УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА mPLAY TV
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА mPLAY TV
Пред да ја користите MOVE апликацијата, внимателно прочитајте ги следниве „Услови за користење“, чиј составен дел е и „Политиката за приватност“.
Со инсталирање на апликацијата, Вие без ограничувања ги прифаќате овие Услови на користење, како и правнообврзувачкиот однос кој се коституира помеѓу вас и Претпријатие за телекомуникации Телеком Србија а.д. Белград, ул.Таковска 2 Белград, дејност: кабловска телекомуникација, матичен број: 17162543 , ЕДБ: 100002887 (во понатамошниот текст Телеком Србија), која е сопственик на оваа апликација и Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, xx.Xxxxxx Xxxxx 00/0-0 Xxxxxx, Р.С.Македонија со ЕМБС:7519958 и ЕДБ:4080021599415 (во натамошниот текст МТЕЛ) како посредник во нудење на услугата.
МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, како правно лице регистрирано на територијата на Р.С.Македонија го има обезбедено правото за користење на MOVE апликцијата. МТЕЛ ДООЕЛ Скопје е искллучиво посредник во нудењето на услугата, и како таков не сноси било какви правни последици при евентуален спор помеѓу Вас и Телеком Србија.
Со користење на која било содржина на апликацијата, кои се во сопственост на Телеком Србија, се смета дека сте запознаени со Условите на користење.
MOVE е апликација / услуга која служи за следење дигитални содржини – збир на интерактивни мултимедијални сервиси како што се телевизија / аудио / видео / графика / текст / радио/ податоци преку апликацијата инсталирана на соодветен електронски уред со помош на интернет.
Предуслови за користење на услугите преку апликацијата се компатибилен електронски уред со соодветен оперативен систем или Android TV Box уред, како и интернет конекција со соодветна брзина, имајќи предвид дека комуникацијата се пренесува со помош на интернет протокол. Техничките предуслови за користење на услугите и податоците за компатибилни уреди и оперативни системи се променливи и во секој момент јавно достапни на Google Play store и Apple store. На корисниците им се препорачува употреба на интернет со користење на директна конекција преку мрежен LAN кабел или преку локална WiFi мрежа, а посебно се предупредуваат дека користењето на апликацијата преку интернет од мобилниот оператор (2G или 3G, 4G, 5G) може да предизвика дополнителни трошоци кон мобилните оператори што ги сноси корисникот.
Не е дозволено дуплирање, репродукција, јавно прикажување или дистрибуирање на содржина или кој било дел од содржината од сајтот без претходно одобрување или пишана согласност од Телеком Србија.
Содржината од апликацијата, како и сите делови од содржината (заштитени знаци, лого на знаците, текстови, податоци, фотографии и / или графики) претставуваат заштитено авторско право кое припаѓа на Телеком Србија и МТЕЛ, или заштитено авторско право на трети лица кои го пренеле правото на користење на истите на Телеком Србија или МТЕЛ.
Неовластеното користење на кој било дел од содржината достапна на апликацијата спротивно на условите за користење, се смета за повреда на авторските права и правата на интелектуална сопственост и подлежи на материјално и кривично гонење.
Овие Услови за користење влегоа на сила на ден 01.11.2023 и истите можат да бидат изменети во секој момент од страна на Телеком Србија со објава на сајт и на апликацијата.
Измената на Условите за користење влегуваат на сила од денот на објавувањето на веб-сајт и апликацијата.
Условите за користење на апликацијата подлежат на промени кои се вршат на начин кој е предвиден со Општите услови на Телеком Србија и МТЕЛ.
При инсталирање на апликацијата, корисникот потврдува дека со цел преддоговорно информирање, ги прочитал сите наброени документи и се согласил со нив. Документите на Телеком Србија и МТЕЛ кои содржат услови за користење на MOVE апликацијата се јавно достапни на продажните места, веб-страниците на Телеком Србија и МТЕЛ како и на барање на корисникот.
ОДРЕКУВАЊЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Сите инфoрмации на нашиот веб-сајт и апликација се предвидени со цел општо информирање и забава.
Ние се трудиме информациите да бидат точни и сигурни, меѓутоа не ја преземаме одговорноста за каква било штета што може да настане како последица на потпирање на информации кои се наоѓаат на нашиот веб-сајт или апликација.
Телеком Србија особено ги известува корисниците дека квалитетот на работа на апликацијата и телекомуникациските услуги користени со помош на апликацијата зависи од бројни околности кои се вон контрола на Телеком Србија, како што се поставките на локалната компјутерска мрежа, постоење и квалитет на интернет врската, постоење на огнен ѕид (firewall), ограничувачки прописи на територијата на која се користи и слично. Со тоа Телеком Србија не може да гарантира дека MOVE услугите преку апликацијата ќе работат без прекин, доцнење и грешки, дека ќе ги задоволат сите потреби на корисникот и ќе бидат непрекинато достапни на секое место. На корисникот ќе му биде овозможено да пријави проблеми и пречки во функционирањето на MOVE апликацијата со повикување на контакт центарот на МТЕЛ на телефонскиот број 15010 и 073/800-010, како и на мејл xxxx@xxxx.xx
Телеком Србија не одговара за содржини кои се појавуваат на апликацијата, а кои се објавуваат или потекнуваат од трети лица.
ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ
Со цел ефикасно, безбедно и непречено користење на содржината која се наоѓа на апликацијата не е дозволено:
Објавување, праќање, разменување и пренесување содржини, што е во спротивност со важечката законска регулатива;
Објавување, праќање, разменување и пренесување на навредлива, вулгарна, заканувачка, расистичка или шовинистичка содржина, како и содржина која на кој било начин може да му предизвика штета на кое било лице;
Објавување, праќање, разменување и пренесување информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да им предизвика штета на други лица;
Лажно претставување, односно претставување во име на друго правно или физичко лице;
Манипулирање и злоупотреба на идентификаторите за да се прикрие потеклото на содржината која се објавува, праќа, разменува или пренесува;
Објавување, размена и праќање на непожелна содржина на корисникот без негова согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, спам пораки, верижни писма, промотивни и рекламни материја кои содржат лажни информации, наводи или тврдења кои можат да ги доведат корисниците во заблуда;
Објавување, праќање, разменување и пренесување содржина со вируси или слични фајлови или програми изработени со цел уништување или ограничување на работата на кој било софтвер и / или хардвер како и телекомуникациска опрема;
Собирање, чување и објавување лични податоци од другите посетители на сајтот.
Корисникот се обврзува да овозможи ажурирање на апликацијата односно да преземе унапредувања на апликацијата, што се креирани во облик на промена на интерфејс, поправка на грешки, подобрувања на компатибилноста со уредите, односно софтверот, новите модули или потполно нови верзии на апликацијата. Телеком Србија го задржува правото да оневозможи користење на апликацијата која не е ажурирана. За време на надградувањето на апликацијата или работата на инфраструктура која овозможува користење на апликацијата, апликацијата, односно поединечни нејзини функционалности можат да бидат недостапни.
Телеком Србија го задржува правото да ја тргне содржината што ја смета за непримерна или не е во согласност со Условите за користење. Корисниците ја преземаат одговорноста за секоја штета која е последица на нивната активност.
Корисникот се согласува со тоа дека Телеком Србија може сите релевантни информации во врска со користењето на апликацијата да му ги проследи преку регистрирани податоци на корисникот, преку апликацијата и/или преку мобилниот телефон на корисникот.
Одјавата на услугите се врши преку соодветните канали на МТЕЛ. Корисникот неможе да ја одјави/прекине услугата пред истек на договорната обврска која ја има склучено со МТЕЛ. Во случај на предвремено раскинување на корисничкиот однос заснован помеѓу МТЕЛ и корисникот, корисникот е должен да исплати договорна казна/пенали за предвремено раскинување во согласност со претплатничкиот договор и општите услови на МТЕЛ.
