Contract
У-ВК 01/2021 Број 02-20225/5 од 01.07.2021 год.
Датум на примена: 01.08.2021
УСЛОВИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗАЧОТ - КОРИСНИКОТ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Одделни изрази употребени во овие услови ќе ги имаат следните значења:
Осигурувач - САВА осигурување x.x. Скопје;
Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
Осигуреник - лице чиј имотен интерес е осигурен - сопственик или друг овластен корисник на моторното возило во улога на возач на моторното возило;
Осигурен случај - настан што може да доведе до остварување на оштетно побарување од страна на оштетениот;
Корисник - лице на кое во случај на смрт на осигуреникот му припаѓаат правата од осигурување;
Сума на осигурување - износ на кој е осигурен имотниот интерес; Премија - износ кој договорувачот на осигурување го плаќа по договорот за осигурување;
Полиса - документ на договорот за осигурување.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Дополнително осигурување на возачот-корисникот на моторни возила (во понатамошниот текст: дополнително осигурување) e доброволно осигурување за штета поради телесни повреди кои, при употреба на моторното возило, ќе ги претрпи осигуреникот, во сообраќајна незгода што ја предизвикал со сопствена вина.
(2) Дополнително осигурување се склучува исклучиво заедно со задолжително осигурување од автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица (во понатамошниот текст: автомобилска одговорност) склучено кај осигурувачот.
OСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 2
(1) Со ова осигурување осигурувачот е во обврска да ја надомести претрпената штета на осигуреникот во рамките на овие услови но најмногу до износот на договорената сума на осигурување и тоа во случај на:
1) нематеријална штета поради телесна повреда, и
2) материјална штета за трошоци за погреб и трошоци за надгробен споменик поради смрт на осигуреникот кои се одредуваат согласно важечките Критериуми за надомест на нематеријална штета поради смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето од употреба на моторни возила кои се прилог и составен дел на овие услови за осигурување.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 3
(1) Од осигурителното покритие се исклучени оштетните побарувања:
1) доколку за претрпената штета е одговорно трето лице;
2) доколку до незгодата дошло при употреба на возилото како работна машина, но осигурувањето важи кога работното моторно возило се употребува како превозно средство;
3) доколку со возилото управувало:
- лице кое на нелегален начин го присвоило моторното возило;
- лице возач - почетник или постар малолетник, кој го управувал моторното возило спротивно на законските одредби;
- лице без соодветна возачка дозвола (исправа);
- лице кое е на обука за добивање возачка дозвола (исправа) без присуство на овластенолице;
- лице кое на нелегален начин управува со моторно возило;
- лице кое управувало со моторно возило под дејство на алкохол над дозволеното ниво согласно закон:
а) се смета дека осигуреникот е под дејство на алкохол во следниве случаи:
- ако заради конзумирањето на алкохолни пијалоци во крвта има повеќе од 10,855 милимола алкохол во литар крв, односно ако во крвта има повеќе од 0,5 промили алкохол;
- ако без оглед на количината на алкохолот во крвта покажува знаци на алкохолно растројство;
- ако алко - тестот е позитивен, а тој не се погрижи со анализа на крвта точно да се определи степенот на неговата алкохолизираност, освен ако земањето крв не го загрозува неговото здравје (напр.хемофилија);
- ако по настанувањето на осигурениот случај го избегне испитувањето на неговата алкохолизираност, односно го одбие алкотестот или пак конзумира алкохол, така што ќе оневозможи утврдување на присуство на алкохол во крвта, односно степенот на алкохолизираност во моментот на настанувањето на осигурениот случај.
- лице кое управувало со моторно возило под дејство на наркотички дроги или психотропни супстанции:
б) се смета дека осигуреникот е под влијание на дрога, психоактивни лекови или други психоактивни материи:
- ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на променето однесување, што предизвикуваат несигурност кај однесувањето во сообраќајот поради земање на дрога, психоактивни лекови или други психоактивни материи или ако по настанувањето на осигурениот случај зема дрога, психоактивни лекови или други психоактивни материи и на тој начин го оневозможува утврдувањето на наведените материи во организмот во моментот на настанување на осигурениот случај;
- ако по настанувањето на осигурениот случај го избегне испитувањето или ако го одбие, односно ја одбие можноста за утврдување на присуство на дрога, психоактивни лекови или други психоактивни материи во неговиот организам.
