Македонски Телеком АД - Скопје ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗАЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва и Одлуката на Одборот на директори на Македонски Телеком, донесена на вонрeдниот состанок на 29 октомври 2018 година,...
Македонски Телеком АД - Скопје |
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗДЕЛКА СО ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва и Одлуката на Одборот на директори на Македонски Телеком, донесена на вонрeдниот состанок на 29 октомври 2018 година, Македонски Телеком известува дека е склучен Договор за закуп за деловен простор со Оперативно - техничка агенција (во понатамошниот текст:”ОТА”), како зделка со заинтересирана страна, со оглед дека Владата на Република Северна Македонија е акционер на Друштвото којашто поседува над 38% од акциите со право на глас. Договорот се склучува за период од 5 години заклучно до 31.12.2023 година, а предмет на закуп е простор кој е во сопственост на Друштвото и се наоѓа во склоп на деловниот објект - зграда ТК Центар - Скопје, лоцирана на ул. Орце Николов бб во Скопје, за месечна закупнина во износ од 5.000 евра (без ДДВ). |