Contract
0527
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
ЗА СЛУЧАЈ НА СМРТ И ДОЖИВУВАЊЕ СО ЕДНОКРАТНА УПЛАТА НА ПРЕМИЈА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со овие Посебни услови за осигурување на живот за случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија (во понатамошниот текст: Посебни услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците на договорот за осигурување на живот во случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија.
(2) Овие Посебни услови се составен дел на договорот за осигурување на живот за случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија што договарачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договарач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач).
Член 2
Одделните поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следното значење:
- понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма
на образец на осигурувачот;
- понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
- договарач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договарач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
- осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
- корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
- договорена осигурена сума (во понатамошниот текст: осигурена сума) е обврска на осигурувачот утврдена со договорот за осигурување, односно со полисата на осигурувањето;
- полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
- премија на осигурувањето е износ што договарачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување на живот.
Член 3
(1) Со договорот за осигурување на живот договарачот се обврзува на осигурувачот да му ја уплати премијата на осигурувањето, а осигурувачот се обврзува, со настанувањето на осигурениот случај, да му ја исплати на корисникот осигурената сума, односно нејзиниот дел.
(2) Покрај осигурување на живот по овие Посебни услови можат според дополнителните услови на осигурувачот да се договорат и дополнителни осигурувања за кои премијата се плаќа однапред за целата осигурителна година. Кај договарање на дополнителнително осигурување на лица од последици на несреќен случај не може со ова осигурување да се договори дополнителна двократна осигурена сума за случај на смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај.
(3) По овие Посебни услови можат да се осигураат здрави лица од навршена 14 (четиринаесетта) година на живот и тоа од првиот ден на месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот стекнал право на осигурување на својот живот, па сè до завршувањето на календарската години во која осигуреното лице
навршило 65 (шеесетипет) години на живот. Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 75 години старост.
(4) Лицата од став (3) на овој член, зависно од висината на осигурената сума, и болни лица можат да се осигураат исклучително врз основа на извршен лекарски преглед, односно врз основа на процена на ризикот на осигурувачот, со примена на одредбите на Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
(5) Сите изјави и барања на договорните страни се поднесуваат исклучително во писмена форма, а се смета дека се поднесени оној ден кога ги примила договорната страна до која се упатени. Во случај ако поднесокот се доставува по пошта, како ден на приемот, за секоја договорна страна, се смета датумот на поштенскиот жиг.
II. ПОНУДА
Член 4
(1) Понудата за осигурување на живот, поднесена на образец на осигурувачот, е составен дел на договорот и ги содржи сите битни елементи на договорот.
(2) Понудата мора да се исполни потполно, вистински и точно, и во неа мора да се наведат сите факти значајни за преземањето на ризиците и склучувањето на договорот.
(3) Осигурувачот има право, по приемот на понудата, да побара и дополнителни податоци, односно утврдување на дополнителни факти битни за склучување на договорот, вклучувајќи и лекарски преглед на осигуреникот.
(4) Осигуреникот мора да ја потпише понудата во случај кога договарачот не е воедно и осигуреник.
Член 5
(1) Xxxxxxxxx понуда за склучување на договорот го обврзува осигурувачот да одговори на понудата, 8 (осум) дена од денот кога осигурувачот ја примил понудата за осигурување без лекарски преглед, а ако е потребен лекарски преглед, тогаш за време од 30 (триесет) дена сметано исто така од денот кога ја примил понудата. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата, која не отстапува од условите на осигурувачот под кои се склучува предложеното осигурување, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека договорот е склучен.
(2) Договарачот, како и самиот осигуреник, должни се со писмен извештај да го известат осигурувачот ако во периодот од поднесувањето на понудата до склучувањето на договорот настапи зголемување на опасноста по здравјето или животот на осигуреникот, како што е потешко заболување или повреда на осигуреникот, промена на професијата или занимавање со спорт.
(3) Осигурувачот го задржува правото да ја одбие понудата за осигурување без наведување на причините за одбивање на понудата, а понудата со приложените документи, освен документите предадени во оригинал, не му се враќаат на договарачот.
III. ПОЛИСА
Член 6
(1) Полисата за осигурување на живот содржи: назив на
осигурувачот, име и презиме или назив на договарачот, име и презиме на осигуреникот и датум на раѓање, осигурен случај, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, премија на осигурувањето, корисник за случај на смрт односно доживување и датум на издавање на полисата.
