки и со висината на директните загуби и штети (т.е. до висината на надоместоците и каматата платени од нив).
12.8. Банката не е одговорна ниту директно, ниту индиректно, ниту на кој било друг начин за политиката и за практиките за заштита на податоците и информациите, вклучително и личните податоци, дадени од страна на Корисникот на платежна сметка кај трговците чии стоки, или услуги ги купува и користи. Банката не прифаќа одговорност за содржината на интернет страниците, вклучувајќи и секакво рекламирање, извршено на овие страници, за содржината на производите, стоките, или материјалите, или услугите, ниту за каква било штета, загуба, или повреда предизвикана на Корисникот на платежна сметка, или оние коишто можат да бидат предизвикани.
БЛОКИРАЊЕ
12.9. Банката има право да ја блокира употребата на платежен инструмент и / или пристапот до платежна сметка од објективно оправдани причини поврзани со:
а) безбедноста на платежниот инструмент / сметката;
б) сомневање за неовластена употреба на платежен инструмент / сметката; в) лажна употреба на платежниот инструмент / сметка и
г) значително зголемен ризик дека Корисникот на платежна сметка нема да може да ја исполни својата обврска за плаќање - за платежни инструменти со давање на кредит, без оглед на неговиот вид, вклучувајќи и минусно пречекорување.
12.10. Банката ќе го извести Корисникот на платежна сметка преку договорените начини на комуникација за блокирањето на платежниот инструмент, односно пристапот до платежната сметка и за причините што го наметнале блокирањето, доколку е можно пред блокирањето да настапи, или најдоцна веднаш по него, освен ако давањето таквите информации не е дозволено заради безбедносни причини, или со оглед на почитувањето на регулаторните барања, коишто спречуваат за плаќачот да биде информиран.
12.11. Банката го деблокира платежниот инструмент, или го заменува со нов, согласно со постапката утврдена во важечките општи услови, во зависност од видот на платежниот инструмент, откако ќе исчезнат причините за блокирањето.
12.12. Банката дозволува пристап до платежната сметка, веднаш штом престанат да постојат причините од точката 12.9. Во случај блокирањето да е извршено на барање на Корисникот на платежна сметка, сметката ќе се деблокира само откако ќе биде поднесено писмено барање за деблокирање од страна на Корисникот на платежна сметка, или од страна на лицето овластено од него, во канцеларијата на Банката.
XIII. ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
13.1. Дебитна картичка на физичко лице – основна или дополнителна картичка поврзана со платежна сметка во МКД, ЕУР или УСД на Корисник на картичка, која БАНКАТА ја издава на основниот Корисник и на негово барање и овластување на дополнителниот Корисник на картичка. Дебитната картичка може да биде бесконтактна чип картичка и бесконтактна стикер картичка.
13.2. Дебитна картичка на правно лице – дебитна бизнис, односно деловна платежна картичка, основна или дополнителна бесконтактна чип картичка поврзана со платежна сметка во МКД на Корисник на картичка, која БАНКАТА ја издава на основниот Корисник и на негово барање и овластување на дополнителниот Корисник на картичка.
XIV. ИЗДАВАЊЕ ДЕБИТНА КАРТИЧКА
14.1. Банката врз основа на поднесена апликација му издава на барателот дебитна картичка.
14.1.1. Картичката е сопственост на Банката и не е пренослива на друго лице. Рокот на важноста на картичката е означен на нејзината предна страна. Тој рок автоматски се продолжува и се задолжува сметката на Корисникот на картичка со неопходните провизии и трошоци за обновување на картичката, согласно со Тарифата на Банката. Банката го задржува правото да не го продолжи рокот на важност на картичката, без да ги образложи причините.
14.2. Доколку Корисникот на картичка има намера да ја затвори картичката, должен е до 45-тиот календарски ден, сметано наназад од последниот ден од месецот наведен како важност на картичката, писмено да достави барање до Банката и да ја врати картичката. Картичката се деактивира согласно процедурите на Банката.
14.3. Секое лице кое ја користи картичката и соодветниот ПИН и/или се потпише на белешката ќе се смета дека е ополномоштено лице да ја користи картичката (независно од тоа дали е соодветниот Корисник на картичката). Банката има право да ја задолжи сметката со сумата на извршените операции, која е активирана и електронски регистрирана по тој начин.
14.4. Корисникот на картичка има право да извршува безготовински плаќања и да подига пари во готово со користење на картичката до определeните лимити од страна на Банката.
14.5. Банката може еднострано да ги промени лимитите на картичката.
XV. ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ СО КАРТИЧКА
15.1. Дебитната картичка на Банката е универзален иструмент за плаќање на стоки и услуги, за подигање на готовина од банкомати и на сите места за исплата кои носат знак Mastercard®/Visa® во земјата и странство, како и за депонирање на готовина на платежната сметка во МКД со која е поврзана картичката, на банкоматите на Банката на кои е овозможена оваа услуга. Депонирање на готовина на банкомат не е овозможено за дебитни картички поврзани со сметка во ЕУР или УСД.
15.2. Картичката може да ја користи исклучиво лице на чие име е издадена картичката, до истекот на рокот на важење означен на нејзината предна страна.
Картичката не смее да се позајмува, префрлува или доставува на трети лица на каков и да е друг начин. Бројот на картичката, рокот на важење и CVV/CVC код – три закосени цифри испишани до лентата за потпис на позадината на картичката не треба да им се соопштува на трети лица.
15.3. Средствата се користат од страна на Корисникот на картичка со дебитна картичка, а согласно општите услови и одредбите од Договорот.
15.4. Банката определува дневни лимити за користење со картичката. Корисникот на картичка е информиран за дневните лимити при аплицирањето за картичка. Банката го задржува правото да врши промена на висината на дневните лимити.
15.5. Корисникот на картичка при аплицирањето за картичка може да определи дневни лимити кои се разликуваат од лимитите определени од страна на Банката. Дневните лимити може да се менуваат на барање на Корисникот на картичка зависно од неговите потреби за користење на картичката, за што доставува писмено барање до Банката.
