Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици од несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за задолжително осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода) (во натамошен текст: Дополнителни услови) се составен дел на договорот за задолжително осигурување на патници во јавниот превоз од последици од несреќен случај, што договарачот на осигурувањето врз основа на Законот, ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД "Осигурителна полиса" -Скопје (во натамошен текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето е правно лице кое обавува јавен превоз на патници, односно лица кои се овластени да обавуваат јавен превоз на патници.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови, се осигурени без оглед на годините на старост, здравствената состојба и општата работна способност, како и
без плаќање на зголемена премија во смисла на членот 9, став (3), точка 3 од Општите услови.
(4) По исклучок од одредбите на Општите услови осигурени се и душевно болните лица и лицата потполно лишени од деловна способност доколку им настане несреќен случај само во јавниот превоз во некои од средствата на јавниот превоз.
(5) За патник се смета секое лице кое заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај, без оглед дали има возна карта или не, како и лицата што се наоѓаат во станичниот простор, пристаништето, или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето, односно по излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со односното превозно средство, односно дека со него патувало, освен лицата вработени во односното превозно средство и лица кои за време на престојот на возилото во станица, или на место одредено за влегување и излегување на патниците обавуваат некаква службена
работа во врска со работењето со возилата и тоа било на самото возило, или вон него.
(6) За патник се смета и лице што има право на бесплатно возење по било која основа.
(7) Докажувањето дека некое лице било патник во смисла на претходниот став, паѓа на товар на корисникот на осигурувањето. ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 2
Осигурувањето за секој одделен осигуреник трае се додека се смета за патник во смисла на членот 1, став (5) од овие Дополнителни услови.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член З
(1) Осигурувачот е во обврска само за оние несреќни случаи што се во nепосредна причинска врска со патувањето и употребата на превозното средство.
(2) Обврска на осигурувачот постои ако несреќниот случај настане на патник при превоз со сообраќајно средство со кое било дозволено, според важечките прописи. Во случај на сомневање дали возењето било дозволено со односното превозно средство,
надлежно е мислењето на надлежниот сообраќаен орган.
(3) Ако е платена одредена премија, осигурувачот е во обврска и за несреќни случаи кои ќе настанат на патник вон границите на Република Македонија под услови утврдени со договорот за осигурување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 10 ГОДИНИ
Член 4
Кога поради несреќен случај ќе настапи смрт на осигуреникот патник помлад од 10 години осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од осигурената сума во случај на смрт означена во полисата.
ПРАВО НА НАДОМЕСТ
Член 5
(1) Со исплатата на осигурената сума, односно надомест на осигурувачот преминуваат до висината на извршената исплата, правата на корисникот на осигурувањето за надомест на штетата спрема трети лица кои по било кој основ се одговорни за штетата причинета со несреќен случај, освен спрема лицето кое го склучило договорот за осигурувањето.
(2) Ако корисникот на осигурувањето поради несреќен случај претрпи материјална штета поголема од износот што му е исплатен од основ на осигурувањето по овие Дополнителни услови, корисникот има право на надомест од лицето одговорно за штетата само за оној дел на штетата што ја надоместува исплатената осигурена сума, односно надомест по основ на ова осигурување.
НАЧИН И РОКОВИ ЗА
ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 6
(1) Ако поинаку не е договорено, премијата за осигурување се пресметува врз основа на вкупната вредност на продадените возни билети на сите патници во текот на цел месец на траење на осигурувањето, и тоа до 30 - ти во месецот за изминатиот месец. До тој рок договарачот е должен на осигурувачот да му го пријави вкупно остварениот износ по продадените возни билети и да ја изврши уплатата на соодветната премија.
(2) Договарачот е должен да му ги стави на увид на осигурувачот сите
книги и други евиденции од кои може да се утврди вредноста на продадените возни билети.
(3) Договарачот е должен договорениот износ на премијата да му го плаќа на осигурувачот за сите осигуреници од кои е должен да наплати возни билети и за сето времетраење на осигурувањето во рокот од став (1) на овој член. Ако премијата се уплаќа во пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден кога е уплатена во пошта, а ако се плаќа со вирман, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден, на кој е предаден вирманскиот налог во банка. Ако договарачот не ја плати должната премија ниту во рок од три месеци од денот на нејзината стасаност, осигурувачот може да го раскине договорот без отказен рок.
(4) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договарачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, ако осигурениот случај настане за времетраење на осигурувањето во смис-ла на член 3 од овие Дополнителни услови и членовите 6 и 19 од Општите услови.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член7
(1) Договарачот на осигурувањето е должен на посебен образец (записник за несреќен случај) да го регистрира секој настанат несреќен случај на патниците, да ја испита причината и начинот на неговото настанување, потоа, на осигурувачот да го пријави секој оној случај кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврската на осигурувачот.
(2) Повредениот патник е должен веднаш да му се пријави на службениот персонал на односното превозно средство за да може таков случај да се регистрира во смисла на претходниот став. Доколку тоа не го дозволува неговата здравствена состојба, должен е да го стори тоа кога ќе му биде можно, дополнително да се пријави кај надлежниот превезувач.
(3)Договарачот е во обврска спрема осигурувачот на негово барање да му ги овозможи и сите други потребни известувања за разјаснување на секој пријавен несреќен случај.
ПРАВНА ПОУКА
Член 8
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Овие Дополнителни услови се составен дел на договорот за задолжително осигурување на патниците кој е склучен во смисла на Законот за осигурување имоти и лица - задолжително осигурување во сообраќајот и Општите услови.