(2) Потписите на договарачот и осигуреникот на понудата за осигурување се сметаат за потписи на полисата.
(3) Покрај понудата, полисата и овие Посебни услови, составен дел на договорот за осигурување се и Таблицата на откупни вредности кои се врачуваат со полисата. Ако со осигурување на живот се договори и дополнителено осигурување, составни делови на договорот се и дополнителените услови на
осигирувачот за соодветното дополнителено осигурување. Ако осигурувачот утврдил зголемен ризик во смисла на член 3 став (4) од овие Посебни услови, составен дел на договорот се и Посебните услови за осигурување на зголемени ризици (анормален ризик) со осигурување на живот.
Член 7
(1) Полисата може да гласи на одредено лице или по наредба, но не може да гласи на донесувачот.
(2) Осигурувачот издава полиса во еден примерок.
IV. ПОЧЕТОК И ИСТЕК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8
(1) Осигурувањето на живот започнува во 0,00 часот првиот ден во месецот кој следи по месецот на склучување на договорот и плаќање на премијата.
(2) Обврската на осигурувачот почнува од датумот на почетокот на осигурувањето во смисла на став (1) на овој член само ако до тој ден е платена премијата за целото договорено време на траење на осигурувањето.
(3) Ако премијата не е платена до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврската на осигурувачот почнува во 0,00 часот оној ден кога договорената премија ќе биде платена во целост, но не пред почетокот на осигурувањето.
(4) Обврската на осигурувачот трае до 0,00 часот на денот кој во полисата е наведен како истек на осигурувањето.
V. ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
(1) Премијата на осигурувањето, како и висината на осигурената сума, ја утврдуваат договарачот и осигурувачот врз основа на податоците од понудата, важечките ценовници, пристапната возраст на осигуреникот, полот, професијата, спортот, траењето на осигурувањето.
(2) Кај зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии или посебни услови.
Член 10
(1) Премијата на осигурувањето и осигурената сума се договорат во ЕВРА. Премијата по правило се плаќа во денари. Доколку законските прописи кои го регулираат платниот промет со странски средства на плаќање дозволуваат уплати на премии во ЕВРА плашањето може да биде извршено и во ЕВРА.
Член 11
(1) Договарачот е должен да ја плаќа премијата во договорените рокови и на договорениот начин, а осигурувачот е должен да ја прими премијата од секое лице кое има правен интерес премијата да биде платена.
(2) Премијата се плаќа на благајните на осигурувачот или се уплатува преку пошта или банка. Се смета дека премијата е платена оној ден кога осигурувачот ја примил уплатата.
(3) Ако уплатата на премијата не може да се спроведе од причини за кои е одговорен договарачот, се смета дека премијата е платена оној ден кога е спроведена уплатата.
(4) Премијата се плаќа во полн износ без намалување за трошоците на платниот промет.
VI. ОБВРСКИ НА ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 12
(1) Договарачот е должен при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности кои се значајни за оцената на ризикот, а кои му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Одредбата на став (1) од овој член особено се однесува на околностите за кои осигурувачот во понудата бара дополнителни податоци.
(3) Договарачот е должен, на барање на осигурувачот, да ги обезбеди од осигуреникот сите потребни податоци кои се однесуваат на него.
(4) Ако договорот за осигурување, вклучувајќи го и взаемното осигурување на живот, се склучува во име или за сметка на друг или во корист на трет или за туѓа сметка или за сметка на оној на кој се однесува, одредбите на ова поглавје и на поглавје VII од овие Посебни услови се однесуваат и на тоа лице, ако знаело дека податоците кои се нужни за оцена на ризикот се непотполни или неточни.
Член 13
(1) Договарачот, како и самиот осигуреник, должни се за време на траењето на осигурувањето да го известат осигурувачот за сите промени кои се битни за договореното осигурување, особено ако осигуреникот за време на осигурувањето го промени занимањето или почне да се занимава со некои од спортовите односно дејностите за кои осигурувачот пресметува доплатна премија.
(2) Договарачот е должен во писмена форма да го извести осигурувачот за промена на адресата и местото на плаќање на премијата, најдоцна 3 (три) дена по извршената промена. Осигурувачот го задржува правото известувања да праќа на последната изјавена адреса на договарачот.