4) во случаи кога според законски одредби постојат ограничувања на издадената возачкадозвола;
5) доколку на осигуреникот му била трајно или привремено одземена возачката дозвола, односно му била изречена одредена казна или заштитна мерка за забрана на возење на одредена категорија на возила, односно заштитна мерка забрана за употреба на странска возачка дозвола на територија на Р.С. Македонија;
6) доколку до незгодата дошло при употреба на возило за време и после извршување на кривичнидела;
7) доколку штетата настанала со употреба на возилото за време на официјално одобрени авто-мото и картинг натпреварувања и етапи од тие натпреварувања на затворени патеки на кои е цел да се постигне максимална брзина, како и на пробите (тренинзите) за тие натпреварувања;
8) настанати поради земјотрес;
9) настанати поради атомска реакција, атомска радиација и радиоактивна контаминација;
10) поради војни операции, воени маневри, побуни или терористички акции и слични напади ако постои причинско- последична врска помеѓу тие дејствија и настанатата штета;
11) доколку возилото било мобилизирано или одземено од страна на власта во мирнодопски услови;
12) за надомест на претрпен страв и болка доколку заради повредата не дошло до намалување на општо животните способности;
13) за надомест поради истегнување, исчашување, нагмечување и удар во пределот на меките ткива на рбетот, интервертебрална дискус херниа, лумбалгии, дископатии и сите патоанатомски промени во вратната, торакалниот и слабинско – крстната регија означена со аналогни термини;
14) за душевна болка поради смрт на блиско лице (Точка 5 од критериумите за надомест на нематеријална штета поради смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето од употреба на моторни возила);
15) за душевна болка поради особено тежок инвалидитет на блиско лице (Точка 6 од критериумите за надомест на нематеријална штета поради смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето од употреба на моторни возила).
(2) Со осигурувањето не се покриени ни оштетните побарувања кои се однесуваат на штета причинета намерно или од грубо невнимание на осигуреникот.
(3) Со ова осигурување осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата на предметите, вклучувајки ја гардеробата и личниот багаж, заради загубена заработка и другите видови на материјална штета.
ЗГОЛЕМЕНА ОПАСНОСТ
Член 4
(1) Доплаток на премијата за ова осигурување се пресметува за зголемена опасност и тоа за:
1) возило земено во наем(rent-a-car);
2) возило на такси служба;
3) возило за превоз на опасни материи;
4) лица кои во моментот на склучување на договорот за осигурување немаат наполнето 22 годинистарост.
(2) Доколку во тарифата е одреден доплаток за зголемена опасност, а не е пресметан - осигурувачот има право на осигуреникот да му го намали надоместот на штетата во сооднос помеѓу пресметаната премија и премијата што би требало да се пресмета.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
(1) Сумата на осигурување за дополнително осигурување е самостојна и независна од сумите за осигурување на автомобилска одговорност.
(2) Договорената сума на осигурување која е наведена на полисата за осигурување е максимална обврска на осигурувачот за исплата на надоместот по штетен настан и за времетраење на осигурувањето вклучувајки ги и сите трошоци за застапување на оштетениот во постапката за остварување на надомест според дополнителното осигурување, како и каматите за евентуална досудена обврска наосигурувачот.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
Член 6
(1) Осигурителното покритие од дополнително осигурување на возачот - корисникот на моторни возила важи на територијата на Р. С. Македонија, како и во земјите членки на Советот на Бироа за зелена карта.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ПОЧЕТОК НА ДЕЈСТВО НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
(1) Договорот за дополнително осигурување на возачот - корисникот на моторни возила се склучува co oдpeдeн poк нa тpaeњe.
(2) Ако поинаку нe e дoгoвopeнo, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpoизведува свoе дejcтвo почнувајќи од двaeceт и чeтвpтиoт чac на дeнoт што е означен вo пoлиcaтa, кaкo дeн нa пoчeтoкoт нa тpaeњeтo нa ocигypyвaњeтo, пa cé дo зaвpшyвaњeтo нa пocлeдниoт дeн на poкoт зa кoj е договорено ocигypyвaњeтo.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Члeн 8
(1) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт oд договорот за cигypyвaњe пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час oд дeнoт кој во полисата е назначен како почеток на осигурувањето ако до тој ден е платена премијата, а инаку по истек на дваесет и четвртиот час од денот на уплатата на премијата, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Aкo e дoгoвopeнo пpeмиjaтa дa ce плaќа пo cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт дa го иcплaти нaдoмecтот oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa oд дeнoт oпределен вo дoгoвopoт кaкo дeн нa пoчeтoк на ocигypyвaњeтo.
