Contract
ЗАКОН ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ1
(пречистен текст)
I.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Основни одредби Член 1
Со овој закон се уредуваат условите под кои можат да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување (во натамошниот текст: друштва за осигурување), осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурувањето како и основањето и работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Право на осигурување Член 2
Правните лица и физичките лица кои вршат дејност и граѓаните во Република Македонија, се осигуруваат во друштвата за осигурување основани согласно со овој закон.
Друштва за осигурување Член 3
(1) Друштво за осигурување се основа како акционерско друштво со седиште во Република Македонија, под условите утврдени со овој закон и со Законот за трговските друштва.
(2) Името “друштво за осигурување” или изведени зборови од зборовите: “друштво за осигурување” не можат да влезат во називот на трговско друштво или друго правно лице кое не ги исполнува условите од ставот 1 на овој член и истото не може како такво да биде запишано во трговскиот регистар.
Работи на осигурување и работи на реосигурување Член 4
(1) Друштвото за осигурување може да врши само работи на осигурување и/или реосигурување.
(2) Работи на осигурување се:
1) склучување и исполнување на договори за осигурување на живот и неживотно осигурување;
2) склучување и исполнување на договори за соосигурување x
(3) Работи на реосигурување се склучување и исполнување на договори за реосигурување, од страна на друштвата за осигурување регистрирани за активно реосигурување, на вишоците на ризици над нивото на максимално покритие на друштвата за осигурување.
(4) Во рамките на работи на осигурување и реосигурување од ставовите 2 и 3 на овој член, друштвата за осигурување можат да ги вршат следниве работи директно поврзани со работите на осигурување:
1) посредување во договарање на осигурување и реосигурување;
2) операции со фјучерс договори, опции, како и други слични финансиски инструменти, доколку истите се користат како обезбедување од ризици настанати како резултат на флуктуации на девизниот курс и каматните стапки, а во согласност со одредбите од членот 87 на овој закон;
3) снимање на ризици;
1 Службен весник на Република Македонија бр. 30/2012
4) снимање и процена на штети;
5) посредување при продажба и продажба на остатоците од осигурени оштетени предмети;
6) воведување мерки за спречување, намалување и отстранување на штетите и ризиците кои претставуваат опасност во неживотното осигурување;
7) укажување правна помош во осигурувањето и реосигурувањето и
8) укажување на други интелектуални и технички услуги поврзани со работи на осигурување и реосигурување.
(5) Задолжителното осигурување се уредува со закон.
Класи на осигурување Член 5
Работите на осигурување можат да се вршат во рамките на следниве класи на осигурување:
1. Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда, покрива:
- исплата на осигурената, сума во еден целосен износ;
- исплата на осигурената сума во рати;
- комбинација на исплати од претходните два случаи и
- исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.
2. Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување:
- еднократен паричен надомест за инвалиднина;
- надомест на трошоците за болничко лекување и
- комбинација на плаќањата од претходните два случаи.
3. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:
- моторни возила со сопствен погон, освен шински и
- влечни патни возила.
4. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински возила.
5. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови.
6. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или езерски пловни објекти.
7. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.
8. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или губитоците на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 на овој член) во случаи на:
- пожар;
- експлозија;
- луња;
- природни непогоди освен луња и земјиште што тоне или се лизга.
9. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 на овој член) поради град или мраз, и други штети освен оние од точката 8 на овој член (на пример, во случај на кражба).
10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.
11. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.
12. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.
13. Општото осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности освен оние од точките од 10 до 12 на овој член.
14. Осигурувањето на кредити покрива:
- ризик од неплаќање (ненавремено плаќање), поради неликвидност или други околности;
- извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и инвестирањето на странски и домашен пазар;
- кредити со отплата на рати;
- хипотекарни и ломбардни кредити;
- земјоделски кредити x
- други кредити и заеми.
15. Осигурувањето на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за исполнувањето на обврските на должниците.
16. Осигурувањето од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат како резултат на:
- ризик при вработување;
- недоволен приход (општо);
- временски неприлики;
- загубен приход;
- непредвидени општи трошоци;
- непредвидени трговски трошоци;
- загуба на пазарната вредност;
- загуба на рентата или приходот;
- индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи;
- други финансиски загуби (освен трговски) x
- други видови на финансиски загуби.
17. Осигурувањето на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски спорови.
18. Осигурувањето на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.
19. Осигурувањето на живот (освен она наведено во точките од 20 до 23 на овој член) опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.
20. Осигурувањето на брак или породување.
21. Осигурувањето на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови.
22. Осигурувањето на тонтина (здружение на рентиери), е осигурување на лица здружени со цел заеднички да ги капитализираат уплатените влогови и соодветно на тоа да ги дистрибуираат акумулираните средства меѓу лицата кои достигнале одредена возраст, или пак меѓу корисниците на осигурувањето на починатите лица.
23. Осигурувањето на средства за исплата, се базира на актуарски пресметки при што во замена за еднократни или периодични уплати, осигурените лица добиваат побарувања со одредено времетраење и износ.
Активности на друштвата за осигурување Член 6
(1) Друштвото за осигурување може да врши работи на осигурување во една или повеќе класи на осигурување, во рамките на една од групите на осигурување:
1) неживотно осигурување, кое ги опфаќа класите од точките 1 до 18 од членот 5 на овој закон и
2) осигурување на живот, кое ги опфаќа класите од точките 19 до 23 од членот 5 на овој закон.
(2) По исклучок на одредбите од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување што врши работи на осигурување во групата на осигурување на живот, може исто така да врши работи на осигурување од класите на осигурување во кои спаѓаат здравственото осигурување и осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода, наведени во членот 5 точките 1 и 2 од овој закон.
(3) По исклучок на одредбите од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување кое врши работи на осигурување во групата на осигурување на живот, може исто така во согласност со Законот за капитално финансирано пензиско осигурување да управува со пензиски фондови, доколку ги исполнува условите предвидени со тој закон.
(4) По исклучок на одредбите од ставот 1 на овој член друштвата за реосигурување можат да вршат работи на реосигурување за двете групи на осигурување.
Вршење на работи на осигурување Член 7
(1) Работи на осигурување можат да вршат:
1) друштво за осигурување со седиште во Република Македонија, кое има дозвола за вршење на работи на осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;
2) филијала на странско друштво за осигурување која добила дозвола за вршење на работи на осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување и
3) друштво за осигурување на земја членка, кое основало филијала на територијата на Република Македонија или е овластено директно да врши работи на осигурување на територијата на Република Македонија, согласно со овој закон.
(2) Друштвата за осигурување од ставот 1 на овој член имаат право да вршат работи на осигурување само за оние класи на осигурување за кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) Странска земја, во смисла на овој закон се смета секоја земја која не е членка на Европската унија.
(4) Странско друштво за осигурување, во смисла на овој закон се смета друштво за осигурување на територијата на некоја странска земја, или физичко лице со постојано место на живеење на територијата на странска земја.
(5) Друштво за осигурување на земја членка во смисла на овој закон се смета друштво за осигурување на територијата на земја членка на Европската унија, или физичко лице со постојано место на живеење на територија на земја- членка.
Забрана за вршење на работи на осигурување Член 8
Работи на осигурување не може да врши ниту едно лице, освен оние наведени во членот 7 став 1 на овој закон.
Примена на Законот на домашни друштва за осигурување и други субјекти
Член 9
(1) Одредбите од овој закон ќе се применуваат на друштва за осигурување, друштва за застапување во осигурувањето и осигурително брокерски друштва со седиште во Република Македонија, осигурителните брокери и застапници во осигурување.
(2) Одредбите од овој закон, исто така ќе се применуваат на друштва за осигурување што вршат исклучиво работи на реосигурување (во натамошниот текст: друштва за реосигурување), освен ако поинаку не е наведено во овој закон.
(3) По исклучок на одредбите од ставот 2 на овој член, одредбите на членовите од 42 до 44, 49 до 52, 90 до 98 и 191 до 197 на овој закон нема да се применуваат на друштва за реосигурување.
Примена на Законот на друштва за осигурување од земји членки Член 10
(1) Одредбите од овој закон ќе се применуваат на друштва за осигурување со седиште на територија на земја членка (во Натамошниот текст: друштва за осигурување на земја членка), доколку:
1) основаат филијала на територијата на Република Македонија или
2) на територија на Република Македонија, или друга земја членка склучуваат договори за осигурување кои покриваат ризици на територијата на Република Македонија (во натамошниот текст: директно вршење на работи на осигурување).
(2) Осигурувањето се смета дека покрива ризици на територијата на Република Македонија, доколку:
1. Во случај на неживотно осигурување:
- при осигурување на ризици кои се однесуваат на имот, згради, како и подвижен имот што се наоѓа во зградите осигуран со ист договор за осигурување, ако таквиот имот се наоѓа на територијата на Република Македонија;
- при осигурување на возила, ако тие возила се регистрирани на територијата на Република Македонија и
- при осигурување на ризици што се однесуваат на патувања и годишни одмори, кога договорот за осигурување е валиден најмногу четири месеци, ако правниот акт на осигурување е извршен на територијата на Република Македонија.
2. Во случаи на неживотно осигурување, освен осигурувањето наведено во точката 1 од овој став и во случај на осигурување на живот:
- ако осигуреникот е физичко лице со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија и
- ако осигуреникот е физичко лице, чиј имот се наоѓа на територијата на Република Македонија.
Примена на Законот на странски друштва за осигурување Член 11
(1) Одредбите од овој закон ќе се применуваат на друштва за осигурување со седиште на територијата на странска земја, доколку истите склучуваат договори за осигурување на територијата на Република Македонија, или ако нивните услуги на било кој начин се рекламираат во Република Македонија.
(2) Посебните одредби од овој закон кои се однесуваат на друштво за осигурување со седиште на територијата на Швајцарската конфедерација (во натамошниот текст: швајцарско друштво за осигурување) и неговите филијали, ќе се однесуваат исклучиво на неживотно осигурување.
II. ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Глава 1
Општи одредби Друштво за осигурување Член 12
(1) Друштво за осигурување е акционерско друштво со седиште во Република Македонија кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење работи на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување може да се основа како:
1) друштво за осигурување;
2) друштво за реосигурување и
3) друштво за осигурување и реосигурување.
Основање на друштво за осигурување Член 13
Друштво за осигурување можат да основаат домашни и странски физички и правни лица.
Акционери на друштво за осигурување Член 14
(1) Акционер со квалификувано учество во друштво за осигурување мора да ги исполнува следниве услови:
1) да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
2) да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
3) да не му е изречена споредна казна:
- забрана за добивање дозвола за вршење работи на осигурување, застапување во осигурувањето или осигурително брокерски работи,
- забрана за основање на нови правни лица,
- одземање на дозвола за вршење на работи на осигурување, застапување во осигурувањето или осигурително брокерски работи и
- привремена или трајна забрана за вршење на дејност од областа на осигурувањето;
4) во последните три години да не бил член на орган на управување, надзорен орган или лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
5) против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација, доколку е правно лице;
6) да не е поврзано лице со правно лице во кое друштвото за осигурување директно или индиректно поседува сопственост на најмалку 10% од капиталот или правата на глас во тоа лице и
7) да не работи спротивно на одредбите од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
(2) Одредбите од ставот (1) на овој член соодветно се применуваат и на лицата кои имаат намера да основаат друштво за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерско друштво.
(3) Во случај на бришење на осудата од ставот (1) точка 1 на овој член соодветно се применуваат одредбите од Кривичниот законик.
Акционерски капитал Член 15
(1) Акционерскиот капитал на друштвото за осигурување треба да биде најмалку во висина на гарантниот фонд од членот 77 став (2) на овој закон.
(2) Паричните средства на име акционерски капитал на друштвото за осигурување не смеат да потекнуваат од заем и истите не смеат да бидат предмет на какви било други оптоварувања.
(3) Со актот за основање на друштвото за осигурување се определува висината на акционерскиот капитал за основање и работа на друштвото за осигурување.
(4) Денарската противвредност на акционерскиот капитал од став 3 на овој член,
пресметана по курсот на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата, домашните правни и физички лица ја уплатуваат на засебни привремени сметки кај носителот на платен промет.
(5) Странските правни и физички лица средствата од ставовите (3) и (4) на овој член ги уплатуваат на девизна сметка кај Народна банка на Република Македонија.
(6) Друштвото за осигурување е должно да ја одржува вредноста на акционерски капитал.
Учество и квалификувано учество Член 16
(1) Учество, во смисла на овој закон, претставува директно или индиректно поседување сопственост на најмалку 20% од капиталот или правата на глас на други лица.
(2) Квалификувано учество во смисла на овој закон претставува директно или индиректно поседување на најмалку 10% од вкупниот број на акции или од издадените акции со право на глас во друштво за осигурување.
Поврзани лица Член 16-а
(1) Поврзани лица во смисла на овој закон се сметаат две или повеќе правни или физички лица кои се меѓусебно поврзани на еден од следниве начини:
1) управувачки или капитално, или на кој било друг начин, при што тие заедно ја определуваат нивната деловна политика или работат во координација едни со други за да обезбедат вообичаени комерцијални предности;
2) кога едно лице значително влијае на донесувањето на финансиски и деловни одлуки на другото лице и
3) работењето или резултатите од работењето на едното лице значително влијаат врз работењето и резултатите од работењето на другото лице. Лицата се поврзани и на тој начин што едно правно или физичко лице има учество во друго правно лице.
(2) Поврзани лица во смисла на овој закон се сметаат и лица кои се поврзани:
1) како членови на потесното семејство;
2) како членови на орган на управување, надзорен орган или прокурист, како и членови на нивното потесно семејство;
3) како лица вработени врз база на договор за работа со посебни услови, како и членови на нивното потесно семејство;
4) на начин што едно лице, односно лица кои се сметаат за поврзани лица согласно со овој член, заедно директно или индиректно имаат учество во друго лице;
5) на начин што во двете лица учество има исто лице, односно лица кои се сметаат за поврзани согласно со овој член и
6) на начин кој е пропишан за поврзани лица согласно со Законот за трговските друштва.
(3) За членови на потесното семејство, во смисла на овој закон се сметаат:
1) брачен другар, односно лица кои подолго време живеат во вонбрачна заедница;
2) родител;
3) деца, родени и посвоени и
4) други лица кои немаат целосна деловна способност, а се ставени под старателство на тоа лице.
(4) Група на поврзани лица ја сочинуваат сите лица кои се поврзани на најмалку еден од начините од ставовите (1) и (2) на овој член."
Индиректно стекнување Член 17
(1) Индиректен имател на акции, удели или други права со кои се обезбедува учество во управувањето, односно во капиталот е лице за чија сметка друго лице, како директен имател се стекнал со тие акции, удели или други права со кои се обезбедува учество во управувањето.
(2) Индивидуално лице ќе се смета за индиректен имател на акции, удели, или други права со кои се обезбедува учество во управувањето, доколку директниот имател е лице поврзано со тоа лице.
Глава 2 Квалификувано учество
Согласност за стекнување на квалификувано учество Член 18
(1) Секое лице кое има намера директно или индиректно, постапно или одеднаш да стекне акции со право на глас во друштво за осигурување чиј вкупен кумулативен, номинален износ е еднаков или го надминува нивото на квалификувано учество во друштвото за осигурување потребно е да добие претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: согласност за стекнување квалификувано учество).
(2) Имателот на квалификувано учество од ставот (1) на овој член е должен за секое понатамошно стекнување на акции во друштво за осигурување врз база на кои директно или индиректно, постапно или одеднаш стекнува или надминува 20%, 33%, 50% или 75% од вкупниот број на издадени акции со право на глас во друштвото за осигурување да добие согласност за стекнување квалификувано учество од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член, лице кое врз основа на одлука на надлежен орган во согласност со закон стекнало, постапно или одеднаш, акции чиј вкупен кумулативен номинален износ изнесува или надминува 10%, 20%, 33%, 50% или 75% од вкупниот број акции со право на глас во друштво за осигурување, без оглед на тоа дали акциите ги стекнало директно или индиректно едно или повеќе поврзани лица, е должно, во рок од 10 дена од конечноста, односно правосилноста на одлуката, да поднесе барање до Агенцијата за супервизија на осигурување за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество.
(4) Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член банките, брокерските куќи и берзата не смеат да извршат налог за купување, односно трансакција со акции во друштво за осигурување за кои не им е презентирана согласност за стекнување квалификувано учество од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(5) Во случаите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, Централниот депозитар за хартии од вредност нема да изврши запишување на акциите за кои не му е презентирана согласност од ставовите (1), (2) и (3) на овој член.
(6) Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 60 дена од денот на добивање на согласноста за стекнување квалификувано учество од Агенцијата за супервизија на осигурување. По истекот на овој рок задолжителна е постапка за добивање нова согласност за стекнување квалификувано учество.
(7) Кога лицето кое добило согласност од ставовите 1 и 2 од овој член, има намера да ги продаде акциите, со што ќе се намали неговото учество под лимитот за кој е дадена таа согласност, должно е за тоа да го извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
(8) Агенцијата за супервизија на осигурување, пред да донесе решение за давање на согласност за стекнување на акциите од ставовите 1 и 2 на овој член, е должен да го извести надлежниот орган за супервизија од земја членка, доколку заинтересираниот имател на квалификувано учество е:
1) друштво за осигурување кое има дозвола за вршење работи на осигурување во
таа земја членка;
2) владејачко или зависно друштво на друштвото за осигурување од точката 1 од овој став.
(9) Ако заинтересираниот имател на квалификувано учество е друштво за осигурување од земја членка или странско друштво за осигурување, тогаш кон барањето за добивање на согласност за стекнување на квалификувано учество се приложува и согласност или мислење од надлежниот орган за супервизија на таа земја.
(10) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ќе ја пропише потребната документација и начинот за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување.
(11) Квалификувано учество во смисла на овој закон ќе биде директно или индиректно поседување на акции, или други права врз основа на кои имателот стекнува 10% од акциите со право на управување во друго правно лице.
Донесување на решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество
Член 19
(1) Лицето кое сака да стекне квалификувано учество (во натамошниот текст: заинтересиран имател на квалификувано учество), треба да поднесе барање за добивање согласност до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Кон барањето за добивање согласност од ставот (1) на овој член се поднесуваат документите и информациите од членот 32, став (1) точки 5, 6, 7 и 8, став (2), (3) и (5).
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување со решение ќе го одбие барањето за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество, доколку од поднесените документи се утврди дека:
1) барањето не ја содржи комплетната документација;
2) барањето содржи неточни или невистинити податоци;
3) во однос на активностите или работите кои ги врши заинтересираниот имател на квалификувано учество или со него поврзани лица, работењето на друштвото за осигурување може да биде загрозено согласно со правилата за управување со ризик и
4) во однос на активностите или работите кои ги врши заинтересираниот имател на квалификувано учество или со него поврзани лица, или во однос на видот на односите меѓу тие лица, супервизијата над друштвото за осигурување не може да се спроведе или истата ќе биде значително отежната;
5) заинтересираниот имател на квалификувано учество не ги исполнува условите од членот 14 на овој закон и
6) има основана причина за сомневање во легалноста на потеклото на парите.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување со решение ќе одбие да даде согласност за стекнување на квалификувано учество на странско лице - заинтересиран имател на квалификувано учество, доколку според прописите во земјата на тоа лице или практиката при примена на тие прописи, супервизијата над друштвото за осигурување согласно со одредбите на овој закон не може да се спроведе или истата ќе биде значително отежната.
(5) За решението од ставот (3) на овој член со кое се одбива барањето во врска со ставот (2) точка 6 од овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување веднаш ја известува Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(6) Кога правно лице поднесува барање за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување, постапката за донесување на решение за давање согласност од
ставот (1) на овој член, ќе биде споена со постапката за донесување на решение за давање дозвола за вршење на работи на осигурување.
Член 20 е избришан („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2007)
Повлекување на согласност за стекнување квалификувано учество Член 21
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за повлекување на согласност за стекнување на квалификувано учество, доколку:
1) согласност е добиена со наведување на невистинити податоци;
2) имателот на квалификувано учество или со него поврзани лица преку преземање на одредени активности или работи, го загрозуваат работењето на друштвото за осигурување согласно со правилата за управување со ризик;
3) имателот на квалификувано учество или со него поврзани лица преку вршење на одредени активности или работи, или во однос на видот на односите меѓу тие лица, супервизијата над друштвото за осигурување не може да се спроведе или истата ќе биде значително отежната и
4) во случај на странско лице - имател на квалификувано учество: ако во однос на прописите кои се во сила во земјата на тоа лице или практиката при примена на тие прописи, супервизијата над друштвото за осигурување не може да се спроведе или истата ќе биде значително отежната.
Ограничување на права од акции Член 21-а
(1) За акциите стекнати спротивно на членот 18, ставови (1), (2) или (3) од овој закон и за акциите за кои е повлечена издадената согласност, Агенцијата за супервизија на осигурување со решение утврдува дека не носат право на глас и дека лицето кое ги стекнало тие акции или негови претставници не можат да бидат членови на органот на управување, односно надзорниот орган на друштвото.
(2) Агенцијата е должна решението од ставот (1) на овој член да го донесе во рок од 15 дена од денот на добиеното известување за стекнување на акциите спротивно на член 18 ставови (1), (2) или (3) од овој закон, односно од денот на донесување на решението за повлекување на согласноста.
Член 21-б
Одредбите од оваа глава соодветно се применуваат и на друштвата за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерските друштва.
Глава 3
Орган на управување и надзорен орган на друштвото за осигурување
Орган на управување и надзорен орган на друштвото за осигурување
Член 22
(1) За орган на управување во смисла на овој закон се смета управен одбор, односно извршни директори на друштвото за осигурување.
(2) За надзорен орган во смисла на овој закон се смета надзорен одбор, односно неизвршни директори на друштвото за осигурување.
(3) На друштвата за осигурување не се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва за прокура, трговски полномошник и трговски патник.
Услови за вршење на функција член на органот на управување во
друштвото за осигурување Член 23
(1) За член на орган на управување може да се именува лице кое ги исполнува следниве услови:
1) да има соодветна стручна подготовка и искуство за управување со друштво за осигурување и
2) да ги познава прописите од областа на осигурувањето
(2) Условот од ставот (1) точка 1 на овој член се смета за исполнет доколку лицето има високо образование и најмалку 3 години работно искуство на раководни места во друштво за осигурување, односно 5 години работно искуство на раководни места во банка или друга финансиска институција од сличен обем на активностите како друштво за осигурување.
(3) Членовите на органот на управување мора да се во постојан работен однос во друштвото за осигурување и барем еден од членовите мора да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да има постојано живеалиште во Република Македонија.
(4) Член на орган на управување во друштво за осигурување не може да биде лице:
1) кое е член на орган на управување, надзорен орган или прокурист во друго друштво за осигурување или друго трговско друштво;
2) кое е член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување или друго лице вработено во Агенцијата;
3) на кое му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
4) на кое му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
5) кое извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
6) кое е поврзано лице со правно лице во кое друштвото за осигурување директно или индиректно поседува сопственост на повеќе од 10% од капиталот или правата на глас во тоа правно лице;
7) кое работи спротивно на одредбите од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам и
8) за кое Агенцијата со решение одбила да издаде согласност за вршење на функцијата член на орган на управување и тоа најмалку во период од една година по датумот на донесување на решението за одбивањето на барањето за добивање на согласност.
(5) Во случај на бришење на осудата од ставот (4) точка 3 на овој член соодветно се применуваат одредбите од Кривичниот законик.
Согласност за вршење на функцијата член на орган на управување Член 24
(1) За вршење на функцијата член на орган на управување потребно е добивање на претходна согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштвото за осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување за добивање согласност од ставот 1 на овој член е должно да поднесе барање за добивање согласност до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) Кон барањето од ставот 2 на овој член се приложува соодветна документација со која се докажува дека се исполнети условите од членот 23 на овој закон.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување во текот на постапката за донесување на решение за давање согласност од ставот 1 на овој член, може да одлучи лицето да презентира концепт за управување со друштвото за осигурување.
(5) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за давање согласност од ставот 1 на овој член, доколку од поднесената документација од ставот 3 на овој член се утврди дека лицето ги исполнува условите за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување.
(6) Агенцијата за супервизија на осигурување, може да одбие да даде согласност, доколку од приложената документација за дотогашното работење и активности на лицето се утврди дека истото би го загрозило работењето на друштвото за осигурување согласно со правилата за управување со ризик.
(7) Доколку лице добило согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во едно друштво за осигурување, тогаш истото е должно пред именување на иста функција во друго друштво за осигурување, до Агенцијата за супервизија на осигурување повторно да поднесе барање за добивање согласност од ставот 1 на овој член. Одредбите од ставовите 4, 5 и 6 на овој член, соодветно ќе се применуваат и при давањето согласност од овој став.
(8) При поднесување на барање за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување постапката за донесување на решение за давање согласност од ставот 1 на овој член, се спојува со постапката за донесување на решение за издавање дозвола за вршење на работи на осигурување.
Одговорности на членовите на органот на управување на друштвото за осигурување
Член 25
Членовите на органот на управување на друштвото за осигурување се должни да:
1) обезбедат друштвото за осигурување да работи согласно со правилата за управување со ризик, согласно со овој закон и други закони кои го регулираат работењето на друштвото за осигурување;
2) вршат контрола над ризиците од работењето на друштвото за осигурување, како и да преземаат соодветни мерки за управување со тие ризици;
3) воспостават систем на внатрешна контрола во сите делови од работењето на друштвото за осигурување, како и систем на внатрешна ревизија со што ќе се обезбеди работењето на друштвото за осигурување да биде во согласност со овој закон;
4) обезбедат дека друштвото за осигурување ги води трговските книги и другата сметководствена документација, ги вреднува ставките во деловните биланси, изготвува годишни извештаи, како и извештаи до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно со овој закон и
5) именуваат овластено лице за имплементирање на програмата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, односно ќе формираат оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
Известување до надзорниот орган Член 26
(1) Органот на управување на друштвото за осигурување е должен веднаш писмено да го извести надзорниот орган на друштвото, доколку:
1) е загрозена ликвидноста или солвентноста на друштвото;
2) постојат причини за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување или за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување во одделна класа на осигурување и
3) финансиската состојба на друштвото за осигурување се променила со што друштвото за осигурување повеќе не го обезбедува потребното ниво на маргина на солвентност согласно со членовите 75 или 76 од овој закон.
(2) Членот на органот на управување на друштвото за осигурување е должен веднаш
писмено да го извести надзорниот орган за следново:
1) именување или истекување на мандатот во надзорни органи на други правни лица и
2) трансакции врз основа на кои членот на органот на управување или негови блиски роднини, директно или индиректно се стекнале со акции, или удели во некое правно лице врз основа на што, учеството на членот на органот на управување заедно со неговите блиски роднини во тоа правно лице, го надминало нивото на квалификувано учество, како и во случај неговото учество да се намалило под нивото на квалификувано учество во тоа правно лице.
Повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување
Член 27
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување, доколку:
1) согласност е добиена со наведување на невистинити податоци;
2) работењето на членот на органот на управување не е во согласност со членовите 25 и 26 од овој закон и
3) лицето повеќе не ги исполнува условите од членот 23 став (4) на овој закон.
(2) Кога е поведена постапка за повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување поради незаконитости, кои се причина и за поведување на постапка за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување на друштвото за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување може да ги спои двете постапки.
Надзорен орган на друштвото за осигурување Членови на надзорен орган на друштвото за осигурување
Член 28
(1) За член на надзорен орган на друштво за осигурување не може да биде именувано лице:
1) кое е член на орган на управување, надзорен орган или прокурист во друго друштво за осигурување или друга финансиска институција со седиште во Република Македонија;
2) кое е член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување или друго лице вработено во Агенцијата;
3) на кое му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
4) на кое му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
5) кое извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
6) кое е поврзано лице со правно лице во кое друштвото за осигурување директно или индиректно поседува сопственост на повеќе од 10% од капиталот или правата на глас во тоа правно лице;
7) кое е вработено во друштво за осигурување и
8) кое работи спротивно на одредбите од Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
(2) Забраната од ставот (1) точка 1 на овој член не се однесува на лицата кои се членови на надзорен орган, членови на орган на управување или прокуристи во владејачко друштво за осигурување или друго владејачко друштво во група на друштва за осигурување.
(3) Покрај условите од ставот (1) на овој член најмалку една третина од членовите на надзорниот орган на друштвото за осигурување мораат да бидат независни членови.
(4) Во случај на бришење на осудата од ставот (1) точка 3 на овој член соодветно се применуваат одредбите од Кривичниот законик.
Надлежности на надзорниот орган во друштвото за осигурување Член 29
Покрај надлежностите предвидени со Законот за трговските друштва, надзорниот орган на друштво за осигурување ги има и следниве надлежности:
1) ги одобрува одлуките донесени од страна на органот на управување по однос на деловната политика на друштвото за осигурување;
2) ги одобрува одлуките донесени од страна на органот на управување по однос на финансискиот план на друштвото за осигурување;
3) ги одобрува одлуките донесени од страна на органот на управување во врска со воспоставување на системот за внатрешна ревизија;
4) ја одобрува годишната програма за внатрешна ревизија донесена од страна на органот на управување;
5) врши надзор и контрола над примената на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање тероризам и
6) донесува одлуки по други прашања согласно со овој закон.
Одговорности на членовите на надзорниот орган во друштво за осигурување
Член 30
(1) Членовите на надзорниот орган на друштво за осигурување се должни да:
1) спроведуваат супервизија на адекватноста на постапките и ефикасноста во работењето на внатрешната ревизија;
2) расправаат за наодите на Агенцијата за супервизија на осигурување, даночната инспекција и други надлежни органи, во постапката за спроведување на супервизија на друштво за осигурување;
3) ги ревидираат годишните извештаи и деловните биланси на друштвото за осигурување и изготвуваат мислење по истите и
4) изготвуваат мислење по однос на годишниот извештај на внатрешната ревизија и годишниот извештај на органот на управување и истите ги доставуваат до Собранието на акционери на друштвото за осигурување на усвојување.
(2) Членовите на надзорниот орган на друштвото за осигурување се солидарно одговорни со друштвото за осигурување за сите загуби настанати како резултат на неисполнување на одговорностите од ставот 1 на овој член, освен доколку докажат дека работата ја извршувале со соодветно внимание, совесност и чесност.