15.6. Користењето на картичката се врши во рамки на расположливото салдо на платежната сметка, односно во рамки на дневните лимити.
15.7. Корисникот на картичката при користење на истата на ПОС уреди кои читаат
магнетна лента и/или чип, го потврдува износот на плаќањето со потпис на белешката и/или со идентификационен број ПИН. Идентификационен број (ПИН) Банката му го дава на Корисникот на картичката и е познат само на Корисникот на картичката. ПИН-от е комбинација од четири цифри и има дејство на правновалиден потпис и е строго доверлив. Корисникот на картичката не смее да го кажува ПИН-от, да го запишува на картичката, или на останати документи дури и во различен редослед. Корисникот на картичката е должен по приемот на ПИН–от истиот да го запомни и веднаш потоа да го уништи. Настанатата штета од злоупотребата на картичката и ПИН-от е на товар на Корисникот на картичката.
15.7.1 За дебитна картичка на правно лице:
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за подигање на готовина на банкомати и на ПОС уреди на Банката или на уреди на други банки во земјата и странство, се евидентираат како одлив од платежната сметка по основ на „Исплата во готово од сопствена сметка во полза на правно лице на основ на: откуп на земјоделски производи, материјални трошоци и др. основи согласно прописите“ (шифра 860).
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за плаќање на стоки и услуги на ПОС терминал во трговија, се евидентираат како одлив од платежната сметка по основ на „Плаќање по основ на извршени услуги помеѓу правни субјекти, освен по основ на инвестиции“ (шифра 220).
Сторно трансакциите на банкомати и ПОС уреди, се евидентираат како прилив на платежната сметка по основ на „Плаќање по основ на извршени услуги помеѓу правни субјекти, освен по основ на инвестиции“ (шифра 220).
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за депонирање на готовина (дневен пазар) на банкомати на Банката, се евидентираат како прилив на платежната сметка по основ на “Уплати во готово на сопствена сметка од дневен пазар и наплата на чекови на индивидуални трговци поединци” (шифра 800). Сторно трансакциите за депонирање на готовина на банкомати на Банката се евидентираат како одлив (шифра 800).
15.9. При користење на картичката за депонирање на готовина на банкомат, депонираната готовина ќе биде на располагање на Корисникот на картичката, во најкраток рок после успешно реализирана трансакција.
На банкоматите е дозволено депонирање само на книжни и полимерни банкноти. Не е дозволено депонирање на монети. Доколку Корисникот на картичката внесе монети, истите ќе бидат задржани во банкоматот, но износот на монетите нема да биде депониран на сметката на Корисникот на картичката.
Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како лажни или фалсификувани, Банката ги задржува, согласно законската обврска за откривање и повлекување фалсификувани пари.
Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како оштетени, се враќаат на Корисникот на картичката при извршување на трансакцијата и истите не се депонираат на платежната сметка.
Износот кој по верификација на банкнотите ќе биде депониран е прикажан на екранот на банкоматот.
15.10. При користење на картичката за плаќање на стоки и услуги на ПОС уреди Корисникот на картичката е должен да ја провери белешката што му е дадена од трговецот и по потреба да ја потпише. Потписот на белешката треба да е ист со потписот кој е на позадината на картичката. Трговецот има право од Корисникот на картичката да побара потврда за личниот идентитет.
15.11. При плаќањето на интернет наместо потпис во повеќето случаи се користи CVV/CVC и ОТП - еднократна лозинка која се добива преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во Банката и е валиден само за конкретната трансакција кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard ID Check и Visa Secure;
15.12. Потпишувајќи ја белешката или внесувајќи го ПИН-от или соопштувајќи го бројот на картичката, CVV/CVC и ОТП (кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard ID Check и Visa Secure), Корисникот на картичката го потврдува износот на плаќањето и ја овластува Банката да ја задолжи платежната сметка и да ја одобри сметката на трговецот со износот на плаќањето.
15.13. Корисникот на картичката се обврзува, при купување на стока или услуги, да прими еден примерок од евиденцијата на трошоците и/или да потпише белешка.
15.14. При користење на бесконтактна картичка/стикер за бесконтактно плаќање и подигање на готовина, истото се врши со доближување или допирање на картичката/стикерот до уредот кој поддржува бесконтактна технологија. За бесконтактни плаќања со износ до
2.000 МКД за Mastercard/2.500 МКД за Visa картички, не е потребен ПИН за потврда на плаќањето (овој износ може да варира зависно од брендот на картичкатa, продажното место и земјата во која се врши плаќањето). За потврда на плаќања над овие износи потребен е ПИН. За бесконтактно подигање на готовина неопоходно е внесување на ПИН, независно од износот на трансакцијата.
15.15. Стоките и услугите купени со картичката, Корисникот на картичката не смее да ги продаде или врати за готовинска надокнада.
15.16. Не е дозволено картичката да се користи за купување на порнографски содржини, проституција, оружје, трговија со дрога и опојни средства, како и за други незаконски дејства.
15.17. Секое незаконско користење на картичката е на материјална, морална и кривична одговорност на Корисникот на картичката и се казнува со Закон.
15.18. Банката може без образложение да го ускрати правото на понатамошното користење на картичката, за што го известува Корисникот на картичка. Во тој случај Корисникот на картичката е должен да ја поништи картичката по чипот и магнетната лента и да ја врати во Банката.
XVI. ПЛАЌАЊА НА ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ТРАНСАКЦИИ СО КАРТИЧКИ, КАМАТИ И ПРОВИЗИИ
16.1. За користење на картичката, Корисникот на картичката е должен да и плаќа на Банката провизии и камати согласно со важечката Тарифа и Политиката за висина на каматните стапки на Банката. Каматите и провизиите кои Корисникот на картичката и ги должи на Банката, Банката службено ги наплаќа од сметката. Во случај кога на сметката нема доволно средства за покривање на трансакциите, задолжените камати и провизии и друго, Банката има право во согласност со важечките општи услови да ги
наплати службено (без судски налог) износите кои и ги должи Корисникот на картичката од сите други негови сметки во Банката.
