I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ 4
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ „ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 1/ 2014
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
НАБАВКА НА ГОРИВА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ – РЕКТОРАТ И КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, јануари, 2014
С о д р ж и н а :
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА 3
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ 4
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ 30
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР 31
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА 38
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ 41
VI. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 42
VII. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА 43
VIII. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНA ПОНУДА 44
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ „ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со адреса на бул. Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје, телефон за контакт 3 293 293, факс 3 293 202 електронска адреса xxxx@xxxx.xxx.xx, контакт лице Xxxxxxxx Xxxxxxxx со меил адреса: xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx, има потреба од набавка на горива за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје и Конгресен центар во Охрид.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 148/13 и 160/13), за што објави оглас број 1/2014.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 12.02.2014 во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, образец на понудата, модел на договор, изјава за сериозност на понудата и изјава за независна понуда.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 12.02.2014 година во
10.00 часот во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје, 15.01.2014 година
Претседател на комисија за јавни набавки
Проф.д-р Xxxx Xxxxxxxxxx
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште на адреса: Бул. Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје, телефон 0 000 000, факс 3 293 202, електронска адреса xxxx@xxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxxx Xxxxxxxx, телефон
0 000 000, електронска адреса xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е: набавка на горива за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Ректорат и Конгресен центар во Охрид.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната маржа/провизија вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската вкупна маржа/провизија од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 148/13 и 160/13 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени приходи.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.9 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.10 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена (маржа/провизија). За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена (маржа/провизија) во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени (маржа/провизија).
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта, или
- со електронски средства.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден
случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничката или професионалната способност,
- стандардите за системи за квалитет,
- стандарди за управување со животна средина.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од подточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од подточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од подточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест)
месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесување на одлуката за избор на најповолна понуда.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Техничка или професионална способност
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- да поседува лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија со нафта и нафтени деривати;
- Стоката предмет на набавката треба да е со квалитет кој одговара на важечкиот Правилник за квалитетот на течните горива, (Сл весник на РМ бр. 88/07, 90/07, 97/07, 105/07, 15/08, 78/08, 156/08 и 81/09);
- Референтна листа за последните 3 (три) години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи и економски оператори) со обезбедување на потврда за квалитетно извршување на истите;
- Лиценца за складирање, издадена од Регулаторна комисија за енергетика;
- Економскиот оператор треба да има минимум 15 продажни места на територијата на Република Македонија;
- Задолжително да има продажни места во Скопје и Охрид.
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од подточка 2.4.1 со доставување на:
- копија од лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија со нафта и нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика на РМ;
- изјава дека горивото е со квалитет кој одговара на важечкиот Правилник за квалитетот на течните горива, ( Сл. весник РМ бр. 88/07, 90/07, 97/07, 105/07, 15/08, 78/08, 156/08 и 81/09)
- Референтна листа за последните 3 (три) години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи и економски оператори) со обезбедување на потврда за квалитетно извршување на истите, со доставување на минимум 3 потврди.
- Копија од Лиценца за складирање, издадена од Регулаторна комисија за енергетика
- Изјава (документ) за продажните места и нивната локацијата на територијата на Република Македонија.
- Изјава (документ) за продажните места и нивната локацијата во Скопје и во Охрид.
2.4.3 Сите документи од потточка 2.4.2, освен копија од лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија со нафта и нафтени деривати издадена од Регулаторна комисија за енергетика на РМ и Лиценца за складирање, издадена од Регулаторна комисија за енергетика, ги изготвува и потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
2.4.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Стандарди за системи за квалитет
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- Воспоставен систем за управување со квалитет, согласно стандардите ISO 9001:2000.
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 2.5.1 со доставување на:
- Копија од сертификат за воспоставен систем за управување со квалитет, според ISO 9001:2000.
2.6 Стандарди за управување со животната средина
2.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за управување со животната средина, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- Воспоставен систем за управување со животната средина, согласно стандардите ISO 14001:2004.
2.6.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 2.6.1 со доставување на:
- Копија од сертификат за воспоставен систем за управување со животната средина, според ISO 14001:2004.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 За продолжување на крајниот рок, договорниот орган писмено ќе ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5.2 од тендерската документација;
- изјава за сериозност на понудата x
- изјава за независна понуда
- писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори).
- стандардите за управување со системи за квалитет во точка 2.6 од тендерската документација
- стандардите за управување со животната средина во точка 2.7 од тендерската документација
- парафиран модел на договор.
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите
елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 3 (три)] дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
4.6.2 Негативната референца ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен договор или за поништување на постапката.
4.7 . Изјава за независна понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата
4.8 Форма и потпишување на понудата
Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е
парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.9 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 12.02.2014 година, во 10:00
часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Универзитет „св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ул. Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје, со назнака "За отворена постапка бр .1/2014".
