Contract
МЕМОРАНДУМ 3А СОРАБОТКА
Потпишан на ден 14.07.2020 година, во Гевгелија, помеѓу:
1. „Спа и Велнес Асоцијација на Македонија“ (СВАМ), со седиште на ул. „7ми Ноември“ бр 50А – Гевгелија, застапувана од претседателот, Xxxxxxxxxx Xxxxxx; и
2. „Општина Гевгелија“, со седиште на ул. „Xxxxxxx Xxxxxx“ бр. 4, во Гевгелија застапувана од
Градоначалникот на Општина Гевгелија, М-р Сашо Поцков.
Во понатамошниот текст, „страните потписнички“
Општи одредби
Член 1
Меморандумот за соработка (во понатамошниот текст „Меморандум“) има цел воспоставување на соработка на полето на образованието и науката, локалниот економски развој, социјалната политика, развојот на спортот како и во областа на другите надлежности од општествен интерес утврдени во Статутите на страните потписнички.
Облици и начин на соработка
Член 2
Соработката подразбира воспоставување односи помеѓу потписничките, во организирање активности во областа на постсредно образование за возрасни, обуки за специјализирани занимања и стручни квалификации, организирање настани за афирмација на стопански, спортски и културни настани од локално, регионано и меѓународно ниво.
Член 3
Врз основа на овој Меморандум, страните потписнички, поаѓајќи од своите интерни правила и интереси, можат да склучат посебни договори во врска со меѓусебната соработка.
Финансиски одредби
Член 4
Активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.
Сите активности за кои ќе бидат потребни финансиски средства ќе бидат уредени со посебен договор.
Дополнувања и прекин
Член 5
Овој Меморандум може да биде дополнет или изменет со анекс на барање на страните потписнички.
Секоја од страните потписнички може да го раскине овој Меморандум со писмено известување до другата страна потписничка, 30 дена пред настапување на прекинот на важењето на Меморандумот.
Важност на Меморандумот
Член 6
Овој Xxxxxxxxxx стапува на сила на денот на потпишувањето и ќе остане на сила додека не биде раскинат. Овој Меморандум е склучен во 4 (четири) еднообразни примероци, по 2 (два) за секоја страна потписничка.
„Спа и Велнес Асоцијација на Македонија“ „Општина Гевгелија“
Гевгелија
Претседател „Градоначалник“
Xxxxxxxxxx Xxxxxx м-р Xxxx Xxxxxx