16.2. За евентуалните искористени износи од дозволеното пречекорување, Корисникот на картичката плаќа на Банката камата на месечно ниво во висина определена од Банката. За картички поврзани со сметка во ЕУР или УСД нема можност за користење на дозволеното пречекорување.
16.3. Висината на каматната стапка и начинот на пресметка се променливи согласно Политиката за висина на каматни стапки на Банката.
16.4. Надоместоците и провизиите се утврдени и променливи согласно промените во Тарифата на Банката. Тарифата на Банката и сите промени настанати во неа, достапни се на интернет страната и во експозитурите на Банката.
XVII. ЕВИДЕНЦИЈА НА ПЛАЌАЊА
17.1. За дебитни картички поврзани со сметка во МКД, сите плаќања и подигање на готовина во странство задолжувањето на платежната сметка на Корисникот на картичката е во МКД при што трансакцијата е превалутирана од валутата на трансакцијата во МКД со примена на курсни листи од меѓународни картични организации и Народна Банка на Република Северна Македонија, освен ако не е поинаку уредено со Тарифата на Банката. Трошоците и провизиите за конверзија помеѓу валутите се на товар на Корисникот на картичката.
17.2. За дебитни картички поврзани со сметка во ЕУР/УСД, за сите плаќања и подигање на готовина задолжувањето на платежната сметка на Корисникот на картичката е во ЕУР/УСД, при што:
- трансакциите извршени во МКД се превалутират во ЕУР/УСД со примена на куповен курс на БАНКАТА на денот на книжење на трансакциите;
- трансакциите извршени во друга валута, различна од МКД, се превалутирааат во ЕУР/УСД со примена на курсни листи од меѓународни картични организации и
- пресметката на провизиите (трансакциски и нетрансакциски) се извршува во МКД, а задолжување на износот на провизиите е во ЕУР/УСД, со примена на среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија на денот на книжење на провизиите.
17.3. Отплатата на сите обврски направени со користењето на картичката, независно од тоа дали се направени во земјата или во странство Корисникот на картичката ја врши во валута на сметката.
17.4. Банката ја задолжува службено сметката со сумите на плаќањата, извршени од Корисникот на картичката според редоследот на извршените трансакции. Доколку на сметката нема доволно средства салдото кое евентуално се формирало по основ на извршените трансакции, трошоци, камати, надоместоци и друго, започнува да се вкаматува како недозволен овердрафт согласно Тарифата. Корисникот на картичката е должен да го подмири веднаш.
XVIII. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ НА КАРТИЧКА И НА БАНКАТА И ОДГОВОРНОСТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ДЕБИТНА КАРТИЧКА
18.1. Корисникот на картичката се обврзува:
а) да ја чува картичката со грижа на добар сопственик и да ја користи само лично, во согласност со условите за нејзино идавање и користење, со почитување на Општите услови и препораките за безбедно и сигурно користење на картичките објавени на интернет страната на Банката;
б) да обезбедува вистинити, точни и ажурирани информации за себе и во случај на промена на основните податоци (адреса на живеење или адреса за комуникација, име
и/или презиме, работодавец и/или телефонски број) и на сите останати податоци кои влијаат на правото на користење на картичката, должен е веднаш за истите писмено да ја извести Банката. Во спротивно Банката може да му ги скрати корисничките права на Корисникот на картичката, да ги наплати сите трошоци настанати со користење на картичката, како и трошоците со пронаоѓање на Корисникот на картичката;
в) да и ги врати основната и дополнителната картичка на Банката по истекот на нивната важност, по барање на Банката и во други случаи согласно општите услови и условите наведени во Договорот;
г) при откажување на картичката, до 45-тиот календарски ден, сметано наназад од последниот ден од месецот наведен како важност на картичката, писмено да достави барање до Банката и да ја врати картичката. Картичката се деактивира согласно процедурите на Банката;
д) навремено да обезбедува средства по сметката за плаќање;
ѓ) на барање на Банката да достави документација која е од значење за Банкарска анализа и
е) да не ја користи картичката на начин кој ќе го наруши девизниот режим во Република Северна Македонија.
18.2. Корисникот на картичката ја овластува Банката:
а) да ги користи, обработува и доставува дадените лични податоци, да ги доставува податоците за состојбите, операциите и другите податоци за неговата сметка/картичка на соодветниот процесинг центар во земјата и/или странство, како и на меѓународните картични организации, вклучително и податоците за лимитите по картичката, согласно одредбите во Законот за заштита на лични податоци и
б) да може во секое време без надомест да ја активира услугата за СМС известувања и да добива информации за авторизации со картички како и останати информации во врска со услугата која ја користи. Корисникот на картичката има право во секое време, без надомест да го откаже користењето на услугата за СМС известување во експозитурите на Банката.
18.3. Корисникот на картичката одговара за сите штети настанати поради неправилно користење на картичката. Носителот на сметката кон која што е издадена основна картичка одговара солидарно со имателите на дополнителни картички за сите обврски, произлезени со користењето на основната или дополнителните картички.
18.4. Корисникот на картичката е должен да ја чува картичката од кражба, уништување, демагнетизирање и/или други механички оштетувања.
18.5. Банката се обврзува да му овозможи користење на картичката на Корисникот на картичката, согласно општите услови и условите предвидени во Договорот.
18.6. Банката кон Корисникот на картичката се обврзува да ги применува меѓународните правила на работење на Mastercard®/Visa®, општите правила и услови на Банката за работење со дебитна картичка и останатите акти на Банката.
18.7. Во случај на промена на меѓународните правила на работење на Mastercard®/Visa®, општите правила и услови на Банката за работење со дебитни картички и останатите акти на Банката, Корисникот на картичката е согласен Банката да ги применува измените.
