Contract
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
Бр. 05-220
13.02.2013 год. С К О П Ј Е
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 7 /2013
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
УСЛУГИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КАМПУСОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (ИМОТОТ ШТО СЕ НАОЃА ВО ОГРАДЕНИОТ ПРОСТОР СО ЗАШТИТЕНА ОГРАДА-КАДЕ СПАЃААТ, ЗГРАДАТА НА РЕКТОРАТОТ, ПРАВНИОТ, ЕКОНОМСКИОТ, ФИЛОЛОШКИОТ И ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ) И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЦА ПРИ МАНИФЕСТАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ.
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Скопје, февруари 2013 година
С о д р ж и н а
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА 3
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ 4
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ 23
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА 25
ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ 27
ПРИЛОГ 3: ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА 28
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
Бр. 05-220
13.02.2013 год.
С К О П Ј Е
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со адреса на бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, телефон за контакт 00-0000-000, факс 00-0000-000 електронска пошта xxxx@xxxx.xxx.xx, има потреба од набавка на Услуги за обезбедување на Кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и обезбедување на лица при манифестации за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08 и 97/10, 185/11), за што објави отворена постапка број 6/2013.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 13.03.2013 во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка и образец на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно, и ќе се изврши на 13.03.2013 година во 10.00 часот во просториите на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје
13.02.2013 година
Комисија за јавни набавки Претседател
Проф.д-р Xxxx Xxxxxxxxxx
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
-
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште на адреса: бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, телефон 00-0000-000, факс 00-0000-000, електронска пошта xxxx@xxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxxxx Xxxxxxxx, телефон 00-0000-000, факс 00- 0000-000, електронска пошта xxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот е набавка на услуги за Услуги за обезбедување на Кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (имотот што се наоѓа во оградениот простор со заштитена ограда-каде спаѓаат, Зградата на Ректоратот, Правниот, Економскиот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет) и обезбедување на лица при манифестации за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Регистрацијата во ЕСЈН е бесплатна. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и
истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот
„Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН..
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на е-меил адресата на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Договорниот орган ќе испрати поединечно известување до секој економски оператор дали е квалификуван за учество на електронска аукција.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од сопствени приходи и буџетски средства.
1.8 Право на учество
1.8.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
1.8.2 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.3 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор за јавна набавка и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Во случај на понуда од група на понудувачи, претставникот на групата со својата понуда треба да достави и писмено овластување потпишано од сите членови на групата на понудувачи со кое тие го овластуваат претставникот да поднесе понуда и да ги презема сите права и обврски во нивно име и за нивна сметка. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.7 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.8 Понудувачот е должен во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи.
1.8.9 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите се испраќаат во писмена и електронска форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно моментот на примање.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите на понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба
- техничката или професионалната способност
- стандарди за системи за квалитет
- стандарди за управување со животната средина
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да го исполнува следниов услов:
- Да има позитивен финансиски резултат и вкупни приходи минимум 60.000.000,00 денари (шеесет милиони денари) за последната финансиска година.
2.4.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил обртот од потточка 2.4.1 во годините за кои постојат податоци.
2.4.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од потточка 2.4.1 со доставување на:
- извештај од билансот на состојба и податоци од билансот на успех за претходната година заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба и биланс на успех за претходната година, или извадоци од извештајот за билансот на состојба и билансот на успех за претходната година во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран
2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
2.4.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.4.6 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.7 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, економската и финансиската состојба се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со финансиска поддршка од трет субјект, економската и финансиска состојба се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- да биде технички опремен за вршење на дејноста;
- да има образован и професионален кадар за вршење на дејноста (минимум 150 вработени);
- да има листа на извршени услуги од ист вид со предметот на понудата во последните 2 (две) години
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.5.1
со доставување на :
- преглед со краток опис на техничката опременост и оспособеност на понудувачот;
- изјава за лица кои се во работен однос кај економскиот оператор која ќе се докаже со декларација за прием од Управа за јавни приходи и потврда од Комората на Република Македонија за обезбедување лица и имот за издадени најмалку 250 легитимации.