ПЛАЌАЊЕ
Сите плаќања ќе бидат извршени во локалната валута на Република Северна Македонија – денар (MKD) во целост во согласност со претплатничката документација потпишана помеѓу МТЕЛ и Вас и генерираните фактури.
За информативен приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија.
Предуслов за користење на апликација е склучување на претплатнички договор со МТЕЛ. Телеком Србија и МТЕЛ ќе оневозможат користење на апликацијата во случај на достасани, а неплатени фактури во согласност со Општите условите за пружање и користење услуги.
ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Заштитата на лични податоци се извршува во согласност со важечката регулатива, и тоа со Општата регулатива за заштита на податоци на Европскиот парламент и Советот број 2016/679 , како и Законот за заштита на лични податоци („Сл. Весник на РСМ“, бр. 42/2020 и 294/2021). Секој корисник на MOVЕ апликацијата при склучување на договорниот однос со МТЕЛ, потпишува и соодветна Изјава за заштита на личните податоци во согласност со горенаведениот закон.
Личните податоци кои се користат со цел авторизација, односно извршување на обврските од Претплатничкиот договор и врз основа на истиот, се сметаат за доверливи податоци.
ПОЛИТИКА ЗА РЕКЛАМАЦИЈА
На сите рекламации се применува важечкиот Закон за заштита на потрошувачите (Службен весник на РСМ бр.38/2004, 77/2007, 103/2008, 24/2011, 164/2013, 97/2015, 152/2015 и 140/2018).
Доколку корисникот смета дека пресметката на услугата на е правилно извршена, може да поднесе рекламација во пишан облик преку електронска пошта на мејлот xxxx@xxxx.xx
Рекламацијата мора да содржи прецизен опис на неправилностите во пресметката или друга причина за ракламација, мора да биде потпишана од страна на корисникот или лице кое е овластено за застапување на корисникот.
Телеком Србија и МТЕЛ нема да ги уважат рекламациите кои се нејасни, непотполни и не се поднесени навремено, како ни рекламациите кои не се поднесени од страна на корисникот или лица овластени за застапување на корисникот.
Корисникот е запознаен дека со испораката на дигиталната содржина го губи правото на откажување од претплатничкиот договор и во согласност со одредбите од член 96 точка к) од Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РСМ бр.38/2004, 77/2007, 103/2008, 24/2011, 164/2013, 97/2015, 152/2015 и 140/2018).
Со прифаќање на овие општи услови, корисникот дава писмена согласност дека е запознаен со нив, како и со сите преддоговорни известувања.
ОПИС НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Телеком Србија со својата услуга му овозможува на корисникот гледање на ТВ содржина на мобилна апликација, на Android TV Box и Smart TV и Android TV апликација.
Содржината која му се овозможува на корисникот, зависи од пакетот кој корисникот го избрал при склучување на претплатничкиот договор со МТЕЛ. МТЕЛ се обврзува да му овозможи на корисникот пристап до услугите во рок од 72 (седумдесет и два) часа од потпишување на претплатничкиот договор.
ЛИНКОВИ НА НАДВОРЕШНИ СТРАНИЦИ
Апликацијата содржи линкови од веб-страници кои не се под контрола на Телеком Србија и МТЕЛ. Телеком Србија линковите ги објавува добронамерно и на може да се смета за одговорна за содржини надвор од апликацијата.
Телеком Србија на посетителите добронамерно им овозможува користење на содржините од апликацијата.
Апликацијата се состои од сопствена содржина, содржина од партнери и огласувачи, бесплатни содржини, содржини креирани од страна на посетители и линкови на надворешни страници.
Сите содржини на апликацијата се користат на сопствена одговорност и Телеком Србија не може да се смета за одговорна за каква било штета настаната од користењето.