(3) Ако договарачот не постапи според одредбата на став (2) од овој член, сите последици од известувањата испратени на последната изјавена адреса на договарачот влегуваат во сила како договарачот да ги примил.
VII. НЕТОЧНА ПРИЈАВА
Член 14
(1) Ако договарачот намерно извршил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или намерно премолчил некоја околност од таква природа што осигурувачот не би склучил договор да знаел за правата состојба на работите, и околностите, осигурувачот може да бара поништување на договорот.
(2) Во случај на поништување на договорот врз основа на став (1) од овој член, осигурувачот ја задржува премијата за период на осигурување во кој побарал поништување на договорот, а преостанатиот дел од премијата ја враќа на договарачот.
(3) Правото на осигурувачот утврдено во став (1) од овој член престанува ако во рок од 3 (три) месеци од денот на дознавањето за неточноста на пријавата или за премолчувањето не му изјави на договарачот дека има намера да се користи со тоа право.
Член 15
(1) Ако договарачот извршил неточна пријава, односно дал неточни податоци, или пропуштил да ги даде бараните известувања, а тоа не го извршил намерно, осигурувачот може за врема на траење на осигурувањето, по свој избор, во рок од месец дена од дознавањето за неточноста или непотполноста на пријавата, да изјави дека го раскинува договорот или да предложи зголемување на премијата во размер со зголемениот ризик.
(2) Доколку договорот се раскинува врз основа на изјава на осигурувачот, осигурувањето престанува по истекот на 14 (четиринаесет) дена од денот кога осигурувачот му ја соопштил на договарачот својата изјава за раскинување на договорот, а во случај ако постои предлог на осигурувачот за зголемување на
премијата, раскинот настапува по самиот Закон, ако договарачот не го прифати предлогот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на предлогот.
(3) Во случај на раскин на договорот врз основа на одредбите на овој член, осигурувачот е должен да врати дел од премијата кој се однесува на времето до крајот на осигурувањето.
(4) Ако осигурениот случај настане пред утврдувањето на неточноста или непотполноста на пријавата или после тоа, но пред раскинот на договорот, односно постигнувањето на спогодба за зголемување на премијата, осигурената сума се намалува во размер помеѓу платената премија и премијата која требало да се плати.
Член 16
• Договорот за осигурување на живот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија ако за време на склучувањето на договорот се неточно пријавени годините на старост на осигуреникот, а неговите вистински години на старост ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот.
• Ако е неточно пријавено дека осигуреникот има помалку години, а неговите вистински години на живот не ја надминуваат границата до која осигурувачот склучува договор за осигурување на живот, договорот е важечки, а осигурената сума се намалува во размер помеѓу договорената премија и премијата предвидена за осигурување на живот на лице кое има години колку и осигуреникот.
• Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено при склучување на договорот, премијата се намалува на соодветниот износ, а осигурувачот е должен да ја врати разликата помеѓу примените премиии и премиите на кои има право.
• Ако осигуреникот има помалку години отколку што е пријавено, а годините се под поставениот возрасен минимален услов за склучување на договор за осигурување на живот, односно лицето имало под 14 години живот, договорот е ништовен и осигурувачот е должен да ја врати примената премија.
VIII. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 17
(1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:
1. За случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;
2. за случај на смрт на осигуреникот целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето.
(2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа:
1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување,
2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници.
(3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.
IX. ИСКЛУЧУВАЊА И ОГРАНИЧУВАЊА НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 18
(1) Ништовно е осигурувањето за случај на смрт на лице помладо од навршени 14 (четиринаесет) години и лице потполно лишено од работна способност.
(2) Осигурувачот не е обврзан на корисникот да му ја исплати осигурената сума ако:
1. осигуреникот изврши самоубиство во првата години, а ако изврши самоубиство во втората или третата години од траењето на осигурувањето, се исплаќа до тогаш насобраната математичка резерва. По истекот на рокот од три години на траењето на осигурувањето, осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума за смрт заради болест и до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови;
2. корисникот намерно предизвика смрт на осигуреникот, а ако до тогаш биле уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот е обврзан на договарачот да му ја исплати до тогаш насобраната математичка резерва, или на неговите наследници ако договарачот самиот е осигуреник.
Член 19
(1) Ако посебно не се договори осигурително покритие или за време на траењето на осигурувањето договарачот, односно осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на член 13, став (1) од овие Посебни услови за зголемениот ризик кој дополнително би се договорил со доплатна премија и би се вклучил во полното осигурувачно покритие кога осигурувачот би знаел за зголемениот ризик, осигурувачот, ако осигурениот случај настапил како последица на тој зголемен ризик, е должен да ја исплати само до тогаш насобраната математичка резерва.
(2) Во секој случај, осигурувачот не е обврзан да ја исплати осигурената сума туку само до тогаш насобраната математичка резерва, ако смртта на осигуреникот настапила:
• како последица на војна или воени операции односно непријателства и ситуации слични на војна,
• заради дејство на мини и бомби од сите видови или друго воено оружје,
• како последица на востание, немири, бунт, терористички напади, вооружени протести и насилства кои настануваат од такви настани,
• со извршување на смртна казна.
X. ПРАВА НА ДОГОВАРАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ПРЕД НАСТАПОТ НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 20
(1) Договарачот може најдоцна 30 (триесет) дена пред почетокот на новата осигурувачна години да побара промени по полисата.
(2) Осигурувачот може од оправдани причини да го одбие барањето на договарачот.
Член 21
(1) Осигурувачот може, на барање на договарачот, да ја исплати откупната вредност на полисата врз основа на Таблицата на откупни вредности, ако поминало најмалку година дена од почетокот на осигурувањето.
(2) Ако до денот на поднесувањето на барањето за откуп на осигурувањето истекла најмалку половина од договореното траење на осигурувањето, осигурувачот има обврска до тогаш припишаниот удел во добивката да го пресмета во откупната вредност на полисата.
(3) Обврската на осигурувачот при откуп престанува во 0,00 часот оној ден во кој е исплатена откупната вредност.
Член 22
(1) На барање на договарачот, осигурувачот може да одобри заем врз основа на склучениот договор.
(2) Ако договарачот не е осигуреник, заемот може врз основа на согласност на договарачот да побара и осигуреникот, во кој случај договарачот воедно е и солидарен гарант на осигуреникот.
(3) Осигурувачот и договарачот на осигурувањето склучуваат договор за заем кои се бележи на полисата.
XI. УЧЕСТВО ВО ДОБИВКАТА
Член 23
(1) Договарачот, осигуреникот, односно корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот во осигурување на живот.
(2) Како остварена добивка се подразбира добивката што осигурувачот може да ја припише кон договорената сума, а произлегува од располагањето со средствата на договарачот. Висината и начинот на учеството во добивката се утврдуваат со посебнаодлука на Собрание на акционери на осигурувачот.
(3) Лицата од став (1) на овој член право на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот стекнуваат со истекот на
рокот од 12 (дванаесет) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето.
(4) Уделите во добивката се пресметуваат на ден 31 декември секоја година, а договарачот за тоа се известува во тековната година за изминатата година, доколку се исполнети условите од став (3) на овој член и доколку осигурувачот донел одлука во смисла на став (2) на овој член.
(5) При доживување уделот во добивката се исплаќа заедно со осигурената сума.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот, осигурената сума и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 17 од овие Посебни услови.
(7) При откуп, откупната вредност на полисата и до тогаш припишаниот удел во добивката се исплаќаат согласно со член 21 од овие Посебни услови.
XII. РАСПОЛАГАЊЕ СО ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 24
(1) На договарачот му припаѓаат сите права од склучениот договор, сè додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договарачот се обврзувачки за осигурувачот доколку се дадени во пишана форма или на образец на осигурувачот, и примени се од страна на осигурувачот пред да настапи осигурениот случај.
(3) Доколку корисникот умре пред да настапи осигурениот случај, осигурената сума не му припаѓа на неговите наследници, туку на следниот корисник, а ако тој не е одреден, тогаш на имотот на договарачот.
(4) Своето право на осигурената сума корисникот може да го пренесе на друго лице и пред настапот на осигурениот случај, но за тоа му е потребна писмена согласност на договарачот на осигурувањето во која мора да биде наведено името и презимето на лицето на кое правото се пренесува. Ако осигурување на живот се однесува на животот на некое друго лице, тогаш е потребна иста таква согласност и од тоа лице.
XIII. ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 25
(1) Осигуреникот или корисникот должни се по настапот на осигурениот случај да поднесат до осигурувачот xxxxxxx пријава во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на настанот.