- референтна листа за извршени услуги, со соодветни потврди за квалитетно извршени договори
(минимум 5).
2.5.3 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5.4 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
2.6 Стандарди за системи за квалитет
2.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да го исполнува следниов стандард:
- стандард за систем за квалитет –ISO 9001
2.7 Стандарди за управување со животната средина
2.7.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за управување со животната средина, економскиот оператор треба да гo исполнува следниoт стандард:
- стандард за управување со животна средина – ISO 14001
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни денови за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка
2.3 од тендерската документација;
- докази за утврдување на економската и финансиската способност наведени во точка 2.4 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5 од тендерската документација;
- писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори),
4.1.2 Економскиот оператор задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.6 Форма и потпишување на понудата
4.6.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
4.6.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.7 Затворање и обележување на понудите
4.7.1 Понуди можат да достават само економски оператори што имаат подигнато заверен примерок на тендерската документација од договорниот орган.
4.7.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.7.3 Ако пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
4.8 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.8.1 Краен рок за доставување на понудите е 13.03.2013 година, во 10.00 часот.
4.8.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Ректорат на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. „Xxxx Xxxxxx“ бр.9, со назнака "За отворена постапка бр. 7 /2013".
4.8.3 Понудата која поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.9 Алтернативни понуди
4.9 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни
понуди.
4.10 Измена, замена и повлекување на понудата
4.10.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.8.
4.10.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.10.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.8.
4.11 Изјава за сериозност на понудата
4.11.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
4.11.2 Негативната референца ќе биде објавена истовремено со објавување на известувањето за склучен договор или за поништување на постапката.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Oтворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 13.03.2013 година, во 10.00 часот, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка
4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во архивата на договорниот орган.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во архивата на договорниот орган.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да до обезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата). / По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, избраниот понудувач ќе има обврска да го распредели намалениот износ на вкупната цена во споредба со првично понудената вкупна цена во рамки на ставките кои се составен дел на предметот на набавка.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 7 (седум) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка
6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата (доколку се барала).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање : Плаќањето е сукцесивно, во рок од 30 (триесет) дена по достава на фактурата во архивата на договорниот орган. Фактурите се доставуваат во период од 01- ви до 05-ти во тековниот месец за претходниот месец.
7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Рок и место на извршување на услугата
7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите на договорот за период од 1 (една)
година од денот на потпишување на договорот согласно потребите на договорниот орган.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување договор со најповолниот економски оператор е обезбедување банкарска гаранција од страна на носителот на набавката за извршување на набавката во износ од 5% од вкупната вредност на договорот.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 5 дена од потпишување на договорот.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од точка 1.2.2 од тендерската документација.
7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.
7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.6 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.6.1 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка
ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КОМПЛЕКСОТ
Агенцијата за обезбедување на лица и имот треба да поседува:
▪ лиценца за работа согласон со Законот за обезбедување на лица и имот;
▪ технички средства и уреди за квалитетно извршување на обврските, при што, поради големината на парцелата што треба да се обезбедува, се предлага користење на велосипеди, односно мопеди во делот на кружната сообраќајница.
