Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Македонија Централа 02 3233-580 • Факс: 02 2556 004 / 02 3233-586 • www.erc.org.mk • e-mail: erc@erc.org.mk
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СООПШТЕНИЕ
Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија и Регулаторното тело за водни услуги на Република Косово
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија и Регулаторното тело за водни услуги на Република Косово, вчера, 26.11.2018 година, во Скопје потпишаа Договор за соработка во областа на регулирањето на водните услуги.
Со потпишувањето на овој Договор за соработка се воспоставува правна рамка помеѓу двете регулаторни тела која ќе овозможи размена на знаења и информации за различни аспекти од регулирањето на водните услуги, особено во доменот на методологиите за утврдување на тарифи, следење на перформансите на регулираните претпријатија, како и развој на планови за управување со средствата.
Воедно, со Договорот за соработка се овозможува и взаемно зајакнување на капацитетите на двете институции преку реализација на проекти, како и учество на обуки, конференции и работилници.
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6ти спрат • 1000 Скопје, Република Македонија Централа 00 0000-000 • Факс: 02 2556 004 / 00 0000-000 • xxx.xxx.xxx.xx • e-mail: xxx@xxx.xxx.xx