(3) Членот на надзорниот орган на друштвото за осигурување е должен веднаш писмено да го извести надзорниот орган за следново:
1) именување или истекување на мандатот во надзорни органи на други правни лица;
2) трансакции врз основа на кои членот на надзорниот орган или негови блиски роднини, директно или индиректно се стекнале со акции или удели во некое правно лице врз основа на што, учеството на членот на надзорниот орган заедно со неговите блиски роднини во тоа правно лице, го надминало нивото на квалификувано учество, како и во случај неговото учество да се намалило под нивото на квалификувано учество во тоа правно лице.
III. ОСНОВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ НА ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Глава 1
Дозволи во врска со вршење на работи на осигурување
1. Видови на дозволи Член 31
(1) Друштвото за осигурување е должно за вршење на работи на осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за вршење на работи на осигурување).
(2) Друштвото за осигурување е должно за воведување нова класа на осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за воведување нова класа на осигурување).
(3) Друштвото за осигурување е должно за пренос на договорите за осигурување на друго друштво за осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за пренос на осигурително портфолио).
(4) Друштвото за осигурување е должно за склучување на договор за пренос на значаен дел од своите активности на друго друштво за осигурување или правно лице да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за пренос на надворешни активности).
(5) Друштвото за осигурување е должно за статусни измени на друштвото за осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за статусни измени).
(6) Странско друштво за осигурување е должно за основање и работа на филијала во Република Македонија да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување).
(7) Друштвото за осигурување е должно за основање и работа на филијала во странство да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: дозвола за основање и работа на филијала во странство).
(8) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе ја пропише потребната документација која мора да биде доставена кон барањето за добивање на дозвола од ставовите (1), (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој член.
2. Дозвола за вршење на работи на осигурување
Барање за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување Член 32
(1) Основачите на друштвото за осигурување кон барањето за добивање на дозвола за вршење на работи на осигурување се должни да приложат:
1) предлог на статут;
2) план за работа;
3) предлог на акти на деловната политика во однос на класите на осигурување наведени во членот 5 точки 2 и 10 од овој закон со мислење на овластен актуар;
4) доказ дека се уплатени парични средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет;
5) извори на средства за уплата на капиталот;
6) потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
7) список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
8) докази во врска со членот 14 од овој закон;
9) список на лица кои се поврзани лица со лицата кои поседуваат квалификувано учество во друштвото за осигурување, со доказ за начинот на поврзаност согласно со членот 16-а од овој закон;
10) за физичките лица кои се предложени за членови на органот на управување и/или надзорниот орган:
- доказ дека се исполнети условите пропишани во членовите 23 и 28 од овој закон и
- доказ дека лицето не подлежи на ограничувањата за избор пропишани согласно овој или други закони, а кои се однесуваат на членови на орган на управување или надзорен орган;
11) предлог на договори за вршење на надворешни активности, ако друштвото за осигурување планира да овласти други субјекти за вршење на надворешни активности;
12) документација врз основа на која може да се констатира дека друштвото за осигурување е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со актот за основање на друштвото за осигурување со податоци за информатичкиот систем и техничката опременост на друштвото за осигурување;
13) елаборат за организација и работа на Службата за внатрешната ревизија и Правила за управување со ризик;
14) име и презиме на овластениот актуар кој ќе врши актуарски работи во друштвото за осигурување со доказ дека се исполнети условите пропишани во членот 110 од овој закон;
15) име и презиме на овластениот ревизор кој ќе биде назначен за внатрешен ревизор во друштвото и
16) програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(2) Правните лица кои имаат намера да стекнат квалификувано учество во друштво за осигурување, покрај документите, податоците и информациите од ставот (1) на овој член, кон барањето доставуваат и:
- акт за основање и список на членови на органот на управување на правното лице;
- извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;
- копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар x
- ревизорски извештај од овластено друштво за ревизија за последните две деловни години.
(3) Доколку акционерот е странско правно лице или домашно правно лице, кое е непосредно или посредно во мнозинска сопственост на странски физички или правни лица, кон барањето за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување, покрај документацијата од став (1) и став (2) на овој член се приложува и:
1) доказ од странското друштво за осигурување дека има дозвола за вршење на работи на осигурување во матичната земја, ако странскиот акционер е друштво за осигурување.
2) мислење на странска институција овластена за супервизија на друштвото за осигурување, ако странскиот акционер е друштво за осигурување и
3) ревизорски извештај од првокласно друштво за ревизија за последната деловна година, ако странскиот акционер е правно лице кое не е друштво за осигурување.
(4) Кон барањето за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување, треба да се приложи и потврда од овластен актуар дека друштвото за осигурување, во однос на планираниот вид и обем на активности ќе може да го обезбеди потребното ниво на маргина на солвентност.
(5) Покрај наведените податоци од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување може да бара и дополнителни документи, податоци и информации и да спроведе интервју со предложените членови на органот на управување и надзорниот орган и со лицата кои имаат намера да се стекнат со квалификувано учество во друштвото за осигурување.
Одлучување за издавање дозвола за вршење на работи на осигурување
Член 33
(1) Во решението со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување, се утврдуваат класите на осигурување кои може да ги врши друштвото за осигурување. Ако дозволата се издава за сите класи на осигурувања во рамките на одделна група на осигурување, тогаш во решението ќе се наведе групата на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде дозвола за вршење на работи на осигурување во рамките на одделна класа на осигурување, ако друштвото за осигурување ги исполнува условите за вршење на работи на осигурување во рамките на таа класа на осигурување.
(3) По исклучок на ставовите 1 и 2 од овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување во решението за издавање дозвола за вршење на работи на реосигурување ќе наведе дека дозволата се однесува исклучиво на работи на реосигурување, како и дека истата ги покрива сите класи на осигурување.
Одбивање на барањето за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување
Член 34
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување, доколку:
1) барањето не ја содржи комплетната документација;
2) барањето содржи неточни или невистинити податоци;
3) акционерите кои се иматели на квалификувано учество немаат согласност согласно со членот 18 ставови 1 и 2 од овој закон;
4) предлогот на членовите на органот на управување немаат согласност за вршење на функцијата членови на органот на управување согласно со членот 24 став 1 од овој закон;
5) расположливите податоци и информации укажуваат дека основачите на друштвото и/или лицата поврзани со него, како последица на правната или финансиската состојба, односно начинот на кој работат или природата на нивните активности индицира тенденција на висок ризик со што може да биде загрозена стабилноста, сигурноста и репутацијата на друштвото за осигурување, односно неговото работење во согласност со прописите;
6) од доставената документација се утврди дека друштвото за осигурување не е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со планот за работа;
7) од предлогот на актите на деловната политика на друштвото за осигурување се утврди дека не се воспоставени услови за вршење на работите на осигурување на друштвото за осигурување, согласно со овој закон;
8) предлогот на статутот и предлогот на актите на деловната политика на друштвото за осигурување се во спротивност со одредбите на овој закон;
9) пресметаните премии и резерви не се доволни за постојано и целосно покривање на обврските на друштвото за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување и
10) друштвото за осигурување не ги исполнува другите услови предвидени со овој или друг закон, или пропис кои се однесуваат на вршење на работи на осигурување општо и/или вршење на работи на осигурување во рамките на одредена класа на осигурување на која се однесува дозволата за вршење на работи на осигурување.
(2) Покрај случаите од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за вршење на работи на осигурување во класи на задолжително осигурување, како и дополнително
здравствено осигурување, доколку Општите и посебни услови на полиси се во спротивност на одредбите кои го регулираат задолжителното осигурување и дополнителното здравствено осигурување.
Акт за основање Член 35
Друштвото за осигурување го донесува Актот за основање во рок од 60 дена од денот на донесувањето на решението со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување.
Упис во трговскиот регистар Член 36
(1) Друштвото за осигурување стекнува својство на правно лице со упис во трговскиот регистар.
(2) Кон пријавата за упис во трговскиот регистар, покрај документацијата утврдена со Законот за трговските друштва се приложува и:
1) доказ дека се уплатени парични средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платниот промет, односно дека странскиот основач ги уплатил девизните средства на посебна сметка кај Народната банка на Република Македонија и
2) дозвола од членот 31 став 1 на овој закон.
(3) По извршената регистрација во трговскиот регистар, судот е должен до Агенцијата за супервизија на осигурување да достави примерок од решението за упис во трговскиот регистар.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување води евиденција на друштвата за осигурување регистрирани во трговскиот регистар.
Започнување со работа Член 37
(1) Друштвото за осигурување е должно да започне со работа во рок од шест месеци од денот на донесувањето на решението со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно писмено да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување за започнување или престанок со работа во рамките на секоја од класите на осигурување за кои добило дозвола за вршење на работи на осигурување, веднаш по започнувањето, односно престанокот.
План за работа Член 38
(1) Планот за работа од точката 2 став 1 на членот 32 од овој закон содржи:
1) основи на деловната политика;
2) класи на осигурување во рамките на кои друштвото за осигурување планира да врши работи на осигурување;
3) принципи за реосигурување, вклучувајќи табели за максимално покритие за сите класи на осигурувања;
4) пресметка на потребното ниво на маргината на солвентност согласно со членовите 75 или 76 од овој закон;
5) планиран обем на трошоци за основање, организациски трошоци и трошоци за развој на друштвото;
6) проценка на ликвидноста, како и финансиски извори потребни за исполнување на обврските и обезбедување потребно ниво на маргина на солвентност и
7) елаборат со проекција за очекувани деловни резултати за најмалку тригодишен
период, пред се во врска со очекуваниот приход од премиите, очекуваните штети, расходите за спроведување на осигурувањето, очекуваната добивка, очекуваните обесштетувања, како и висината на технички и други резерви.
(2) Ако планот за работа се однесува на работи на реосигурување, тогаш истиот ќе ги содржи само одредбите предвидени во точките 1, 4, 5 и 7 од ставот 1 на овој член.
(3) Ако друштвото за осигурување има намера да врши работи на осигурување вклучувајќи ги и работите од точката 18 став 1 на членот 5 од овој закон, планот за работа, исто така треба да вклучува спецификација на расположливи средства на друштвото за осигурување кои се потребни за задоволување на непаричните обврски (средства за помош), кои произлегуваат од таа класа на осигурување.
(4) Друштвото за осигурување е должно на годишно ниво да изготвува план за работа кој ќе ги содржи одредбите предвидени со ставот 1 на овој член, со исклучок на точките 5 и 7. Планот за работа, друштвото за осигурување го доставува до Агенцијата за супервизија на осигурување најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната година.
(5) Xxx Xxxxxx за работа друштвото за осигурување е должно за секоја деловна година да донесе акт за управување со ризик согласно со одредбите пропишани во Дел четврти од овој закон и истата да ја достави до Агенцијата за супервизија на осигурување во рокот утврден во ставот (4) на овој член.
Акти на деловната политика Член 39
(1) Акти на деловната политика на друштвото за осигурување се:
1) општи и посебни услови за осигурување по класи на осигурување;
2) тарифи на премии по групи и класи на осигурување со структура на премијата согласно со членовите 78 и 79 од овој закон;
3) правилник за формирање на технички резерви на осигурување и политика за управување со средствата;
4) правилник за пласирање на средствата на техничките резерви;
5) акт за формирање, управување и користење на математичката резерва за осигурување на живот и за други групи на осигурување во кои се применуваат табелите на смртност и други слични веројатносни табели и пресметки што се однесуваат на осигурување на живот;
6) правилник за формирање фонд за превентива и управување и користење на фондот, доколку формирање на фондот за превентива е предвидено со статутот на друштвото;
7) програма за потребите од реосигурување, согласно со членот 100 на овој закон и
8) правилник за остварување на регреси.
(2) Актите од ставот 1 на овој член се изготвуваат и за сите задолжителни осигурувања.
Истекување на дозволата за вршење на работи на осигурување Член 40
(1) Дозволата за вршење на работи на осигурување во одделна класа на осигурување, или за сите класи на осигурување за кои друштвото има дозвола за вршење на работи на осигурување, ќе истече доколку:
1) друштвото за осигурување не започне со работа во период од една година од денот на донесувањето на решението за издавање на дозвола за вршење на работи на осигурување;
2) друштвото за осигурување не донесе акт за основање во рок од 60 дена од денот на донесувањето на решението за издавање на дозвола за вршење на работи на осигурување;
3) друштвото за осигурување писмено ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување дека ќе престане да врши работи на осигурување;
4) по отворање на стечајна постапка;
5) по отворање на ликвидација и
6) по пренос на сите договори за осигурување на друго друштво за осигурување.
(2) При настанување на случаите од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за истекување на дозволата за вршење на работи на осигурување.
(3) Друштвото за осигурување не може да склучува нови договори за осигурување:
1) во случаите од точките 1 до 3 од ставот 1 на овој член, од денот на донесувањето на решението од ставот 2 на овој член;
2) во случај од точката 4 од ставот 1 на овој член, од денот на објавувањето на отворањето на стечајната постапка на огласна табла на надлежниот суд;
3) во случај од точката 5 од ставот 1 на овој член, од истекот на роковите од точките 1 до 4 од ставот 2 член 169 на овој закон, во зависност од основата за отворање на ликвидација и
4) во случај од точката 6 од ставот 1 на овој член, од денот кога друштвото за осигурување добило дозвола за пренос на договорите за осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
3. Дозвола за воведување нова класа на осигурување Член 41
(1) Друштвото за осигурување кое има дозвола за вршење на работи на осигурување во рамките на одделни класи на осигурување, е должно за вршење на работи на осигурување во рамките на други класи на осигурување да добие дозвола за воведување нова класа на осигурување, од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за воведување нова класа на осигурување, доколку:
1) се утврди дека со воведување на новата класа на осигурување, работењето на друштвото за осигурување може да биде загрозено согласно со правилата за управување со ризик и
2) друштвото за осигурување не ги исполнува другите услови за вршење на работи на осигурување во рамките на класите на осигурување за кои е поднесено барање за добивање на дозволата.
(3) Во однос на дозволата за воведување нова класа на осигурување од ставот 1 на овој член, ќе се применуваат одредбите од членовите 32 до 34, 38 и 40 на овој закон, освен ако поинаку не е определено со овој закон.
4. Дозвола за пренос на осигурително портфолио Пренос на осигурително портфолио
Член 42
(1) Друштвото за осигурување може преку договор да изврши пренос на договорите за осигурување во рамките на една или повеќе класи на осигурување (во натамошниот текст: осигурително портфолио), заедно со средствата кои ги покриваат техничките резерви и/или математичката резерва, во висина на техничките резерви и/или математичката резерва кои треба да бидат издвоени за осигурителното портфолио кое е предмет на пренос на друго друштво за осигурување.
(2) За пренос на осигурително портфолио не е потребна согласност од осигурениците.
(3) Договорот од ставот 1 на овој член влегува во сила на денот кога Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за издавање дозвола за пренос на
осигурително портфолио.
(4) Друштвото за осигурување кое го презема осигурителното портфолио е должно во период од пет дена последователно, во најмалку два дневни весници на територијата на која се покриваат ризиците со осигурителното портфолио, да ги информира осигурениците за извршениот пренос.
(5) Друштвото за осигурување може да изврши пренос на осигурително портфолио на:
1) друго друштво за осигурување со седиште во Република Македонија;
2) друштво за осигурување од земја членка или негова филијала во Република Македонија или некоја друга земја членка и
3) филијала на странско друштво за осигурување во Република Македонија.
Барање за добивање дозвола за пренос на осигурително портфолио Член 43
Барањето за добивање дозвола за пренос на осигурително портфолио содржи:
1) листа на договори за осигурување според одделни класи на осигурување кои се предмет на пренос, како и Општите и посебни услови за осигурување за тие договори за осигурување и соодветни пресметки за техничките резерви и/или математичката резерва;
2) податоци за средствата кои ги покриваат техничките резерви и/или математичката резерва, со наведување на нивниот обем и податоци врз основа на кои може да се изврши проверка на обемот;
3) измени во планот на работа на друштвото за осигурување кое го презема осигурителното портфолио, а кои се јавуваат како резултат на преносот и
4) договор за пренос на осигурително портфолио.
Донесување решение за издавање на дозвола за пренос на осигурително портфолио
Член 44
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за пренос на осигурително портфолио, ако обемот на средствата кои ги покриваат техничките резерви и/или математичката резерва се пониски од техничките резерви и/или математичката резерва кои требало да се издвојат за осигурителното портфолио што е предмет на пренос, или ако постојат други услови поради што ќе бидат загрозени интересите на осигурениците.
(2) Во случаите од точките 1 и 3 од ставот 5 на членот 42 од овој закон, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за пренос на осигурително портфолио, ако друштвото за осигурување кое го презема осигурителното портфолио не ги исполнува условите за вршење на работи на осигурување во рамките на класите на осигурување во чии рамки е осигурителното портфолио или ако поради преземање на осигурителното портфолио, работењето на друштвото за осигурување може да биде загрозено согласно со правилата за управување со ризик.
(3) Ако друштвото за осигурување го пренесе осигурителното портфолио на негова филијала во земја членка, пред да се донесе решение за издавање на дозвола за пренос на осигурително портфолио, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да побара мислење од надлежниот орган за супервизија на земјата членка. Ако во рок од три месеци од приемот на барањето за мислење, надлежниот орган за супервизија на земјата членка не одговори, ќе се смета дека истиот нема приговор во однос на преносот на осигурителното портфолио.
(4) Во случај од точката 2, став 5 од членот 42 на овој закон, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде дозвола за пренос на осигурително
портфолио, само доколку надлежниот орган за супервизија на земјата членка издаде потврда дека друштвото за осигурување од земјата членка го обезбедува потребното ниво на маргина на солвентност по извршениот пренос на осигурителното портфолио.
(5) Ако во случај од ставот 4 на овој член, осигурителното портфолио покрива ризици на територијата на некоја друга земја членка, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде дозвола за пренос на осигурителното портфолио, доколку надлежниот орган за супервизија на таа земја членка се согласи со преносот. Доколку во рок од три месеци од приемот на барањето за добивање согласност, надлежниот орган за супервизија на таа земја членка не издаде согласност, ќе се смета дека истиот нема приговор во однос на преносот на осигурителното портфолио.
(6) Одредбите од ставот 4 на овој член ќе се применуваат и на пренос на осигурителното портфолио на филијала на швајцарско друштво за осигурување во Република Македонија.
(7) Ако за пренос на осигурително портфолио од своја филијала во земја членка, странско друштво за осигурување бара согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, тогаш Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да одлучи по барањето.
(8) Ако друштвото за осигурување на земја членка планира да изврши пренос на осигурително портфолио на нејзина филијала во Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување е должно во рок од три месеци од приемот на барањето за согласност да го информира надлежниот орган на супервизија на земјата членка за можниот приговор против преносот.
(9) Ако е побарана потврда од Агенцијата за супервизија на осигурување за пренос на осигурителното портфолио од друштвото за осигурување на земја членка согласно со ставот 4 од овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да издаде соодветна потврда или да одбие да издаде потврда.
(10) Ако друштво за осигурување од земја членка има намера да изврши пренос на осигурително портфолио на друштво за осигурување од друга земја членка, при што осигурителното портфолио што е предмет на пренос, исто така покрива ризици на територијата на Република Македонија, тогаш Агенцијата за супервизија на осигурување може да одбие да издаде согласност за пренос согласно со ставот 5 од овој член, доколку се загрозени интересите на осигурениците. Решението за одбивање за давање согласност ќе се донесе во рок од три месеци од приемот на известувањето за планираниот пренос од страна на надлежниот орган на супервизија на земјата членка.
5. Дозвола за пренос на надворешни активности Договор за пренос на надворешни активности
Член 45
(1) Договорот за пренос на надворешни активности претставува договор со кој друштвото за осигурување пренесува значаен дел од своите активности на друго друштво за осигурување или друго правно лице.
(2) За надворешни активности во смисла на овој закон се сметаат:
1) управување со средствата кои ги покриваат техничките резерви или математичката резерва на друштвото за осигурување;
2) реализација на оштетни побарувања и
3) водење на сметководство.
(3) Во договорот за пренос на надворешни активности се наведува дека субјектот што прифаќа да ги врши надворешните активности е должен да му ги обезбеди на друштвото за осигурување податоците согласно со ставот 2 од членот 47 на овој
закон, кои друштвото за осигурување може да ги користи само за намените од ставот 2 на членот 47 од овој закон.
Дозвола за пренос на надворешни активности Член 46
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе го одбие барањето за добивање дозвола за пренос на надворешни активности, доколку поради видот и обемот на надворешните активности ќе бидат загрозени интересите на осигурениците, или доколку преносот на надворешните активности значително ќе го оневозможи или отежни спроведувањето на
супервизијата на друштвото за осигурување.
(2) За издавање на дозвола за пренос на надворешни активности, Агенцијата за супервизија на осигурување може да побара исполнување на дополнителни услови од страна на субјектите кои прифаќаат да ги вршат надворешните активности, доколку тоа е потребно за заштита на интересите на осигурениците.
Супервизија на вршењето на надворешни активности Член 47
(1) Одредбите од овој закон кои се однесуваат на супервизија на друштвата за осигурување ќе се применуваат и врз субјектите кои прифаќаат да ги вршат надворешните активности.
(2) Друштвото за осигурување е должно до Агенцијата за супервизија на осигурување да достави податоци за правниот статус, финансиската состојба и работењето на субјектот со кој е склучен договорот за пренос на надворешните активности.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе ја одземе дозволата за пренос на надворешните активности, ако:
1) настанат случаите предвидени со ставот 1 од членот 46 на овој закон и
2) субјектот кој прифаќа да ги врши надворешните активности повеќе не ги исполнува условите наведени во ставот 2 од членот 46 на овој закон.
6. Дозвола за статусни измени Член 48
(1) Друштвото за осигурување е должно за статусни измени да добие дозвола за статусни измени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Под статусни измени од ставот 1 на овој член се подразбира спојување на друштва за осигурување, припојување на едно друштво кон друго или поделба на друштво за осигурување на повеќе самостојни друштва за осигурување.
(3) Во однос на дозволата за статусни измени од ставот 1 на овој член, ќе се применуваат одредбите од членовите 32 до 39 на овој закон, освен ако поинаку не е определено со овој закон.
(4) Решението за издавање на дозвола од ставот 1 на овој член, ќе се донесе заедно со решението за издавање на дозвола за вршење на работи на осигурување од членот 31 став 1 на овој закон, освен ако барањето за добивање дозвола од ставот 1 на овој член е поднесено откако друштвото за осигурување добило дозвола за вршење на работи на осигурување.
Глава 2
Услови на полиси и известувања на осигурениците Договори за осигурување и Општи услови на полиси Член 49
(1) Ако осигурувањето покрива ризици на територијата на Република Македонија, договорот за осигурување особено ќе ги содржи следниве податоци:
1) настани врз основа на кои настанува обврска на друштвото за осигурување за плаќања кои произлегуваат од договорот за осигурување, како и настани поради кои обврската на друштвото за осигурување за плаќање престанува;
2) начин на извршување, обем и пристигнување на обврските на друштвото за осигурување;
3) износот и условите за плаќање на премија, како и правни последици во случај на неплаќање;
4) период на важење на договорот за осигурување, во кој особено треба да се наведе:
- начин на автоматско обновување на договорот за осигурување;
- начин на кој договорот за осигурување може да се откаже, делумно или целосно да се прекине, како и обврски на друштвото за осигурување во тие случаи;
5) последици од побарувања кои произлегуваат од договори за осигурување во случај на пропуштање на предвидените рокови;
6) името на застапникот во осигурувањето, називот на друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво, доколку договорот за осигурување е склучен преку застапник, друштво за застапување односно осигурително брокерско друштво;
7) потребни дејствија кои треба да ги превземе осигуреникот во случај на настанување на осигурениот случај во насока на реализација на оштетно побарување до друштвото за осигурување;
8) во однос на осигурување на живот, рокови и услови, како и обем на авансни плаќања согласно со полисите за осигурување, рокови и услови кои се однесуваат на учество на осигурениците во добивката на друштвото за осигурување, како и критериуми за пресметка на нивното учество, и услови и методи за пресметка и исплата на откупна вредност.
(2) Во случај на осигурување на правна заштита од точката 17 став 2 од членот 5 на овој закон, во договорот за осигурување децидно се наведува дека друштвото за осигурување ги покрива исклучиво трошоците за правно застапување преку адвокат или друго лице назначено од друштвото за осигурување.
(3) договорот за осигурување не смее да биде во спротивност со одредбите на други закони кои ги регулираат договорите за осигурување.
Известување на осигурениците при склучување на договори за осигурување
Член 50
(1) Ако осигуреникот е физичко лице, друштвото за осигурување, осигурителното брокерско друштво, друштвото за застапување во осигурувањето или застапникот во осигурувањето се должни, при склучување на договорот за осигурување од членот 49 на овој закон, во писмена форма да го известат лицето за следното:
1) назив, правен статус, седиште и адреса на друштвото за осигурување, како и филијалата преку која е склучен договорот за осигурување;
2) назив, правен статус, седиште, адреса и контакт телефон на друштвото за застапување во осигурувањето или осигурително брокерското друштво, во случај кога договорот за осигурување е склучен преку друштво за застапување во осигурувањето или осигурително брокерско друштво;
3) општите и посебни услови на полиси кои се применуваат на осигуреникот и осигурителот и законот што го регулира договорот за осигурување;
4) случаи при кои општите и посебни услови на полисата не се применуваат на односот меѓу осигурителот и осигуреникот, извршување, обемот и пристигнување на обврските на друштвото за осигурување;
5) период на важење на договорот за осигурување;
6) износот на премија, како и пресек на премијата по одделни ризици (доколку со договорот за осигурување се покриени ризици кои произлегуваат од неколку класи на осигурување) и износите на даноци, такси и други трошоци по основа на премијата и вкупниот износ што треба да се плати;
7) право на одложување или прекинување на договорот за осигурување;
8) упатување на Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигуру вањето;
9) начин на поднесување на оштетно побарување до друштвото за осигурување, а во случај кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво и известување на осигуреникот за неговата можност да побара помош од страна на осигурително брокерското друштво во случај на настанување на осигурениот случај;
10) начин на поднесување на приговор, односно жалба против работењето на друштвото за осигурување, друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво и начин на вонсудско решавање на спорови меѓу договорните страни и
11) органот надлежен за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување.
(2) Во случај на осигурување на живот или осигурување од последици на несреќен случај со право на поврат на еден дел од премијата за осигурување, известувањето на осигуреникот покрај наведените податоци од ставот 1 на овој член, треба да содржи и податоци за:
1) основи и критериуми за распределба на добивката;
2) табела на откупната вредност на полисата;
3) минималната премија и минималното времетраење на осигурувањето потребни за капитализација на договорот за осигурување и правата кои ги има осигуреникот во тој случај;
4) во случај кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, издвоени средства кои ја покриваат математичката резерва за тоа осигурување, како и структурата на вложување на тие средства и
5) даночната регулатива која се однесува на осигурувањето.
Известување на осигурениците во тек на периодот на важење на договорот за осигурување
Член 51
(1) Во текот на периодот на важење на договорот за осигурување од членот 49 на овој закон, друштвото за осигурување, осигурителното брокерско друштво, друштвото за застапување во осигурувањето или застапникот во осигурувањето се должни да го известат осигуреникот за:
1) промена на назив, правен статус, седиште или адреса на друштвото за осигурување, или филијалата преку која бил склучен договорот за осигурување преку средствата за јавно информирање;
2) промена на податоците од членот 50 на овој закон или податоците од точките од 1 до 4 од ставот 2 од членот 50 на овој закон, доколку тие промени настанале како резултат на измена на некои прописи.
(2) Во текот на периодот на важење на договорот за осигурување од членот 50 став
(2) на овој закон, друштвото за осигурување, осигурителното брокерско друштво, друштвото за застапување во осигурувањето или застапникот во осигурувањето се должни еднаш годишно да ги известат осигурениците за нивното учество во добивката.
Содржина на Општите и посебни услови на полиси и известувања за полисите
Член 52
Текстот на Општите и посебни услови на полиси и известувањето од членовите 50 и
51 на овој закон, треба да бидат составени на јасен и разбирлив начин на македонски јазик.
Глава 3
Вршење на работи на осигурување надвор од територијата на Република Македонија
Вршење на работи на осигурување во земји членки Член 53
(1) Друштвото за осигурување преку филијала или директно, може да врши работи на осигурување на територијата на земјата членка, и тоа за оние класи на осигурување за кои има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење работи на осигурување на територијата на Република Македонија, доколку ги исполнува условите согласно со прописите на таа земја членка.
(2) Ако друштвото за осигурување склучува договори за осигурување кои покриваат ризици во земјата членка, ќе се смета дека тоа врши работи на осигурување во таа земја членка.
(3) При определување на земјата во која се покриваат ризиците, ќе се применува ставот 2 од членот 10 на овој закон.
Почеток на вршење на работи на осигурување во земја членка Член 54
(1) Друштво за осигурување кое има намера да започне со вршење на работи на осигурување во земја членка е должно за тоа претходно да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување, притоа наведувајќи ја земјата членка. Известувањето содржи опис на работите на осигурување кои ќе ги врши друштвото, видот и обемот на работа по одделни класи на осигурување, дополнет план за работа, како и потврда согласно со ставот 2 од членот 32 на овој закон.
(2) Ако друштвото за осигурување има намера да отвори филијала во земја членка, тогаш известувањето од ставот 1 на овој член содржи и:
1) имиња на лицата кои ќе управуваат со филијалата;
2) адреса на филијалата во земјата членка, од каде може да се добие документација за филијалата.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна најдоцна во рок од еден месец, да го поднесе известувањето од ставовите 1 и 2 на овој член до надлежниот орган за супервизија на земјата членка и за тоа да го извести друштвото за осигурување.
(4) Кон известувањето од ставовите 1 и 2 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна до надлежниот орган за супервизија на земјата членка да приложи:
1) документ од кој може да се утврди дека друштвото за осигурување го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност;
2) податоци за класите на осигурување кои друштвото за осигурување има право да ги врши согласно со дозволата за вршење работи на осигурување.
(5) Друштвото за осигурување може да започне со вршење работи на осигурување на територијата на земја членка, по приемот на известувањето од ставот 3 на овој член.
