Contract
За потребите на проектот „ Човекови права за сите” финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија, врз основа на Договорот за грант меѓу ЕУ и ИЧП, бр. 0307-81/1 од 19.12.2019 година година (во понатамошниот текст: Договор за грант), проектниот тим испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
за ангажирање на
ОБУЧУВАЧИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРИ ОБУКИ ЗА ПРИСТАП ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот „Човекови права за сите” финансиран од ЕУ има потреба од набавка за ангажирање на обучувачи за одржување на три обуки за пристапот заснован на човекови права.
1. Опис на услугата Услугата вклучува:
• Да креираат методологија за работа во која ќе дефинираат теми на обуките и да креираат евалуација на обуките;
• Да подготват по четири предавања за трите таргет групи;
• Да подготват работни материјали за учесниците на обуките;
• Да испорачаат три дводневни обуки за примена на пристапот заснован на човекови права
2. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)
Задачата треба да биде реализирана во периодот од 16.9.2020 до 31.12.2020.
Институтот за човекови права во согласност предвидената временска рамка со тимот на експерти ќе ги договорат за точните дати во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проекти во зависност од обезбедувањето на сите потребни услови.
3. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана.
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
• Биографија со искуство
• Листа со референци на претходни слични ангажмани
• Финансиска понуда (согласно приложениот формат подолу).
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Р. бр. | Услуга/стока | Број на денови | Единечна бруто цена (во МКД) | Вкупна бруто цена (во МКД) |
1. | Подготовка на обуките | 3 | ||
2. | Реализација на обуките | 6 | ||
Вкупно | 9 |
4. Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.
5. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши и избор на понуда е следната:
Квалитативна евалуација Максимум можни бодови
1. Кратка биографија
Образование 20
Искуство во областа на човековите права и ПЗЧП | 20 |
Искуство на слични задачи (одржување обуки) | 30 |
Вкупно бодови | 70 |
Финансиска евалуација Максимум можно бодови | |
Вкупно бодови | 30 |
Финална евалуација Максимум можни бодови | |
Вкупно бодови за квалитативна евалуација | 70 |
Вкупно бодови за финансиска евалуација | 30 |
Вкупно бодови | 100 |
6. Услови и начин на плаќање
Плаќањето ќе биде вршено после секоја реализирана обука.
7. Начин на доставување на понудите
Крајниот рок за доставување на понудите е до 14.9.2020 година на маилот xxx@xxx.xxx.xx со назнака „Понуда за обучувач-Човекови права за сите“.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на xxx@xxx.xxx.xx
најдоцна до 11.9.2020 година.
Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавкa.