Contract
3508.
СПОГОДБИ
Врз основа на член 204 став 1 точка 1 и член 216 од Законот за работните односи (пречистен текст „Служ- бен весник на Република Македонија“ бр. 167 од 28.9.2015 година) и член 64 од Општиот колективен дого- вор за приватен сектор од областа на стопанството (пречистен текст „Службен весник на Република Македо- нија“ бр.115/2014) и Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на Република Македонија“ бр.119), Сојузот на синдика- тите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија на ден 9.8.2016 година, склучија
С П О Г О Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
Член 1
Во член 42, став 1, алинеја 9, зборот „3 дена“ се менува со „7 дена“.
Член 2
Во член 42 по став 1 се додава нов став 2, а досегашниот став 2 станува став 3. Новиот став 2 во членот 42 гласи:
Во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата на Република Македонија или друг надлежен Орган или Институ- ција, работодавачот може на работникот кој работи во правните субјекти односно живее во подрачјата пого- дени од временските или елементарни непогоди да одобри и поголем број на слободни денови за периодот кој е опфатен согласно Одлуката за прогласување на вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди, донесена од страна на Владата на Република Македонија или друг надлежен Орган или Институција.
Член 3
Измените и дополнувањата согласно оваа Спогодба стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Служ- бен весник на Република Македонија“.
Член 4
Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од об- ласта на стопанството се објавува во „Службен весник на Република Македонија“.
Бр. 0101-285/1 | Бр. 0101-39 |
9 август 2016 година | 9 август 2016 година |
Скопје | Скопје |
Сојуз на синдикатите на Македонија | Организација на работодавачите на Македонија |
Претседател, | Претседател, |
д-р Xxxxx Xxxxxxxxx, с.р. | Xxxxx Xxxxxxxx, с.р. |
10 август 2016
Бр. 150 - Стр. 15