(6) По исклучок на одредбите од ставот 3 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе одбие да поднесе известување до надлежниот орган за супервизија
на земјата членка, ако врз основа на презентираните податоци и документација од ставовите 1 и 2 на овој член, како и во зависност од планираниот обем на работа, се утврди дека друштвото за осигурување не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност или ако по започнувањето со вршење работи на осигурување во земјата членка, работењето на друштвото за осигурување ќе биде загрозено согласно со правилата за управување со ризик.
(7) При постоење на околностите од ставот 6 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе изрече забрана друштвото за осигурување да врши работи на осигурување во земјата членка.
Промени во однос на податоците наведени во известувањето Член 55
(1) Одредбите од членот 54 на овој закон ќе се применуваат и во случај кога, друштвото за осигурување кое започнало со вршење на работи на осигурување во земја членка согласно со ставот 5 од членот 54 на овој закон, има намера да го прошири своето работење на други класи на осигурувања кои не се наведени во известувањето од ставовите 1 и 2 од членот 54 на овој закон или ако настанале промени во други околности или услови.
(2) Во случаите од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка согласно со ставот 3 од членот 54 на овој закон.
(3) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна веднаш да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка, доколку друштвото за осигурување повеќе не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност.
Супервизија над вршењето на работи на осигурување во земја членка
Член 56
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување спроведува супервизија на работењето на филијалите на друштво за осигурување во земјата членка, како и на директното вршење на работи на осигурување во земјата членка.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување може да побара од надлежниот орган за супервизија на земјата членка во која друштвото за осигурување врши работи на осигурување, да спроведува супервизија на работењето на филијалата во таа земја членка, ако тоа е во насока на побрзо или поедноставно спроведување на супервизијата или е во согласност со принципите за ефикасност, ефективност и економичност на постапката. Во овој случај, овластените лица на Агенцијата за супервизија на осигурување можат да учествуваат во супервизијата која ја спроведува надлежниот орган за супервизија на земјата членка.
(3) Ако друштвото за осигурување кое врши работи на осигурување во земја членка и покрај опомената од надлежниот орган за супервизија на земјата членка, продолжи да не ги почитува законските прописи на таа земја членка, тогаш Агенцијата за супервизија на осигурување ќе преземе мерки за супервизија согласно со овој закон. Агенцијата за супервизија на осигурување е должна веднаш да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка за преземените мерки.
(4) Ако Агенцијата за супервизија на осигурување ја одземе дозволата за вршење на работи на осигурување на друштвото за осигурување на територијата на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна веднаш да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка, во која друштвото за осигурување врши работи на осигурување.
Поднесување извештаи за работењето во земја членка Член 57
(1) Друштво за осигурување кое врши работи на осигурување во земја членка, е должно до Агенцијата за супервизија на осигурување да поднесува годишен извештај за работењето во секоја земја членка одделно. За работите на осигурување кои се вршат преку филијали и за работите на осигурување кои се извршуваат директно, се изготвува посебен извештај.
(2) Извештајот од ставот 1 на овој член, треба да содржи податоци за премии, штети и провизии, вклучувајќи ги оние за реосигурување.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ја пропишува деталната содржина на извештаите и крајниот рок за поднесување на истите.
(4) На барање на надлежниот орган за супервизија на земјата членка, Агенцијата за супервизија на осигурување доставува збирна информација за податоците од извештаите од ставот 1 на овој член.
Вршење на работи на осигурување во странска земја Член 58
(1) Друштво за осигурување може да врши работи на осигурување во странска земја исклучиво преку филијала.
(2) Друштвото за осигурување за основање и работа на филијала во странска земја е должно да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) При донесување на решение за издавање на дозвола за основање и работа на филијала во странство, се применуваат одредбите од ставовите 1, 2, 4, 5 и 6 од членот 54 на овој закон.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување, исто така ќе одбие да издаде дозвола за основање и работа на филијала во странство, ако земајќи ги предвид прописите на земјата во која се основа филијалата и/или земајќи ја предвид практиката стекната со примена на овие прописи во таа земја, постои можност сериозно да биде отежнато спроведувањето на супервизијата согласно со одредбите од овој закон.
Глава 4
Слободно вршење на работи на осигурување од страна на друштво за осигурување од земја членка
Друштва за осигурување од земја членка Член 59
(1) Друштво за осигурување кое има дозвола за вршење на работи на осигурување за одделни класи на осигурување во земја членка, за тие класи има право да врши работи на осигурување на територијата на Република Македонија, преку филијала или директно.
(2) Во однос на работењето на друштвото за осигурување од ставот 1 на овој член или филијала на друштвото на територијата на Република Македонија, ќе се применуваат следниве одредби на овој закон:
1) членовите од 49 до 52 на овој закон;
2) членот 145 од овој закон и
3) одредбите од законот кој го уредува задолжителното осигурување.
Започнување со вршење на работи на осигурување Член 60
(1) Филијалата на друштво за осигурување од земја членка може да започне со вршење на работи на осигурување во Република Македонија, ако надлежниот орган за супервизија на земјата членка:
1) ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување за податоците од ставовите 1 и 2 од членот 54 на овој закон, за кои бил претходно известен од страна на друштвото за осигурување и
2) ја достави документацијата согласно со став 4 од членот 54 на овој закон.
(2) Филијалата на друштво за осигурување на земја членка може да започне со вршење на работи на осигурување во Република Македонија по истекот на двомесечен период, сметано од денот кога Агенцијата за супервизија на осигурување го примила известувањето од надлежниот орган за супервизија на земјата членка, согласно со ставот 1 на овој член.
(3) Одредбите од точката 2 од ставовите 1 и 2 на овој член, ќе се применуваат за секоја промена во класите на осигурување во рамките на кои друштвото за осигурување врши работи на осигурување во земјата членка.
(4) Филијалата на друштво за осигурување на земја членка е должна да престане да врши работи на осигурување во Република Македонија, доколку:
1) надлежниот орган за супервизија на земјата членка одлучи дека друштвото за осигурување не располага со доволно капитал за понатамошно вршење на работи на осигурување преку филијала, или
2) истече дозволата за вршење на работи на осигурување на друштвото за осигурување во земјата членка.
(5) Покрај одредбите од ставот (1) на овој член, друштвото за осигурување од земја членка може да започне да врши работи на задолжително осигурување на територијата на Република Македонија, доколку до Агенцијата за супервизија на осигурување поднесе документ издаден од страна на Националното биро за осигурување со кој ќе се докаже дека друштвото за осигурување е негов член и дека ги исполнува условите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.
(6) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување од земја членка може да започне да врши работи на задолжително осигурување при транспорт или дополнително здравствено осигурување, доколку од Агенцијата за супервизија на осигурување добие одобрување на Општите и посебни услови на полиси, во однос на овие класи на осигурување.
Супервизија на друштво за осигурување на земја членка Член 61
(1) Супервизија на друштво за осигурување на земја членка кое врши работи на осигурување на територијата на Република Македонија, спроведува надлежниот орган за супервизија на земјата членка.
(2) Надлежниот орган за супервизија на земјата членка или негови овластени лица имаат право непосредно да спроведат супервизија на работењето на друштвото за осигурување на територијата на Република Македонија.
(3) Во случај на ставот 1 од овој член, надлежниот орган за супервизија на земја членка или негови овластени лица, имаат исти овластувања како и Агенцијата за супервизија на осигурување согласно со одредбите од членот 204 до 210 на овој закон.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна, на барање на надлежниот орган за супервизија на земјата членка, да спроведе супервизија на работењето на друштвото за осигурување од таа земја членка на територијата на Република Македонија.
(5) По исклучок на одредбите од ставовите од 1 до 4 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должно да спроведе супервизија на работењето на друштвото за осигурување од земја членка на територијата на Република Македонија, во врска со ставот 2 од членот 59 на овој закон, а согласно со одредбите на членовите од 204 до 210 на овој закон,
Мерки на супервизија на друштва за осигурување од земја членка Член 62
(1) Доколку друштвото за осигурување од земја членка на територијата на Република Македонија не ги почитува одредбите од ставот 2 од членот 59 на овој закон, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде наредба за отстранување на незаконитостите.
(2) Ако друштвото за осигурување од земјата членка не го усогласи работењето во рок предвиден со наредбата од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна за тоа да го информира надлежниот орган за супервизија на земјата членка.
(3) За незаконитостите извршени на територијата на Република Македонија од страна на друштво за осигурување на земја членка, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе одреди дополнителна мерка - забрана за склучување на нови договори за осигурување, доколку настанат околностите наведени во точката 10 од ставот 2 на членот 167 од овој закон.
(4) Пред да се одреди мерката од ставот 3 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна за тоа да го информира надлежниот орган за супервизија на земјата членка.
(5) По исклучок на одредбите од ставот 4 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување може привремено да изрече забрана за склучување нови договори за осигурување на друштвото за осигурување од земја членка, без претходно да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка, ако тоа е за заштита на интересите на осигурениците.
(6) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да го информира надлежниот орган за супервизија на земјата членка и Европската комисија во најкраток можен рок за привременото изрекување на забрана за склучување нови договори за осигурување,
Глава 5
Вршење на работи на осигурување од страна на странско друштво за осигурување
Вршење на работи на осигурување од страна на странско друштво за осигурување
Член 63
(1) Странско друштво за осигурување може да врши работи на осигурување на територијата на Република Македонија исклучиво преку филијала.
(2) За основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување треба да бидат исполнети следниве услови:
1) со работењето на филијалата да управуваат двајца менаџери, на кои ќе се применуваат одредбите на членовите од 22 до 25 и 27 од овој закон;
2) филијалата треба да биде соодветно кадровски, технички и организационо оспособена за вршење на работите предвидени со планот за работа на филијалата;
3) филијалата треба да има доволно капитал на располагање, одредбите од членовите 75 или 76 на овој закон ќе се применуваат во однос на капиталот на филијалата и
4) филијалата е должна, на територијата на Република Македонија да располага со средства во износ од најмалку една половина од гарантниот фонд од членот 77 став
(2) на овој закон, како и на посебна сметка во Народната банка на Република Македонија да депонира парични средства како обезбедување за покривање на обврските што произлегуваат од договорите за осигурување склучени на територијата на Република Македонија и/или за покривање на ризици во Република
Македонија и тоа во износ од една четвртина од гарантниот фонд од членот 77 став
(2) на овој закон (во натамошниот текст: гарантен депозит).
(3) Во врска со работењето на филијалата на странско друштво за осигурување ќе се применуваат следниве одредби од овој закон:
1) членот од 49 до 52 на овој закон;
2) членот 145 од овој закон;
3) одредбите од законот кој го уредува задолжителното осигурување, и
4) одредбите од Деловите 4, 5 и 7 на овој закон.
(4) Во врска со супервизијата на странско друштво за осигурување и негова филијала основана на територијата на Република Македонија, ќе се применуваат одредбите од Делот 11 на овој закон.
Дозвола за основање на филијала Член 64
(1) Странско друштво за осигурување е должно за основање и работа на филијала на територијата на Република Македонија, да добие дозвола за основање и работа од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Кон барањето за добивање дозвола за основање и работа на филијала на странско друштво за осигурување се приложува:
1) статут на филијалата;
2) примерок од решението за упис во трговскиот регистар или друг релевантен регистар што се води во државата во која се наоѓа седиштето на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
3) статут и други акти кои го регулираат работењето на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
4) ревидирани финансиски извештаи за последните три деловни години на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
5) документ со податоци за сопствениците и износот на акции со право на управување во друштвото за осигурување кое ја основа филијалата, доколку во документот од точката 2 на овој став не се наведени сопствениците на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
6) примерок од решението за упис во трговскиот регистар или релевантен регистар од земјата во која се наоѓа седиштето на правните лица кои имаат квалификувано учество во друштвото за осигурување кое ја основа филијалата;
7) план на работа за период од две години, согласно со членот 38 од овој закон;
8) изјава дека филијалата ќе води евиденција и ќе ја чува целокупната документација во однос на своето работење во седиштето на филијалата во Република Македонија;
9) дополнителна документација со која се потврдува дека е обезбеден минимален капитал, како и дека е депониран гарантниот депозит и
10) документација од која се утврдува дека филијалата е кадровски, технички и организационо оспособена за вршење на работите наведени во барањето за добивање дозвола за основање и работа на филијала.
(3) Во однос на издавање на дозвола за основање и работа на филијала на странското друштво за осигурување, соодветно се применуваат одредбите на членовите од 32 до 34 на овој закон.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе одбие да издаде дозвола за основање на филијала на странско друштво за осигурување, доколку:
1) земајќи ги предвид прописите на земјата во која се наоѓа седиштето на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата, и/или земајќи ја предвид практиката стекната со примена на овие прописи, постои можност сериозно да биде отежнато спроведувањето на супервизијата согласно со одредбите од овој закон, или
2) друштвата за осигурување со седиште во Република Македонија не можат да
вршат работи на осигурување во земјата во која се наоѓа седиштето на друштвото за осигурување кое ја основа филијалата, или ако поради прописите на таа земја или практика стекната со примена на овие прописи, друштвата за осигурување со седиште во Република Македонија немаат конкурентска можност за вршење на работи на осигурување, како и националните друштва за осигурување.
Посебни одредби за основање и работа на филијала на швајцарско друштво за осигурување
Член 65
(1) Пред да се донесе решение за давање дозвола за основање и работа на филијала на швајцарско друштво за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да го извести и воедно да побара мислење од надлежниот орган за супервизија на Швајцарската конфедерација. Ако за период од три месеци од приемот на известувањето, надлежниот орган за супервизија на Швајцарската конфедерација не даде одговор, ќе се смета дека не постои пречка за отворање и работа на филијалата.
(2) Пред да се донесе решение за одземање на дозволата за основање и работа на филијала на швајцарско друштво за осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да го извести и воедно да побара мислење од надлежниот орган за супервизија на Швајцарската конфедерација. Ако во периодот пред да се добие мислењето, Агенцијата за супервизија на осигурување изрече забрана за склучување договори за осигурување на филијалата на швајцарското друштво за осигурување, за тоа веднаш треба го извести надлежниот орган за супервизија на Швајцарската конфедерација.
VI. Согласност Согласност
Член 66
(1) Друштвото за осигурување е должно да бара претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување за:
1) измена на статутот;
2) измена на актот за основање;
3) вложувања на друштвото за осигурување во акции и удели во друго правно лице кои изнесуваат повеќе од 10% од капиталот на друштвото за осигурување;
4) именување на членови на органот на управување;
5) измена на назив и седиште на друштво за осигурување и
6) отстапување на договорите за осигурување предвидено со членот 199 од овој закон.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску го пропишува начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласност од ставот 1 на овој член.
IV. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК Глава 1
Општи одредби Управување со ризик Член 67
(1) Друштвото за осигурување е должно во секое време да располага со соодветен капитал во однос на обемот на работа и класите во рамките на кои врши работи на осигурување, како и ризиците на кои е изложено при вршење на тие работи (во натамошниот текст: капитал).
(2) Друштвото за осигурување е должно да работи на начин кој ќе обезбеди, ризиците на кој е изложено друштвото за осигурување при вршење на работи на
осигурување, да не ги надминува ограничувањата предвидени со овој закон.
(3) Друштвото за осигурување е должно да работи на начин кој ќе овозможи, во секое време да ги намири пристигнатите долгови (ликвидност), како и редовно да ги покрива сите свои обврски (солвентност).
Глава 2
Капитал на друштвото за осигурување Капитал на друштвото за осигурување Член 68
Капиталот на друштвото за осигурување се состои од основен и дополнителен капитал и се пресметува на начин утврден согласно со одредбите од оваа глава.
Основен капитал Член 69
(1) При пресметка на основниот капиталот на друштвото за осигурување ќе се земат предвид следниве ставки:
1) уплатен акционерски капитал со исклучок на уплатениот акционерски капитал од кумулативните приоритетни акции;
2) резерви на друштвото (законски и статутарни), кои не произлегуваат од договорите за осигурување;
3) пренесена нераспределена добивка и
4) нераспределена добивка од тековната година (по одбивање на даноците и другите придонеси, како и дивидендата предвидена за исплата), доколку износот на добивка е потврден од овластен ревизор.
(2) При пресметка на основниот капиталот на друштвото за осигурување следниве ставки ќе се сметаат за одбивни:
1) сопствени акции кои ги поседува друштвото за осигурување;
2) долгорочни нематеријални средства;
3) пренесена непокриена загуба и загуба од тековната година x
4) други потенцијални обврски кои друштвото за осигурување има обврска да ги прикаже во вонбилансна евиденција.
Резерви на сигурност Член 70
(1) Резерви на сигурност се средства наменети за покривање на обврските од договорите за осигурување во подолг временски период.
(2) Друштвото за осигурување е должно во резервите на сигурност да издвои најмалку една третина од остварената добивка искажана по финансиските извештаи, ако добивката не се користи за покривање на загубите од претходните години.
(3) Друштвото за осигурување што формирало резерви на сигурност најмалку во висина на 50% од остварената просечна премија на осигурување во последните две години, при што премиите од претходните години се зголемуваат за индексот на порастот на цените на мало, сметајќи ја и годината за која се распоредува остварената добивка, не е должно да издвојува од добивката во резервите на сигурност.
(4) На друштвата за осигурување не се применува членот 485 од Законот за трговски друштва што се однесува на општата задолжителна резерва.
Дополнителен капитал Член 71
(1) При пресметка на дополнителниот капитал на друштвото за осигурување ќе се земат предвид следниве ставки:
1) уплатен акционерски капитал од кумулативни приоритетни акции;
2) субординирани должнички инструменти;
3) хартии од вредност со неопределен рок на пристигнување.
(2) При пресметка на капиталот на друштвото за осигурување, дополнителниот капитал од ставот 1 на овој член, ќе се земе предвид само во износ не повеќе од 50% од основниот капитал од членот 69 на овој закон.
(3) Субординирани должнички инструменти, се хартии од вредност и други финансиски инструменти, кои во случај на стечај или ликвидација на издавачот, можат да се наплатат само после намирување на другите долгови на издавачот, и кои според нивното достасување и други карактеристики се соодветни за покривање на можните загуби кои настанале како резултат на ризиците на кои е изложено друштвото зa осигурување.
Пресметка на капиталот на друштвото за осигурување Член 72
При пресметка на капиталот на друштвото за осигурување, износот на основниот и дополнителниот капитал ќе се намали за следниве ставки:
1) вложувања на друштвото за осигурување во акции или субординирани должнички инструменти издадени од друго друштво за осигурување или друга финансиска институција кај кои друштвото за осигурување има удел од повеќе од 10%, како и други вложувања во тие субјекти, кои се вклучени во пресметката на капиталот на тие субјекти и
2) вложувања на друштво за осигурување во акции или субординирани должнички инструменти, издадени од друштва за осигурување или финансиски институции освен оние наведени во точката 1 на овој став, кои се во износ поголем од 10% од капиталот на друштвото за осигурување пресметан пред одбивање на ставките наведени во точката 1 и оваа ставка.
Вложување на капиталот на друштвото за осигурување Член 73
(1) Друштвото за осигурување е должно да ги држи средствата од капиталот на друштвото на сметки и во пласмани во Република Македонија.
(2) Одделните ограничувања за вложувања на капиталот на друштвото за осигурување можат да изнесуваат најмногу до:
1) 60% од капиталот за вложувања во недвижности, како и капитални вложувања во други друштва за осигурување, финансиски институции и други правни лица и
2) 15% од капиталот за вложувања во аконтации и заеми што друштвото според Општите услови на осигурувањето ги одобрува со презентација на сопствените полиси за кои премијата е навремено уплатена, при што одделното вложување на друштвото за осигурување во вакви заеми не може да надмине 1% од капиталот.
(3) Друштвото за осигурување може да ги вложува средствата на капиталот во банки (освен за капитални вложувања) и да одобрува заеми на правни лица со обезбедување на банкарска гаранција неограничено, притоа почитувајќи ги принципите на ликвидност, сигурност и рентабилност.
(4) Заемите од ставот 3 на овој член се одобруваат со рок на враќање најмногу до една година.
(5) Вкупните финансиски вложувања на друштвото за осигурување во една банка можат да изнесуваат најмногу до 25% од капиталот на друштвото за осигурување.
(6) Вкупните финансиски вложувања на друштвото за осигурување кај поединечен субјект кој не е банка, можат да изнесуваат најмногу до 10% од капиталот на друштвото за осигурување.
(7) Под вкупни финансиски вложувања во смисла на овој член се сметаат капитални
вложувања на друштвото за осигурување (вложувања во акции), купени должнички хартии од вредност, дадени заеми, дадени депозити во банки, како и пресметана камата по основа на овие вложувања.
(8) Под вкупни вложувања во смисла на овој член се сметаат вкупни финансиски вложувања и вложувања во недвижности (земјиште и градежни објекти).
Прописи за управување со ризик Член 74
Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ќе ги пропише:
1) начинот и степенот до кој одредени ставки ќе се користат при пресметка на капиталот и потребното ниво на маргината на солвентност на друштвото за осигурување;
2) видови и опис на ставки што ќе се земат предвид при пресметка на капиталот на друштвото за осигурување;
3) карактеристики на субординираните должнички инструменти од ставот 3 на членот 71 од овој закон;
4) правила за пресметка на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвото за осигурување согласно со членот 75 или членот 76 од овој закон;
5) правила и минимални стандарди за пресметка на техничките резерви;
6) видови и карактеристики на средствата кои ги покриваат техничките резерви и средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и детални пласирања и ограничување на тие вложувања и нивно вреднување;
7) метод за пресметка на износот на максимално покритие на друштвото за осигурување во табелата за максимално покритие и методот за пресметување на максимална можна штета;
8) метод за пресметка на коефициентите на ликвидност и минимална ликвидност и
9) детална содржина на извештаите од членот 104 на овој закон, како и крајни рокови и начини на известување.
Потребно ниво на маргината на солвентност на друштвата за осигурување кои вршат работи на неживотно осигурување Член 75
(1) Капиталот на друштвото за осигурување кое врши работи на неживотно осигурување и/или реосигурување во секое време треба да биде барем еднаков на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвото за осигурување, кое се пресметува со примена на методот стапка на премија или методот - стапка на штета, во зависност од тоа кој ќе даде повисок резултат.
(2) Со примена на методот стапка на премија, потребното ниво на маргината на солвентност се пресметува на следниов начин:
1. Вкупниот износ на бруто полисирани премии за осигурување и реосигурување во последната деловна година, се намалува за износот на сторнираните, односно отпишаните износи на премија во таа деловна година.
2. Вака добиениот износ:
- во висина до 10.000.000 ЕВРА се множи со 0.18 и
- остатокот над 10.000.000 ЕВРА се множи со 0.16.
1) Резултатот од примена на овој метод се добива кога збирот од двата производа од точката 2 на овој став се множи со коефициентот (но не помал од 50%) добиен како резултат на:
- вкупниот износ на бруто исплатените штети во последната деловна година, исклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување и
- вкупниот износ на бруто исплатените штети во последната деловна година, вклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување.
(3) Со примена на методот стапка на штети, потребното ниво на маргината на солвентност се пресметува на следниов начин:
1. Вкупниот износ на бруто исплатени штети за осигурување и реосигурување во последните три деловни години, зголемен за бруто резервите за штети по основа на осигурување и реосигурување на крајот на последната деловна година од периодот, и намален за бруто резервите за штети по основа на осигурување и реосигурување на почетокот на тој период, се дели со 3.
2. Вака добиениот износ:
- во висина до 7.000.000 ЕВРА се множи со 0.26 и
- остатокот над 7.000.000 ЕВРА се множи со 0.23.
3) Резултатот од примена на овој метод се добива кога збирот од двата производа од точката 2 на овој став ќе се помножи со коефициентот (но не помал од 50%) добиен како резултат на:
- вкупниот износ на бруто исплатените штети во последната деловна година, исклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување и
- вкупниот износ на бруто исплатените штети во последната деловна година, вклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување.
(4) Друштвата за осигурување кои вршат осигурување на еден или повеќе ризици: кредити и гаранции, луња, град или мраз, при пресметка на износот од ставот 3 точка 1 на овој член, го земаат предвид периодот од последните седум деловни години, при што истиот се дели со 7.
(5) Потребното ниво на маргината на солвентност за почетната деловна година од работењето на друштвото за осигурување се пресметува само со примена на методот стапка на премија:
(6) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, потребното ниво на маргината на солвентност во однос на здравственото осигурување на кое се применуваат табелите на веројатност и пресметките слични на животно осигурување, ќе биде еднакво на една третина од потребното ниво на маргината на солвентност од ставот 1 на овој член, или еднакво на потребното ниво на маргината на солвентност од ставот 2 на членот 76 од овој, закон, под услов истото да биде повисоко, како и да се исполнети следниве услови:
1) премиите на осигурување да се пресметани врз основа на пресметките на веројатност, користејќи актуарска основа;
2) во однос на ова осигурување, издвоени се посебни резерви за старост од страна на друштвото за осигурување;
3) премиите на осигурување вклучуваат дополнителна премија за сигурност;
4) по истекот на најмногу три годишен период, друштвото за осигурување го изгубило правото да ги прекине договорите за осигурување и
5) друштвото за осигурување предвидува можност за зголемување на премиите или намалување на обврските на друштвото за осигурување.
Пресметка на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување на живот
Член 76
(1) Капиталот на друштвото за осигурување кое врши работи на осигурување на живот во секое време, треба да биде барем еднаков на потребното ниво на маргината на солвентност која се пресметува како збир од резултатите добиени од ставовите 2 и 3 на овој член.
(2) Првиот резултат се пресметува на следниов начин:
1. Вкупниот износ на математичката резерва на последниот ден од претходната деловна година, вклучувајќи ја математичката резерва по основа на осигурување
покриено со реосигурување се множи со 0.04;
2. Производот од точката 1 на овој став се множи со коефициентот од последната деловна година (но не помал од 85%) добиен како резултат на:
- вкупниот износ на математичката резерва на последниот ден од претходната деловна година, исклучувајќи ја математичката резерва по основа на осигурување покриено со реосигурување и вкупниот износ на математичката резерва на последниот ден од претходната деловна година, вклучувајќи ја математичката резерва по основа на осигурување покриено со реосигурување.
(3) Вториот резултат се пресметува за оние класи на осигурување кај кои ризичниот капитал не е негативен број, и тоа на следниов начин:
1. Вкупниот износ на ризичен капитал на последниот ден од претходната деловна година, вклучувајќи го износот на ризичен капитал по основа на осигурување покриено со реосигурување се множи со 0.003;
2. Производот од точка 1 од овој став се множи со коефициентот за последната деловна година (но не помал од 50%) добиен како резултат на:
- вкупниот износ на ризичен капитал на последниот ден од претходната деловна година, исклучувајќи го износот на ризичен капитал по основа на осигурување покриено со реосигурување; и
- вкупниот износ на ризичен капитал на последниот ден од претходната деловна година, вклучувајќи го износот на ризичен капитал по основа на осигурување покриено со реосигурување.
(4) Ризичниот капитал од ставот 3 на овој член, претставува разлика меѓу сумата на осигурување во случај на смрт и издвоената математичка резерва.
(5) При пресметување на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување на живот во случај на смрт, износот од ставот 3 точка 1 на овој член се множи со 0.001 ако договорот за осигурување е склучен за период до три години, односно 0.0015 ако договорот за осигурување е склучен за период поголем од три, а помал од пет години.
(6) Кога друштвото за осигурување кое врши работи на осигурување на живот врши дополнително осигурување, кое се однесува на осигурување од лични повреди вклучувајќи и неспособност за работа, осигурување од смрт како резултат на незгода, како и осигурување од инвалидитет како резултат на незгода или болест, потребното ниво на маргината на солвентност за овие класи на осигурување се пресметува на следниов начин:
1. Вкупниот износ на бруто премиите за осигурување и реосигурување во последната деловна година, се намалува за износот на сторнираните, односно отпишаните износи на премија во таа деловна година;
2. Вака добиениот износ:
- во висина до 10.000.000 ЕВРА се множи со 0.18 и
- остатокот над 10.000,000 ЕВРА се множи со 0.16;
3. Збирот на двата производа од точката 2 на овој став ќе се помножи со коефициентот од последната деловна година (но не помал од 50%) добиен како резултат на:
- износот на бруто исплатените штети во последната деловна година, исклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување и
- износот на бруто исплатените штети во последната деловна година, вклучувајќи ги штетите покриени со реосигурување.
(7) Освен одредбите во ставот 1 од овој член, потребното ниво на маргината на солвентност во однос на осигурување на средства за исплата согласно со членот 5 став 1 точка 23 од овој закон, се пресметува според првиот резултат од ставот 2 на овој член.
(8) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член потребното ниво на маргината на
солвентност во однос на осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови согласно со членот 5 став 1 точка 21 од овој закон, се пресметува на следниов начин:
1) ако осигуреникот има право на гарантирано минимално плаќање, потребното ниво на маргината на солвентност се пресметува според првиот резултат од ставот 2 на овој член;
2) ако инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, потребното ниво на маргината на солвентност се пресметува според првиот резултат од ставот 2 на овој член, при што износот од ставот 2 точка 1 се множи со 0.01 и
3) ако ризикот во случај на смрт е на товар на друштвото за осигурување, резултатот од ставот 3 треба да се додаде на резултатот од точката 1 или 2 на овој став.
(9) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, потребното ниво на маргината на солвентност во однос на тонтина (здружение на рентиери), согласно со членот 5 став
1 точка 22 од овој закон, е еднакво на 0.01 од вредноста на капитализираните средства.
Гарантен фонд Член 77
(1) Гарантниот фонд го сочинуваат ставките кои влегуваат во пресметка на капиталот од членот 68 на овој закон.
(2) Гарантниот фонд не смее да биде понизок од една третина од потребното ниво на маргината на солвентност од членот 75 или 76 на овој закон.
(3) Гарантниот фонд на друштвото за осигурување, покрај одредбите од ставот (2) на член, не смее да биде понизок од:
1) 2.000.000 евра ако друштвото врши работи на осигурување во одделни класи на осигурување во групата на неживотно осигурување;
2) 3.000.000 евра, ако друштвото врши работи на осигурување во сите класи на осигурување во групата на неживотно осигурување, односно во одделни класи на осигурување од членот 5 точки 10, 11, 12, 13, 14 и 15 на овој закон;
3) 3.000.000 евра ако друштвото врши работи на осигурување во една или сите класи на осигурување во групата на осигурување на живот и
4) 4.500.000 евра ако друштвото врши работи на реосигурување.
