Contract
Бул. Xxxx Xxxxxx бр.8 п.ф. 506, 1000 Скопје |
тел. (00) 00 00 000 факс (00) 00 00 000 |
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
број ДС СТ - 1/2014
Врз основа на Правилникот за условите, начинот и постапката за склучување на договори за деловна соработка бр.02-3680/2 од 23.09.2014 година (пречистен текст), Државната лотарија на Македонија објавува јавен повик за склучување на договори со правни лица за деловна соработка која опфаќа со уплатата на влоговите и исплата на добивките од играта на среќа томбола - среќни топчиња, административни и сметководствени работи поврзани со уплатата на влоговите и исплата на добовките од играта на среќа xxxx и други работи врзани со уплата на влоговите и исплата на добовките од играта на среќа томбола - среќни топчиња.
I. УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА
I.1 За склучување на договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија, потребно е правните лица да ги исполнуваат општите и посебните услови согласно горенаведениот правилник.
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка за прием на уплатата на влоговите и исплата на добовките од играта на среќа кено, потребно е да ги исполнува следниве општи, технички, просторни и посебни услови:
I.1. Општи услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија потребно е да ги исполнува следниве општи услови:
• Да е запишано во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност;
• Во последните 6 (шест) месеци да покажува позитивно работење;
• Да има правно регулиран начин на користење на деловниот простор (имотен лист односно договор за закуп);
• Да има најмалку три вработени на неопределено време;
• Да ги има измирено сите даноци, придонеси и други јавни давачки;
• Врз него да нема отворена постапка за стечај или ликвидација и
• Со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на дејност.
I. 2. Техничко-технолошки услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија потребно е да ги исполнува следниве техничко- технолошки услови:
- да обезбеди лед/ лцд/плазма ТВ со минимална дијагонала на екран 38" (82 цм)
- да обезбеди едноставна конфигурација на персонален компјутер со оперативен систем за пренос на извлекувањата на играта на среќа – томбола - среќни топчиња,
- да обезбеди неопходни услови за поставување и поврзување на опремата (струја, кабли и поврзување),
- да обезбеди интернет во својот објект како и услови за поврзување на опремата со интернетот на правното лице.
- да обезбеди приклучок за електрична енергија 220V/50Hz (минимално со четири приклучоци) или соодветен продолжен кабел со Атест класа 2;
- да обезбеди мобилен телефон за контакт и
- да обезбеди e-mail адреса.
I. 3. Просторни услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија е должно да достави адреса и опис на местоположбата и површината на локацијата/локациите (деловниот простор).
Деловниот простор мора задолжително да ги исполнува следниве услови:
Во рамки на просторот, на видно место да може да се издвои простор од најмалку 1м2 за поставување на:
• комплетниот терминал и
• простор за помошен материјал.
Деловниот простор мора да поседува надворешен простор од кој деловниот соработник ќе отстапи еден дел за поставување на ознаки на препознатливост на Државната лотарија на Македонија.
Во зависност од типот на објектот, деловниот простор мора да поседува и внатрешен простор за поставување на инфо паноа и рекламни плакати.
I. 4. Посебни услови
Правното лице кое е заинтересирано да склучи Договор за деловна соработка со Државната лотарија на Македонија потребно е да ги исполнува следниве посебни услови:
- да обезбеди банкарска гаранција за исполнување на преземените обврски во висина од најмалку 20.000 евра.
II. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Понудите со бараната документација се доставуваат во затворен плик со ознака „За отворен повик за склучување на договори за деловна соработка број ДС СТ -1/2014.
Понудата се доставува во 1 (еден) оригинален примерок, кој треба да биде заверен и потпишан од одговорното лице на Понудувачот.
Кон Понудата задолжително се доставува:
• доказ за правно регулиран начин за користење на деловниот простор (имотен лист односно договор за закуп);
• документ за регистрирана дејност;
• адреса, контакт телефон, факс, електронска адреса
• Изјава дека доколку Понудата му е прифатена, на барање на ДЛМ ќе ги достави следниве документи во хартиена форма:
• тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија;
• документ за бонитет од Централен регистар на Република Македонија;
• потврда дека понудувачот има најмалку три вработени на неопределено време (М1 и М2);
• потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
• потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација;
• уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност - забрана за вршење на дејност;
• Изјава дека ќе обезбеди банкарска гаранција за исполнување на преземените обврски во висина од најмалку 5.000 евра и
• Изјава/Согласност за солемнизација на Договорот за деловна соработка со што ќе се гарантира извршувањето на преземените обврски.
Документите (од реден број 1 до реден број 6) кои се приложуваат кон понудата не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци и треба да се достават во оригинал или во нотарски заверена копија.
Доставувањето на понудите се врши преку пошта на адреса на Државната Лотарија на Македонија, бул. Xxxx Xxxxxx бр.8, п.ф. 506 или во архивата на Државна лотарија на Македонија – зграда на МРТВ, 18-ти кат.
II. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ ПОНУДУВАЧИ
Избраните понудувачи се должни во рок од 8 (осум) дена по известувањето за конечноста на Одлуката, а пред склушувањето на договор за деловна соработка и неговата солемнизација кај нотар, исполнувањето на обврските од овој договор да ги обезбедат со депонирање на банкарска гаранција.
Доставувањето на понудите се врши преку пошта на адреса на Државна лотарија на Македонија, бул. Xxxx Xxxxxx бр.8, 1000 Скопје, п.фах 506 или со доставување во архивата на Државната лотарија на Македонија, во зградата на МРТВ на 18-кат, секој работен ден од понеделник до петок во работно време од 08 до 16 часот.
За добивање на подетални информации, заинтересираните лица можат да се јават во стручните служби на Државна лотарија на Македонија, секој ден од 08 до 16 часот на тел.02/ 323 777.
Комисија за спроведување на постапката
Претседател,
Xxxxx Xxxxxxxxxxx
Одобрил:
Генерален директор
м-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxx