„ (9) Заради задржување на квалитетни стручни кадри од областа на дигиталнатa форензика, а кои се дефицитарни во Република Северна Македонија, се утврдува додаток на плата на следните видови на работни места во Одделот за форензички испитувања:
20240060167
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и
120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/23), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 149/21, 299/21, 303/21, 32/22, 54/23 и 102/23), во член 45 во ставот (1) зборот „утврдени“ се заменува со зборот „пропишани“.
Член 2
Во член 108 став (1) точката 3 се менува и гласи:
„3. здравствени и социјални околности.“
Член 3
Членот 109 се менува и гласи:
„По основ на критериумот ,,должина на пензискиот стаж“ согласно член 108 точка 1 од овој колективен договор, работникот се стекнува со право на годишен одмор:
- за пензиски стаж од шест месеци до една година - 20 работни xxxx;
- за пензиски стаж над една до осум години - 21 работни xxxx;
- за пензиски стаж над осум до 15 години - 22 работни xxxx;
- за пензиски стаж над 15 до 20 години - 24 работни xxxx;
- за пензиски стаж над 20 години - 26 работни xxxx.“.
Член 4
Во член 110 став (1) во алинеите 1 и 2 пред зборот „дена“ се додава зборот „работни“.
Член 5
Членот 111 се менува и гласи:
„По основ на критериум „здравствени и социјални околности“ согласно член 108 точка
3 од овој колективен договор, годишниот одмор се зголемува за:
- работник инвалид - три работни xxxx;
- работник со најмалку 60% телесно оштетување
- три работни дена;
- повозрасен работник (над 59 години возраст-маж – над 57 години возраст- жена)
-три работни дена;
- самохран родител или старател на дете до 15 години - три работни xxxx;
- самохран родител, родител или старател на дете со посебни потреби
- четири работни дена“.
Член 6
Во член 117 во ставот (1) во воведната реченица зборот „седум“ се заменува со зборот
„десет“.
Во алинеите од 1 до 17 пред зборот „ден“ се додава зборот „работен“, а пред зборот
„дена“ се додава зборот „работни“. Алинејата 3 се менува и гласи:
- за раѓање/посвојување на дете - три работни дена; Xxxxxxxxx 9 се менува и гласи:
„-полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот или за сопствени потреби - три работни дена;“
Алинејата 11 се брише. Алинејата 16 се менува и гласи:
„елементарна непогода во домот (пожар, поплава или друг неповолен настан во домот, за кој се доставува доказ) - три работни дена;“
По алинејата 17 се додаваат три нови алинеи 18, 19, и 20, кои гласат:
„- развод на брак - три работни xxxx (најдоцна до правосилноста на пресудата за развод на бракот);
- кражба во домот -еден работен ден;
- за учество на синдикални активности на работниците организирани од страна на синдикатот -деновите на одржување на тие активности.“.
Во ставот (3) зборот „седум“ се заменува со зборот „десет“. По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
„(6) Во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди прогласени од страна на надлежен орган или институција, на работникот кој живее во подрачјата погодени од временските или елементарни непогоди, може да му се одобри и поголем број на денови платено отсуство за периодот за кој е прогласена вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди.“
Член 7
Во член 118 зборот „седум“ се заменува со зборот „десет“.
Член 8
Во член 120 во став (1) алинејата 3 се менува и гласи:
„- за лекување во земјата и странство;“.
По алинејата 6 се додаваат две нови алинеи 7 и 8 кои гласат:
„-за учество на конгреси и конференции;
- за патување во странство заради семејно обединување.“ По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи:
„(6) Одлука по барање на работникот за отсуство од ставот (1) на овој член, донесува министерот или од него овластен работник, во согласност со потребите на процесот на работата.“.
Член 9
Во член 149 во ставот (1) зборовите „на летачкиот персонал“ се заменуваат со зборовите „Одделот за воздухопловни единици“.
Во ставот (3) зборовите „со подзаконски акт ќе го пропише“ се заменуваат со зборовите
„ќе го утврди“.
Член 10
Во член 162 став (2) по алинејата 2 се додаваат три нови алинеи 3, 4 и 5, кои гласат:
„- креативност и инвентивност;
- продуктивност и економичност во процесот на работење;
- заштеди во процесот на работење од аспект на користење на средствата за работа и на работното време;“
Член 11
Во член 166 во ставот (3) бројот „4“ се заменува со бројот „5“.
По ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:
„(4) Правото на зголемена плата по основ на работа во смени работникот го остварува само за деновите кога работи во смени организирани со периодично менување во рамките на вкупните 24 часа.“
Член 12
Во член 168 став (1) точка 1 по алинејата 5 се додава нова алинеја 6 која гласи:
„- член на екипаж - оператор на додатни системи 40%;“.
Алинејата 8 која станува алинеја 9 се менува и гласи:
„- член на екипаж на комплексен хеликоптер, како и воздухопловно-технички персонал кој работи на одржување на комплексни хеликоптери 10%;“.
Во ставот (8) зборовите „и дигитална форензика“ се бришат. По ставот (8) се додава нов став (9) кој гласи:
„ (9) Заради задржување на квалитетни стручни кадри од областа на дигиталнатa форензика, а кои се дефицитарни во Република Северна Македонија, се утврдува додаток на плата на следните видови на работни места во Одделот за форензички испитувања:
1. Сектор за дигитални испитувања Одделение за дигитална форензика:
- началник на одделение | 30% |
- главен инспектор | 30% |
- самостоен инспектор | 30% |
- виш инспектор | 30% |
- инспектор | 30% |
- помлад инспектор | 30% |
- главен криминалистички техничар | 20% |
- самостоен криминалистички техничар | 20% |
- виш криминалистички техничар | 20% |
2. Одделение за форензичка и информатичка поддршка: | |
- главен инспектор за информатичка поддршка | 30% |
- самостоен инспектор за информатичка поддршка | 30%.“. |
Член 13
Во член 172 во ставот (1) зборовите „врши согласно посебен интерен акт донесен од министерот“ се заменуваат со зборовите „утврдува од страна на министерот“.
Член 14
Во член 177 став (1) во алинејата 2 по зборот „празници“ се додаваат зборовите „и неработни денови“.
Член 15
Во член 180 во ставот (1) зборовите „согласно посебен акт за доделување награди, благодарници и признанија, донесен од министерот“ се заменуваат со зборовите „на начин утврден од страна на министерот“.
Член 16
Во член 184 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи:
„(3) Начинот на остварување на правото на работниците од ставовите (1) и (2) на овој член, се утврдува од страна на министерот“.
Во член 189 ставот (2) се брише. Ставот (3) станува став (2).
Член 17
Член 18
Членот 200 се менува и гласи:
„За непрекината работа во ефективно траење од 10, 20, 30 и 40 години во Министерството, на работник му се доделува јубилејна награда во висина од:
- 50% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 10 години;
- 100% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 20 години;
- 150% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 30 години и
- 200 % од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 40 години.
(2) Решение за доделување на награда согласно ставот (1) на овој член, донесува министерот.“.
Член 19
Во член 221 ставот (4) се брише.
Член 20
Членот 342 се брише.
Член 21
Правото на јубилејни награди од членот 18 од овој колективен договор, започнува да се остварува од 2024 година.
Член 22
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 03-821/1 Бр. 13-138528/1
29 декември 2023 година 29 декември 2023 година Скопје Скопје
Македонски Министерство
Полициски синдикат за внатрешни работи Претседател, Министер,
д-р Xxxxxx Xxxxx, с.р. Xxxxxx Xxxxxxxxx, с.р.