(4) Во случај кога друштвото за осигурување покрива ризици од две или повеќе класи на неживотно осигурување, при определување на износот на акционерски капитал, ќе се земе предвид пропишаниот износ на гарантниот фонд од ставот 3 на овој член, за онаа класа на осигурување за која износот на гарантен фонд е највисок.
Премија Член 78
(1) Премијата за осигурување се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето.
(2) Техничката премија е дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување.
Премија за осигурување на живот Член 79
Премијата за осигурување на живот се состои од:
1) дел од премија на име математичка резерва -штеден дел;
2) дел од премија на име ризико премија и
3) дел од премија на име трошоци за работење на друштвото за осигурување.
Глава 3
Технички резерви Технички резерви Член 80
(1) Заради трајно обезбедување на извршувањето на обврските по договорите за осигурување, друштвото за осигурување е должно да формира технички резерви, кои се состојат од:
1) резерви за преносни премии;
2) резерви за бонуси и попусти;
3) резерви за штети и
4) други технички резерви.
(2) Друштвата за осигурување по претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, покрај одредбите од ставот (1) на овој член, можат да издвојуваат и еквилизациона резерва во однос на оние класи на осигурување кај кои врз основа на статистички податоци може да се очекува значително отстапување во годишниот износ на настанати штети.
(3) По исклучок на ставот (2) од овој член друштвата за осигурување се должни да издвојуваат еквилизациона резерва од ставот (1) на овој член во однос на класата на осигурување од членот 5 точка 14 на овој закон.
(4) Друштвото за осигурување кое врши осигурување на живот и/или други осигурувања за кои се однесуваат табелите на веројатност и пресметките кои се слични со осигурувањето на живот се должни, исто така да издвојат и математичка резерва во утврден процент од уплатените премии по овие осигурувања, согласно со техничките основи.
(5) Друштвото за осигурување кое склучува осигурителни полиси кај кои инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, исто така е должно, во однос на тие осигурителни полиси да издвои посебни средства кои ги покриваат техничките резерви.
Резерви за преносни премии Член 81
Резерви за преносни премии се издвојуваат во висина на оној дел од премијата што се пренесува во идниот пресметковен период во сразмер меѓу истечениот осигурителен период и преостанатиот период до истекот на договорот за осигурување.
Резерви за бонуси и попусти Член 82
Резервите за бонуси и попусти се издвојуваат во висина еднаква на сумите кои осигурениците имаат право да ги примат врз основа на:
1) право на учество во добивката како и други права кои произлегуваат од договорите за осигурување (бонуси);
2) право на делумно намалување на премиите (попусти) и
3) право на враќање на еден дел од премијата која се однесува на неискористениот период на осигурување кој се должи на прерано прекинување на осигурувањето (откажување).
Резерви за штети Член 83
(1) Резерви за штети се издвојуваат во висина на проценетите обврски кои друштвото за осигурување е должно да ги намири, врз основа на договорите за осигурување каде што осигурениот настан се појавил до крајот на пресметковниот период, без оглед дали настанот е пријавен, вклучувајќи ги сите трошоци кои произлегуваат од ненавременото
извршување на обврските на друштвата за осигурување по комплетирани отштетни барања.
(2) Резервите за штети покрај проценетите обврски за пријавени, а се уште неликвидирани штети, ги вклучуваат и проценетите обврски за настанати, а непријавени штети.
Математичка резерва Член 84
(1) Математичката резерва се издвојува во висина на сегашната вредност на проценетите идни обврски на друштвото за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување, намалени за сегашната вредност на идните премии кои треба да се платат врз основа на тие договори.
(2) Математичката резерва се пресметува со користење на соодветни актуарски проценки, притоа земајќи ги предвид сите идни обврски на друштвото за осигурување кои произлегуваат од поединечните договори за осигурување, вклучувајќи го и следново:
1) гарантирани плаќања на кои осигурениците имаат право;
2) бонуси на кои осигуреникот има право, поединечно или заедно со други осигуреници без оглед на видот на тие бонуси;
3) сите права кои осигуреникот може да ги избере врз основа на договорите за осигурување x
4) трошоци, вклучувајќи провизии.
(3) При одбирање на методите за актуарска проценка, треба да се имаат предвид методите за проценка на средствата кои ги покриваат техничките резерви што ги применува друштвото за осигурување.
(4) Математичката резерва мора да се пресметува за секој договор за осигурување поединечно. Соодветни генерализации можат единствено да се применат кога е очигледно дека резултатот кој произлегува од нив ќе биде приближно ист како и оној од поединечната пресметка.
(5) Кога врз основа на договорот за осигурување, осигуреникот има право на исплата на откупната вредност на полисата, математичката резерва издвоена врз основа на договорот за осигурување, не смее да биде под откупната вредност на полисата.
(6) Друштвото за осигурување, во прилог на годишниот извештај, е должно да обезбеди објаснување на основите и методите кои се применуваат за пресметување на математичката резерва.
Еквилизациона резерва Член 84-а
Еквилизациона резерва се издвојува заради израмнување на нерамномерното настанување на штети, односно израмнување на каков било технички дефицит или натпросечен коефициент на штети.
Други технички резерви Член 85
Други технички резерви ќе се издвојат за планираните идни обврски и ризици од поголеми штети кои произлегуваат од осигурителното покритие за одговорност на фармацевтските производители, земјотрес, поплава како и други обврски и ризици од договорите за осигурување на кои не се однесува ниту една одредба на точките од 1 до 3 од ставот 1 и ставовите 2 и 3 на членот 80 од овој закон.
Глава 4
Средства кои ги покриваат техничките резерви Средства кои ги
покриваат техничките резерви Член 86
(1) Средствата кои ги покриваат техничките резерви, се оние средства на друштвото за осигурување кои служат за покривање на идните обврски на друштвото за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување, како и можните загуби во однос на оние ризици поврзани со вршење на работи на осигурување за кои друштвото за осигурување е должно да издвои средства за технички резерви.
(2) Друштвото за осигурување е должно да вложува средства во висина барем еднаква на вредноста на техничките резерви (во натамошниот текст: средства кои ги покриваат техничките резерви), согласно со одредбите од оваа глава и прописите донесени врз основа на точката 6 од членот 74 на овој закон.
Вложување на средства кои ги покриваат техничките резерви Член 87
(1) При изборот на видот на вложувањето на средства кои ги покриваат техничките резерви, друштвото за осигурување е должно да ги земе предвид класите во рамките на кои врши работи на осигурување, на начин кој ќе обезбеди сигурност, профитабилност и ликвидност на вложувањата.
(2) Средствата кои ги покриваат техничките резерви мора да бидат диверсифицирани на начин кој ќе обезбеди дека не постои значително потпирање на било каква категорија на средства, пазар или инвестиција.
(3) Друштвото за осигурување е должно да изврши приспособување на вложувањата на средствата кои ги покриваат техничките резерви, а кои се изложени на ризик од потенцијални загуби поради промена на каматните стапки, флуктуации на девизниот курс, кредитен ризик и други пазарни ризици, со обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување на кои влијаат овие промени.
(4) При вложување на средствата кои ги покриваат техничките резерви, друштвото за осигурување е должно да ја земе предвид пристигнатоста на своите обврски кои произлегуваат од договорите за осигурување.
(5) Покрај одредбите од ставот (4) на овој член, друштвото за осигурување треба да ги прилагоди своите вложувања на средствата кои ја покриваат математичката резерва со своите обврски кои произлегуваат од договорите за осигурување, чии износи зависат од промените на девизниот курс на странските валути најмалку до 80%.
Видови на дозволени вложувања Член 88
(1) Средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да бидат во форма на следниве вложувања:
1) парични средства во благајна и средства на деловните сметки на друштвата за осигурување (банкарски сметки);
2) депозити во банки кои имаат дозвола издадена од Народна Банка на Република Македонија;
3) хартии од вредност што ги издава Република Македонија или Народната Банка на Република Македонија;
4) обврзници и други должнички хартии од вредност за кои гарантира Република Македонија;
5) обврзници и други должнички хартии од вредност што ги издаваат или за кои гарантираат единиците на локалната самоуправа на Република Македонија;
6) обврзници и други должнички хартии од вредност со кои се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност во Република Македонија;
7) обврзници и други должнички хартии од вредност со кои не се тргува на регулиран
пазар на хартии од вредност, ако нивен издавач е правно лице со седиште во Република Македонија;
8) акции со кои се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност во Република Македонија;
9) акции со кои не се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност, ако нивен издавач е правно лице со седиште во Република Македонија;
10) удели во трговски друштва во Република Македонија;
11) удели и акции на инвестициски фондови кои се регистрирани во Република Македонија;
12) долгорочни обврзници и други долгорочни должнички хартии од вредност чиј издавач е земја членка на Европската унија или земја членка на ОЕЦД;
13) долгорочни обврзници и други долгорочни хартии од вредност чиј издавач е странски правен субјект од земја членка на Европската унија или земја членка на ОЕЦД;
14) акции чиј издавач е странско акционерско друштво со кои се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност во земјите членки на Европската унија или во земјите членки на ОЕЦД;
15) удели на инвестициски фондови со кои се тргува на регулиран пазар на хартии од вредност во земја членка на Европската унија или земја членка на ОЕЦД и
16) друг вид на вложување согласно со правилата на Агенцијата за супервизија на осигурување, под услов тоа да не е во спротивност со членот 89 став (2) на овој закон.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување врз основа на членот 74 точка 6 од овој закон, може да пропише и други видови на вложувања на средствата кои ги покриваат техничките резерви и ограничувања кај одделни вложувања, притоа водејќи сметка истите да ги задоволуваат принципите на сигурност, профитабилност и можност за тргување.
(3) Тргувањето со хартиите од вредност на друштвата за осигурување се врши исклучиво на регулирани секундарни пазари на капитал, освен во случај на државни хартии од вредност и банкарски сертификати за депозит кои можат да се стекнат непосредно од издавачот, како и документи за удел и акции на инвестициони фондови кои, исто така можат да се стекнат непосредно од отворен или затворен инвестиционен фонд.
(4) Друштвото за осигурување може да користи фјучерс договори, опции и други деривативни финанскиски инструменти, доколку тие овозможуваат обезбедување од ризици настанати како резултат на флуктуации на девизниот курс, каматните стапки и други видови на пазарни ризици. Друштвото за осигурување е должно да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурување за употребата на деривативните инструменти.
Ограничувања кај одделни вложувања Член 89
(1) Вложувањата во одделни видови на инструменти согласно со членот 88 став (1) од овој закон, подлежат на следниве ограничувања:
1) најмногу 20% од средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструменти на странски издавач надвор од Република Македонија.
2) најмногу 3% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите од членот 88 став (1) точка 1 на овој закон;
3) најмногу 60% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите од членот 88 став (1) точка 2 на овој закон;
4) најмногу 80% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви може да се вложуваат во инструменти наведени во членот 88 став (1) точки 3 и 4 на овој закон;
5) најмногу 10% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструменти наведени во членот 88 став (1) точка 5 на овој закон;
6) најмногу 35% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите наведени во членот 88 став (1) точка 6 на овој закон, при што вложувањата кај ист издавач не смеат да надминат 5%.
7) најмногу 5% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите наведени во членот 88 став (1) точка 7 на овој закон, при што вложувањата кај ист издавач не смеат да надминат 1%;
8) најмногу 25% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите наведени во членот 88 став (1) точка 8 на овој закон, при што вложувањата кај ист издавач не смеат да надминат 5%;
9) најмногу 5% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите наведени во членот 88 став (1) точки 9 и 10 на овој закон, при што вложувањата кај ист издавач не смеат да надминат 1% и
10) најмногу 20% од вредноста на средствата кои ги покриваат техничките резерви можат да се вложат во инструментите наведени во членот 88 став (1) точка 11 на овој закон.
(2) Средствата кои ги покриваат техничките резерви не смеат да се вложуваат во:
1) инструменти со кои не може правно да се располага (кои не може законски да се отуѓуваат);
2) материјални добра кои ретко се регистрирани на организирани пазари и чија проценка е несигурна, како на пример антиквитети, уметнички дела и моторни возила;
3) недвижен имот и било каков удел во недвижен имот освен хартии од вредност издадени врз основа на хипотека и посредно вложување преку инвестициони фондови;
4) акции, обврзници и други хартии од вредност издадени од:
- акционер на друштвото за осигурување x
- поврзани лица со лицата наведени во алинејата 1 од оваа точка.
Глава 5
Средства кои ја покриваат математичката резерва Средства кои ја покриваат математичката резерва Член 90
(1) Средствата кои ја покриваат математичката резерва, се оние средства кои ги покриваат техничките резерви, планирани за покривање на обврските на друштвото за осигурување кои настануваат од оние класи на осигурување за кои треба да се издвои математичка резерва.
(2) Средствата кои ја покриваат математичката резерва можат да се користат исклучиво за исплата на штети кои произлегуваат од оние класи на осигурување за кои била издвоена математичка резерва.
Потребно покритие Член 91
(1) Потребното покритие ја содржи математичката резерва. Во однос на осигурувањето на живот, вклучувајќи осигурување на живот каде инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот, потребното покритие, покрај математичката резерва, содржи и резерви за преносни премии, резерви за штети и резерви за
бонуси и попусти.
(2) Потребното покритие ќе се пресметува за секоја класа на осигурување посебно, согласно со ставот 2 од членот 92 на овој закон.
Обврска за издвојување средства на математичката резерва Член 92
(1) Друштвото за осигурување кое издава полиси за оние класи на осигурување за кои е должно да издвои математичка резерва, е должно да издвои средства кои ја покриваат математичката резерва и да управува со нив одвоено од другите средства на друштвото.
(2) Друштвото за осигурување е должно да издвои посебни средства (фондови на средства), кои ја покриваат математичката резерва за секоја од следниве класи на осигурување:
1) осигурување на живот освен она предвидено во точката 2 од овој став;
2) осигурување на живот каде инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот со исклучок на преносните премии, резервата на штети и дополнителните технички резерви за гарантираното минимално плаќање;
3) здравствено осигурување и
4) други класи на осигурување за кои се издвојува математичка резерва.
(3) Во случај кога, согласно со ставот 2 од овој член, друштвото за осигурување формира неколку фондови на средства кои ја покриваат математичката резерва, одредбите од овој закон кои се однесуваат на средствата кои ја покриваат математичката резерва и исплатите што се вршат од тие средства, ќе се применуваат одделно на секој од
формираните фондови на средства.
(4) Вредноста на средствата кои ја покриваат математичката резерва треба во секое време да биде барем еднаква на висината на потребното покритие.
(5) На крајот на секој квартал, друштвото за осигурување е должно да обезбеди дополнителни средства за покривање на математичката резерва, ако тоа е потребно за изедначување на вредноста на средствата кои ја покриваат математичката резерва со висината на потребното покритие.
Вложување на средствата на математичката резерва Член 93
(1) Одредбите на членовите од 87 до 89 од овој закон, ќе се применуваат на вложување на средствата кои ја покриваат математичката резерва.
(2) Ограничувањата на одделните видови вложувања согласно со членот 89 од овој закон и прописите донесени врз основа на точката 6 од членот 74 на овој закон, ќе се применуваат одделно за секој од формираните фондови на средства кои ја покриваат математичката резерва.
Посебни одредби за осигурување во случај кога инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот
Член 94
(1) Кога правата на осигурениците кои произлегуваат од договорите за осигурување, директно зависат од вредноста на уделот или акцијата на еден инвестиционен фонд, вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва кои се посебно издвоени од страна на друштвото за осигурување во однос на тие договори за осигурување, треба до највисок можен степен да вклучат вложувања во удели или други хартии од вредност што претставуваат дел од сопственичката структура на тој инвестиционен фонд.
(2) Кога правата кои ги имаат осигурениците врз основа на нивните договори за
осигурување, директно зависат од промената на вредноста на хартиите од вредност или други соодветни вредности, вложувањата на средствата на математичката резерва кои се посебно издвоени од страна на друштвото за осигурување во однос на тие договори за осигурување, треба до најголем можен степен, да вклучат вложувања во удели и хартии од вредност кои во согласност со нивните карактеристики и можност за тргување, се еднакви на оние кои служат како основа за одредување на вредноста на хартиите од вредност или другите соодветни вредности.
(3) Одредбите од членот 93 на овој закон не се применуваат на осигурувањата од ставовите 1 и 2 на овој член.
(4) Покрај одредбите од ставот 3 на овој член, во однос на осигурувањата од ставовите 1 и 2 на овој член, во случај кога во правата на осигуреникот е вклучено минимално гарантирано плаќање, без оглед на промените на вредноста на хартиите од вредност или другите соодветни вредности од ставовите 1 и 2 на овој член, одредбите од членот 93 на овој закон, ќе се применуваат на оној дел од вложувањата кој се однесува на средствата кои ја покриваат математичката резерва, а кои одговараат на износот на техничките резерви, кои што друштвото за осигурување е должно да ги издвои за тие гарантирани плаќања.
Одвојување на средствата кои ја покриваат математичката резерва од другите средства на друштвото за осигурување
Член 95
(1) Друштвото за осигурување е должно да ги одвои средствата кои ја покриваат математичката резерва од своите сопствени средства, на начин предвиден со членовите од 95 до 98 на овој закон.
(2) Користењето на средствата кои ја покриваат математичката резерва од ставот 1 на овој член е дозволено исклучиво за исплата на штети кои произлегуваат од оние договори за осигурување, за кои биле издвоени средствата кои ја покриваат математичката резерва.
(3) Кај осигурување на живот и други класи на осигурување на кои се применуваат табелите на веројатност и пресметки слични на осигурување на живот, користењето на средствата кои ја покриваат математичката резерва е ограничено до оној дел на средства на математичката резерва чија вредност е:
1) во ист однос со потребното покритие во однос на договорот за осигурување од кој произлегува побарувањето, како што е односот меѓу вкупните средства кои ја покриваат математичката резерва и потребното покритие за сите договори за осигурување на друштвото за осигурување во рамките на класата на осигурување за која се издвоени средства на математичката резерва и
2) не го надминува потребното покритие во однос на осигурувањето од кое произлегува побарувањето.
Одвојување на вложувањата во хартии од вредност Член 96
(1) Друштвото за осигурување е должно да отвори посебна сметка кај Централниот депозитар за хартии од вредност за секое средство кое ја покрива математичката резерва, а е вложено во хартии од вредност.
(2) Централниот депозитар за хартии од вредност е должен, на барање на Агенцијата за супервизија на осигурување да го информира истото за состојбата на хартиите од вредност во кои се вложени средствата кои ја покриваат математичката резерва, како и да дозволи нивна контрола.
Вложувања во банкарски депозити и заеми
Член 97
(1) Во однос на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва во банкарски депозити или заеми, друштвото за осигурување е должно да склучи договор со банката, односно должникот, во свое име, а за сметка на средствата кои ја покриваат математичката резерва.
(2) Ако заемот од ставот 1 на овој член е обезбеден со хипотека на недвижен имот, друштвото за осигурување е должно да ја внесе хипотеката во катастарот на недвижности, односно Централниот регистар, а во корист на средствата кои ја покриваат математичката резерва како заемодавач.
(3) Ако заемот од ставот 1 на овој член е обезбеден со залог на хартии од вредност, друштвото за осигурување е должно да го внесе залогот во Централниот регистар, а во корист на средствата кои ја покриваат математичката резерва како заемодавач.
(4) Кај сите други видови на ломбардни заеми кои не се регулирани со ставовите 2 и 3 од овој член, а во врска со ставот 1 од овој член, залогот треба да се пренесе во корист на средствата кои ја покриваат математичката резерва како заемодавач, а согласно со прописите кои го регулираат заложното право.
Посебна сметка на средствата кои ја покриваат математичката резерва
Член 98
Друштвото за осигурување е должно, во однос на секој одделен фонд на средства кои ја покриваат математичката резерва, да отвори посебна сметка во банка. Преку овие сметки ќе се извршуваат сите плаќања што се однесуваат на средствата кои ја покриваат математичката резерва, а истовремено на нив истите ќе се чуваат.
Глава 6
Други правила за управување со ризик
Реосигурување Член 99
(1) Друштвото за осигурување е должно во друштво за осигурување регистрирано за активно реосигурување да ги реосигура обврските од договорите за осигурување, над износот што со табелата за максимално покритие е предвидено друштвото да ги покрие со сопствени средства.
(2) Друштвото за осигурување регистрирано за активно реосигурување е должно понудените вишоци на ризици кои не може да ги покрие со сопствени средства да ги реосигура кај други друштва за осигурување регистрирани за активно реосигурување.
Програма за планирано реосигурување Член 100
(1) Друштвото за осигурување, за секоја деловна година треба да донесе програма за потребите од реосигурување, во зависност од структурата на осигурителното портфолио и да определи со кои договори за реосигурување ќе го обезбеди вишокот на ризик.
(2) Програмата за потребите од реосигурување од ставот 1 на овој член, содржи:
1) пресметка на максималното покритие по одделни класи на осигурување;
2) табела за максимално покритие изготвена врз основа на пресметките од точката 1 на овој став и
3)основи и критериуми за утврдување највисоки можни штети, врз основа на присутните околности од значење за ризикот и нивото на договореното покритие.
(3) При пресметките од ставот 2 точка 1 на овој член, друштвото за осигурување ќе ги
земе предвид:
1) обемот на капиталот и потребното ниво на маргината на солвентност;
2) вкупниот обем на работењето;
3) наплатената премија во рамките на групите и класите на осигурување;
4) износот на преземени ризици (ниво на договорено покритие) по одделни класи на осигурување согласно со основите од точките 2 и 3 на овој став и
5) приспособување кои се должат на девијации во рамките на одделни класи на осигурување.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување може да пропише посебни услови за реосигурување во класите на осигурување кои се однесуваат на соодветноста на реосигурителното покритие и рејтингот на друштвото за реосигурување.
Соосигурување Член 101
Друштвото за осигурување не смее да го соосигура износот на ризик кој го надминува ризикот по одделни класи на осигурување, кој не може да го покрие со сопствени средства согласно со Табелата за максимално покритие од точката 1 став 2 на членот 100 од овој закон.
Статистички стандарди во осигурувањето Член 102
(1) При статистичката обработка на склучени договори за осигурување, ризици покриени со договорите за осигурување, осигурени случаи и штети, друштвото за осигурување е должно да се придржува кон статистичките осигурителни стандарди.
(2) Статистичките осигурителни стандарди ги донесува Агенцијата за супервизија на осигурување.
Управување со ликвидност Член 103
(1) Друштвото за осигурување е должно да управува со средствата на начин кој ќе овозможи друштвото за осигурување во секое време да одговори на пристигнатите обврски.
(2) Со цел обезбедување од ризикот на ликвидност, друштвото за осигурување е должно да спроведува политика на редовно управување со ликвидноста, преку:
1) планирање на тековните и можните одливи на парични средства и соодветен прилив на истите;
2) редовна контрола на ликвидноста и
3) усвојување на соодветни мерки за спречување или отстранување на причините за неликвидност.
(3) Друштвото за осигурување е должно да врши пресметка на коефициентите на ликвидност на дневна основа.
(4) Органот на управување на друштвото за осигурување е должно да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување, доколку:
1) е загрозена ликвидноста или солвентноста на друштвото за осигурување и
2) финансиската состојба на друштвото за осигурување се променила до степен кога друштвото за осигурување повеќе не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност согласно со членот 75 или членот 76 од овој закон.
Пресметување и контрола Член 104
(1) Друштвото за осигурување е должно редовно да врши пресметка и контрола а на квартална основа да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурување за:
1) обемот на капитал;
2) потребното ниво на маргината на солвентност, со мислење на овластениот актуар;
3) износот на техничките резерви, со мислење на овластениот актуар;
4) вредност на средствата кои ги покриваат техничките резерви;
5) видови, вложување и локализација на средствата кои ги покриваат техничките резерви или математичката резерва;
6) видови, вложување и локализација на капиталот;
7) ликвидност на друштвото;
8) статистичките осигурителни податоци и
9) финансиски извештаи.
(2) Друштвото за осигурување е должно во рок од триесет дена од завршувањето на секој квартал да ја известува Агенцијата за супервизија на осигурување за податоците од ставот 1 на овој член.
Забрана за распределба на добивка Член 105
Друштвото за осигурување не смее да врши распределба на добивката било во вид на дивиденди или плаќања кои настануваат како резултат на учество во добивката на органот на управување, надзорниот орган или на вработените во следниве случаи:
1) ако друштвото за осигурување не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност согласно со членот 75 или членот 76 од овој закон;
2) ако за сметка на исплатената дивиденда, капиталот на друштвото за осигурување се намали под потребното ниво на маргината на солвентност согласно со член 75 или членот 76 од овој закон;
3) ако друштвото за осигурување не ја постигне минималната ликвидност предвидена во прописите наведени во точката 8 од членот 74 на овој закон;
4) ако поради исплатената дивиденда, друштвото за осигурување не ја постигне минималната ликвидност предвидена во прописите наведени во точката 8 од членот 74 на овој закон и
5) ако Агенцијата за супервизија на осигурување издаде наредба друштвото за осигурување да го отстрани несоодветното прикажување на ставките во активата и пасивата во билансот на состојба чиешто прикажување влијае врз билансот на успех на друштвото за осигурување, во периодот до кога друштвото за осигурување не ги отстрани незаконитостите за кои е издадена наредбата.
Мерки на органот на управување за обезбедување потребното ниво на маргината на солвентност
Член 106
(1) Ако друштвото за осигурување не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност согласно со членот 75 или членот 76 од овој закон, како резултат на зголемените потреби од капитал или други причини, органот на управување е должен веднаш да прифати мерки за обезбедување на потребното ниво на маргината на солвентност во рамките на неговата одговорност или да предложи мерки во рамките на надлежностите на други органи на друштвото за осигурување.
(2) Органот на управување е должен да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување за предложените, односно преземените мерки од ставот 1 на овој член, а во врска со извештајот предвиден во ставот 2 од членот 104 на овој закон.
Мерки на супервизорскиот орган Член 106-а
(1) Во случај кога правата на осигурениците се загрозени, Агенцијата за супервизија
на осигурување ќе побара од друштвото за осигурување да донесе финансиски план со предлог на мерки за наредните три години, кој мора да содржи:
1) пресметка на административните трошоци, односно трошоците за управување како и споредба со тековните општи трошоци и провизии;
2) детална пресметка на приходите и расходите од вршење работи на осигурување;
3) xxxxxx на состојба и биланс на успех;
4) пресметка на потребните финансиски средства потребни за обезбедување на потребното ниво на маргина на солвентност и
5) политика на реосигурување.
(2) Агенцијата ќе му наложи на друштвото за осигурување да го зголеми капиталот над пропишаниот износ со овој закон, доколку оцени дека поради влошување на финансиската состојба на друштвото правата на осигурениците се загрозени. Висината на капиталот се одредува врз база на финансискиот план со предлог на мерки за наредните три деловни години.
(3) Агенцијата ќе му наложи на друштвото за осигурување да изврши намалување на вредноста на средствата на друштвото за осигурување кои се вклучени при пресметката на капиталот на друштвото за осигурување, доколку дошло до промена на пазарната вредност на тие средства.
(4) Агенцијата ќе му наложи на друштвото за осигурување да изврши прилагодување на пресметката на маргината на солвентност на друштво за осигурување за износот на реосигурување, доколку природата или квалитетот на договорот за реосигурување во однос на претходната деловна година значително се промениле или доколку договорите за реосигурување не овозможуваат соодветен пренос на ризикот.
(5) Агенцијата поблиску ќе го пропише начинот на подобра заштита на правата на осигурениците.
(6) Агенцијата не смее да издаде дозвола од членот 42 став (3) на овој закон, како и да поднесе известување од членот 54 став (3) на овој закон, доколку го побарала предлогот на мерките од ставот (1) на овој член.
V.ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Доверливост на податоците Член 107
Друштвата за осигурување се должни, сите податоци за осигурениците и/или други корисници на осигурување со кои се стекнале во текот на вршењето на работи на осигурување, да ги третираат како доверливи податоци.
Обврска за чување на доверливи податоци Член 108
(1) Членовите на органите на друштвата за осигурување, нивните акционери, вработените и други лица, кои при работењето имаат пристап до доверливите податоци од членот 107 на овој закон, истите не смеат да ги пренесуваат на трети лица, самите или пак трети лица да дозволат да ги употребуваат,
(2) Обврската за чување на доверливи податоци нема да се применува во следниве случаи:
1) ако податоците се потребни за утврдување на факти во кривични постапки или друга судска постапка и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
2) во случаи предвидени со Законот за спречување перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам;
3) ако податоците се потребни за одредување на правните односи меѓу друштвото за осигурување и негов осигуреник и/или друг корисник на осигурувањето при спроведување на законски постапки;
4) ако податоците се потребни заради извршување на присилни постапки над недвижен имот на осигуреник или друг корисник на осигурувањето, и ако од надлежниот суд е добиено писмено барање за доставување на податоци;
5) ако податоците се побарани од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, а заради спроведување на супервизија во рамките на утврдените одговорности;
6) ако податоците се побарани од страна на даночен орган, а во врска со водење на постапки во негова надлежност и
7) во случаите предвидени со законот кој го уредува задолжителното осигурување.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување или друг надлежен орган за супервизија, даночните органи и судовите, податоците согласно со ставот 2 од овој член ги користат само за предвидените намени.
Прибирање, чување и користење на лични податоци Член 109
(1) Друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, имаат обврска да прибираат, обработуваат, чуваат, користат и доставуваат лични податоци кои се потребни при склучување на договорите за осигурување, во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со посебните прописи кои се однесуваат на базата на податоци од областа на осигурувањето.
(2) Друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, се должни да ги воспостават и одржуваат следниве бази на податоци:
1) база на податоци за осигурениците;
2) база на податоци за настанати штети и
3) база на податоци за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
(3) За базата на податоци од точката 1 од ставот 2 на овој член, се прибираат следниве лични податоци:
1) име и презиме, датум и место на раѓање, постојана или привремена адреса на живеење на осигуреникот и
2) назив на друштвото за осигурување, број на полисата, времетраење на осигурувањето, осигурен случај и осигурително покритие.
