Contract
Врз основа на членот 31 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2006 и /09), министерот за труд и социјална политика, Xxxxx Xxxxxxx и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Xxxxxx Xxxxxxxxxx на 30 јануари 2009 година, склучија
С П О Г О Д Б А
1.Најниската плата за најнизок степен на сложеност за вработените во областа на дејноста згрижување и воспитание на децата изнесува 10.970,00 денари.
2.Износот на најниската плата за најнискиот степен на сложеност од став 1 на оваа Спогодба ќе се применува со исплатата на платата за месец јануари 2009 година и натаму.
3.Основната плата на работникот пресметана согласно Колективниот договор неможе да биде пониска од 12.967,00 денари.
Самостоен синдикат за образование, Министерство за труд и социјална наука и култура политика на Република Македонија
на Република Македонија
Претседател, Министер,
Дојчин Цветаноски Џељаљ Бајрами