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се
добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.9, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 12.02.2014 година, во 10:00 часот, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ул. Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се
разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на корегирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на Економскиот оператор која прва пристигнала во архивата на Договорниот орган.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, избраниот понудувач ќе има обврска да го распредели намалениот износ на вкупната цена во споредба со првично понудената вкупна цена во рамки на ставките кои се составен дел на предметот на набавка.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200
евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300
евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 (четири) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 7 (седум) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот
најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да објави негативната референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање:
Начинот на плаќање го дефинира економскиот оператор во точка IV.2.1 од Финансиската понуда.
7.2 Рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот во рок од 1 (една) година од денот на потпишување на договорот во согласност со потребите на Договорниот орган. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка е дозволена само со одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, при што процентот на дадениот- договорениот попуст останува непроменет.
7.3.2 Како релевантен доказ за промената на цената на предметот на договорот за јавна набавка ќе се користи одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија
7.3.3 Фиксниот попуст ќе биде непроменлив за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
10. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Доколку Носителот на набавката од било која причина, нема да ја изврши услугата, Договорниот орган е овластен тие услуги да ги изврши од друга страна, а за сметка на Носителот на набавката.
Во случај на задоцнување во исполнувањето на обврските од страна на Носителот на набавката во утврдениот рок, Договорниот орган има право на договорна казна во висина од 1‰ од вкупната вредност на договорот со пресметан ДДВ за секој ден на доцнење.
Во случај на неизвршување на услугата во рокот определен од Договорниот орган, Договорниот орган има право по претходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за извршување на услугата во дополнително оставениот рок од Договорниот орган, да го раскине договорот со проста изјава и да склучи Договор за извршување на услугата со следно рангираниот понудувач.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Реден број | Опис | Единечна мерка | Количина |
1 | Безоловен бензин Еуросупер 95 (за 3 возила) | 1 литар | 3.000.00 |
2 | Еуро 5 дизел (за 2 возила) | 1 литар | 3.000.00 |
3 | Масло за горење екстра лесно | 1 литар | 30.000.00 |
4 | Пропан бутан гас во боци | 1 килограм | 2.500.00 |
НАПОМЕНА:
Место на испорака на позициите 3 и 4 од спецификацијата е Конгресен центар во Охрид, с. Коњcко бб. Во понудата економските оператори треба да ја вклучат и цената за транспорт.
Количините на предметот на набавката се максимални количини и Договорниот орган нема обврска сите да ги реализира во целост.
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Врз основа на член 165 од Законот за јавните набавки (Сл. весник на РМ. бр.136/2007; 130/2008; 97/2010; 53/2011, 185/2011, 148/2013 и 160/2013), се склучува
следниов
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со адреса: бул: Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, во понатамошниот текст – Договорен орган
2. , со адреса: ул. , преставуван од
, во понатамошниот текст – Носител на набавката .
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е јавна набавка на стоки – горива за потребите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Конгресен Центар во Охрид, според спецификации кои се составен дел на тендерската документација и составен дел на овој Договор.
Овој Договор се склучува врз основа на спроведената постапка за јавна набавка, за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка /2014 објавена на ЕСЈН на ден 2014 година и доставената понуда на Носителот на набавката.
Договорот се склучува за набавка на следните стоки:
- Безоловен бензин Еуросупер 95 БС - до 3000 литри
- Еуро 5 дизел (Еуродизел D-EV) – до 3000 литри
- Масло за горење екстра лесно– до 30.000 литри
- Пропан бутан гас во боци – до 2.500,00 кг
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Носителот на набавката по барање на Договорниот орган во текот на важењето на овој Договор, му ги продава стоките кои се предмет на овој Договор по единична цена со пресметан ДДВ.
Единичните цени на стоките се дефинираат со одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Вкупната вредност на Договорот изнесува најмногу до денари.
Во вкупната вредност не е засметан ДДВ и други јавни давачки.
Договорниот орган нема обврска да ја исполни вредноста од став три на овој Договор.
Останатите карактеристики се содржани во Понудата на Носителот на набавката, која е прифатена од старана на Договорниот орган.
Понудата на Носителот на набавката е составен дел на овој Договор.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година и ќе започне да важи од 2014 година.
ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКИТЕ
Член 4
Носителот на набавката ја испорачува стоката сукцесивно во периодот на важење на договорот. Безоловен бензин Еуросупер 95 БС и Xxxx Xxxxx (D-EV), Договорниот орган ќе ги користи преку бензинските пумпи на Носителот на набавката на целата територија на Р. Македонија, додека маслото за горење екстра лесно и пропан бутан гасот во боци, Носителот на набавката ќе му ги испорачува на Договорниот орган во Конгресен центар во Охрид, с. Коњско, Охрид.