(4) За базата на податоци од точката 2 од ставот 2 на овој член, се прибираат следниве лични податоци:
1) име и презиме, датум и место на раѓање, постојана или привремена адреса на живеење и ЕМБГ на лицата инволвирани во настанатата штета, како и истите податоци за сведоците;
2) кривични дела и прекршоци во врска со настанатата штета;
3) вид на штетен настан;
4) место, време и тек на настанување на штетата и
5) опис на штетата од штетниот настан.
(5) За базата на податоци од точката 3 од ставот 2 на овој член, се прибираат следниве лични податоци:
1) име и презиме, датум и место на раѓање, постојана или привремена адреса на живеење на осигуреникот на кој се однесува осигурителното покритие, како и истите податоци за подносителот на барањето за надомест на штета;
2) краткотрајни повреди и здравствена состојба, вид на физичката повреда, времетраење на третманот и последиците како за осигуреното лице така и за подносителот на барањето за надомест на штета;
3) приходи кои ги остварува осигуреното лице и подносителот на барањето за надомест на штетата;
4) пензионирање (старосно или инвалидско), преквалификација и степен на инвалидитет на осигуреното лице и подносителот на барањето за надомест на
штетата и
5) трошоци за медицинскиот третман, медицински препарати и ортопедски помагала за осигуреното лице и подносителот на барањето за надомест на штетата.
(6) Личните податоци наведени во ставовите 3, 4 и 5 се прибираат на следниов начин:
1) како правило, директно од лицето за кое се однесуваат;
2) од други лица (сведоци при настанување на штетата);
3) податоците од ставот 3 можат, исто така да се прибираат од базите на податоци воспоставени при друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување;
4) податоците од точките 1, 3, 4 и 5 од ставот 4 на овој член, можат исто така да се прибираат од базата на податоци воспоставена при Министерството за внатрешни работи;
5) податоците од точката 2 од ставот 4 на овој член, можат исто така да се приберат од базата на податоци воспоставена при судските органи,
6) податоците од ставот 5 на овој член можат исто така да се прибираат на следниов начин:
- податоците од точките 2 и 5 од базата на податоци воспоставена при здравствените институции;
- податоците од точката 3, од базата на податоци на работодавецот, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за труд и социјална политика и
- податоците од точката 4, од базата на податоци при Фондот за пензиското и инвалидското осигурување.
(7) Органите и организациите од ставот 6 на овој член, се должни на писмено барање да ги достават наведените податоци до друштвата за осигурување и/или Националното биро за осигурување.
(8) Податоците од точката 1 од ставот 2 на овој член, ќе се чуваат за период од десет години по истекот на договорот за осигурување, или во случај на настанување на штета, десет години по затворањето на случајот. Податоците од точките 2 и 3 од ставот 2 на овој член, ќе се чуваат десет години по затворањето на случајот на настанување на штетата. По истекот на гореспоменатиот период, податоците од базата на податоци од ставот 2
на овој член ќе бидат избришани.
VI. ОВЛАСТЕНИ АКТУАРИ Овластени актуари
Член 110
(1) Актуарски работи во смисла на овој закон вршат овластени актуари.
(2) Овластен актуар е лице кое има дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување може да овласти орган или правно лице кое спроведува обука за работа како овластен актуар.
Независност во работењето на овластениот актуар Член 111
Овластениот актуар е независен и самостоен во вршењето на работата и одговара за точноста на утврдените дејствија.
Услови за работа како овластен актуар Член 112
(1) За добивање дозвола за работа како овластен актуар, лицето мора да ги исполнува следниве услови:
1) да има високо образование;
2) да има положено стручен испит потребен за работа како овластен актуар;
3) да има најмалку една година работно искуство во областа на осигурувањето или супервизија на осигурувањето;
4) да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
5) да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка и
6) да не му е претходно одземена дозволата за работа како овластен актуар.
(2) Покрај одредбите од ставот (1) на овој член, лице кое има положено стручен испит за вршење работи како овластен актуар во странство може да добие дозвола за работа како овластен актуар во Република Македонија, доколку ги исполнува и следниве услови:
1) квалификацијата на лицето да е со стандарди не пониски од стандардите што се бараат согласно со овој закон и
2) лицето успешно да го положи испитот со кој се обезбедува дека тоа лице има адекватно знаење на законите и праксата во Република Македонија потребни за работа како овластен актуар во Република Македонија.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску го пропишува начинот на спроведување на стручниот испит за добивање дозвола за работа, како овластен актуар и го организира спроведувањето на истиот.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ги пропишува начинот и постапката за признавање на квалификации за актуар стекнати во странство.
(5) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за одземање на дозволата за работа како овластен актуар, доколку:
1) дозволата е добиена со наведување невистинити податоци;
2) лицето повеќе не ги исполнува условите од ставот (1) точки 4 и 5 на овој член и
3) лицето ги прекршило правилата на актуарската професија.
(6) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да ги информира друштвата за осигурување за лицата на кои им е одземена дозволата за работа како овластен актуар.
(7) Супервизија на работењето на овластените актуари врши Агенцијата за супервизија на осигурување. Во врска со супервизијата на работењето на овластените актуари ќе се применуваат одредбите од членовите 159, 160, 165 и 166 на овој закон."
Назначување на овластени актуари Член 113
(1) Друштвото за осигурување коешто добило дозвола за вршење на работи на осигурување е должно во рок од два месеца од денот на уписот на друштвото во трговскиот регистар да назначи овластен актуар.
(2) Друштвото за осигурување е должно да ја информира Агенцијата за супервизија на осигурување за овластениот актуар кој го назначило во рок од пет дена од денот на неговото назначување.
(3) Доколку друштвото за осигурување не назначи овластен актуар во рок од два месеца од денот на уписот на друштвото во трговскиот регистар или пак назначи лице кое нема дозвола за работа како овластен актуар од надлежен орган, тогаш Агенцијата за супервизија на осигурување ќе назначи такво лице, при што трошоците за ангажирање на овластениот актуар ќе ги сноси друштвото за осигурување.
(4) Во случај овластениот актуар да престане да врши актуарски работи во некое друштво за осигурување, истиот е должен за тоа да ја извести Агенцијата за
супервизија на осигурување во рок од пет дена од престанокот.
(5) Доколку овластениот актуар престане да врши актуарски работи во друштво за осигурување, друштвото за осигурување е должно во рок од 30 дена од денот на престанувањето на договорот да назначи ново лице да врши актуарски работи и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
Забрана за работа како овластен актуар Член 114
Овластениот актуар не смее да врши актуарски работи во друштвото за осигурување, ако:
1) директно или индиректно учествува во капиталот на друштвото за осигурување;
2) член на органот на управување или на надзорниот орган на друштвото за осигурување и
3) во роднинска поврзаност до втор степен со имателите на квалификувано учество или членовите на службата за внатрешна ревизија во друштвото.
Отпуштање на овластениот актуар Член 115
(1) Доколку Агенцијата за супервизија на осигурување донесе решение за одземање на дозволата за работа како овластен актуар или поради настанување на случаите од членот 114 на овој закон или доколку по кој било друг основ престане ангажманот на овластениот актуар во друштвото, друштвото за осигурување е должно да назначи друг овластен актуар во рок од 30 дена.
(2) Доколку друштвото за осигурување не назначи друг овластен актуар во рокот од ставот (1) на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде наредба за отстранување на незаконитостите и ќе побара друштвото за осигурување во рок од 30 дена да назначи друг овластен актуар.
(3) Доколку друштвото за осигурување во рокот од ставот (2) на овој член не назначи овластен актуар, Агенцијата за супервизија на осигурување по службена должност ќе назначи овластен актуар, на товар на друштвото за осигурување.
(4) За разрешување на овластениот актуар, друштвото за осигурување е должно да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од осум дена од денот на разрешувањето.
Задачи на овластениот актуар Член 116
(1) Овластениот актуар е должен да ја провери усогласеноста на податоците во годишните сметки со осигурителните сметководни стандарди и правилноста на пресметките во годишните сметки во однос на формирањето на техничките резерви и другите резерви на друштвата за осигурување.
(2) Овластениот актуар е должен да провери дали премиите и техничките резерви се пресметани во согласност со одредбите од овој закон, како и дали истите се пресметани и издвоени на начин кој ќе овозможи долгорочно исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување од страна на друштвото за осигурување.
(3) За преземените дејствија од ставовите 1 и 2 на овој член, овластениот актуар издава потврда.
(4) Овластениот актуар потврдата од ставот 3 на овој член ја поднесува до друштвата за осигурување и до Агенцијата за супервизија на осигурување во роковите од членот 120 на овој закон.
(5) Трошоците за ангажманот од ставовите 1 и 2 на овој член, паѓаат на товар на друштвото за осигурување.
(6) Органот на управување на друштвото за осигурување е должен да ги обезбеди сите потребни податоци за вршење на работите од ставовите 1 и 2 на овој член.
(7) Кон мислењето за годишната сметка на друштвото за осигурување од членот 120 на овој закон, овластениот актуар до органот на управување и надзорниот орган на Друштвото за осигурување е должен да поднесе и извештај со мислење во врска со спроведената супервизија во претходната година согласно со ставот 1 од овој член. Извештајот треба да ги содржи причините за позитивното мислење, мислењето со резерва или пак негативното мислење на овластениот актуар во врска со годишната сметка.
(8) Доколку овластениот актуар при вршење на својата работа, согласно со ставот 2 од овој член, утврди дека премиите не се пресметани, а техничките резерви не се издвоени согласно со одредбите на овој закон, или пак тие се пресметани и издвоени на начин кој ја загрозува долгорочната способност на друштвото за осигурување за исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување, истиот е должен веднаш да го извести органот на управување на друштвото за осигурување доколку органот на управување не го земе предвид извештајот на овластениот актуар, актуарот е должен за тоа веднаш да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
VII. ДЕЛОВНИ КНИГИ И ИЗВЕШТАИ Општи одредби
Член 117
Друштвото за осигурување е должно да води трговски книги, да составува сметководствени документи, да ги вреднува средствата и обврските, да изготвува финансиски извештаи и да ја известува јавноста за податоците од финансиските извештаи согласно со одредбите од Законот за трговските друштва и друг закон, ако со овој закон поинаку не е уредено.
Член 118
Друштвото за осигурување е должно да го организира своето работење согласно со членот 117 од овој закон, на начин кој ќе овозможи непречено и ефикасно спроведување на супервизијата на работењето на друштвото за осигурување согласно со правилата за управување со ризик.
Водење на трговски книги и изготвување на финансиски извештаи Член 119
(1) Друштвото за осигурување е должно да ги води своите трговски книги и да изготвува финансиски извештаи во согласност со прописите за сметководство, освен ако со овој закон поинаку не е определено.
(2) Друштвото за осигурување ги води трговските книги според контниот план наменет за друштвата за осигурување.
(3) Друштвото за осигурување изготвува финансиски извештаи согласно со членот 122 од овој закон.
Изготвување и доставување на финансиски извештаи и годишен извештај Член 120
(1) Друштвото за осигурување изготвува годишна сметка, финансиски извештаи и годишен извештај за своето работење.
(2) Друштвото за осигурување е должно до Агенцијата за супервизија на осигурување да достави неревидирани годишни финансиски извештаи и годишен извештај за работата на друштвата во претходната деловна година која е еднаква со
календарската година во рок од три месеци од истекот на тековната година.
(3) Друштвото за осигурување кое има преовладувачко влијание во група на друштва за осигурување е должно да изготвува консолидирани финансиски извештаи.
Потврда на овластен актуар за годишните извештаи Член 121
(1) Годишниот извештај на друштвото за осигурување вклучува и потврда од овластен актуар согласно со ставот 3 од членот 116 на овој закон, придружен со мислење за тоа дали премиите и техничките резерви се пресметани во согласност со овој закон.
(2) Во однос на потврдата на овластениот актуар, ќе се применуваат одредбите од Законот за ревизија кои се однесуваат на потврдата на овластениот ревизор.
Прописи за водење на трговски книги и изготвување на годишни сметки
Член 122
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно со меѓународните сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско известување пропишува:
1) контен план за друштвата за осигурување;
2) форма и содржина на финансиските извештаи за друштвата за осигурување и белешки кон извештаите;
3) детална содржина на годишниот извештај за работењето на друштвата за осигурување;
4) метод за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за изготвување на финансиските извештаи;
5) форма и содржина на ревизорскиот извештај и
6) детална содржина на потврдата на овластениот актуар согласно со ставот 1 од членот 116 на овој закон.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ги пропишува извештаите од ставот (1) точки 2, 3 и 5 на овој член, како и начинот и роковите за нивно јавно објавување.
VIII. ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА Внатрешна ревизија
Член 123
(1) Надзорниот орган на друштвото за осигурување е должен да воспостави внатрешна ревизија како независна организациона единица.
(2) Надзорниот орган на друштвото за осигурување донесува правила за работа на внатрешната ревизија.
Работи на внатрешната ревизија Член 124
(1) Внатрешните ревизори вршат целосна ревизија на работењето на друштвото за осигурување со цел да се утврди дали друштвото за осигурување:
1) ги врши работите на осигурување во согласност со овој закон, како и во согласност со внатрешните прописи на друштвото за осигурување со кои се регулира работењето на друштвото за осигурување;
2) води трговски книги и изготвува годишни извештаи, составува сметководствени документи, ги вреднува ставките во деловните биланси и годишни сметки и ја известува јавноста за податоците од годишните извештаи согласно со овој закон, како и согласно со внатрешните прописи со кои се регулира работењето на друштвото за осигурување.
(2) Внатрешната ревизија се спроведува во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, кодексот на етичко однесување и правилата за вршење на внатрешна ревизија.
Лица вработени во внатрешната ревизија Член 125
(1) За вршење на работи на внатрешна ревизија, друштвото за осигурување е должно да вработи најмалку еден овластен ревизор согласно со Законот за ревизија.
(2) Лицата кои вршат работи на внатрешна ревизија не смеат да вршат други работи во друштвото за осигурување.
(3) Членовите на органот на управување и надзорниот орган на друштвото за осигурување не смеат да вршат работи на внатрешна ревизија.
Годишна програма на внатрешна ревизија Член 126
(1) Внатрешните ревизори изготвуваат годишна програма за работа која ја одобрува надзорниот орган на друштвото за осигурување.
(2) Годишната програма на внатрешна ревизија содржи:
1) области од работењето на друштвото за осигурување, на кои ќе се врши ревизија на работењето и
2) опис на содржината на планираните оперативни ревизни на одделни области од работењето.
(3) Надзорниот орган на друштвото за осигурување е должен врз основа на годишната програма за внатрешна ревизија, да донесе подетален план за работата на внатрешната ревизија.
Извештаи за внатрешната ревизија Член 127
(1) Внатрешните ревизори се должни најмалку два пати годишно да изготват извештаи за спроведената внатрешна ревизија, кои содржат:
1) опис на спроведените ревизии на работењето;
2) адекватност и ефикасност на системот на внатрешна ревизија;
3) незаконитости и неправилности откриени при спроведувањето на внатрешната ревизија и предложените мерки за отстранување на тие незаконитости и неправилности и
4) констатации во врска со спроведување на предложените мерки за отстранување на незаконитостите и неправилностите откриени при внатрешната ревизија.
(2) Внатрешните ревизори се должни да изготват годишен извештај за внатрешната ревизија, кој содржи:
1) извештај за реализација на годишната програма за внатрешна ревизија и
2) преглед на позначајни сознанија стекнати при спроведувањето на внатрешната ревизија.
(3) Извештаите од ставовите 1 и 2 на овој член се поднесуваат до надзорниот орган на друштвото за осигурување. Извештаите од ставот 2 на овој член се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување на мислење.
(4) Надзорниот орган на друштвото за осигурување е должен годишниот извештај за внатрешната ревизија придружен со мислење од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, да го стави на дневен ред на годишното собрание на акционерите, заедно со ревизорскиот извештај на друштвото за осигурување.
Известувања до органот на управување и надзорниот орган на друштво за осигурување
Член 128
(1) Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека друштвото за осигурување ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на друштвото за осигурување или сигурноста на осигурениците, веднаш за тоа треба да бидат известени надзорниот орган и органот на управување на друштвото за осигурување.
(2) Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека органот на управување на друштвото за осигурување ги повредил правилата за управување со ризик, веднаш за тоа треба да биде известен надзорниот орган на друштвото за осигурување.
IX. РЕВИЗИЈА Ревизија на годишни сметки
Член 129
(1) Друштвото за осигурување е должно финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи да ги поднесе на ревизија. Ревидираните финансиски и консолидирани финансиски извештаи друштвото е должно да ги достави до Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 15 дена од денот на усвојување на извештајот на овластениот ревизор, а најдоцна во рок од четири месеци по истекот на тековната деловна година за која извештаите се составуваат.
(2) Друштвото за осигурување е должно до Агенцијата за супервизија на осигурување да достави барање за добивање согласност за друштвото за ревизија кое го определило да врши ревизија на финансиските извештаи и консолидирани финансиски извештаи, во рок од 15 дена од денот кога го определило.
(3) Агенцијата ќе издаде согласност за друштвото за ревизија од ставот 2 на овој член доколку друштвото за ревизија:
- има повеќе од три години искуство во вршење на ревизии;
- не е поврзано лице со друштвото;
-во последните три години не давало консултантски услуги на друштвото за осигурување;
- не извршило пет последователни ревизии на финансиските извештаи и консолидирани финансиски извештаи на друштвото за осигурување и
- во последните три години не му биле изречени мерки од страна на Институтот на овластени ревизори.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна во рок од 15 дена од денот на добивање на барањето за добивање согласност од ставот 2 на овој член да издаде согласност или да го одбие барањето и да побара од друштвото да определи друго друштво за ревизија.
(5) Друштвото за осигурување е должно да определи друго друштво за ревизија во рок од 30 дена од денот на добивање на решението со кое се одбива барањето за добивање согласност.
Известување до Агенцијата за супервизија на осигурување Член 130
Ако во текот на спроведувањето на ревизијата, се утврди дека друштвото за осигурување или лице поврзано со друштвото за осигурување работи спротивно на правилата за управување со ризик и поради тоа на друштвото за осигурување му се заканува неликвидност или несолвентност, или е загрозена сигурноста на осигурениците, ревизорот е должен за тоа веднаш да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
Содржина на ревизорскиот извештај Член 131
(1) Овластениот ревизор врши ревизија и известува за:
1) билансот на состојба;
2) билансот на успех;
3) паричните текови и промените во капиталот;
4) состојбата и промените на техничките резерви;
5) состојбата и структурата на вложувањата на средствата кои ги покриваат техничките резерви;
6) состојбата и структурата на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва;
7) состојбата и структурата на вложувањата на капиталот;
8) спроведување на прописите за управување со ризик;
9) спроведување на внатрешната ревизија;
10) начинот на водење на трговските книги;
11) квалитетот на информатичкиот систем на друштвото за осигурување;
12) точноста и комплетноста на извештаите до Агенцијата за супервизија на осигурување;
13) вреднување на билансните и вонбилансните ставки, и сметководствената политика и
04) распределбата на добивката.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување детално ќе ја пропише формата и содржината на ревизорскиот извештај, како и минималниот опфат на ревизијата.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување може да побара дополнително појаснување во врска со спроведената ревизија.
(4) Ако ревизијата или ревизорскиот извештај не се изготвени во согласност со ставот 1 и 2 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување нема да го прифати извештајот и ќе побара ревизијата да биде спроведена од страна на друг овластен ревизор, а на товар на друштвото за осигурување.
Објавување на ревизорскиот извештај Член 132
Друштвото за осигурување е должно најмалку во еден дневен весник, да го објави ревизорскиот извештај придружен со мислењето на ревизорот, во рок од 15 дена од усвојување на извештајот од страна на собранието на акционери, но не подоцна од шест месеци од завршувањето на календарската година на која се однесува извештајот.
X. ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО Застапување во осигурувањето
Глава 1
Застапување во осигурувањето Член 133
(1) Застапување во осигурувањето во смисла на овој закон претставува подготовка и склучување на договори за осигурување во име и за сметка на едно или повеќе друштва за осигурување основани согласно со овој закон, за производи на осигурување кои меѓусебно не си конкурираат.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член за застапување во осигурувањето не се сметаат работите на подготовка и склучување на договори за осигурување, доколку се исполнети сите наведени услови:
1) договорот за осигурување бара познавање само на осигурителното покритие кое
се обезбедува со договорот;
2) договорот за осигурување не е договор за осигурување на живот;
3) договорот за осигурување не покрива одговорност како ризик;
4) основната дејност на лицето кое врши подготовка и склучување на договори за осигурување не е застапување во осигурувањето;
5) договорот за осигурувањето претставува дополнување или е поврзан со производот или услугата која ја нуди лицето и истиот покрива:
- ризик од уништување или оштетување на производи или предмети или
- ризик од губење или оштетување на багаж или други ризици поврзани со туристичка услуга договорени преку туристичка агенција и во случаи кога договорот содржи осигурување на живот или одговорност како ризик и истиот се склучува како дополнување на основниот ризик поврзан со туристичката услуга и
6) износот на годишната бруто премија е помал од 500 евра во денарска противвредност и траењето на договорот е помало од пет години.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување врши супервизија над субјектите кои ги вршат работите од ставот (2) на овој член.
Застапник во осигурувањето Член 134
(1) Застапник во осигурувањето е физичко лице кое има лиценца за застапник во осигурувањето од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Застапникот во осигурувањето врши работи на подготовка и склучување на договори за осигурување во име и за сметка на едно или повеќе друштва за осигурување основани согласно со овој закон, за производи на осигурување кои меѓусебно не си конкурираат.
(3) Застапникот во осигурувањето може да врши и работи на продолжување и прекинување на договори за осигурување врз основа на согласност на осигурениците.
(4) Застапникот во осигурувањето од ставот (1) на овој член може да врши работи на застапување во осигурувањето само врз основа на работен или друг правен однос (договор за застапување) со друштво за застапување во осигурувањето, односно друг правен однос (договор за застапување) со друштво за осигурување.
(5) Односите меѓу застапникот и друштвото за застапување, односно друштвото за осигурување се регулираат со договор за застапување во кој задолжително се наведуваат сите права и одговорности на застапникот во согласност со овој закон, а особено видовите на работи кои застапникот може да ги врши во име и за сметка на друштвото за осигурување.
(6) Лицата кои вршат работи на подготовка и склучување на договори за осигурување врз основа на редовен работен однос во друштво за осигурување не се сметаат за застапници во осигурувањето согласно со овој закон.
(7) За застапник во осигурувањето се смета и секое лице кое дополнително на својата основна професионална дејност врши работи на застапување во осигурувањето, односно работи на подготовка и склучување на договори за осигурување во име и за сметка на едно или повеќе друштва за осигурување основани согласно со овој закон, за производи на осигурување кои меѓусебно не си конкурираат.
(8) Правните и физички лица кои при вршење на својата дејност повремено даваат информации на клиенти во врска со договори за осигурување, при што не вршат работи на подготовка и склучување на договори за осигурување не се сметаат за застапници во осигурувањето.
(9) Застапникот во осигурувањето не смее во свое име и за своја сметка да наплаќа премија или други надоместоци за осигурување од договорувачот на осигурувањето.
(10) Застапникот во осигурувањето не смее да работи во осигурително брокерско друштво.
Друштво за застапување во осигурувањето Член 134-а
(1) Друштвото за застапување во осигурувањето е правно лице - акционерско друштво со седиште во Република Македонија кое врши работи на застапување во осигурувањето и кое има дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за застапување во осигурувањето не може да биде запишано во Централниот регистар без да добие дозвола од ставот (1) на овој член.
(3) Зборовите "застапување во осигурување", односно изведени зборови од истите може да ги запише во Централниот регистар и да ги користи во правниот промет исклучиво друштво за застапување во осигурувањето кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(4) Друштвото за застапување во осигурувањето е должно на видно место во своите деловни простории да го истакне името на друштвото за осигурување кое го застапува.
Обврски на застапникот во осигурувањето и одговорност на друштвата за осигурување Член 134-б
(1) Друштвото за застапување во осигурувањето, односно застапник во осигурувањето може да врши работи на застапување исклучиво за друштва за осигурување основани согласно со овој закон.
(2) Застапникот во осигурување може да врши само работи за кои е овластен од друштвото за осигурување, односно друштвото за застапување во осигурувањето.
(3) За работењето на застапникот во осигурувањето одговара друштвото за осигурување, односно друштвото за застапување во осигурувањето.
(4) Друштвото за осигурување одговара за работењето на друштвото за застапување во осигурувањето, односно застапникот во осигурувањето во делот на вршењето работи на застапување согласно со склучениот договор за застапување.
(5) Друштвото за застапување во осигурувањето, односно застапникот во осигурувањето одговара за штетата која ќе настане поради лажно претставување, невнимание или непочитување на одредбите од склучениот договор за застапување.
Лиценца за застапник во осигурување Член 134-в
(1) Застапник во осигурувањето може да биде физичко лице кое има лиценца за застапник во осигурувањето издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде лиценца за застапник во осигурувањето на лицето кое ги исполнува следниве услови:
1) да има положено стручен испит за застапник во осигурувањето;
2) да има најмалку средно образование;
3) да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
4) да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
5) да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и
6) да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.
(3) Во лиценцата за застапник во осигурувањето Агенцијата за супервизија на
осигурување ќе го наведе друштвото, односно друштвата за осигурување за кои застапникот врши работи на застапување во осигурувањето, како и класите на осигурување за кои застапникот е овластен да врши работи на застапување согласно со договорот за застапување склучен со друштвото за осигурување.
(4) Во случај на раскинување на договорот за застапување склучен меѓу застапникот и друштвото за осигурување, односно друштвото за застапување во осигурување, застапникот и друштвото за осигурување се должни за раскинувањето да ја известат Агенцијата за супервизија на осигурување.
(5) Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе донесе решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето, доколку:
1) лиценцата е добиена со наведување невистинити податоци;
2) лицето повеќе не ги исполнува условите од ставот (2) точки 4 и 5 на овој член;
3) се раскине договорот за застапување согласно со членот 134 став (5) од овој закон;
4) лицето работи спротивно на другите одредби од овој закон и
5) лицето ги прекрши добрите деловни обичаи и правила на струката.
Барање за добивање лиценца за застапник во осигурувањето Член 134-г
(1) Барање за добивање лиценца за застапник во осигурувањето се поднесува до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) По барањето од ставот (1) на овој член Агенцијата за супервизија на осигурување одлучува со решение со кое се издава лиценца или се одбива барањето.
(3) Барањето кое не ја содржи потребната документација се отфрла со решение.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ќе ја пропише потребната документација која се приложува кон барањето за добивање лиценца за застапник во осигурувањето.
Дозвола за вршење работи застапување во осигурувањето Член 134-д
(1) Друштво за застапување во осигурувањето е правно лице - акционерско друштво со седиште во Република Македонија кое има дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето издадена од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе донесе решение за издавање на дозволата за вршење работи на застапување во осигурувањето, доколку се исполнети условите од членовите 134-ѓ и 134-е на овој закон.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе донесе решение за одземање на дозволата за вршење дејност на застапување во осигурувањето, доколку:
1) дозволата е добиена со наведување невистинити податоци;
2) друштвото за застапување во осигурувањето повеќе не ги исполнува условите од членовите 134-ѓ и 134-е на овој закон;
3) друштвото работи спротивно на одредбите од овој закон и
4) друштвото ги прекрши добрите деловни обичаи и правила на деј носта.
(4) Дозволата за вршење работи на застапување во осигурувањето ќе престане да важи, доколку:
1) друштвото за застапување во осигурувањето не започне да врши дејност застапување во осигурувањето во рок од шест месеца од денот на издавањето на дозволата;
2) друштвото за застапување во осигурувањето престане да врши дејност застапување во осигурувањето повеќе од шест месеца и
3) по отворање на стечајна, односно ликвидациона постапка.
(5) Во случаите од ставот (4) на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение со кое ќе констатира дека дозволата за вршење работи на застапување во осигурување престанала да важи.
Барање за добивање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето
Член 134-ѓ
(1) Xxxxxx за добивање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето од членот 134-д на овој закон се поднесува до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член основачите на друштвото се должни да поднесат:
1) предлог на статут;
2) план за работа;
3) доказ дека се уплатени парични средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет согласно со членот 134-е став (2) од овој закон;
4) извори на средства за уплата на капиталот;
5) потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
6) список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на живеење на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
7) докази во врска со членот 14 од овој закон;
8) предлог на акти на деловната политика од членот 149 на овој закон;
9) документација врз основа на која може да се констатира дека друштвото за застапување во осигурувањето е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со статутот на друштвото;
10) преддоговор или договор за застапување склучен со друштво за осигурување кој мора да содржи одредба за постојан надзор на друштвото за осигурувње врз извршувањето на тој договор;
11) преддоговор или договор за осигурување од одговорност согласно со членот 134- е став (5) од овој закон;
12) доказ за непостоење на капитална или управувачка поврзаност со друштва за осигурување, други друштва за застапување во осигурувањето или осигурително брокерски друштва и
13) програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(3) Покрај документацијата од ставот (2) на овој член акционерите - правни лица кон барањето поднесуваат и:
- акт за основање и список на членови на органот на управување на правното лице;
- извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;
- копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар x
- ревизорски извештај од овластено друштво за ревизија за последните две деловни години.
(4) По барањето од ставот (1) на овој член Агенцијата за супервизија на осигурување одлучува со решение со кое се издава дозвола или се одбива барањето.
(5) Барањето кое не ја содржи потребната документација се отфрла со решение.
Услови за добивање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето
Член 134-е
(1) Друштво за застапување во осигурувањето може да се основа како акционерско друштво со седиште во Република Македонија.
(2) Акционерскиот капитал потребен за основање на друштво за застапување во осигурувањето изнесува 15.000 евра во денарска противвредност по курсот на Народната банка, на денот на уплатата.
(3) Друштвото за застапување во осигурувањето не смее да биде поврзано лице со друштво за осигурување или друго друштво за застапување во осигурувањето.