(3) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(4) Bo ceкoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa според caмиoт зaкoн, aкo пpeмиjaтa нe бидe плaтeнa вo poк oд eднa гoдинa oд cтacaнocтa.
ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ
Член 9
(1) Ако во текот на траењето на осигурувањето се промени сопственикот, правата и обврските од договорот за осигурување од дополнително осигурување преминуваат врз новиот сопственик и траат до истекот на тековниот период за осигурување.
ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 10
(1) Во случај на уништување или одјавување на возилото, осигурувачот е во обврска да врати дел од премијата за преостанатото времетраење на осигурувањето (прората) сметано од денот на приемот на барањето за откажување на договорот, доколку до тогаш не се остварил осигурен случај.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ/ОСИГУРЕНИКОТ
Член 11
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен, при склучување на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите околности значајни за оцена на ризикот, а што му се познати или не можеле да му останат непознати.
(2) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест од осигурувањето, осигуреникот е должен да постапи на овој начин:
1) според можностите да го извести осигурувачот за настапување на осигурениот случај најдоцна во рок од 3 дена;
2) што порано, а најдоцна во рок од 3 дена писмено да ја потврди пријавата направена усно, телефонски, телеграфски или на било кој друг сличен начин. За докажување на настанатиот осигуран случај задолжително е осигуреникот да достави записник за увид на лице место изготвен од страна на надлежен полициски орган како доказ за случена сообраќајна незгода.
(3) Осигуреникот е должен независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на претставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот, исто така може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно потребно иоправдано.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 12
(1) Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот на штета во договорениот рок, кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигуран случај.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот или на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 13
(1) Осигуреникот има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот во рок од 30 дена од денот на поднесување напретставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 14
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорнастрана се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со oсигурувачот и осигуреникот.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 15
(1) Bo cлyчaj нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo -
ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 16
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин. Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 17
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 18
(1) Осигуреникот е должен да го извести Осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку Осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил Осигурувачот, Осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на Осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до Осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), Осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 19
Осигурувачот за целите за склучување на договор за осигурување, како и исполнување на обврските кои што произлегуваат од договорот за осигурување обработува лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот. Дополнително Осигурувачот обработува и лични податоци на договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот и за маркетинг услуги, за асистентски услуги и други помошни услуги кои се нудат на корисниците.
За целите наведени во претходниот став, се обработуваат само неопходните лични податоци на договарачот на осигурување, односно осигуреникот. Категориите на личните податоци кои се обработуваат зависат од класата на осигурување, но најчесто тоа се идентификациони податоци, контакт податоци, здратвствени податоци, податоци за возило, податоци за имот и слично.
ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 20
Обработката на личните податоци за склучување и извршување на договорот за осигурување е неопходен услов за склучување на договорот, а со закон е пропишана должноста на договарачот на осигурувањето да го извести Осигурувачот за сите околности што се значајни за проценка на ризик, а кои не би можело да му бидат непознати. Доколку договорувачот на осигурувањето прикрие некои од информациите коишто му се потребни на Осигурувачот за склучување или извршување на договорот за осигурување или за да ги исполни своите законски обврски, Осигурувачот нема да може да ги исполни своите договорни или законски обврски, ниту да го склучи договорот со договарачот на осигурувањето.
Осигурувачот обработува лични податоци и заради исполнување на своите законски обврски во согласност со релевантните прописи со кои се уредува работењето на Осигурувачот.
Законски основ за обработка на лични податоци претставува и легитимниот интерес на Осигурувачот, освен ако интересите или основните слободи и права на субјектот на личните податоци не преовладуваат над легитимните интереси на Осигурувачот.
Легитимните интереси врз основа на кои Осигурувачот врши обработка на лични податоци, вообичаено се од комерцијална природа, како на пример правото на постојан развој на квалитетот на услуги и подобрување на деловните процеси, одржување на безбедноста на ифнормацискиот систем, снимање на гласовни разговори, на начин што не може да наштети на интересите, слободите и правата на корисниците на услугите.
Во одредени случаи, Осигурувачот обработува лични податоци само доколку има согласност од лицето кому се однесуваат личите податоци т.н. субјект на лични податоците. Обработката на лични податоци врз основа на согласност се користи, на пример за целите на истражување на задоволството, маркетинг на производи.