При секоја набавка на нафтени деривати, потребно е да се издава сметка во два примерока, една за Договорниот орган и една за Носителот на набавката.
Корисникот на возилото врши проверка на сметката и доколку нема забелешки ја потпишува истата на самото продажно место.
Договорниот орган е должен да достави писмена нарачка за количините масло за горење екстра лесно и пропан бутан гасот во боци еден ден однапред од денот на испорака, а Носителот на набавката е должен, договорените количини да ги испорачува сукцесивно во место и време определено во писмената нарачка.
Член 5
Овластените корисници на возилата ќе купуваат нафтени деривати од сите продажни места – бензински станици на Носителот на набавката.
КВАЛИТЕТ, КВАНТИТЕТ И ПРИЕМ НА СТОКИТЕ
Квантитативен прием на масло за горење екстра лесно и пропан бутан гас во боци
Член 7
Испораката на Масло за горење Екстра-лесно, Носителот на набавката ќе ја врши со специјални возила наменети за ваков вид товар, во согласност со потребите на Договорниот орган по примена писмена порачка.
Испораката на пропан бутан гасот во боци, Носителот на набавката ја врши со доставување на стоките во согласност со потребите на Договорниот орган по примена писмена порачка.
Квалитативен прием на масло за горење екстра лесно и пропан бутан гас во боци
Член 8
Масло за горење Екстра-лесно и Пропан бутан гасот во боци, потребно е да поседуваат квалитет во согласност со важечкиот Правилник за квалитет на течни горива на Р. Македонија и важечките македонски стандарди.
Во случај на рекламација, зеднички земениот примерок од рекламираните деривати се анализира во акредитирана контролна лабораторија која спогодбено ја определуваат двете страни. Резултатите од оваа лабораторија се меродавни за двете страни.
Доколку се констатира отстапување од декларираниот квалитет, трошоците за испитување паѓаат на товар на Носителот на набавката, а доколку се констатира дека рекламацијата е неоснована, тогаш трошоците паѓаат на товар на Договорниот орган.
Носителот на набавката е должен во рок од 8 дена да преземе мерки за решавање на приговорите.
Рекламациите предвидени во овој член, кои не се направени во предвидениот рок со овој договор, Носителот на набавката не е должен да ги разгледува и да постапи по нив.
Член 9
Во случај кога стоката не е испорачана во наведениот рок и/или не го исполнува квалитетот и не соодветствува со техничките спецификации во Тендерската документација и Понудата, Договорниот орган има право да:
• Бара испорака на стоката во наведениот рок и/или според понудениот квалитет
• Раскинување на Договорот и надомест за претрпена штета.
• Раскинување на Договорот и склучување на Договор со нареднорангираниот понудувач.
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 10
Носителот на набавката се обврзува фактурирањето на испорачаните стоки да го врши по малопродажните цени, намалени за одобрената маржа/ провизија во висина од ден/литар, согласно Одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика на Р.Македонија.
Член 11
Носителот на набавката ќе издава фактура на секои
спецификација на сметки за направени обврски.
дена со
Плаќањето од страна на Договорниот орган кон Носителот на набавката, ќе се врши во рок од дена од датумот на секоја поединечна фактура.
Член 12
Фактурите од Носителот на набавката треба да ги содржат следните елементи:
- Датум на извршување на услугата;
- Единечна цена;
- Количината на испорачаната стока;
- Висината на процентот на маржа;
- Цена без вклучен ддв;
- Пресметан ддв;
- Вкупна цена за плаќање;
- Возило за кое е извршена услугата;
КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ
Член 13
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка се дозволени доколку има промена на највисоката малопродажна цена на горивото формирана со последната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика при Влада на Р.Македонија, при што ќе се задржи понудената маржа/ провизија, дадена во понудата.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Во случај на доцнење или неизвршување на услугите од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
Договорната казна се определува во висина од 0,1 % од вредноста на договорот за секој ден задоцнување, освен доколку доцнењето не е предизвикано од договорниот орган.
Во случај на неизвршување на услугата во рокот определен од Договорниот орган, Договорниот орган има право да го раскине Договорот и да склучи Договор за извршување на услуги со друг понудувач на сметка на Носителот на набавката.
Договорниот орган во секој случај има право на надомест на штета.
Договорниот орган може да бара договорна казна поради задоцнување иако го примил исполнувањето на обврската, но без одлагање да му соопшти на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.
Член 15
За износот на договорната казна Договрниот орган ќе му испостави на Носителот на набавката фактура, која Носителот на набавката е должен да ја плати во рок од 15 дена од денот на нејзиното пристигнување во неговата архива. Носителот на набавката се обврзува дека за задоцнето плаќање на фактурата од овој став ќе му исплати законска казнена камата на Договорниот орган за секој ден доцнење.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 16
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата предизвикана поради неисполувањето на овој Договор, задоцнувањето во исполнување на овој Договор, поради неисправност или недостатоци на стоката и во други случаи согласно Законот за облигациони односи и Законот за заштита на потрошувачи.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 17
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1 (еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Македонија.