(4) Друштвото за застапување во осигурувањето е должно да склучи договор за осигурување со друштво за осигурување за да ги осигури своите обврски кон сопствениците на полиси во случај на прекршување на одредбите од договорот за застапување до еден осигурен износ, кој во однос на поединечен осигурен случај не смее да биде помал од 250.000 евра и/или во врска со сите осигурени случаи во една година не смее да биде помал од 500.000 евра.
(5) Договорот за осигурување од ставот (4) на овој член, покрај другото, задолжително треба да ги содржи видовите на ризици и осигурени случаи кои се опфатени со осигурителното покритие, како и договорни обврски на друштвото за осигурување во случај на настанување на ризиците што се предмет на договорот за осигурување.
(6) Договорот за осигурување од ставот (4) на овој член треба да биде склучен со друштво за осигурување со кое не е склучен договорот за застапување.
(7) Договорот за осигурување од ставот (4) на овој член задолжително се обновува и истиот се доставува до Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 15 дена од денот на неговото склучување/обновување.
(8) Друштвото за застапување во осигурувањето е должно да вработи најмалку еден застапник во осигурувањето со полно работно време кој врз основа на договор за вработување ќе биде одговорно лице во друштвото за застапување.
Вршење на работи на застапување во осигурувањето од страна на друштво за застапување во осигурувањето Член 134-ж
(1) Друштвото за застапување во осигурувањето е должно да врши работи на застапување во осигурувањето како единствена дејност.
(2) Друштвото за застапување во осигурувањето не смее да врши осигурително брокерски работи.
(3) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член работи на застапување во осигурувањето може да врши и банка која добила дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето од Народната банка. Народната банка ќе издаде дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето само врз основа на претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување е должна да ја издаде согласноста од ставот 3 на овој член во рок од 30 дена од денот на добивање на барањето од Народната банка на Република Македонија.
(5) Работите на застапување во осигурувањето во банка од ставот (3) на овој член можат да вршат единствено лица кои имаат лиценца за застапник во осигурувањето од членот 134-в на овој закон.
Членот 134-з Укинат со Одлука на Уставен суд 154/2007 од 16.01.2008 (Службен весник на Република Македонија бр.08/08)
Друштва за застапување во осигурувањето од земји членки Член 134-ѕ
(1) Друштво за застапување во осигурувањето од земја членка е правно лице со
седиште во земја членка кое има дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето од соодветен надлежен орган на таа земја членка.
(2) Друштво за застапување во осигурувањето од земја членка може да врши работи на застапување во осигурувањето во Република Македонија, преку филијали или директно.
(3) Одредбите од членовите 133, 134, 134-а, 134-б, 134-в, 134-г, 134-д, 134-ѓ, 134-е и 134-ж на овој закон соодветно се применуваат на друштва за застапување во осигурувањето од ставот (1) на овој член на работите на застапување во осигурувањето кои друштвото ги врши на територијата на Република Македонија.
Започнување со вршење работи на застапување во осигурувањето од друштва за застапување во осигурување од земји членки
Член 134-и
(1) Друштво за застапување во осигурувањето од членот 134-ѕ став (1) на овој закон кое има намера да врши работи на застапување во осигурувањето во Република Македонија е должно за својата намера да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка во која друштвото има седиште.
(2) Надлежниот орган за супервизија од ставот (1) на овој член е должен во рок од еден месец да го поднесе известувањето од ставот (1) на овој член до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) Друштво за застапување во осигурувањето може да почне да врши работи на застапување во осигурувањето во Република Македонија во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето од надлежниот орган за супервизија на земјата членка согласно со ставот (2) од овој член.
(4) Одредбите од овој член соодветно се применуваат и на вршење работи на застапување во осигурувањето од страна на застапници во осигурувањето од земји членки кои вршат работи на застапување на територијата на Република Македонија.
(5) Надлежните органи на земјите членки се должни меѓусебно да разменуваат податоци и информации кои се однесуваат на застапниците во осигурувањето и друштвата за застапување во осигурувањето, посебно во случаи кога против нив се одредени мерки поради непочитување на прописите на државата во која вршат работи, односно дејност застапување во осигурувањето.
Вршење работи на застапување во осигурувањето во земји членки на Европската унија
Член 134-ј
(1) Друштво за застапување во осигурувањето кое има дозвола за вршење работи на застапување во осигурувњето може да врши работи на застапување во осигурувањето во земја членка, преку филијала или директно, доколку ги исполнува условите предвидени со прописите на таа земја членка.
(2) Друштво за застапување во осигурувањето кое има намера да започне да врши работи на застапување во осигурувањето во земја членка е должно за својата намера да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) На барање на надлежниот орган на супервизија од земјата членка, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна во рок од еден месец да го поднесе изветувањето од ставот (2) на овој член до надлежниот орган на супервизија на земјата членка и за тоа да го извести друштвото за застапување во осигурувањето.
(4) Друштво за застапување во осигурувањето може да почне да врши работи на застапување во осигурувањето во земјата членка во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето од Агенцијата за супервизија на осигурување од ставот (3) на овој член. Друштво за застапување во осигурувањето може веднаш да почне да врши работи на застапување во осигурувањето во земјата членка доколку
надлежниот орган на супервизија од земјата членка не побара известување од ставот (2) на овој член.
Одговорности на застапниците во осигурувањето Член 134-к
Одредбите од членовите 49 до 52 на овој закон соодветно се применуваат и врз работењето на застапниците во осигурувањето.
Членот 134-л е укинат со Уставна одлука У.бр. 218/2008 од 22.04.2009 (Службен весник на Република Македонија бр. 56/09)
Глава 2
Осигурителни брокери Осигурително брокерски работи Член 135
(1) Осигурително брокерски работи во смисла на овој закон се: посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член за осигурително брокерски работи не се сметаат работите на посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и реализирање на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан, доколку се исполнети сите наведени услови:
1) договорот за осигурување бара познавање само на осигурителното покритие кое се обезбедува со договорот;
2) договорот за осигурување не е договор за осигурување на живот;
3) договорот за осигурување не покрива одговорност како ризик;
4) основната дејност на лицето кое врши работи на посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и реализирање на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан не е вршење на осигурително брокерски работи;
5) договорот за осигурувањето е директно поврзан со производот или услугата која ја нуди лицето и истиот покрива:
- ризик од уништување или оштетување на производи или предмети или
- ризик од губење или оштетување на багаж или други ризици поврзани со туристичка услуга договорени преку туристичка агенција, и во случаи кога договорот содржи осигурување на живот или одговорност како ризик и истиот се склучува како дополнување на основниот ризик поврзан со туристичката услуга и
6) износ на годишната бруто премија е помал од 500 евра во денарска противвредност и траењето на договорот за осигурување е помало од пет години.
(3) Одредбите од Законот за облигационите односи кои се однесуваат на договорите за посредување се применуваат и на договорите за вршење на осигурително брокерски работи, доколку поинаку не е предвидено со овој закон.
(4) Агенцијата за супервизија на осигурување врши супервизија над субјектите кои ги вршат работите од ставот (2) на овој член.
Вршење на осигурително брокерски работи Член 136
(1) Осигурително брокерски работи може да врши осигурителен брокер кој е во работен однос во осигурително брокерско друштво од членот 145 на овој закон.
(2) Ниту едно лице, освен оние од ставот 1 на овој член, не може да ги врши осигурително брокерските работи.
Осигурителен брокер Член 137
(1) Осигурителен брокер е лице кое има добиено лиценца за осигурителен брокер од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Осигурителен брокер врши исклучиво осигурително брокерски работи и ги претставува и делува во име и за сметка на своите клиенти во однос на друштвата за осигурување и реосигурување.
(3) Лицата кои во контекст на вршење на својата професионална активност даваат информации на клиентите во врска со договори за осигурување при што не вршат посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие и реализирање на отштетни побарувања по остварен осигуран штетен настан не се сметаат за осигурителни брокери согласно со овој закон.
Услови за издавање и одземање на лиценца за осигурителен брокер
Член 138
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе издаде лиценца за осигурителен брокер доколку лицето ги исполнува следниве услови:
1) да има положено стручен испит за осигурителен брокер;
2) да има најмалку една година искуство од областа на осигурувањето или посредување во осигурувањето;
3) да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
4) да не му е изречена казна затвор за кривично дело против ј авните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
5) да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и
6) да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе донесе решение за одземање на лиценцата за осигурителен брокер, доколку:
1) лиценцата е добиена со наведување невистинити податоци;
2) лицето повеќе не ги исполнува условите од ставот (1) точки 4, 5 и 6 на овој член;
3) лицето работи спротивно на одредбите од овој закон и
4) лицето ги прекрши добрите деловни обичаи и правила на дејноста.
Лиценца за осигурителен брокер Член 139
(1) Барање за добивање лиценца за осигурителен брокер се поднесува до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе ја пропише потребната документација која мора да биде доставена кон барањето за добивање на лиценца од ставот (1) на овој член.
(3) По барањето од ставот 1 на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување одлучува со решение со кое се издава лиценца или се одбива барањето.
(4) Барањето кое не ја содржи документацијата од ставот 2 на овој член, се отфрла со решение.
Обврски на осигурителен брокер Член 140
(1) Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување за одделни класи на осигурување или по однос на одделни друштва за осигурување.
(2) За исполнување на обврската од ставот 1 на овој член, осигурителниот брокер е особено должен да:
1) изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот;
2) посредува во име на осигуреникот за склучување на договор за осигурување, кој земајќи ги предвид сите околности од значење за ризикот на поединечен случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие;
3) го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и го запознава осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија;
4) ја проверува содржината на полисите за осигурување и
5) укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
(3) Осигурителниот брокер доколку посредува во реализација на отштетните побарувања е должен да соработува со надлежните лица служби на клиентот, за подготовка на доказна документација за основата и висината на отштетното побарување, како и да прибира други потребни докази.
Конфликт на интереси Член 141
(1) Осигурителниот брокер е должен да ги презентира на осигуреникот сите правни и економски односи кои ги има со одредено друштво за осигурување, кои можат да влијаат на објективноста на осигурителниот брокер при извршување на обврските спрема осигуреникот.
(2) Правните и економските односи од ставот 1 од овој член, особено се однесуваат на оние одредби од договорите за вршење на брокерски работи склучени со одредено друштво за осигурување, врз основа на кои осигурителниот брокер има право на посебна или повисока провизија за посредување за склучување на договори за осигурување за одделна класа на осигурување како и за одделно друштво за осигурување.
Провизија Член 142
(1) Осигурителниот брокер нема право да наплаќа провизија или друг вид надомест од осигуреникот, освен доколку поинаку не е предвидено со договорот за вршење на осигурително брокерски работи склучен со осигуреникот.
(2) Доколку со договорот за вршење на осигурително брокерски работи склучен со осигуреникот е предвидено дека осигурителниот брокер има право на провизија, истиот се стекнува со правото на таа провизија со денот на влегувањето во сила на договорот за осигурување за кој е извршено посредувањето.
(3) Секоја одредба од договор за вршење на осигурително брокерски работи која е спротивна на ставот 2 од овој член е ништовна.
(4) Осигурителниот брокер е должен да го извести осигуреникот за износот на провизијата што ја наплаќа од друштвата за осигурување по склучените договори за осигурително брокерски работи.
Забрана за посредување Член 143
(1) Осигурителниот брокер посредува при склучување на договори за осигурување
исклучиво со друштва за осигурување основани согласно со овој закон.
(2) По исклучок на одредбите од ставот 1 на овој член, доколку осигурувањето, односно реосигурувањето на односниот ризик не може да се изврши во Република Македонија, осигурителниот брокер може да посредува при склучување на договори за осигурување со странски друштва за осигурување.
(3) Осигурителниот брокер не смее да посредува при склучување на договор за осигурување кој е во спротивност со членот 49 од овој закон.
Обврски на осигурителните друштва Член 144
Друштвата за осигурување склучуваат договори за вршење на осигурително брокерски работи исклучиво со осигурителни брокерски друштва основани согласно со овој закон.
Глава 3 Осигурителни брокерски друштва
Дозвола за вршење на осигурително брокерски работи Член 145
(1) Осигурително брокерско друштво е правно лице-акционерско друштво со седиште во Република Македонија кое има дозвола за вршење осигурително брокерски работи од Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за издавање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи, доколку се исполнети условите од членовите 146, 147, 148, 149,150 на овој закон.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе донесе решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи, доколку:
1) дозволата е добиена со наведување невистинити податоци;
2) осигурително брокерското друштво повеќе не ги исполнува условите од членовите 146, 147, 148, 149, 150 на овој закон;
3) друштвото работи спротивно на одредбите од овој закон;
4) друштвото ги прекрши добрите деловни обичаи и правила на дејноста и
5) друштвото не постапи согласно со наредбата за отстранување на незаконитости од членот 165 на овој закон.
(4) Дозволата за вршење осигурително брокерски работи ќе престане да важи, доколку:
1) осигурително брокерското друштво не започне да врши осигурително брокерски работи во рок од шест месеца од денот на издавањето на дозволата;
2) осигурително брокерското друштво престане да врши осигурително брокерски работи повеќе од шест месеца и
3) по отворање на стечајна, односно ликвидациона постапка.
(5) Во случаите од ставот (4) на овој член, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение со кое ќе констатира дека дозволата за вршење осигурително брокерски работи престанала да важи.
Барање за добивање дозвола Член 146
(1) Барањето за добивање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи се поднесува до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член основачите на друштвото се должни да поднесат:
1) предлог на статут;
2) план за работа;
3) доказ дека се уплатени парични средства на име акционерски капитал на засебна привремена сметка кај носител на платен промет согласно со членот 148 од овој закон;
4) извори на средства за уплата на капиталот;
5) потврда од надлежна институција за редовно плаќање на јавните давачки;
6) список на акционери, со наведување на име, презиме и адреса на живеење на физичките лица и назив и седиште на правните лица, како и податоци за вкупниот номинален износ на поседувани акции и процент на учество во акционерскиот капитал на друштвото за осигурување;
7) докази во врска со членот 14 од овој закон;
8) предлог на акти на деловната политика наведени во членот 149 од овој закон;
9) документација врз основа на која може да се констатира дека осигурително брокерското друштво е кадровски, технички и организационо оспособено за вршење на работите предвидени со статутот на друштвото;
10) преддоговор или договор за осигурување од одговорност согласно со членот 150 од овој закон;
11) доказ за непостоење на капитална или управувачка поврзаност со друштва за осигурување, друштва за застапување во осигурувањето или други осигурителни брокерски друштва и
12) програма за имплементација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
(3) Покрај документацијата од ставот (2) на овој член, акционерите - правни лица кон барањето поднесуваат и:
- акт за основање и список на членови на органот на управување на правното лице;
- извод од регистарот во кој е регистрирано седиштето на правното лице;
- копија од акционерска книга, односно доказ од друг соодветен јавен регистар и
- ревизорски извештај од овластено друштво за ревизија за последните две деловни години.
Активности на осигурителни брокерски друштва Член 147
(1) Осигурително брокерско друштво врши осигурително брокерски работи преку осигурителни брокери.
(2) Осигурително брокерско друштво врши исклучиво осигурително брокерски работи.
(3) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, осигурителното брокерско друштво може да ги врши и работите на точките од 3 до 6 од ставот 4 на членот 4 од овој закон.
Основање на осигурително брокерско друштво Член 148
(1) Осигурително брокерско друштво се основа како акционерско друштво со седиште во Република Македонија, кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење на осигурително брокерски работи.
(2) Осигурително брокерско друштво може да основаат домашни и/или странски, правни и/или физички лица.
(3) Акционерскиот капитал за основање на осигурително брокерско друштво изнесува 50.000 евра во денарска противвредност по курсот на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.
(4) Осигурително брокерското друштво, покрај одредбите од ставот (3) на овој член, во текот на целото работење е должно да ја одржува вредноста на акционерскиот капитал на износ од најмалку 4% од реализираната премија за осигурување по сите
договори за осигурување за кои посредувало.
(5) За вршење на осигурително брокерски работи, осигурителното брокерско друштво потребно е да вработи најмалку двајца осигурителни брокери.
Акти на деловна политика на осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурувањето
Член 149
Акти на деловната политика на осигурителното брокерско друштво и друштво за застапување во осигурувањето се:
- основи на деловната политика;
- тарифа за извршени услуги и
- елаборат со проекција на очекувани деловни резултати за најмалку тригодишен период.
Осигурување на обврските на осигурително брокерско друштво Член 150
(1) Осигурителното брокерско друштво е должно да ги осигура своите обврски кон сопствениците на полиси во случај на прекршување на одредбите од договорот за посредување до еден осигурен износ, кој во однос на поединечен осигурен случај не смее да биде помал од 250.000 ЕВРА и/или во врска со сите осигурени случаи во една година не смее да биде помал од 500.000 ЕВРА.
(2) Договорот за осигурување од ставот (1) на овој член, покрај другото, задолжително треба да ги содржи видовите на ризици и осигурени случаи кои се опфатени со осигурителното покритие, како и договорни обврски на друштвото за осигурување во случај на настанување на ризиците што се предмет на договорот за осигурување.
(3) Договорот за осигурување од ставот (1) на овој член задолжително се обновува и истиот се доставува до Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 15 дена од денот на неговото склучување/обновување.
Наплата на премија преку осигурително брокерски друштва.
Член 150-а
(1) Осигурително брокерското друштво е должно наплатата на премијата од страна на осигурениците и наплатата на провизијата од страна на друштвата за осигурување да ја врши преку посебни банкарски сметки.
(2) Осигурително брокерското друштво е должно да изврши пренос на наплатената премија од сметките од ставот (1) на овој член на сметка на друштвото за осигурување најдоцна во рок од 15 дена од денот на наплата на премијата.
(3) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску го пропишува начинот и постапката за наплатата и преносот на наплатената премија.
Известување Член 151
Осигурителното брокерско друштво и друштвото за застапување во осигурувањето се должни да ја известуваат Агенцијата за супервизија на осигурување за:
1) промени на податоците внесени во трговскиот регистар;
2) структурата и обемот на осигурително брокерските работи, односно работите на застапување по одделни друштва за осигурување на квартална основа;
3) исполнување на обврските од членовите 134-е ставови (3) и (5), 148 став (4) и 150 на овој закон и
4) правни и економски, односи од членот 141 став (2) на овој закон.
Регистар на застапници во осигурувањето, друштва за застапување во осигурувањето, осигурителни брокери и осигурителни брокерски друштва Член 152
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување, во согласност со овој закон, води регистар на:
1) осигурителни брокери и осигурително брокерски друштва овластени за вршење на осигурително брокерски работи на територијата на Република Македонија и
2) застапници во осигурувањето и друштва за застапување во осигурувањето кои имаат лиценца, односно дозвола за вршење работи застапување во осигурувањето.
(2) Секое друштво за осигурување е должно да води регистар на застапници во осигурувањето, односно друштва за застапување во осигурувањето со кои има склучено договор за застапување.
(3) Секое осигурително брокерско друштво е должно да води регистар на осигурителни брокери кои се во работен однос во тоа осигурително брокерско друштво.
(4) Секое друштво за застапување во осигурувњето е должно да води регистар на застапници во осигурувањето кои се во работен или друг правен однос во тоа друштво за застапување.
(5) Регистрите од ставовите (1) до (4) на овој член се јавни.
Супервизија на работењето на застапниците во осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и осигурително брокерски друштва
Член 153
(1) Супервизија на работењето на осигурителните брокери, осигурителните брокерски друштва, застапниците во осигурувањето и друштвата за застапување спроведува Агенцијата за супервизија на осигурување.
(2) Одредбите од членовите 159, 160, 163, 164, 165 и 166 на овој закон соодветно ќе се применуваат на спроведување на супервизија од ставот (1) на овој закон.
Прописи, спроведување обука и испити за осигурителни брокери и застапници во осигурување
Член 154
(1) Агенцијата за супервизија на осигурување поблиску ги пропишува:
1) условите за стекнување со, и испитување на стручната подготвеност потребна за вршење на осигурително брокерски работи од членот 138 став (1) точка 1 на овој закон;
2) условите за стекнување со и испитување на стручната подготвеност потребна за вршење на работи на застапување во осигурување од членот 134-в став (2) точка 1 на овој закон;
3) прописите за методот на водење на регистарот од членот 152 на овој закон и
4) содржината на извештаите од членот 151 на овој закон, како и крајните рокови и начини на поднесување на истите.
(2) Организирањето на обука и спроведувањето на испити за стручната подготовка на кандидатите за вршење на осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување, согласно со членовите 138 став (1) точка 1 и 134-в став
(2) точка 1 од овој закон, спроведува Агенцијата за супервизија на осигурување или од неа овластен орган.
Обврски за давање информации од страна на застапникот во осигурување и осигурителниот брокер
Член 154-а
(1) Застапникот во осигурувањето, односно осигурителниот брокер е должен пред склучување на договорот за осигурување, како и при продолжување на истиот на осигуреникот да му ги даде следниве информации:
1) име, презиме и адреса;
2) регистарот во кој е приј авен и начинот на негова проверка;
3) друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурителното брокерско друштво во кое работи;
4) дали поседува сам или друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурителното брокерско друштво во кое работи повеќе од 10% од акциите со право на глас во друштвото за осигурување со кое се склучува договорот за осигурување;
5) дали друштвото за осигурување со кое се склучува договорот за осигурување или со него поврзано лице поседува повеќе од 10% од акциите со право на глас во друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурителното брокерско друштво и
6) податоци за можност од вонсудска постапка за решавање на спорови меѓу договорувачите на осигурувањето.
(2) Осигурителниот брокер е должен анализата од членот 140 став (2) на овој закон да ја изготви врз основа на соодветно голем број на договори за осигурување достапни на пазарот кои му овозможуваат давање на препораки согласно со стручни критериуми, со цел договорувачот на осигурувањето преку склучување на договорот да ги оствари своите потреби.
(3) Осигурителниот брокер пред склучување на договорот е должен врз основа на податоци добиени од договорувачи на осигурување, односно осигуреници да ги одреди потребите и желбите како и причините за давање на совет на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот, а кои се врзани со договорот за осигурување.
Начин на давање информации од страна на застапникот во осигурување и осигурителниот брокер
Член 154-б
(1) Податоците од членот 154-а на овој закон на договорувачот на осигурувањето се даваат:
1)во пишана форма или на друг траен медиум кој е достапен на договорувачот на осигурувањето;
2) на начин кој е разбирлив за договорувачот на осигурувањето и
3) на македонски јазик освен доколку поинаку не е договорено.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член податоците може да се даваат и усно на барање на договорувачот на осигурувањето во случај кога е потребно веднаш да се договори осигурително покритие.
(3) Во случаите од ставот (2) на овој член податоците од ставот (2) на овој член мораат да се дадат непосредно по склучување на договорот за осигурување.
Осигурително брокерски друштва од земји членки Член 155
(1) Осигурително брокерско друштво од земја членка е правно лице со седиште во земја членка кое има дозвола за вршење на осигурителни брокерски работи од соодветен надлежен орган на таа земја.
(2) Осигурително брокерско друштво од земја членка може да врши осигурителни брокерски работи во Република Македонија, преку филијали или директно.
(3) Одредбите од членовите 135 до 144 и 151 на овој закон соодветно се применуваат на осигурително брокерски друштва од ставот (1) на овој член на осигурителните брокерски работи кои друштвото ги врши на територијата на
Република Македонија.
Започнување со вршење осигурително брокерски работи од осигурително брокерски друштва од земји членки
Член 156
(1) Осигурително брокерско друштво од членот 155 став (1) на овој закон кое има намера да врши осигурително брокерски работи на територијата на Република Македонија е должно за својата намера да го извести надлежниот орган за супервизија на земјата членка во која друштвото има седиште.
(2) Надлежниот орган за супервизија од ставот (1) на овој член е должен во рок од еден месец да го поднесе известувањето од ставот (1) на овој член до Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) Осигурителното брокерско друштво може да почне да врши осигурителни брокерски работи на територијата на Република Македонија во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето од надлежниот орган за супервизија на земјата членка согласно со ставот (2) од овој член.
(4) Одредбите од овој член соодветно се применуваат и на вршење осигурително брокерски работи од страна на осигурителни брокери - физички лица во Република Македонија.
(5) Надлежните органи на земјите членки се должни меѓусебно да разменуваат податоци и информации кои се однесуваат на осигурителните брокери и осигурителните брокерски друштва, посебно во случаи кога против нив се одредени мерки поради непочитување на прописите на државата во која вршат осигурителни брокерски работи.
Вршење осигурително брокерски работи во земји членки Член 156-а
(1) Осигурително брокерско друштво кое има дозвола за вршење осигурителни брокерски работи може да врши осигурителни брокерски работи на територијата на земја членка, преку филијала или директно, доколку ги исполнува условите предвидени со прописите на таа земја членка.
(2) Осигурително брокерско друштво кое има намера да започне да врши осигурителни брокерски работи на територијата на земја членка е должно за својата намера да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување.
(3) На барање на надлежниот орган на супервизија од земјата членка, Агенцијата за супервизија на осигурување е должна во рок од еден месец да го поднесе известувањето од ставот (2) на овој член до надлежниот орган на супервизија на земјата членка и за тоа да го извести осигурителното брокерско друштво.
(4) Осигурителното брокерско друштво може да почне да врши осигурителни брокерски работи на територијата на земјата членка во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето од Агенцијата за супервизија на осигурување од ставот
(3) на овој член. Осигурителното брокерско друштво може веднаш да почне да врши осигурителни брокерски работи на територијата на земјата членка доколку надлежниот орган за супервизија од земјата членка не побара известување од ставот
(2) на овој член.
Филијала на странско осигурително брокерско друштво Член 157
(1) Странско осигурително брокерско друштво, на територијата на Република Македонија, може да врши осигурително брокерски работи исклучиво преку филијала.
2) Одредбите од оваа глава освен членовите 155 и 156 од овој закон, се применуваат
на странско осигурително брокерско друштво кое основа филијала на територијата на Република Македонија.
Дозвола за основање филијала Член 158
Одредбите на ставовите од 2 до 4 од членот 19 и членовите 64 и 145 на овој закон, ќе се применуваат на издавање и одземање дозвола за основање на филијала од ставот 1 од членот 157 на овој закон.
ДЕЛ ДЕСЕТТИ-А
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Глава 1
Статус на Агенцијата за супервизија на осигурувањето
Статус на Агенцијата за супервизија на осигурување Член 158-а
(1) Агенција за супервизија на осигурување (во натамошниот текст: Агенција) се основа како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во овој закон.
(2) Агенцијата во рамките на своите надлежности и овластувања се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување со цел за заштита на правата на сопствениците и корисниците на осигурување.
(3) Агенцијата стекнува својство на правно лице со упис во регистарот на други правни лица што се води во Централниот регистар на Република Македонија.
(4) Седиштето на Агенцијата е во Скопје.
(5) Агенцијата за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија.
Надлежности на Агенцијата Член 158-б
(1) Агенцијата ги има следниве надлежности:
1) спроведува супервизија на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери, застапниците во осигурувањето и Националното биро за осигурување;
2) издава и одзема дозволи, согласности и лиценци врз основа на овој закон и другите закони во нејзина надлежност;
3) изрекува мерки на супервизија согласно со закон;
4) донесува подзаконски акти за спроведување на овој закон и другите закони во нејзина надлежност и други акти во насока на пропишување на услови, начин и процедури за спроведување на супервизијата;
5) дава предлози за донесување на закони од областа на осигурувањето до Агенцијата;
6) членува во органите на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори и во органите на Европскиот совет на осигурителни супервизори и супервизорски органи на доброволното пензиско осигурување;
7) соработува со други надлежни супервизорски институции на финансискиот пазар во Република Македонија;
8) го поттикнува развојот на осигурувањето во Република Македонија;
9) ја развива свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и улогата на супервизијата на осигурувањето;
10) врши надзор над примената на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам согласно со Законот за спречување на перење
пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам и
11) врши други работи согласно со закон.
(2) Подзаконските акти кои ги донесува Агенцијата се објавуваат во "Службен весник на Република Македонија".
Статут на Агенцијата Член 158-в
Агенцијата донесува Статут со кој се уредува внатрешната организација, управувањето и раководењето, постапките за донесување на акти, начинот и условите за вработување во Агенцијата, како и други прашања од значење за работењето на Агенцијата.
Одговорност на Агенцијата Член 158-г
(1) Агенцијата не одговара за веродостојноста, потполноста и точноста на податоците содржани во кварталните и годишните извештаи на друштвата за осигурување доставени до Агенцијата и до јавноста.
(2) Членовите на Советот на експерти и вработените во Агенцијата не одговараат за штетата што настанала во работењето под услов лицето да дејствувало чесно и совесно.
(3) Штетата предизвикана поради незаконско работење на член на Советот на експерти или лице вработено во Агенцијата се надоместува од средствата на Агенцијата, според општите прописи за надоместок на штета.
(4) Во случај на судски спор во кој е тужен член на Советот на експерти или вработен во Агенцијата поради извршување на неговите службени должности, Агенцијата обезбедува правно застапување и ги покрива трошоците на одбраната.
(5) Ако со правосилна судска пресуда е утврдено дека член на Советот на експерти или вработен во Агенцијата, со умисла или од небрежност извршил повреда на работните задачи:
1) членот на Советот на експерти или вработениот е должен да i ги надомести на Агенцијата трошоците од ставот (4) на овој член и
2) не се применува ставот (3) од овој член, односно членот на Советот на експерти или вработениот се одговорни за настанатата штета.
Глава 2 Органи на Агенцијата
Орган на Агенцијата Член 158-д
Орган на Агенцијата е Советот на експерти.
Совет на експерти Член 158-ѓ
(1) Советот на експерти на Агенцијата е составен од пет члена од кои еден е претседател.
(2) Претседателот на Советот на експерти раководи со Агенцијата и ја застапува во односите со трети лица.
(3) Претседателот и четирите члена на Советот на експерти на Агенцијата ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија.
(4) Мандатот на членовите на Советот на експерти е пет години, со можност за реизбор.
(5) По исклучок од ставот (4) на овој член во првиот мандат на конституирање на Советот на експерти претседателот и еден член се именуваат на пет години, два члена се именуваат на четири години, а еден член се именува на три години. Кој од членовите ќе биде именуван на пет, четири или три години одлучува Собранието на Република Македонија врз основа на предлогот од Владата на Република Македонија од ставот (3) на овој член.