Лицата ангажирани од Агенцијата треба да ги исполнуваат следните барања:
▪ да поседуваат лиценца за работа, согласно со Законот за обезбедување лица и имот;
▪ да постапуваат согласно Законот за обезбедување лица и имот, другите подзаконски акти, наредби, упатства и задолженија;
▪ да бидат облечени во униформирана облека со ознаки на Агенцијата Нивните задачи би биле следниве:
▪ обезбедување на објектот на Бул. Xxxx Xxxxxx бр.9-Скопје, односно на сите простории каде што нарачателот на работата ја врши својата регистрирана дејност;
▪ вршење надзор и контрола на влез и излез на лица во објектот на нарачателот на работата во работното и вонработното време;
▪ спречување на лица кои неовластено сакаат да влезат, да престојуваат и да се задржуваат во објектот на нарачателот на работата;
▪ отстранување на лица кои со своето присуство го попречуваат или го попречуваат или го оневозможуваат нормалниот работен процес во објектот на нарачателот на работата;
▪ овозможување на непречено одвивање на наставниот процес;
▪ откривање и спречување на сите појави кои можат да ја загрозат безбедноста на објектите;
▪ да го утврдуваат идентитетот на непознати лица и ако е потребно да ги оддалечуваат од објектите ако немаат основа за престој;
▪ да ги контролираат паркинзите и да го спречат разбивањето на возилата, односно да го спречат оштетувањето и кражбата на опремата во возилата;
▪ да го спречат паркирањето во требниците, уништувањето да дрвјата и другото зеленило како и опремата за наводнување на тревниците;
▪ да вршат визуелен преглед на лица или возила по слободна процена, заради спречување на внесување на забранети средства, посебно оружје или други орудија;
▪ да спречат изнесување на делови од имотот кој се наоѓа во објектите или во дворот;
▪ да отстранат сомнителни објекти кои можат да го оштетат имотот или да го загрозат животот на вработените и на странките;
▪ да го запазуваат редот и однесувањето кои важат за вработените во Универзитетскиот комплекс;
▪ постојано 24 часовно присуство на по еден извршител на двата главни влеза на моторни возила.
НАДОМЕСТОК ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Потребно е да се понуди:
I. стандарден ангажман
▪ бруто – износ за еден извршител месечно, за 24 часовен режим на работа,
▪ бруто – месечен износ за вкупно 12 извршители, за 24 часовен режим на работа.
II. дополнителен ангажман
▪ бруто – износ за еден извршител месечно со работно време од 8.00 до 17.30 ч,
▪ бруто – месечен износ за вкупно 4 извршители, за режим на работа од 8.00 до 17.30
ч,
III. Обезбедување лица при манифестации
▪ бруто – износ за еден извршител за 1 работен час
* НАПОМЕНА: Предмет на спроведувањето на електронската аукција е бруто-месечен износ за постојано присуство на вкупно 12 извршители, за 24 часовен режим на работа, распореден во 3 (три) смени.
ПРИЛОГ 1:
III. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 7 /2013 објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на Услуги за обезбедување на Кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (имотот што се наоѓа во оградениот простор со заштитена ограда-каде спаѓаат, Зградата на Ректоратот, Правниот, Економскиот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет) и обезбедување на лица при манифестации за потребите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
III.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Даночен број и матичен број: ,
III.2. ТЕХНИЧКА ПОНУДА:
IV.2.1.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
IV.2.2. Нашата понудата е составена од следниве делови:
-Пополнет образец на Понуда
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за докажување на личната состојба
- документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност
- докази за исполнување на економската и финансиската способност
- докази за исполнување на техничката или професионалната способност
IV.3. ФИНАНСИСКА ПОНУДА:
IV.1 Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
I. Стандарден ангажман
Број на извршители | Износ без ДДВ | ДДВ | Износ со ДДВ |
1 извршител месечно за 24 часовен режим | |||
12 извршители за 24 часовен режим2 |
II. Дополнителен ангажман
Број на извршители | Износ без ДДВ | ДДВ | Износ со ДДВ |
1 извршител месечно со работно време 8:00 – 17:30 | |||
4 извршители месечно со работно време од 8:00-17:30 |
III.Обезбедување на лица при манифестации
Број на извршители | Износ без ДДВ | ДДВ | Износ со ДДВ |
1 извршител за еден (1) ден работа |
IV.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
IV.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот нацрт договор.
IV. 4 Надоместот на штета е 100%.
IV.5 Рокот на исплата на штетата е денови по комплетирање на документација.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
2 Предмет на аукција е бруто месечен износ за 12 извршители за 24 часовен режим
V. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Прилог 3
Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Овластено лице
(потпис и печат)