18.8. За сите евентуални измени на условите на користењето на картичката, Банката ќе го информира Корисникот на картичката со известување преку интернет страната на Банката, или со писмена објава во просториите на Банката.
18.9. Банката не превзема одговорност за стоката или услугата купена со картичката, за валидноста на добиените информации или неприфаќањето на картичката од страна на некое продажно место.
18.10. Банката не одговара по каков и да е начин за зделките, по кои Корисникот на картичката ги извршува плаќањата со користење на картичката. Банката не одговара при неоснован откажување на трети лица да примаат плаќања со картичката или ако иницираното од Корисникот на картичката плаќање не може да биде извршено со картичката поради технички, комуникациски или други причини надвор од контрола на Банката. Користењето на картичката со истечен рок на валидност, на блокирана или оштетена картичка е забрането и може да послужи како основа за граѓанска или казнена одговорност по судски пат.
18.11. Банката може да ја блокира картичката поради објективни причини поврзани со: а) сигурноста на картичката;
б) сомневање за несоодветна употреба на картичката и в) употреба на картичката со цел измама.
Во случај на блокирање на картичката поради наведените причини, Банката има обврска да го извести Корисникот на картичката, доколку постојат можности за тоа, пред блокирање на картичката или веднаш по блокирањето на картичката, освен доколку давањето на информации не е дозволено од безбедносни причини или поради почитување на законски барања и прописи или барања и прописи на меѓународните картични организации.
XIX. ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ДЕБИТНА КАРТИЧКА
19.1. Во случај на губење, кражба, злоупотреба или неавторизирано користење на картичката, Корисникот на картичката е должен веднаш да ја извести Банката со јавување во:
Процесинг центарот (24/7) +3892 3293 888, или
УНИБанка во работно време: +3892 3111 111.
19.2. Корисникот на картичката има право да побара картичката да биде блокирана. Ефективното блокирање на картичката Банката се обврзува да го изврши во рамки на времето потребно за обработка на известувањето.
19.3. За сите настанати трансакции со картичката во периодот од пријавувањето до ефективното блокирање, Корисникот на картичката е согласен Банката да ја задолжи сметката кон која се води картичката.
19.4. Корисникот на картичката е должен писмено да ја извести Банката, во рок од 30 календарски дена од датата на пријавување на губење или кражба на картичката за некоја од следните ситуации:
− дека аплицира за издавање на нова картичка или
− дека не сака издавање на нова картичка, по што се применува процедурата и условите за раскинување на Договорот.
19.5. Доколку Корисникот на картичката не ја извести Банката во определениот рок, се смета дека Корисникот на картичката го раскинува Договорот за користење на дебитна картичка по што се применува процедурата и условите за раскинување на Договорот.
19.6. Во случај да Корисникот на картичката ја најде истата во рок од 24 часа по пријавата за нејзиното исчезнување, должен е во истиот тој рок писмено да го повлече погоре споменатото пријавување. Во тој случај Банката ќе го деблокира користењето на картичката.
19.7. Доколку Корисникот на картичката ја пронајде истата во рок подолг од 24 часа од пријавата за нејзиното исчезнување, тој истата не смее да ја користи и е должен да ја достави на наведената адреса од Банката.
19.8. Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, Корисникот на картичката е должен случајот да го пријави кај надлежните органи во најкус можен рок.
19.9. При оштетување на картичката Корисникот на картичката има право да бара обнова на старата пред истекот на рокот на важење, за што ги измирува трошоците според Тарифата на Банката.
19.10. Во случај на задржување на картичката во банкомат поради технички причини на банкоматот или механички причини на картичката, Корисникот на картичката е должен да ја извести Банката.
19.11. Во случај кога Корисникот на картичката го оспорува плаќањето со картичката извршено за негова сметка во корист на трето лице од следните причини: плаќањето да не е извршено од него, плаќањето да е извршено со фалсификувана картичка, да не е подигната стоката или да не е извршена услугата или друго, а од кое плаќање за Корисникот на картичката се создава право да претендира враќање на неосновано платената сума, Банката се задолжува да помогне за разрешавање на случаите на оспореното плаќање по ред и во рок определен од Mastercard®/Visa®;
19.12. Корисникот на картичката целосно ги сноси загубите од извршените неавторизирани платежни трансакции доколку платежните трансакции настанале поради постапување со намера за измама од страна на Корисникот на картичката или поради неисполнување, со намера или крајно невнимание, на една или повеќе обврски на Корисникот на картичката од членот 85 од Законот за платежни услуги и платни системи.
19.13. Сите рeкламации поврзани со картичката се пријавуваат на адресата на Банката. Оспорувањто на трошокот, Корисникот на картичката е должен да го направи по писмен пат во рок до 10 работни дена од датумот на евидентирање на спорната трансакција. За решавање на рекламацијата, Корисникот на картичката е должен да ја приложи целата документација која е поврзана со рекламацијата, најдоцна 30 календарски дена од датумот на евидентирање на спорната трансакција. Во спротивно ќе се смета дека Корисникот на картичката ги признава евидентираните трошоци.
19.14. Оспорувањето на трошоците не го одлага нивното подмирување;
19.15. Корисникот на картичката се согласува и ги прифаќа сите трошоци/трансакции кои може да настанат и по гаснење/затворање на картичката, поради регистрирање на податоците од картичката за периодично користење на определена услуга/производ, како и трансакции без проверка на статусот на картичката, дневните лимити, салдо на сметката и др. Откажувањето на користење на услугата/производот, Корисникот на картичката е обврзан да го направи директно кај трговецот. Во случај на раскинување на договорот истиот не се смета за раскинат во делот на наведените обврски, се додека не се подмират сите задолжувањата по овој основ.
19.16. Доколку се докаже дека рекламацијата е основана, Банката го враќа веќе наплатениот спорен износ на сметката на Корисникот на картичката.