(6) Членовите на Советот на експерти можат да бидат разрешени од страна на Собранието на Република Македонија и пред истекот на мандатот, само во случај на исполнување на најмалку еден од условите предвидени во членот 158-з од овој закон.
(7) Кога некој член на Советот на експерти ќе престане да ја врши должноста пред истекот на мандатот, на негово место се именува друго лице со мандат до истекот на мандатот на членот на кој му престанува вршењето на должноста.
(8) Претседателот и најмалку двајца членови на Советот кои врз основа на предлогот од Владата на Република Македонија од ставот (3) на овој член ги определува Собранието на Република Македонија, се професионално ангажирани во Агенцијата со полно работно време и не можат да имаат друга функција и да бидат вработени на друго работно место или да добиваат друг надоместок освен плата и други додатоци на плата, согласно со Законот за работните односи и колективниот договор, како и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.
Услови за избор на членовите на Советот на експерти Член 158-е
(1) За член на Советот на експерти на Агенцијата може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
1) да е државјанин на Република Македонија;
2) да има завршено високо образование и
3) да е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите.
(2) За член на Советот на експерти на Агенцијата не може да се именува лице:
1) на кое му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
2) на кое му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
3) кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
4) кое е член на орган на управување, надзорен орган или лице вработено во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
5) кое е акционер во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво, друштво за застапување во осигурувањето или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
6) кое е член на органи на политичка партиј а и
0) кое е пратеник или лице кое врши друга должност на која е именуван од Владата или Собранието на Република Македонија.
(3) Претседателот и членовите на Советот на експерти се должни својата работа да ја извршуваат професионално и на начин на кој нема да ја доведуваат во прашање независноста и самостој носта на Агенциј ата.
(4) Каков било облик на влијание врз работењето на Советот на експерти кој би можел да влијае врз независноста и самостојноста на Агенцијата е забранет.
(5) Вработените во Агенцијата не смеат да бидат членови на органи на друштвата за осигурување или други правни лица врз кои Агенцијата врши супервизија и не смеат
да вршат поединечни задачи за тие правни лица.
Права на претседателот, членовите на Советот на експерти и вработените Член 158-ж
(1) За време на вршењето на својата должност, претседателот и членовите на Советот на експерти кои се професионално ангажирани во Агенцијата со полно работно време и вработените во Агенцијата имаат право на плата, додатоци на плата и други надоместоци согласно со Законот за работните односи и колективниот договор.
(2) Членовите на Советот на експерти кои не се професионално ангажирани во Агенцијата имаат право на месечен надоместок и надоместок на други трошоци утврдени со Статутот и другите акти на Агенцијата.
(3) Средствата за плата, додатоци на плата, месечен надоместок и другите надоместоци на претседателот и членовите на Советот на експерти и вработените во Агенцијата се обезбедуваат од средствата на Агенцијата утврдени со годишниот финансиски план и истите мора да се во висина приближна со платите во финансискиот сектор во Република Македонија, вклучувајќи ги платите во друштвата за осигурување.
(4) Претседателот, членовите на Советот на експерти кои се професионално ангажирани во Агенцијата и вработените во Агенцијата немаат статус на државни службеници.
(5) Претседателот, членовите на Советот на експерти и вработените во Агенцијата имаат право да вршат стручни и научни работи, како и да учествуваат во работата на стручни или научни здруженија.
(6) Претседателот и членовите на Советот на експерти и вработените во Агенцијата за време на траењето на нивниот мандат, односно работен однос не смеат да примаат никакви надоместоци или плаќања, да прифаќаат функција или вработување или да даваат какви било услуги на субјектите врз кои спроведуваат супервизија, како и лицата кои со нив се поврзани согласно со овој закон.
Разрешување на членовите на Советот на експерти на Агенцијата Член 158-з
Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија може пред истекот на мандатот за кој е именуван, да разреши член на Советот на експерти или претседателот на Советот, ако:
1) самиот го побара тоа;
2) ја загуби работната способност;
3) ја прекрши обврската за заштита на доверливите податоци од членот 158-л на овој закон;
4) неоправдано отсуствувал од три седници на Советот последователно или неоправдано отсуствувал вкупно од пет седници во текот на една година и
5) доколку повеќе не ги исполнува условите од членот 158-е ставови (2) и (3) на овој закон.
Надлежности на Советот на експерти Член 158-ѕ
Советот на експерти на Агенцијата:
1) донесува подзаконски акти за спроведување на овој закон и другите закони во нејзина надлежност и други акти во насока на пропишување на услови, начин и процедури за спроведување на супервизијата;
2) одлучува за издавање или одземање на дозволи, давање или повлекување на согласности, отстранување на незаконитости од спроведени супервизии и други
поединечни прашања за кои, согласно со закон, одлуките ги донесува Агенцијата, освен ако поинаку не е пропишано во овој закон;
3) изрекува мерки спрема друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување и други правни и физички лица врз кои согласно со закон, супервизија спроведува Агенцијата;
4) презема други мерки за спроведување на овој закон и другите прописи кои се во нејзина надлежност;
5) донесува Статут на Агенцијата;
6) донесува финансиски извештаи и финансиски план на Агенцијата;
7) дxxxxxxx Xxxxxxxx;
8) донесува извештаи за состојбата на пазарот на осигурување и годишни извештаи за работењето на Агенцијата;
9) донесува годишни планови за работа на Агенцијата и
10) врши други работи утврдени со закон и статут.
Одлучување на Советот на експерти во врска со донесувањето прописи Член 158-и
(1) Советот на експерти одлучува на седници.
(2) Советот на експерти може да донесува одлуки од негова надлежност доколку на седницата се присутни мнозинството од неговите членови.
(3) Одлуките на Советот на експерти се донесени доколку за истите гласале мнозинство од присутните членови на седницата, со тоа што претседателот и членовите на Советот на експерти не можат да се воздржат од гласање.
Членот 158-ј и 158-к се брише (Службен весник на Република Македонија бр.
88/08)
Заштита на доверливи податоци Член 158-л
(1) Членовите на Советот на експерти и вработените во Агенцијата се обврзани да ги чуваат како доверливи податоците кои се однесуваат на субјектите врз кои Агенцијата врши супервизија и другите податоци поврзани со фактите и околностите што ги дознале во текот на извршувањето на својата работа, со исклучок на податоците кои, според одредбите на овој закон, се јавни. Обврската за заштита на доверливи податоци постои и по истекот на нивната функција или вработување.
(2) Податоците добиени во текот на работењето во Агенцијата, може да им бидат обелоденети само на:
1) вработените на Агенцијата и членовите на Советот на експерти заради извршување на нивните службени обврски;
2) други органи надлежни за супервизија на финансиските институции во Република Македонија, под услов Меморандумот за разбирање да овозможува обелоденување на таквите податоци;
3) органи и институции за спроведување на законите;
4) надлежен суд и
5) осигурителни супервизори од други земји согласно со меморандумите за разбирање или меѓународните договори.
Глава 3 Средства за работа
Средства за работа на Агенцијата Член 158-љ
(1) Работењето на Агенцијата согласно со овој закон, се финансира од надоместоци што Агенцијата ги наплатува од друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и другите лица врз кои супервизија спроведува Агенцијата, вклучувајќи ги следниве:
1) годишен надоместок за спроведување супервизија на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурувањето во износ најмногу до 0,8% од вкупната годишна бруто премија на друштвата за осигурување, односно вкупниот годишен приход од провизии на осигурително брокерските друштва и друштва за застапување во осигурувањето ;
2) надоместоци за давање на дозволи за вршење на работи на осигурување и други дозволи на овој закон;
3) надоместоци за давање на дозволи за вршење на осигурителни брокерски работи и работи на застапување во осигурувањето;
4) надоместоци за давање на лиценци за осигурителен брокер и застапник во осигурувањето;
5) надоместоци за давање на дозволи за вршење на работи на овластен актуар;
6) надоместоци за давање на согласности на овој закон;
7) надоместоци за изречени мерки на супервизија и
8) донации, заеми и друга финансиска и техничка помош.
(2) Агенцијата донесува Тарифник со кој се утврдуваат содржината и висината на надоместоците и давачките од ставот (1) на овој член. Тарифникот се објавува во "Службен весник на Република Македонија".
(3) Висината на надоместоците утврдени со Тарифникот треба да соодветствува со реалните трошоци потребни за извршување на услугите на Агенцијата.
(4) Агенцијата ќе ги пропише начинот и роковите за уплата на надоместоците од ставот (1) на овој член.
(5) Друштвата за осигурување и другите лица врз кои супервизија спроведува Агенцијата се должни да ги уплаќаат надоместоците од ставот (1) на овој член на посебна сметка на Агенцијата согласно со Тарифникот од ставот (2) на овој член.
(6) Ако друштвото за осигурување не го плати надоместокот во рокот пропишан од Агенцијата, Агенцијата со решение ќе изврши присилна наплата на надоместокот од страна на друштвото за осигурување, согласно со прописите за извршување.
Резервен фонд на Агенцијата Член 158-м
Доколку во текот на претходната деловна година Агенцијата оствари вишок приходи над остварените трошоци, остварениот вишок на средства се распределува во резервен фонд на Агенцијата во износ определен со финансискиот план на Агенцијата.
Покривање на загуба Член 158-н
Доколку во текот на претходната деловна година Агенцијата направи повеќе трошоци во однос на остварените приходи, недостигот на средства се надоместува од Резервниот фонд на Агенцијата.
Финансиски извештаи и финансиски план на Агенцијата Член 158-њ
(1) Советот на експерти е должен најдоцна до 30 јуни во тековната година да достави до Собранието на Република Македонија финансиски извештаи за претходната година ревидирани од овластен ревизор.
(2) Советот на експерти е должен најдоцна до 31 декември во тековната година да
достави до Собранието на Република Македонија финансиски план за наредната година.
(3) Пред донесувањето на финансискиот план, работењето на Агенцијата согласно со овој закон се финансира согласно со одлука за привремено финансирање која ја донесува Владата на Република Македонија на предлог на Советот на експерти.
(4) Собранието на Република Македонија ги усвојува финансиските извештаи за претходната година и финансискиот план.
Извештај за состојбата на пазарот на осигурување Член 158-о
(1) Агенцијата подготвува годишен извештај за состојбата и движењата на пазарот на осигурување и ги доставува до Собранието на Република Македонија за усвојување.
(2) Извештајот од ставот (1) на овој член мора да содржи податоци за обемот на извршените работи на осигурување по класи на осигурување.
(3) Агенцијата е должна да го поднесе извештајот од ставот (1) на овој член до Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 јуни во тековната година за претходната деловна година.
(4) Агенцијата во рок од 15 дена од денот на усвојувањето на извештајот од ставот
(1) на овој член, истиот го објавува на својата веб страница.
Годишен извештај Член 158-п
(1) Агенцијата подготвува годишен извештај за своето работење и го доставува до Собранието на Република Македонија за усвојување.
(2) Извештајот од ставот (1) на овој член мора да содржи податоци за изречените мерки на супервизија што ги презема Агенцијата во согласност со извршените постапки за супервизија, дадените и одземените дозволи за вршење на работи на осигурување и други дозволи и согласности дадени од Агенцијата, како и податоци за соработката на Агенцијата со други домашни и странски супервизорски органи.
(3) Агенцијата е должна да го поднесе извештајот од ставот (1) на овој член до Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 јуни од тековната година за претходната деловна година.
(4) Агенцијата во рок од 15 дена од денот на усвојувањето на извештајот од ставот
(1) на овој член, истиот го објавува на својата веб страница."
XI. СУПЕРВИЗИЈА НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Глава 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Супервизија на друштвата за осигурување Член 159
(1) Агенцијата спроведува супервизија на друштвата за осигурување со цел да утврди дали вршењето на работи на осигурување е согласно со правилата за управување со ризик, другите одредби од овој закон, или други закони кои го регулираат работењето на друштвата за осигурување.
(2) Агенцијата, исто така спроведува супервизија на правните лица кои се поврзани лица со друштвото за осигурување, доколку тоа е неопходно за спроведување на супервизијата на друштвото за осигурување.
(3) Доколку спроведувањето на супервизијата на правно лице од ставот 2 на овој член е во надлежност на некој друг орган за супервизија, супервизијата на тоа правно лице ќе ја спроведува и Агенцијата, во соработка со соодветниот надлежен орган за супервизија.
(4) Доколку друштвото за осигурување врши работи на осигурување предвидени во
точката 18 од членот 5 на овој закон, Агенцијата ќе спроведува супервизија и на техничките квалификации на лицата кои укажуваат туристичка помош.
Спроведување на супервизија Член 160
(1) Супервизијата од членот 159 на овој закон, Агенцијата ја спроведува преку:
1) перманентна вонтеренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување преку прибирање, анализирање и верифицирање на извештаите и информациите кои ги доставуваат друштвата за осигурување и други лица, согласно со одредбите од овој закон;
2) теренска (целосна или делумна) супервизија на работењето на друштвото за осигурување (контрола), како и дополнителна супервизија секогаш кога ќе се оцени дека тоа е во интерес и за заштита на правата на осигурениците и
3) одредување мерки на супервизија во согласност со одредбите на овој закон.
(2) При спроведување на супервизијата на друштвото за осигурување, Агенцијата може да бара:
1) друштвото за осигурување да обезбеди извештаи и информации за работењето на друштвото;
2) извештај за извршената ревизија и дополнителни информации кои произлегуваат од истата и
3) статистички и други податоци по групи и класи на осигурување и реосигурување, како и вонредни прегледи за работењето на друштвото за осигурување.
(3) При спроведување на супервизијата, друштвото за осигурување е должно на овластените работници да им ја даде на увид целокупната документација на друштвото. Овластените работници можат да задржат и изнесат само копии од документите на друштвото за осигурување.
(4) Агенцијата може да спроведе супервизија на друштвата за осигурување со или без претходна најава, по своја оцена и како дел од редовното работење на Агенцијата.
Членовите 161 и 162 се бришат (Службен весник на Република Македонија бр.
79/07 )
Глава 2 Известување
Редовно известување и известување на барање на Агенцијата Член 163
(1) Друштвата за осигурување се должни да ја известуваат Агенцијата за:
1) промена на податоците внесени во трговскиот регистар;
2) свикување на собранието на акционери, како и сите заклучоци усвоени на истото;
3) план за отворање, трансфер, затворање или привремена поделба на филијала или претставништво во земјата или во земја членка, или промена на видот на активности кои ги врши филијалата;
4) капитални вложувања на друштвото за осигурување кај друго правно лице кои изнесуваат помалку од 10% од капиталот на друштвото за осигурување, како и секое натамошно вложување во тоа правно лице;
5) престанок на вршење на работи на осигурување за одделни класи;
6) промена во сопственичката структура на акциите со право на управување, освен во случаите од членот 66 став 3 на овој закон за кои е потребна согласност;
7) постои основа за престанок на друштвото за осигурување или одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување;
8) промена на седиштето на друштвото за осигурување;
9) измена на Актите на деловната политика во однос на класите на осигурување наведени во членот 5 точки 2 и 10 од овој закон;
10) воведување на нови производи;
11) разрешување и именување на членови на орган на управување;
12) разрешување на овластен актуар;
13) промена на внатрешен ревизор;
14) промени во тарифи на премии и услови за осигурување, како и техничките основи кои се користат за нивно утврдување и
15) субјектите кои ги вршат работите од членовите 133 став (2) и 135 став (2) на овој закон.
(2) Органот на управување на друштвото за осигурување е должен веднаш писмено да ја извести Агенцијата, доколку:
1) е загрозена ликвидноста или солвентноста на друштвото;
2) постојат причини за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување или за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување во одделна класа на осигурување и
3) финансиската состојба на друштвото за осигурување се променила со што друштвото за осигурување повеќе не го обезбедува потребното ниво на маргината на солвентност согласно со членовите 75 или 76 од овој закон.
(3) Друштвото за осигурување е должно да ја извести Агенцијата за дејствијата од ставот 1 на овој член, во рок од пет работни дена од денот на нивното преземање.
(4) Друштвото за осигурување е должно на барање на Агенцијата да достави и други информации и документи потребни за спроведување супервизија врз работењето на друштвото, односно вршење на други надлежности од страна на Агенцијата.
(5) Агенцијата ја пропишува содржината на известувањата од ставот (1) на овој член.
Глава 3
Мерки на супервизија
1. Општи одредби Мерки на супервизија Член 164
Мерки на супервизија на друштвата за осигурување согласно со овој закон, се следниве:
1) наредба за отстранување на незаконитостите;
2) одредување на дополнителни мерки;
3) одземање на дозволата;
4) посебна управа;
5) поднесување на предлог за покренување на прекршочна постапка, односно изрекување на прекршочна санкција;
6) спроведување ликвидација на друштвото за осигурување x
7) поднесување предлог за отворање стечајна постапка на друштвото за осигурување.
2. Отстранување на незаконитостите Наредба за отстранување на
незаконитостите Член 165
(1) Агенцијата ќе донесе наредба за отстранување на незаконитостите, доколку во текот на спроведувањето на супервизијата на друштвото за осигурување се утврди дека:
1) лице врши функција на член на орган на управување на друштвото за осигурување без согласност од членот 24 на овој закон;
2) друштвото за осигурување повеќе не ги исполнува условите за вршење на работи
на осигурување;
3) друштвото за осигурување врши работи кои, не смее да ги извршува согласно со овој закон;
4) друштвото за осигурување работи спротивно на правилата за управување со ризик;
5) друштвото за осигурување врши работи на осигурување спротивно на прописите за водење на сметководствената и деловната евиденција, за внатрешна ревизија, или ревизија на финансиските извештаи и годишните извештаи;
6) друштвото за осигурување не ги исполнува обврските за доставување на извештаи и други податоци согласно со овој закон;
7) друштвото за осигурување врши работи на осигурување спротивно на актите на деловната политика;
8) врши работи во класи на осигурување што не се наведени во дозволата за вршење на работи на осигурување согласно со членот 33 од овој закон;
9)друштвото за осигурување ги прекршува правилата при назначување на овластен актуар x
10) друштвото за осигурување не ги почитува другите одредби од овој закон, или другите закони со кои се регулира работењето на друштвата за осигурување.
(2) Во наредбата од ставот 1 на овој член, ќе се определи рок за отстранување на незаконитостите кој не може да биде пократок од осум и подолг од 30 дена од денот на доставувањето на наредбата.
Извештај за отстранување на незаконитостите Член 166
(1) Друштвото за осигурување е должно во определениот рок од ставот 2 на членот 165 од овој закон, да ги отстрани утврдените незаконитости и за тоа да достави извештај до Агенцијата. Извештајот ќе содржи појаснување на преземените мерки и ќе биде придружен со доказна документација за отстранетите
незаконитостите.
(2) Доколку од поднесениот извештај од ставот 1 на овој член, се утврди дека незаконитостите се отстранети, Агенцијата ќе донесе решение со кое претходно донесената наредба се става вон сила и ќе констатира дека незаконитостите се отстранети. Агенцијата може, пред донесување на решението, да изврши делумна супервизија на работењето на друштвото за осигурување.
(3) Агенцијата ќе донесе решение согласно со ставот 2 од овој член, во период од 30 дена од денот на приемот на извештајот за отстранување на незаконитостите. Во спротивно, ќе се смета дека незаконитостите биле отстранети.
Одредување на дополнителни мерки Член 167
(1) Доколку, при спроведување на супервизијата се утврди дека друштвото за осигурување работи спротивно на правилата за управување со ризик, Агенцијата со донесување на наредбата за отстранување на незаконитостите од ставот 1 на членот 165 од овој закон, ќе ги одреди следниве дополнителни мерки:
1) ќе наложи на органот на управување на друштвото за осигурување да донесе план со мерки за обезбедување на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвото за осигурување односно потребното ниво на гарантен фонд;
2) ќе наложи на органот на управување и надзорниот орган на друштвото за осигурување да свикаат Собрание на акционери на кое ќе се предложи донесување на соодветни решенија, и тоа:
- решение за зголемување на акционерскиот капитал на друштвото за осигурување преку нова емисија на акции;
- решение за зголемување на акционерскиот капитал на друштвото за осигурување преку добивка;
3) ќе изрече забрана друштвото за осигурување да склучува нови договори за осигурување;
4) ќе ја ограничи висината на ризикот до кој друштвото може да склучува договори за осигурување;
5) ќе изрече забрана друштвото за осигурување да врши одредени видови на плаќања и/или да реализира плаќања на одредени субјекти;
6) ќе изрече забрана друштвото за осигурување да извршува трансакции со поединечни акционери, членови на органот на управување или надзорниот орган, поврзани лица или инвестициони фондови со кои управува друштво кое е поврзано лице со друштвото за осигурување;
7) ќе наложи органот на управување на друштвото за осигурување да преземе мерки за:
- подобрување на управувањето со ризикот;
- промена на вршење на работи на осигурување во одредени класи на осигурување;
- ограничување во давањето заеми;
- зголемување на ефикасноста за наплата на пристигнатите побарувања на друштвото за осигурување;
- соодветно вреднување на ставките од деловните биланси и вонбилансните ставки;
- подобрување на сметководствено - информатичкиот систем;
- зголемена ефикасност на внатрешна контрола и внатрешна ревизија;
- други мерки потребни за примена на правилата за управување со ризик;
8) ќе изрече забрана друштвото за осигурување слободно да ги користи средствата на друштвото и
9) ќе му наложи на друштвото за осигурување да разреши некој член или неколку членови на органот на управување и да именува нови.
(2) Друштвото за осигурување ќе се смета дека работи спротивно на правилата за управување со ризик, доколку:
1) не го обезбедува потребното ниво на маргина на солвентност согласно со членот 75 или 76 од овој закон, не прифати мерки за обезбедување на потребното ниво на маргина на солвентност од членот 106 на овој закон, односно доколку не достигне минимална ликвидност согласно со членот 74 точка 8 од овој закон;
2) не ја одржува вредноста на акционерскиот капитал односно не ја одржува вредноста на гарантниот фонд од членот 77 на овој закон.
3) не ги реосигурува обврските од договорите за осигурување над износот на максимално покритие согласно со членот 99 став (1) од овој закон;
4) не го организира работењето или пак редовно не води трговските книги, сметководствени документи и други административни и деловни податоци на начин, кој овозможува во било кое време да се утврди дали друштвото за осигурување работи во согласност со правилата за управување со ризик;
5) не донесе мерки за соодветно вреднување на ставките од деловните биланси и вонбилансните ставки, или ако вреднувањето е спротивно на одредбите од овој закон или прописите донесени врз основа на истиот;
6) го вложува капиталот спротивно на членот 73 од овој закон;
7) врши работи кои не смее да ги врши согласно со овој закон;
8) работи спротивно на одредбите на членовите 86 до 98 од овој закон;
9) исплаќа xxxxxxxxx спротивно на членот 105 од овој закон;
10) не ги исполнува обврските за навремено и соодветно известување на Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно со овој закон;
11) врши неточно прикажување на финансиската состојба на друштвото за осигурување преку извршување на фиктивни трансакции;
12) врши работи со кои се загрозува ликвидноста или солвентноста на друштвото за осигурување и
13) работи спротивно на одредбите од членовите од 49 до 52, или членот 145 на овој закон.
(3) Агенцијата ќе му наложи на надзорниот орган на друштвото за осигурување да разреши некој член или неколку членови на органот на управување и да именува нов член или неколку нови членови на органот на управување, доколку друштвото за осигурување постојано ги нарушува обврските за навремено и соодветно известување или обезбедување податоци до Агенцијата или ако го попречува спроведувањето на супервизијата на било кој друг начин.
(4) Доколку Агенцијата наложи друштвото за осигурување да преземе дополнителни мерки од ставот 1 на овој член, извештајот од ставот 1 на членот 166 од овој закон; ќе содржи и појаснување и доказна документација за спроведените дополнителни мерки.
3. Одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување Причини за одземање на дозволата за вршење на работи на
осигурување Член 168
(1) Агенцијата ќе донесе решение за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување на друштвото за осигурување, доколку:
1) дозволата ја добило со наведување на невистинити податоци;
2) друштвото не поднесе извештај за отстранување на незаконитостите согласно со ставот 1 од членот 166 на овој закон;
3) од поднесениот извештај од ставот 1 од членот 166 на овој закон или од спроведената делумна супервизија од ставот 2 од членот 166 на овој закон се утврди дека утврдените незаконитости не се отстранети или не се спроведени дополнителните мерки;
4) изврши измени без да добие согласност, согласно со членот 66 од овој закон;
5) надзорниот орган не разрешил некој или неколку членови на органот за управување и не именувал нови во рокот од ставот 2 од членот 165 на овој закон, или ако новоименуваните членови на органот за управување не ги отстранат незаконитостите согласно со ставот 3 од членот 167 на овој закон, во рок од два месеца од нивното именување;
6) одбие да соработува со Агенцијата при вршење на теренската и вонтеренската супервизија и не ја даде на увид целокупната документација согласно со членот 160 од овој закон и
7) се докаже дека друштвото учествува во преземање на дејствија за перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
(2) По исклучок на одредбите од ставот 1 на овој член, Агенцијата ќе донесе решение за одземање на дозволата за вршење на работи на осигурување во рамките на одделни класи на осигурување, доколку причините од ставот 1 на овој член се однесуваат само на вршење на работи на осигурување во рамките на тие класи на осигурување.
(3) По донесување на решението од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување престанува со вршење на работи на осигурување.
Членот 168-а се брише (Службен весник на Република Македонија бр. 44/11)
Посебна управа Член 168-б
(1) Агенцијата ќе донесе одлука за воведување на посебна управа над друштво за
осигурување во следниве случаи:
1) ако на друштвото за осигурување му се одредени дополнителни мерки од членот
167 ставови (1) и (3) на овој закон, а друштвото за осигурување во роковите определени од Агенцијата не започнало нивно спроведување, односно не ги спровело;
2) ако друштвото за осигурување, и покрај спроведените дополнителни мерки сепак не го обезбедило потребното ниво на маргина на солвентност согласно со членот 75 или 76 од овој закон и
3) ако натамошното работење на друштвото би можело да ја загрози ликвидноста и солвентноста на друштвото, односно сигурноста на осигурениците.
(2) Со одлуката за воведување на посебна управа Агенцијата ќе одреди рок на траење на посебната управа.
(3) Со одлуката за воведување на посебна управа Агенцијата ќе определи два или повеќе посебни управители како членови на посебната управа на друштвото за осигурување со поединечни надлежности во рамките на посебната управа.
(4) Одлуката за воведување на посебна управа се запишува во Централниот регистар на Република Македонија заедно со соодветната промена на лицата овластени за застапување на друштвото за осигурување.
(5) Предлог за упис на податоците од ставот (4) на овој член во Централниот регистар на Република Македонија се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на одлуката за воведување на посебна управа од страна на Агенцијата. Кон предлогот за упис задолжително се поднесува и одлуката на Агенцијата.
Правни последици на посебна управа Член 168-в
(1) За време на траење на посебната управа надлежностите на надзорниот одбор ги презема Агенцијата.
(2) По исклучок на ставот (1) од овој член, Агенцијата има право да им дава на посебните управители упатства кои се задолжителни за управителите.
(3) Одредбите од овој закон кои се однесуваат на членовите на органот на управување се однесуваат и на посебните управители, освен доколку Агенцијата поинаку не одреди.
(4) Со денот на донесувањето на одлуката за воведување посебна управа над друштво за осигурување, престануваат сите надлежности на органот на управување, надзорниот орган и Собранието, освен надлежностите од членот 168-ѓ на овој закон.
Овластувања за време на траење на посебна управа Член 168-г
(1) Членовите на органот на управување се должни на посебната управа да и овозможат пристап до целокупната документација на друштвото за осигурување, како и да подготват извештај за примопредавање на работите.
(2) Членовите на органот на управување се должни на посебната управа или на поединечен посебен управител да му ги дадат сите потребни објаснувања, односно дополнителни известувања за работењето на друштвото за осигурување.
(3) Посебниот управител има право да отстрани лице кое му оневозможува спроведување на работењето, а во зависност од околностите може да побара и помош од надлежниот орган за внатрешни работи.
Извештаи на посебната управа Член 168-д
(1) Посебната управа е должна најмалку еднаш на три месеца да достави до Агенцијата за супервизија на осигурување извештај за финансиската состојба на
друштвото за осигрување над кое е воспоставена посебна управа.
(2) Посебната управа е должна во рок од девет месеца од денот на нејзиното именување да достави до Агенцијата извештај за финансиската состојба на друштвото за осигурување над кое е воспоставена посебна управа, заедно со оцена за стабилноста на друштвото и можноста за негово натамошно работење, кој ќе содржи:
1) оцена и последици од преземање на загубите на друштвото од страна на акционерите на друштвото;
2) можност за алокација и дисперзија на останатата загуба на друштвото;
3) непредвидени трошоци кои можат да влијаат на обврските на друштвото;
4) оцена на можните мерки за отстранување на финансиските потешкотии на друштвото, вклучувајќи пренос на договорите за осигурување со процена на трошоците за тој пренос и
5) процена на условите за отворање на ликвидација, односно стечај над друштвото за осигурување.
Зголемување на акционерскиот капитал заради подобрување на финансиската стабилност на друштвото
Член 168-ѓ
(1) Доколку од извештајот на посебната управа Агенцијата процени дека заради обезбедување на потребното ниво на маргина на солвентност, односно заради отстранување на причините за неликвидност, односно несолвентност на друштвото е потребно да се зголеми акционерскиот капитал на друштвото, Агенцијата ќе i наложи на посебната управа да свика Собрание на акционери на кое ќе се предложи донесување на решение за зголемување на акционерскиот капитал.
(2) Посебната управа е должна да свика Собрание на акционери од ставот
(1) на овој член во рок од осум дена од денот на примањето на налогот од страна на Агенцијата од ставот (1) на овој член.
(3) Во повикот за одржување на Собрание на акционери акционерите мора да бидат запознаени со правните последици од членот 169 на овој закон.
Процена на резултатите на посебната управа Член 168-е
(1) Агенцијата е должна да изврши процена на резултатите на посебната управа најмалку еднаш во три месеца.