Член 18
Xxxxxxx Xxxxxxxxxxxx Комисија не даде заедичко прифатливо решение сите евентуални спорови ќе ги решава надлежниот суд Скопје 2 во Скопје.
ВИША СИЛА
Член 19
Договорените страни нема да бидат одговорни за неизвршување на било какви обврски од овој Договор доколку причината за неизвршување е виша сила – настани вон контрола на договорните страни и независни од нивната волја, кои директно влијаат на извршување на обврските од овој Договор и чија појава не е последица од
невнимание на договорните страни, а кои не можело да се спречат, избегнат или отстранат.
Настаните од виша сила не се ограничени само на елементарни непогоди, туку вклучуваат и воена состојба, штрајк, ембарго.
Во случај било која од договорените страни да е спречена во исполнување на овој договор како последица од виша сила, должна е за тоа да ја извести другата договорна страна во рок од 48 часа, со индикација за причините и можното траење на настаните на виша сила. Истата постапка ќе биде применета поради известување за престанување на настаните од виша сила.
Доколку настапат настани оценети како виша сила, роковите одредени со овој Договор ќе се настојува да се прилагодат со обострано договарање на договорните страни, но во случај настаните од виша сила да траат подолго од 30 дена, Договорниот орган го задржува правото да го раскине овој Договор и истото веднаш да стапи во сила, од како писмено ќе го извести Xxxxxxxxx на набавката за тоа.
Во секој случај, доколку доцнењето предизвикано од виша сила се продолжи повеќе од 3 месеци секоја договорна страна има право по писмен пат да го раскине овој договор со што истото веднаш стапува на сила.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 20
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине Договорот.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува Договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Со раскинување на овој договор не престануваат обврските за плаќање кои се произлезени од овој договор.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 21
Договорните страни се согласни да ги применат највиските стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 22
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи на РМ, Тендерската документација и Понудата на Носителот на набавката.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 23
Измени и дополни на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со Анекс - Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 24
Овој Договор е склучен во 4 (четири) истоветни примероци од кои по два за секоја договорна страна.
Договорен орган Носител на набавката Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
Скопје
Р е к т о р
Проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxxxx
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 1/2014 објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на горива за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Даночен број:
IV.1.5 Матичен број:
IV.1.6.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
IV.1.7 Нашата понудата е составена од следниве делови:
- пополнет образец на Понуда составена од III.1 ОПШТ ДЕЛ и III.II ЛИСТА НА ЦЕНИ И РОКОВИ НА ИСПОРАКА,
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за докажување на личната состојба,
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
- докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
- изјава за сериозност,
- изјава за независна понуда,
- писмено овластување за претставникот на група на економски оператори (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се избрише).
- стандардите за управување со системи за квалитет во точка 2.6 од тендерската документација
- стандардите за управување со животната средина во точка 2.7 од тендерската документација
- парафиран модел на договор.
IV.1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ЛИСТА НА ЦЕНИ
Реден број | Опис | Един. мерка | Единечна цена без ДДВ согласно последната одлука на Регулатор- ната комисија | Количина | Вкупна цена без ддв (4*5) | Понудена маржа/ провизија во % | Понудена маржа /провизија во денари за вкупна количина | Вкупна цена без ддв со вклучена маржа (6+8) |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
1 | Безоловен бензин Еуросупер 95 (за 3 возила) | 1 литар | 3000 | |||||
2 | Еуро 5 дизел ( за 2 возила) | 1 литар | 3000 | |||||
3 | Масло за горење екстра лесно | 1 литар | 30000 | |||||
4 | Пропан бутан гас во боци | 1 кг | 2500 | |||||
В К У П Н О | *** |
НАПОМЕНА:
Место на испорака на позициите 3 и 4 од спецификацијата е Конгресен центар во Охрид, с. Коњcко бб, во понудата економските оператори треба да ја вклучат и цената за транспорт.
Вкупна цена со сите трошоци без ДДВ (Вкупната цена се изразува со букви.)
IV.2.1 Начин на плаќање:
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
* Предмет на е-аукција е вкупна цена без ддв со вклучена маржа
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
VI. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
2. Адреса на седиштето:
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6.e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор:
VII. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Овластено лице
(потпис и печат)
VIII. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име x
презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот , под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапката со барање за прибирање на понуди бр. [да се наведе бројот на огласот] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека во постапката не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на постапка за утврдување прекршочна или кривична одговорност против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Овластено лице
(потпис и печат)