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 21
Осигурувачот личните податоци на осигуреникот/договарач на осигурување ги обработува и ги споделува со трети страни, како неговите акционери, членови на органите за управување и своите вработени, членови на групацијата Сава, Osiguritelna Grupacija Sava
d.d. Xxxxxxxxxx xxxxx 0, SI-2000 Maribor, на реоисигурителните компании, доктори цензори, брокери и агенти, со цел да ја исполни обврската од договорот за осигурување, како и со други органи и лица кои, согласно природата на работата вршат увид, односно обработка на личните податоци во согласност со Законот.
Со секоја од страните со кои што Осигурувчот разменува лични податоци на своите корисници се склучени соодветни договори со кои се гарантира безбедноста на личните податоци.
Член 22
Личните податоци кои се обработуваат заради исполнување на договорот за осигурување или за преземање активности пред склучување на договорот на барање на субјектот на личните податоци, или за други цели врз основа на согласност, Осигурувачот може да ги чува и во електронска и во хартиена форма. Сите податоци за договарачот на осигурувањето и осигуреникот, Осигурувачот ги обработува како деловна тајна, со примена на соодветни технички и организациски мерки со цел обработката на личните податоци да биде законита.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 23
Осигурувачот ги чува личните податоци се до исполнување на целта за којашто се собрани и до исполнување на сите договорни права и обврски, односно до истекот на законски пропишаните рокови. Рокот во кој ќе се чуваат личните податоци зависи од законската обврска за чување на податоците, видот на склучениот договор за осигурување, времетраењето на договорот, обработка на барања за оштета, како и роковите за застареност на побарувањата.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 24
Личните податоци вообичаено се обработуваат во Р. С. Македонија. Личните податоци ќе бидат достапни и на примателите во трети земји или меѓународни организации тогаш кога тоа е потребно за склучување и извршување на договорите за осигурување (на пр. за реосигурување, при барања за штета случена во друга држава, и слично) само доколку од страна на Европската Унија или Агенцијата за заштита на личните податоци е утврдено дека во конкретната држава постои соодветно ниво на заштита на личните податоци.
Доколку во третата држава или меѓународна организација не постои соодветно ниво на заштита на лични податоци, Осигурувачот ќе може да го изврши преносот само доколку обезбеди соодветни мерки за заштита на овие податоци во согласност со законот.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 25
Во согласност со Законот за заштитата на личните податоци, субјектот на податоците ги има следниве права:
• право на пристап до личните податоци;
• право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
• право на бришење;
• право на ограничување на обработката;
• право на преносливост на податоците;
• право на приговор, опишано во член 26 од овие услови
• право на повлекување на согласноста за обработка на лични податоци, кога обработката е заснована на согласност.
Овие права субјектот на личните податоци може бесплатно да ги оствари контактирајќи го Офицер за заштита на личните податоци на следниот емаил: xxxx@xxxx.xx, преку пошта на адресата на САВА Осигурување АД Скопје ул. Загребска бр. 28А Скопје, или лично во просториите на САВА Осигурување.
Осигурувачот го правото да бара дополнителни информации од барателот за да го потврди неговиот идентитет, со цел да ги заштити правата и приватноста на барателот.
Член 26
Доколку субјектот на податоците дал согласност за обработка на лични податоци, тој може да ја повлече согласноста во секое време, целосно или делумно, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со тоа што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на личните податоци пред повлекување на согласноста.
Осигурувачот личните податоци кои ги обработува врз основа на согласност, ќе престане да ги обработува во најбрз можен рок по добивањето на известувањето за повлекување на согласноста.
Член 27
Корисникот на услугата за осигурување има право да поднесе приговор на обработката која што се заснова на легитимен интерес на
Осигурувачот, вклучувајќи и профилирање. Доколку корисникот на услугата се уште смета дека личните податоци не се обработуваат согласно законот, може да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Член 28
Со потпишување на полисата за осигурување договорувачот на осигурување потврдува дека пред собирањето на личните податоци од страна на овластеното лице на Осигурувачот, е запознаен со целите и законските основи на обработка на личните податоци, начинот на обработка на личните податоци, како и обврската Осигурувачот да ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 29
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото штетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 30
Овие Услови влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 01.08.2021 година. Со започнување со примена на овие услови престануваат да важат Условите за осигурување на возачот-корисникот на моторни возила број 02- 2422/3 од 15.07.2014 година
е
Одбор на директори
Претседател
Рок Мољк