(2) Агенцијата е должна да ги прифати конечните резултати на посебната управа во рок од три месеца од приемот на извештајот од членот 168-д на овој закон.
(3) Доколку Агенцијата процени дека за време на траење на посебната управа финансиската состојба на друштвото се подобрила до таа мера што друштвото за осигурување го обезбедило потребното ниво на маргина на солвентност од членот 75 или 76 на овој закон, Агенцијата ќе донесе одлука за престанок на посебната управа и отповикување на посебните управители.
(4) Доколку Агенцијата процени дека за време на траење на посебната управа финансиската состојба на друштвото се подобрила и друштвото за осигурување не го обезбедило потребното ниво на маргина на солвентност од членот 75 или 76 на овој закон, Агенцијата ќе донесе одлука за отворање на ликвидација над друштвото за осигурување, односно одлука за утврдување услови за отворање на ликвидација.
(5) Во случај од ставот (4) на овој член Агенцијата може да донесе одлука за продолжување на посебната управа најмногу за уште шест месеца доколку не постојат услови за отворање на стечајна постапка, односно ако Агенцијата процени дека друштвото за осигурување во следните шест месеца ќе го обезбеди потребното ниво на маргина на солвентност.
4. Ликвидација
Услови за отворање на ликвидација Член 169
(1) Агенцијата ќе донесе решение за исполнување на услови за отворање на ликвидација, доколку:
1) Собранието на акционери на друштвото за осигурување донесе одлука за престанок на друштвото за осигурување;
2) е одземена дозволата за вршење на работи на осигурување на друштвото за осигурување;
3) е повлечена согласноста за вршење на функцијата на член на органот на управување, ако членот е разрешен, или не ја вршел функцијата член на органот на управување повеќе од шест месеци и ако надзорниот орган, за период од три месеци не именувал нов член на органот на управување согласно со овој закон, поради што друштвото за осигурување нема најмалку двајца членови во органот на управување и
4) друштвото за осигурување не се усогласило со одредбите на овој закон.
(2) Агенцијата решението од ставот 1 на овој член, ќе го донесе во рок од осум дена, сметано од:
1) во случајот од ставот 1 точка 1 на овој член, од денот на приемот на известувањето од страна на органот на управување;
2) во случајот од ставот 1 точка 2 на овој член, од денот на донесување на решението за одземање на дозволата;
3) во случајот од ставот 1 точка 3 на овој член, од истекот на одредениот тримесечен период за именување на нов член на органот на управување и
4) во случајот од ставот 1 точка 4 на овој член, од истекот на предвидениот рок за усогласување на друштвото за осигурување со одредбите на овој закон.
(3) Агенцијата до надлежниот суд поднесува предлог за отворање на ликвидација кон кој го приложува решението за исполнување на условите за отворање на ликвидација.
Органи кои ја спроведуваат ликвидацијата Член 170
(1) За отворање и спроведување на ликвидација е надлежен судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на друштвото за осигурување.
(2) Органи на надлежниот суд кои ја спроведуваат ликвидацијата се ликвидациониот совет и ликвидаторот.
(3) Судот го определува ликвидациониот совет.
Решение за отворање на ликвидација Член 171
(1) Ликвидациониот совет ќе донесе решение за отворање на ликвидација во рок од осум дена од денот на приемот на предлогот за отворање на ликвидација, без одржување на рочиште.
(2) Против решението од ставот 1 на овој член, друштвото за осигурување има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на истото.
(3) Жалбата од ставот 2 на овој член, не го одлага извршувањето на решението.
Содржина на решението за отворање на ликвидација Член 172
(1) Со решението за отворање на ликвидација, ликвидациониот совет го именува ликвидаторот на друштвото за осигурување, на предлог на Агенцијата за супервизија
на осигурување.
(2) Решението за отворање на ликвидација, особено ќе содржи податоци за:
1) фирмата, седиштето, адресата и бројот на жиро- сметката на друштвото за осигурување;
2) презимето, името и адресата на ликвидаторот и
0) денот на отворањето на ликвидацијата.
(3) Со решението за отворање на ликвидација се повикуваат доверителите, да ги пријават своите побарувања до ликвидаторот во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на објавувањето на последниот оглас за отворање на ликвидација. Списокот на побарувања на доверителите и редоследот на нивно намирување го составува ликвидаторот.
(4) Со решението за отворање на ликвидација, се повикуваат должниците на друштвото за осигурување да ги исполнат своите обврски.
(5) Со решението за отворање на ликвидација, ликвидациониот совет ќе определи отворањето на ликвидацијата на друштвото за осигурување да се запише во трговскиот регистар.
Оглас за отворање на ликвидација Член 173
(1) За отворањето на ликвидација на друштвото за осигурување, доверителите се известуваат со оглас.
(2) Огласот се објавува на огласната табла на надлежниот суд, како и во “Службен весник на Република Македонија” и во најмалку еден дневен весник, во период од пет работни дена последователно. Огласот се истакнува на огласната табла на надлежниот суд на денот на донесувањето на решението за отворање на ликвидација.
(3) Огласот за отворање на ликвидација содржи:
1) назив на судот што го донел решението за отворање на ликвидација;
2) извод од решението за отворање на ликвидација;
3) фирма, седиште и број на жиро сметката на друштвото за осигурување;
4) име и адреса на ликвидаторот;
5) повик до доверителите на друштвото за осигурување да ги пријават своите побарувања;
6) повик до должниците на друштвото за осигурување своите обврски да ги намират без одлагање;
7) денот на истакнувањето на огласот на огласната табла на надлежниот суд и
8) денот на одржувањето на испитното рочиште.
Доставување и објавување на решението за отворање на ликвидација
Член 174
(1) Решението за отворање на ликвидација се доставува до Агенцијата за супервизија на осигурување, друштвото за осигурување, банките и носителот на платниот промет кај кои друштвото за осигурување има сметка.
(2) Решението за отворање на ликвидација се доставува и до судот кој го води трговскиот регистар.
(3) Судот од ставот 2 на овој член е должен по службена должност врз основа на доставеното решение за отворање на ликвидација, да го забележи отворањето на ликвидацијата.
(4) Решението за отворање на ликвидација се објавува со истакнување на огласната табла на надлежниот суд.
Забрана за склучување нови договори Член 175
Со денот на отворање на ликвидацијата, ликвидаторот на друштвото за осигурување не може да склучува нови договори, освен договори кои се неопходни за реализација на средствата во ликвидација, а по претходно одобрение од стана на ликвидациониот совет на надлежниот суд.
Правни последици од ликвидација Член 176
Со денот на донесувањето на решението за отворање на ликвидација, престануваат сите права и обврски на членовите на органот на управување и надзорниот орган на друштвото за осигурување, како и правата на Собранието на акционери.
Биланс за спроведување на ликвидација Член 177
(1) Ликвидаторот изготвува биланси за почеток на ликвидација со состојба на 30 дена од денот на отворање на ликвидацијата, како и извештај со кој се појаснуваат ставките од билансите за ликвидација.
(2) Ликвидаторот е должен билансите за ликвидација, како и извештајот од ставот 1 на овој член, да го достави до надлежниот суд и до Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 15 дена од денот на отворањето на ликвидацијата.
Права и должности на ликвидаторот Член 178
(1) Ликвидаторот ги има правата и должностите на органот на управување на друштвото за осигурување.
(2) Ликвидаторот го застапува друштвото за осигурување.
(3) Ликвидаторот се потпишува, на начин на кој кон фирмата го додава суфиксот “во ликвидација.
Престанок на договори Член 179
Обврските на друштвото за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување во случај на ликвидација, престануваат во рок од 30 дена од денот на отворање на ликвидацијата.
Распределба на имот Член 180
(1) Ликвидаторот е должен да ги наплати побарувањата на друштвото, да го впаричи другиот имот и да ги намири обврските спрема осигурениците кои произлегуваат од договорите за осигурување, како и спрема другите доверители.
(2) По извршеното впаричување на имотот, ликвидаторот го известува ликвидациониот совет со предлог за распределба на ликвидационата маса.
(3) Ликвидациониот совет врз основа на предлогот на ликвидаторот донесува решение за распределба на ликвидационата маса на доверителите чие побарување е утврдено.
(4) Со решението од ставот 3 на овој член, имотот што преостанува по намирување на обврските спрема доверителите се распределува меѓу акционерите на друштвото за осигурување. Имотот се распределува според односот на номиналните износи на акциите, ако во статутот поинаку не е определено.
Известување до Агенцијата
Член 181
Ликвидаторот е должен до Агенцијата да доставува извештаи за спроведување на ликвидацијата на секои три месеци.
Бришење на друштво за осигурување Член 182
(1) По завршената ликвидација, ликвидаторот е должен да поднесе пријава за бришење на друштвото за осигурување од трговскиот регистар до регистарскиот суд.
(2) Ликвидаторот кон пријавата од ставот 1 на овој член, поднесува почетен ликвидационен биланс, одобрените годишни сметки и извештаи, како и планот за распределба и намирување на побарувањата на доверителите.
(3) Книгите и списите се чуваат десет години по бришењето на друштвото за осигурување, во место што го определува регистарскиот суд.
Постапка во случај на стечај Член 183
Доколку ликвидаторот, при спроведување на ликвидацијата, утврди дека средствата на друштвото за осигурување не се доволни за намирување на сите побарувања на доверителите на друштвото за осигурување, или ако средствата на друштвото за осигурување не може да се впаричат за намирување на побарувањата на доверителите, за тоа веднаш ја известува Агенцијата, и поднесува предлог за запирање на отворената ликвидација и предлог за отворање на стечајна постапка до надлежниот суд.
Примена на одредбите од Законот за стечај Член 184
(1) На постапката за ликвидација на друштвото за осигурување се применуваат одредбите од Законот за трговските друштва и Законот за стечај, доколку поинаку не е предвидено со овој закон.
(2) Во постапката за ликвидација на друштвото за осигурување не се применуваат одредбите од Законот за стечај со кои се уредуваат претходната постапка на утврдување на условите за отворање на стечајна постапка, правните последици од отворањето на стечајната постапка, управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса, намирувањето на доверителите во стечајната постапка, план за реорганизација, личното управување, ослободувањето од другите обврски, посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец, стечајни постапки со странски елементи, одбор на доверители и собранието на доверителите.
5. Стечај
5.1. Општи одредби Примена на одредби Член 185
На спроведување на стечајна постапка на друштвата за осигурување се применуваат одредбите од Законот за стечај, освен одредбите кои се однесуваат на извештајното рочиште, планот за реорганизација, социјалниот план, собранието на доверители, лично управување, ослободување од други обврски, посебни видови на стечајни постапки за поединци со статус трговец.
Причини за донесување решение за постоење на услови за отворање на стечајна постапка
Член 186
Агенцијата ќе донесе решение за исполнување на услови за отворање на стечајна постапка во следниве случаи:
1) ако од извештајот од ставот 1 на членот 166 од овој закон се утврди дека финансиската состојба на друштвото не се подобрила;
2) при спроведување на супервизијата на друштвото за осигурување, се утврди дека средствата на друштвото за осигурување не се доволни за намирување на сите побарувања на доверителите на друштвото за осигурување;
3) друштвото за осигурување не е во состојба да ги намири пристигнатите обврски во рок од 45 дена од денот на пристигнувањето, како и во случај на негова презадолженост и
4) доколку се исполнети условите за отворање на стечајна постапка од членот 183 на овој закон.
Предлог за отворање на стечајна постапка Член 187
(1) Агенцијата ќе поднесе предлог за отворање на стечајна постапка до надлежниот суд, првиот работен ден по донесувањето на решението за исполнување на услови за отворање на стечајна постапка. Кон предлогот се приложува решението за исполнување на услови за отворање на стечајна постапка.
(2) Покрај Агенцијата, предлог за отворање на стечајна постапка на друштвото за осигурување може да поднесат доверителите и односното друштво за осигурување, како и ликвидаторот на друштвото за осигурување.
(3) Доколку предлог за отворање на стечајна постапка поднесат доверителите или односното друштво за осигурување, судот доставува примерок од поднесениот предлог и сите други решенија донесени во стечајната постапка до Агенцијата.
Оглас за отворање на стечајна постапка Член 188
Покрај податоците кои треба да бидат содржани во огласот за отворање на стечајна постапка согласно со Законот за стечај, огласот треба да содржи и:
1) предупредување до осигурениците за правните последици од отворање на стечајна постапка на друштвото за осигурување како што е наведено во членовите 189 или 193 од овој закон и
2) име, презиме и адреса на кураторот, кога истиот е предвидено да биде именуван согласно со овој закон.
Престанок на договорите за осигурување Член 189
Договорите за осигурување склучени од друштвата за осигурување, престануваат по истек на 30 дена од отворање на стечајната постапка на друштвото за осигурување.
Известување на Агенцијата Член 190
Стечајниот управник е должен до Агенцијата да доставува извештаи за спроведувањето на стечајната постапка на секои три месеци.
Право на првенствена наплата на побарувањата кои произлегуваат од договорите за осигурување
Член 191
(1) Побарувањата кои произлегуваат од договорите за осигурување имаат првенство на намирување од стечајната маса пред побарувањата на другите стечајни доверители.
(2) Побарувањата од ставот 1 на овој член, се намируваат по следниов редослед:
1) побарувања кои произлегуваат од класите на осигурување наведени во членот 195
став 2 од овој закон во висина на потребното покритие за осигурувањето од кое произлегува тоа побарување, а кои не можат да бидат намирени од средствата кои ја покриваат математичката резерва;
2) побарувања кои произлегуваат од класите на осигурување од ставот 4 на членот
195 од овој закон кои не можат да се намират од средствата кои ја покриваат математичката резерва;
3) побарувања кои произлегуваат од неживотно осигурување и други класи на осигурување за кои не биле издвоени средства кои ја покриваат математичката резерва, а кои се однесуваат на надомест за штети настанати пред отворање на стечајна постапка и
4) побарувања кои произлегуваат од неживотно осигурување и други класи на осигурување за кои не биле издвоени средства кои ја покриваат математичката резерва, за компензација на дел од премијата за периодот по престанокот на договорите за осигурување.
5.2. Посебни одредби поврзани со наплата на побарувања кои произлегуваат од оние класи на осигурување за кои се издвојуваат
средства кои ја покриваат математичката резерва Примена на одредбите
Член 192
Одредбите од оваа подглава ќе се применуваат на осигурувањето на живот, осигурувањето од последици на несреќен случај и здравственото осигурување за кои се применуваат табели за веројатност и пресметки слично како кај осигурувањето на живот.
Престанок на договори за осигурување Член 193
Договорите за осигурување од членот 192 на овој закон, престануваат по истек на 30 дена од отворање на стечајната постапка на друштвото за осигурување.
Заклучување на список на побарувања и обврски Член 194
(1) Стечајниот управник е должен од кураторот да побара заклучување на списокот на вложувања на средствата кои ја покриваат математичката резерва со состојба на денот на отворањето на стечајната постапка.
(2) Средствата кои ја покриваат математичката резерва во стечајната постапка претставуваат посебна стечајна маса.
(3) Висината на побарувањата од договорите за осигурување од членот 192 на овој закон и висината на средствата кои ја покриваат математичката резерва, ги утврдува кураторот со состојба на денот на отворање на стечајната постапка.
Право на посебна наплата од средствата кои ја покриваат математичката резерва
Член 195
(1) Со денот на отворањето на стечајната постапка, лицата кои имаат право на пребарување во однос на класите на осигурување од членот 192 на овој закон, стекнуваат право на поединечно намирување на нивните побарувања кои произлегуваат од договорите за осигурување во однос на средствата кои ја покриваат математичката резерва.
(2) Лицата кои имаат право на побарување во однос на класите на осигурувања од членот 192 на овој закон, имаат првенство на намирување на овие побарувања од средствата кеи ја покриваат математичката резерва, во износ еднаков на потребното
покритие предвидено со договорите за осигурување од кои произлегуваат овие побарувања.
(3) Ако средствата кои ја покриваат математичката резерва не се доволни за целосна наплата на побарувањата од ставот 2 на овој член, побарувањата ќе се наплатат во износ кој е еднаков на пропорцијата меѓу вкупната вредност на средствата кои ја покриваат математичката резерва и потребното покритие за сите договори за осигурување на друштвото за осигурување во онаа класа на осигурување за која биле издвоени средства кои ја покриваат математичката резерва.
(4) Други побарувања од класите на осигурување од членот 192 на овој закон, се намируваат од оние средства кои ја покриваат математичката резерва кои ќе преостанат по намирување на побарувањата од ставот 2 на овој член.
(5) Ако средствата кои ја покриваат математичката резерва не се доволни за целосна наплата на побарувањата од ставот 4 на овој член, тогаш тие побарувања се намируваат пропорционално.
Посебна сметка за парични средства во стечај Член 196
(1) Како дополнување на главната сметка на друштвото за осигурување на кое е отворена стечајна постапка, стечајниот управник е должен кај носителот на платен промет да отвори посебна готовинска сметка за секој фонд на средства кои ја покриваат математичката резерва.
(2) Стечајниот управник управува со готовината добиена со впаричување на вложувањата на средствата кои ја покриваат математичката резерва преку посебната готовинска сметка од ставот 1 на овој член.
(3) Покрај од стечајниот управник, секое овластување за исплата од посебната готовинска сметка од ставот 1 на овој член мора да биде потврдено и од кураторот.
Куратор Член 197
(1) За заштита на интересите на лицата кои имаат право на побарување од ставот 1 на членот 195 од овој закон, стечајниот совет на предлог на Агенцијата за супервизија на осигурување, со решението за отворање на стечајна постапка ќе именува куратор.
(2) За куратор може да биде именувано лице кое ги исполнува условите за вршење функција на стечаен управник и кое поседува соодветно знаење и искуство од областа на осигурувањето.
(3) Стечајниот управник е должен на кураторот да му овозможи увид во трговските книги и другата документација на друштвото за осигурување, заради утврдување на износот на средствата кои ја покриваат математичката резерва, пријавување на побарувањата на лицата кои имаат право на побарување, а заради реализација на сите надлежности кои ги има кураторот согласно со овој закон.
(4) За управување со средствата кои ја покриваат математичката резерва, стечајниот управник треба да добие согласност од кураторот.
(5) Кураторот е должен да подготви извештај за пријавените побарувања од класите на осигурување од членот 192 на овој закон и за висината на средствата кои ја покриваат математичката резерва, и истиот да го достави до Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од два месеци од денот на отворањето на стечајната постапка,
(6) Кураторот има право на награда за својата работа и надомест на фактички направените трошоци.
(7) Наградата и надоместок на кураторот ги определува стечајниот совет со решение.
Пријавување и испитување на побарувања Член 198
(1) Кураторот е должен, во име и за сметка на лицата да ги пријави побарувањата од ставот 1 од членот 195 на овој закон и да ги информира лицата за истото. Лицата кои имаат право на побарувања можат сами да ги пријават своите побарувања.
(2) Побарувањата кои се пријавени од кураторот во стечајната постапка ќе се сметаат за утврдени и на нив нема да се применуваат одредбите од Законот за стечај кои се однесуваат на испитување на побарувањата.
(3) Кога побарувањето е пријавено и од кураторот и од лицето кое има право на побарување, тогаш пријавата на лицето кое има право на побарување ќе биде земена предвид и испитана само во делот во кој го надминува побарувањето пријавено од страна на кураторот.
Отстапување на договорите за осигурување Член 199
(1) Во случај на друштвото за осигурување кое врши осигурување на живот, да му претстои ликвидација или стечај, Агенцијата, ќе ги преземе сите потребни мерки, договорите за осигурувања на живот и средствата кои ја покриваат математичката резерва да им се отстапат на други друштва за осигурување ако тие ги прифаќаат.
(2) Во случај од ставот 1 на овој член, преземените обврски спрема осигурениците не се менуваат.
(3) За донесување на актот за основање, односно за отстапување на осигурувањата од ставот 1 на овој член, осигурениците на живот формираат одбор кој ги презема сите подготвителни дејствија за основање на ново друштво за осигурување на живот или за отстапување на осигурувањата на живот на други друштва за осигурување, во согласност со одредбите на овој закон.
Глава 4 Супервизија на други субјекти
Мерки за супервизија Член 200
(1) Доколку согласно со податоците со кои располага Агенцијата се утврди дека правно лице, физичко лице или претставништво врши работи на осигурување, работи на застапување во осигурување или брокерски работи, без дозвола за вршење на работи на осигурување или осигурително брокерски работи, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе изрече наредба за престанок со вршење на овие работи од страна на тоа лице.
(2) Со наредбата од ставот 1 на овој член, правното лице, физичкото лице или претставништвото се обврзуваат да поднесат извештај до Агенцијата во рок кој не може да биде пократок од осум ниту подолг од 15 дена, во кој ќе ги објасни мерките преземени за престанок со вршење на овие работи и ќе ги наведе причините за незаконското работење. Кон извештајот треба да се приложи доказ за мерките преземени за престанок со вршење на овие работи.
XII. ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЈА ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА
Глава 1 Општи одредби
1. Одлучување на Агенцијата Член 201
Агенцијата одлучува со донесување на решенија и наредби.
Решенија Член 202
Агенцијата со донесување на решение, одлучува за издавање или одземање на дозвола, давање или повлекување на согласности, како и за други работи предвидени согласно со овој закон.
Можност за давање изјава Член 203
(1) Агенцијата пред да го донесе решението, може да ја покани странката да даде изјава во врска со фактите и околностите кои се релевантни за донесување на решението.
(2) Изјавата од ставот 1 на овој член, странката треба да ја достави до Агенцијата во рок од осум дена од приемот на поканата.
(3) По истекот на рокот од ставот 2 на овој член, странката нема право да се повикува на нови факти ниту да поднесува нови докази.
Глава 2 Постапка на супервизија
1. Општи одредби Примена на одредбите Член 204
Одредбите од оваа глава се применуваат на сите постапки на супервизија кои ги спроведува Агенцијата врз основа на одредбите од овој закон.
Странка во постапката на супервизија Член 205
(1) Странка во постапката на супервизија е правно или физичко лице врз кое Агенцијата спроведува супервизија (во натамошниот текст: субјект на супервизија).
(2) Странка во постапката на супервизија на друштвото за осигурување е и органот на управување на друштвото за осигурување.
Овластени лица Член 206
(1) Супервизија на субјект на супервизија, спроведуваат лица овластени од страна на Агенцијата за спроведување на супервизија (во натамошниот текст: супервизори на Агенцијата за супервизија на осигурување).
(2) За спроведување на одделни делови од супервизијата, Агенцијата може да овласти ревизор или друго квалификувано лице,
(3) Овластените лица од ставот 2 на овој член, ги имаат истите овластувања на членовите од 207 до 209 на овој закон, како и супервизорите на Агенцијата, а за делот за кој се овластени да спроведат супервизија.
Теренска супервизија Член 207
(1) Субјектот на супервизијата е должен да им овозможи на супервизорите на Агенцијата, да спроведат теренска супервизија на работењето во седиштето на субјектот на супервизија, како и на други места, на кои субјектот на супервизијата или друго овластено лице од негова страна, врши активности во врска со кои Агенцијата ја спроведува супервизијата.
(2) Супервизорите на Агенцијата можат, исто така да спроведат теренска супервизија на правните лица кои се поврзани лица со субјектот на супервизија доколку тоа е потребно за комплетирање на супервизијата.
(3) Субјектот на супервизијата е должен да им овозможи на супервизорите на Агенцијата, да ја испитаат целокупната сметководствена документација, деловните документи, административна и друга деловна евиденција.
(4) Субјектот на супервизијата е должен да им обезбеди на супервизорите на Агенцијата, копии од документацијата од ставот 3 на овој член.
Извештаи и информации Член 208
(1) Во текот на спроведувањето на супервизијата, супервизорите на Агенцијата можат да бараат од субјектот на супервизијата извештаи и информации за сите работи релевантни за оценување дали работењето на субјектот на супервизија е во согласност со одредбите на овој закон.
(2) Информациите и извештаите од ставот 1 на овој член, супервизорите на Агенцијата можат да ги бараат од членовите на органот на управување, како и од вработените.
(3) Супервизорите на Агенцијата можат да бараат од лицата од ставот 2 на овој член, во рок не пократок од три дена, да обезбедат писмен извештај во врска со работите од ставот 1 на овој член.
Начин на спроведување теренска супервизија Член 209
Агенцијата поблиску ги пропишува основните постапки и правила за спроведување на теренска супервизија.
Одредување на мерки на супервизија Член 210
(1) Мерките на супервизија ги одредува Агенцијата согласно со овој закон.
(2) Покрај ставот 1 од овој член, Агенцијата може да одреди мерка на супервизија на предлог на член на органот на управување или надзорниот орган, како и на предлог на акционерите чиј вкупен износ на акции е најмалку една десеттина од акционерскиот капитал на субјектот на супервизијата.
2. Отстранување на незаконитости Наредби Член 211
Доколку во текот на спроведувањето на супервизијата, Агенцијата открие одредени незаконитости во работењето, ќе донесе наредба за отстранување на незаконитостите.
Поднесување на извештај за отстранување на незаконитости од страна на овластен ревизор
Член 212
Доколку Агенцијата утврди одредени незаконитости при водењето на сметководствената, административната или другата деловна евиденција или пак незаконитости во работењето на субјектот на супервизијата, ќе му наложи на субјектот на супервизијата, извештајот за отстранување на незаконитости од ставот 1 на членот 166 од овој закон, да биде придружен со позитивно мислење од страна на овластен ревизор дека незаконитостите се отстранети.
Приговор против наредба Член 213
(1) Субјектот на супервизијата може да поднесе приговор против наредба за отстранување на незаконитостите во рок од осум дена од доставувањето на
наредбата.
(2) Доколку приговорот е поднесен во рокот од ставот 1 на овој член, крајниот рок за отстранување на незаконитостите определен во наредбата, ќе биде продолжен, за периодот од поднесување на приговорот до донесување на решение во врска со приговорот.
(3) По исклучок на ставот 2 на овој член, а во случај кога поради природата на незаконитостите извршувањето на наредбата не може да се одложи, Агенцијата може во наредбата за отстранување на незаконитостите да наведе дека приговорот не го одложува извршувањето на наредбата.
(4) Агенцијата по приговорот од ставот 1 на овој член, ќе одлучи со решение во рок од 15 дена од приемот на приговорот.
Основи за поднесување на приговор Член 214
Приговорот од ставот 1 на членот 213 од овој закон, може да се поднесе, доколку:
1) незаконитостите чие отстранување се бара со наредба, не постојат;
2) делото или пропустот кои претставувале основа за донесување на наредбата немаат карактеристики на незаконитост;
3) наредбата се однесува на лице кое не е субјект на супервизија од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување и
4) наредбата спротивно на овој закон, предвидува поднесување на позитивно мислење за отстранување на незаконитостите од страна на овластен ревизор.
Содржина на приговорот Член 215
(1) Приговорот од ставот 1 на членот 213 од овој закон содржи:
1) изјава во однос на наредбата против која е поднесен приговорот;
2) изјава дали приговорот се однесува на целата наредба или само на дел од истата;
3) основа за поднесување на приговорот x
4) други информации.
(2) Во приговорот, субјектот на супервизијата може да наведе факти со кои докажува дека незаконитостите чие отстранување се бара со наредбата не постојат, како и да поднесе докази со кои се поткрепуваат тие факти.
(3) По истекот на крајниот рок за поднесување на приговорот, субјектот на супервизијата нема право да наведува нови факти, ниту да приложува нови докази.
Донесување решение за одлучување по приговор Член 216
(1) Агенцијата по приговорот од ставот 1 на членот 213 од овој закон одлучува со решение.
(2) Агенцијата одлучува по приговорот само врз основа на оние факти и докази кои се приложени кон истиот.
(3) Со решението од ставот 1 на овој член, Агенцијата може да го одбие или отфрли приговорот, да ја промени наредбата или да ја укине наредбата.
(4) Агенцијата ќе го одбие приговорот, доколку не постои законска основа.
(5) Агенцијата ќе го отфрли приговорот, доколку:
1) не ја содржи документацијата од ставот 1 на членот 215 од овој закон;
2) не е придружен со соодветни факти и доказна документација од ставот 2 на членот 215 од овој закон;
3) не е поднесен во определениот рок и
4) не е поднесен од страна на овластено лице.
(6) Агенцијата ќе ја укине наредбата доколку утврди дека постојат основите од
точките 1, 2 или 3 од членот 214 на овој закон.
(7) Агенцијата ќе ја укине или ќе ја промени наредбата, доколку утврди дека постои основа од точката 4 на членот 214 од овој закон. При донесување на решение по приговор, Агенцијата не смее да ја промени наредбата на штета на субјектот на супервизија.
3. Одземање на дозвола Решение за одземање на дозвола
Член 217
(1) Агенцијата со решение одлучува за одземање на дозвола (во натамошниот текст: решение за одземање на дозвола).
(2) Решенијата на Агенцијата се конечни.
(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се поведе управен спор до надлежен суд.
(4) Агенцијата е должна во Службен весник на Република Македонија да го објави одземањето на дозволата во рок од седум дена од денот на правосилноста на решението.
4. Повлекување на согласност Решение за повлекување на
согласност Член 218
(1) Агенцијата со решение одлучува за повлекување на согласност (во натамошниот текст: решение за повлекување на согласност).
(2) Решенијата на Агенцијата се конечни.
(3) Против решението од ставот (1) на овој член може да се поведе управен спор до надлежен суд.
Глава 3
Постапка за донесување решенија за издавање на дозвола или согласност
Примена на одредбите Член 219
Одредбите од оваа глава ќе се применуваат на постапката за донесување на решенија за издавање дозвола или согласност, покрај општите одредби за постапките за донесување решенија од страна на Агенцијата.
Надоместок за донесување на решение Член 220
За донесување на решение за издавање на дозвола или согласност, барателите плаќаат надоместок за донесување на решение согласно со Тарифникот за утврдување надоместоци за спроведување на супервизија на осигурување на Агенцијата.
Странка во постапката Член 221
(1) Странка во постапката е подносителот на барањето за добивање на дозвола или согласност (во натамошниот текст: барател).
(2) Странка во постапката ќе биде и лице чиј правен интерес е засегнат со решението од Агенцијата, ако тоа лице го пријави своето учество во постапката, во писмена форма.
(3) Секоја странка ги поднесува своите трошоци во врска со постапката одделно.