(2) Пријавата се пополнува на образец на осигурувачот и со неа се поднесуваат следните оригинал документи:
• оригинал на полисата за осигурување на живот,
• доказ за датумот на раѓање на осигуреникот ,
• ако настапила смрт на осигуреникот:
• извод од матичната книга на умрените или некоја друга соодветна службена исправа која ја докажува смртта на осигуреникот,
• доказ за причината на смртта,
• потврда од лекарот кој последен го лекувал умрениот,
• решение за наследување, ако како корисници со полисата се одредени законски наследници,
• доказ за сродството, ако корисникот не е одреден со именување.
(3) Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата.
(4) Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај.
XIV. ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНАТА СУМА
Член 26
1. Осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума согласно со договорот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот кога ја примил пријавата на осигурениот случај со сите исправи и докази пропишани со член 25, став (2) и
(3) од овие Посебни услови.
2. Како исклучок, ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместокот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина.
3. Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став
(1) на овој член.
4. Ако во моментот на утврдување на обврската постои спор околу примената на даночните прописи и другите прописи со кои се утврдуваат задолжителните давања кон органите на државната власт, осигурувачот ќе постапи согласно со став (3) на овој член.
5. Кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое на неа би имало право во случај кога корисникот не би бил одреден од договорувачот, осигурувачот се ослободува од обврската на договорот ако во моментот на исплатата не знаел ниту можел да знае дека корисникот е одреден со тестамент или со некој друг акт кој не му е доставен. Корисникот има право да бара поврат на исплатата од лицето кое од осигурувачот ја примило осигурената сума.
XV. КОРИСНИК
Член 27
(1) Договарачот го одредува корисникот во полисата.
(2) Xxxxxxxxxx не мора да биде одреден по име, туку е доволно во полисата да се наведени нужните податоци за неговото одредување.
(3) Кога за корисници се одредени децата или потомците, користа им припаѓа и на оние кои се родени подоцна, а користа наменета на сопружникот му припаѓа на лицето кое било во брак со осигуреникот во моментот на неговата смрт.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума им се исплаќа на родителите односно на законските старатели. Во случај на спор, осигурувачот има право да бара од родителите односно старателите да обезбедат решение од законодавното тело за старателство со кое се одредува лицето овластено за прием на договорената сума која му припаѓа на малолетното лице.
(5) Договарачот може и со некој подоцнежен правен акт, вклучувајќи и тестамент, да именува лице на кое му припаѓа правото од договорот.
(6) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот и тоа од самото склучување на договорот, без оглед на тоа како и на кој начин е одреден за корисник.
XVI. ВАЛУТА НА ОБВРСКАТА
Член 28
(1) Ако премијата е договорена во ЕВРА, премијата се уплаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Македонија на денот на уплатата.
(2) Осигурената сума договорена во ЕВРА и припишаната добивка се исплаќаат во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на исплатата.
XVII. ИЗДАВАЊЕ НА ДУПЛИКАТ ПОЛИСА
Член 29
(1) Договарачот е должен да го пријави кај осигурувачот исчезнувањето на полисата веднаш откако дознал дека исчезнала и да го објави нејзиното исчезнување во службени весник на Република Македонија.
(2) Осигурувачот може, за винкулирана или заложена полиса или полиса на која е забележена некоја друга правна работа, како и за полиса до одредена висина на осигурената сума, да бара извршување на амортизациска постапка, односно да го условува издавањето на заменската полиса со доставување на правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(3) Осигурувачот издава заменска полиса во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на исчезнатата полиса во службен весник на Република Македонија, односно од денот на правосилноста на судската пресуда.
(4) Договарачот ги сноси сите трошоци во врска со издавањето на заменската полиса.
XVIII. НАДОМЕСТОЦИ
Член 30
(1) Договарачот е должен на осигурувачот однапред да му плати надоместок за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот во висина која тој ја одредува.
(2) Договарачот е должен, со договорената премија, да ги плати и сите придонеси и даноци воведени со прописите.
XIX. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 31
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1. Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2. Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организација за заштита на потрошувачи, и
4. Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 32
Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
XX. ОДРЕДБИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 33
Сите лични податоци со кои друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД, Друштво за осигурување на Живот.
XXI. ЗАСТАРУВАЊЕ
Член 34
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
XXII. ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 35
За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договарачот, корисникот и другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Посебни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи.