Цел на наградната игра е рекламирање на производите од портфолиото на Проктер и Гембл (P&G)
Официјални правила на наградната игра
“Направете ја вашата добитна комбинација”
Организатор на наградната игра Член 1
Организатор на оваа наградна игра е Друштво за глобални комуникации Греј‐Ворлдвајд ЛТД Дооел Скопје, со седиште на xxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxx 0/00, 1000 Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Организатор“).
Име, траење и цел на наградната игра Член 2
Името на наградната игра “Направете ја вашата добитна комбинација” Наградната игра ќе почне на 13.01.2022 и ќе заврши на 28.02.2022 година.
Цел на наградната игра е рекламирање на производите од портфолиото на Проктер и Гембл (P&G)
од брендовите Xxxxxxxx, Xxx Xxxxx и Xxxx & Shoulders.
Производи кои учествуваат во наградната игра: сите производи на Xxxxxxxx освен единечните
Xxxxxxxx xxxxxxx ‐ HRDC, Old Spice и Heаd & Shoulders.
Член 3
Наградната игра ќе се приредува во маркетите на Tinex на територија на Република Северна Македонија.
Правила за учество и начин на спроведување на наградната игра Член 4
Право на учество во наградната игра имаат сите лица кои се постари од 18 години, жители на Република Северна Македонија и ги прифаќаат условите на овие Правила. Во времетраењето на наградната игра, учесникот треба да купи било кои 2 производи од брендовите кои учествуваат во наградната игра согласно член 2, односно 1 Xxxxxxxx и 1 Old Spice производ; или 1 Xxxxxxxx и 1 Heаd & Shoulders производ; или 1 Heаd & Shoulders и 1 Old Spice производ во продажните места на Tinex на територија на Република Северна Македонија. Учесниците во наградната игра ги наведуваат/пишуваат своите лични податоци (име, презиме, адреса, и контакт телефон) на фискалната сметка на која се купени производите и пополнетите фискални сметки со личните податоци (име, презиме, адреса и контакт телефон) учесниците во наградната игра може да ги достават во кутијата наменета за собирање (означена, избрендирана кутија), која ќе биде поставена во Tinex маркетите кои учествуваат во оваа наградна игра.
Учесниците во наградната игра ќе можат да ги остават фискалните сметки заедно со своите лични податоци во кутиите за собирање најдоцна до 28ми февруари 2022 година, по што истите ќе бидат затворени се до почетокот на извлекувањето. Со учеството во наградната игра, Учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.
Вработените кај Организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства (син/ќерка, родители, брат/сестра или брачен другар) немаат право да учествуваат во наградната игра.
Член 5
Извлекување на наградите и објавување на добитниците
5.1 Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се изврши на 14 март 2022 година:
‐ xxxxxx Xxxxx Xxxx, Скопје со почеток во 12:00 часот.
На денот на извлекувањето кутиите за собирање од сите маркети ќе се достават во наведениот маркет и ќе се истурат во една поголема кутија наменета за извлекување. Извлекувањето ќе се врши рачно од кутијата во која се внесени фискалните сметки, од страна на лице определено од страна на организаторот.
Ќе биде организирано едно извлекување и ќе биде извлечен по еден добитник за секоја награда. Исто така ќе бидат извлечени за секоја награда по еден резервен добитник.
Добитниците ќе бидат информирани за наградите на телефонскиот број кој го имаат наведено на фискалната сметка. Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.
5.2 За да може да се подигне наградата, добитникот мора да приложи лична карта/пасош.
5.3 Организаторот нема да сноси никаква одговорност за фискалните сметки со наведените лични податоци што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.
5.4 Извлекувањето на добитникот на наградата ќе го контролира комисија составена од четири члена: овластен претставник на Xxxx Xxxxxxxxx ЛТД ДООЕЛ Скопје, овластен претставник на ТД Xxxx XX XXXXX, овластен претставник на Tinex и нотар. Комисијата води записник во текот на извлекувањето.
5.5 Имињата на добитниците ќе бидат објавени во рок од три дена од денот на извлекувањето, на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx, откако ќе се провери дека добитниците ги почитувале сите правила на наградната игра. Секој добитник ќе биде контактиран од страна на организаторот на доставениот телефонски број.
