ГОЏИ убедливо е најпрофитабилното растение за плантажно одгледување во Македонија. Склучуваме договори за гарантиран откуп на родот со оние кооперанти кои ќе одгледуваат органско гоџи на површини од минимум 2 dka (800 садници). Гоџи (Lycium barbarum)...
П О Н У Д А
за саден материјал и откуп на ГОЏИ
ГОЏИ убедливо е најпрофитабилното растение за плантажно одгледување во Македонија. Склучуваме договори за гарантиран откуп на родот со оние кооперанти кои ќе одгледуваат органско гоџи на површини од минимум 2 dka (800 садници).
Гоџи (Lycium barbarum) сорта Ningxia No.1 - се одликува со крупен и вкусен плод. Полната зрелост растението ја добива во петтата година, кога приносите се минимум 5 kg плод од едно растение.
Цената на еден садник е 6 ЕUR.
За кооперантите кои со нас ќе склучат договор за набавка на садници, без разлика дали сакаат да склучат договор за откуп или не, цената на еден садник е 5 EUR.
Откупот е загарантиран по цена 5,00 EUR за 1 kg свеж плод.
Шема на садење
За плантажно одгледување, каде што обработката на почвата се врши механизирано, растојанието меѓу редовите треба да e 2,50 m, а меѓу садниците 1 m (400 садници на 1 dka, односно 4.000 садници на 1 ha).
За помали насади или домашни градини, каде што обработката на почвата вообичаено е да се врши рачно, растојанието меѓу редовите може да биде 1,5 m, а меѓу садниците 1 m.
Нарачка на садниците
БИОПЛАНТ во својот расадник има садници од гоџи во текот на целата година. Одрвенетите садници се за садење од ноември до март (даваат род веќе во јули-август), а контејнерските се за мај-јуни (даваат род наредната година).
Ако сакате да склучите договор за откуп на плодот со нас, тогаш најпрвин се прави договор за нарачка на садници, со кои ние Ви гарантираме дека сертифицираниот саден материјал ќе го добиете на време и по гарантирана цена од 5 EUR за садник. По потпишувањето на договорот за нарачка на садниците, се уплаќа учество од 50% од вкупната цена на садниците. Остатокот од 50% се плаќа пред преземањето на садниците од нашиот расадник во Скопје.
При преземањето на садниците ќе ја добиете и комплетната технологија за садење, одгледување и одржување на плантажата.
Минимална количина за нарачка на саден материјал е 10 садници.
Сите наведени цени се со вклучен ДДВ, а плаќањето се врши во денари, според продажниот курс на еврото на денот на фактурирањето.
БИОПЛАНТ Скопје, xx. 0000 xx.0 (индустриска зона Пинтија) тел: (00) 0000 000 xxx.xxxxxxxx.xx