19.17. Доколку рекламацијата е неоснована, Банката го известува Корисникот на картичката дека е должен да го подмири износот на оспорените трансакции, доколку истото претходно не е направено.
19.18. Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Банката во согласност со правилата на Mastercard®/Visa®;
19.19. За обработка на рекламација (основана или неоснована), Банката на Корисникот на картичката му наплаќа соодветен трошок за решавање на рекламацијата, согласно со актуелната Тарифа на Банката.
XX. ИЗВОДИ
20.1. Со цел да ги прикаже и да ги контролира средствата коишто се чуваат во Банката и да му обезбеди информации до Корисникот на платежни услуги во однос на платежните трансакции извршени на сметката, Банката му дава на Корисникот на
платежни услуги, или на неговиот овластен претставник извод од сметката, достапен во писмена форма на хартија или друг траен медиум.
20.2. Изводот од сметката ги содржи сите платежни трансакции, вкчлучувајќи ги трансакциите извршени со картичките, издадени на сметката, како и почетното и крајното салдо на истата за одреден временски период. Не се издава извод од сметката за периодите во коишто немало промени на сметката.
20.2.1. Изводот од сметката го издава Банката периодично и истиот му е достапен на Корисникот на платежни услуги. Банката е должна на барање на Корисникот на платежни услуги изводот да му го достави на хартија или на друг траен медиум најмалку еднаш месечно и без надоместок.
20.2.2.Изводот на сметката е составен на македонски јазик.
20.2.3.На барање на Корисникот на платежни услуги, Банката може да издава и други документи во врска со извршените трансакции на сметката, нејзиното салдо, или други информации, вклучително и такви, за минатите периоди, после плаќањето на надоместокот којшто е во согласност со важечката Тарифа за надоместоци и провизии.
20.3. Информациите за известување можат да бидат достапни во хартиена форма - на барање во експозитурите на Банката, во електронски формат - за клиентите на Банката регистрирани за користење на електронско Банкарство или на друг траен медиум.
20.4. За давање информации на барање на Корисникот на платежни услуги, Банката пресметува и наплатува провизија во согласност со важечката Тарифа.
20.4.1.Банката може дополнително да му даде на Корисникот на платежни
услуги, информации за достапните и доспеаните износи на сметката, за секоја платежна трансакција, како и други информации со повик и/или СМС известување на наведениот мобилен телефон, на електронска пошта, или на друг соодветен начин, за што Корисникот на платежни услуги е согласен. Банката не е одговорна кога со добра волја ги доставила информациите на адресата на електронска пошта / бројот на мобилниот телефон наведен од Корисникот на платежни услуги / овластеното лице од Корисникот на платежни услуги, доколку истите се погрешни, недостапни, или се без поддршка, а Банката не е известена на ова во писмена форма.
20.5. На барање на Корисникот на платежни услуги му се обезбедува бесплатно, најмалку еднаш годишно да добие извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка и доколку е применливо информации за висината на каматните стапки. Извештајот се издава најдоцна до крајот на месецот јануари од тековната календарска година за наплатените надоместоци во претходната календарска година.
20.6. Корисникот на платежни услуги е должен веднаш да ги провери информациите во изводот (изводи на сметка, потврдите и другите документи, известувања, соопштенија издадени од страна на Банката, со податоци и информации за извршените платежни трансакции и достапноста на неговата сметка), без оглед на начинот на којшто му се дадени на располагање, за нивната комплетност и исправност, а во случај на утврдени несогласувања, без одлагање да ја извести Банката.
20.7. Корисникот на платежни услуги е должен веднаш да ја извести Банката доколку не ја добива информацијата за известување, којашто требало да ја добие во временски период кој вообичаено е неопходен за тоа, според избраниот начин на комуникација.
20.8. Се смета дека Корисникот на платежни услуги дознал за неовластената, или неточно извршената платежна трансакција, најдоцна после добивањето на информациите на начин/ите договорени со него и е должен веднаш да ја извести Банката за тоа, во согласност со овие општи услови.
20.9. Доколку Банката не добие писмен приговор во рок од 45 (четириесет и пет ) дена од денот на извршувањето на трансакцијата (задолжувањето /одобрувањето на сметката), ќе се смета дека Корисникот на платежни услуги ги примил и ги одобрил документите за известување и платежните услуги што се поврзани со него. Известувањето на Банката после овој период, се смета за неразумно доцнење од страна на Корисникот на платежни услуги.
XXI. ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
21.1. За искористените платежни и за други видови на услуги / производи Корисникот на платежни услуги /овластениот корисник, плаќа надоместоции и провизии, во огласност со важечката Тарифа за надоместоци и провизии. Банката има право по службена должност да ја наплати провизијата од Корисникот на платежни услуги со задолжување на било која сметка што се води на негово име.
21.1.1.Точката 22.1. се применува и важи и за сите други трансакции и активности што се поврзани со сметката, а се наведени во Тарифата за надоместоци и провизии вклучително и кога сметката е блокирана, а во согласност со овие општи услови.
21.2. Кога има дополнителни трошоци во земјата и во странство, како што се поштенски, телефонски, за SWIFT, за факс, за курир и слично, коишто му се плаќаат на трето лице, а се во врска со извршувањето на платежната трансакција, вклучително и оние на странските банки, трети лица добавувачи и слично, истите се на товар на Корисникот на платежни услуги.
21.3. Тарифата за надоместоци и провизии е составен дел на договорот и на овие општи услови. Корисникот на платежни услуги изјавува дека е запознаен со истата и ја прифаќа нејзината примена, во односите со Банката, вклучувајќи ги сите тековни измени и дополнувања на истата.