Член 6
Целосната сума на наградниот фонд изнесува 150.000 денари со вклучено ДДВ. Вкупниот број на награди е: 50. Организаторот е обврзан да не дава дополнително награди од било кој вид. Добиените награди не можат да се заменат за пари или друг вид на награда. Наградниот фонд се состои од следниве награди.
Име и вид на награда | Количина | Цена на индивидуални награди без ДДВ | Целосна цена на награди без ДДВ | Целосна цена на награди со ДДВ |
Sport Vision вредносен ваучер во износ од 3000 денари | 50 | 3000,00 ден | 3000,00 ден | 150.000,00 ден |
Информирање на учесниците Член 7
Учесниците во наградната игра ќе бидат информирани за правилата, наградниот фонд и условите за учество, на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx и преку промотивни материјали.
Доделување на наградите Член 8
Добитниците на наградната игра ќе бидат извлечени по случаен избор. Исправноста на наградната игра ќе ја следи комисија од Организаторот.
Добитниците ќе бидат информирани за наградите на телефонскиот број кој го имаат наведено на фискалната сметка. Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.
Наградите ќе се доставуваат на домашна адреса или можат да се подигнат лично од просториите на Организаторот на ул. Никола Тримпаре 26, Скопје, по претходен договор со добитниците.
За верификација на добитници, Организаторот или неговите претставници, мора да потврдат дека добитникот ги почитувал сите правила на наградната игра.
Подигнувањето на наградите ќе биде дозволено во рок од 30 дена по нивното објавување. Доколку останат награди, што може да биде последица на недоволен интерес на учесници или неочекуван прекин на наградната игра, тие награди остануваат во сопственост на Организаторот.
Член 9
Согласно Правилата, Организаторот има право да провери дали се исполнети потребните услови за учество и дали учесникот може да ја прими наградата.
По предавањето на наградата, Организаторот нема понатамошни одговорности кон добитникот, во врска со користењето на добиената награда. Организаторот, по предавањето на наградата, не е одговорен и нема да подмири никакви трошоци, како и други трошоци кои Организаторот не ги има прифатено во Правилата или во потпишаниот договор со добитникот, ниту за било какви потешкотии при подигнување на наградата или употреба на истата од страна на добитникот.
Резултатите за добитниците се конечни и тие во ниту еден случај не можат да бидат заменети за пари.
Договор за обработка на личните податоци Член 10
Учесниците во наградната игра, со учество во истата, се сложуваат дека Организаторот смее да ги користи нивните лични информации кои ги добиле за потребите на наградната игра без временско или територијално ограничување. Со внесување на личните информации, секој учесник му дозволува на Организаторот да ги употребува истите за потребите на наградната игра. Организаторот нема да ги употребува личните информации за никоја друга цел, освен за потребите на наградната игра. Сите лични информации за учесниците и добитниците на наградната игра, ќе бидат употребени само согласно законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ Република Македонија "број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).
Даноци Член 11
Даноците за игрите на среќа се на товар на Организаторот, како што наложува законот. Организаторот гарантира дека предавањето на наградите ќе биде согласно со Правилата.
Прекинување на наградната игра Член 12
Наградната игра може да биде прекината доколку се случи виша сила надвор од контрола на Организаторот, по добивање согласност од Министерство за финансии.
Поднесување приговор Член 13
Учесникот во наградната игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците на следната адреса: Никола Тримпаре 26, 1000 Скопје.
Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.
Објавување на правилата Член 14
Согласно законот, правилата за наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата xxx.xxxx.xxx/xx по добивање на согласност од страна на Министерството за Финансии, а пред нејзиниот почеток.
Прифаќање на правилата и овластувањата во случај на спор Член 15
Со учество во наградната игра, секој учесник се сложува дека ќе ги почитува претходно наведените правила и услови. Доколку се случи несакан спор меѓу Организаторот и учесникот во наградната игра, тој ќе биде решен по договор, но доколку не се достигне заемен договор, спорот меѓу Организаторот и учесникот ќе биде решен на судски спор во суд во Скопје.