21.4. Тарифата за надоместоци и провизии се менува и дополнува со одлука на Управниот одбор на Банката. Важечката Тарифа е достапена во канцелариите на Банката и на интернет страницата на Банката: www.unibank.com.mk. Промените на Тарифата за надоместоци и провизии влегуваат во сила веднаш, без потреба од претходно известување на Корисникот на платежни услуги. Кога Корисникот на платежни услуги склучил рамковен договор, Банката ги објавува промените најмалку 2 (два) месеци, пред нивното влегување во сила, освен ако тие се поповолни за него, или се поврзани со проширување на опфатот на платежни услуги што ги обезбедува Банката, во кој случај, влегуваат во сила веднаш.
XXII. ПРОМЕНИ, РОК И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И КОРЕСПОНДЕНЦИЈА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
22.1. Банката има право во секое време еднострано да ги смени овие општи услови, за што однапред, во законски пропишаниот рок пред промената да стапи во сила, писмено го известува Корисникот на платежни услуги преку соопштение на својата интернет страница www.unibank.mk, преку доставување на писмени соопштенија во своите експозитури, со испраќање на електронска порака, или по СМС порака на телефон или во изводот (исписот) од неговата сметка (картичка), или преку друг траен медиум, според проценката на Банката.
2.1.1. Известувањето од страна на давателот на услуги се врши најмалку 2 (два) месеца пред влегувањето во сила на соодветната промена.
Банката не смее да му пресметува и наплатува на Корисникот на платежни
услуги надоместоци за обезбедувањето на информациите кои е должен да му ги даде или стави на располагање согласно законските одредби.
2.1.2. Банката и Корисникот на платежни услуги може да договорат пресметка и наплата на надоместоци за дополнителните информации или задавање информации почесто од динамиката утврдена со одредбите од ЗПУПС или за пренос на информациите преку различни средства за комуникација од оние што се определени во рамковниот договор, под услов Корисникот
на платежни услуги да барал такво информирање.
22.2. Банката му ги обезбедува општите услови, со претстојните промени, на секој Корисник на платежни услуги, којшто може да ги добие врз основа на негово барање на хартиена форма во експозитурите на Банката, како и во електронски форма на достапен и лесен начин за зачувување/симнување, со нивно објавување на интернет страницата на Банката на www.unibank.mk во рокот точката 25.1, односно 2 (два) месеци однапред.
22.3. По извршувањето на промените, Банката престанува да ги одржува услугите според општите услови коишто важеле пред промената.
22. 4. Доколку Корисникот на платежни услуги не се согласува со промената на општите услови, има право да бара раскинување на договорот и е должен да ги плати сите обврски кон Банката во висина која е сразмерна на периодот до денот на раскинувањето на договорот. Доколку Корисникот на платежни услуги не го раскине договорот до датумот на влегување во сила на промените на општите услови, се смета дека ги прифатил и дека е обврзан со нив.
22.5. Промените во висината на каматните стапки и девизниот курс може да се применат веднаш и без претходното известување до корисниците, под услов таа одредба да е содржана во рамковниот договор и промените да се прават врз основа на менување на референтната каматна стапка и/или референтниот девизен курс согласно со ЗПУПС. Банката е должна веднаш да го извести Корисникот на платежни услуги за промени во висината на каматната стапка, на начинот определен во овие општи услови, освен ако страните не се договориле за точно одредена фреквенција или начин на којшто информациите би биле дадени или достапни. Промените во висината на каматната стапка или девизниот курс кои се поповолни за Корисникот на платежни услуги можат да се применат без претходно известување.Промените во каматната стапка или девизниот курс кои се користат во платежните трансакции треба да се применуваат и пресметуваат на начин кој не ги доведува корисниците на платежни услуги во нееднаква положба.
22.5.1. Оваа постапка се користи и за проширување на опфатот на платежните услуги, како и за промени во таксите и / или условите на понудените платежни услуги, кога тие се поповолни за Корисникот.
22.6. Во случај на промени во прописите кои ги уредуваат овие општи услови, влегувањето во сила на примената, соодветно се менуваат и поврзаните општи
услови.
XXIII. РОК НА ДОГОВОРОТ И ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
23.1. Договорот за отворање и водење платежна сметка и давање на платежни услуги, се раскинува, а сметката се затвора:
а) по барање на Корисникот може да се раскине рамковниот договор и да се затвори платежната сметка во секое време, освен ако страните не се договориле за отказен рок, кој не може да биде подолг од 30 (триесет) дена
б) од страна на Банката може да се раскине договорот склучен на неопределено време со доставување на известување најмалку 2 (два) месеци пред денот на раскинување на договор и
в) по службена должност, од страна на давателот на платежни услуги - Банката после истекот на периодот за којшто е отворена сметката, врз основа на
договорот.
23.2. По раскинувањето на договорот, Корисникот е должен целосно да изврши плаќање на сите обврски кон Банката, вклучувајќи ги сите доспеани трошоци (надоместоци) и износи, што се поврзани со сервисирањето на сметката, користењето на картички и / или други инструменти за плаќање, пред истекот на рокот за известување за раскинувањето. Провизиите (надоместоците) коишто се плаќаат месечно и коишто се платени после почетокот на месецот за кој доспеваат не се сметаат за однапред платени.
Доколку Корисникот надоместоците за платежните услуги ги платил однапред, Банката е должна на Корисникот на платежни услуги да му врати дел од износот на платените надоместоци кој е сразмерен на периодот од денот на раскинување на договорот до последниот ден на периодот за кој надоместокот е платен.
22.3. Договорот за ПСОФ може да биде раскинат еднострано од страна на Банката во следниве случаи:
22.3.1.Кога потрошувачот намерно ја користел платежната сметка за незаконски цели;
22.3.2. Кога подолго од 24 (дваесет и четири) последователни месеци не се вршени платежни трансакции за ПСОФ;
22.3.3. Кога потрошувачот дал лажни информации за да ја отвори ПСОФ, тогаш кога давањето на точните информации би довело до одбивање на отварањето;
22.3.4. Кога потрошувачот повеќе не престојува во РСМ на законски начин;
22.3.5. Кога потрошувачот подоцна отворил платежна сметка во друга Банка, преку којашто може да ги користи платежните услуги согалсно ЗПУПС и
22.3.6. Неисполнување на некоја од обврските на потрошувачот преземени со договорот, тековните Општи услови или тековните посебни општи услови за соодветната платежна услуга и конкретниот договор, склучен со Корисникот на услугата за плаќање.
23.4. Банката може да го раскине договорот за ПСОФ кога се појавиле еден или повеќе основи точките 23.3.3, 23.3.4, 23.3.5 и 23.3.6 погоре, со претходно писмено
известување од 2 (два) месеци, а во случај на раскинување според основите од точките 23.3.1 и 23.3.3. – веднаш и без претходно известување.
23.5. Договорот за ПСОФ може да биде раскинат од страна на потрошувачот во согласност со точката 23.1.б) погоре.
23.6. При раскинување на водењето на одреден вид сметка, Банката има право да го раскине договорот и да ја затвори сметката во согласност со точка 23.1.б) погоре.
23.6.1. Доколку при затворањето на сметката има готовина на неа, Банката продолжува да ја чува се` додека потрошувачот не ја прими на сметка официјално отворена на негово име кај неа, на која не се наплатува кредитна каматна стапка и според други услови објавени во Тарифата за надоместоци и провизии.
23.7. Договорот за дебитна картичка се склучува на неодредено време, освен ако договорот не се раскине предвреме заради една од причините наведени подолу, или во случај на губење, или замена на мобилниот уред со друг.
23.8. Договорот за дебитна картичка, може да се раскине во секое време, во текот на периодот на важноста:
23.8.1. еднострано од страна на Корисникот на платежни услуги, со писмено претходно известување од 30 (триесет) дена, доставено до Банката, под услов Корисникот на платежни услуги целосно да го отплатил дебитното салдо на сметката и да ги исполнил сите свои обврски кон Банката и
23.8.2. еднострано од страна на Банката со писмено претходно известување од 60 (шеесет) дена до Корисникот на платежни услуги.
23.9. Со раскинувањето на договорот за дебитна картичка, без оглед на причината за тоа, автоматски се раскинуваат и договорите за дополнителни картички, вклучувајќи ги и дигитализираната картичка, склучени помеѓу Банката, Корисникот на платежни услуги и секој од овластените корисници.
23.10. Во сите случаи на раскинување на договорот:
23.10.1. Банката има право да ги блокира сите картички издадени на сметката на денот на приемот, односно при испраќањето на претходното известување за раскинување / необновување на договорот и да ги деактивира после истекот на отказниот рок.
23.10.2. Корисникот на платежни услуги е должен да обезбеди враќање од страна на овластените корисници на сите картички издадени на сметката.
23.10.3. Корисникот на платежни услуги е должен да ги плати сите обврски кон Банката и оние кои настанале после датумот на раскинувањето на договорот, без разлика на причините на раскинувањето. Банката има право на наплата на сите трошоци од страна на Корисникот во согласност со овие општи услови.
23.11. Банката има право еднострано да го раскине договорот што е склучен според овие општи услови и да ја затвори сметката, како и да ги прекине услугите и инструментите коишто се даваат преку сметката, заради неисполнување на некоја од обврските што се преземени со договорот, тековните, или важечките посебни општи услови за соодветната платежна услуга и конкретен договор склучен со Корисникот на услугата за плаќање. Кога Корисникот е вклучен во списоците за санкции, вклучувајќи ги тие на Советот за безбедност на ООН, Европската Унија, OFAC и/или во други рестриктивни списоци, вклучувајќи ги и мерките врз основа на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам Банката има право,покрај горенаведеното, да презема и други дејствија во согласност со законските о дредби и
/или со наредбите издадени од надлежните органи.
XXIV. ДРУГИ УСЛОВИ
24.1. При исполнување на обврските врз основа на овие Oпшти услови, Банката нема да биде одговорна во случаите на вонредни и непредвидени околности, надвор од контролата на Банката, чии последици неизбежно би настанале, и покрај напорите направени за нивно спречување, како и во случаите кога Банката постапила при исполнувањето на законски утврдената обврска.
24.2. Банката врши платежни трансакции, во согласност со регулаторните и банкарските обврски и меѓународните стандарди, во областа на мерките против перењето пари и финансирањето на тероризам, при што и за овие цели има право, по добивањето на налогот, да ги врши соодветните проверки, да бара дополнително презентирање на документи и / или информации, или да го запре (одбие)
извршувањето на налозите за плаќање, во случај на сомневање дека тие не ги исполнуваат условите, како и при дејствија преземени или во корист на лица чиишто активности се под режим на санкции / забрани за плаќања од страна на соодветниот платежен систем и / или од давател/и на платежни услуги, кога се неопходни дополнителни проверки за да се утврдат фактите и околностите поврзани со нивната примена. Во овие случаи, роковите од глава XII и XIII од овие Општи услови, се продолжуваат колку што траело времето на проверката, обезбедувањето на дополнително бараните документи, или информации. Последиците од неизвршувањето, или одложеното извршување, остануваат целосно на ризик, одговорност и трошок на сметка на налогодавачот.
24.4. Корисникот на платежни ускуги се согласува да ги почитува процедурите кои се пропишани од страна на Банката, да дава податоци и да учествува при извршувањето на прописите за спречување на перењето пари.
24.5. Корисникотна платежни услуги се обврзува веднаш, писмено да ја извести Банката, за секоја промена на податоците што послужиле како основа за склучување на договорот и давањето на платежни услуги. Промените во документите доставени до Банката и / или во објавените податоци и / или акти, како и лицата коишто имаат право да располагаат со парите на сметката и / или овластените корисници, се во сила, во однос на Банката, само од моментот кога писмено била известена од овластено лице, за промената, без разлика дали промените биле запишани во јавен регистар.
24.6. Висината на износот на обврските на Корисникот на сметката се утврдува врз основа на записите во сметководствените евиденција на Банката. Евиденција за сите трансакции, вклучувајќи ги и тие што се направени со картичка, претставуваат сметководствени документи во смисла на Законот за вршење на
сметководствени работи и се сметаат за вистинити, се додека не се докаже спротивното и кои се чуваат врз основа на пропишаниот законски рок за нивно чување.
24.7. Како доказ се прифаќаат документите кои ги води Банката и се издадени од нејзина страна во кои се содржани налозите за извршените трансакции, времето на извршување, времето на доставување, износите и другите информации.
24.8. Сите податоци, фактите и околностите кои влијаат на состојбата и работењето на отворените сметки во Банката претставуваат банкарска тајна. Информациите за нив му се даваат само на Корисникот на сметката, на лицето овластено од негова страна, или на други лица во согласност со постапката утврдена со закон.
24.9. Корисникот на платежни услуги ја дава својата изречна согласност, во врска со исполнувањето на обврските на страните врз основа на договорот, вклучително и во случај на дејствија засновани на известувања до Корисникот на услугата, Банката
да има право да му обезбеди податоци и други информации, поврзани со салдата и трансакциите на сметка на трети лица, на коишто им ја доделила наплатата на своите побарувања врз основа на договорот, дејствија за известувања, или други активности поврзани со неговото извршување.
XXV. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ. ВАЖЕЧКО ЗАКОНОДАВСТВО
25.1. Сите спорови коишто ќе произлезат помеѓу страните, во врска со извршувањето, или толкувањето на договорот и овие општи услови, ќе се решаваат разумно и на мирен начин, а во случај да не се постигне соглласност за решавање на спорот на ваков начин, надлежен е судот во Скопје.
25..2. Корисникот на платежни услуги може да поднесе приговор кога смета дека Банката не се придржува кон законските одредби.
Банката е должна да воспостави и применува соодветни и ефективни процедури за решавање на приговорите од корисниците на платежни услуги во врска со правата и обврските кои што произлегуваат од законските одредби.
Банката е должна на Корисникот на платежни услуги да му достави одговор на сите наводи во приговорот во писмена форма или на друг начин договорен помеѓу Банката и Корисникот на платежни услуги, во рок од 15 (петнаесет) работни дена од денот на приемот на приговорот.
Доколку Банката не може да одговори во рокот од ставот 3 на овој член поради причини кои се надвор од нејзина контрола, е должна да го извести Корисникот на платежните услуги за доцнењето на одговорот со јасно наведување на
причините и за рокот до кој Корисникот на платежни услуги ќе го добие одговорот, а кој не може да биде подолг од 35 ( триесет и пет) работни дена од денот на приемот на приговорот.
Банката е должна во одговорот на приговорот да го извести Корисникот на платежните услуги за најмалку едно овластено лице или орган надлежен за вонсудската постапка за решавање на спорови во врска со правата и обврските кои произлегуваат од ЗПУПС.
25.3. За прашањата коишто не се уреди со договорот и со овие општи услови, ќе се применуваат важечките акти на позитивното законодавство во РСМ.
25.4. Доколку некоја од одредбите на овие општи услови е, или стане неважечка, тоа нема да влијае врз важноста на преостанатите одредби од општите услови.
XXVI. КОРЕСПОНДЕНЦИЈА
26.1. Комуникацијата помеѓу страните ќе се врши во писмена форма на македонски јазик на адресите на Банката и на Корисникот на платежни услуги, кои се наведени во договорот, како и преку електронска пошта. Сите известувања ќе се прават во писмена форма на наведените адреси, освен ако начинот на известување според овие општи услови и според конкретните договори, не е изрично предвиден.
26.2. Со цел извршување на известувањата, за барање на потребните документи, или информации, како и во врска со отворањето и затворањето на сметка, раскинувањето на договор врз основа на овие општи услови, Банката може да испрати електронска изјава (односно порака, претходно известување, покана, соопштение) по електронска пошта, преку електронско банкарство, како и телефонски, СМС порака, со изводите од сметката, или на друг траен медиум. Известувањата Банката може да ги објави и преку соопштенија на својата интернет страница на адресата: www.unibank.mk,
како и како во експозитурите на Банката.
26.2. Кога е испратена по електронска пошта, изјавата се смета за примена од
Корисникот на платежни услуги на денот кога е испратена, освен ако не е добиено известување дека пораката не е успешно испратена / примена. Во случај на изјава направенапреку електронско банкарство, истата се смета за примена на денот на нејзиното објавување на профилот на Корисникот на платежни услуги / овластен Корисник. Во случај на изјава преку СМС, пораката се смета за примена кога е испратена на мобилниот телефонски број на Корисникот на платежни услуги / овластениот Корисник регистриран во Банката.
26.3. При потпишувањето на договорот Корисникот на платежни услуги ја наведува адресата според регистрацијата, како и секоја адреса на територијата на земјата, која може да биде важност при остварувањето на односите со Банката. Кога се менува адресата на постојаното живеалиште, како и адресата наведена за кореспонденција, врз основа на точката 26.1, електронската пошта и / или другите податоц наведени во договорот, Корисникот на платежни услугиот, односно овластениот Корисник е должен да ја извести Банката во рок од 7 (седум) дена од настанувањето на ваквата промена. Во спротивно, сите известувања, покани и пораки испратени од Банката на последната адреса и /или електронската назначена од страна на Корисникот на платежни услуги / овластениот Корисник, или на регистрирана адреса запишана во јавен регистар, ќе се сметаат за редовно доставени. Банката не е одговорна за штетите коишто се предизвикани во случаите на неизвестување, или ненавремено известување.
26.4. За поднесување на платежни налози, известувања, податоци и информации поврзани со извршувањето на платежната трансакција, други средства за комуникација може да се користат само со дадена согласност на Корисникот на платежни услуги и според условите на соодветната платежна услуга / инструмент.
26.5 Овие Општи услови ги пропишува Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, истите стапуваат на сила на денот на објавување, а ќе се применуваат сметано од 01.01.2023 година.